француско претседателство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francusko-pretsedatelstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Jun 2022 10:20:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png француско претседателство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francusko-pretsedatelstvo/ 32 32 Француското претседателство завршува, бугарското вето останува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/francuskoto-pretsedatelstvo-zavrshuva-bugarskoto-veto-ostanuva/ Thu, 30 Jun 2022 06:52:23 +0000 https://republika.mk/?p=521371

Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска, нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство, а во Софија, пак, молк откако минатата недела Парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков.

Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија.

Процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија.

Македонската влада тврди дека официјален документ досега нема добиено и ги истакна своите црвени линии: јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, Уставот, протоколот, историјата.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера на собраниската седница за пратенички прашања, повтори дека не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ.

Историските прашања не треба и не можат да бидат критериуми за преговарачка рамка на Република Македонија со ЕУ, ниту за која било друга организација. И второ, преговорите со Европската унија мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измените на Уставот со цел внесување на Бугарите Црногорците, Хрватите да станат дел од Преамбулата. И трето, и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес на пристапување кон ЕУ, подвлече Ковачевски.

Доколку се постигне разбирање на овие позиции, Скопје е подготвено да се вклучи во разговори со партнерите во ЕУ.

Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија во понеделникот, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите.

Вчера во Брисел се одржа состанок на амбасадорите на ЕУ. Нема информација дека Бугарија и Македонија биле на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог.

Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат, ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека напредок меѓу двете страни нема, а нема ни време бидејќи од утре претседавањето со ЕУ го презема Чешка. Доколку во последен момент не биде постигнат напредок, прашањето ќе се префрли кај чешкото претседателство.

За евроинтергарацијата и за бугарската блокада, вчера во Мадрид на Самитот на НАТО разговараа претседателот Стево Пендаровски и германскиот канцелар Олаф Шолц. Во соопштението од кабинетот на Пендаровски, се вели само дека останува силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отворање на пристапните преговори со ЕУ. За францускиот предлог или за некое друго излезно решение, во соопштението ништо не се спомнува.

Невозможно е решавање на спорот со Софија до истекот на француското претседателство, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Барањата на официјална Софија, според него, се премногу максималистички и среќен е што Скопје го одби францускиот предлог.

Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, рече Мицкоски.

Тој порача оти нивниот став како политичка партија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи.

Директорката на Институтот за европски политики – ЕПИ, Симонида Кацарска смета дека на последниот ден од француското претседателство, рамно е на чудо да се очекува некаков договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава.

Тешко дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина, изјави Кацарска.

Франција денеска го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

The post Француското претседателство завршува, бугарското вето останува appeared first on Република.

]]>

Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска, нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство, а во Софија, пак, молк откако минатата недела Парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков. Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија. Процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија. Македонската влада тврди дека официјален документ досега нема добиено и ги истакна своите црвени линии: јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, Уставот, протоколот, историјата. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на собраниската седница за пратенички прашања, повтори дека не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ.
Историските прашања не треба и не можат да бидат критериуми за преговарачка рамка на Република Македонија со ЕУ, ниту за која било друга организација. И второ, преговорите со Европската унија мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измените на Уставот со цел внесување на Бугарите Црногорците, Хрватите да станат дел од Преамбулата. И трето, и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес на пристапување кон ЕУ, подвлече Ковачевски.
Доколку се постигне разбирање на овие позиции, Скопје е подготвено да се вклучи во разговори со партнерите во ЕУ. Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија во понеделникот, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите. Вчера во Брисел се одржа состанок на амбасадорите на ЕУ. Нема информација дека Бугарија и Македонија биле на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог. Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат, ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека напредок меѓу двете страни нема, а нема ни време бидејќи од утре претседавањето со ЕУ го презема Чешка. Доколку во последен момент не биде постигнат напредок, прашањето ќе се префрли кај чешкото претседателство. За евроинтергарацијата и за бугарската блокада, вчера во Мадрид на Самитот на НАТО разговараа претседателот Стево Пендаровски и германскиот канцелар Олаф Шолц. Во соопштението од кабинетот на Пендаровски, се вели само дека останува силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отворање на пристапните преговори со ЕУ. За францускиот предлог или за некое друго излезно решение, во соопштението ништо не се спомнува. Невозможно е решавање на спорот со Софија до истекот на француското претседателство, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Барањата на официјална Софија, според него, се премногу максималистички и среќен е што Скопје го одби францускиот предлог.
Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, рече Мицкоски.
Тој порача оти нивниот став како политичка партија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи. Директорката на Институтот за европски политики – ЕПИ, Симонида Кацарска смета дека на последниот ден од француското претседателство, рамно е на чудо да се очекува некаков договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава.
Тешко дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина, изјави Кацарска.
Франција денеска го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

The post Француското претседателство завршува, бугарското вето останува appeared first on Република.

]]>
„Дневник“: Француското претседателство предлага да се започнат преговорите со Македонија за да се задоволат бугарските барања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dnevnik-francuskoto-pretsedatelstvo-predlaga-da-se-zapochnat-pregovorite-so-makedonija-za-da-se-zadovolat-bugarskite-baranja/ Fri, 17 Jun 2022 17:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=516467

Според софискиот весник „Дневник“, француското претседателство со Европската Унија, на земјите-членки на Унијата им понудило формула за почеток на преговорите за членство на Македонија, којашто се чини дека ги задоволува условите на Бугарија за давање согласност и прекинување на ветото.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, француската формула предвидува преговарачкиот процес со Македонија да започне дури откако ќе се додадат измени во преамбулата на нејзиниот Устав, поврзани со „граѓаните кои живеат во државата кои се дел од други народи, вклучително и Бугарите“.

Како што пишува весникот „Дневник“ „само тогаш брзо ќе биде свикана првата меѓувладина конференција, со што ефективно ќе започне преговарачкиот процес за членство“.

 

The post „Дневник“: Француското претседателство предлага да се започнат преговорите со Македонија за да се задоволат бугарските барања appeared first on Република.

]]>

Според софискиот весник „Дневник“, француското претседателство со Европската Унија, на земјите-членки на Унијата им понудило формула за почеток на преговорите за членство на Македонија, којашто се чини дека ги задоволува условите на Бугарија за давање согласност и прекинување на ветото. Како што јави дописникот на МИА од Софија, француската формула предвидува преговарачкиот процес со Македонија да започне дури откако ќе се додадат измени во преамбулата на нејзиниот Устав, поврзани со „граѓаните кои живеат во државата кои се дел од други народи, вклучително и Бугарите“. Како што пишува весникот „Дневник“ „само тогаш брзо ќе биде свикана првата меѓувладина конференција, со што ефективно ќе започне преговарачкиот процес за членство“.  

The post „Дневник“: Француското претседателство предлага да се започнат преговорите со Македонија за да се задоволат бугарските барања appeared first on Република.

]]>
Маричиќ ќе го искористува францунското претседателство кое завршува за еден месец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-kje-go-iskoristuva-francunskoto-pretsedatelstvo-koe-zavrshuva-za-eden-mesec/ Mon, 09 May 2022 17:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=500069

Имавме отворена и искрена за дискусија за иднината на Западен Балкан во Европската Унија, особено во контекст на војната во Украина, што е добра порака токму на 9 Мај, дека Франција е заинтересирана, да разговара за проширувањето, изјави од Париз вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, додавајќи дека тоа не е гаранција за отпочнување на преговорите, но е добар знак дека го имаме вниманието на Франција.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот, во директното вклучување во вестите на ТВ24 од Париз, информираше за активностите во рамки на работната посета во Париз и настанот „Балкански дијалози“, на кој домаќин е францускиот Сенат.

На средбата, политичките чинители од Европа и Западен Балкан, ја потврдиле важноста за продолжување на интеграцискиот процес и избегнување на натамошни блокади и вета.

– Знаеме колку е важно и за ЕУ и за нас да се искористи моментот на француското претседателство и да се направи исчекор напред. Ние имавме тука силна позиција дека сме направиле навистина сè што може да се направи и дека сме подготвени за почеток на преговори што поскоро, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека до сега во разговорите со Бугарија немало официјални посредници, меѓутоа секое претседателство на ЕУ дало свој придонес и направило напор за да се дојде до решение, тоа беше случајот и со Германија, Португалија, Словенија, посочувајќи дека од Франција го имаме вниманието и постои желба да се направат дополнителни напори, но како и во која форма, тоа ќе го видиме во наредниот период.

За односите со Бугарија вицепремиерот ја потврди подготвеноста да продолжат разговорите врз принципиелна основа, држејќи се до заштита на нашиот идентитет и до европските вредности, со цел да се изнајде решение кое ќе биде достоинствено и одржливо и кое ќе го отвори навистина вратите за почеток на преговорите.

– Имаме јасни позиции дека сакаме да постигнеме договор преку еден сеопфатен документ во кој ќе бидат јасно утврдени обврските и на Македонија и на Бугарија, како и кој чекори треба да се преземат до подигањето на ветото и како и кој чекори би се презеле по подигањето на ветото, потврди Маричиќ, потенцирајќи дека не се обврзале со датум, но оваа шанса треба да се искористи, бидејќи секое одлагање ја намалува шансата за решение и не работи во полза на решение

The post Маричиќ ќе го искористува францунското претседателство кое завршува за еден месец appeared first on Република.

]]>

Имавме отворена и искрена за дискусија за иднината на Западен Балкан во Европската Унија, особено во контекст на војната во Украина, што е добра порака токму на 9 Мај, дека Франција е заинтересирана, да разговара за проширувањето, изјави од Париз вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, додавајќи дека тоа не е гаранција за отпочнување на преговорите, но е добар знак дека го имаме вниманието на Франција. Како што соопшти СЕП, вицепремиерот, во директното вклучување во вестите на ТВ24 од Париз, информираше за активностите во рамки на работната посета во Париз и настанот „Балкански дијалози“, на кој домаќин е францускиот Сенат. На средбата, политичките чинители од Европа и Западен Балкан, ја потврдиле важноста за продолжување на интеграцискиот процес и избегнување на натамошни блокади и вета. – Знаеме колку е важно и за ЕУ и за нас да се искористи моментот на француското претседателство и да се направи исчекор напред. Ние имавме тука силна позиција дека сме направиле навистина сè што може да се направи и дека сме подготвени за почеток на преговори што поскоро, истакна Маричиќ. Вицепремиерот кажа дека до сега во разговорите со Бугарија немало официјални посредници, меѓутоа секое претседателство на ЕУ дало свој придонес и направило напор за да се дојде до решение, тоа беше случајот и со Германија, Португалија, Словенија, посочувајќи дека од Франција го имаме вниманието и постои желба да се направат дополнителни напори, но како и во која форма, тоа ќе го видиме во наредниот период. За односите со Бугарија вицепремиерот ја потврди подготвеноста да продолжат разговорите врз принципиелна основа, држејќи се до заштита на нашиот идентитет и до европските вредности, со цел да се изнајде решение кое ќе биде достоинствено и одржливо и кое ќе го отвори навистина вратите за почеток на преговорите.
– Имаме јасни позиции дека сакаме да постигнеме договор преку еден сеопфатен документ во кој ќе бидат јасно утврдени обврските и на Македонија и на Бугарија, како и кој чекори треба да се преземат до подигањето на ветото и како и кој чекори би се презеле по подигањето на ветото, потврди Маричиќ, потенцирајќи дека не се обврзале со датум, но оваа шанса треба да се искористи, бидејќи секое одлагање ја намалува шансата за решение и не работи во полза на решение

The post Маричиќ ќе го искористува францунското претседателство кое завршува за еден месец appeared first on Република.

]]>