фотографии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fotografii/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 07:05:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фотографии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fotografii/ 32 32 Пет реномирани македонски фотографи во Утрехт ќе ја отвората својата изложба „5х10“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pet-renomirani-makedonski-fotografi-vo-utreht-ke-ja-otvorata-svojata-izlozhba-5h10/ Sat, 21 Sep 2024 07:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=818380

Во Утрехт, Холандија, денеска ќе биде отворена изложбата „5х10“, која ќе ги обедини делата на пет реномирани македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија.

Како што соопштија од Скопје Синема Сити, фотографиите претставуваат уникатен приказ на културната и музичката сцена во земјата, каде што емоциите, енергијата и атмосферата на настапите се доловени преку објективите на овие фотографи.

Овој настан не само што ја промовира македонската фотографија, туку и нуди можност за интеркултурна размена, покажувајќи ја поврзаноста помеѓу музиката и визуелната уметност пред интернационална публика. Претходно изложбата беше поставена во рамките на „Скопје Синема Сити“, фестивалот за музички документарни филмови, и имаше одличен прием кај публиката, се наведува во соопштението.

Изложбата е организирана од здружението „Номад-Арт“ Скопје, со поддршка на Министерството за култура и Македонската православна црковна општина во Утрехт, „Свети Стефан.“

Настанот има за цел да го промовира македонското културно наследство, а истовремено и да им овозможи на уметниците да се претстават пред европската публика, стои во соопштението од Скопје Синема Сити.

The post Пет реномирани македонски фотографи во Утрехт ќе ја отвората својата изложба „5х10“ appeared first on Република.

]]>

Во Утрехт, Холандија, денеска ќе биде отворена изложбата „5х10“, која ќе ги обедини делата на пет реномирани македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Оваа групна изложба, составена од по 10 фотографии од секој фотограф, ќе прикаже повеќе од две децении фотографско творештво, фокусирано врз доловувањето моменти од музички фестивали и концерти во Македонија. Како што соопштија од Скопје Синема Сити, фотографиите претставуваат уникатен приказ на културната и музичката сцена во земјата, каде што емоциите, енергијата и атмосферата на настапите се доловени преку објективите на овие фотографи.
Овој настан не само што ја промовира македонската фотографија, туку и нуди можност за интеркултурна размена, покажувајќи ја поврзаноста помеѓу музиката и визуелната уметност пред интернационална публика. Претходно изложбата беше поставена во рамките на „Скопје Синема Сити“, фестивалот за музички документарни филмови, и имаше одличен прием кај публиката, се наведува во соопштението.
Изложбата е организирана од здружението „Номад-Арт“ Скопје, со поддршка на Министерството за култура и Македонската православна црковна општина во Утрехт, „Свети Стефан.“
Настанот има за цел да го промовира македонското културно наследство, а истовремено и да им овозможи на уметниците да се претстават пред европската публика, стои во соопштението од Скопје Синема Сити.

The post Пет реномирани македонски фотографи во Утрехт ќе ја отвората својата изложба „5х10“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии за 40 години од освоениот златен олимписки медал на Шабан Трстена https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/izlozhba-na-fotografii-za-40-godini-od-osvoeniot-zlaten-olimpiski-medal-na-shaban-trstena/ Mon, 02 Sep 2024 19:48:24 +0000 https://republika.mk/?p=812491

Во Уметничката галерија - Тетово вечерва е отворена изложба на 40 фотографии, по повод 40 години од освојување на златниот олимписки медал на Шабан Трстена на „Олимписките игри“ во Лос Анџелес на 10 август 1984 година.

Како член на олимписката експедиција на тогашна Југославија, Трстена освои прво место во слободно борење во категоријата до 52 килограми кога имаше 19 години.

- Овие слики претставуваат една историја. Немам некои модерни и убави слики, не отидов таму да се сликам, туку да се борам. Во тоа време, кога имав 15 години, прашував како тоа само Русите се шампиони во борење и другите држави кои имале најголеми борачи. Сум им ги земал рацете на Русите да им ги видам какви им се, дали се разликуваат од нашите, дали се од друга планета. Но, немаше ништо такво. Само со работа, ништо немало разлика, истакна Трстена на отворањето на изложбата.

Да се достигне висок спортски врв, напорно работел со двајцата свои тренери Хајруш Синани и Насе Насев.

- Овие луѓе тренираа заедно 20 години без слободен ден и во тешки моменти, тимот ја задржа својата мотивација. И до денес се сеќава Трстена на напорните тренинзи и до четирипати дневно без идеални услови, на отворено небо или во сали на ресторани. По златниот медал, четири години подоцна и во Сеул, Трстена освојува медал на „Олимписките игри“, а тогаш бил сребрен поради повреда на колено, беше посочено на изложбата.

Покрај олимписки, Трстена има освоено осум европски медали, две од светско првенство, три балкански медали и три од „Медитерански игри“.

The post Изложба на фотографии за 40 години од освоениот златен олимписки медал на Шабан Трстена appeared first on Република.

]]>

Во Уметничката галерија - Тетово вечерва е отворена изложба на 40 фотографии, по повод 40 години од освојување на златниот олимписки медал на Шабан Трстена на „Олимписките игри“ во Лос Анџелес на 10 август 1984 година. Како член на олимписката експедиција на тогашна Југославија, Трстена освои прво место во слободно борење во категоријата до 52 килограми кога имаше 19 години. - Овие слики претставуваат една историја. Немам некои модерни и убави слики, не отидов таму да се сликам, туку да се борам. Во тоа време, кога имав 15 години, прашував како тоа само Русите се шампиони во борење и другите држави кои имале најголеми борачи. Сум им ги земал рацете на Русите да им ги видам какви им се, дали се разликуваат од нашите, дали се од друга планета. Но, немаше ништо такво. Само со работа, ништо немало разлика, истакна Трстена на отворањето на изложбата. Да се достигне висок спортски врв, напорно работел со двајцата свои тренери Хајруш Синани и Насе Насев. - Овие луѓе тренираа заедно 20 години без слободен ден и во тешки моменти, тимот ја задржа својата мотивација. И до денес се сеќава Трстена на напорните тренинзи и до четирипати дневно без идеални услови, на отворено небо или во сали на ресторани. По златниот медал, четири години подоцна и во Сеул, Трстена освојува медал на „Олимписките игри“, а тогаш бил сребрен поради повреда на колено, беше посочено на изложбата. Покрај олимписки, Трстена има освоено осум европски медали, две од светско првенство, три балкански медали и три од „Медитерански игри“.

The post Изложба на фотографии за 40 години од освоениот златен олимписки медал на Шабан Трстена appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење” во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-vo-presret-na-ruskiot-tsar-romanovi-tsarsko-sluzhene-vo-domot-na-kulturata-tosho-arsov-vo-vinitsa/ Wed, 20 Mar 2024 08:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=756545

Во среда, на 20 март 2024 година, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење”.

Изложбата е по повод 105 години од нивната смрт. Фотографиите се од личниот царски албум и поголемиот дел од нив до сега не биле објавувани и видени.

 

Изложбата е во соработка на Здружение Друштво на писатели Куманово и Сретенскиот манастир од Москва.

Во рамките на настанот предвидена е и мала културно-уметничка програма.

The post Изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење” во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 20 март 2024 година, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење”.
Изложбата е по повод 105 години од нивната смрт. Фотографиите се од личниот царски албум и поголемиот дел од нив до сега не биле објавувани и видени.   Изложбата е во соработка на Здружение Друштво на писатели Куманово и Сретенскиот манастир од Москва. Во рамките на настанот предвидена е и мала културно-уметничка програма.

The post Изложба на фотографии „Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење” во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница appeared first on Република.

]]>
Визуелно патување на Пелистер: Галерија под отворено небо за проектот “Are you ready for Pelister? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vizuelno-patuvane-na-pelister-galerija-pod-otvoreno-nebo-za-proektot-are-you-ready-for-pelister/ Mon, 04 Mar 2024 15:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=751138

Викендов, спокојниот пејзаж на езерото кај потпелистерското село Ротино се трансформираше во галерија под отворено за проектот “Are you ready for Pelister?”.

Изложбата на фотографии „Визуелни приказни од Пелистер“, прикажа триесет селектирани фотографии кои ја доловуваат недопрената убавина на Пелистер, направени од десет талентирани битолски фотографи под  менторство на Љубомир Стефанов, познатиот коавтор и режисер на документарниот филм номиниран за Оскар „Медена земја“.

Младата фотографка Ангела Вељановска, чиј исклучителен талент ѝ ја донесе титулата за најуспешен учесник на работилницата која претходеше, ги заслужи нејзините дополнителни едукативни сесии со Стефанов, ветувајќи ѝ светла иднина во уметноста на фотографијата.

Изложбата „Визуелни приказни од Пелистер“ е дел од пошироката иницијатива која има за цел да ја зголеми туристичката привлечност на Пелистер. „Овие настани се само почеток на нашиот сеопфатен план за подигнување на статусот на Пелистер како клучна туристичка дестинација“, изјави Лидија Ангелкова, координатор на проектот. Претстојните активности вклучуваат соработки со туристички професионалци, луѓе од науката, но и вљубеници во планината во улога на инфлуенсери, за да се укаже на природната привлечност на Пелистер.

Иницијативата, водена од Фондацијата ПРЕДА Плус, е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, финансирана од Европската Унија (ЕУ), кофинансирана од Оптшина Битола и имплементирана од УНДП.

Саботниот настан не беше само отстапување од вообичаената урбана рутина на битолчани, туку собирање на истомисленици кои ја споделуваат љубовта кон планината. Познатиот кафе-бар Јагода направи свој поп-ап бар во планински услови, а спокојна музика од FICHI, создаде совршена позадина за дружење, фотографија и природа.

Овој настан е само почеток на едно ново поглавје во приказната на Пелистер.

фото | Кети Талевска Бакревска

The post Визуелно патување на Пелистер: Галерија под отворено небо за проектот “Are you ready for Pelister? appeared first on Република.

]]>

Викендов, спокојниот пејзаж на езерото кај потпелистерското село Ротино се трансформираше во галерија под отворено за проектот “Are you ready for Pelister?”.

Изложбата на фотографии „Визуелни приказни од Пелистер“, прикажа триесет селектирани фотографии кои ја доловуваат недопрената убавина на Пелистер, направени од десет талентирани битолски фотографи под  менторство на Љубомир Стефанов, познатиот коавтор и режисер на документарниот филм номиниран за Оскар „Медена земја“.

Младата фотографка Ангела Вељановска, чиј исклучителен талент ѝ ја донесе титулата за најуспешен учесник на работилницата која претходеше, ги заслужи нејзините дополнителни едукативни сесии со Стефанов, ветувајќи ѝ светла иднина во уметноста на фотографијата.

Изложбата „Визуелни приказни од Пелистер“ е дел од пошироката иницијатива која има за цел да ја зголеми туристичката привлечност на Пелистер. „Овие настани се само почеток на нашиот сеопфатен план за подигнување на статусот на Пелистер како клучна туристичка дестинација“, изјави Лидија Ангелкова, координатор на проектот. Претстојните активности вклучуваат соработки со туристички професионалци, луѓе од науката, но и вљубеници во планината во улога на инфлуенсери, за да се укаже на природната привлечност на Пелистер.

Иницијативата, водена од Фондацијата ПРЕДА Плус, е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2, финансирана од Европската Унија (ЕУ), кофинансирана од Оптшина Битола и имплементирана од УНДП.

Саботниот настан не беше само отстапување од вообичаената урбана рутина на битолчани, туку собирање на истомисленици кои ја споделуваат љубовта кон планината. Познатиот кафе-бар Јагода направи свој поп-ап бар во планински услови, а спокојна музика од FICHI, создаде совршена позадина за дружење, фотографија и природа.

Овој настан е само почеток на едно ново поглавје во приказната на Пелистер.

фото | Кети Талевска Бакревска

The post Визуелно патување на Пелистер: Галерија под отворено небо за проектот “Are you ready for Pelister? appeared first on Република.

]]>
Изложбата на фотографии „Дали сте подготвени за Пелистер?” на 2 март на Ротинско езеро: Фотографиите произлегоа од работилницaта со Љубомир Стефановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-na-fotografii-dali-ste-podgotveni-za-pelister-na-2-mart-na-rotinsko-ezero-fotografiite-proizlegoa-od-rabotilnitsata-so-lubomir-stefanovski/ Fri, 01 Mar 2024 10:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=749930

Изложбата на фотографии со наслов “Дали сте подготвени за Пелистер?” е резултат на работилницaта за фотографи со Љубомир Стефановски, која се реализираше во октомври минатата година во Битола.

Mенторот за оваа работилница, Љубомир Стефановски, ко-автор и режисер на македонскиот филм номиниран за Оскар „Медена земја“, го започна своето фотографско патување пред многу години, токму на Пелистер.  Страста на Љубомир за планинска фотографија е заразна и неговото менторирање отвори еден нов свет кон планината.

На оваа необична изложба на отворено, повеќе од 10 талентирани фотографи ги изложуваат своите визуелни приказни за Пелистер.

Овие настани се реализираат во склоп на проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? на ПРЕДА Плус Фондација се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? е кофинансиран од Општина Битола

Ротинско Езеро, со својата уникатна природа и чист воздух, претставува вистински магичен бисер под Пелистер. Ова идилично место не само што нуди уникатно доживување за почитувачите на природата, туку идеално се вклопува како платформа за организирање на нашата изложба на фотографии.

Целото визуелно искуство на отворено, е  дополнето со магична атмосфера и топли напитоци од  мезе бар Јагода и  музика со DJ FICHI  што го заокружува целoто доживување.

-Работилницата  на Преда Плус со Љубомир Стефановски во октомври минатата година беше неверојатно искуство за сите учесници. Се гордееме што успеавме да ја организираме оваа работилница, пренесувајќи ги уметничките тајни и техники на еден толку искусен и талентиран фотограф како Љубомир. Повеќе од 10 талентирани фотографи кои учествуваа во обуката, ги прикажаа своите уметнички изрази за Пелистер преку фотографии што ги создадоа по завршувањето на обуката. Веруваме дека оваа иницијатива не само што ќе ги биде впечатлива за посетителите на изложбата, туку и ќе биде потсетник за потребата од подигнување свеста за уникатните туристички можности на Пелистер. Проектот “Дали сте подготвени за Пелистер?” не завршува со изложбата. Напротив, следуваат низа активности кои ќе поддржат подобрување и промовирање на туристичката понуда на Пелистер, истакнуваат од Преда Плус Фондација.

-Како млада фотографка сега започнувам да пливам во водите на фотографирањето па се трудам да учествувам на секоја работилница, проект или нешто поврзано со фотографијата. Сакам што повеќе да научам па работилницата со Љубомир беше вистинското нешто за тоа. Учеството во работилницата за фотографи со Љубомир Стефановски во октомври минатата година беше неверојатно искуство што го збогати моето знаење за фотографија и го поттикна уште повеќе моето креативно љубопитство. Љубомир не само што е извонреден фотограф, туку и искусен предавач кој на лесен и уникатен начин ја пренесува својата страст и техничко знаење. За фотографирање мене барем ми беше лесно бидејќи темата е Пелистер, а јас го сакам Пелистер и сметам дека што и да се фотографира на Пелистер ќе изгледа убаво. Со нетрпение чекам моите фотографии да ги претставам пред публиката. Се надевам дека моите фотографии комуницираат со посетителите на изложбата и ги предизвикуваат да го искусат Пелистер во сите негови облици, рече Дамјана Ристевка-учесничка на изложбата

The post Изложбата на фотографии „Дали сте подготвени за Пелистер?” на 2 март на Ротинско езеро: Фотографиите произлегоа од работилницaта со Љубомир Стефановски appeared first on Република.

]]>

Изложбата на фотографии со наслов “Дали сте подготвени за Пелистер?” е резултат на работилницaта за фотографи со Љубомир Стефановски, која се реализираше во октомври минатата година во Битола. Mенторот за оваа работилница, Љубомир Стефановски, ко-автор и режисер на македонскиот филм номиниран за Оскар „Медена земја“, го започна своето фотографско патување пред многу години, токму на Пелистер.  Страста на Љубомир за планинска фотографија е заразна и неговото менторирање отвори еден нов свет кон планината. На оваа необична изложба на отворено, повеќе од 10 талентирани фотографи ги изложуваат своите визуелни приказни за Пелистер. Овие настани се реализираат во склоп на проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? на ПРЕДА Плус Фондација се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? е кофинансиран од Општина Битола Ротинско Езеро, со својата уникатна природа и чист воздух, претставува вистински магичен бисер под Пелистер. Ова идилично место не само што нуди уникатно доживување за почитувачите на природата, туку идеално се вклопува како платформа за организирање на нашата изложба на фотографии. Целото визуелно искуство на отворено, е  дополнето со магична атмосфера и топли напитоци од  мезе бар Јагода и  музика со DJ FICHI  што го заокружува целoто доживување. -Работилницата  на Преда Плус со Љубомир Стефановски во октомври минатата година беше неверојатно искуство за сите учесници. Се гордееме што успеавме да ја организираме оваа работилница, пренесувајќи ги уметничките тајни и техники на еден толку искусен и талентиран фотограф како Љубомир. Повеќе од 10 талентирани фотографи кои учествуваа во обуката, ги прикажаа своите уметнички изрази за Пелистер преку фотографии што ги создадоа по завршувањето на обуката. Веруваме дека оваа иницијатива не само што ќе ги биде впечатлива за посетителите на изложбата, туку и ќе биде потсетник за потребата од подигнување свеста за уникатните туристички можности на Пелистер. Проектот “Дали сте подготвени за Пелистер?” не завршува со изложбата. Напротив, следуваат низа активности кои ќе поддржат подобрување и промовирање на туристичката понуда на Пелистер, истакнуваат од Преда Плус Фондација. -Како млада фотографка сега започнувам да пливам во водите на фотографирањето па се трудам да учествувам на секоја работилница, проект или нешто поврзано со фотографијата. Сакам што повеќе да научам па работилницата со Љубомир беше вистинското нешто за тоа. Учеството во работилницата за фотографи со Љубомир Стефановски во октомври минатата година беше неверојатно искуство што го збогати моето знаење за фотографија и го поттикна уште повеќе моето креативно љубопитство. Љубомир не само што е извонреден фотограф, туку и искусен предавач кој на лесен и уникатен начин ја пренесува својата страст и техничко знаење. За фотографирање мене барем ми беше лесно бидејќи темата е Пелистер, а јас го сакам Пелистер и сметам дека што и да се фотографира на Пелистер ќе изгледа убаво. Со нетрпение чекам моите фотографии да ги претставам пред публиката. Се надевам дека моите фотографии комуницираат со посетителите на изложбата и ги предизвикуваат да го искусат Пелистер во сите негови облици, рече Дамјана Ристевка-учесничка на изложбата

The post Изложбата на фотографии „Дали сте подготвени за Пелистер?” на 2 март на Ротинско езеро: Фотографиите произлегоа од работилницaта со Љубомир Стефановски appeared first on Република.

]]>
Работилница за фотографија со Љубо Стефанов, коавтор и режисер на „Медена земја“: Следува изложба на 2 март на Ротинско Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnitsa-za-fotografija-so-lubo-stefanov-koavtor-i-rezhiser-na-medena-zemja-sleduva-izlozhba-na-2-mart-na-rotinsko-ezero/ Wed, 21 Feb 2024 12:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=746527

Во спокојните сенки на величествените пејзажи на Пелистер, група битолски фотографи се собраа да ја истражат суровата убавина низ нивните објективи, под водство на Љубомир Стефанов, прославениот коавтор и режисер на македонскиот документарен филм номиниран за Оскар, „Медена земја“. Оваа фотографска работилница, зимава сместена во срцето на Битола, не беше само едукативна точка, туку патување во концептот на планинската фотографија.

Учесниците на работилницата влегоа во суштината на доловувањето на пејзажите, под менторство на Стефанов, чие сопствено фотографско патување, пред многу години започна токму на Пелистер. Неговата страст за љубовта кон фотографијата не е само лекција по оваа уметност која е игра на светлината, туку зараза што го трансформира начинот на кој се перципира планинскиот терен.

Впечатоците што ги остави работилницата се различни како и пејзажите што ги доловуваат фотографите од чистата инспирација извлечена од стручноста на Стефанов, до промената на перспективата кон величественоста на природата.

Оваа работилница беше повеќе од искуство за учење, тоа беше откровение на сложениот танц на светлината, сенката и теренот низ окото на објективот, истакна еден од учесниците.

Кулминацијата на ова патување ќе биде прикажанo на претстојната изложба под ведро небо кај живописното Ротинско Езеро лоцирано во НП Пелистер под наслов „Визуелни приказни од Пелистер“, каде учесниците ќе ги прикажат своите визуелни интерпретации на Пелистер, изведени под менторството на Стефанов.

На 2 март, во 12.00 часот на оваа локација, изложбата ветува дека ќе биде доказ за трансформативната моќ на фотографијата и неискажаните приказни на планините, поканувајќи ги гледачите да бидат сведоци на невидените раскош на Пелистер низ едни нови објективи со цел да откриеме овие наративи, врамени со убавината на пејзажот и визијата на оние кои интимно го запознале.

Инаку, овој едукативен сегмент на работилница и изложба е дел од поширокиот проект ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? / ARE YOU READY FOR PELISTER? на ПРЕДА Плус Фондација се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? е кофинансиран од Општина Битола.

The post Работилница за фотографија со Љубо Стефанов, коавтор и режисер на „Медена земја“: Следува изложба на 2 март на Ротинско Езеро appeared first on Република.

]]>

Во спокојните сенки на величествените пејзажи на Пелистер, група битолски фотографи се собраа да ја истражат суровата убавина низ нивните објективи, под водство на Љубомир Стефанов, прославениот коавтор и режисер на македонскиот документарен филм номиниран за Оскар, „Медена земја“. Оваа фотографска работилница, зимава сместена во срцето на Битола, не беше само едукативна точка, туку патување во концептот на планинската фотографија. Учесниците на работилницата влегоа во суштината на доловувањето на пејзажите, под менторство на Стефанов, чие сопствено фотографско патување, пред многу години започна токму на Пелистер. Неговата страст за љубовта кон фотографијата не е само лекција по оваа уметност која е игра на светлината, туку зараза што го трансформира начинот на кој се перципира планинскиот терен. Впечатоците што ги остави работилницата се различни како и пејзажите што ги доловуваат фотографите од чистата инспирација извлечена од стручноста на Стефанов, до промената на перспективата кон величественоста на природата.
Оваа работилница беше повеќе од искуство за учење, тоа беше откровение на сложениот танц на светлината, сенката и теренот низ окото на објективот, истакна еден од учесниците.
Кулминацијата на ова патување ќе биде прикажанo на претстојната изложба под ведро небо кај живописното Ротинско Езеро лоцирано во НП Пелистер под наслов „Визуелни приказни од Пелистер“, каде учесниците ќе ги прикажат своите визуелни интерпретации на Пелистер, изведени под менторството на Стефанов. На 2 март, во 12.00 часот на оваа локација, изложбата ветува дека ќе биде доказ за трансформативната моќ на фотографијата и неискажаните приказни на планините, поканувајќи ги гледачите да бидат сведоци на невидените раскош на Пелистер низ едни нови објективи со цел да откриеме овие наративи, врамени со убавината на пејзажот и визијата на оние кои интимно го запознале. Инаку, овој едукативен сегмент на работилница и изложба е дел од поширокиот проект ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? / ARE YOU READY FOR PELISTER? на ПРЕДА Плус Фондација се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПЕЛИСТЕР? е кофинансиран од Општина Битола.

The post Работилница за фотографија со Љубо Стефанов, коавтор и режисер на „Медена земја“: Следува изложба на 2 март на Ротинско Езеро appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-od-toni-kotsev-i-gorgi-kotsev-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-od-ohrid/ Wed, 11 Oct 2023 16:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=690245

Во организација на  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а во соработка со Фото клубот „Охрид“ отворена е изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев од Кавадарци.

Настанот е во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание и борбата на македонскиот народ против фашизмот.

Чичкото и внукот Коцеви, првиот во зенитот на креативното творештво  а вториот на почетокот од можната блескава кариера во светот на уметничката фотографија  пред охридската јавност ќе се претстават со околу 15 фотографии преку кои ќе ја покажат убавината на нашата земја.

Изложбата за љубителите на уметноста ќе биде отворена до 16 октомври, секој работен ден од 9 до 14.00 часот.

[caption id="attachment_690247" align="alignnone" width="591"] created by dji camera[/caption]

Тони Коцев роден 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за филмски уметности на универзитетот ЕСРА, отсек Филмска и ТВ Камера Реализирал четири самостојни изложби и учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство,Франција, Шпанија, Србија, Шкотска, САД, Луксембург. Добитник е на “Диплома за експериментална фотографија” во Луксембург, најдобра фотографија на конкурс на Кодак во САД и неколку награди на државни изложби на фотографија. Како снимател и директор на фотографија работел на повеќе документарни и кратки играни филмови.

Ѓорѓи Коцев е роден на 10.12.1989 во Кавадарци. По завршувањето на средното образование во гимназијата “Добри Даскалов” во Кавадарци, продолжува на студии на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот “Св. Kирил и Методиј ” во Скопје.  Првиот допир со основите на композицијата ги добива во текот на неговото работење како аниматор и композитинг артист во компанијата за визуелни ефекти “FX3X” во Скопје меѓутоа љубовта кон фотографијата се развива по посетата на фотографската школа “Бресон” во Кавадарци под водство на Тони Коцев. Се насочува кон пејзажна и архитектурна фотографија и има добиено неколку награди и признанија од Luxemburg Art Prize, ND Awards, International Photography Awards, Fotomedia, Денови на Македонската Фотографија и други.

 

The post Изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>

Во организација на  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а во соработка со Фото клубот „Охрид“ отворена е изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев од Кавадарци. Настанот е во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание и борбата на македонскиот народ против фашизмот. Чичкото и внукот Коцеви, првиот во зенитот на креативното творештво  а вториот на почетокот од можната блескава кариера во светот на уметничката фотографија  пред охридската јавност ќе се претстават со околу 15 фотографии преку кои ќе ја покажат убавината на нашата земја. Изложбата за љубителите на уметноста ќе биде отворена до 16 октомври, секој работен ден од 9 до 14.00 часот. [caption id="attachment_690247" align="alignnone" width="591"] created by dji camera[/caption] Тони Коцев роден 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за филмски уметности на универзитетот ЕСРА, отсек Филмска и ТВ Камера Реализирал четири самостојни изложби и учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство,Франција, Шпанија, Србија, Шкотска, САД, Луксембург. Добитник е на “Диплома за експериментална фотографија” во Луксембург, најдобра фотографија на конкурс на Кодак во САД и неколку награди на државни изложби на фотографија. Како снимател и директор на фотографија работел на повеќе документарни и кратки играни филмови. Ѓорѓи Коцев е роден на 10.12.1989 во Кавадарци. По завршувањето на средното образование во гимназијата “Добри Даскалов” во Кавадарци, продолжува на студии на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот “Св. Kирил и Методиј ” во Скопје.  Првиот допир со основите на композицијата ги добива во текот на неговото работење како аниматор и композитинг артист во компанијата за визуелни ефекти “FX3X” во Скопје меѓутоа љубовта кон фотографијата се развива по посетата на фотографската школа “Бресон” во Кавадарци под водство на Тони Коцев. Се насочува кон пејзажна и архитектурна фотографија и има добиено неколку награди и признанија од Luxemburg Art Prize, ND Awards, International Photography Awards, Fotomedia, Денови на Македонската Фотографија и други.  

The post Изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>
Sonic Editions објави колекција од ретки и досега невидени фотографии од Мадона https://arhiva3.republika.mk/scena/sonic-editions-objavi-kolektsija-od-retki-i-dosega-nevideni-fotografii-od-madona/ Fri, 21 Jul 2023 12:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=663963

За да ја прослави 40-годишнината од истоимениот деби албум на Мадона, Sonic Editions објави колекција од ретки и досега невидени фотографии од поп легендата.

Фото колекцијата од 15 парчиња содржи мешавина од живи и искрени снимки на Мадона, кои се достапни во мали димензии (14 инчи x 11 инчи) до XXL (37 инчи x 26 инчи). Цените се движат од 89 долари за монтирани фотографии и 149 долари за фотографии со рамка.

Фото патувањето на „Материјалната девојка“ се протега надвор од претходните поглавја од нејзината кариера и во ерата на иконите, вклучително и епска фотографија направена за време на отворањето на вечерта на концертот во Велика Британија од нејзината турнеја MDNA во лондонскиот Хајд парк во 2012 година.

Но, се започна со Мадона. Објавен на 27 јули 1983 година, истоимениот, деби студиски албум создаде класични синглови како „Everybody“, „Holiday“, „Lucky Star“, „Borderline“ и „Burning Up“. И покрај тоа што дебитираше близу до дното на Билборд 200, албумот се искачи на осмото место на топ листите и продолжи да се продава во 2,8 милиони копии во САД повеќе од една година по неговото објавување. Мадона оттогаш продаде над 10 милиони примероци ширум светот.

The post Sonic Editions објави колекција од ретки и досега невидени фотографии од Мадона appeared first on Република.

]]>

За да ја прослави 40-годишнината од истоимениот деби албум на Мадона, Sonic Editions објави колекција од ретки и досега невидени фотографии од поп легендата. Фото колекцијата од 15 парчиња содржи мешавина од живи и искрени снимки на Мадона, кои се достапни во мали димензии (14 инчи x 11 инчи) до XXL (37 инчи x 26 инчи). Цените се движат од 89 долари за монтирани фотографии и 149 долари за фотографии со рамка. Фото патувањето на „Материјалната девојка“ се протега надвор од претходните поглавја од нејзината кариера и во ерата на иконите, вклучително и епска фотографија направена за време на отворањето на вечерта на концертот во Велика Британија од нејзината турнеја MDNA во лондонскиот Хајд парк во 2012 година. Но, се започна со Мадона. Објавен на 27 јули 1983 година, истоимениот, деби студиски албум создаде класични синглови како „Everybody“, „Holiday“, „Lucky Star“, „Borderline“ и „Burning Up“. И покрај тоа што дебитираше близу до дното на Билборд 200, албумот се искачи на осмото место на топ листите и продолжи да се продава во 2,8 милиони копии во САД повеќе од една година по неговото објавување. Мадона оттогаш продаде над 10 милиони примероци ширум светот.

The post Sonic Editions објави колекција од ретки и досега невидени фотографии од Мадона appeared first on Република.

]]>
Објавени 9 илјади скандалозни фотографии од синот на Бајден: Сликан гол со проститутки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objaveni-9-iljadi-skandalozni-fotografii-od-sinot-na-bajden-slikan-gol-so-prostitutki/ Fri, 09 Jun 2023 09:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=649534

Речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер Бајден се објавени на интернет од десничарската непрофитна организација Марко Поло, дознава британскиот таблоид „Дејли Меил“.

8.864 слики објавени на bidenlaptopmedia.com вклучуваат стотици слики од првиот син на американскиот претседател Џо Бајден, како се дрогира и има секс со сексуални работнички, како и семејни фотографии и секојдневни снимки.

Фотографиите вклучуваат 7.032 главно од телефонот на Хантер, главно кои ги испраќал во пораки на „Ватсап“.

Сликите се датирани помеѓу 2008 и 2019 година. Некои имаат прикачени географски координати, кои покажуваат дека Хантер се фотографирал на Хаваите, Кабо Сан Лукас, Косово, Доминиканската Република, западна Кина, Лондон, Париз, Рим, Белград и низ САД.

The post Објавени 9 илјади скандалозни фотографии од синот на Бајден: Сликан гол со проститутки appeared first on Република.

]]>

Речиси 9.000 фотографии од лаптопот на Хантер Бајден се објавени на интернет од десничарската непрофитна организација Марко Поло, дознава британскиот таблоид „Дејли Меил“. 8.864 слики објавени на bidenlaptopmedia.com вклучуваат стотици слики од првиот син на американскиот претседател Џо Бајден, како се дрогира и има секс со сексуални работнички, како и семејни фотографии и секојдневни снимки. Фотографиите вклучуваат 7.032 главно од телефонот на Хантер, главно кои ги испраќал во пораки на „Ватсап“. Сликите се датирани помеѓу 2008 и 2019 година. Некои имаат прикачени географски координати, кои покажуваат дека Хантер се фотографирал на Хаваите, Кабо Сан Лукас, Косово, Доминиканската Република, западна Кина, Лондон, Париз, Рим, Белград и низ САД.

The post Објавени 9 илјади скандалозни фотографии од синот на Бајден: Сликан гол со проститутки appeared first on Република.

]]>
Ученик од осмо одделение во основно училиште во Загреб испрати фотографии со куршуми и оружје на другите ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchenik-od-osmo-oddelenie-vo-osnovno-uchilishte-vo-zagreb-isprati-fotografii-so-kurshumi-i-oruzhje-na-drugite-uchenitsi/ Thu, 18 May 2023 12:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=642312

Ученик од осмо одделение во основно училиште во Загреб испратил фотографии со куршуми и оружје на другите ученици во училиштето. Поради сето ова, полицијата реагирала и накратко го затворила училиштето, ученикот не бил на училиште во моментот кога ги испраќал фотографиите.

– Полицијата дојде и разговараше со некои ученици. Не викаа родителите да дојдеме да ги земеме децата. Сè уште се тресам од страв. Ми ги отсекоа нозете – раскажува за хрватските медиуми мајка на ученичката која дошла да си го земе детето од училиште.

– Имавме ситуација на училиште, поради што моравме да контактираме со полиција по протокол. Можеме само да кажеме дека на децата, наставниците и другите вработени во нашето училиште ниту во еден момент не им се заканувале. Не можеме да зборуваме за детали, но уште еднаш нагласуваме дека немало никаква закана бидејќи ги почитуваме сите безбедносни протоколи – изјавил директорот на училиштето.

Да потсетиме, низ регионот имаше неколку случаи во училишта каде мораше да интервенира полиција, по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

The post Ученик од осмо одделение во основно училиште во Загреб испрати фотографии со куршуми и оружје на другите ученици appeared first on Република.

]]>

Ученик од осмо одделение во основно училиште во Загреб испратил фотографии со куршуми и оружје на другите ученици во училиштето. Поради сето ова, полицијата реагирала и накратко го затворила училиштето, ученикот не бил на училиште во моментот кога ги испраќал фотографиите. – Полицијата дојде и разговараше со некои ученици. Не викаа родителите да дојдеме да ги земеме децата. Сè уште се тресам од страв. Ми ги отсекоа нозете – раскажува за хрватските медиуми мајка на ученичката која дошла да си го земе детето од училиште.
– Имавме ситуација на училиште, поради што моравме да контактираме со полиција по протокол. Можеме само да кажеме дека на децата, наставниците и другите вработени во нашето училиште ниту во еден момент не им се заканувале. Не можеме да зборуваме за детали, но уште еднаш нагласуваме дека немало никаква закана бидејќи ги почитуваме сите безбедносни протоколи – изјавил директорот на училиштето. Да потсетиме, низ регионот имаше неколку случаи во училишта каде мораше да интервенира полиција, по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

The post Ученик од осмо одделение во основно училиште во Загреб испрати фотографии со куршуми и оружје на другите ученици appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-elema-2023/ Tue, 11 Apr 2023 06:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=629653

Kлубска изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“ ќе биде поставена денеска во Рудиќ Галерија.

„ЕЛЕМА 2023“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема. Како прва годишна клубска изложба ги најавува идните активности на клубот кои ќе бидат претставени во периодот што следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата.

Ќе бидат изложени фотографии на македонските автори: Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски и Боро Рудиќ.

 

The post Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“ appeared first on Република.

]]>

Kлубска изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“ ќе биде поставена денеска во Рудиќ Галерија. „ЕЛЕМА 2023“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема. Како прва годишна клубска изложба ги најавува идните активности на клубот кои ќе бидат претставени во периодот што следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата. Ќе бидат изложени фотографии на македонските автори: Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски и Боро Рудиќ.  

The post Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“ appeared first on Република.

]]>
Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rashkovski-ne-e-na-fotografiite-koi-bea-objaveni-vo-mediumite/ Mon, 25 Jul 2022 16:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=533080

Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите. Човекот кој во медиумите беше објавен дека е Рашковски и дека одмора во Грција, бара да не биде споредуван со него.Тој е од Скопје и вели дека и минатата година објавувал фотографии од шаторот и дека тие се достапни.

Целиот текст на А1. он.

The post Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите appeared first on Република.

]]>

Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите. Човекот кој во медиумите беше објавен дека е Рашковски и дека одмора во Грција, бара да не биде споредуван со него.Тој е од Скопје и вели дека и минатата година објавувал фотографии од шаторот и дека тие се достапни. Целиот текст на А1. он.

The post Рашковски не е на фотографиите кои беа објавени во медиумите appeared first on Република.

]]>
Досега невидени фотографии на Елвис објавени како прифатлива ѕидна уметност https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dosega-nevideni-fotografii-na-elvis-objaveni-kako-prifatliva-dzidna-umetnost/ Thu, 07 Jul 2022 13:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=525403

Овие досега невидени фотографии на Елвис штотуку беа објавени како прифатлива ѕидна уметност.

По бурниот биографски филм на Баз Лурман за Елвис, Sonic Editions има уште повозбудливи вести за обожавателите на кралот: трговецот на уметнички дела лансираше колекција од ретки и досега невидени фотографии на Елвис – сите достапни за купување, во ограничено издание.

Колекцијата на Елвис Присли од Sonic Editions, како што се нарекува, испорачува 16 уникатни фотографии од професионални фотографи и од фото архиви. Некои слики од новата колекција се веднаш препознатливи, но други се сосема нови, неодамна откриени фотографии од легендата на рокенролот, вклучувајќи снимки од кралот како настапува, позира за фотосесии и го покажува својот мотоцикл.

Сите слики од новообјавената колекција на Елвис Присли се достапни сега на SonicEditions.com, со цени почнувајќи од 89 долари.

Клиентите добиваат опсег на опции за големина и кадрирање кога нарачуваат преку Sonic Editions. Секое печатење на Елвис доаѓа во четири опции за големини со вклучен држач за слика. Достапни се и рамки (во црно или бело), ​​што ви овозможува да ги обесувате уметничките дела веднаш надвор од кутијата. Според нашето искуство, Sonic Editions многу се грижи при испораката за да обезбеди чист, беспрекорен производ на вашиот праг.

Неодамна, Sonic Editions ја објави и колекцијата Rolling Stones Anniversary. Слично на колекцијата на Елвис Присли, овој пад вклучуваше досега невидени фотографии од Стоунс, кои добиваат слики од сите периоди на повеќедецениската кариера на бендот.  (Ролингстоун)

The post Досега невидени фотографии на Елвис објавени како прифатлива ѕидна уметност appeared first on Република.

]]>

Овие досега невидени фотографии на Елвис штотуку беа објавени како прифатлива ѕидна уметност. По бурниот биографски филм на Баз Лурман за Елвис, Sonic Editions има уште повозбудливи вести за обожавателите на кралот: трговецот на уметнички дела лансираше колекција од ретки и досега невидени фотографии на Елвис – сите достапни за купување, во ограничено издание. Колекцијата на Елвис Присли од Sonic Editions, како што се нарекува, испорачува 16 уникатни фотографии од професионални фотографи и од фото архиви. Некои слики од новата колекција се веднаш препознатливи, но други се сосема нови, неодамна откриени фотографии од легендата на рокенролот, вклучувајќи снимки од кралот како настапува, позира за фотосесии и го покажува својот мотоцикл. Сите слики од новообјавената колекција на Елвис Присли се достапни сега на SonicEditions.com, со цени почнувајќи од 89 долари. Клиентите добиваат опсег на опции за големина и кадрирање кога нарачуваат преку Sonic Editions. Секое печатење на Елвис доаѓа во четири опции за големини со вклучен држач за слика. Достапни се и рамки (во црно или бело), ​​што ви овозможува да ги обесувате уметничките дела веднаш надвор од кутијата. Според нашето искуство, Sonic Editions многу се грижи при испораката за да обезбеди чист, беспрекорен производ на вашиот праг. Неодамна, Sonic Editions ја објави и колекцијата Rolling Stones Anniversary. Слично на колекцијата на Елвис Присли, овој пад вклучуваше досега невидени фотографии од Стоунс, кои добиваат слики од сите периоди на повеќедецениската кариера на бендот.  (Ролингстоун)

The post Досега невидени фотографии на Елвис објавени како прифатлива ѕидна уметност appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии: „2 соби, пандемија и јас“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-fotografii-2-sobi-pandemija-i-jas/ Wed, 04 May 2022 10:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=497406

На 4 мај, во 19.30 часот, во галеријата „Рудиќ“, ќе се отвори изложба на младата фотографка Христина Трајкоска, која ќе прикаже 23 концепти и емоции, со кои се соочила за време на ковид-пандемијата. Нејзините автопортрети, во кои ги прикажува емоциите со кои сите се справуваа, се фотографирани во 2 соби, спална и тоалет!

Ќе долови како се справила со пандемијата, 2 години оддалечена од сите, своето семејство, пријатели и од можноста да го работи она што го сака најмногу – портретно фотографирање.

Таа вели дека на почетокот била отуѓена од себе и присиленоста да креира сама во тие 2 соби го гледала како пречка. Со надминување на нејзините изговори ја вратила довербата во себеси, решила да биде ранлива и за промена таа да застане пред објективот. Се заљубила во самиот процес на креирање автопортрети и ја потврдила лекцијата – единствена пречка до успехот се нашите мисли.

На овој настан со необични фотографии и одлична музика од акустик дуото Полина Тасева и Иван Петровски, публиката ќе се запознае и со самиот процес на креирање на тие фотографии преку Behind the scenes-видеа, информираат организаторите.

The post Изложба на фотографии: „2 соби, пандемија и јас“ appeared first on Република.

]]>

На 4 мај, во 19.30 часот, во галеријата „Рудиќ“, ќе се отвори изложба на младата фотографка Христина Трајкоска, која ќе прикаже 23 концепти и емоции, со кои се соочила за време на ковид-пандемијата. Нејзините автопортрети, во кои ги прикажува емоциите со кои сите се справуваа, се фотографирани во 2 соби, спална и тоалет! Ќе долови како се справила со пандемијата, 2 години оддалечена од сите, своето семејство, пријатели и од можноста да го работи она што го сака најмногу – портретно фотографирање. Таа вели дека на почетокот била отуѓена од себе и присиленоста да креира сама во тие 2 соби го гледала како пречка. Со надминување на нејзините изговори ја вратила довербата во себеси, решила да биде ранлива и за промена таа да застане пред објективот. Се заљубила во самиот процес на креирање автопортрети и ја потврдила лекцијата – единствена пречка до успехот се нашите мисли. На овој настан со необични фотографии и одлична музика од акустик дуото Полина Тасева и Иван Петровски, публиката ќе се запознае и со самиот процес на креирање на тие фотографии преку Behind the scenes-видеа, информираат организаторите.

The post Изложба на фотографии: „2 соби, пандемија и јас“ appeared first on Република.

]]>
„Жените и фотографијата“- традиционална изложба на фотографии од вечерва во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zenite-i-fotografijata-tradicionalna-izlozba-na-fotografii-od-vecherva-vo-nu-centar-za-kultura-trajko-prokopiev/ Thu, 10 Mar 2022 11:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=470564

Шеесетина фотографии со фокус на положбата на жената денес и на слободна тема ја чинат деветата традиционална изложба „Жените и фотографијата“ што во организација на Фото клуб Куманово, од 10 до 23 март, ќе се одржи во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

 

The post „Жените и фотографијата“- традиционална изложба на фотографии од вечерва во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ appeared first on Република.

]]>

Шеесетина фотографии со фокус на положбата на жената денес и на слободна тема ја чинат деветата традиционална изложба „Жените и фотографијата“ што во организација на Фото клуб Куманово, од 10 до 23 март, ќе се одржи во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.  

The post „Жените и фотографијата“- традиционална изложба на фотографии од вечерва во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ appeared first on Република.

]]>