француски предлог собрание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-predlog-sobranie/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Jul 2022 20:37:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png француски предлог собрание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-predlog-sobranie/ 32 32 Седницата за францускиот предлог продолжува утре во 11 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednicata-za-francuskiot-predlog-prodolzuva-utre-vo-11-chasot/ Fri, 15 Jul 2022 20:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=529584

Расправата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година, ќе продолжи утре во 11 часот.

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ.

Во собраниската сала и вечерва атмосферата беше проследена со прозивки и обвинувања на двата табора. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа отфрлање на овој предлог кој, според нив, води кон директна асимилација на македонскиот народ, уцени и повеќегодишно попречување на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија. За разлика од нив од владеачкиот табор смируваа дека преговарачката рамка нуди неповредливост на македонскиот идентитет и јазик и почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.

The post Седницата за францускиот предлог продолжува утре во 11 часот appeared first on Република.

]]>

Расправата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година, ќе продолжи утре во 11 часот. Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со ЕУ. Во собраниската сала и вечерва атмосферата беше проследена со прозивки и обвинувања на двата табора. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа отфрлање на овој предлог кој, според нив, води кон директна асимилација на македонскиот народ, уцени и повеќегодишно попречување на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија. За разлика од нив од владеачкиот табор смируваа дека преговарачката рамка нуди неповредливост на македонскиот идентитет и јазик и почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.  

The post Седницата за францускиот предлог продолжува утре во 11 часот appeared first on Република.

]]>
Стојкова Серафимовска: Со овој договор се нарушува македонската колективна меморија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojkova-serafimovska-so-ovoj-dogovor-se-narushuva-makedonskata-kolektivna-memorija/ Fri, 15 Jul 2022 20:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=529581

Зборувате дека идентитетот воопшто не е засегнат со ова меѓутоа јас како научник особено што се занимава со антропологија имам чувство дека ние зборуваме за различни работи бидејќи ова вие што го зборите дека идентитетот не е загрозен но не размислувате дека идентитетот на вашите поколенија е загрозен, изјави Велика Стојкова Серафимовска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.

Таа посочи дека со овој договор и со претходниот преспанскиот договор се нарушува македонската колективна меморија.

Она вие што го направивте и со потпишувањето на срамниот преспански договор а и со очигледното потпишување на овој уште по срамен договор е дека зачепнувате во најсветото, во меморијата, кажа Стојкова Серафимовска.

Стојкова Серафимовска истакна дека неписмено е ова и не постои заедничка историја помеѓу две држави, може да постои споделена историја, а никако заедничка историја. Заедничка историја имаме сите ние кои живееме на ова поднебје.

Јас велам НЕ бидејќи си го слушам македонскиот народ, македонската нација која 13 дена е пред ова Собрание и кажува НЕ. Го слушам МАНУ бидејќи академиците кажаа НЕ, професорите од УКИМ и од сите други Универзитети кажаа НЕ, МПЦ кажа НЕ, сите релевантни институции, експерти поединци кажаа НЕ и јас велам нормално НЕ бидејќи ги слушам нив кои се многу по образовани од сите нас тука, посочи Стојкова Серафимовска.

Таа упати апел до пратениците да кажат НЕ, како што кажал НЕ Партениј Зографски во 1858 година кога имало обид да се спојат бугарскиот и македонскиот јазик а тој рекол дека Македонците не примаат писмен јазик далечен од нивниот народен јазик. Кажал НЕ и Ѓорѓија Пулески кој имал јасен и дециден став на себе определувањето, кажал не и Глигор Прличев и не ја прифатил стипендијата да студира во Лондон бидејќи требало да се пише Грк.

The post Стојкова Серафимовска: Со овој договор се нарушува македонската колективна меморија appeared first on Република.

]]>

Зборувате дека идентитетот воопшто не е засегнат со ова меѓутоа јас како научник особено што се занимава со антропологија имам чувство дека ние зборуваме за различни работи бидејќи ова вие што го зборите дека идентитетот не е загрозен но не размислувате дека идентитетот на вашите поколенија е загрозен, изјави Велика Стојкова Серафимовска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница. Таа посочи дека со овој договор и со претходниот преспанскиот договор се нарушува македонската колективна меморија.
Она вие што го направивте и со потпишувањето на срамниот преспански договор а и со очигледното потпишување на овој уште по срамен договор е дека зачепнувате во најсветото, во меморијата, кажа Стојкова Серафимовска.
Стојкова Серафимовска истакна дека неписмено е ова и не постои заедничка историја помеѓу две држави, може да постои споделена историја, а никако заедничка историја. Заедничка историја имаме сите ние кои живееме на ова поднебје.
Јас велам НЕ бидејќи си го слушам македонскиот народ, македонската нација која 13 дена е пред ова Собрание и кажува НЕ. Го слушам МАНУ бидејќи академиците кажаа НЕ, професорите од УКИМ и од сите други Универзитети кажаа НЕ, МПЦ кажа НЕ, сите релевантни институции, експерти поединци кажаа НЕ и јас велам нормално НЕ бидејќи ги слушам нив кои се многу по образовани од сите нас тука, посочи Стојкова Серафимовска.
Таа упати апел до пратениците да кажат НЕ, како што кажал НЕ Партениј Зографски во 1858 година кога имало обид да се спојат бугарскиот и македонскиот јазик а тој рекол дека Македонците не примаат писмен јазик далечен од нивниот народен јазик. Кажал НЕ и Ѓорѓија Пулески кој имал јасен и дециден став на себе определувањето, кажал не и Глигор Прличев и не ја прифатил стипендијата да студира во Лондон бидејќи требало да се пише Грк.  

The post Стојкова Серафимовска: Со овој договор се нарушува македонската колективна меморија appeared first on Република.

]]>
Ристески: Да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-da-prifatam-deka-makedonskiot-jazik-bil-dijalekt-od-bugarskiot-znaete-koga-kje-se-sluchi-toa-nikogash/ Fri, 15 Jul 2022 20:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=529570

За некој од вас верував дека ќе го направите ова. Некои од вас се џубокс пратеници, колку пари толку музика. но некои навистина верував и уште верувам дека има време да се премиските. А јас како што ви реков, ни мртов ова нема да ви го гласам. Ни мртов. Да ви се мочам и во договор, да ви се мочам во предавство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од денешната собраниска седница за заклучоците од францускиот предлог.

Тој истакна дека посакуваше денеска да биде поинаку и дека посакуваше сите пратеници во македонското Собрание и сите Македонци заедно, сплотено и едногласно да кажеме дека не го прифаќаме овој понижувачки предлог и дека сакаме во Европа како Македонци и непонижени.

Еднаш предавник, секогаш предавник. А не сакав да верувам, дека ќе се уверам во оваа народна изрека. Овој пат, навистина, искрено од срце посакував да биде поинаку. Да биде многу поинакви, заедно сите Македонци, пратеници во овој македонски Парламент да излезевме со народот и да кажевме не го прифаќаме овој понижувачки предлог. Ова беше моја желба, ова беше моја патриотска желба да кажеме сакаме во Европа, да сите заедно, но не понижени. Да кажеме сакаме во Европа како Македонци, со македонски јазик, цврст македонски идентитет со македонска заштитена историја, култура, традиција, рече Ристески.

Тој додаде дека ќе пробам со факти и со аргументи да ги разубеди пратениците во македонското Собрание и дека посакувал, премиерот на Република Македонија, овдека да не поздрави со крената тупаница и да речи да живее Република Македонија, посакувал истиот тој премиер на неговата држава, кога го навредуваа и негов колега му кажаа дека е премиер, за брзо, на западна Бугарија а тој се смееше како зелен, да застани цврсто и да му каже јас сум Македонец, јас сум премиер на Република Македонија.

И зошто не собра таму храброст на Еди Рама да му го каже тоа, а овдека со кренати две раце покажува некаков триумфализам, а прифатил предавство. Огромно предавство на Македонија, на македонскиот народ, запраша Ристески.

Во тој договор сте прифатиле некаква комисија која требало да ги вреднува историските факти, да ги пишува учебниците и сето тоа на проверка во Софија та оттаму да кажеле што да учат моите три деца и требало да се нафатам, да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! По никоја цена, остро одговори Ристески.

Посочи дека тој е роден во градот херој, Прилеп кој само во Втората светска војна дал 650 жртви и дека живе на 20 метри од Алеата на народните херои и Могилата на непобедените.

„Јас сум роден во Прилеп. Прилеп е град херој, дал 650 жртви само во Втората светска војна, сите убиени од бугарскиот фашистички окупатор. Дал 143 луѓе носители на споменица и 14 народни херои. Живеам на 20 метри од Могилата на непобедените, на 20 метри од Алеата на народните херои. Што ќе им кажам на моите деца кога ги шетам секој ден на парк кога поминувам покрај овие народни херои, со кој образ јас ќе ги погледнам моите родители, моите деца ако кажам дека не сум се спротивставил на ова предавство и не сум пробал да го одбранам идеалот за кој загинале тие народни херои, запраша Ристески.

Тој ги повика пратениците од парламентарното мнозинство да се откажат од прифаќањето на Францускиот предлог дури се уште има време, да се откажат и заедно да кажеме дека сакаме во Европа како Македонци со македонски јазик, македонски идентитет, македонска историја, македонска култура.

The post Ристески: Да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! appeared first on Република.

]]>

За некој од вас верував дека ќе го направите ова. Некои од вас се џубокс пратеници, колку пари толку музика. но некои навистина верував и уште верувам дека има време да се премиските. А јас како што ви реков, ни мртов ова нема да ви го гласам. Ни мртов. Да ви се мочам и во договор, да ви се мочам во предавство, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од денешната собраниска седница за заклучоците од францускиот предлог. Тој истакна дека посакуваше денеска да биде поинаку и дека посакуваше сите пратеници во македонското Собрание и сите Македонци заедно, сплотено и едногласно да кажеме дека не го прифаќаме овој понижувачки предлог и дека сакаме во Европа како Македонци и непонижени.
Еднаш предавник, секогаш предавник. А не сакав да верувам, дека ќе се уверам во оваа народна изрека. Овој пат, навистина, искрено од срце посакував да биде поинаку. Да биде многу поинакви, заедно сите Македонци, пратеници во овој македонски Парламент да излезевме со народот и да кажевме не го прифаќаме овој понижувачки предлог. Ова беше моја желба, ова беше моја патриотска желба да кажеме сакаме во Европа, да сите заедно, но не понижени. Да кажеме сакаме во Европа како Македонци, со македонски јазик, цврст македонски идентитет со македонска заштитена историја, култура, традиција, рече Ристески.
Тој додаде дека ќе пробам со факти и со аргументи да ги разубеди пратениците во македонското Собрание и дека посакувал, премиерот на Република Македонија, овдека да не поздрави со крената тупаница и да речи да живее Република Македонија, посакувал истиот тој премиер на неговата држава, кога го навредуваа и негов колега му кажаа дека е премиер, за брзо, на западна Бугарија а тој се смееше како зелен, да застани цврсто и да му каже јас сум Македонец, јас сум премиер на Република Македонија. И зошто не собра таму храброст на Еди Рама да му го каже тоа, а овдека со кренати две раце покажува некаков триумфализам, а прифатил предавство. Огромно предавство на Македонија, на македонскиот народ, запраша Ристески.
Во тој договор сте прифатиле некаква комисија која требало да ги вреднува историските факти, да ги пишува учебниците и сето тоа на проверка во Софија та оттаму да кажеле што да учат моите три деца и требало да се нафатам, да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! По никоја цена, остро одговори Ристески.
Посочи дека тој е роден во градот херој, Прилеп кој само во Втората светска војна дал 650 жртви и дека живе на 20 метри од Алеата на народните херои и Могилата на непобедените.
„Јас сум роден во Прилеп. Прилеп е град херој, дал 650 жртви само во Втората светска војна, сите убиени од бугарскиот фашистички окупатор. Дал 143 луѓе носители на споменица и 14 народни херои. Живеам на 20 метри од Могилата на непобедените, на 20 метри од Алеата на народните херои. Што ќе им кажам на моите деца кога ги шетам секој ден на парк кога поминувам покрај овие народни херои, со кој образ јас ќе ги погледнам моите родители, моите деца ако кажам дека не сум се спротивставил на ова предавство и не сум пробал да го одбранам идеалот за кој загинале тие народни херои, запраша Ристески.
Тој ги повика пратениците од парламентарното мнозинство да се откажат од прифаќањето на Францускиот предлог дури се уште има време, да се откажат и заедно да кажеме дека сакаме во Европа како Македонци со македонски јазик, македонски идентитет, македонска историја, македонска култура.

The post Ристески: Да прифатам дека македонскиот јазик бил дијалект од бугарскиот. Знаете кога ќе се случи тоа? Никогаш! appeared first on Република.

]]>
Христова: Ковачевски нема право да цитира извадок од романот „Пиреј“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hristova-kovachevski-nema-pravo-da-citira-izvadok-od-romanot-pirej/ Fri, 15 Jul 2022 19:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=529560

„Вчера и денес во Собранието имаме една поинакво седница од вообичаеното. Имаме седница на која однародените ќе го дадат својот глас за предавство на Македонија, на Македонците и на се што е македонско, јазик, историја, култура и идентитет. Бидејќи како што кажав оваа седница е поинаква, јас нема да зборувам за парчето хартија кое ни е доставено како информација односно како материјал. Зошто тоа парче хартија мене не ми значи ништо. Мене ми значи народот македонски кој веќе неколку дена гневно се спротивставува на обезличувањето и предавството кое го прави власта“, истакна Даниела Христова, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.

Христова додаде дека таа знае дека нејзиното име нема да стои помеѓу однародените кои што вршат велепредавство. Таа јасно посочи дека е против предлогот и според нејзе смелост и решителност е да се каже НЕ на штетен предлог како што е францускиот.

Македонскиот јазик и македонскиот народ не се на продажба. Зарем не ви е јасно тоа, Христова ги запраша пратениците од СДСМ.

Таа потсети дека наскоро ќе наврши година дена откако се изгласа Резолуцијата за утврдување на државни позиции и со кои се поставени црвени линии. Но што се случува денес? Се случува погазување и пречекорување на црвените линии. Власта не издржа ниту една година и ги прегази црвените линии.

Не издржаа ниту година, а веќе ја продадоа Македонија. Првата точка од Резолуцијата ќе ве потсетам гласеше вака: „Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право“. И сега продолжува она што сакам да го нагласам – „без никаков условување од едната или од другата страна, и почитување на достоинството на македонскиот народ“. За жал дојде до условување. Имаме ултиматум и имаме непочитување на дадениот збор од страна на мнозинството од Парламентот, рече Христова.

Пратеничката запраша како Ковачевски се дрзна да цитира извадок од романот „Пиреј“. Како се дрзна да го сквернавува тој цитат. Името на романот „Пиреј“ за Македонците преставува втора библија. Но, некој кој става предавнички потпис за поништување на се што е свето за Македонците не смее да ја злоупотребува македонската култура и литература за да изрази чувства на патриотизам.

The post Христова: Ковачевски нема право да цитира извадок од романот „Пиреј“ appeared first on Република.

]]>

„Вчера и денес во Собранието имаме една поинакво седница од вообичаеното. Имаме седница на која однародените ќе го дадат својот глас за предавство на Македонија, на Македонците и на се што е македонско, јазик, историја, култура и идентитет. Бидејќи како што кажав оваа седница е поинаква, јас нема да зборувам за парчето хартија кое ни е доставено како информација односно како материјал. Зошто тоа парче хартија мене не ми значи ништо. Мене ми значи народот македонски кој веќе неколку дена гневно се спротивставува на обезличувањето и предавството кое го прави власта“, истакна Даниела Христова, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница. Христова додаде дека таа знае дека нејзиното име нема да стои помеѓу однародените кои што вршат велепредавство. Таа јасно посочи дека е против предлогот и според нејзе смелост и решителност е да се каже НЕ на штетен предлог како што е францускиот.
Македонскиот јазик и македонскиот народ не се на продажба. Зарем не ви е јасно тоа, Христова ги запраша пратениците од СДСМ.
Таа потсети дека наскоро ќе наврши година дена откако се изгласа Резолуцијата за утврдување на државни позиции и со кои се поставени црвени линии. Но што се случува денес? Се случува погазување и пречекорување на црвените линии. Власта не издржа ниту една година и ги прегази црвените линии.
Не издржаа ниту година, а веќе ја продадоа Македонија. Првата точка од Резолуцијата ќе ве потсетам гласеше вака: „Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право“. И сега продолжува она што сакам да го нагласам – „без никаков условување од едната или од другата страна, и почитување на достоинството на македонскиот народ“. За жал дојде до условување. Имаме ултиматум и имаме непочитување на дадениот збор од страна на мнозинството од Парламентот, рече Христова.
Пратеничката запраша како Ковачевски се дрзна да цитира извадок од романот „Пиреј“. Како се дрзна да го сквернавува тој цитат. Името на романот „Пиреј“ за Македонците преставува втора библија. Но, некој кој става предавнички потпис за поништување на се што е свето за Македонците не смее да ја злоупотребува македонската култура и литература за да изрази чувства на патриотизам.

The post Христова: Ковачевски нема право да цитира извадок од романот „Пиреј“ appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Не сакам да сум дел од европското семејство, ако сум бугаризиран со нарушено достоинство, јас сум Македонец и никако поинаку https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-ne-sakam-da-sum-del-od-evropskoto-semejstvo-ako-sum-bugariziran-so-narusheno-dostoinstvo-jas-sum-makedonec-i-nikako-poinaku/ Fri, 15 Jul 2022 11:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=529324

Единственото национално обележје кое што вие го почитувате е денарот затоа што се околу вас и вашите луѓе се врти околу пари, му порача Бојан Стојаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на Димитар Ковачевски кој избега од денешната собраниска седница на која се дискутира за францускиот предлог.

Мојот став е следен, ултимативен, срам, пораз и капитулацијата. Со овој предлог ќе заглавиме во уцените на велико бугарскиот шовинизам, потенцираше тој за францускиот предлог.

Стојаноски објасни дека оваа преговарачка рамка значи асимилација и бугаризација, нагласувајќи дека Македонија нема, туку Албанија ќе започне преговори.

Со оваа преговарачка рамка не го лажете народот дека обезбедувате европска иднина, туку обезбедувате бугаризација и асимилација. А зошто е тоа така? Затоа што членот 11 од записникот можете сите да го видите, вели дека нема преговори се додека не се отвори уставот за кој што од сега имате уцени покрај внесување на бугарите да се разместат и одредени други формулации во нормативниот дел од уставот. И нема Македонија да почне преговори, туку Албанија ќе започне преговори и треба да бидете чесни и да им кажете на граѓаните, додаде Стојаноски.

Понатаму членот 14 вели дека во тој дел од протоколот мора да има измени и да добиеме дозвола за историските и образовни норми, а тоа значи дека секогаш ќе бидеме заглавени додека не им удоволиме на овие од бугарската страна. Е тоа сега вие го ставате пред нас и не терате да го прифатиме, истакна тој.

Стојаноски истакна дека оваа преговарачка рамка која Ковачевски, Османи и Маричиќ ја прифатиле не значи заштита на националните и државни интереси.

Со оваа рамка како што е предложена не се штитат интересите, туку за да станеме членка на ЕУ услов е да се бугаризираме. Е тоа е главниот услов во оваа преговарачка рамка, рече тој.

Стојаноски порача дека не сака да биде дел од европското семејство ако треба да биде асимилиран и да му биде нарушено достоинството.

Не ми треба Европа ако бидам асимилиран, ако ми биде нарушено достоинството и ако влезам таму како асимилиран Бугарин, без ниту еден темел на моето општо постоење како дел или припадник на одреден народ или заедница. Не ми треба и јас не прифаќам да бидеме асимилирани, порача Стојаноски.

The post Стојаноски: Не сакам да сум дел од европското семејство, ако сум бугаризиран со нарушено достоинство, јас сум Македонец и никако поинаку appeared first on Република.

]]>

Единственото национално обележје кое што вие го почитувате е денарот затоа што се околу вас и вашите луѓе се врти околу пари, му порача Бојан Стојаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на Димитар Ковачевски кој избега од денешната собраниска седница на која се дискутира за францускиот предлог.
Мојот став е следен, ултимативен, срам, пораз и капитулацијата. Со овој предлог ќе заглавиме во уцените на велико бугарскиот шовинизам, потенцираше тој за францускиот предлог.
Стојаноски објасни дека оваа преговарачка рамка значи асимилација и бугаризација, нагласувајќи дека Македонија нема, туку Албанија ќе започне преговори.
Со оваа преговарачка рамка не го лажете народот дека обезбедувате европска иднина, туку обезбедувате бугаризација и асимилација. А зошто е тоа така? Затоа што членот 11 од записникот можете сите да го видите, вели дека нема преговори се додека не се отвори уставот за кој што од сега имате уцени покрај внесување на бугарите да се разместат и одредени други формулации во нормативниот дел од уставот. И нема Македонија да почне преговори, туку Албанија ќе започне преговори и треба да бидете чесни и да им кажете на граѓаните, додаде Стојаноски.
Понатаму членот 14 вели дека во тој дел од протоколот мора да има измени и да добиеме дозвола за историските и образовни норми, а тоа значи дека секогаш ќе бидеме заглавени додека не им удоволиме на овие од бугарската страна. Е тоа сега вие го ставате пред нас и не терате да го прифатиме, истакна тој. Стојаноски истакна дека оваа преговарачка рамка која Ковачевски, Османи и Маричиќ ја прифатиле не значи заштита на националните и државни интереси.