фотонапонски централи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fotonaponski-centrali/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Mar 2023 09:11:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фотонапонски централи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fotonaponski-centrali/ 32 32 РКЕ: Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-vo-prvite-dva-mesetsi-od-godinava-vo-drzhavata-ima-novi-88-fotonaponski-elektrotsentrali/ Sat, 04 Mar 2023 09:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=615781

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Од РКЕ денеска информираат дека доколку кумулативно се анализираат бројките, од кога се регистрира тренд на зголемен интерес за инвестиции во обновливи извори, за само 14 месеци Комисијата има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава.

Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци, од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој додава дека со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

The post РКЕ: Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали appeared first on Република.

]]>

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Од РКЕ денеска информираат дека доколку кумулативно се анализираат бројките, од кога се регистрира тренд на зголемен интерес за инвестиции во обновливи извори, за само 14 месеци Комисијата има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава.
Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци, од 1 јануари 2022 до 28 февруари 2023, во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија, изјави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Тој додава дека со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран.

The post РКЕ: Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Лидери сме во регионот во енергетска трансформација, може да станеме енергетски зелен центар на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-lideri-sme-vo-regionot-vo-energetska-transformacija-moze-da-staneme-energetski-zelen-centar-na-evropa/ Sat, 19 Nov 2022 21:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=575971

Лидери сме во регионот во енергетска трансформација. Можеме да станеме енергетски зелен центар на Европа, порача вечерва од Охрид на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-За 10 месеци, само во овој краток период од мојот мандат, имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи. Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години. За 10 месеци направивме повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ. Факт. Мерлив. Споредлив. Чист и јасен. Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ ги наведе инвестициите во енергетските проекти и трансформацијата која што е во тек.

-Една од новите енергетски проекти за трансформација е електраната во Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати. Веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со инсталиран капацитет од 100 мегавати на истото место. Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Се гради и во следниот период во употреба ќе се стават и најголемите 25 мегавати од ветерници во Свети Николе, рече Ковачевски.
Само денеска во охридско-струшкиот регион посетив две успешни компании како пример за енергетска транзиција и обезбедување струја од македонското сонце, додаде Ковачевски.

-Иднина во производството на електрична енергија ја гледам и на тоа интензивно работам токму во обновливите извори на енергија а резултатите се веќе видливи. Тоа е мојата енергетска визија, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце! Рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлуично кон иднината во Охрид.

The post Ковачевски: Лидери сме во регионот во енергетска трансформација, може да станеме енергетски зелен центар на Европа appeared first on Република.

]]>

Лидери сме во регионот во енергетска трансформација. Можеме да станеме енергетски зелен центар на Европа, порача вечерва од Охрид на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-За 10 месеци, само во овој краток период од мојот мандат, имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи. Колку за споредба, тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години. За 10 месеци направивме повеќе отколку за 11 години ВМРО-ДПМНЕ. Факт. Мерлив. Споредлив. Чист и јасен. Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ ги наведе инвестициите во енергетските проекти и трансформацијата која што е во тек.
-Една од новите енергетски проекти за трансформација е електраната во Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати. Веќе се градат и фотонапонски централи по пат на Јавно приватно партнерство со инсталиран капацитет од 100 мегавати на истото место. Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“). Се гради и во следниот период во употреба ќе се стават и најголемите 25 мегавати од ветерници во Свети Николе, рече Ковачевски. Само денеска во охридско-струшкиот регион посетив две успешни компании како пример за енергетска транзиција и обезбедување струја од македонското сонце, додаде Ковачевски.