Фосилни Горива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fosilni-goriva/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 11:20:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фосилни Горива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fosilni-goriva/ 32 32 Еко-свест: Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави обновливата енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-gasniot-interkonektor-mozhe-da-ni-zarobi-nad-700-milioni-evra-i-da-ja-zabavi-obnovlivata-energija/ Thu, 16 Nov 2023 11:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=702109

Со форсирањето на гасниот интерконектор со Грција, земјава може да се заглави уште повеќе од три децении во нова зависност од фосилни горива и да ги потроши парите кои може да се вложат во обновливи извори на енергија, оценува Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест.

Со напуштањето на јагленот и нафтата, наведуваат од Еко-свест, се ризикува да се поврземе за гасот во време кога многу земји од ЕУ забрануваат инсталирање на нови приклучоци поради влијанието врз животната средина и кога се проценува дека цената на овој енергенс само ќе се зголемува поради ризиците во испораката и новите правила на наплата за емисиите на јаглерод диоксид на Европската Унија.

Интерконекторот кој треба да носи гас од Грција ќе ја насочи државата кон комплицирана изградба на гасна мрежа во сите општини што ќе трае долго и според различни сценарија може да чини меѓу 240 и 745 милиони евра. Овие пари може поефикасно да се насочат кон развој на обновливи извори на енергија и забрзување на продирањето на постоечки ефикасни системи за готвење, загревање на вода и на домаќинствата кои користат комбинации од соларни панели и топлински пумпи, се посочува во соопштението.

Дополнително, истражувањето на јавното мислење и фокус групите кои ги спроведе Еко-свест, укажуваат дека повеќе од две третини од испитаниците би се приклучиле на гасна мрежа доколку цената на приклучок изнесува до 300 евра. Меѓутоа, проценката на Еко-свест е дека цената на приклучок нема да биде под 700 евра. Оваа цена пак е прифатлива за само 4 отсто од испитаниците.

Проценката е и дека воведувањето на гасот за домаќинствата ќе придонесе за сериозно изместување на пазарот на уреди за готвење, загревање на водата и на грејни тела со оглед на тоа што гасните уреди досега беа многу малку застапени на тој пазар, а со гасификацијата ќе се јави огромна потреба од нив. Тоа, дополнително ќе го забави преминот кон обновлива енергија кај домаќинствата. За проектот за гасниот цевковод од Грција не беше овозможена отворена консултација со сите засегнати страни во врска со неговото влијание врз животната средина. Интерконекторот од необјаснети причини е поделен на три различни проекти во Грција и Македонија што го прави уште покомплициран за изведба, посочуваат од Центарот.

Гасот како фосилно гориво, енормно ги зголемува емисиите на стакленички гасови, пред сѐ на јаглеродните оксиди. Едно од главните прашања кое се поставува е дали емисиите на стакленички гасови од гасниот интерконектор се во согласност со обврската на земјата да ги намали емисиите на стакленичките гасови до 2030 година, согласно Парискиот договор, велат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави обновливата енергија appeared first on Република.

]]>

Со форсирањето на гасниот интерконектор со Грција, земјава може да се заглави уште повеќе од три децении во нова зависност од фосилни горива и да ги потроши парите кои може да се вложат во обновливи извори на енергија, оценува Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест. Со напуштањето на јагленот и нафтата, наведуваат од Еко-свест, се ризикува да се поврземе за гасот во време кога многу земји од ЕУ забрануваат инсталирање на нови приклучоци поради влијанието врз животната средина и кога се проценува дека цената на овој енергенс само ќе се зголемува поради ризиците во испораката и новите правила на наплата за емисиите на јаглерод диоксид на Европската Унија.
Интерконекторот кој треба да носи гас од Грција ќе ја насочи државата кон комплицирана изградба на гасна мрежа во сите општини што ќе трае долго и според различни сценарија може да чини меѓу 240 и 745 милиони евра. Овие пари може поефикасно да се насочат кон развој на обновливи извори на енергија и забрзување на продирањето на постоечки ефикасни системи за готвење, загревање на вода и на домаќинствата кои користат комбинации од соларни панели и топлински пумпи, се посочува во соопштението.
Дополнително, истражувањето на јавното мислење и фокус групите кои ги спроведе Еко-свест, укажуваат дека повеќе од две третини од испитаниците би се приклучиле на гасна мрежа доколку цената на приклучок изнесува до 300 евра. Меѓутоа, проценката на Еко-свест е дека цената на приклучок нема да биде под 700 евра. Оваа цена пак е прифатлива за само 4 отсто од испитаниците.
Проценката е и дека воведувањето на гасот за домаќинствата ќе придонесе за сериозно изместување на пазарот на уреди за готвење, загревање на водата и на грејни тела со оглед на тоа што гасните уреди досега беа многу малку застапени на тој пазар, а со гасификацијата ќе се јави огромна потреба од нив. Тоа, дополнително ќе го забави преминот кон обновлива енергија кај домаќинствата. За проектот за гасниот цевковод од Грција не беше овозможена отворена консултација со сите засегнати страни во врска со неговото влијание врз животната средина. Интерконекторот од необјаснети причини е поделен на три различни проекти во Грција и Македонија што го прави уште покомплициран за изведба, посочуваат од Центарот.
Гасот како фосилно гориво, енормно ги зголемува емисиите на стакленички гасови, пред сѐ на јаглеродните оксиди. Едно од главните прашања кое се поставува е дали емисиите на стакленички гасови од гасниот интерконектор се во согласност со обврската на земјата да ги намали емисиите на стакленичките гасови до 2030 година, согласно Парискиот договор, велат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Гасниот интерконектор може да ни зароби над 700 милиони евра и да ја забави обновливата енергија appeared first on Република.

]]>
Земјите од Г-20 не постигнаа договор за намалување на фосилните горива, а ни за војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-g-20-ne-postignaa-dogovor-za-namaluvane-na-fosilnite-goriva-a-ni-za-vojnata-vo-ukraina/ Sat, 22 Jul 2023 16:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=664270

Членките на групата Г20 не успеаја да постигнат консензус за постепено укинување на фосилните горива на состанокот во Индија денеска по приговорите на некои земји. Научниците и активистите се револтирани што меѓународните тела го одложуваат спроведувањето на мерките насочени кон спречување на глобалното затоплување. Во исто време, екстремните временски услови од Кина до САД укажуваат на климатската криза со која се соочува светот.

Енергетските претставници на членките на Г-20 требаше да дадат заедничка изјава на крајот на четиридневната средба во Бамболин, град во индиската крајбрежна држава Гоа, но на крајот тие се откажаа од тоа поради меѓусебно несогласување за повеќе прашања. Еден од нив е планираното тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија до 2030 година.

Консензус не беше постигнат ниту во однос на напорите развиените земји до 2025 година да собираат 100 милијарди долари годишно за климатски активности наменети за економиите во развој. Не можеа ни да се договорат за војната во Украина.

Упатени извори велат дека целодневната дискусија главно се однесувала на употребата на фосилни горива, но надлежните не успеале да постигнат консензус кога станува збор за нивната намалена употреба.

Индискиот министер за енергетика Р.К. Синг на брифингот за печатот по конференцијата изјави дека некои земји сакаат да ги искористат предностите од задржувањето на јаглерод диоксид од атмосферата наместо да работат на постепено исфрлање на фосилните горива.

Екстракција и складирање на јаглерод диоксид е технологија чија цел е да ги намали емисиите на CO2, создадени со употреба на фосилни извори на енергија, во атмосферата. На овој начин се ублажува влијанието на употребата на фосилни горива врз глобалното затоплување. Синг не откри за кои земји станува збор.

Но, познато е дека главните производители на фосилни горива - Саудиска Арабија, Русија, Кина, Јужна Африка и Индонезија се против целта за тројно зголемување на капацитетот на обновливите извори на енергија во оваа деценија.

The post Земјите од Г-20 не постигнаа договор за намалување на фосилните горива, а ни за војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Членките на групата Г20 не успеаја да постигнат консензус за постепено укинување на фосилните горива на состанокот во Индија денеска по приговорите на некои земји. Научниците и активистите се револтирани што меѓународните тела го одложуваат спроведувањето на мерките насочени кон спречување на глобалното затоплување. Во исто време, екстремните временски услови од Кина до САД укажуваат на климатската криза со која се соочува светот. Енергетските претставници на членките на Г-20 требаше да дадат заедничка изјава на крајот на четиридневната средба во Бамболин, град во индиската крајбрежна држава Гоа, но на крајот тие се откажаа од тоа поради меѓусебно несогласување за повеќе прашања. Еден од нив е планираното тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија до 2030 година. Консензус не беше постигнат ниту во однос на напорите развиените земји до 2025 година да собираат 100 милијарди долари годишно за климатски активности наменети за економиите во развој. Не можеа ни да се договорат за војната во Украина. Упатени извори велат дека целодневната дискусија главно се однесувала на употребата на фосилни горива, но надлежните не успеале да постигнат консензус кога станува збор за нивната намалена употреба. Индискиот министер за енергетика Р.К. Синг на брифингот за печатот по конференцијата изјави дека некои земји сакаат да ги искористат предностите од задржувањето на јаглерод диоксид од атмосферата наместо да работат на постепено исфрлање на фосилните горива. Екстракција и складирање на јаглерод диоксид е технологија чија цел е да ги намали емисиите на CO2, создадени со употреба на фосилни извори на енергија, во атмосферата. На овој начин се ублажува влијанието на употребата на фосилни горива врз глобалното затоплување. Синг не откри за кои земји станува збор. Но, познато е дека главните производители на фосилни горива - Саудиска Арабија, Русија, Кина, Јужна Африка и Индонезија се против целта за тројно зголемување на капацитетот на обновливите извори на енергија во оваа деценија.

The post Земјите од Г-20 не постигнаа договор за намалување на фосилните горива, а ни за војната во Украина appeared first on Република.

]]>