Франк-Валтер Штајнмајер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frank-valter-shtajnmajer/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 07:34:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Франк-Валтер Штајнмајер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/frank-valter-shtajnmajer/ 32 32 Претседателката Силјановска Давкова се сретна со нејзиниот германски колега Штајнмаер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-siljanovska-davkova-se-sretna-so-nejziniot-germanski-kolega-shtajnmaer/ Wed, 12 Jun 2024 07:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=786808

Претседателката Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го приреди претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-posetata-na-pretsedatelkata-siljanovska-davkova-na-berlin/

Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија, соопшти кабинетот на Сиљановска Давкова.

The post Претседателката Силјановска Давкова се сретна со нејзиниот германски колега Штајнмаер appeared first on Република.

]]>

Претседателката Сиљановска Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот, што за учесниците на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин го приреди претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер. https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-posetata-na-pretsedatelkata-siljanovska-davkova-na-berlin/ Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија, соопшти кабинетот на Сиљановска Давкова.

The post Претседателката Силјановска Давкова се сретна со нејзиниот германски колега Штајнмаер appeared first on Република.

]]>
Штајнмајер на чај и баклава во Скопската чаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtajnmajer-na-chaj-i-baklava-vo-skopskata-charshija/ Wed, 30 Nov 2022 11:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=580010

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски утрово посетија работилница за филиграни во Старата скопска чаршија, каде се запознаа со изработката на накит и експонати на македонски рубин.

Двајцата претседатели потоа во кафе бар во ориентален стил пиеја чај и беа послужени со домашно подготвена баклава и трилече.

Оттаму се упатија кон Сули Ан, во Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, каде беа пречекани од деканката, проф. д-р Славица Јанашлиева, посетија едно од ателјеата каде што студентите следат настава и разговараа со група студенти.

Двајцата претседатели обиколката во Старата скопска чаршија ќе ја завршат во Чифте аман каде ќе се сретнат со екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ и неговата главна протагонистка Атиџе Муратова. Во своето обраќање вчера во Парламентот, Штајнмајер меѓу другото се осврна и на овој успешен македонски документарец за една од последните диви пчеларки во Европа и неговите силни пораки кои го обиколија светот за гордата култура на една мала земја, но и една уште поголема порака која ги надминува границите на земјата дека не смееме целосно да ги искористиме даровите од природата, ниту неповратно да ја уништиме нашата животна средина.

Според агендата, германскиот претседател Штајнмајер денеска ќе има средба и со млади луѓе посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование.

Попладне Штајнмајер ќе го посети Ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западниот Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци.

Шефот на германската држава вчера имаше средби со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области.

Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Македонија. Од Скопје, германскиот претседател заминува во посета на Албанија.

The post Штајнмајер на чај и баклава во Скопската чаршија appeared first on Република.

]]>

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски утрово посетија работилница за филиграни во Старата скопска чаршија, каде се запознаа со изработката на накит и експонати на македонски рубин. Двајцата претседатели потоа во кафе бар во ориентален стил пиеја чај и беа послужени со домашно подготвена баклава и трилече. Оттаму се упатија кон Сули Ан, во Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, каде беа пречекани од деканката, проф. д-р Славица Јанашлиева, посетија едно од ателјеата каде што студентите следат настава и разговараа со група студенти. Двајцата претседатели обиколката во Старата скопска чаршија ќе ја завршат во Чифте аман каде ќе се сретнат со екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ и неговата главна протагонистка Атиџе Муратова. Во своето обраќање вчера во Парламентот, Штајнмајер меѓу другото се осврна и на овој успешен македонски документарец за една од последните диви пчеларки во Европа и неговите силни пораки кои го обиколија светот за гордата култура на една мала земја, но и една уште поголема порака која ги надминува границите на земјата дека не смееме целосно да ги искористиме даровите од природата, ниту неповратно да ја уништиме нашата животна средина. Според агендата, германскиот претседател Штајнмајер денеска ќе има средба и со млади луѓе посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование. Попладне Штајнмајер ќе го посети Ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западниот Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци. Шефот на германската држава вчера имаше средби со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области. Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Македонија. Од Скопје, германскиот претседател заминува во посета на Албанија.

The post Штајнмајер на чај и баклава во Скопската чаршија appeared first on Република.

]]>
Германскиот претседател е свесен дека довербата во ЕУ е падната поради договорот од Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanskiot-pretsedatel-e-svesen-deka-doverbata-vo-eu-e-padnata-poradi-dogovorot-od-prespa/ Tue, 29 Nov 2022 15:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=579646

Македонија се наоѓа пред една важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области, како на пример економската политика или владеењето на правото. И јас сум тука за да ве уверам дека вашата земја може и понатаму да се потпре на поддршката на Германија на патот кон ЕУ, порача денеска во Скопје германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на заедничката прес – конференција со домаќинот Стево Пендаровски.

– Јас сум многу свесен дека Македонија на својот пат кон ЕУ беше конфронтирана со особени потешкотии, дека довербата на луѓето во ЕУ беше оптоварена со Договорот од Преспа со Грција. Вие дадовте импресивен пример за тоа дека е можно да бидат надминати долгогодишни длабоки разлики, но се разбира само доколку постои политичка волја од двете страни. И за вашата прагматична подготвеност за компромис за засилување на добрососедските односи кон Бугарија, Ви благодарам. Јас сум убеден дека овој став на крајот ќе се исплати, ќе вреди, рече Штајнмајер во своето обраќање.

Тој потенцира дека оваа негова посета на Македонија се случува 15 години по последната посета на германски претседател, но доаѓа во особено важен момент за земјата. Со членството во НАТО и со тековниот процес за пристап во ЕУ, Македонија, додаде Штајнмајер, донесе за себе клучна одлука за правецот во кој ќе се движи, одлука за иднина во мир и во слобода и во една рамка која ќе му ги понуди на стопанството најдобрите можности за развој.

Германскиот претседател го честиташе и почетокот на преговорите со ЕУ во јули годинава и потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС на македонски јазик, оценувајќи дека тоа е признание за улогата на Македонија како сигурен партнер којшто е подготвен и меѓународно да преземе одговорност за лидерство.

– Останува важно Македонија да продолжи понатаму со својот внатрешен реформски процес. Вие кажавте дека овој реформски процес ќе биде продолжен и јас сакам да ви кажам дека вашата земја може да се потпре на поддршката од Германија и понатаму. Ние отсекогаш сме ги поддржуваме ЕУ перспективата на Македонија, како и можноста за пристап на Западен Балкан и се залагаме за прием на овие земји во ЕУ. Со еден збор Македонија е дел од европското семејство. Со својата култура и јазик, вашата земја, во тоа сум убеден, ќе ја збогати ЕУ и уште повеќе ќе го зголеми различноста на оваа заедница, не само на културен план Македонија и ќе ја збогати ЕУ, рече шефот на германската држава.

The post Германскиот претседател е свесен дека довербата во ЕУ е падната поради договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

Македонија се наоѓа пред една важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области, како на пример економската политика или владеењето на правото. И јас сум тука за да ве уверам дека вашата земја може и понатаму да се потпре на поддршката на Германија на патот кон ЕУ, порача денеска во Скопје германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на заедничката прес – конференција со домаќинот Стево Пендаровски.
– Јас сум многу свесен дека Македонија на својот пат кон ЕУ беше конфронтирана со особени потешкотии, дека довербата на луѓето во ЕУ беше оптоварена со Договорот од Преспа со Грција. Вие дадовте импресивен пример за тоа дека е можно да бидат надминати долгогодишни длабоки разлики, но се разбира само доколку постои политичка волја од двете страни. И за вашата прагматична подготвеност за компромис за засилување на добрососедските односи кон Бугарија, Ви благодарам. Јас сум убеден дека овој став на крајот ќе се исплати, ќе вреди, рече Штајнмајер во своето обраќање.
Тој потенцира дека оваа негова посета на Македонија се случува 15 години по последната посета на германски претседател, но доаѓа во особено важен момент за земјата. Со членството во НАТО и со тековниот процес за пристап во ЕУ, Македонија, додаде Штајнмајер, донесе за себе клучна одлука за правецот во кој ќе се движи, одлука за иднина во мир и во слобода и во една рамка која ќе му ги понуди на стопанството најдобрите можности за развој. Германскиот претседател го честиташе и почетокот на преговорите со ЕУ во јули годинава и потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС на македонски јазик, оценувајќи дека тоа е признание за улогата на Македонија како сигурен партнер којшто е подготвен и меѓународно да преземе одговорност за лидерство.
– Останува важно Македонија да продолжи понатаму со својот внатрешен реформски процес. Вие кажавте дека овој реформски процес ќе биде продолжен и јас сакам да ви кажам дека вашата земја може да се потпре на поддршката од Германија и понатаму. Ние отсекогаш сме ги поддржуваме ЕУ перспективата на Македонија, како и можноста за пристап на Западен Балкан и се залагаме за прием на овие земји во ЕУ. Со еден збор Македонија е дел од европското семејство. Со својата култура и јазик, вашата земја, во тоа сум убеден, ќе ја збогати ЕУ и уште повеќе ќе го зголеми различноста на оваа заедница, не само на културен план Македонија и ќе ја збогати ЕУ, рече шефот на германската држава.

The post Германскиот претседател е свесен дека довербата во ЕУ е падната поради договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Штајнмајер доаѓа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtajnmajer-doagja-vo-skopje/ Mon, 28 Nov 2022 22:03:17 +0000 https://republika.mk/?p=579394

Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер од 29 ноември до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страна на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Македонија.

Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.

The post Штајнмајер доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер од 29 ноември до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страна на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ. Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Македонија. Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.  

The post Штајнмајер доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>
Утре доаѓа претседателот на Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-doagja-pretsedatelot-na-germanija/ Mon, 28 Nov 2022 10:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=579052

Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Македонија.

Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци.

Германскиот претседател, според неговата агенда, се очекува утре напладне да има средба со Претседателот Стево Пендаровски, по што во 13 и 15 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. Во 14 часот ќе се обрати во Собранието, а во 16 и 15 часот ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

The post Утре доаѓа претседателот на Германија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер утре доаѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија. Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страница на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ. Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Македонија. Во Скопје, како што е најавено, се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу другото, со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а Штајнмајер треба да се обрати и во Парламентот, да се сретне со млади луѓе во Претседателскиот центар за политичко образование, да разговара со филмската екипа на филмот „Медена земја“ и да го посети првиот ветерен парк во земјата во Богданци. Германскиот претседател, според неговата агенда, се очекува утре напладне да има средба со Претседателот Стево Пендаровски, по што во 13 и 15 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. Во 14 часот ќе се обрати во Собранието, а во 16 и 15 часот ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

The post Утре доаѓа претседателот на Германија appeared first on Република.

]]>
Германскиот претседател: Мојата поддршка за „Северен тек 2“ беше грешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskiot-pretsedatel-mojata-poddrshka-za-severen-tek-2-beshe-greshka/ Mon, 04 Apr 2022 21:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=483346

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, долгогодишен застапник за приближување на Западот кон Русија, изрази жалење за неговиот претходен став, велејќи дека неговата поддршка за гасоводот „Северен тек 2“ бил грешка.

Мојата посветеност на „Северен тек 2“ беше очигледно грешка. Се залепивме за мостот во кој Русија повеќе не веруваше и за кој не предупредуваа другите партнери - изјави Штајнмаер.

The post Германскиот претседател: Мојата поддршка за „Северен тек 2“ беше грешка appeared first on Република.