Француски институт во Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-institut-vo-skopje/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 12:55:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Француски институт во Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-institut-vo-skopje/ 32 32 Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ се затвора прославата на 50 години Француски институт во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhbata-frantsuskite-umetnitsi-od-kolektsijata-na-osten-muzejot-se-zatvora-proslavata-na-50-godini-frantsuskiot-institut-vo-skopje/ Fri, 22 Nov 2024 12:52:27 +0000 https://republika.mk/?p=840832

В среда, на 27 ноември во Чифте амам во Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“. Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија и Маја Неделкоска - Брзанова, директорка на Националната галерија.

Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во ОСТЕН МУЗЕЈОТ се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис , се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018 , како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.

The post Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ се затвора прославата на 50 години Француски институт во Скопје appeared first on Република.

]]>

В среда, на 27 ноември во Чифте амам во Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“. Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје. Изложбата ќе ја отворат Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија и Маја Неделкоска - Брзанова, директорка на Националната галерија. Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од 3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во ОСТЕН МУЗЕЈОТ се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис , се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018 , како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.

The post Со изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“ се затвора прославата на 50 години Француски институт во Скопје appeared first on Република.

]]>
Утре се отвора изложбата „Фото-графички експерименти“ за 50 години Француски институт во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utre-se-otvora-izlozhbata-foto-grafichki-eksperimenti-za-50-godini-frantsuski-institut-vo-skopje/ Wed, 06 Nov 2024 14:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=834858

Утре, во четврток, 7 ноември 2024, во 18:00 часот во излогот на Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена на изложбата „Фото-графички експерименти“. Aвторки на изложбата се двете уметници Ана Трајковска и Јана Луловска.

Овој заеднички проект, којшто ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни, беше создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ за време на нивната двомесечна уметничка резиденција во Cité internationale des arts во Париз.

„Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз низ призмата на колаборативна уметност, која повикува на размислување за невидливите слоеви на градот, скриени под површината.

Станува збор за дела во кои, низ уникатен пристап, двете уметници ги истражуваат безвременските културно-историски знаменитости и архитектуртата на Париз, како спој на минатото и сегашноста.

Францускиот институт во Скопје има особена чест да ја прикаже оваа изложба по париската премиера, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од своето постоењето.

Изложбата ќе остане отворена во текот на наредните два месеца.

The post Утре се отвора изложбата „Фото-графички експерименти“ за 50 години Француски институт во Скопје appeared first on Република.

Книжевна вечер на тема за издаваштвото во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizhevna-vecher-na-tema-za-izdavashtvoto-vo-frantsija/ Fri, 13 Sep 2024 07:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=815868

Францускиот институт во Скопје и Фестивалот „Про-за Балкан“ организираат книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент. Тема на средбата е издаваштвото во Франција, а ќе се одржи во вторник, 17 септември 2024, во 17 часот, во Францускиот институт во Скопје.

Настанот е прв во редицата настани за претстојната сезона, кои се организираат во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје и, исто така, се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Про-за Балкан“.

Во рамките на книжевната средба, Катарина Лоа ван Хоф и Лали Бернар ќе проговорат за нивните професионални ангажмани, за издаваштвото во Франција, како и за предизвиците на младиот автор во процесот на издавање литературно дело. На средбата ќе се споменат и најзначајните книжевни наслови за оваа есен во Франција.

Настанот ќе го модерира  Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје, и ќе се одвива со консекутивен превод.

The post Книжевна вечер на тема за издаваштвото во Франција appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и Фестивалот „Про-за Балкан“ организираат книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент. Тема на средбата е издаваштвото во Франција, а ќе се одржи во вторник, 17 септември 2024, во 17 часот, во Францускиот институт во Скопје. Настанот е прв во редицата настани за претстојната сезона, кои се организираат во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје и, исто така, се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Про-за Балкан“. Во рамките на книжевната средба, Катарина Лоа ван Хоф и Лали Бернар ќе проговорат за нивните професионални ангажмани, за издаваштвото во Франција, како и за предизвиците на младиот автор во процесот на издавање литературно дело. На средбата ќе се споменат и најзначајните книжевни наслови за оваа есен во Франција. Настанот ќе го модерира  Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје, и ќе се одвива со консекутивен превод.  

The post Книжевна вечер на тема за издаваштвото во Франција appeared first on Република.

]]>
Откажан настапот на француската театарска група „Кидам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otkazhan-nastapot-na-frantsuskata-teatarska-grupa-kidam/ Sat, 29 Jun 2024 16:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=791905

Изведбата на уличното дефиле и претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) е откажана, откако уметниците од „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, поради задоцнети и откажани летови.

Од Францускиот институт во Скопје соопштија дека се работи само за одложување и посочуваат дека тие ќе го одржат своето ветување и ќе донесат голема и убава улична претстава во Скопје, отворена за најширока публика, во знак на затворање на 50-годишнината од своето постоење.

Францускиот институт во Скопје ви се заблагодарува на разбирањето и уште отсега ви го најавува настанот којшто, штом се создадат услови, ќе се одржи оваа есен, соопштија од Францускиот институт во Скопје.

Претставата најпрвин требаше да се одржи на 28 јуни, но беше преместена за вечер, поради летот на гостите од Франција, кој бил одложен за денеска заради големото невреме. Сепак, уметниците ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, а причина се задоцнети и откажани летови, кои се должат на невремето што изминатиов период ја зафати Западна Европа.

The post Откажан настапот на француската театарска група „Кидам“ appeared first on Република.

]]>

Изведбата на уличното дефиле и претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) е откажана, откако уметниците од „Кидам“ ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, поради задоцнети и откажани летови. Од Францускиот институт во Скопје соопштија дека се работи само за одложување и посочуваат дека тие ќе го одржат своето ветување и ќе донесат голема и убава улична претстава во Скопје, отворена за најширока публика, во знак на затворање на 50-годишнината од своето постоење.
Францускиот институт во Скопје ви се заблагодарува на разбирањето и уште отсега ви го најавува настанот којшто, штом се создадат услови, ќе се одржи оваа есен, соопштија од Францускиот институт во Скопје.
Претставата најпрвин требаше да се одржи на 28 јуни, но беше преместена за вечер, поради летот на гостите од Франција, кој бил одложен за денеска заради големото невреме. Сепак, уметниците ниту вчеравечер не пристигнаа во Скопје, а причина се задоцнети и откажани летови, кои се должат на невремето што изминатиов период ја зафати Западна Европа.  

The post Откажан настапот на француската театарска група „Кидам“ appeared first on Република.

]]>
Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-proslavata-za-50-godishninata-na-frantsuskiot-institut-i-zatvorane-na-20-tants-fest-so-tancherskata-pretstava-mozaik-na-svetski-poznatiot-koreograf-murad-merzuki/ Wed, 15 May 2024 14:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=778279

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, oрганизираат ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе
кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата
кореографија.
Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една
креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен,
поетски и визуелен.
Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на
свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските
граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот.
Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот
кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на
неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да
изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело,
и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена. Насловот на ова дело е „Мозаик“.
Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки
од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Всушност, тој поведен од желбата ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, го овој
единствен танчерски перформанс. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско
„универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како
на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории кои не се исклучително
танцови сали.
По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во Скопје во 2017 година,
Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со „Мозаик“. Од „Кафиг“
(1996) па се до „Бојата на калинката“ (2024), Мурад Мерзуки ве поканува да ги (до)живеете
најважните моменти од неговиот танцов репертоар, кои воодушевија неколку генерации и
останаа верни фанови на неговата уметност

На настанот ќе се обратат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години. 

The post Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, oрганизираат ексклузивно гостување на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај 2024, со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме денес, кому француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворање на Олимписките игри 2024.

Во текот на изминатите триесетина години, Мурад Мерзуки вистински придонесе кон развојот на хип-хопот и го зацврсти местотот на овој танц во светот на современата кореографија. Низ бокс, циркуски точки, класична музика и воздушни танци, патувајќи од една креација кон друга, публиката е принесена во нов универзум, кој сам по себе е единствен, поетски и визуелен. Секоја танцова точка е производ на навидум неочекувани танцови средби. Секој на свој начин се движи по патеките, ги заобиколува клишеата, ги надминува естетските граници и ги открива новите перспективни на хип-хопот. Во 2022 година, откако го завршува мандатот на раководител на Националниот кореографски центар во Кретеј и Вал-де-Марн, Мерзуки предлага танцов приказ на неговата уметничка кариера, поканувајќи триесетина танчери од групата „Кафиг“ за да изведат извадоци од неговите танцови претстави, кои на ваков начин слеани во едно дело, и кои за првпат ќе бидат изведени на сцена. Насловот на ова дело е „Мозаик“. Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“, во суштина ги содржи најдобрите точки од неговиот репертоар, а во истиот Мерзуки се појавува како како содавач-алхемичар.

Всушност, тој поведен од желбата ште повеќе да ѝ се доближи на публиката, го овој единствен танчерски перформанс. Со петмина изведувачи на сцена, ова кореографско „универзално“ парче е „дизајнирано“ да му се прилагоди на било каков тип на сцена, како на затворено, така и на отворено, но и да се изведува во простории кои не се исклучително танцови сали. По огромниот успех на танцовиот перформанс „Пиксел“ во Скопје во 2017 година, Мурад Мерзуки и групата „Кафиг“ / „Käfig“ се враќаат во Скопје со „Мозаик“. Од „Кафиг“ (1996) па се до „Бојата на калинката“ (2024), Мурад Мерзуки ве поканува да ги (до)живеете најважните моменти од неговиот танцов репертоар, кои воодушевија неколку генерации и останаа верни фанови на неговата уметност На настанот ќе се обратат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, г-дин Иго Бештел, Директор на Францускиот институт во Скопје, и г-ѓа Рисима Рисимкин, Директорка на „Танц фест“.

Во фоајето на МНТ, исто така, ќе биде поставена ретроспективната изложба „50 години Француски институт во Скопје“, која го прикажува делувањето на Францускиот институт во текот на изминатите педесет години. 

The post Отворање на прославата за 50-годишнината на Францускиот институт и затворање на 20. „Танц Фест“ со танчерската претстава „Мозаик“ на светски познатиот кореограф Мурад Мерзуки appeared first on Република.

]]>
Отворање на изложбата „Носиме уметност“ во Францускиот институт во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-izlozhbata-nosime-umetnost-vo-frantsuskiot-institut-vo-skopje/ Fri, 26 Jan 2024 07:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=736967

Модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева вечер, во 18 часот, ќе биде отворена во Францускиот институт во Скопје.

Изложбата ја организираат Францускиот институт во Скопје со поддршка на Амбасадата на Шпанија.

Оддавајќи им омаж на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева која, со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека, веќе организираше модна ревија во Музејот на Град Скопје. Преку избор на дел од овие модни креации, продолжуваме со омаж на еден од најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје, чие отворање е прв културен настан во Францускиот институт за 2024 година, соопштија организаторите.

The post Отворање на изложбата „Носиме уметност“ во Францускиот институт во Скопје appeared first on Република.

]]>

Модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева вечер, во 18 часот, ќе биде отворена во Францускиот институт во Скопје. Изложбата ја организираат Францускиот институт во Скопје со поддршка на Амбасадата на Шпанија.
Оддавајќи им омаж на Пикасо и на кубизмот, Амбасадата на Шпанија го поддржа проектот на Лидија Георгиева која, со студентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека, веќе организираше модна ревија во Музејот на Град Скопје. Преку избор на дел од овие модни креации, продолжуваме со омаж на еден од најголемите сликари на дваесеттиот век со изложба во излогот на Францускиот институт во Скопје, чие отворање е прв културен настан во Францускиот институт за 2024 година, соопштија организаторите.

The post Отворање на изложбата „Носиме уметност“ во Францускиот институт во Скопје appeared first on Република.

]]>
Последна гала филмска вечер за 2023 со проекција на филмот „Повторно родена“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/posledna-gala-filmska-vecher-za-2023-so-proektsija-na-filmot-povtorno-rodena/ Thu, 14 Dec 2023 12:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=722917

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција вечер ја организираат четвртата и последна гала филмска вечер за оваа година со проекција на филмот „Повторно родена“ во 20 часот, во кино „Милениум“.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер.

Филмот е дело на режисерот Седрик Клапиш, а во главните улоги играат Марион Барбо, Хофеш Шехтер, Дени Подалидес.

Седрик Клапиш прави грандиозно враќање во филмската индустрија, снимајќи ги телата во движење со уникатна флуидност: гледачот е понесен од животната сила на една млада жена која наоѓа храброст да си даде уште една шанса, ќе напише за филмот Le Journal du Dimanche

Според Franceinfo Culture, ова е еден од најдобрите филмови на овој режисер, визуелна уметност во секој кадар.

Од овој филм се заминува со широка насмевка и ведрина во душата, ќе наведе и дневниот весник „20 Minutes“.

Француското неделно списание Télé 7 Jours, за „Повторно родена“ пишува: „телото додека се движи, дури и да боли, значи живот - ова ни го доловува овој лесен филм за човештвото“.

The post Последна гала филмска вечер за 2023 со проекција на филмот „Повторно родена“ appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција вечер ја организираат четвртата и последна гала филмска вечер за оваа година со проекција на филмот „Повторно родена“ во 20 часот, во кино „Милениум“. Настанот ќе го отвори амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер. Филмот е дело на режисерот Седрик Клапиш, а во главните улоги играат Марион Барбо, Хофеш Шехтер, Дени Подалидес. Седрик Клапиш прави грандиозно враќање во филмската индустрија, снимајќи ги телата во движење со уникатна флуидност: гледачот е понесен од животната сила на една млада жена која наоѓа храброст да си даде уште една шанса, ќе напише за филмот Le Journal du Dimanche Според Franceinfo Culture, ова е еден од најдобрите филмови на овој режисер, визуелна уметност во секој кадар. Од овој филм се заминува со широка насмевка и ведрина во душата, ќе наведе и дневниот весник „20 Minutes“. Француското неделно списание Télé 7 Jours, за „Повторно родена“ пишува: „телото додека се движи, дури и да боли, значи живот - ова ни го доловува овој лесен филм за човештвото“.  

The post Последна гала филмска вечер за 2023 со проекција на филмот „Повторно родена“ appeared first on Република.

]]>
Францускиот институт во Скопје организира 7. издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“ на тема: „Што по пандемијата?” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/francuskiot-institut-vo-skopje-organizira-7-izdanie-na-manifestacijata-nokj-na-ideite-na-tema-shto-po-pandemijata/ Wed, 16 Feb 2022 11:55:28 +0000 https://republika.mk/?p=459304

Францускиот институт во Скопје го организира седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите” 2022, в петок, 18 февруари 2022, со почеток во 19 часот, во Europe House Skopje и на Zoom.

Овогодишното издание го носи насловот „Што по пандемијата?”, а целта е да се проговори за обновата на општествата соочени со комплексните предизвици во време на пандемија.

Главните прашања на кои ќе треба да одговорат панелистите се:

Кои поуки може да се извлечат од големата пандемија што го погоди светот?
Каква визија може да се има денес за иднината?
Како да се реобмисли животот по овие долги периоди на неизвесност и затвореност?

Учесници на научната средба се:

– г-дин Пјер Касу-Ногес, француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на повеќе дела, којшто во 2016 година, исто така беше гостин на оваа манифестација,

– проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, и

– проф. д-р Емилија Јаневиќ, професорка на Факултетот за медицински науки во Штип.

Модератор на дебатата ќе биде проф. д-р Јордан Шишковски, професор на University American College Skopje (UACS).

Настанот ќе се одвива со симултан превод и ќе се одржи на следниот Zoom линк :https://us02web.zoom.us/j/85440691308 .

Куса биографија за Пјер Касу-Ногес
Пјер Касу-Ногес е француски филозоф, професор на Универзитетот Париз-VIII и автор на повеќе дела во кои се преплетуваат филозофијата, книжевноста и науката.
Касу-Ногес е роден е во Тунис во 1971 година.
Од 2001 до 2011 год., тој работи како одговорно лице на Центарот за научни истражувања на Франција (CNRS), а од 2011 год. наваму работи како професор на Универзитетот Париз-VIII.

The post Францускиот институт во Скопје организира 7. издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“ на тема: „Што по пандемијата?” appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје го организира седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите” 2022, в петок, 18 февруари 2022, со почеток во 19 часот, во Europe House Skopje и на Zoom. Овогодишното издание го носи насловот „Што по пандемијата?”, а целта е да се проговори за обновата на општествата соочени со комплексните предизвици во време на пандемија.   Главните прашања на кои ќе треба да одговорат панелистите се: Кои поуки може да се извлечат од големата пандемија што го погоди светот? Каква визија може да се има денес за иднината? Како да се реобмисли животот по овие долги периоди на неизвесност и затвореност?   Учесници на научната средба се: – г-дин Пјер Касу-Ногес, француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на повеќе дела, којшто во 2016 година, исто така беше гостин на оваа манифестација, – проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје, и – проф. д-р Емилија Јаневиќ, професорка на Факултетот за медицински науки во Штип. Модератор на дебатата ќе биде проф. д-р Јордан Шишковски, професор на University American College Skopje (UACS). Настанот ќе се одвива со симултан превод и ќе се одржи на следниот Zoom линк :https://us02web.zoom.us/j/85440691308 . Куса биографија за Пјер Касу-Ногес Пјер Касу-Ногес е француски филозоф, професор на Универзитетот Париз-VIII и автор на повеќе дела во кои се преплетуваат филозофијата, книжевноста и науката. Касу-Ногес е роден е во Тунис во 1971 година. Од 2001 до 2011 год., тој работи како одговорно лице на Центарот за научни истражувања на Франција (CNRS), а од 2011 год. наваму работи како професор на Универзитетот Париз-VIII.

The post Францускиот институт во Скопје организира 7. издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“ на тема: „Што по пандемијата?” appeared first on Република.

]]>