фотографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fotografija/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 08:05:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фотографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fotografija/ 32 32 Џуд Белингем ја прослави титулата со соиграчите, а потоа ја фотографираше мајка си со Мурињо https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dhud-belingem-ja-proslavi-titulata-so-soigrachite-a-potoa-ja-fotografirashe-majka-si-so-murino/ Sun, 02 Jun 2024 09:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=784037

Невообичаено интересна сцена по финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Лондон.

Еден од најдобрите актери на финалето на Вембли, 20-годишниот Џуд Белингем по мечот најпрвин ја прослави титулата со соиграчите, потоа ја сподели радоста со братот и мајка си, а потоа отиде директно кај Жозе Мурињо и побара од него услуга:

„Го замолив Жозе Мурињо да се слика со мајка ми, таа е негова обожавателка со години“, изјави младиот фудбалер за англиските медиуми.

The post Џуд Белингем ја прослави титулата со соиграчите, а потоа ја фотографираше мајка си со Мурињо appeared first on Република.

]]>

Невообичаено интересна сцена по финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Лондон. Еден од најдобрите актери на финалето на Вембли, 20-годишниот Џуд Белингем по мечот најпрвин ја прослави титулата со соиграчите, потоа ја сподели радоста со братот и мајка си, а потоа отиде директно кај Жозе Мурињо и побара од него услуга: „Го замолив Жозе Мурињо да се слика со мајка ми, таа е негова обожавателка со години“, изјави младиот фудбалер за англиските медиуми.

The post Џуд Белингем ја прослави титулата со соиграчите, а потоа ја фотографираше мајка си со Мурињо appeared first on Република.

]]>
Принцезата Кејт се извини за објавената фотографија со децата за Денот на мајката https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/printsezata-kejt-se-izvini-za-objavenata-fotografija-so-detsata-za-denot-na-majkata/ Mon, 11 Mar 2024 13:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=753663

Откако неколку меѓународни новинарски агенции ја повлекоа фотографијата на принцезата Кејт од Велс и нејзините деца поради загриженост дека таа е монтирана, на оваа тема се огласила и таа извинувајќи се, како што вели, за забуната што ја предизвикала.

Во објава на социјалната мрежа Иск, принцезата Кејт признава дека направила измени на фотографијата, нешто што го дозволува и самата апликација на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа таа се извинила за забуната што ја предизвикала објавувајќи ја семејната фотографија.

Како и многумина аматери фотографи, понекогаш експериментирам со можноста за измена и обработка на фотографии. Се извинувам за каква било забуна со фотографијата која вчера ја објавивме. Се надевам дека сите го прославивте Денот на мајката, напиша таа на Икс.

Фотографијата беше објавена на официјалниот инстаграм-профил насловен како принцот и принцезата од Велс на која се гледа како принцезата Кејт насмеана седи на столче и е опкружена со своите три деца, принцот Џорџ кој стои зад неа, а принцезата Шарлот и принцот Луис кои стојат од нејзината лева и десна страна.

Ова беше прва официјално објавена слика на принцезата откако таа во јануари годинава беше подложена на операција на абдоменот. Изминатите неколку недели во јавноста, особено во Англија, имаше и интензивни шпекулации поврзани со нејзиното здравје.

Неколку новински агенции ја повлекле претходно објавената фотографија со образложение дека се работи за манипулација, пренесува „Индепендет“.

Новинските агенции побарале од клиентите да ја повлечат фотографијата од сите платформи. Асошиејтед прес објавил дека фотографијата на Кеј и нејзините деца е повлечена од порталот и истовремено тоа го бара од сите претплатници кои ја презеле веста и фотографијата.

Оттаму велат дека забележале неконзистентност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот.

The post Принцезата Кејт се извини за објавената фотографија со децата за Денот на мајката appeared first on Република.

]]>

Откако неколку меѓународни новинарски агенции ја повлекоа фотографијата на принцезата Кејт од Велс и нејзините деца поради загриженост дека таа е монтирана, на оваа тема се огласила и таа извинувајќи се, како што вели, за забуната што ја предизвикала. Во објава на социјалната мрежа Иск, принцезата Кејт признава дека направила измени на фотографијата, нешто што го дозволува и самата апликација на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа таа се извинила за забуната што ја предизвикала објавувајќи ја семејната фотографија.
Како и многумина аматери фотографи, понекогаш експериментирам со можноста за измена и обработка на фотографии. Се извинувам за каква било забуна со фотографијата која вчера ја објавивме. Се надевам дека сите го прославивте Денот на мајката, напиша таа на Икс.
Фотографијата беше објавена на официјалниот инстаграм-профил насловен како принцот и принцезата од Велс на која се гледа како принцезата Кејт насмеана седи на столче и е опкружена со своите три деца, принцот Џорџ кој стои зад неа, а принцезата Шарлот и принцот Луис кои стојат од нејзината лева и десна страна. Ова беше прва официјално објавена слика на принцезата откако таа во јануари годинава беше подложена на операција на абдоменот. Изминатите неколку недели во јавноста, особено во Англија, имаше и интензивни шпекулации поврзани со нејзиното здравје. Неколку новински агенции ја повлекле претходно објавената фотографија со образложение дека се работи за манипулација, пренесува „Индепендет“. Новинските агенции побарале од клиентите да ја повлечат фотографијата од сите платформи. Асошиејтед прес објавил дека фотографијата на Кеј и нејзините деца е повлечена од порталот и истовремено тоа го бара од сите претплатници кои ја презеле веста и фотографијата. Оттаму велат дека забележале неконзистентност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот.  

The post Принцезата Кејт се извини за објавената фотографија со децата за Денот на мајката appeared first on Република.

]]>
Изложба „Жените и фотографијата 2024” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-zhenite-i-fotografijata-2024/ Wed, 06 Mar 2024 09:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=751782

На 7 март (четврток), со почеток во 19:00 часот во НУКЦ Трајко Прокопиев во Куманово ќе биде отворена традиционалната изложба “Жените и фотографијата”.

На изложбата ќе бидат претставени 50-тина фотографии од женскaта фотографска фела во Република Македонија.

Се надеваме дека ќе го задоволиме вкусот и на најпребирливите и ќе бидеме почестени со вашето присуство, се вели во објавата на организаторот на овој настан Фото клубот Куманово.

The post Изложба „Жените и фотографијата 2024” appeared first on Република.

]]>

На 7 март (четврток), со почеток во 19:00 часот во НУКЦ Трајко Прокопиев во Куманово ќе биде отворена традиционалната изложба “Жените и фотографијата”.
На изложбата ќе бидат претставени 50-тина фотографии од женскaта фотографска фела во Република Македонија.   Се надеваме дека ќе го задоволиме вкусот и на најпребирливите и ќе бидеме почестени со вашето присуство, се вели во објавата на организаторот на овој настан Фото клубот Куманово.

The post Изложба „Жените и фотографијата 2024” appeared first on Република.

]]>
Работилница за фотографија со Љубомир Стефанов, еден од режисерите на „Медена земја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnitsa-za-fotografija-so-lubomir-stefanov-eden-od-rezhiserite-na-medena-zemja/ Wed, 25 Oct 2023 10:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=694846

Во сабота на 28 октомври 2023 година во Инфо Центарот на Националниот Парк Пелистер, со почеток од 11 часот, ќе се одржи работилница за фотографија насловена како „Пелистер низ објективот“ со познатиот фотограф Љубомир Стефанов, еден од режисерите и ко авторите на Медена Земја.

Дали ја сакате планинската фотографија?
Дали сакате да ги усовршите своите вештини за да ја доловите величествената убавина на врвовите и долините? Или едноставно сакате да разменети искуства…Еве можност што не треба да ја пропуштите!

Еднодневната работилница е бесплатна, прилагодена за љубителите на фотографијата како вас. Нурнете длабоко во светот на планинската фотографија со нашиот проект, Are You Ready for Pelister?

Познатиот фотограф Љубомир Стефанов, еден од режисерите и ко авторите на Медена Земја, чии дела инспирираа многумина, ќе биде ваш ментор за тој ден. За оние кои не знаат, сакаме да споделиме дека Љубомир е личност кој својата професионална кариера ја има започнато работејќи повеќе години на Пелистер како фотограф, па оттука и нашата иницијатива тој да биде ментор на оваа средба. Шанса да зборуваме за нијансите, техниките и перспективите за да ја доловиме душата на планинината како никогаш досега, стои во објавата од организаторот на оваа работилница.

Бројот на места е ограничен, а предност ќе имаат битолските фотографи со минимум две години искуство.

The post Работилница за фотографија со Љубомир Стефанов, еден од режисерите на „Медена земја“ appeared first on Република.

]]>

Во сабота на 28 октомври 2023 година во Инфо Центарот на Националниот Парк Пелистер, со почеток од 11 часот, ќе се одржи работилница за фотографија насловена како „Пелистер низ објективот“ со познатиот фотограф Љубомир Стефанов, еден од режисерите и ко авторите на Медена Земја. Дали ја сакате планинската фотографија? Дали сакате да ги усовршите своите вештини за да ја доловите величествената убавина на врвовите и долините? Или едноставно сакате да разменети искуства…Еве можност што не треба да ја пропуштите! Еднодневната работилница е бесплатна, прилагодена за љубителите на фотографијата како вас. Нурнете длабоко во светот на планинската фотографија со нашиот проект, Are You Ready for Pelister?
Познатиот фотограф Љубомир Стефанов, еден од режисерите и ко авторите на Медена Земја, чии дела инспирираа многумина, ќе биде ваш ментор за тој ден. За оние кои не знаат, сакаме да споделиме дека Љубомир е личност кој својата професионална кариера ја има започнато работејќи повеќе години на Пелистер како фотограф, па оттука и нашата иницијатива тој да биде ментор на оваа средба. Шанса да зборуваме за нијансите, техниките и перспективите за да ја доловиме душата на планинината како никогаш досега, стои во објавата од организаторот на оваа работилница.
Бројот на места е ограничен, а предност ќе имаат битолските фотографи со минимум две години искуство.  

The post Работилница за фотографија со Љубомир Стефанов, еден од режисерите на „Медена земја“ appeared first on Република.

]]>
Заедничката фотографија од средбата во Тирана без Дачиќ поради знамето на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaednichkata-fotografija-od-sredbata-vo-tirana-bez-dachik-poradi-znameto-na-kosovo/ Fri, 06 Oct 2023 19:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=688695

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска одби да се фотографира со останатите учесници на министерскиот состанок на Берлинскиот процес во Тирана, пренесе Бета.

Еуроњуз Албанија (Euronews.al) јави дека Дачиќ го нема на заедничката фотографија поради косовското знаме, кое како и другите знамиња беше во позадина, зад учесниците на состанокот, меѓу кои беа шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Македонија, германската министерка Аналена Бербок и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји.

На денешната средба, покрај министрите од регионот, Бербок и Вархеји, учествуваа и претставници на повеќе членки на ЕУ – Австрија, Грција, Унгарија, Шпанија, Холандија и Романија, како и на Советот за регионална соработка (СРС) и на Регионалната канцеларија за соработка на млади (RYCO).

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше иницирана во 2014 година со цел да се поддржи мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан, за подобрување на регионалната соработка и европската интеграција на регионот.

The post Заедничката фотографија од средбата во Тирана без Дачиќ поради знамето на Косово appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска одби да се фотографира со останатите учесници на министерскиот состанок на Берлинскиот процес во Тирана, пренесе Бета. Еуроњуз Албанија (Euronews.al) јави дека Дачиќ го нема на заедничката фотографија поради косовското знаме, кое како и другите знамиња беше во позадина, зад учесниците на состанокот, меѓу кои беа шефовите на дипломатиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Македонија, германската министерка Аналена Бербок и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји. На денешната средба, покрај министрите од регионот, Бербок и Вархеји, учествуваа и претставници на повеќе членки на ЕУ – Австрија, Грција, Унгарија, Шпанија, Холандија и Романија, како и на Советот за регионална соработка (СРС) и на Регионалната канцеларија за соработка на млади (RYCO). Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која беше иницирана во 2014 година со цел да се поддржи мирна, стабилна и демократска иднина на Западен Балкан, за подобрување на регионалната соработка и европската интеграција на регионот.

The post Заедничката фотографија од средбата во Тирана без Дачиќ поради знамето на Косово appeared first on Република.

]]>
Фотографијата ѝ донесе нов живот малата Зорица, доби ново семејство, љубов и поинакво детство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fotografijata-donese-nov-zhivot-malata-zoritsa-dobi-novo-semejstvo-lubov-i-poinakvo-detstvo/ Sat, 30 Sep 2023 07:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=686534

Фотограгот Ѓорѓе Ѓоковиќ, кој минатата година ја направи фотографијата „Животот од другата страна“, со која ги освои срцата на сите што ја видоа, на „Твитер“ објави дека малата Зорица, кој ѕирка низ излогот во детски роденден, доби згрижувачко семејство и тргна во прво одделение.

Малата Зорица од твојата наградена слика сега е во згрижувачко семејство со прекрасна жена. Започна прво одделение, посебен клас во село што припаѓа на Сремска Каменица. Мислам дека сега ќе ѝ биде малку полесен животот, а сето ова го започнавте со вашата фотографија, се вели во пораката која тој ја добил и за која вели го направила и посреќен од наградите за фотографијата.

По објавувањето на фотографијата, српските медиуми го посетија домот на малата Зорица и открија дека таа има тежок живот без основни услови.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/devojcheto-koe-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-se-vika-zorica-zivee-vo-sopche-bez-struja-ama-baba-pazi-sekogash-da-e-chista-i-srekjna/

Згрижувачката мајка на Зорица, Драгица Аврамовиќ, вели дека откако го видела прилогот на телевизија, го молела Бога да ја испрати кај неа, за да ја порасне. Молитвите ѝ се услишиле на почетокот на јуни, кога во нивниот дом дошле вработените од Центарот за социјална работа.

Господ ја испрати кај мене. Покрај Зока, која има седум години, во нашето семејство има уште четири деца на 15, 12 и 6 години, а имам и син (34) и ќерка (32). Децата ме викаат баба, така се договоривме, бидејќи имам 58 години. Зока тргна во прво одделение, не знаеше да користи некои букви, но сега сè оди на подобро, изјави Драгица за српски „Курир“.

Вели прво Зорица требало да остане со нив две недели, но постигнале договор таа да остане подолго.

Ќе се погрижам да остане трајно, не е таа виновна што животот ѝ бил таков. Ќе се обидам да и дадам сè што можам и од неа да направам добра личност. Послушна е и сака училиште, сака да си ги прави домашните задачи, да си игра, да ми плети плетенки кога седиме, раскажува таа.

Вели дека Зорица не била добро кога пред неколку месеци првпат дошла кај нив, била слава и запуштена, но дека постигнат е голем напредок.

Веднаш нè прифати, сака да е овде. Кога ја прашувам дали би сакала да ги види мајка ѝ и баба и вели: „Би сакала да ги видам, но не и да живеам со нив. Убаво е овде, никаде не одам“, раскажува Драгица.

The post Фотографијата ѝ донесе нов живот малата Зорица, доби ново семејство, љубов и поинакво детство appeared first on Република.

]]>

Фотограгот Ѓорѓе Ѓоковиќ, кој минатата година ја направи фотографијата „Животот од другата страна“, со која ги освои срцата на сите што ја видоа, на „Твитер“ објави дека малата Зорица, кој ѕирка низ излогот во детски роденден, доби згрижувачко семејство и тргна во прво одделение.
Малата Зорица од твојата наградена слика сега е во згрижувачко семејство со прекрасна жена. Започна прво одделение, посебен клас во село што припаѓа на Сремска Каменица. Мислам дека сега ќе ѝ биде малку полесен животот, а сето ова го започнавте со вашата фотографија, се вели во пораката која тој ја добил и за која вели го направила и посреќен од наградите за фотографијата.
По објавувањето на фотографијата, српските медиуми го посетија домот на малата Зорица и открија дека таа има тежок живот без основни услови. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/devojcheto-koe-nikogo-ne-ostava-ramnodushen-se-vika-zorica-zivee-vo-sopche-bez-struja-ama-baba-pazi-sekogash-da-e-chista-i-srekjna/ Згрижувачката мајка на Зорица, Драгица Аврамовиќ, вели дека откако го видела прилогот на телевизија, го молела Бога да ја испрати кај неа, за да ја порасне. Молитвите ѝ се услишиле на почетокот на јуни, кога во нивниот дом дошле вработените од Центарот за социјална работа.
Господ ја испрати кај мене. Покрај Зока, која има седум години, во нашето семејство има уште четири деца на 15, 12 и 6 години, а имам и син (34) и ќерка (32). Децата ме викаат баба, така се договоривме, бидејќи имам 58 години. Зока тргна во прво одделение, не знаеше да користи некои букви, но сега сè оди на подобро, изјави Драгица за српски „Курир“.
Вели прво Зорица требало да остане со нив две недели, но постигнале договор таа да остане подолго.
Ќе се погрижам да остане трајно, не е таа виновна што животот ѝ бил таков. Ќе се обидам да и дадам сè што можам и од неа да направам добра личност. Послушна е и сака училиште, сака да си ги прави домашните задачи, да си игра, да ми плети плетенки кога седиме, раскажува таа.
Вели дека Зорица не била добро кога пред неколку месеци првпат дошла кај нив, била слава и запуштена, но дека постигнат е голем напредок.
Веднаш нè прифати, сака да е овде. Кога ја прашувам дали би сакала да ги види мајка ѝ и баба и вели: „Би сакала да ги видам, но не и да живеам со нив. Убаво е овде, никаде не одам“, раскажува Драгица.
 
The post Фотографијата ѝ донесе нов живот малата Зорица, доби ново семејство, љубов и поинакво детство appeared first on Република.

]]>
Бев среќен и горд што фотографијата молскавично се ширеше и ја виде цела Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bev-sreken-i-gord-shto-fotografijata-molskavichno-se-shireshe-i-ja-vide-tsela-makedonija/ Tue, 08 Aug 2023 14:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=670066

Фотографијата на Бобан Кошинов на која тринаесетгодишната Андреа Данаиловска го крена на две нозе својот коњ, на чии гради беше македонското знаме, многу брзо се прошири на социјалните мрежи. Кошинков го „фати моментот“ на годинашното празнување на Илинден, на Мечкин Камен. Даниловска беше најмладата учесничка на Илинденскиот марш,

Кошинов е Велешанец, кој со фотографија и видеомонтажа започнав да се занимава пред околу седум години.

На Илинден бев дел од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево и на Мечкин Камен. Додека ја чекавме коњаницата да пристигне, можеби тука е најинтересниот момент, сите фотографи и камермани се префрлија од другата страна, а јас останав кај делегациите. Пристигна коњаницата и беше пречекана бурно, во одлична атмосфера. Коњот на Андреа ми го привлече вниманието затоа што на неговите гради беше знамето на Македонија.
Се приближив да фатам подобар агол и тогаш Андреа го исправи на две нозе и направив неколку фотографии, меѓу кои и виралната. Навистина бев среќен и горд што таа фотографија ја виде речиси цела Македонија, вели во интервју за „Колибри“, додаток во дневниот весник „Нова Македонија“ Кошинов.

Целиот разговор може да го прочитате во Нова Македонија

The post Бев среќен и горд што фотографијата молскавично се ширеше и ја виде цела Македонија! appeared first on Република.

]]>

Фотографијата на Бобан Кошинов на која тринаесетгодишната Андреа Данаиловска го крена на две нозе својот коњ, на чии гради беше македонското знаме, многу брзо се прошири на социјалните мрежи. Кошинков го „фати моментот“ на годинашното празнување на Илинден, на Мечкин Камен. Даниловска беше најмладата учесничка на Илинденскиот марш, Кошинов е Велешанец, кој со фотографија и видеомонтажа започнав да се занимава пред околу седум години.
На Илинден бев дел од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево и на Мечкин Камен. Додека ја чекавме коњаницата да пристигне, можеби тука е најинтересниот момент, сите фотографи и камермани се префрлија од другата страна, а јас останав кај делегациите. Пристигна коњаницата и беше пречекана бурно, во одлична атмосфера. Коњот на Андреа ми го привлече вниманието затоа што на неговите гради беше знамето на Македонија. Се приближив да фатам подобар агол и тогаш Андреа го исправи на две нозе и направив неколку фотографии, меѓу кои и виралната. Навистина бев среќен и горд што таа фотографија ја виде речиси цела Македонија, вели во интервју за „Колибри“, додаток во дневниот весник „Нова Македонија“ Кошинов.
Целиот разговор може да го прочитате во Нова Македонија

The post Бев среќен и горд што фотографијата молскавично се ширеше и ја виде цела Македонија! appeared first on Република.

]]>
Предизвик ми е да успеам да ги доловам карактерите на луѓето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predizvik-mi-e-da-uspeam-da-gi-dolovam-karakterite-na-lugeto/ Thu, 09 Mar 2023 20:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=617889

Зденко Петровски страсно и посветено ја живее фотографијата и музиката. Речиси да нема пропуштено концерт во Скопје, додека фотографирањето е негова пасија и хоби. Со неговите фотографии се овековечени концертните настапи на многубројни домашни и странски бендови, но и многу урбани и музички ликови.

Овој викенд во бифе „Тафталиџе“ ќе се отвори изложбата на негови фотографии и во пресрет на настанот поразговаравме со Зденко за искуствата, почетоците, страста за фотографирање...

В сабота пред македонската јавност ќе претставите дел од Вашето творештво. Изложбата на фотографии ќе биде поставена во кафе „Тафталиџе“. Кажете ни кои и колку фотографии ќе може да се погледнат и како дојдовте до идеја да ја направите изложбата токму во овој простор?

Ќе бидат изложени 36 фотографии од кои 16 портрети и 20 документарни која го третира музичкиот свет. Пред неколку години имав изложба на фестивалот „Здраво млади“ во Младинскиот културен центар каде публиката и беше повеќето млада, така да во спрега со годините кои ги имам, ред беше да ја видат и повозрасните, а „Тафталиџе“ е вистинско место за тоа. Затоа што тука се собираат скопските легенди, а и јас цел живот го поминав во населбата Тафталиџе.

Долго време се занимавате со фотографирање. Што е најчесто за Вас предизвик да фотографирате?

Најмногу сакам да фотографирам луѓе. Предизвик ми е да успеам да ги доловам нивните карактери, да ги портретирам нивните „демончиња“ кои сите ние ги имаме. Потоа таа лајф фотографија од концертите.... Ме интересираат многу нешта, не сум врзан за одреден стил.

Со оглед на фактот дека работите и како снимател, што преферирате, што Вас повеќе ве исполнува фотографијата или снимањето?

Подеднакво би рекол. Имав среќа со едното да се бавам професионално, а другото - фотографија како хоби. Невозможно е да се бавиш со две различни работи професионално, а да не се изгуби на квалитет.

 Црно-бела фотографија или во боја?

И тоа и тоа, но предност има црно - белата. Црно - белата ми има повќе душа.

Сакате ли да се фотографирате или повеќе Ви се допаѓа да сте зад објективот?

Зад објективот нормално.

Како почнавте да се занимавате со фотографија? Што ве поттикна?

Во маало имав повозрасни другари кои ги правеа првите чекори во фотографијата. Дружејки се со нив се заразив и јас.

„МОМЕНТ ДОКУМЕНТ“ или „Сликовница со ликови и настани во Скопје 2007– 2020“ е насловена Вашата фото книга што беше објавена како издание на МКЦ. Дали е време за нова книга? Размислувате ли за нов проект?

Засега не иако имам матерјал кој не се однесува на концертна фотографија.Ако ме држи здравјето, ќе видиме, само ќе си дојде.

The post Предизвик ми е да успеам да ги доловам карактерите на луѓето appeared first on Република.

]]>

Зденко Петровски страсно и посветено ја живее фотографијата и музиката. Речиси да нема пропуштено концерт во Скопје, додека фотографирањето е негова пасија и хоби. Со неговите фотографии се овековечени концертните настапи на многубројни домашни и странски бендови, но и многу урбани и музички ликови. Овој викенд во бифе „Тафталиџе“ ќе се отвори изложбата на негови фотографии и во пресрет на настанот поразговаравме со Зденко за искуствата, почетоците, страста за фотографирање... В сабота пред македонската јавност ќе претставите дел од Вашето творештво. Изложбата на фотографии ќе биде поставена во кафе „Тафталиџе“. Кажете ни кои и колку фотографии ќе може да се погледнат и како дојдовте до идеја да ја направите изложбата токму во овој простор?
Ќе бидат изложени 36 фотографии од кои 16 портрети и 20 документарни која го третира музичкиот свет. Пред неколку години имав изложба на фестивалот „Здраво млади“ во Младинскиот културен центар каде публиката и беше повеќето млада, така да во спрега со годините кои ги имам, ред беше да ја видат и повозрасните, а „Тафталиџе“ е вистинско место за тоа. Затоа што тука се собираат скопските легенди, а и јас цел живот го поминав во населбата Тафталиџе.
Долго време се занимавате со фотографирање. Што е најчесто за Вас предизвик да фотографирате?
Најмногу сакам да фотографирам луѓе. Предизвик ми е да успеам да ги доловам нивните карактери, да ги портретирам нивните „демончиња“ кои сите ние ги имаме. Потоа таа лајф фотографија од концертите.... Ме интересираат многу нешта, не сум врзан за одреден стил.
  Со оглед на фактот дека работите и како снимател, што преферирате, што Вас повеќе ве исполнува фотографијата или снимањето?
Подеднакво би рекол. Имав среќа со едното да се бавам професионално, а другото - фотографија како хоби. Невозможно е да се бавиш со две различни работи професионално, а да не се изгуби на квалитет.
 Црно-бела фотографија или во боја?
И тоа и тоа, но предност има црно - белата. Црно - белата ми има повќе душа.
Сакате ли да се фотографирате или повеќе Ви се допаѓа да сте зад објективот?
Зад објективот нормално.
  Како почнавте да се занимавате со фотографија? Што ве поттикна?
Во маало имав повозрасни другари кои ги правеа првите чекори во фотографијата. Дружејки се со нив се заразив и јас.
„МОМЕНТ ДОКУМЕНТ“ или „Сликовница со ликови и настани во Скопје 2007– 2020“ е насловена Вашата фото книга што беше објавена како издание на МКЦ. Дали е време за нова книга? Размислувате ли за нов проект?
Засега не иако имам матерјал кој не се однесува на концертна фотографија.Ако ме држи здравјето, ќе видиме, само ќе си дојде.

The post Предизвик ми е да успеам да ги доловам карактерите на луѓето appeared first on Република.

]]>
Меган Маркл и Хари објавија фотографија од Лилибет по повод првиот роденден https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/megan-markl-i-hari-objavija-fotografija-od-lilibet-po-povod-prviot-rodenden/ Tue, 07 Jun 2022 07:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=512015

Меган и Хари конечно ја покажаа Лилибет со фотографија од прославата за нејзиниот прв роденден – со впечатливата коса, малото девојче е копија на принцот.

Меган Маркл и принцот Хари го прославија првиот роденден на ќерката Лилибет со мала приватна забава во Англија. Сега, тие за споделија и фотографија од Лилибет која наводно е направена за време на прославата.

Малото девојче изгледа преслатко со светлосин фустан, а најмногу внимание привлекува нејзината коса што ја наследила од татко ѝ.

Викендов Меган и Хари беа во Англија, а со нив беше и Лилибет која првпат се запозна со членовите на кралското семејство.

Парот ја посети Англија по повод Платинестиот јубилеј на кралицата, но се појавија на само еден настан и го прескокнаа финалето во недела. Всушност, додека траеше парадата, тие веќе биле на пат кон нивниот дом во Америка.

Според извори блиски до парот, Меган и Хари биле пресреќни за бројните честитки што ги добиле за роденденот на Лилибет и се благодарни за многуте донации во разни добротворни организации што биле направени во нејзина чест.

The post Меган Маркл и Хари објавија фотографија од Лилибет по повод првиот роденден appeared first on Република.

]]>

Меган и Хари конечно ја покажаа Лилибет со фотографија од прославата за нејзиниот прв роденден – со впечатливата коса, малото девојче е копија на принцот. Меган Маркл и принцот Хари го прославија првиот роденден на ќерката Лилибет со мала приватна забава во Англија. Сега, тие за споделија и фотографија од Лилибет која наводно е направена за време на прославата. Малото девојче изгледа преслатко со светлосин фустан, а најмногу внимание привлекува нејзината коса што ја наследила од татко ѝ. Викендов Меган и Хари беа во Англија, а со нив беше и Лилибет која првпат се запозна со членовите на кралското семејство. Парот ја посети Англија по повод Платинестиот јубилеј на кралицата, но се појавија на само еден настан и го прескокнаа финалето во недела. Всушност, додека траеше парадата, тие веќе биле на пат кон нивниот дом во Америка. Според извори блиски до парот, Меган и Хари биле пресреќни за бројните честитки што ги добиле за роденденот на Лилибет и се благодарни за многуте донации во разни добротворни организации што биле направени во нејзина чест.

The post Меган Маркл и Хари објавија фотографија од Лилибет по повод првиот роденден appeared first on Република.

]]>
Еден од најубавите мажи во светот ги разочара жените откако објави скандалозна фотографија https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/eden-od-najubavite-mazi-vo-svetot-gi-razochara-zenite-otkako-objavi-skandalozna-fotografija/ Tue, 24 May 2022 20:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=505963

Италијанскиот актер Микеле Мороне, за кого жените полудеа по улогата во филмот „365 дена“, со нова фотографија со маж, ги загрижи и зачуди обожавателите, особено припадничките на понежниот пол.

Популарниот актер Микеле Мороне објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која е гол и е во блиска прегратка на маж. Судејќи според фотографијата, актерот се наоѓа на плажа, па спорната фотографија е направена по пливање и сончање.

Оваа објава предизвика лавина реакции од обожавателите на Микеле, а повеќето прашања доаѓаа од женскиот дел од популацијата кои сакаа да знаат дали Мороне е всушност геј.

Јас сум лажго – напиша италијанскиот актер во описот на фотографијата.

Мороне беше оженет со дизајнерката Рубо Саде со која има два сина, Маркус и Бренд.

The post Еден од најубавите мажи во светот ги разочара жените откако објави скандалозна фотографија appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот актер Микеле Мороне, за кого жените полудеа по улогата во филмот „365 дена“, со нова фотографија со маж, ги загрижи и зачуди обожавателите, особено припадничките на понежниот пол. Популарниот актер Микеле Мороне објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која е гол и е во блиска прегратка на маж. Судејќи според фотографијата, актерот се наоѓа на плажа, па спорната фотографија е направена по пливање и сончање. Оваа објава предизвика лавина реакции од обожавателите на Микеле, а повеќето прашања доаѓаа од женскиот дел од популацијата кои сакаа да знаат дали Мороне е всушност геј.