франкфуртер алгемајне цајтунг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frankfurter-algemajne-cajtung/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 14:47:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png франкфуртер алгемајне цајтунг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frankfurter-algemajne-cajtung/ 32 32 ФАЦ: Една партија бојкотира претседателски избори за да може да уценува и да влезе во идната влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fats-edna-partija-bojkotira-pretsedatelski-izbori-za-da-mozhe-da-utsenuva-i-da-vleze-vo-idnata-vlada/ Wed, 08 May 2024 14:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=775598

Дописникот на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг за југоисточна Европа Михаел Мартенс во анализа за влијателниот германски весник пишува дека една партија во Македонија бојкотира претседателски избори за да може да уценува и да влезе во идната влада.

Една од опциите за денешните избори во Македонија, плашејќи се да не остане надвор од власта, обезбедува дека излезноста од 40 отсто за претседателските избори да не биде постигната поради нејзиниот тивок бојкот. И потоа изборите за претседател треба да се повторуваат додека тие бидат бидат вклучени во коалицијата на власт, пишува Мартенс.

The post ФАЦ: Една партија бојкотира претседателски избори за да може да уценува и да влезе во идната влада appeared first on Република.

]]>

Германски ФАЦ со насловна за Македонија: Корупција на Владата во име на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanski-fats-so-naslovna-za-makedonija-koruptsija-na-vladata-vo-ime-na-eu/ Thu, 19 Oct 2023 06:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=692649

Од Мајкл Мартенс, Виена
Франкфуртер алгемајне цајтунг,
18 октомври 2023 година

Луѓето во Cеверна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за стандарди кои важат во државата. Според откритијата на магазинот, кои сега ги истражува судството, од најважната клиника за онкологија во земјава во Скопје очигледно систематски биле крадени скапи лекови за рак и биле продавани на црниот пазар. За таа цел биле измислени фиктивни пациенти преку кои се наплаќало лекувањето. Вистинските пациенти на државната клиника делумно се лекуваа со плацебо, а многумина умреа. Во други случаи, семејствата морале да купуваат лекови на црниот пазар иако според осигурителниот надоместок и планот за лекување би требало да се бесплатни за нив.

Засега официјално пред се е осомничена медицинска сестра, каја ги прошверцувала медикаментите од болница. Но, таа не можела сама да делува. Сега земјата се прашува до каде нагоре стигнал синџирот на соучесници, макар и само преку информираност. Во времето кога се вели дека се случила гнасната измама, министерот за здравство бил близок политички доверлив човек на поранешниот премиер Зоран Заев, социјалдемократ кој во меѓувреме ја напушти политичката сцена и делува од позадина. Министерот за здравство поднесе оставка заедно со Заев - пред јавно да се дознае за наводната измама.

Најновите откритија во Cеверна Македонија веројатно ќе го засилат трендот што веќе беше забележан претходно: оние кои треба да поминат важна медицинска процедура, би посегнале дури и кон своите последни заштеди или кредит за да се лекуваат во странство, отколку да го сторат тоа во домашниот здравствен систем. Не е невообичаено што медиумите, а не судството, ги собираа доказите за последниот скандал. На Балканот, критичкото новинарство се повеќе делува како замена или двигател на судството кое не сака или не е способно да ја казни корупцијата. Сè уште не е сигурно дали откритијата на неделникот се цврсти за пред суд. И тогаш не е сигурно дали ќе има обвиненија и пред се осуди во завршна инстанца, бидејќи политичкото влијание е силно во македонското судство.

Освен овој конкретен случај, генерално може да се каже: дека ветувањето во 2017 година на македонските социјалдемократи кога ја презедоа власта дека ќе преземат решителна акција против корупцијата не се одржа. Во тоа време имаше чувство на оптимизам.

Заев вети дека ќе го расчисти корумпираното наследство на Груевски, кој побегна. Сепак, тешко дека ќе најдете луѓе во Cеверна Македонија кои сметаат дека ова ветување е исполнето. Социјалдемократите, кои оттогаш се на власт, и нивниот коалициски партнер, кој е поддржан од албанското население во земјата, се преставуваат „проевропски“ и наводно ја потчинуваат својата политика целосно на целта за членство во ЕУ.

Ова се случи неодамна во септември, кога владиното мнозинство истурка законски измени во парламентот со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и се скратија роковите на застареност. Сомнителните измени беа досени преку итна постапка во парламентот затоа што тие биле наводно неопходни за приближување на земјата кон ЕУ. Претседателот Стево Пендаровски можеше да стави вето на законот, но веднаш ги потпиша законите.

ЕУ се спротивстави да биде користена од Владата и претседателот во Македонија како изговор за домашни политички махинации кои претставуваат чекор наназад во борбата против корупцијата. Портпаролката на Комисијата рече дека тие се „загрижени“ за влијанието на последните одлуки врз борбата против корупцијата, критикувајќи ги не само намалените казни, туку и скратениот рок на застареност, што влијае на многу тековни постапки. Портпаролката го критикуваше и фактот што законите се донесени набрзина без сеопфатна консултација и координација со ЕУ, повикувајќи се наводно поради потреба од усогласување со европските стандарди.

Корупција во име на ЕУ – вака би можела да се сумира политиката на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот тим. Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров, истакнува:

“Сегашната влада го вее европското знаме за да го стори истото“.

The post Германски ФАЦ со насловна за Македонија: Корупција на Владата во име на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Од Мајкл Мартенс, Виена Франкфуртер алгемајне цајтунг, 18 октомври 2023 година Луѓето во Cеверна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за стандарди кои важат во државата. Според откритијата на магазинот, кои сега ги истражува судството, од најважната клиника за онкологија во земјава во Скопје очигледно систематски биле крадени скапи лекови за рак и биле продавани на црниот пазар. За таа цел биле измислени фиктивни пациенти преку кои се наплаќало лекувањето. Вистинските пациенти на државната клиника делумно се лекуваа со плацебо, а многумина умреа. Во други случаи, семејствата морале да купуваат лекови на црниот пазар иако според осигурителниот надоместок и планот за лекување би требало да се бесплатни за нив. Засега официјално пред се е осомничена медицинска сестра, каја ги прошверцувала медикаментите од болница. Но, таа не можела сама да делува. Сега земјата се прашува до каде нагоре стигнал синџирот на соучесници, макар и само преку информираност. Во времето кога се вели дека се случила гнасната измама, министерот за здравство бил близок политички доверлив човек на поранешниот премиер Зоран Заев, социјалдемократ кој во меѓувреме ја напушти политичката сцена и делува од позадина. Министерот за здравство поднесе оставка заедно со Заев - пред јавно да се дознае за наводната измама. Најновите откритија во Cеверна Македонија веројатно ќе го засилат трендот што веќе беше забележан претходно: оние кои треба да поминат важна медицинска процедура, би посегнале дури и кон своите последни заштеди или кредит за да се лекуваат во странство, отколку да го сторат тоа во домашниот здравствен систем. Не е невообичаено што медиумите, а не судството, ги собираа доказите за последниот скандал. На Балканот, критичкото новинарство се повеќе делува како замена или двигател на судството кое не сака или не е способно да ја казни корупцијата. Сè уште не е сигурно дали откритијата на неделникот се цврсти за пред суд. И тогаш не е сигурно дали ќе има обвиненија и пред се осуди во завршна инстанца, бидејќи политичкото влијание е силно во македонското судство. Освен овој конкретен случај, генерално може да се каже: дека ветувањето во 2017 година на македонските социјалдемократи кога ја презедоа власта дека ќе преземат решителна акција против корупцијата не се одржа. Во тоа време имаше чувство на оптимизам. Заев вети дека ќе го расчисти корумпираното наследство на Груевски, кој побегна. Сепак, тешко дека ќе најдете луѓе во Cеверна Македонија кои сметаат дека ова ветување е исполнето. Социјалдемократите, кои оттогаш се на власт, и нивниот коалициски партнер, кој е поддржан од албанското население во земјата, се преставуваат „проевропски“ и наводно ја потчинуваат својата политика целосно на целта за членство во ЕУ. Ова се случи неодамна во септември, кога владиното мнозинство истурка законски измени во парламентот со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и се скратија роковите на застареност. Сомнителните измени беа досени преку итна постапка во парламентот затоа што тие биле наводно неопходни за приближување на земјата кон ЕУ. Претседателот Стево Пендаровски можеше да стави вето на законот, но веднаш ги потпиша законите. ЕУ се спротивстави да биде користена од Владата и претседателот во Македонија како изговор за домашни политички махинации кои претставуваат чекор наназад во борбата против корупцијата. Портпаролката на Комисијата рече дека тие се „загрижени“ за влијанието на последните одлуки врз борбата против корупцијата, критикувајќи ги не само намалените казни, туку и скратениот рок на застареност, што влијае на многу тековни постапки. Портпаролката го критикуваше и фактот што законите се донесени набрзина без сеопфатна консултација и координација со ЕУ, повикувајќи се наводно поради потреба од усогласување со европските стандарди. Корупција во име на ЕУ – вака би можела да се сумира политиката на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот тим. Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров, истакнува:
“Сегашната влада го вее европското знаме за да го стори истото“.

The post Германски ФАЦ со насловна за Македонија: Корупција на Владата во име на ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го прогласи проширувањето на ЕУ за „умрено“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/frankfurter-algemajne-tsajtung-go-proglasi-proshiruvaneto-na-eu-za-umreno/ Wed, 28 Jun 2023 13:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=656075

Новинарот Михаел Мартенс, еден од водечките германски и европски познавачи на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан пишува за акутна смрт на проширувањето кое нема да воскресне брзо, пренесува порталот Експрес.

Мартенс за весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг опишува како ЦДУ, најголемата партија во најмоќната земја членка на Европската Унија веќе предлага нов начин за интеграција на Западен Балкан но тоа не е рамноправно членство во ЕУ.

Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски, министрите Бојан Маричиќ и Бујар Османи тврдат дека нивниот план е Македонија до 2030 да влезе во ЕУ.

Според идеите во Берлин, до 2030 година Македонија би можела да стане само членка на Единствениот европски пазар, но не и на ЕУ.

„Проширувањето на ЕУ е и останува мртво. По најновата руска војна на Украина се случија некои реторички промени. Но, што се промени во суштина? Иако проширувањето може да воскресне еден ден, сега се потребни идеи. Една таква идеја полека добива поддршка на терен. Германската најпопуларната партија ЦДУ ја усвои оваа идеја. Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ неодамна поднесе предлог во Бундестагот со кој се повикува на нова политика кон Балканот. Предлогот беше одбиен но тоа може да се промени со друго мнозинство во идниот Бундестаг – или со повеќе политичари да бидат убедени во идејата“, пишува Мартенс кој ја објавува основната идеја на предлогот потпишан од претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц и претседателот на регионалната група на ЦСУ, Александар Добриндт: „Ако во моментов не е достапно полноправно политичко членство, да воведеме атрактивен среден чекор во процесот на проширување – ‘Единствен пазар’“.

Мартенс објавува дека со други зборови предлогот е да се прифатат шесте држави од Западен Балкан, Украина и Молдавија како полноправни членки на Единствениот пазар (под услов да ги исполнат условите).

„Дајте им ги сите права кои доаѓаат со членството. И сите обврски кои тоа ги повлекува. Што би значело тоа? За луѓето во осумте засегнати земји, тоа би значело дека тие практично веќе би биле во ЕУ во секојдневниот живот. Тие би ги уживале четирите слободи (движење на стоки, лица, услуги и капитал) во рамките на ЕУ. Не би имало разлика дали работите во Берлин или во Белград, Париз или Приштина. Балканските компании би станале поконкурентни. Секој граѓанин на овие земји може да одлучи каде да работи и да се насели. Тоа би значело и дека границите би станале невидливи. За ЕУ тоа би значело дека може да го прошири просторот во кој важат неговите правила (и само тие). Брисел повторно би имал поголемо влијание во регион кој исто така ги интересира непријателите како Путин-Русија или непријателските глобални играчи како Кина“, пишува Мартенс кој потенцира дека во исто време, осумте нови членки нема да можат да го блокираат процесот на донесување одлуки во ЕУ.

Тие не би имале свои комесари и право на вето туку би биле како Норвешка, а Норвешка изгледа сосема задоволна од аранжманот.

„Кога ќе се соочат со идејата, некои луѓе се противат: ‘Но, ова е само економски проект. Ни требаат политички реформи, владеење на правото, поделба на власта, слобода на медиумите итн.’ Тие се во право. Да беше само економски проект, немаше да смени ништо и немаше да има малку смисла“, пишува Мартенс кој додава дека затоа членството на единствениот пазар треба да биде тесно поврзано со напредокот во областите на владеење на правото, проверки и рамнотежи, функционални институции итн.

Кнут Абрахам кој сега е пратеник во Бундестагот а во владата на Меркел бил одговорен за надворешна политика го дообјаснува процесот:

„Тоа во никој случај не е чисто економски проект. Единствениот пазар е повеќе од зона на слободна трговија. Тоа е јадрото на ЕУ. Голем дел од законодавството на ЕУ се однесува на внатрешниот пазар и поставува заеднички стандарди. Функционалното владеење на правото кое обезбедува спроведување на овие закони е затоа од суштинско значење за внатрешниот пазар на ЕУ. Стандардите за владеење на правото би биле централно барање. Само на земјите кои ги исполнуваат стандардите на ЕУ ќе им биде дозволено да се приклучат на единствениот пазар“, објаснува Абрахам.

The post „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го прогласи проширувањето на ЕУ за „умрено“ appeared first on Република.

]]>

Новинарот Михаел Мартенс, еден од водечките германски и европски познавачи на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан пишува за акутна смрт на проширувањето кое нема да воскресне брзо, пренесува порталот Експрес. Мартенс за весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг опишува како ЦДУ, најголемата партија во најмоќната земја членка на Европската Унија веќе предлага нов начин за интеграција на Западен Балкан но тоа не е рамноправно членство во ЕУ. Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски, министрите Бојан Маричиќ и Бујар Османи тврдат дека нивниот план е Македонија до 2030 да влезе во ЕУ. Според идеите во Берлин, до 2030 година Македонија би можела да стане само членка на Единствениот европски пазар, но не и на ЕУ.
„Проширувањето на ЕУ е и останува мртво. По најновата руска војна на Украина се случија некои реторички промени. Но, што се промени во суштина? Иако проширувањето може да воскресне еден ден, сега се потребни идеи. Една таква идеја полека добива поддршка на терен. Германската најпопуларната партија ЦДУ ја усвои оваа идеја. Пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ неодамна поднесе предлог во Бундестагот со кој се повикува на нова политика кон Балканот. Предлогот беше одбиен но тоа може да се промени со друго мнозинство во идниот Бундестаг – или со повеќе политичари да бидат убедени во идејата“, пишува Мартенс кој ја објавува основната идеја на предлогот потпишан од претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц и претседателот на регионалната група на ЦСУ, Александар Добриндт: „Ако во моментов не е достапно полноправно политичко членство, да воведеме атрактивен среден чекор во процесот на проширување – ‘Единствен пазар’“.
Мартенс објавува дека со други зборови предлогот е да се прифатат шесте држави од Западен Балкан, Украина и Молдавија како полноправни членки на Единствениот пазар (под услов да ги исполнат условите).
„Дајте им ги сите права кои доаѓаат со членството. И сите обврски кои тоа ги повлекува. Што би значело тоа? За луѓето во осумте засегнати земји, тоа би значело дека тие практично веќе би биле во ЕУ во секојдневниот живот. Тие би ги уживале четирите слободи (движење на стоки, лица, услуги и капитал) во рамките на ЕУ. Не би имало разлика дали работите во Берлин или во Белград, Париз или Приштина. Балканските компании би станале поконкурентни. Секој граѓанин на овие земји може да одлучи каде да работи и да се насели. Тоа би значело и дека границите би станале невидливи. За ЕУ тоа би значело дека може да го прошири просторот во кој важат неговите правила (и само тие). Брисел повторно би имал поголемо влијание во регион кој исто така ги интересира непријателите како Путин-Русија или непријателските глобални играчи како Кина“, пишува Мартенс кој потенцира дека во исто време, осумте нови членки нема да можат да го блокираат процесот на донесување одлуки во ЕУ.
Тие не би имале свои комесари и право на вето туку би биле како Норвешка, а Норвешка изгледа сосема задоволна од аранжманот.
„Кога ќе се соочат со идејата, некои луѓе се противат: ‘Но, ова е само економски проект. Ни требаат политички реформи, владеење на правото, поделба на власта, слобода на медиумите итн.’ Тие се во право. Да беше само економски проект, немаше да смени ништо и немаше да има малку смисла“, пишува Мартенс кој додава дека затоа членството на единствениот пазар треба да биде тесно поврзано со напредокот во областите на владеење на правото, проверки и рамнотежи, функционални институции итн.
Кнут Абрахам кој сега е пратеник во Бундестагот а во владата на Меркел бил одговорен за надворешна политика го дообјаснува процесот: „Тоа во никој случај не е чисто економски проект. Единствениот пазар е повеќе од зона на слободна трговија. Тоа е јадрото на ЕУ. Голем дел од законодавството на ЕУ се однесува на внатрешниот пазар и поставува заеднички стандарди. Функционалното владеење на правото кое обезбедува спроведување на овие закони е затоа од суштинско значење за внатрешниот пазар на ЕУ. Стандардите за владеење на правото би биле централно барање. Само на земјите кои ги исполнуваат стандардите на ЕУ ќе им биде дозволено да се приклучат на единствениот пазар“, објаснува Абрахам.

The post „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го прогласи проширувањето на ЕУ за „умрено“ appeared first on Република.

]]>
ФАЦ: Во Скопје знаат дека убавите зборови на германскиот канцелар не значат многу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fac-vo-skopje-znaat-deka-ubavite-zborovi-na-germanskiot-kancelar-ne-znachat-mnogu/ Fri, 10 Jun 2022 19:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=513678

Мали се шансите посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц да помрдне нешто во бугарско-македонскиот спор и да му го отвори патот на Скопје кон ЕУ, оценува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во денешната анализа што ја пренесува Дојче Веле.

Разговорите во Софија требаше да бидат финалето и можеби дипломатскиот белег на патувањето на Шолц на Балканот, имено како германски придонес во обидите да се смири, барем површно, ‘историскиот спор’ што го предизвика Бугарија со Македонија, оценува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во пресрет на доаѓањето на канцеларот Олаф Шолц во регионот.

Надежта е дека Македонија, со германска помош, на седницата на Европскиот совет на 23 јуни конечно ќе добие зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Досега тоа беше блокирано од Бугарија со вето. Но, сега се чини дека Шолц лета директно во владина криза, наведува натаму ФАЦ.

Весникот потсетува дека во средата се распадна четирипартиската коалиција на бугарскиот премиер Кирил Петков, откако шоуменот Слави Трифонов ги повлече своите министри од владата. Една од причините за заминувањето, според Трифонов, е и „националното предавство“ кое го прави Петков во обид да го тргне ветото за Македонија. 

„Трифонов ја застапува националистичката линија во Бугарија во однос на Македонија. Според неа, врз основа на бугарско-македонскиот договор за пријателство од 2017 година, кој не само во Скопје се смета за изнудувачки, Македонците мора да признаат дека воопшто не постојат како народ и дека нивниот јазик потекнува од бугарскиот. Тоа не е наведено буквално така во договорот, но натаму одат барањата на Софија“, пишува ФАЦ.

И онака малите шанси дека посетата на Шолц ќе донесе одржлив компромис во спорот меѓу Бугарија и Македонија, сега се уште помали. Надежите дека добронамерните сили во Софија ќе го решат спорот и онака беа авантуристички, затоа што од Скопје се бара нешто што е тешко да се исполни: македонската влада треба да го смени Уставот со двотретинско мнозинство за да го вметне бугарското малцинство во него како конститутивен народ. Дополнително, треба да се направат и други отстапки во компоненти од македонскиот идентитет за кои воопшто не може да се преговара. (…) Скопје и онака веќе има лошо искуство со измени на Уставот заради нејасната ‘европска перспектива’. Поранешниот премиер Зоран Заев, со огромен политички ризик, изврши промена на името во Cеверна Македонија. За да се охрабрат Македонците на овој чекор, во 2018 во Скопје допатува и канцеларката Ангела Меркел и индиректно го поддржа преименувањето. Грција потоа го отстрани ветото за трансатлантскиот пат на соседот. Но, наместо да следува награда во форма на почеток на преговорите за членство во ЕУ, веднаш настапи Бугарија со ново вето, се наведува во анализата наа германскиот весник.

Зоран Заев во меѓувреме се повлече од политиката, потсетува весникот и прашува: „Дали неговиот наследник Димитар Ковачевски има волја и способност, е непознаница. Но, во Скопје веќе знаат дека убавите зборови на германската канцеларка или канцелар не значат многу“.

The post ФАЦ: Во Скопје знаат дека убавите зборови на германскиот канцелар не значат многу appeared first on Република.

ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fac-petkov-bara-bugarskoto-malcinstvo-da-se-vkluchi-vo-makedonskiot-ustav-a-ne-saka-da-chue-za-makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija/ Tue, 18 Jan 2022 11:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=446322

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“.

ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој  Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува  Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример,  Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.

Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика.

Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ.

Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата.

Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ.

Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек.

Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат - рече Петков.

Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени.

Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот.

Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави.

Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон  Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон  Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата.

Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи.

Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.

The post ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“. ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.
Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој  Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува  Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример,  Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.
Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика. Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ. Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата. Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ. Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек. Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат - рече Петков. Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени. Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот. Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави. Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон  Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон  Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата. Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи. Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија. Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.

The post ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>