фракција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fraktsija/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jul 2023 14:12:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фракција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fraktsija/ 32 32 Фракција на ДУИ: Внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fraktsija-na-dui-vnatrepartiskite-izbori-vo-dui-se-nestatutarni-i-organizirani-so-diktat/ Sun, 02 Jul 2023 14:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=657461

Фракцијата на ДУИ информира дека внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат.

Иако покриени со маската на внатрешни избори со висока демократија односно 1 член 1 глас, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека овој процес е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време. Следствено, ова што се случува денес, дека наводно некој гласа е само евтин театар за дефокусирање на јавноста.

Овој процес никако не може да биде демократски бидејќи од почетокот беше исклучувачки, што значи дека активистите кои не мислат дека треба да гласаат како во комунизмот, по диктат, беа оневозможени да се регистрираат, иако се основачи, активни и заслужни за победите на Демократската Унија за Интеграција од 2002 година.

Потсетуваме дека слични процеси како овие, диригирани и диктирани од горе, се одржани и во Полошкиот регион, но резултатот е дека ДУИ излегува губитник и го губи приматот меѓу албанските политички партии, како што е случајот со Огранокот во Тетово, се вели во реакцијата на фракцијата на ДУИ.

The post Фракција на ДУИ: Внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат appeared first on Република.

]]>

Фракцијата на ДУИ информира дека внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат.
Иако покриени со маската на внатрешни избори со висока демократија односно 1 член 1 глас, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека овој процес е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време. Следствено, ова што се случува денес, дека наводно некој гласа е само евтин театар за дефокусирање на јавноста. Овој процес никако не може да биде демократски бидејќи од почетокот беше исклучувачки, што значи дека активистите кои не мислат дека треба да гласаат како во комунизмот, по диктат, беа оневозможени да се регистрираат, иако се основачи, активни и заслужни за победите на Демократската Унија за Интеграција од 2002 година. Потсетуваме дека слични процеси како овие, диригирани и диктирани од горе, се одржани и во Полошкиот регион, но резултатот е дека ДУИ излегува губитник и го губи приматот меѓу албанските политички партии, како што е случајот со Огранокот во Тетово, се вели во реакцијата на фракцијата на ДУИ.
 
The post Фракција на ДУИ: Внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат appeared first on Република.

]]>
Соопштение на Фракцијата на ДУИ: Не се „самоисклучивме“, туку го напуштивме состанокот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soopshtenie-na-fraktsijata-na-dui-ne-se-samoiskluchivme-tuku-go-napushtivme-sostanokot/ Sat, 20 May 2023 18:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=643075

Почитувани граѓани, сопартијци, активисти и гласачи на Демократската унија за интеграција,

Со длабока огорченост и разочараност од медиумите дознавме за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ, чиј епилог беше манипулација со јавноста преку игра на зборови, и затоа со потполна одговорноста ја информираме јавноста дека:

1. Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут,

2. На бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата,

3. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско.

4. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури.

Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут.

Остануваме стоички во нашите убедувања дека ДУИ треба да има одговорност за своето потекло, историја, демократски вредности и обединувачки дух, вредности кои ја одржаа како апсолутен победник во сите избори во последните две децении.

Како фракција ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржат и да ја доведат до апсолутна победа,  политичката формација ОВК, именувана како Демократска Унија за Интеграција.

Фракција на Демократската унија за интеграција

The post Соопштение на Фракцијата на ДУИ: Не се „самоисклучивме“, туку го напуштивме состанокот appeared first on Република.

]]>

Почитувани граѓани, сопартијци, активисти и гласачи на Демократската унија за интеграција, Со длабока огорченост и разочараност од медиумите дознавме за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ, чиј епилог беше манипулација со јавноста преку игра на зборови, и затоа со потполна одговорноста ја информираме јавноста дека: 1. Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут, 2. На бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата, 3. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско. 4. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури. Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут. Остануваме стоички во нашите убедувања дека ДУИ треба да има одговорност за своето потекло, историја, демократски вредности и обединувачки дух, вредности кои ја одржаа како апсолутен победник во сите избори во последните две децении. Како фракција ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржат и да ја доведат до апсолутна победа,  политичката формација ОВК, именувана како Демократска Унија за Интеграција. Фракција на Демократската унија за интеграција

The post Соопштение на Фракцијата на ДУИ: Не се „самоисклучивме“, туку го напуштивме состанокот appeared first on Република.

]]>
Меџити: И официјално сме фракција на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-i-ofitsijalno-sme-fraktsija-na-dui/ Thu, 06 Apr 2023 11:09:15 +0000 https://republika.mk/?p=627927

Незадоволните од ДУИ од денеска и официјално ќе функционира како фракција на ДУИ, ова членовите на таа група го соопштија на денешната прес-конференција.

Денеска стоиме пред вас како фракција на ДУИ и наша обврска е да бидеме неспорен глас на сите Албанци и тој глас нема да го замолчи никој, беше потенцирано на прес-конференцијата.

Во ДУИ како што потенцираа постојат двојни стандарди за дебата и одлучување.

Нашиот предлог за гласање за доверба на министрите во власта беше одбиен. Органите на ДУИ не функционираат според статутот, партиските органи не постојат. Политичките одлуки се прават исклучиво од страна на министрите на ДУИ“ велат незадоволните од ДУИ.

Целта, со фракцијата како што појаснуваат е да се добие битката внатре во ДУИ, затоа што досега како што истакна Меџити се позитивно прифатени од страна на граѓаните.

На прашањето за оспорувањето на фракцијата од страна на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Меџити рече дека ДУИ промовира европски вредности и затоа смета дека нивната фракција не треба да се оспорува.

Сега е моментот да има фракција и не знам од кои причини Ахмети рече дека нема да го дозволи тоа. Фракциите се европски вредности и тие тоа го промовираат, рече Меџити.

The post Меџити: И официјално сме фракција на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Незадоволните од ДУИ од денеска и официјално ќе функционира како фракција на ДУИ, ова членовите на таа група го соопштија на денешната прес-конференција.
Денеска стоиме пред вас како фракција на ДУИ и наша обврска е да бидеме неспорен глас на сите Албанци и тој глас нема да го замолчи никој, беше потенцирано на прес-конференцијата.
Во ДУИ како што потенцираа постојат двојни стандарди за дебата и одлучување.
Нашиот предлог за гласање за доверба на министрите во власта беше одбиен. Органите на ДУИ не функционираат според статутот, партиските органи не постојат. Политичките одлуки се прават исклучиво од страна на министрите на ДУИ“ велат незадоволните од ДУИ.
Целта, со фракцијата како што појаснуваат е да се добие битката внатре во ДУИ, затоа што досега како што истакна Меџити се позитивно прифатени од страна на граѓаните. На прашањето за оспорувањето на фракцијата од страна на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Меџити рече дека ДУИ промовира европски вредности и затоа смета дека нивната фракција не треба да се оспорува.
Сега е моментот да има фракција и не знам од кои причини Ахмети рече дека нема да го дозволи тоа. Фракциите се европски вредности и тие тоа го промовираат, рече Меџити.

The post Меџити: И официјално сме фракција на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Незадоволните во ДУИ демантираат дека ќе преминат во Движењето Беса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezadovolnite-vo-dui-demantiraat-deka-ke-preminat-vo-dvizheneto-besa/ Tue, 04 Apr 2023 20:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=627296

Незадоволните во ДУИ, кои во јавноста се познати како „Огнена група“, а кои од минатата сабота функционираат како фракција во партијата, ги демантираат шпекулациите дека ќе преминат во Движењето Беса, информираа вечерва.

Посочуваат дека веста оти ќе се приклучат кон Беса, која ја објавија дел од македонските медиуми, е невистина, притоа најавувајќи дека во наредниот период ќе се интензивира „борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на Демократската унија за интеграција“.

- На Огнената група на која и даваат поддршка една третина од гласачите на ДУИ не и е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ, се посочува во соопштението.

Дел од медиумите, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека т.н. „Огнената група“ од ДУИ ќе стане дел од Беса, за што во тек биле разговори и средби. Според истите информации, од Беса поставиле услов „Огнената група“ на ДУИ право да се трансформира во политичка партија, па потоа да им се придружи.

The post Незадоволните во ДУИ демантираат дека ќе преминат во Движењето Беса appeared first on Република.