француски амбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-ambasador/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 17:31:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png француски амбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuski-ambasador/ 32 32 Министерката Јаневска на работна средба со францускиот амбасадор Ле Риголер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-janevska-na-rabotna-sredba-so-frantsuskiot-ambasador-le-rigoler/ Fri, 20 Sep 2024 17:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=818296

Континуираната поддршка на Франција на нашето приближување кон европските образовни стандарди продолжува, а двете Влади ја продлабочуваат и досега одличната соработка. Ова беше нагласено на денешната работна средба на министерката за образование и наука Весна Јаневска со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, на која се разговараше за актуелните политики на министерството насочени кон подигнување на квалитетот на образованието.

Министерката Јаневска рече дека во тек е создавање на законска рамка за промена на лошите резултати на ПИСА и другите меѓународни тестирања како и постигнување на академски квалитет што ќе се одрази на пласманот на Шангајската листа. Информираше за процесот на оптимизација на училишната мрежа, за воведувањето едносменска настава и подолг престој на учениците во училиште, како и за изработката на нови наставни програми и учебници во основното и во средното образование.

Соговорниците посочија дека заеднички интерес е унапредувањето на квалитетот на билингвалната настава во франкофонски двојазични паралелки во средните училишта во државава, како и зајакнување на наставата по француски јазик во основните и средните училишта.

The post Министерката Јаневска на работна средба со францускиот амбасадор Ле Риголер appeared first on Република.

]]>

Континуираната поддршка на Франција на нашето приближување кон европските образовни стандарди продолжува, а двете Влади ја продлабочуваат и досега одличната соработка. Ова беше нагласено на денешната работна средба на министерката за образование и наука Весна Јаневска со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер, на која се разговараше за актуелните политики на министерството насочени кон подигнување на квалитетот на образованието. Министерката Јаневска рече дека во тек е создавање на законска рамка за промена на лошите резултати на ПИСА и другите меѓународни тестирања како и постигнување на академски квалитет што ќе се одрази на пласманот на Шангајската листа. Информираше за процесот на оптимизација на училишната мрежа, за воведувањето едносменска настава и подолг престој на учениците во училиште, како и за изработката на нови наставни програми и учебници во основното и во средното образование. Соговорниците посочија дека заеднички интерес е унапредувањето на квалитетот на билингвалната настава во франкофонски двојазични паралелки во средните училишта во државава, како и зајакнување на наставата по француски јазик во основните и средните училишта.

The post Министерката Јаневска на работна средба со францускиот амбасадор Ле Риголер appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова на средба со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sredba-so-frantsuskiot-ambasador-siril-bomgartner/ Tue, 04 Jun 2024 08:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=784553

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со традиционално пријателство, отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес.

На средбата се разговараше за македонските аспирации за членство во Европската Унија, како стратешки приоритет на државата. Во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова истакна дека поддршката од страна на нашите пријатели и партнери во ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за нас е високо ценета и значајна.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, преку враќање на вербата во мериторниот процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхагенските критериуми.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази надеж дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите кои се главен национален приоритет и воедно изрази очекување за подлабока соработка со Француската петта република за примена на француските искуства во развојот на демократијата.

Во контекст на владеење на правото како прв и најважен критериум од Копенхаген, Претседателката ги посочи актуелните внатрешни предизвици врзани за нарушениот уставен принцип на поделба на власта без која нема парламентарна демократија.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер appeared first on Република.