француски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-jazik/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:53:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png француски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-jazik/ 32 32 Во 25 училишта во Македонија ќе се презентира францускиот јазик кај родителите со цел да се поттикне изучувањето кај учениците, кажа министерката Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу МОН и Амбасадата на Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-25-uchilishta-vo-makedonija-ke-se-prezentira-frantsuskiot-jazik-kaj-roditelite-so-tsel-da-se-pottikne-izuchuvaneto-kaj-uchenitsite-kazha-ministerkata-janevska-na-potpishuvaneto-na-aneksot-na-memora/ Thu, 21 Nov 2024 12:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=840370

Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен интерес. Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството на Македонија во Меѓународната организација на Франкофонијата го гледаме и како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество - мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина.

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем.

Подготовката на младите, рече Јаневска, со знаења и вештини кои ќе одговорат на идни потреби, и покрај технолошкиот напредок, сé уште вклучува знаење на странски јазици како алатка која ги поврзува со нови култури, перспективи и можности.

Во Анексот се наведени 25 училишта во целата држава каде ќе се одвиваат средби за презентација на францускиот јазик кај родителите, како и часови за учениците, насочени кон откривање на можностите што ги нуди изучувањето на францускиот јазик.

„Министерство за образование и наука, како креатор на политики, ја промовира посветеноста кон јазична различност, а францускиот јазик се изучува во основното, средното и високото образование. Посебно се видливи франкофонските билингвални паралелки во средните училишта“, додаде министерката.

Како резултат на соработката со амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со Меѓународната организација на Франкофонија и со Регионалното биро за централна и источна Европа, веќе четврт век се организира Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука која обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик, можат да учествуваат и на летни обуки во Франција.

Министерката Јаневска нагласи дека секогаш е можно постојната соработка да се издигне на уште повисоко ниво, па затоа и во иднина двете страни ќе разговараат за нови заеднички иницијативи.

The post Во 25 училишта во Македонија ќе се презентира францускиот јазик кај родителите со цел да се поттикне изучувањето кај учениците, кажа министерката Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу МОН и Амбасадата на Франција appeared first on Република.

]]>

Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен интерес. Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството на Македонија во Меѓународната организација на Франкофонијата го гледаме и како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество - мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем. Подготовката на младите, рече Јаневска, со знаења и вештини кои ќе одговорат на идни потреби, и покрај технолошкиот напредок, сé уште вклучува знаење на странски јазици како алатка која ги поврзува со нови култури, перспективи и можности. Во Анексот се наведени 25 училишта во целата држава каде ќе се одвиваат средби за презентација на францускиот јазик кај родителите, како и часови за учениците, насочени кон откривање на можностите што ги нуди изучувањето на францускиот јазик. „Министерство за образование и наука, како креатор на политики, ја промовира посветеноста кон јазична различност, а францускиот јазик се изучува во основното, средното и високото образование. Посебно се видливи франкофонските билингвални паралелки во средните училишта“, додаде министерката. Како резултат на соработката со амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со Меѓународната организација на Франкофонија и со Регионалното биро за централна и источна Европа, веќе четврт век се организира Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука која обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик, можат да учествуваат и на летни обуки во Франција. Министерката Јаневска нагласи дека секогаш е можно постојната соработка да се издигне на уште повисоко ниво, па затоа и во иднина двете страни ќе разговараат за нови заеднички иницијативи.

The post Во 25 училишта во Македонија ќе се презентира францускиот јазик кај родителите со цел да се поттикне изучувањето кај учениците, кажа министерката Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу МОН и Амбасадата на Франција appeared first on Република.

]]>
25. Летен регионален семинар во Струга наменет за професорите по и на француски јазик https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/25-leten-regionalen-seminar-vo-struga-namenet-za-profesorite-po-i-na-frantsuski-jazik/ Thu, 20 Jun 2024 10:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=789303

Годинава, Францускиот институт во Скопје го организира 25-то издание на Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука, која повеќе од две децении обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Семинарот се организира во соработка со француските амбасади и институти од земјите во регионот.

Овогодишната средба и значајна обука ќе се одржи од понеделник 24 до петок 28 јуни 2024 год., а во рамките на својата програма ќе понуди педагошки работилници наменети за професорите од земјава, но и од поширокиот регион (Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина).

Главни цели на обуката се: истакнување на видливоста на францускиот јазик, зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите на учесниците, создавање на вистинска кохезија меѓу учесниците, како и остварување богати меѓусебни размени на професионални искуства меѓу професорите по француски и професорите кои предаваат нејазични дисциплини на француски јазик од Југоисточна Европа. Овогодишното издание на Летниот регионален семинар во Струга ќе го проследат повеќе од стотина учесници.

Обучувачите се експерти од Франција и ќе анимираат работилници на актуелни тематики врзани за наставата на и по француски јазик во рамките на образовниот систем.

Настанот официјално ќе го отвори г-дин Сирил БОМГАРТНЕР, Амбасадор на Франција, в понеделник, 24 јуни, во 18:30 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, во присуство на учесниците, како и бројни соработници и партнери, како Канал Франс Интернасионал, Меѓународната организација на Франкофонијата, Регионалниот франкофонски центар КРЕФЕКО, Здружението на професори по француски јазик, Фондацијата Бел Идеал од Париз, издавачката куќа КЛЕ Интернасионал и др.

Работен јазик на семинарот е француски.

 

The post 25. Летен регионален семинар во Струга наменет за професорите по и на француски јазик appeared first on Република.

]]>

Годинава, Францускиот институт во Скопје го организира 25-то издание на Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука, која повеќе од две децении обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Семинарот се организира во соработка со француските амбасади и институти од земјите во регионот. Овогодишната средба и значајна обука ќе се одржи од понеделник 24 до петок 28 јуни 2024 год., а во рамките на својата програма ќе понуди педагошки работилници наменети за професорите од земјава, но и од поширокиот регион (Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина). Главни цели на обуката се: истакнување на видливоста на францускиот јазик, зајакнување на неговото место во образовните системи на земјите на учесниците, создавање на вистинска кохезија меѓу учесниците, како и остварување богати меѓусебни размени на професионални искуства меѓу професорите по француски и професорите кои предаваат нејазични дисциплини на француски јазик од Југоисточна Европа. Овогодишното издание на Летниот регионален семинар во Струга ќе го проследат повеќе од стотина учесници. Обучувачите се експерти од Франција и ќе анимираат работилници на актуелни тематики врзани за наставата на и по француски јазик во рамките на образовниот систем. Настанот официјално ќе го отвори г-дин Сирил БОМГАРТНЕР, Амбасадор на Франција, в понеделник, 24 јуни, во 18:30 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, во присуство на учесниците, како и бројни соработници и партнери, како Канал Франс Интернасионал, Меѓународната организација на Франкофонијата, Регионалниот франкофонски центар КРЕФЕКО, Здружението на професори по француски јазик, Фондацијата Бел Идеал од Париз, издавачката куќа КЛЕ Интернасионал и др. Работен јазик на семинарот е француски.  

The post 25. Летен регионален семинар во Струга наменет за професорите по и на француски јазик appeared first on Република.

]]>
Отворена нова паралелка на француски јазик во СУГС „Георги Димитров“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otvorena-nova-paralelka-na-frantsuski-jazik-vo-sugs-georgi-dimitrov/ Mon, 16 Oct 2023 17:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=691790

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со претставници од Францускиот културен центар, ја промовираа новата паралелка што го изучува францускиот јазик во средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“.

Промоцијата е на Светскиот ден на храната, па во оваа пригода се промовираа штандови со здрава храна подготвена од учениците, кои покрај здравата храна подготвија и пригодна културно уметничка програма со настап на бендови пред гостите на промоцијата на паралелката на француски јазик, известуваат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека младите се во фокусот на програмата „За модерно Скопје“, како и во активностите за вклучување на средношколците во богатата културна програма на Скопје Европска престолнина на културата 2028.

The post Отворена нова паралелка на француски јазик во СУГС „Георги Димитров“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, заедно со претставници од Францускиот културен центар, ја промовираа новата паралелка што го изучува францускиот јазик во средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“.
Промоцијата е на Светскиот ден на храната, па во оваа пригода се промовираа штандови со здрава храна подготвена од учениците, кои покрај здравата храна подготвија и пригодна културно уметничка програма со настап на бендови пред гостите на промоцијата на паралелката на француски јазик, известуваат од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека младите се во фокусот на програмата „За модерно Скопје“, како и во активностите за вклучување на средношколците во богатата културна програма на Скопје Европска престолнина на културата 2028.

The post Отворена нова паралелка на француски јазик во СУГС „Георги Димитров“ appeared first on Република.

]]>
Амбасадата на Франција ќе создаде мрежа на училишта во Македонија под брендот „Го сакам францускиот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadata-na-francija-kje-sozdade-mreza-na-uchilishta-vo-makedonija-pod-brendot-go-sakam-francuskiot/ Thu, 29 Sep 2022 08:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=555438

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер потпишаа меморандум за соработка, чија цел е заживување на наставата по француски јазик во училиштата и универзитетите во земјава.

Со потпишувањето на меморандумот, ќе се посветиме на поттикнување на изборот на францускиот јазик во основните и средните училишта преку воспоставување на активности за негов развој, изработка на алатки за промоција на францускиот јазик и организација на настани наменети за раководните и педагошки тимови во училиштата, како и зајакнување на наставата по француски јазик во основните и средните училишта преку обезбедување на модерни технолошки помагала, организација на педагошки обуки во Франција, вмрежување на училишта од Франција, Македонија и регионот, изјави министерот Шаќири.

Министерството за образование и наука, додаде министерот, ќе им ги стави на располагање на основните и средните училишта алатките за промоција на францускиот јазик, изработени во рамките на регионалниот проект на француското министерство за Европа и надворешни работи и ќе го поттикне нивното користење од страна на училиштата кај учениците и родителите.

Амбасадата на Франција пак, ќе создаде мрежа на училишта под брендот “Го сакам францускиот“.

Училиштата од оваа мрежа ќе бидат опремени со интерактивни панели наменети за кабинетите по француски јазик,а воедно амбасадата ќе ги покрие и сите трошоци за педагошка обука во Франција на шест професори од основните и средните училишта, кои ќе бидат одбрани врз основа на досие за кандидатура, изјави Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција.

 

The post Амбасадата на Франција ќе создаде мрежа на училишта во Македонија под брендот „Го сакам францускиот“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер потпишаа меморандум за соработка, чија цел е заживување на наставата по француски јазик во училиштата и универзитетите во земјава.
Со потпишувањето на меморандумот, ќе се посветиме на поттикнување на изборот на францускиот јазик во основните и средните училишта преку воспоставување на активности за негов развој, изработка на алатки за промоција на францускиот јазик и организација на настани наменети за раководните и педагошки тимови во училиштата, како и зајакнување на наставата по француски јазик во основните и средните училишта преку обезбедување на модерни технолошки помагала, организација на педагошки обуки во Франција, вмрежување на училишта од Франција, Македонија и регионот, изјави министерот Шаќири.
Министерството за образование и наука, додаде министерот, ќе им ги стави на располагање на основните и средните училишта алатките за промоција на францускиот јазик, изработени во рамките на регионалниот проект на француското министерство за Европа и надворешни работи и ќе го поттикне нивното користење од страна на училиштата кај учениците и родителите. Амбасадата на Франција пак, ќе создаде мрежа на училишта под брендот “Го сакам францускиот“.
Училиштата од оваа мрежа ќе бидат опремени со интерактивни панели наменети за кабинетите по француски јазик,а воедно амбасадата ќе ги покрие и сите трошоци за педагошка обука во Франција на шест професори од основните и средните училишта, кои ќе бидат одбрани врз основа на досие за кандидатура, изјави Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција.
 

The post Амбасадата на Франција ќе создаде мрежа на училишта во Македонија под брендот „Го сакам францускиот“ appeared first on Република.

]]>
Романот „Страв од Варвари“ на Петар Андоновски објавен во превод на француски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/romanot-strav-od-varvari-na-petar-andonovski-objaven-vo-prevod-na-francuski-jazik/ Mon, 04 Apr 2022 06:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=482895

Романот „Стравот од варвари“ на Петар Андоновски е објавен во превод на француски јазик, направен од Марија Бежановска, во издание на бриселската издавачка куќа Grassroots (Грасрут), јави дописникот на МИА.

„Стравот од варвари“ краткиот роман од (120 страници) на Петар Андоновски се две приказни раскажани од две жени. Едната, Оксана, е Украинка, другата, Пенелопа е Гркинка. Тие живеат на речиси пуст остров: Гавдос, во близина на Крит. Романот поврзува два далечни света: оној на постчернобилската ера и оној на многу изолираната грчка островска заедница. Гласовите на двете жени се мешаат со гласовите на две други кои се отсутни, но кои имале трајно влијание врз животите на Оксана и Пенелопа. Така се воспоставува дуплирање на дијалогот, откривајќи го минатото, сегашноста, реалноста и сеќавањето на овие две жени. Нивните изневерени надежи и неисполнетите желби.

Петар Андоновски е роден 1987 година во Куманово. Автор е на три романи и збирка песни (Ментален простор, 2008). Од објавувањето на неговиот прв роман „Очи во боја на чевли“ (2013), младиот писател забележува успеси, неговиот роман беше номиниран за наградата за роман на годината, многу посакувана награда во Македонија. Две години подоцна, тој ја доби оваа голема награда за неговиот втор роман „Телото во кое ќе треба да се живее“ (2015). И неговиот трет роман „Стравот од варварите“ (2018) му носи меѓународно признание: Европската награда за литература 2020 година доделена од Европската Унија.

Петар Андоновски е четвртиот македонски романсиер што ја добива Европската награда за литература. Пред него оваа чест ја имаа Гоце Смилевски (Сестрата на Фројд), Лидија Димковска (Резервен живот) и Ненад Јолдески (Секој со своето езеро).

The post Романот „Страв од Варвари“ на Петар Андоновски објавен во превод на француски јазик appeared first on Република.

]]>

Романот „Стравот од варвари“ на Петар Андоновски е објавен во превод на француски јазик, направен од Марија Бежановска, во издание на бриселската издавачка куќа Grassroots (Грасрут), јави дописникот на МИА. „Стравот од варвари“ краткиот роман од (120 страници) на Петар Андоновски се две приказни раскажани од две жени. Едната, Оксана, е Украинка, другата, Пенелопа е Гркинка. Тие живеат на речиси пуст остров: Гавдос, во близина на Крит. Романот поврзува два далечни света: оној на постчернобилската ера и оној на многу изолираната грчка островска заедница. Гласовите на двете жени се мешаат со гласовите на две други кои се отсутни, но кои имале трајно влијание врз животите на Оксана и Пенелопа. Така се воспоставува дуплирање на дијалогот, откривајќи го минатото, сегашноста, реалноста и сеќавањето на овие две жени. Нивните изневерени надежи и неисполнетите желби. Петар Андоновски е роден 1987 година во Куманово. Автор е на три романи и збирка песни (Ментален простор, 2008). Од објавувањето на неговиот прв роман „Очи во боја на чевли“ (2013), младиот писател забележува успеси, неговиот роман беше номиниран за наградата за роман на годината, многу посакувана награда во Македонија. Две години подоцна, тој ја доби оваа голема награда за неговиот втор роман „Телото во кое ќе треба да се живее“ (2015). И неговиот трет роман „Стравот од варварите“ (2018) му носи меѓународно признание: Европската награда за литература 2020 година доделена од Европската Унија. Петар Андоновски е четвртиот македонски романсиер што ја добива Европската награда за литература. Пред него оваа чест ја имаа Гоце Смилевски (Сестрата на Фројд), Лидија Димковска (Резервен живот) и Ненад Јолдески (Секој со своето езеро).

The post Романот „Страв од Варвари“ на Петар Андоновски објавен во превод на француски јазик appeared first on Република.

]]>