француски договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-dogovor/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Jul 2022 13:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png француски договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-dogovor/ 32 32 Маскиран маж, со кацига на главата во вид на овошје изведе перформанс пред Клубот на пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maskiran-maz-so-kaciga-na-glavata-vo-vid-na-ovoshje-izvede-performans-pred-klubot-na-pratenici/ Wed, 06 Jul 2022 13:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=524835

Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници каде што почна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог, чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската Унија.

Тој со кацига на главата во вид на овошје, застана со куфер покрај себе, играше на музика и ја испрати својата порака.

Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот, што веќе се познати во јавноста.

Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.

The post Маскиран маж, со кацига на главата во вид на овошје изведе перформанс пред Клубот на пратеници appeared first on Република.

]]>

Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници каде што почна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог, чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската Унија. Тој со кацига на главата во вид на овошје, застана со куфер покрај себе, играше на музика и ја испрати својата порака. Се очекува на средбата партиските претставници да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот, што веќе се познати во јавноста. Во состав на оваа група се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.

The post Маскиран маж, со кацига на главата во вид на овошје изведе перформанс пред Клубот на пратеници appeared first on Република.

]]>
Заев од Атина: Францускиот предлог можеби не е најдобар, но е добра основа за почеток на преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zaev-od-atina-francuskiot-predlog-mozebi-ne-e-najdobar-no-e-dobra-osnova-za-pochetok-na-pregovori-so-eu/ Tue, 05 Jul 2022 11:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=524184

Верувам дека овие денови Македонија и Европската Унија прават историски чекор напред. Последниот предлог на француското претседателство е добра основа за Македонија да го почне преговарачкиот процес што за сите земји започнува со меѓувладина конференција и со скрининг, порача поранешниот премиер Зоран Заев говорејќи на годинешната конференција на Економист што се одржува во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Секако, предлогот не е најдобриот, но, ние сме Балкан. Треба да го искористиме моментумот, имајќи на ум дека најважните прашања за нас, нашиот идентитет, Македонци од Македонија и нашиот македонски јазик се ставени во преговарачката рамка, јасно, како и сите други јазици и ќе стане иден официјален јазик на Европската унија, рече Заев и додаде дека треба да се земе предвид и да се искористи фактот што „ЕУ во иднина ќе биде на маса со нас и Бугарија, дури и за билатерални прашања, преку преговарачкиот процес“.

Заев истакна дека она што е важно е дека се гранатирани македонскиот идентитет и јазикот, изрази надеж дека францускиот предлог ќе добие мнозинство во Собранието, а актуелната Влада ја советуваше да покаже лидерство.

Ја советувам Владата да преземе лидерски одлуки, тоа го сторивме со мојот пријател Алексис Ципрас со потпишување на Договорот од Преспа што донесе стабилност, донесе добри пораки до Европската Унија дека овде на Балканот, на европски начин можеме да најдеме решение на многу тешки прашања, преку дипломатија и дијалог и продолжуваме да сме добар пример за Европската Унија и се надевам дека Македонија ќе продолжи и преку прифаќањето на предлогот од ЕУ и конечно после 17 години ќе почне преговори, рече Заев и додаде дека процесот ќе ги охрабри и останатите земји од регионот.

Истакна дека Македонија донесе многу тешки одлуки во изминатите неколку години. Земјата испорача мир и стабилност во регионот и во Европа, заедно со реформите во земјата, а паралелно потенцираше дека стратешкиот интерес на земјата е веднаш да започне преговори за членство со ЕУ.

На присутните на конференцијата им објасни дека ова е „драматичен момент во Македонија“, бидејќи во тек е процес на консултации на Владата со опозициските партии, со владините партии со експерти итн.

Рече дека денеска, утре или задутре Собранието ќе треба да гласа и изрази уверување дека ќе постои мнозинство, истакнувајќи дека „она што е важно е да одиме напред кон ЕУ бидејќи нема алтернатива“.

The post Заев од Атина: Францускиот предлог можеби не е најдобар, но е добра основа за почеток на преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Верувам дека овие денови Македонија и Европската Унија прават историски чекор напред. Последниот предлог на француското претседателство е добра основа за Македонија да го почне преговарачкиот процес што за сите земји започнува со меѓувладина конференција и со скрининг, порача поранешниот премиер Зоран Заев говорејќи на годинешната конференција на Економист што се одржува во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Секако, предлогот не е најдобриот, но, ние сме Балкан. Треба да го искористиме моментумот, имајќи на ум дека најважните прашања за нас, нашиот идентитет, Македонци од Македонија и нашиот македонски јазик се ставени во преговарачката рамка, јасно, како и сите други јазици и ќе стане иден официјален јазик на Европската унија, рече Заев и додаде дека треба да се земе предвид и да се искористи фактот што „ЕУ во иднина ќе биде на маса со нас и Бугарија, дури и за билатерални прашања, преку преговарачкиот процес“.
Заев истакна дека она што е важно е дека се гранатирани македонскиот идентитет и јазикот, изрази надеж дека францускиот предлог ќе добие мнозинство во Собранието, а актуелната Влада ја советуваше да покаже лидерство.
Ја советувам Владата да преземе лидерски одлуки, тоа го сторивме со мојот пријател Алексис Ципрас со потпишување на Договорот од Преспа што донесе стабилност, донесе добри пораки до Европската Унија дека овде на Балканот, на европски начин можеме да најдеме решение на многу тешки прашања, преку дипломатија и дијалог и продолжуваме да сме добар пример за Европската Унија и се надевам дека Македонија ќе продолжи и преку прифаќањето на предлогот од ЕУ и конечно после 17 години ќе почне преговори, рече Заев и додаде дека процесот ќе ги охрабри и останатите земји од регионот.
Истакна дека Македонија донесе многу тешки одлуки во изминатите неколку години. Земјата испорача мир и стабилност во регионот и во Европа, заедно со реформите во земјата, а паралелно потенцираше дека стратешкиот интерес на земјата е веднаш да започне преговори за членство со ЕУ. На присутните на конференцијата им објасни дека ова е „драматичен момент во Македонија“, бидејќи во тек е процес на консултации на Владата со опозициските партии, со владините партии со експерти итн. Рече дека денеска, утре или задутре Собранието ќе треба да гласа и изрази уверување дека ќе постои мнозинство, истакнувајќи дека „она што е важно е да одиме напред кон ЕУ бидејќи нема алтернатива“.  

The post Заев од Атина: Францускиот предлог можеби не е најдобар, но е добра основа за почеток на преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Фуере: Преговарачката рамка е затвор за Македонија, а клучот го има Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fuere-pregovarachkata-ramka-e-zatvor-za-makedonija-a-kluchot-go-ima-bugarija/ Sun, 03 Jul 2022 13:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=523086

Поранешниот специајлен претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Македонија Еврвн Фуере за ТВ 24 изјави дека ЕУ прави неевропски преседан со Македонија.

Преговарачката рамка е затвор за Македонија, а клучот го има Бугарија, изјави Фуере за ТВ24.

The post Фуере: Преговарачката рамка е затвор за Македонија, а клучот го има Бугарија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот специајлен претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Македонија Еврвн Фуере за ТВ 24 изјави дека ЕУ прави неевропски преседан со Македонија. Преговарачката рамка е затвор за Македонија, а клучот го има Бугарија, изјави Фуере за ТВ24.

The post Фуере: Преговарачката рамка е затвор за Македонија, а клучот го има Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски и Османи пред граѓанскиот сектор и експертите го објаснуваа францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-osmani-pred-gragjanskiot-sektor-i-ekspertite-go-objasnuvaa-francuskiot-predlog/ Fri, 01 Jul 2022 17:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=522294

Димитар Ковачевски, премиерот на Македонија и Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Македонија денеска се сретнаа со претставниците на граѓанскиот сектор, експерти во различни области, професори, политички аналитичари и дискутирале за францускиот предлог.

Благодарен сум што секој дава придонес во овие клучни моменти за државата со својата експертиза и богато искуство. Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Македонија, објави Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски и Османи пред граѓанскиот сектор и експертите го објаснуваа францускиот предлог appeared first on Република.

Почна расправата во бугарскиот Парламент за предлог-одлуката за Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-raspravata-vo-bugarskiot-parlament-za-predlog-odlukata-za-makedonija-i-albanija/ Fri, 24 Jun 2022 08:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=519156

Со големо мнозинство пратениците од 47. Народно собрание на Бугарија се согласија да биде ставена како прва точка на дневниот ред на Парламентот предлогот-одлуката за Македонија и Албанија за преговарачка рамка со ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

Од присутните 229 пратеници во Народното собрание, 210 гласаа за точката на дневен ред, а 11 беа против.

Тошко Јорданов од партијата ИТН на Слави Трифонов го повика бугарскиот претседател Румен Радев да ги декласифицира документите од неговиот Национален советодавен совет претходно оваа година за да се види што рекол тогаш премиерот во оставка Кирил Петков.

Според локалните медиуми во Софија, во Народното собрание на Бугарија е формирана ситуациона коалиција за прашањето со Македонија, која има 174 гласа.

Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент синоќа го усвои предлогот од претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, во врска со Република Македонија. Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС.

The post Почна расправата во бугарскиот Парламент за предлог-одлуката за Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Со големо мнозинство пратениците од 47. Народно собрание на Бугарија се согласија да биде ставена како прва точка на дневниот ред на Парламентот предлогот-одлуката за Македонија и Албанија за преговарачка рамка со ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.
Од присутните 229 пратеници во Народното собрание, 210 гласаа за точката на дневен ред, а 11 беа против. Тошко Јорданов од партијата ИТН на Слави Трифонов го повика бугарскиот претседател Румен Радев да ги декласифицира документите од неговиот Национален советодавен совет претходно оваа година за да се види што рекол тогаш премиерот во оставка Кирил Петков. Според локалните медиуми во Софија, во Народното собрание на Бугарија е формирана ситуациона коалиција за прашањето со Македонија, која има 174 гласа. Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент синоќа го усвои предлогот од претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, во врска со Република Македонија. Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС.

The post Почна расправата во бугарскиот Парламент за предлог-одлуката за Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>