Претседателот Стево Пендаровски за утре на пладне го свика Советот за безбедност, а на дневен ред на седницата ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.
На седницата, како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
The post Пендаровски го свика Советот за безбедност за францускиот предлог appeared first on Република.
]]>The post Пендаровски го свика Советот за безбедност за францускиот предлог appeared first on Република.
]]>Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.
Бројните денешни консултации, според министерот, минуваат во позитивна атмосфера, во кој, како што посочува, Францускиот предлог детално се анализира.
Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори: македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка; протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка; oдобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!, пишува Османи на неговиот фејсбук-профил.
Процесот на консултации, додава, продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука.
The post МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати Францускиот предлог appeared first on Република.
]]>Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори: македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка; протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка; oдобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!, пишува Османи на неговиот фејсбук-профил.Процесот на консултации, додава, продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука.
The post МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати Францускиот предлог appeared first on Република.
]]>