француска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuska-vecher/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 09:56:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png француска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francuska-vecher/ 32 32 Француска вечер на „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/frantsuska-vecher-na-braka-manaki/ Mon, 23 Sep 2024 09:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=818948

На 24 септември, вторник, во 21 часот, во киното „Манаки“ ќе се одржи Француска вечер вo рамките на јубилејното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“ со проекција на култниот француски филм „Чудесната судбина на Амели Пулен“, во присуство на директорот на фотографија и овогодишниот добитник на награтата Златна камера 300, Бруно Делбонел.

Воедно, во рамките на фестивалскиот проект „Копродукција помеѓу Франција и Западен Балкан“ во рамките на фестивалот, предвидени се и знајачни средби помеѓу француските продуценти и носителите на проекти од регионот, поддржани од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.

 

The post Француска вечер на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

На 24 септември, вторник, во 21 часот, во киното „Манаки“ ќе се одржи Француска вечер вo рамките на јубилејното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“ со проекција на култниот француски филм „Чудесната судбина на Амели Пулен“, во присуство на директорот на фотографија и овогодишниот добитник на награтата Златна камера 300, Бруно Делбонел. Воедно, во рамките на фестивалскиот проект „Копродукција помеѓу Франција и Западен Балкан“ во рамките на фестивалот, предвидени се и знајачни средби помеѓу француските продуценти и носителите на проекти од регионот, поддржани од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.  

The post Француска вечер на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Француска вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Софија Вајан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/frantsuska-vecher-na-ohridsko-leto-so-pijanistkata-sofija-vajan/ Fri, 16 Aug 2024 06:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=807045

Француската вечер на „Охридско лето“ на вљубениците во класичната музика ќе им понуди несекојдневно естетско доживување со концертот на уметничката на пијаното Софија Вајан.

Софија Вајан е пијанистка со богато минато. Започнува да учи пијано во класата на Женевјев Ибанез, дипломира со највисоки оценки во класата на Пјер Понтие на Конзерваториумот во Лион, и продолжува да се усовршува на високата школа за музика „Гилхол“ во Лондон каде магистрира во класата на Пол Берковиц, ученик на легендарниот Рудолф Серкин. Студиите ја водат и во центарот „Банф“ во Канада, како и на универзитетот Стони-Брук во САД.

Учествува на семинари предводени од Ѓерги Себок, Бернард Гринхаус, Жан-Клод Пенетје, Александар Волков и др. Носителка е на награди и признанија на неколку меѓународни натпревари.

Репертоарот на оваа пијанистка е широк и содржи дела од барокниот период, па сè до дела на современи композитори (со особен акцент на новата француска композиторска школа). Фасцинирана од танго музиката, таа долго настапува со оркестарот на Хуан Седрон, но и во други групи кои ја изведуваат оваа музика. Во 2013 година ги започнува докторските студии на Универзитетот во Париз „Сен Дени“ со тема посветена на музичката интерпретација на дела за пијано и електроника.

Настапува како солист и камерен музичар во „Концертгебау“ во Амстердам, во Париз, Украина, Италија, Германија, Унгарија, Венецуела и САД. Таа е и уметнички раководител на фестивал во Северна Франција, претседател е на организацијата „Жени во музиката“ и предава на Конзерваториумот „Фредерик Шопен“ во Париз.

За француската вечер резервирана е сцената на Катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. На програмата се избрани дела за пијано на К. Шуман, Моцарт, Лист, Дебиси, Рамо, Шопен.

 

The post Француска вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Софија Вајан appeared first on Република.

]]>

Француската вечер на „Охридско лето“ на вљубениците во класичната музика ќе им понуди несекојдневно естетско доживување со концертот на уметничката на пијаното Софија Вајан. Софија Вајан е пијанистка со богато минато. Започнува да учи пијано во класата на Женевјев Ибанез, дипломира со највисоки оценки во класата на Пјер Понтие на Конзерваториумот во Лион, и продолжува да се усовршува на високата школа за музика „Гилхол“ во Лондон каде магистрира во класата на Пол Берковиц, ученик на легендарниот Рудолф Серкин. Студиите ја водат и во центарот „Банф“ во Канада, како и на универзитетот Стони-Брук во САД. Учествува на семинари предводени од Ѓерги Себок, Бернард Гринхаус, Жан-Клод Пенетје, Александар Волков и др. Носителка е на награди и признанија на неколку меѓународни натпревари. Репертоарот на оваа пијанистка е широк и содржи дела од барокниот период, па сè до дела на современи композитори (со особен акцент на новата француска композиторска школа). Фасцинирана од танго музиката, таа долго настапува со оркестарот на Хуан Седрон, но и во други групи кои ја изведуваат оваа музика. Во 2013 година ги започнува докторските студии на Универзитетот во Париз „Сен Дени“ со тема посветена на музичката интерпретација на дела за пијано и електроника. Настапува како солист и камерен музичар во „Концертгебау“ во Амстердам, во Париз, Украина, Италија, Германија, Унгарија, Венецуела и САД. Таа е и уметнички раководител на фестивал во Северна Франција, претседател е на организацијата „Жени во музиката“ и предава на Конзерваториумот „Фредерик Шопен“ во Париз. За француската вечер резервирана е сцената на Катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. На програмата се избрани дела за пијано на К. Шуман, Моцарт, Лист, Дебиси, Рамо, Шопен.  

The post Француска вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Софија Вајан appeared first on Република.

]]>
Пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pijano-duoto-dezombre-lekler-vo-ramki-na-frantsuskata-vecher-na-ohridsko-leto/ Thu, 03 Aug 2023 08:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=668157

Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер.

Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада, каде студира пијано, пијано-придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот „Ноќи во замокот Бринвил“, во аудиториумот на Винсен, на отворањето на Месецот на франкофонијата во Хавана и во Амбасадата на Белгија во Куба.

Нејзина специјалност е вокалната пијано придружба, а настапува и во дуо со Уго Леклер. Дезомбре е посветена и на педагогијата и е носител на Државна диплома за педагошка работа по пијано со деца.

Леклер учел пијано со Катрин Колард пред да започне да студира на Парискиот конзерваториум каде се здобива со дипломи по пијано, музичка анализа и камерна музика. Солистичката кариера го носи во 43 земји во светот низ кои  настапува со оркестри како „Камерата“ при Берлинската филхармонија, Оркестарот на Чешкото радио, Националниот оркестар на Тајланд, солистите на Парискиот оркестар, квартетот „Талих“ и гудачкиот квинтет на Берлинската филхармонија.

Тој е член на Здружението на автори во Франција и како дел од него продуцира повеќе проекти кои за своја инспирација имаат историски настани како на пример: егзилот на Наполеон на островот Света Елена или Големата војна во кои соработува со актерот Франсис Устер, или пак Бахманија, Бетовенманија и Дебисиманија за две пијана заедно со Жан-Франсоа Цигел.

Леклер е професор по пијано на Градскиот конзерваториум во Париз, а истовремено е и уметнички раководител на Фестивалот за класична музика „Нансифонија“ во градот Нанси, како и на меѓународните академии во Париз.

На прогрмата на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот се дела на Форе, Дебиси, Равел, Леклер, Пуланк.

The post Пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер.
Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада, каде студира пијано, пијано-придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот „Ноќи во замокот Бринвил“, во аудиториумот на Винсен, на отворањето на Месецот на франкофонијата во Хавана и во Амбасадата на Белгија во Куба.
Нејзина специјалност е вокалната пијано придружба, а настапува и во дуо со Уго Леклер. Дезомбре е посветена и на педагогијата и е носител на Државна диплома за педагошка работа по пијано со деца. Леклер учел пијано со Катрин Колард пред да започне да студира на Парискиот конзерваториум каде се здобива со дипломи по пијано, музичка анализа и камерна музика. Солистичката кариера го носи во 43 земји во светот низ кои  настапува со оркестри како „Камерата“ при Берлинската филхармонија, Оркестарот на Чешкото радио, Националниот оркестар на Тајланд, солистите на Парискиот оркестар, квартетот „Талих“ и гудачкиот квинтет на Берлинската филхармонија.
Тој е член на Здружението на автори во Франција и како дел од него продуцира повеќе проекти кои за своја инспирација имаат историски настани како на пример: егзилот на Наполеон на островот Света Елена или Големата војна во кои соработува со актерот Франсис Устер, или пак Бахманија, Бетовенманија и Дебисиманија за две пијана заедно со Жан-Франсоа Цигел. Леклер е професор по пијано на Градскиот конзерваториум во Париз, а истовремено е и уметнички раководител на Фестивалот за класична музика „Нансифонија“ во градот Нанси, како и на меѓународните академии во Париз. На прогрмата на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот се дела на Форе, Дебиси, Равел, Леклер, Пуланк.

The post Пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>