франција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francija/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 09:15:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png франција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/francija/ 32 32 Француската Влада е подготвена за буџетски отстапки за да избегне финансиска „бура“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskata-vlada-e-podgotvena-za-budhetski-otstapki-za-da-izbegne-finansiska-bura/ Thu, 28 Nov 2024 09:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=842621

Француската влада е подготвена да му понуди отстапки на парламентот во врска со буџетот, рече министерот за финансии во обид да се избегне ќорсокакот што предизвикува турбуленции на пазарот и претставува ризик да ја урне владата на премиерот Мишел Барние.

„Какви и да имаме разлики во вредноста, денес се соочуваме со исклучително сериозна ситуација за земјата... очигледно сме подготвени да направиме отстапки за да ја избегнеме оваа бура“, изјави министерот за економија и финансии Антоан Арман за BFMTV.

The post Француската Влада е подготвена за буџетски отстапки за да избегне финансиска „бура“ appeared first on Република.

]]>

Француската влада е подготвена да му понуди отстапки на парламентот во врска со буџетот, рече министерот за финансии во обид да се избегне ќорсокакот што предизвикува турбуленции на пазарот и претставува ризик да ја урне владата на премиерот Мишел Барние. „Какви и да имаме разлики во вредноста, денес се соочуваме со исклучително сериозна ситуација за земјата... очигледно сме подготвени да направиме отстапки за да ја избегнеме оваа бура“, изјави министерот за економија и финансии Антоан Арман за BFMTV.

The post Француската Влада е подготвена за буџетски отстапки за да избегне финансиска „бура“ appeared first on Република.

]]>
Франција го разгледува прашањето за имунитетот на Нетанјаху согласно Римскиот статут https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-go-razgleduva-prashaneto-za-imunitetot-na-netanjahu-soglasno-rimskiot-statut/ Wed, 27 Nov 2024 11:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=842212

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го постави прашањето дали некои лидери имаат имунитет според Римскиот статут, врз основа на кој е создаден Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Изјавата на Баро беше одговор на прашање за можноста израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде задржан во Франција согласно налогот за апсење издаден од МКС.

- Франција е посветена на меѓународната правда и ќе го применува меѓународното право, кое ги обврзува да соработуваат со МКС, изјави Баро за телевизијата „Франс инфо“. Сепак, тој додаде дека статутот на Судот предвидува разгледување на прашањата за имунитет на некои лидери.

- Ова е прашање за последната инстанција да се произнесе, објасни францускиот министер за надворешни работи.

Член од Римскиот договор, со кој е основан МКС, го разгледува прашањето за имунитет на лидерите на држави кои не ја признаваат јурисдикцијата на судот, но ова останува отворено за различни толкувања.

The post Франција го разгледува прашањето за имунитетот на Нетанјаху согласно Римскиот статут appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го постави прашањето дали некои лидери имаат имунитет според Римскиот статут, врз основа на кој е создаден Меѓународниот кривичен суд (МКС). Изјавата на Баро беше одговор на прашање за можноста израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде задржан во Франција согласно налогот за апсење издаден од МКС. - Франција е посветена на меѓународната правда и ќе го применува меѓународното право, кое ги обврзува да соработуваат со МКС, изјави Баро за телевизијата „Франс инфо“. Сепак, тој додаде дека статутот на Судот предвидува разгледување на прашањата за имунитет на некои лидери. - Ова е прашање за последната инстанција да се произнесе, објасни францускиот министер за надворешни работи. Член од Римскиот договор, со кој е основан МКС, го разгледува прашањето за имунитет на лидерите на држави кои не ја признаваат јурисдикцијата на судот, но ова останува отворено за различни толкувања.

The post Франција го разгледува прашањето за имунитетот на Нетанјаху согласно Римскиот статут appeared first on Република.

]]>
Лажна вест или вистина: „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lazhna-vest-ili-vistina-figaro-ja-povleche-vesta-deka-frantsija-i-velika-britanija-i-dozvolile-na-ukraina-da-napadne-dlaboko-na-teritorijata-na-rusija/ Mon, 18 Nov 2024 11:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=839119

Францускиот весник „Фигаро“ денеска ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија.

Фигаро во неделата навечер на својот портал објави дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да изврши напади на руска територија со помош на нивните ракети со долг дострел „Скалп“ и „Сторм шедоу“, меѓутоа, во истиот текст, кој е ажуриран двапати од утрово, нема таква информација, односно се наведува само информацијата дека САД дозволиле да се користат нивните ракети со долг дострел.

Во ажурираниот текст се објаснува за какви ракети станува збор. Според „Њујорк Тајмс“, западни агенции и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобриле на Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел ATAЦMС за да напаѓа длабоко во руска територија. Таа одлука беше критикувана од администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со оценка дека Бајден сака да ескалира конфликти.

The post Лажна вест или вистина: „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија appeared first on Република.

]]>

Францускиот весник „Фигаро“ денеска ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија. Фигаро во неделата навечер на својот портал објави дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да изврши напади на руска територија со помош на нивните ракети со долг дострел „Скалп“ и „Сторм шедоу“, меѓутоа, во истиот текст, кој е ажуриран двапати од утрово, нема таква информација, односно се наведува само информацијата дека САД дозволиле да се користат нивните ракети со долг дострел. Во ажурираниот текст се објаснува за какви ракети станува збор. Според „Њујорк Тајмс“, западни агенции и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобриле на Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел ATAЦMС за да напаѓа длабоко во руска територија. Таа одлука беше критикувана од администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со оценка дека Бајден сака да ескалира конфликти.

The post Лажна вест или вистина: „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија appeared first on Република.

]]>
Во Франција запленети 1,2 милиони евра, уапсени 15 осомничени за трговија со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-frantsija-zapleneti-1-2-milioni-evra-uapseni-15-osomnicheni-za-trgovija-so-droga/ Sat, 09 Nov 2024 14:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=835883

Обвинителството во Марсеј денеска потврди дека Одделот за борба против наркотици запленил 1,2 милиони евра скриени во комбе и оти по повеќемесечна истрага уапсени се 15 лица.

Полицијата постапила во рамки на истрагата за перење пари заработени од трговија со дрога, која обвинителството ја покрена во 2023 година.

Во рамките на таа истрага, во септември 2023 година веќе беа запленети 43 килограми кокаин и 50.550 евра, а против три лица беа покренати обвиненија.

Истражителите откриле „активен и профитабилен систем за собирање пари од трговија со дрога“.

Потврдено е дека неколку пати неделно во возила со специјално направени скриени прегради се вршеле трансфери на торби со неколку стотици илјади евра готовина.

The post Во Франција запленети 1,2 милиони евра, уапсени 15 осомничени за трговија со дрога appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Марсеј денеска потврди дека Одделот за борба против наркотици запленил 1,2 милиони евра скриени во комбе и оти по повеќемесечна истрага уапсени се 15 лица. Полицијата постапила во рамки на истрагата за перење пари заработени од трговија со дрога, која обвинителството ја покрена во 2023 година. Во рамките на таа истрага, во септември 2023 година веќе беа запленети 43 килограми кокаин и 50.550 евра, а против три лица беа покренати обвиненија. Истражителите откриле „активен и профитабилен систем за собирање пари од трговија со дрога“. Потврдено е дека неколку пати неделно во возила со специјално направени скриени прегради се вршеле трансфери на торби со неколку стотици илјади евра готовина.

The post Во Франција запленети 1,2 милиони евра, уапсени 15 осомничени за трговија со дрога appeared first on Република.

]]>
Од Елисејската палата порачаа: Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-elisejskata-palata-porachaa-frantsija-ke-ja-poddrzhi-makedonija-na-nejziniot-evrointegrativen-pat/ Fri, 08 Nov 2024 14:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=835638

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, но во согласност со меѓународно преземените обврски – ова е пораката која како што е објавено од Елисејската палата, францускиот претседател Емануел Макрон ја пренел на премиерот Мицкоски на состанокот кој двајцата го имаа на маргините на самитот на Европската политичка заедница. Покрај за европските интеграции на земјава, во кусото соопштение како што е наведено, Мицкоски и Макрон разговарале и за продлабочување на односите меѓу двете земји, особено во однос на економската соработка.

За време на средбата, двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. Претседателот на Републиката во тој контекст ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Македонија во оваа насока, во согласност со нејзините меѓународни обврски. – стои во соопштението објавено од Елисејската палата.

Премиерот Христијан Мицкоски пак, по состанокот со Макрон во Будимпешта и учеството на Европската политичка заедница порача дека е оптимист за деблокада на македонските евроинтеграции.

Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме. А тоа е, успешна, европска приказна, а местото наше е во рамките на ЕУ. После овој состанок на ЕПЗ тука во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде - истакна Претседателот на Владата.

Средбата според вицепремиерот Николоски е силна порака за земјава, особено како што вели, Макрон во моментов има највисока поддршка од сите земји-членки во Унијата.

Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиеорт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија - изјави денеска Александар Николоски, Вицепремиер и министер за транспорт.

The post Од Елисејската палата порачаа: Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат appeared first on Република.

]]>

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, но во согласност со меѓународно преземените обврски – ова е пораката која како што е објавено од Елисејската палата, францускиот претседател Емануел Макрон ја пренел на премиерот Мицкоски на состанокот кој двајцата го имаа на маргините на самитот на Европската политичка заедница. Покрај за европските интеграции на земјава, во кусото соопштение како што е наведено, Мицкоски и Макрон разговарале и за продлабочување на односите меѓу двете земји, особено во однос на економската соработка. За време на средбата, двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. Претседателот на Републиката во тој контекст ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Македонија во оваа насока, во согласност со нејзините меѓународни обврски. – стои во соопштението објавено од Елисејската палата. Премиерот Христијан Мицкоски пак, по состанокот со Макрон во Будимпешта и учеството на Европската политичка заедница порача дека е оптимист за деблокада на македонските евроинтеграции. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме. А тоа е, успешна, европска приказна, а местото наше е во рамките на ЕУ. После овој состанок на ЕПЗ тука во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде - истакна Претседателот на Владата. Средбата според вицепремиерот Николоски е силна порака за земјава, особено како што вели, Макрон во моментов има највисока поддршка од сите земји-членки во Унијата. Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиеорт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија - изјави денеска Александар Николоски, Вицепремиер и министер за транспорт.

The post Од Елисејската палата порачаа: Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат appeared first on Република.

]]>
Масовно пукање во Франција во кое учествувале стотици луѓе, пет лица се тешко повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/masovno-pukane-vo-frantsija-vo-koe-uchestvuvale-stotitsi-luge-pet-litsa-se-teshko-povredeni/ Fri, 01 Nov 2024 11:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=833070

Масовно пукање поврзано со шверц на дрога во западна Франција остави пет лица тешко повредени, меѓу кои и еден тинејџер, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретало, пренесува Гардијан.

Престрелката избувна во текот на ноќта пред ресторан во Поатје, изјави Ретаљо за радиото BFMTV/RMC во петокот.

– Она што започна како пукање во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во која учествуваа неколку стотици луѓе. 15-годишното момче е во многу тешка состојба, рече министерот.

Тој предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што е хоспитализирано уште едно петгодишно дете, застрелано во саботата во уште уште еден судир на банди поврзани со дрога.

 

The post Масовно пукање во Франција во кое учествувале стотици луѓе, пет лица се тешко повредени appeared first on Република.

]]>

Масовно пукање поврзано со шверц на дрога во западна Франција остави пет лица тешко повредени, меѓу кои и еден тинејџер, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретало, пренесува Гардијан.

Престрелката избувна во текот на ноќта пред ресторан во Поатје, изјави Ретаљо за радиото BFMTV/RMC во петокот.

– Она што започна како пукање во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во која учествуваа неколку стотици луѓе. 15-годишното момче е во многу тешка состојба, рече министерот.

Тој предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што е хоспитализирано уште едно петгодишно дете, застрелано во саботата во уште уште еден судир на банди поврзани со дрога.

 

The post Масовно пукање во Франција во кое учествувале стотици луѓе, пет лица се тешко повредени appeared first on Република.

]]>
Oва се Србите од Франција кои украдоа бебе од инкубатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-se-srbite-od-frantsija-koi-ukradoa-bebe-od-inkubator/ Fri, 25 Oct 2024 13:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=830965

Француските истражители најавија дека ќе заминат во Србија поради можноста осомничената мајка со српско потекло Кристина Н.(25), која заедно со партнерот Кевин Д.(23) и го киднапирале детето од болницата во Франција.

Инспекторите кои деноноќно трагаат по сопружниците од Србија, се со цел да го спасат животот на новороденчето, успеале да ги реконструираат движењата на бегалците со бебето, поради што постои реален сомнеж дека тие се упатиле кон Србија. Како што изјавиле, успеале да откријат дека сопружниците прво заминале од Франција во Белгија.

Белгиската полиција забележала автомобил „ауди“ со француски регистарски таблички, а поради сомневање дека е возилото на исчезнатата двојка, полицијата го запленила автомобилот за анализа. Споредувајќи ги регистарските таблички од издадената потерница, утврдено е дека се работи за возилото на сопружниците. Освен тоа, истражителите дошле во хотелот каде родителите престојувале со бебето за време на нивниот престој во Белгија, но кога пристигнала полицијата, ниту таму не биле пронајдени - пишуваат француските медиуми.

Пет лица блиски на ова семејство се во притвор во Франција под сомнение дека им помогнале да избегаат. Според француските медиуми, двајцата уапсени би можеле да одговараат за киднапирање малолетници со оглед на тоа што заедно со бараната двојка и бебето заминале во Белгија.

https://republika.mk/vesti/balkan/srbi-od-frantsija-si-go-kidnapirale-deteto-dodeka-bilo-vo-inkubator/

Двојката и нивното бебе исчезнаа доцна во ноќта на 21 октомври, кога, како што се сомневаат, го киднапирале своето предвремено родено дете од родилиштето „Роберт-Балонг“ во населбата Ални-со-Боа.

The post Oва се Србите од Франција кои украдоа бебе од инкубатор appeared first on Република.

]]>

Француските истражители најавија дека ќе заминат во Србија поради можноста осомничената мајка со српско потекло Кристина Н.(25), која заедно со партнерот Кевин Д.(23) и го киднапирале детето од болницата во Франција. Инспекторите кои деноноќно трагаат по сопружниците од Србија, се со цел да го спасат животот на новороденчето, успеале да ги реконструираат движењата на бегалците со бебето, поради што постои реален сомнеж дека тие се упатиле кон Србија. Како што изјавиле, успеале да откријат дека сопружниците прво заминале од Франција во Белгија.
Белгиската полиција забележала автомобил „ауди“ со француски регистарски таблички, а поради сомневање дека е возилото на исчезнатата двојка, полицијата го запленила автомобилот за анализа. Споредувајќи ги регистарските таблички од издадената потерница, утврдено е дека се работи за возилото на сопружниците. Освен тоа, истражителите дошле во хотелот каде родителите престојувале со бебето за време на нивниот престој во Белгија, но кога пристигнала полицијата, ниту таму не биле пронајдени - пишуваат француските медиуми.
Пет лица блиски на ова семејство се во притвор во Франција под сомнение дека им помогнале да избегаат. Според француските медиуми, двајцата уапсени би можеле да одговараат за киднапирање малолетници со оглед на тоа што заедно со бараната двојка и бебето заминале во Белгија. https://republika.mk/vesti/balkan/srbi-od-frantsija-si-go-kidnapirale-deteto-dodeka-bilo-vo-inkubator/ Двојката и нивното бебе исчезнаа доцна во ноќта на 21 октомври, кога, како што се сомневаат, го киднапирале своето предвремено родено дете од родилиштето „Роберт-Балонг“ во населбата Ални-со-Боа.

The post Oва се Србите од Франција кои украдоа бебе од инкубатор appeared first on Република.

]]>
По Германија и оваа европска земја ги заострува контролите на границите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-germanija-i-ovaa-evropska-zemja-gi-zaostruva-kontrolite-na-granitsite/ Fri, 25 Oct 2024 09:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=830835

Туристите во Франција би можеле да се соочат со хаос откако земјата стана најновата членка на ЕУ која ги заостри граничните контроли на Шенген.

Имено, Франција почна да ги следи чекорите на уште шест други членки на ЕУ, како Германија, кои воведоа слични контроли, а причината за нив е загриженоста поради растечките миграции, пишува Дејли мејл.

Француската влада соопшти дека проверките ќе бидат воведени поради „сериозните закани за јавната политика, јавниот ред и внатрешната безбедност што ги предизвикуваат терористичките активности на високо ниво“. Посочуваат дека новата регулатива нема да влијае на сите патници и дека ќе се вршат проверки на граница.

Сепак, туристичките експерти предупредуваат дека околу 100 милиони туристи кои ја посетуваат Франција секоја година може да се соочат со потенцијални одложувања на границата.

The post По Германија и оваа европска земја ги заострува контролите на границите appeared first on Република.

]]>

Туристите во Франција би можеле да се соочат со хаос откако земјата стана најновата членка на ЕУ која ги заостри граничните контроли на Шенген. Имено, Франција почна да ги следи чекорите на уште шест други членки на ЕУ, како Германија, кои воведоа слични контроли, а причината за нив е загриженоста поради растечките миграции, пишува Дејли мејл. Француската влада соопшти дека проверките ќе бидат воведени поради „сериозните закани за јавната политика, јавниот ред и внатрешната безбедност што ги предизвикуваат терористичките активности на високо ниво“. Посочуваат дека новата регулатива нема да влијае на сите патници и дека ќе се вршат проверки на граница. Сепак, туристичките експерти предупредуваат дека околу 100 милиони туристи кои ја посетуваат Франција секоја година може да се соочат со потенцијални одложувања на границата.

The post По Германија и оваа европска земја ги заострува контролите на границите appeared first on Република.

]]>
Портокалово предупредување по силното невреме во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/portokalovo-predupreduvane-po-silnoto-nevreme-vo-frantsija/ Fri, 18 Oct 2024 11:35:37 +0000 https://republika.mk/?p=828486

Огромни поплави предизвикаа сериозна штета во делови од југоисточниот регион на Франција по повеќедневни дождови. Метео Франс издаде црвено предупредување за шест делови јужно од Лион, но денеска предупредување е намалено на портокалово, што укажува дека нивото на водата повторно ќе се намалува.

На одредени места во регионот Ардеш паднаа до 700 милиметри дожд за 48 часа. Тоа е повеќе од годишната количина на врнежи во Париз, изјави министерката за животна средина Агнес Паније-Рунашер за БФМ ТВ.

Француските медиуми прикажуваа автомобили, сообраќајни знаци и животни кои беа однесени од поплавата. ссм

The post Портокалово предупредување по силното невреме во Франција appeared first on Република.

]]>

Огромни поплави предизвикаа сериозна штета во делови од југоисточниот регион на Франција по повеќедневни дождови. Метео Франс издаде црвено предупредување за шест делови јужно од Лион, но денеска предупредување е намалено на портокалово, што укажува дека нивото на водата повторно ќе се намалува. На одредени места во регионот Ардеш паднаа до 700 милиметри дожд за 48 часа. Тоа е повеќе од годишната количина на врнежи во Париз, изјави министерката за животна средина Агнес Паније-Рунашер за БФМ ТВ. Француските медиуми прикажуваа автомобили, сообраќајни знаци и животни кои беа однесени од поплавата. ссм

The post Портокалово предупредување по силното невреме во Франција appeared first on Република.

]]>
Франција ќе го зголеми воениот буџет за три милијарди евра, помалку пари ќе добијат министерствата за труд и за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-ke-go-zgolemi-voeniot-budhet-za-tri-milijardi-evra-pomalku-pari-ke-dobijat-ministerstvata-za-trud-i-za-obrazovanie/ Thu, 17 Oct 2024 18:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=828178

Воениот буџет на Франција во 2025 година ќе се зголеми за повеќе од 3 милијарди евра, на 50,5 милијарди, и покрај севкупното значително намалување на буџетските расходи, покажува презентираниот проект-буџет.

Во 2030 година, пак, буџетот на француското Министерство за одбрана треба да порасне на 67,4 милијарди (од 32 милијарди во 2017 година, кога Макрон дојде на власт).

Шефот на Министерството за одбрана ја нарекува 2025 година одлучувачка година во однос на повторното вооружување: воздухопловните сили треба да добијат 14 авиони „Рафал“ и 12 ажурирани „Мираж 2000-Д“, морнарицата - брод за снабдување, копнените сили - 4 патролни летала, 308 оклопни возила и 8 илјади митралези, 16 милијарди ќе бидат наменети за производство на муниција, армијата ќе добие противвоздушни ракети „Мистрал“, „Мика“ и „Астер“, противтенковски ракети со краток дострел, како и крстосувачки ракети „Скалп“, од кои десетици се испратени во Украина, а се планира набавка и на тешки торпеда.

Истовремено, буџетот на Министерството за труд е намален за 2,3 милијарди, а средства ќе загуби и Министерството за образование каде што ќе бидат отпуштени четири илјади наставници, а намалени се и средства за регионите.

The post Франција ќе го зголеми воениот буџет за три милијарди евра, помалку пари ќе добијат министерствата за труд и за образование appeared first on Република.

]]>

Воениот буџет на Франција во 2025 година ќе се зголеми за повеќе од 3 милијарди евра, на 50,5 милијарди, и покрај севкупното значително намалување на буџетските расходи, покажува презентираниот проект-буџет. Во 2030 година, пак, буџетот на француското Министерство за одбрана треба да порасне на 67,4 милијарди (од 32 милијарди во 2017 година, кога Макрон дојде на власт). Шефот на Министерството за одбрана ја нарекува 2025 година одлучувачка година во однос на повторното вооружување: воздухопловните сили треба да добијат 14 авиони „Рафал“ и 12 ажурирани „Мираж 2000-Д“, морнарицата - брод за снабдување, копнените сили - 4 патролни летала, 308 оклопни возила и 8 илјади митралези, 16 милијарди ќе бидат наменети за производство на муниција, армијата ќе добие противвоздушни ракети „Мистрал“, „Мика“ и „Астер“, противтенковски ракети со краток дострел, како и крстосувачки ракети „Скалп“, од кои десетици се испратени во Украина, а се планира набавка и на тешки торпеда. Истовремено, буџетот на Министерството за труд е намален за 2,3 милијарди, а средства ќе загуби и Министерството за образование каде што ќе бидат отпуштени четири илјади наставници, а намалени се и средства за регионите.

The post Франција ќе го зголеми воениот буџет за три милијарди евра, помалку пари ќе добијат министерствата за труд и за образование appeared first on Република.

]]>
Франција најави испораки на нови дронови-камикази на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-najavi-isporaki-na-novi-dronovi-kamikazi-na-ukraina/ Wed, 16 Oct 2024 10:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=827576

Франција денеска најави дека во следните неколку недели ќе организира испорака на нови дронови-камикази на Украина.

Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, денеска на мрежата Х објави дека успешно е тестирана првата француска ракета со далечинско управување, наречена и дрон-камиказа.

„Испораките за Украина и нашите сили ќе започнат во наредните недели“, напиша тој.

Министерот додаде дека Франција го совладала тој сегмент од клучно значење за француската армија и тоа за помалку од две години.

Објавата вклучува и видео од пробното лансирање и експлозија на дронот.

Лекорну претходно изјави дека француската воена помош за Украина ќе надмине две милијарди евра во 2024 година и дека ловците ветени на Киев ќе бидат испорачани во првиот квартал на 2025 година, пренесуваат руските медиуми.

Авионите ќе бидат опремени со ново оружје воздух-земја, рече тогаш Лекорни и потсети дека Франција продолжува да ги обучува украинските пилоти и механичари.

The post Франција најави испораки на нови дронови-камикази на Украина appeared first on Република.

]]>

Франција денеска најави дека во следните неколку недели ќе организира испорака на нови дронови-камикази на Украина. Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, денеска на мрежата Х објави дека успешно е тестирана првата француска ракета со далечинско управување, наречена и дрон-камиказа. „Испораките за Украина и нашите сили ќе започнат во наредните недели“, напиша тој. Министерот додаде дека Франција го совладала тој сегмент од клучно значење за француската армија и тоа за помалку од две години. Објавата вклучува и видео од пробното лансирање и експлозија на дронот. Лекорну претходно изјави дека француската воена помош за Украина ќе надмине две милијарди евра во 2024 година и дека ловците ветени на Киев ќе бидат испорачани во првиот квартал на 2025 година, пренесуваат руските медиуми. Авионите ќе бидат опремени со ново оружје воздух-земја, рече тогаш Лекорни и потсети дека Франција продолжува да ги обучува украинските пилоти и механичари.

The post Франција најави испораки на нови дронови-камикази на Украина appeared first on Република.

]]>
Момче во Марсеј прободено 50 пати со нож и живo запаленo https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/momche-vo-marsej-probodeno-50-pati-so-nozh-i-zhivo-zapaleno/ Sun, 06 Oct 2024 11:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=823426

Еден 15-годишен тинејџер бил „прободен 50 пати со нож“ и „жив запален“ во средата во Марсеј, јужна Франција, изјави денеска градскиот обвинител Николас Бесон, цитиран од француските медиуми.

Обвинителот на специјално свикана прес-конференција го опиша делото како „невидено сурово“ и исто така ја потенцира возраста на жртвата и сторителите на насилството.

The post Момче во Марсеј прободено 50 пати со нож и живo запаленo appeared first on Република.

]]>

Еден 15-годишен тинејџер бил „прободен 50 пати со нож“ и „жив запален“ во средата во Марсеј, јужна Франција, изјави денеска градскиот обвинител Николас Бесон, цитиран од француските медиуми. Обвинителот на специјално свикана прес-конференција го опиша делото како „невидено сурово“ и исто така ја потенцира возраста на жртвата и сторителите на насилството.

The post Момче во Марсеј прободено 50 пати со нож и живo запаленo appeared first on Република.

]]>
Франција ќе биде домаќин на хуманитарна конференција за Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-ke-bide-domakin-na-humanitarna-konferentsija-za-liban/ Sun, 06 Oct 2024 09:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=823376

Франција во текот на овој месец ќе биде домаќин на меѓународна конференција чија цел е да овозможи собирање хуманитарна помош за Либан и да придонесе за зајакнување на безбедноста во јужниот дел на земјата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Во следните неколку недели ќе одржиме конференција насочена кон олеснување на хуманитарната помош, поддршка на меѓународната заедница и давање поддршка на либанските вооружени сили за зајакнување на безбедноста таму, особено во јужен Либан, рече Макрон по состанокот на претставниците на франкофонијата – земји во кои се говори францускиот јазик- што се одржа во Париз.

Во последните две недели Израел почна со интензивни бомбардирања на Либан и изврши инвазија во јужниот дел од оваа земја, по речиси една година конфликт со либанската група Хезболах.

Борбите претходно беа главно ограничени на израелско-либанската погранична област и се одвиваа паралелно со едногодишната инвазија на Израел во Газа.

https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-povikot-na-makron-da-se-vovede-embargo-na-oruzhje-za-izrael-e-sramen/

The post Франција ќе биде домаќин на хуманитарна конференција за Либан appeared first on Република.

]]>

Франција во текот на овој месец ќе биде домаќин на меѓународна конференција чија цел е да овозможи собирање хуманитарна помош за Либан и да придонесе за зајакнување на безбедноста во јужниот дел на земјата, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Во следните неколку недели ќе одржиме конференција насочена кон олеснување на хуманитарната помош, поддршка на меѓународната заедница и давање поддршка на либанските вооружени сили за зајакнување на безбедноста таму, особено во јужен Либан, рече Макрон по состанокот на претставниците на франкофонијата – земји во кои се говори францускиот јазик- што се одржа во Париз.
Во последните две недели Израел почна со интензивни бомбардирања на Либан и изврши инвазија во јужниот дел од оваа земја, по речиси една година конфликт со либанската група Хезболах. Борбите претходно беа главно ограничени на израелско-либанската погранична област и се одвиваа паралелно со едногодишната инвазија на Израел во Газа. https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-povikot-na-makron-da-se-vovede-embargo-na-oruzhje-za-izrael-e-sramen/

The post Франција ќе биде домаќин на хуманитарна конференција за Либан appeared first on Република.

]]>
Француската левица поднесе гласање за недоверба на владата на премиерот Барние https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskata-levitsa-podnese-glasane-za-nedoverba-na-vladata-na-premierot-barnie/ Fri, 04 Oct 2024 20:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=822882

Францускиот Нов народен фронт денеска побара гласање недоверба на владата на премиерот Мишел Барние. Сепак, иницијативата на левата коалиција има мали шанси за успех. За да успее во тоа, таа треба да биде поддржана од екстремната десница - нешто што е малку веројатно, јавија француските медиуми.

Претседателот Емануел Макрон го назначи Барние за премиер минатиот месец, откако предвремените летни избори доведоа до фрагментиран парламент. Иако левичарската коалиција освои најмногу гласови, не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство.

Кабинетот е пред тешката задача да добие одобрение од парламентот за државниот буџет, кој предвидува помал дефицит.

Постоењето на оваа влада во нејзиниот состав и во нејзината насока е негација на резултатот од последните парламентарни избори“, се вели во предлогот за гласање недоверба.

Левичарските пратеници рекоа дека Макрон требало да назначи премиер од нивните редови и истакнаа дека буџетот за следната финансиска година ќе биде „најекономичен во изминатите 25 години“.

The post Француската левица поднесе гласање за недоверба на владата на премиерот Барние appeared first on Република.

]]>

Францускиот Нов народен фронт денеска побара гласање недоверба на владата на премиерот Мишел Барние. Сепак, иницијативата на левата коалиција има мали шанси за успех. За да успее во тоа, таа треба да биде поддржана од екстремната десница - нешто што е малку веројатно, јавија француските медиуми. Претседателот Емануел Макрон го назначи Барние за премиер минатиот месец, откако предвремените летни избори доведоа до фрагментиран парламент. Иако левичарската коалиција освои најмногу гласови, не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство. Кабинетот е пред тешката задача да добие одобрение од парламентот за државниот буџет, кој предвидува помал дефицит.
Постоењето на оваа влада во нејзиниот состав и во нејзината насока е негација на резултатот од последните парламентарни избори“, се вели во предлогот за гласање недоверба.
Левичарските пратеници рекоа дека Макрон требало да назначи премиер од нивните редови и истакнаа дека буџетот за следната финансиска година ќе биде „најекономичен во изминатите 25 години“.

The post Француската левица поднесе гласање за недоверба на владата на премиерот Барние appeared first on Република.

]]>
Франција бара од Израел да ги прекине нападите врз Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-bara-od-izrael-da-gi-prekine-napadite-vrz-liban/ Sun, 29 Sep 2024 10:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=820698

Франција на 29 септември побара од Израел веднаш да прекине со нападите врз Либан. Во соопштението на француското министерство за надворешни работи е наведено дека се противи на секаква копнена операција во таа земја.

Се повикуваат други фактори, посебно (исламистичкото либанско движење) Хезболах и Иран да се воздржат од секаква акција која може да доведе до дополнителна дестабилизација и ширење на конфликтот во регионот, се вели во соопштението на француското министерството за надворешни работи.

Хезболах се смета за терористичка организација од САД, иако Европската унија го стави само на црната листа вооруженото крило, не и политичката партија.

Израелската војска минатиот понеделник почна со кампања за бомбардирање на цели на Хезболах во Либан, по една година размена на оган преку границата меѓу јужен Либан и северен Израел, што предизвика населението во северен Израел да избега на југ за да се засолни.

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала е убиен вчера во воздушен напад во близина на Бејрут.

„Безбедноста и заштитата на цивилите во Либан, како и во Израел треба да бидат гарантирани“, соопштено е во Париз, но името на Насрала не беше спомнато.

Либанската ескалација доаѓа кога израелската војна во Газа се приближува на една година од нејзиниот почеток. На 7 октомври лани милитатнтаната група Хамас, која е означена како терористичка од САД и ЕУ, започна прекуграничен напад во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе во Израел, од кои многумина цивили.

The post Франција бара од Израел да ги прекине нападите врз Либан appeared first on Република.

]]>

Франција на 29 септември побара од Израел веднаш да прекине со нападите врз Либан. Во соопштението на француското министерство за надворешни работи е наведено дека се противи на секаква копнена операција во таа земја. Се повикуваат други фактори, посебно (исламистичкото либанско движење) Хезболах и Иран да се воздржат од секаква акција која може да доведе до дополнителна дестабилизација и ширење на конфликтот во регионот, се вели во соопштението на француското министерството за надворешни работи. Хезболах се смета за терористичка организација од САД, иако Европската унија го стави само на црната листа вооруженото крило, не и политичката партија. Израелската војска минатиот понеделник почна со кампања за бомбардирање на цели на Хезболах во Либан, по една година размена на оган преку границата меѓу јужен Либан и северен Израел, што предизвика населението во северен Израел да избега на југ за да се засолни. Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала е убиен вчера во воздушен напад во близина на Бејрут. „Безбедноста и заштитата на цивилите во Либан, како и во Израел треба да бидат гарантирани“, соопштено е во Париз, но името на Насрала не беше спомнато. Либанската ескалација доаѓа кога израелската војна во Газа се приближува на една година од нејзиниот почеток. На 7 октомври лани милитатнтаната група Хамас, која е означена како терористичка од САД и ЕУ, започна прекуграничен напад во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе во Израел, од кои многумина цивили.

The post Франција бара од Израел да ги прекине нападите врз Либан appeared first on Република.

]]>
Франција има нова влада по неколкунеделна политичка неизвесност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-ima-nova-vlada-po-nekolkunedelna-politichka-neizvesnost/ Sat, 21 Sep 2024 20:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=818597

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена од премиерот Мишел Барние, соопшти неговиот кабинет, обележана со поместување надесно 11 недели по неубедливите парламентарни избори.

Првата голема задача за Барние, назначен пред нешто повеќе од две недели, ќе биде да поднесе буџетски план за 2025 година кој се однесува на финансиската состојба на Франција, што премиерот оваа недела го нарече „многу сериозна“.

Антоан Арман ќе биде министер за финансии, а Жан-Ноел Баро ќе биде министер за надворешни работи во новата влада.

The post Франција има нова влада по неколкунеделна политичка неизвесност appeared first on Република.

]]>

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена од премиерот Мишел Барние, соопшти неговиот кабинет, обележана со поместување надесно 11 недели по неубедливите парламентарни избори. Првата голема задача за Барние, назначен пред нешто повеќе од две недели, ќе биде да поднесе буџетски план за 2025 година кој се однесува на финансиската состојба на Франција, што премиерот оваа недела го нарече „многу сериозна“. Антоан Арман ќе биде министер за финансии, а Жан-Ноел Баро ќе биде министер за надворешни работи во новата влада.

The post Франција има нова влада по неколкунеделна политичка неизвесност appeared first on Република.

]]>
Претставувањето на новата француска Влада се одлага до утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretstavuvaneto-na-novata-frantsuska-vlada-se-odlaga-do-utre/ Fri, 20 Sep 2024 14:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=818212

Владата на новиот француски премиер, Мишел Барние, ќе биде претставена утре, а не денеска како што беше најавено, соопшти владата во Париз.

Француските медиуми пренесуваат дека како причина за одложената промоција на новата влада се наведува дека се уште се договараат „конечните детали“.

Две недели по назначувањето и по многу тешките консултации, конзервативниот поранешен еврокомесар Мишел Барние синоќа на претседателот Емануел Макрон му го претстави составот на својата идна влада на десниот центар.

На предвремените парламентарни избори пред нешто повеќе од два месеци, левичарскиот сојуз изненадувачки го зазеде првото место пред центристичките сили на Макрон и екстремно десничарските националисти од Национален собир, предводени од Марин Ле Пен, за кои се предвидуваше дека ќе го заземат првото место.

Ниту еден блок не освои апсолутно мнозинство и ниту една партија, дури и со партнери, не успеа да формира владејачко мнозинство.

The post Претставувањето на новата француска Влада се одлага до утре appeared first on Република.

]]>

Владата на новиот француски премиер, Мишел Барние, ќе биде претставена утре, а не денеска како што беше најавено, соопшти владата во Париз. Француските медиуми пренесуваат дека како причина за одложената промоција на новата влада се наведува дека се уште се договараат „конечните детали“. Две недели по назначувањето и по многу тешките консултации, конзервативниот поранешен еврокомесар Мишел Барние синоќа на претседателот Емануел Макрон му го претстави составот на својата идна влада на десниот центар. На предвремените парламентарни избори пред нешто повеќе од два месеци, левичарскиот сојуз изненадувачки го зазеде првото место пред центристичките сили на Макрон и екстремно десничарските националисти од Национален собир, предводени од Марин Ле Пен, за кои се предвидуваше дека ќе го заземат првото место. Ниту еден блок не освои апсолутно мнозинство и ниту една партија, дури и со партнери, не успеа да формира владејачко мнозинство.

The post Претставувањето на новата француска Влада се одлага до утре appeared first on Република.

]]>
Во Франција митинзи за поддршка на Жизел Пелико и жртвите на силување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-frantsija-mitinzi-za-poddrshka-na-zhizel-peliko-i-zhrtvite-na-siluvane/ Sat, 14 Sep 2024 17:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=816391

Стотици демонстранти од кои повеќето жени денеска ширум Франција и изразија поддршка на 72-годишната Жизел Пелико, чиј сопруг е обвинет дека 10 години ја дрогирал и повикувал мажи да ја силуваат.

Феминистичките здруженија организираа околу 30 митинзи во повеќе француски градови. На Плоштадот на Републиката беа истакнати транспаренти на кои пишуваше „Поддршка за Жизел“ и „Жртви, Ви веруваме“.

Доминик Пелико (71) е обвинет за повеќекратно силување и повикување непознати мажи преку интернет да ја силуваат неговата сопруга, додека таа била под дејство на силна дрога. Тој ги снимал силувањата. Злосторствата биле извршени во домот на сопружниците во Авињон и траеле речиси 10 години. Тој неделава требаше да даде исказ во судот, но рочиштето беше одложено поради здравствени проблеми.

Полицијата успеала да идентификува само 50 осомничени од 83 мажи кои се појавуваат на видеата на Доминк Пеликот. Тие се на возраст од 26 до 68 години, а меѓу нив има и пожарникари, фармацевти, работници и новинари. Голем број од нив имаат сопруги и деца. Само 15 од нив признале силување, додека другите тврдат дека учествувале во сексуални дејствија. Дел од насилниците изјавиле дека мислеле оти жената се преправала дека спие.

Доминик Пелико се изјаснил за виновен. На секој од обвинетите му се заканува затворска казна до 20 години.

Жизел Пелико дозволи судскиот процес да биде отворен за јавноста, но побара кога ќе бидат емитувани снимките од силувањата нејзините деца да можат да ја напуштат судницата. Нејзиниот правен тим изјави дека целта на отвореното судење за јавноста ќе биде „да се врати срамот на обвинетите“.

Селин Пикес од феминистичката организација „Осмели се со феминизам“ (Osez le Féminisme) се надева дека поради тоа што обвинетите се со различни професии судскиот процес ќе има траен ефект.

- Го уништува митот за силувачот дека е психопат … силувале затоа што биле сигурни дека нема да бидат казнети, посочи Пикес.

Таа додаде дека треба да се истакне оти и многу други мажи знаеле и ништо не направиле.

- Ниту еден од нив никогаш не крена телефон и да го запре ова злоупотребување. Ниту еден човек не помислил да ја извести полицијата, истакна Пикес.

The post Во Франција митинзи за поддршка на Жизел Пелико и жртвите на силување appeared first on Република.

]]>

Стотици демонстранти од кои повеќето жени денеска ширум Франција и изразија поддршка на 72-годишната Жизел Пелико, чиј сопруг е обвинет дека 10 години ја дрогирал и повикувал мажи да ја силуваат. Феминистичките здруженија организираа околу 30 митинзи во повеќе француски градови. На Плоштадот на Републиката беа истакнати транспаренти на кои пишуваше „Поддршка за Жизел“ и „Жртви, Ви веруваме“. Доминик Пелико (71) е обвинет за повеќекратно силување и повикување непознати мажи преку интернет да ја силуваат неговата сопруга, додека таа била под дејство на силна дрога. Тој ги снимал силувањата. Злосторствата биле извршени во домот на сопружниците во Авињон и траеле речиси 10 години. Тој неделава требаше да даде исказ во судот, но рочиштето беше одложено поради здравствени проблеми. Полицијата успеала да идентификува само 50 осомничени од 83 мажи кои се појавуваат на видеата на Доминк Пеликот. Тие се на возраст од 26 до 68 години, а меѓу нив има и пожарникари, фармацевти, работници и новинари. Голем број од нив имаат сопруги и деца. Само 15 од нив признале силување, додека другите тврдат дека учествувале во сексуални дејствија. Дел од насилниците изјавиле дека мислеле оти жената се преправала дека спие. Доминик Пелико се изјаснил за виновен. На секој од обвинетите му се заканува затворска казна до 20 години. Жизел Пелико дозволи судскиот процес да биде отворен за јавноста, но побара кога ќе бидат емитувани снимките од силувањата нејзините деца да можат да ја напуштат судницата. Нејзиниот правен тим изјави дека целта на отвореното судење за јавноста ќе биде „да се врати срамот на обвинетите“. Селин Пикес од феминистичката организација „Осмели се со феминизам“ (Osez le Féminisme) се надева дека поради тоа што обвинетите се со различни професии судскиот процес ќе има траен ефект.
- Го уништува митот за силувачот дека е психопат … силувале затоа што биле сигурни дека нема да бидат казнети, посочи Пикес.
Таа додаде дека треба да се истакне оти и многу други мажи знаеле и ништо не направиле.
- Ниту еден од нив никогаш не крена телефон и да го запре ова злоупотребување. Ниту еден човек не помислил да ја извести полицијата, истакна Пикес.

The post Во Франција митинзи за поддршка на Жизел Пелико и жртвите на силување appeared first on Република.

]]>
Француската полиција спречила три терористички напади за време на Олимписките игри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskata-politsija-sprechila-tri-teroristichki-napadi-za-vreme-na-olimpiskite-igri/ Sat, 14 Sep 2024 10:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=816288

Француските власти спречиле три терористички напади на Олимписките и на Параолимписките игри во Париз и во ругите градови домаќини, изјави обвинителот за антитероризам на земјата, Оливие Кристен.

Кристен откри дека еден од нападите бил насочен кон „израелските институции или израелските претставници во Париз“, додавајќи дека израелските спортисти не биле директна цел на напад.

Вкупно пет лица, меѓу кои и малолетник, се приведени поради сомнение дека се вмешани во три спречени заговори. Осомничените се соочуваат со обвиненија поврзани со тероризам и сè уште се во истражен притвор додека не биде целосно затворена истрагата.

Во интервју за „Франчеинфо“, Кристен откри дека во мај било приведено 18-годишен момче од Чеченија, под сомнение дека стои зад планот за напад на олимписките фудбалски натпреварувања што се одржуваа во „Сент Етјен“.

Франција ангажираше околу 18.000 француски војници и околу 35.000 полицајци во текот на ОИ и на ПОИ.

Ја зајакна својата воздушна одбрана, распоредувајќи борбени авиони, нападни хеликоптери, авиони за надзор, воени и полициски беспилотни летала за следење на небото над Париз и над Марсеј.

Превентивните мерки вклучуваа зголемени претреси на куќи и куќни апсења пред почетокот на ОИ, рече обвинителот, додавајќи дека полицијата и другиот безбедносен персонал досега извршиле 936 претреси на куќи во 2024 година, наспроти 153 минатата година.

Француските воздушни сили летаа повеќе од 750 часа во 350 мисии што резултираа со 90 пресретнувања, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Повеќето од пресретнатите биле цивилни дронови, додавајќи дека биле уапсени 85 оператори на дронови. Тоа биле, главно, туристи, кои не биле запознаени со прописите што важеле во текот на Олимписките и на Параолимписките игри, се наведува во соопштението.

The post Француската полиција спречила три терористички напади за време на Олимписките игри appeared first on Република.

]]>

Француските власти спречиле три терористички напади на Олимписките и на Параолимписките игри во Париз и во ругите градови домаќини, изјави обвинителот за антитероризам на земјата, Оливие Кристен. Кристен откри дека еден од нападите бил насочен кон „израелските институции или израелските претставници во Париз“, додавајќи дека израелските спортисти не биле директна цел на напад. Вкупно пет лица, меѓу кои и малолетник, се приведени поради сомнение дека се вмешани во три спречени заговори. Осомничените се соочуваат со обвиненија поврзани со тероризам и сè уште се во истражен притвор додека не биде целосно затворена истрагата. Во интервју за „Франчеинфо“, Кристен откри дека во мај било приведено 18-годишен момче од Чеченија, под сомнение дека стои зад планот за напад на олимписките фудбалски натпреварувања што се одржуваа во „Сент Етјен“. Франција ангажираше околу 18.000 француски војници и околу 35.000 полицајци во текот на ОИ и на ПОИ. Ја зајакна својата воздушна одбрана, распоредувајќи борбени авиони, нападни хеликоптери, авиони за надзор, воени и полициски беспилотни летала за следење на небото над Париз и над Марсеј. Превентивните мерки вклучуваа зголемени претреси на куќи и куќни апсења пред почетокот на ОИ, рече обвинителот, додавајќи дека полицијата и другиот безбедносен персонал досега извршиле 936 претреси на куќи во 2024 година, наспроти 153 минатата година. Француските воздушни сили летаа повеќе од 750 часа во 350 мисии што резултираа со 90 пресретнувања, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Повеќето од пресретнатите биле цивилни дронови, додавајќи дека биле уапсени 85 оператори на дронови. Тоа биле, главно, туристи, кои не биле запознаени со прописите што важеле во текот на Олимписките и на Параолимписките игри, се наведува во соопштението.

The post Француската полиција спречила три терористички напади за време на Олимписките игри appeared first on Република.

]]>
Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-13-chlena-na-frantsusko-holandska-banda-koi-krevale-vo-vozduh-bankomati-niz-evropa/ Sun, 08 Sep 2024 19:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=814496

француско-холандска криминална банда која ограбувала низ Европ е уапсена од страна на француската полиција во Стразбур. Како што објавија француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра. Според француската телевизија BFM бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија.

Осомничените биле на возраст меѓу 25 и 30 години, а според NL Times, полицијата ја следела групата неколку месеци. ЖФранцуските медиуми пишуваат дека бандата оперирала околу 12 пати во Германија и најмалку пет пати во Швајцарија пред да ги префрли своите операции во Франција. Во јули два банкомати биле кренати во воздух во Стразбур и околината.

Полицијата ги поврзала нападите на банкоматите со начинот на дејствување на бандата, при што сторителите секој пат по грабежите брзо се оддалечувале. Се наведува дека најголемиот дел од пленот дошол од Германија, каде што 13 осомничени кревале во воздух најмногу банкомати.

Тоа е затоа што банкоматите чуваат големи суми, бидејќи готовината сè уште е главниот начин на плаќање во Германија.

Холандските медиуми пак пишуваат дека благодарение на заедничката истрага на француската, германската и швајцарската полиција, уапсена е озлогласена меѓународна банда,.

Членовите на бандата најдоцна во вторник ќе бидат изведени пред судија во Нанси. Таму ќе се одлучува дали ќе им биде продолжен притворот.

The post Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа appeared first on Република.

]]>

француско-холандска криминална банда која ограбувала низ Европ е уапсена од страна на француската полиција во Стразбур. Како што објавија француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра. Според француската телевизија BFM бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија. Осомничените биле на возраст меѓу 25 и 30 години, а според NL Times, полицијата ја следела групата неколку месеци. ЖФранцуските медиуми пишуваат дека бандата оперирала околу 12 пати во Германија и најмалку пет пати во Швајцарија пред да ги префрли своите операции во Франција. Во јули два банкомати биле кренати во воздух во Стразбур и околината. Полицијата ги поврзала нападите на банкоматите со начинот на дејствување на бандата, при што сторителите секој пат по грабежите брзо се оддалечувале. Се наведува дека најголемиот дел од пленот дошол од Германија, каде што 13 осомничени кревале во воздух најмногу банкомати. Тоа е затоа што банкоматите чуваат големи суми, бидејќи готовината сè уште е главниот начин на плаќање во Германија. Холандските медиуми пак пишуваат дека благодарение на заедничката истрага на француската, германската и швајцарската полиција, уапсена е озлогласена меѓународна банда,. Членовите на бандата најдоцна во вторник ќе бидат изведени пред судија во Нанси. Таму ќе се одлучува дали ќе им биде продолжен притворот.

The post Уапсени 13 члена на француско-холандска банда, кои кревале во воздух банкомати низ Европа appeared first on Република.

]]>