фотоволтаични системи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fotovoltaichni-sistemi/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 15:44:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фотоволтаични системи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fotovoltaichni-sistemi/ 32 32 МОН: 50тина училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-50tina-uchilishta-vo-makedonija-ke-dobijat-solarni-fotovoltaichni-sistemi/ Mon, 07 Oct 2024 15:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=823911

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра, информираат од МОН.

Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава.

На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието.

Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина, стои во соопштението на ресорното министерство.

The post МОН: 50тина училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра, информираат од МОН. Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава. На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието. Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина, стои во соопштението на ресорното министерство.

The post МОН: 50тина училишта во Македонија ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Со европски грант 25 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-so-evropski-grant-25-uchilishta-ke-dobijat-solarni-fotovoltaichni-sistemi/ Wed, 11 Jan 2023 10:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=595744

Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа.

Ги реализираме заложбите за подобри услови за учење како и создавање здрава животна средина. Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија. Овие средства ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата - изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири по одобрувањето на грантот.

Училиштата опфатени со новиот проект, претходно беа реконструирани со заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Подигнувањето на свеста за енергетските прашања и климатските промени кај учениците е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Препознавањето на потребите за зелена транзиција е интегрирано во образовниот систем. Обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми следеа 121 наставник. Целта е во текот на образовниот процес учениците да развијат компетенции, да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за заштита на животната средина и транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество.

The post Шаќири: Со европски грант 25 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа.
Ги реализираме заложбите за подобри услови за учење како и создавање здрава животна средина. Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија. Овие средства ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата - изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири по одобрувањето на грантот.
Училиштата опфатени со новиот проект, претходно беа реконструирани со заем од Банката за развој при Советот на Европа. Подигнувањето на свеста за енергетските прашања и климатските промени кај учениците е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Препознавањето на потребите за зелена транзиција е интегрирано во образовниот систем. Обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми следеа 121 наставник. Целта е во текот на образовниот процес учениците да развијат компетенции, да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за заштита на животната средина и транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество.

The post Шаќири: Со европски грант 25 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>