форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/forum/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 15:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png форум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/forum/ 32 32 Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kreativnite-industrii-mozhat-da-bidat-dvigatel-na-ekonomijata-tvrdat-vrvni-profesionaltsi-od-velika-britanija/ Tue, 26 Nov 2024 17:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=842007

„Форум Скопје – Секторски консултации“ во Јавна соба: Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија

Креативните индустрии се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, рече Даниел Филер, заменик амбасадор на Велика Британија во земјава.

Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, и пренесе дел од неговото огромно искуство кое придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари.

Креативниот потенција кој го поседува Македонија, доколку е добро организиран може да биде еден од водечките двигатели на економијата, а потребно да се оформи добра стратегија со помош на интерактивно делување меѓу креативците и државата, беа клучните воведни зборови со кои беше отворен „Форум Скопје – Секторски консултации“ - во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии - УМПАКИ.

Форумот го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека креативните индустрии, во последните години во глобални рамки се покажаа како исклучително продуктивна и профитабилна област која нуди широк простор за презентирање на вештината, имагинацијата и талентот на креативците и нивно соодветно валоризирање на пазарот.

“Министерството за култура и туризам во рамки на преземените активности во фаза е формирање е Совет за креативни индустрии составен од стручни лица, кои ќе изработат Национална стратегија за развој на креативните индустрии со Акциски план, а се преземаат подготвителни активности за изработка на ново мапирање на креативните индустрии во РМ, по што ќе го објавиме и Конкурсот за финансирање проекти од оваа област. Од тие причини верувам дека токму денешниот настан ќе биде одлична можност за размена на мислења, знаења и искуства за реализација на различни проекти кои ќе го зголемат влијанието на креативната економија и ќе ја збогатат културната понуда во земјава. Сето тоа ќе отвори нови можности за културна размена и соработка, ќе придонесе за подобрување на културниот дијалог и развој на локалната културна сцена, ќе им овозможи на уметниците и дејците да се поврзат, да разменуваат идеи и да учествуваат во меѓународни проекти.“, рече Љутков.

Заменик амбасадор на ОК, Даниел Филер, рече дека искуството на Велика Британија покажува дека креативната индустрија од маргинализирана, сега е еден од петте водечки двигатели на економијата.

-Веќе неколку дена во Скопје разговараме за оваа важна тема за секоја држава и се радувам на соработката со Министерството за култура, бидејќи има сензибилитет за развој на креативните индустрии. Колку за пример Велика Британија во 2022 година во севкупната економија инкасираше 124 милјарди фунти со што стана една од петте водечки индустрии, и натаму бележи раст. Креативните индустрии бележат двојно побрз раст на економијата од сите останати индустрии. Тие се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, и се атрактивни за туризмот. Се надевам дека ќе продолжиме со соработката и во иднина вашата држава ќе покаже многу резултат, со оглед на троа што има голем креативен потенцијал, рече Филер.

Кирил Ѓозев од Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии - УМПАКИ. Како претставник на УМПАКИ, истакна дека заедничката визија за развој на креативните индустрии се доближува кон својата цел и се надева дека со креативците заедно ќе се изградат мостови со нови партнери.

-Благодарен сум на можноста да разговараме за унапредување на креативната економија. Како организација наша задача е да обезбедиме дека гласовите на креативците ќе бидат слушнати, а со заедничко дејствување ќе ја обликуваме нашата економија и нашето општество, рече Ѓозев.

Во присуство на претставници на креативните индустрии, медиумите и останати заинтересирани посетители на форумот, Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, по што следуваа дискусии за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци дискутираат со своите колеги на следниве теми: Градење нов идентитет преку големи културни настани; Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа); Образование за креативни кариери; Подобрување на условите за креативна продукција;

Брајдон е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на ниво на град, на регион и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен културен стратег, директор на фестивали и големи настани, едукатор како и уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија и Шкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари.

Покрај него во Скопје е и Сузан Финеган, комерцијален директор на секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа е дел од тимот кој стои зад успехот на Ливерпул - град на културата во 2008 година и Ливерпул - домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа национални награди и признанија.

Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни индустрии“, свои искуства пренесоа и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни индустрии и дигитална патоказна стратегија - West Midlands Combined Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и вклучување на младите - London Legacy Development Corporation

Овој форум е континуитет на конференцијата за развој на креативниот туризам која се одржа за време на Skopje Design Week 2024 и беше прва јавна дискусија по спојувањето на Министерството за култура со секторот туризам.

The post Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија appeared first on Република.

]]>

„Форум Скопје – Секторски консултации“ во Јавна соба: Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија Креативните индустрии се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, рече Даниел Филер, заменик амбасадор на Велика Британија во земјава. Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, и пренесе дел од неговото огромно искуство кое придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари. Креативниот потенција кој го поседува Македонија, доколку е добро организиран може да биде еден од водечките двигатели на економијата, а потребно да се оформи добра стратегија со помош на интерактивно делување меѓу креативците и државата, беа клучните воведни зборови со кои беше отворен „Форум Скопје – Секторски консултации“ - во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии - УМПАКИ. Форумот го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој потенцираше дека креативните индустрии, во последните години во глобални рамки се покажаа како исклучително продуктивна и профитабилна област која нуди широк простор за презентирање на вештината, имагинацијата и талентот на креативците и нивно соодветно валоризирање на пазарот. “Министерството за култура и туризам во рамки на преземените активности во фаза е формирање е Совет за креативни индустрии составен од стручни лица, кои ќе изработат Национална стратегија за развој на креативните индустрии со Акциски план, а се преземаат подготвителни активности за изработка на ново мапирање на креативните индустрии во РМ, по што ќе го објавиме и Конкурсот за финансирање проекти од оваа област. Од тие причини верувам дека токму денешниот настан ќе биде одлична можност за размена на мислења, знаења и искуства за реализација на различни проекти кои ќе го зголемат влијанието на креативната економија и ќе ја збогатат културната понуда во земјава. Сето тоа ќе отвори нови можности за културна размена и соработка, ќе придонесе за подобрување на културниот дијалог и развој на локалната културна сцена, ќе им овозможи на уметниците и дејците да се поврзат, да разменуваат идеи и да учествуваат во меѓународни проекти.“, рече Љутков. Заменик амбасадор на ОК, Даниел Филер, рече дека искуството на Велика Британија покажува дека креативната индустрија од маргинализирана, сега е еден од петте водечки двигатели на економијата. -Веќе неколку дена во Скопје разговараме за оваа важна тема за секоја држава и се радувам на соработката со Министерството за култура, бидејќи има сензибилитет за развој на креативните индустрии. Колку за пример Велика Британија во 2022 година во севкупната економија инкасираше 124 милјарди фунти со што стана една од петте водечки индустрии, и натаму бележи раст. Креативните индустрии бележат двојно побрз раст на економијата од сите останати индустрии. Тие се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, и се атрактивни за туризмот. Се надевам дека ќе продолжиме со соработката и во иднина вашата држава ќе покаже многу резултат, со оглед на троа што има голем креативен потенцијал, рече Филер. Кирил Ѓозев од Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии - УМПАКИ. Како претставник на УМПАКИ, истакна дека заедничката визија за развој на креативните индустрии се доближува кон својата цел и се надева дека со креативците заедно ќе се изградат мостови со нови партнери. -Благодарен сум на можноста да разговараме за унапредување на креативната економија. Како организација наша задача е да обезбедиме дека гласовите на креативците ќе бидат слушнати, а со заедничко дејствување ќе ја обликуваме нашата економија и нашето општество, рече Ѓозев. Во присуство на претставници на креативните индустрии, медиумите и останати заинтересирани посетители на форумот, Енди Брајдон кој e основач на меѓународната уметничка организација Curated Place, одржа извонредна презентација, по што следуваа дискусии за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци дискутираат со своите колеги на следниве теми: Градење нов идентитет преку големи културни настани; Зајакнување на комуникацијата во секторот (градење мрежа); Образование за креативни кариери; Подобрување на условите за креативна продукција; Брајдон е обучен антрополог чија специјалност е културно позиционирање на ниво на град, на регион и на хипер-локално ниво. Тој е признат и искусен културен стратег, директор на фестивали и големи настани, едукатор како и уметнички продуцент. Има освоено престижни национални награди во Англија и Шкотска. Неговото огромно искуство придонело да ги трансформира местата преку културни настани и перформанси во соработка со тимови за развој на град, визуелни и дигитални уметници, композитори, перформери и музичари. Покрај него во Скопје е и Сузан Финеган, комерцијален директор на секторот култура во Ливерпул, која има над 20 годишно искуство во менаџмент на настани, стратегија на дестинација, и бренд активација. Таа е дел од тимот кој стои зад успехот на Ливерпул - град на културата во 2008 година и Ливерпул - домаќин на Евровизија во 2023. Нејзината работа е признаена и преку низа национални награди и признанија. Покрај овие искусни професионалци во рамки на „Форумoт за креативни индустрии“, свои искуства пренесоа и: Хејли Пеплер, Раководител на Култура, Креативни индустрии и дигитална патоказна стратегија - West Midlands Combined Authority, како и Лејла Конвеј, Раководител на образование, кариера и вклучување на младите - London Legacy Development Corporation Овој форум е континуитет на конференцијата за развој на креативниот туризам која се одржа за време на Skopje Design Week 2024 и беше прва јавна дискусија по спојувањето на Министерството за култура со секторот туризам.

The post Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sreken-sum-shto-vo-mvr-se-ushte-ima-luge-koi-si-ja-sakaat-makedonija-veli-ministerot/ Thu, 14 Nov 2024 11:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=837602

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема: Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека во овој краток временски период додека е министер, докажале дека предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка и оти конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото.

Тошковски говореше за преземените сеопфатни акции од страна на МВР во изминатиот период, под раководство на Обвинителството за борба против организиран криминал и висока корупција.

Една од позитивните работи што морам да ги истакнам во рамки на МВР, е дека се уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија и луѓе кои се професионалци и сакаат да работат за интересите на државата. И тоа е она што треба да биде позитивен сигнал и за македонските граѓани, односно со професионална, чесна и посветена работа. Докажавме дека и во овој краток временски период предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка, и конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото, а институциите ќе се ослободат од луѓето кои не и мислат добро на оваа држава и кои ја злоупотребувале оваа држава за свој личен интерес, нагласи Тошковски.

Министерот посочи дека кога дошол на функција, затекнал, како што кажа, катастрофа во работењето на Министерството, пред се од аспект на работењето на Министерството.

Она што го затекнав беше катастрофа од многу аспекти, од функционалноста на работењето на Министерството, состојбите во коишто се наоѓавме како Министерство, и кога ќе начекате таква круцијална институција во таква состојба каква што ја начекав јас, тешко е да дојдете до вистински резултати што треба да резултираат со борба прортив висоиката корупција и организираниот криминал... Но за среќа, мислам дека тоа е и на очиглед на јавноста, покажавме дека дури и за овој краток временски период и со овие ресурси со кои располагаме, покажавме дека можеме да видиме еден одлично сработен предмет каде што еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители повеќе не се дел од еден рекетарски систем којшто институционално си го граделе многу години наназад, и со правосилна пресуда, повеќе не се дел од институциите и нема да ги рекетираат македонските граѓани во иднина, посочи Тошковски.

https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=pPZJoVRZCZp9ryFe

The post Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема: Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ денеска во Владата, рече дека во овој краток временски период додека е министер, докажале дека предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка и оти конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото. Тошковски говореше за преземените сеопфатни акции од страна на МВР во изминатиот период, под раководство на Обвинителството за борба против организиран криминал и висока корупција.
Една од позитивните работи што морам да ги истакнам во рамки на МВР, е дека се уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија и луѓе кои се професионалци и сакаат да работат за интересите на државата. И тоа е она што треба да биде позитивен сигнал и за македонските граѓани, односно со професионална, чесна и посветена работа. Докажавме дека и во овој краток временски период предмети кои се од висок интерес ќе бидат процесуирани соодветно во рамки на законско утврдена постапка, и конечно криминалците ќе бидат таму каде што им е местото, а институциите ќе се ослободат од луѓето кои не и мислат добро на оваа држава и кои ја злоупотребувале оваа држава за свој личен интерес, нагласи Тошковски.
Министерот посочи дека кога дошол на функција, затекнал, како што кажа, катастрофа во работењето на Министерството, пред се од аспект на работењето на Министерството.
Она што го затекнав беше катастрофа од многу аспекти, од функционалноста на работењето на Министерството, состојбите во коишто се наоѓавме како Министерство, и кога ќе начекате таква круцијална институција во таква состојба каква што ја начекав јас, тешко е да дојдете до вистински резултати што треба да резултираат со борба прортив висоиката корупција и организираниот криминал... Но за среќа, мислам дека тоа е и на очиглед на јавноста, покажавме дека дури и за овој краток временски период и со овие ресурси со кои располагаме, покажавме дека можеме да видиме еден одлично сработен предмет каде што еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители повеќе не се дел од еден рекетарски систем којшто институционално си го граделе многу години наназад, и со правосилна пресуда, повеќе не се дел од институциите и нема да ги рекетираат македонските граѓани во иднина, посочи Тошковски.
https://youtu.be/TPvm69H0GxQ?si=pPZJoVRZCZp9ryFe

The post Среќен сум што во МВР сè уште има луѓе кои си ја сакаат Македонија, вели министерот appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sledete-vo-zhivo-premierot-hristijan-mitskoski-ke-prisustvuva-na-biznis-forumot-dijalog-pomegu-biznis-sektorot-i-vladata/ Thu, 14 Nov 2024 10:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=837547

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“.

-Денеска со почеток од 12:00 часот претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО), во хотел Хилтон, Скопје информираат од прес-центарот на Владата.

https://www.youtube.com/watch?v=6ht50GC_dBA

The post Следете во живо: Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“. -Денеска со почеток од 12:00 часот претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на стопанската комора на Македонија-Турција (МАТО), во хотел Хилтон, Скопје информираат од прес-центарот на Владата. https://www.youtube.com/watch?v=6ht50GC_dBA

The post Следете во живо: Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“ appeared first on Република.

]]>
6. издание на МакеКоПроДокс форум од 19 до 21 август во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/6-izdanie-na-makekoprodoks-forum-od-19-do-21-avgust-vo-mkts/ Wed, 21 Aug 2024 15:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=808724

Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот во рамки на 15. „МакеДокс“ се одржува од 19 до 21 август во МКЦ. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски центри, професионалци од областа на документарниот филм и од филмската индустрија и 9 проекти што се во различни фази на продукција, избрани преку отворен повик.

Форумот беше отворен на 19 август со претставување на проектите и авторите кои учествуваа на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „МакеДокс“, која ја модерираа Кумјана Новакова и Влад Петри. Во присуство на менторите беа претставени четири документарни филмски проекти кои се во фаза на развој.

Во рамки на сесијата беа претставени проектите „Forget me not“ на Ања Медвед од Словенија, „Journey... far away from Africa“ на Разван Марчис од Романија, „The gods must be mistaken“ на Јакоб Кресе како копродукциски проект помеѓу Словенија, Германија, Италија и Хрватска, и проектот „We hid everything important!“ на Карла Црнчевиќ од Хрватска. Менторите на работилницата истакнаа дека станува збор за интересни проекти кои заслужуваат поддршка за понатамошен развој.

Модератори и ментори на тридневниот форум се Хеле Хансен (консултантка за документарен филм, поранешна филмска застапничка за документаристика во Норвешкиот и Данскиот институт), Бриџид О’Шеа (коосновачка на Документарното здружение на Европа), Зејнеп Ѓузел (раководителка на „Doc Station“ во рамки на Програмата за таленти на „Берлинале“, виша консултантка во Документарното здружение на Европа) и продуцентот Виктор Еде (Cinephage Productions) од Франција.

Втора сесија на форумот беше панелот „Архивски материјали и дигитализација“, кој го модерираше Хеле Хансен. Учесници на панелот беа Ериона Вишка од Албанскиот национален архив, Александар Трајковки од Кинотеката на С Македонија и филмските автори Кумјана Новакова и Влад Петри. Дискусијата на панелот се одвиваше помеѓу две позиции – потребата за дигитализирање на архивските снимки и потребите на филмските автори. Влад Петри и Кумјана Новакова низ искуствата на своите филмови „Помеѓу револуциите“, односно „Молкот на разумот“, истакнаа дека авторите се соочуваат со многу тешкотии во наоѓање на архивски материјали за своите филмови. Ериона Вишка од Албанскиот национален архив објасни дека 70 проценти од материјалите што ги поседуваат веќе се дигитализирани и објавени во каталог. Претставникот на македонската Кинотека, Александар Трајковски, рече дека неговата работна позиција е на дигитализација на архивски материјали и дека прават сѐ што е можно во условите во кои се наоѓа неговата установа да се дигитализираат повеќе архивски снимки.

Третата сесија на форумот беше со акцент на презентација на документарните архиви преку „Док Архив Маркет“, кој беше презентиран од директорката на „Док Индустри“ на фестивалот „Док Лајпциг“, Надја Тенстед. Таа ги претстави сите сегменти на професионалниот маркет за архиви, кој ќе се одржи од 28 октомври до 3 ноември оваа година. На маркетот се вклучени најголемите светски платформи за фотографија и видео со нивните архиви што се создавани со години наназад. Директорката Тенстед истакна дека маркетот е создаден со цел да се избегне комплексниот бирократски апарат за добивање информација од државните архиви и да се даде можност за полесен пристап до приватните архиви.

Дел од истата сесија беше и презентацијата на „Документарница“, лабораторија за развој на документарни филмови од Словенија, којашто е создадена од Словенечкиот филмски центар и Друштвото на режисери од Словенија. Презентацијата ја одржа режисерката Петра Селишкар. Станува збор за заедница на словенечките документаристи, кои изнаоѓаат нови и креативни форми на взаемна поддршка во процесот на создавање на креативните документарни филмови.

Во рамки на четвртата сесија на 19 август во соработка со Францускиот институт и Француската амбасада се одржа панел помеѓу претставници на балканските филмски центри и продуценти од Франција, а на панелот се зборуваше за договорите за копродукција помеѓу балканските држави и Франција. Модератор на сесијата беше Хеле Хансен, а учествуваа францускиот продуцент Виктор Еде, продуцентката Морана Икиќ Комљеновиќ од Хрватскиот аудиовизуелен центар и Јана Сари, директорка за промоција при „Хелас филм“ од Грција. Заклучок од дискусијата беше дека има многу малку копродукции помеѓу Франција и балканските држави, бидејќи француските продуценти создаваат високобуџетни продукции, а буџетските можности на балканските продуценти се мали, и тоа се причините што тешко се потпишуваат договори. Хеле Хансен инсистираше да се најде начин како да се надмине проблемот.

Форумот продолжи и на 20 август со поединечни пичинг-сесии помеѓу филмски автори носители на проекти и професионални претставници од филмски центри, продукции и фестивали. На крајот од сесиите ќе бидат објавени и наградените проекти. Раководител на индустри програмата на „МакеДокс“ е Сара Ферро.

The post 6. издание на МакеКоПроДокс форум од 19 до 21 август во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот во рамки на 15. „МакеДокс“ се одржува од 19 до 21 август во МКЦ. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски центри, професионалци од областа на документарниот филм и од филмската индустрија и 9 проекти што се во различни фази на продукција, избрани преку отворен повик.

Форумот беше отворен на 19 август со претставување на проектите и авторите кои учествуваа на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „МакеДокс“, која ја модерираа Кумјана Новакова и Влад Петри. Во присуство на менторите беа претставени четири документарни филмски проекти кои се во фаза на развој.

Во рамки на сесијата беа претставени проектите „Forget me not“ на Ања Медвед од Словенија, „Journey... far away from Africa“ на Разван Марчис од Романија, „The gods must be mistaken“ на Јакоб Кресе како копродукциски проект помеѓу Словенија, Германија, Италија и Хрватска, и проектот „We hid everything important!“ на Карла Црнчевиќ од Хрватска. Менторите на работилницата истакнаа дека станува збор за интересни проекти кои заслужуваат поддршка за понатамошен развој.

Модератори и ментори на тридневниот форум се Хеле Хансен (консултантка за документарен филм, поранешна филмска застапничка за документаристика во Норвешкиот и Данскиот институт), Бриџид О’Шеа (коосновачка на Документарното здружение на Европа), Зејнеп Ѓузел (раководителка на „Doc Station“ во рамки на Програмата за таленти на „Берлинале“, виша консултантка во Документарното здружение на Европа) и продуцентот Виктор Еде (Cinephage Productions) од Франција.

Втора сесија на форумот беше панелот „Архивски материјали и дигитализација“, кој го модерираше Хеле Хансен. Учесници на панелот беа Ериона Вишка од Албанскиот национален архив, Александар Трајковки од Кинотеката на С Македонија и филмските автори Кумјана Новакова и Влад Петри. Дискусијата на панелот се одвиваше помеѓу две позиции – потребата за дигитализирање на архивските снимки и потребите на филмските автори. Влад Петри и Кумјана Новакова низ искуствата на своите филмови „Помеѓу револуциите“, односно „Молкот на разумот“, истакнаа дека авторите се соочуваат со многу тешкотии во наоѓање на архивски материјали за своите филмови. Ериона Вишка од Албанскиот национален архив објасни дека 70 проценти од материјалите што ги поседуваат веќе се дигитализирани и објавени во каталог. Претставникот на македонската Кинотека, Александар Трајковски, рече дека неговата работна позиција е на дигитализација на архивски материјали и дека прават сѐ што е можно во условите во кои се наоѓа неговата установа да се дигитализираат повеќе архивски снимки.

Третата сесија на форумот беше со акцент на презентација на документарните архиви преку „Док Архив Маркет“, кој беше презентиран од директорката на „Док Индустри“ на фестивалот „Док Лајпциг“, Надја Тенстед. Таа ги претстави сите сегменти на професионалниот маркет за архиви, кој ќе се одржи од 28 октомври до 3 ноември оваа година. На маркетот се вклучени најголемите светски платформи за фотографија и видео со нивните архиви што се создавани со години наназад. Директорката Тенстед истакна дека маркетот е создаден со цел да се избегне комплексниот бирократски апарат за добивање информација од државните архиви и да се даде можност за полесен пристап до приватните архиви.

Дел од истата сесија беше и презентацијата на „Документарница“, лабораторија за развој на документарни филмови од Словенија, којашто е создадена од Словенечкиот филмски центар и Друштвото на режисери од Словенија. Презентацијата ја одржа режисерката Петра Селишкар. Станува збор за заедница на словенечките документаристи, кои изнаоѓаат нови и креативни форми на взаемна поддршка во процесот на создавање на креативните документарни филмови.

Во рамки на четвртата сесија на 19 август во соработка со Францускиот институт и Француската амбасада се одржа панел помеѓу претставници на балканските филмски центри и продуценти од Франција, а на панелот се зборуваше за договорите за копродукција помеѓу балканските држави и Франција. Модератор на сесијата беше Хеле Хансен, а учествуваа францускиот продуцент Виктор Еде, продуцентката Морана Икиќ Комљеновиќ од Хрватскиот аудиовизуелен центар и Јана Сари, директорка за промоција при „Хелас филм“ од Грција. Заклучок од дискусијата беше дека има многу малку копродукции помеѓу Франција и балканските држави, бидејќи француските продуценти создаваат високобуџетни продукции, а буџетските можности на балканските продуценти се мали, и тоа се причините што тешко се потпишуваат договори. Хеле Хансен инсистираше да се најде начин како да се надмине проблемот.

Форумот продолжи и на 20 август со поединечни пичинг-сесии помеѓу филмски автори носители на проекти и професионални претставници од филмски центри, продукции и фестивали. На крајот од сесиите ќе бидат објавени и наградените проекти. Раководител на индустри програмата на „МакеДокс“ е Сара Ферро.

The post 6. издание на МакеКоПроДокс форум од 19 до 21 август во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-spravuvaneto-so-ilegalnata-migratsija-i-ostanatite-formi-na-prekugranichen-kriminal-se-eden-od-nashite-glavni-prioriteti/ Wed, 26 Jun 2024 13:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=791011

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој учествува на министерската конференција во рамки на Салзбуршкиот форум денеска имаше свое обраќање, во кое, како што се наведува во соопштението од МВР, истакна дека стратешки приоритет на нашата држава е интеграција во европското семејство.

Од наша страна ќе бидат вложени максимални напори за обезбедување на неприкосновено владеење на правото, спроведување на законите и зајакнување на правната држава, рече министерот Тошковски.

Тошковски потенцирал дека миграциските текови долж т.н. Источно-Медитеранска рута и понатаму се еден од главните предизвици на Министерството за внатрешни работи.

Во таа насока управувањето и зајакнувањето на границите, справувањето со илегалната миграција, како и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети, но во исто време и еден од нашите предизвици, рече Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите на Западен Балкан е зацврстувањето на меѓународната доверба, зголемена размена на информации, заеднички пристап, координација и соработка кои се главен предуслов за успешно справување со предизвиците на управување со миграциите, се наведува во соопштението од МВР.

The post Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој учествува на министерската конференција во рамки на Салзбуршкиот форум денеска имаше свое обраќање, во кое, како што се наведува во соопштението од МВР, истакна дека стратешки приоритет на нашата држава е интеграција во европското семејство.
Од наша страна ќе бидат вложени максимални напори за обезбедување на неприкосновено владеење на правото, спроведување на законите и зајакнување на правната држава, рече министерот Тошковски.
Тошковски потенцирал дека миграциските текови долж т.н. Источно-Медитеранска рута и понатаму се еден од главните предизвици на Министерството за внатрешни работи.
Во таа насока управувањето и зајакнувањето на границите, справувањето со илегалната миграција, како и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети, но во исто време и еден од нашите предизвици, рече Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите на Западен Балкан е зацврстувањето на меѓународната доверба, зголемена размена на информации, заеднички пристап, координација и соработка кои се главен предуслов за успешно справување со предизвиците на управување со миграциите, се наведува во соопштението од МВР.

The post Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mozhebi-sme-mali-megutoa-sme-vazhni-koga-stanuva-zbor-za-pripojuvaneto-so-sosednite-zemji-i-pazari/ Tue, 11 Jun 2024 10:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=786505

Денес на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), мандатарот Христијан Мицкоски порача „можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар“.

Мицкоски вели дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и централно-источна Европа.

Според Мицкоски, паралелно со енергетската транзиција, земјава ќе мора да ги имаме предвид и социјалните аспекти, а ќе мора да се грижи и за загревањето, зашто и загадувањето треба да биде меѓу клучните приоритети.

Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари, па често велам дека многу важен дел сме во однос на енергетската мрежа во овој дел во светот. Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување, од една страна, зашто тековно сме земја која увезува и да креираме одржливи решенија, од друга страна, да го реорганизираме нашиот пазар на електрична енергија па наместо да увезуваме, да извезуваме струија. Тоа ќе го избалансира нашето портфолио и ќе придонесе за раст на домашниот производ и за поддршка на економијата - рече Мицкоски.

Пред него се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, со порака дека енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои треба да ги надминат партиските политики. Таа оцени и дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.

Со интерконекторот Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.

Учесниците на Форумот ќе ги отворат прашањата за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, за трансформација на енергетската инфраструктура, за еколошка одржливост, за примената на технологијата и иновациите, како и за финансирањето на реформите кон зелена транзиција.

The post Мицкоски: Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари appeared first on Република.

]]>

Денес на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), мандатарот Христијан Мицкоски порача „можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции. Треба да се земе предвид реалноста и да не се потцени овој мал, кревок пазар“. Мицкоски вели дека енергетската ефикасност ќе биде приоритет на идната влада, но и дека завршувањето на грчко-македонскиот гасовод нема да ја комплетира сликата без дополнителни интерконектори кон централна и централно-источна Европа. Според Мицкоски, паралелно со енергетската транзиција, земјава ќе мора да ги имаме предвид и социјалните аспекти, а ќе мора да се грижи и за загревањето, зашто и загадувањето треба да биде меѓу клучните приоритети.
Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари, па често велам дека многу важен дел сме во однос на енергетската мрежа во овој дел во светот. Нашиот најголем приоритет во иднина ќе биде да ги балансираме енергетското тргување, од една страна, зашто тековно сме земја која увезува и да креираме одржливи решенија, од друга страна, да го реорганизираме нашиот пазар на електрична енергија па наместо да увезуваме, да извезуваме струија. Тоа ќе го избалансира нашето портфолио и ќе придонесе за раст на домашниот производ и за поддршка на економијата - рече Мицкоски.
Пред него се обрати американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, со порака дека енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои треба да ги надминат партиските политики. Таа оцени и дека земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето. Со интерконекторот Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата од јаглен кон други извори, потенцира Агелер, потсетувајќи дека земјава ја има поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција. Учесниците на Форумот ќе ги отворат прашањата за воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, за трансформација на енергетската инфраструктура, за еколошка одржливост, за примената на технологијата и иновациите, како и за финансирањето на реформите кон зелена транзиција.

The post Мицкоски: Можеби сме мали, меѓутоа сме важни кога станува збор за припојувањето со соседните земји и пазари appeared first on Република.

]]>
Во Музеј на Македонија ќе се одржи форум „Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-muzej-na-makedonija-ke-se-odrzhi-forum-opasnost-po-kulturnoto-nasledstvo-pri-voeni-konflikti-sostojbi-obvrski-i-merki-za-zashtita/ Mon, 13 Nov 2023 14:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=701141

На 15 ноември (среда) во кино салата на Музеј на Република Македонија, со почеток од 12 часот Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со Музеј на Република Македонија организираат форум, насловен како „Опасност по културното наследство при воени конфликти - состојби, обврски и мерки за заштита“.

Главна цел на форумот е акцентирање на значењето на превентивната заштита на културно наследство и соодветната реакција која треба да ја понудат институциите од културата во случаи на воени конфликти.

Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post Во Музеј на Македонија ќе се одржи форум „Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“ appeared first on Република.

]]>

На 15 ноември (среда) во кино салата на Музеј на Република Македонија, со почеток од 12 часот Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со Музеј на Република Македонија организираат форум, насловен како „Опасност по културното наследство при воени конфликти - состојби, обврски и мерки за заштита“. Главна цел на форумот е акцентирање на значењето на превентивната заштита на културно наследство и соодветната реакција која треба да ја понудат институциите од културата во случаи на воени конфликти. Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post Во Музеј на Македонија ќе се одржи форум „Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“ appeared first on Република.

]]>
Изјавите на Макрон и Шарл Мишел се потврда дека нема никакви гаранции, дури и ако Македонија ги направи отстапките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izjavite-na-makron-i-sharl-mishel-se-potvrda-deka-nema-nikakvi-garantsii-duri-i-ako-makedonija-gi-napravi-otstapkite/ Tue, 29 Aug 2023 11:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=676905

Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги испопни, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на францускиот претседател Макрон дека ЕУ прво треба да се рефомира, па да прима нови членки со различни брзини.

Во однос на изјавата на Шарл Мишел за проширување на ЕУ во 2030 година, Митева одговори дека од друга страна ја имаме изјавата на Макрон што потврда за немањето на гаранции и дека власта сама на себе прифати обврски кои не може да ги исполни.

Од една страна ја имаме оваа изјава, а од друга страна имаме изјава од Макрон кој вели дека ЕУ прво треба да се реформира па потоа да прима нови членки. Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги исполни, истакна Митева.

The post Изјавите на Макрон и Шарл Мишел се потврда дека нема никакви гаранции, дури и ако Македонија ги направи отстапките appeared first on Република.

]]>

Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги испопни, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на францускиот претседател Макрон дека ЕУ прво треба да се рефомира, па да прима нови членки со различни брзини.
Во однос на изјавата на Шарл Мишел за проширување на ЕУ во 2030 година, Митева одговори дека од друга страна ја имаме изјавата на Макрон што потврда за немањето на гаранции и дека власта сама на себе прифати обврски кои не може да ги исполни.
Од една страна ја имаме оваа изјава, а од друга страна имаме изјава од Макрон кој вели дека ЕУ прво треба да се реформира па потоа да прима нови членки. Тоа е само потврда за она што го говориме дека нема никакви гаранции дека дури и да се направат овие отстапки Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ. Грешка на нашата власт е што целиот процес го водеше брзоплето и со ветувања кои сега не може да ги исполни, истакна Митева.

The post Изјавите на Макрон и Шарл Мишел се потврда дека нема никакви гаранции, дури и ако Македонија ги направи отстапките appeared first on Република.

]]>
Безбедносен форум во Охрид: Војната во Украина дополнителен притисок врз безбедносната ситуација на Западниот Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bezbednosen-forum-vo-ohrid-vojnata-vo-ukraina-dopolnitelen-pritisok-vrz-bezbednosnata-situatsija-na-zapadniot-balkan/ Sat, 26 Aug 2023 11:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=675999

Теми од областа на безбедносната и регионалната соработка, со прашања од областа на критичната инфраструктура, геополитичката ситуација и како таа се имплицира врз регионот, секако и од аспект на ситуацијата околу Украина, ќе бидат дискутирани и разгледувани на регионалниот Безбедносен форум „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западниот Балкан“ што во организација на НАТО – Маршал алумни организацијата од денеска се одржува во Охрид.

Оценка на учесниците на работилницата, меѓу кои професори од САД, од НАТО-колеџот во Рим, професори, експерти и дипломати од областа безбедноста од балканските држави и ЕУ е дека настаните во Украина и надворешната пропаганда претставуваат дополнителен притисок врз просторот на Балканот, регион што веќе го носи епитетот политички нестабилно подрачје.

Нерешената ситуација околу статусот и внатрешната стабилност на Босна и Херцеговина, потоа односите на релација Белград – Приштина, влијанијата врз внатрешните работи во Црна Гора со слабите институции, поделеноста на безбедносниот сектор во земјата, познатиот став на Бугарија кон Македонија, за експертите претставуваат прашања што дополнително го прават регионот ранлив и подложен на надворешни влијанија за остварување некакви интереси.

– Ситуацијата на Балканот во многу ќе зависи од исходот од кризата во Украина. Доколку Русија успее во Украина тоа нема да е добро по Западен Балкан оттаму што тоа ќе создаде нови апетити, Србија паритетно на Русија незадоволна од губењето територии може да покрене слична постапка…Од друга страна, ако Русија не победи ќе има обиди да се дестабилизира Западниот Балкан и на тој начин да се наштети на ЕУ и роцесот на интеграција на регионот во Унијата, процени професорот Мехмедин Тахировиќ од Црна Гора.

Според него, она што е симптоматично за регионот е дека времето покажува оти проблемите не се решаваат.

– Дали има некакви други намери за прекомпозиции на Балканот за кои сме зборувале и што Јанша ги соопшти, тоа ќе видиме. Времето покажува дека работите на Балканот не се решаваат. Клучното прашање е зошто. Ние сме во НАТО, и Северна Маедонија и Црна Гора, кандидати сме за ЕУ, а проблемите не се решаваат. Сметам дека се чека на безбедносно решение по однос нерешените територијални прашања, а дури потоа ќе се овозможи на земјите од Западен Балкан напредок во евроинтегративниот процес. На крајот сето тоа ќе зависи од исходнот на војната меѓу Русија и Украина, дали регионот ќе биде во втор или во прв план, рече професорот Тахировиќ.

Професорот Методи Хаџи-Јанев цени дека безбедносната ситуација во регионот се движи во сите можни насоки, а внатрешните проблеми во земјите од регионот стануваат основен апатет за оние што сакаат да ги искористат во надворешен план.

The post Безбедносен форум во Охрид: Војната во Украина дополнителен притисок врз безбедносната ситуација на Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Теми од областа на безбедносната и регионалната соработка, со прашања од областа на критичната инфраструктура, геополитичката ситуација и како таа се имплицира врз регионот, секако и од аспект на ситуацијата околу Украина, ќе бидат дискутирани и разгледувани на регионалниот Безбедносен форум „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западниот Балкан“ што во организација на НАТО – Маршал алумни организацијата од денеска се одржува во Охрид. Оценка на учесниците на работилницата, меѓу кои професори од САД, од НАТО-колеџот во Рим, професори, експерти и дипломати од областа безбедноста од балканските држави и ЕУ е дека настаните во Украина и надворешната пропаганда претставуваат дополнителен притисок врз просторот на Балканот, регион што веќе го носи епитетот политички нестабилно подрачје. Нерешената ситуација околу статусот и внатрешната стабилност на Босна и Херцеговина, потоа односите на релација Белград – Приштина, влијанијата врз внатрешните работи во Црна Гора со слабите институции, поделеноста на безбедносниот сектор во земјата, познатиот став на Бугарија кон Македонија, за експертите претставуваат прашања што дополнително го прават регионот ранлив и подложен на надворешни влијанија за остварување некакви интереси. – Ситуацијата на Балканот во многу ќе зависи од исходот од кризата во Украина. Доколку Русија успее во Украина тоа нема да е добро по Западен Балкан оттаму што тоа ќе создаде нови апетити, Србија паритетно на Русија незадоволна од губењето територии може да покрене слична постапка…Од друга страна, ако Русија не победи ќе има обиди да се дестабилизира Западниот Балкан и на тој начин да се наштети на ЕУ и роцесот на интеграција на регионот во Унијата, процени професорот Мехмедин Тахировиќ од Црна Гора. Според него, она што е симптоматично за регионот е дека времето покажува оти проблемите не се решаваат. – Дали има некакви други намери за прекомпозиции на Балканот за кои сме зборувале и што Јанша ги соопшти, тоа ќе видиме. Времето покажува дека работите на Балканот не се решаваат. Клучното прашање е зошто. Ние сме во НАТО, и Северна Маедонија и Црна Гора, кандидати сме за ЕУ, а проблемите не се решаваат. Сметам дека се чека на безбедносно решение по однос нерешените територијални прашања, а дури потоа ќе се овозможи на земјите од Западен Балкан напредок во евроинтегративниот процес. На крајот сето тоа ќе зависи од исходнот на војната меѓу Русија и Украина, дали регионот ќе биде во втор или во прв план, рече професорот Тахировиќ. Професорот Методи Хаџи-Јанев цени дека безбедносната ситуација во регионот се движи во сите можни насоки, а внатрешните проблеми во земјите од регионот стануваат основен апатет за оние што сакаат да ги искористат во надворешен план.

The post Безбедносен форум во Охрид: Војната во Украина дополнителен притисок врз безбедносната ситуација на Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Македонско – фински бизнис форум во организација на Стопанската комора https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonsko-finski-biznis-forum-vo-organizatsija-na-stopanskata-komora/ Wed, 17 May 2023 13:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=641819

Компании од ИКТ секторот, рударството, заштита на животната средина, производство и продажба на медицинска опрема и градежништвото, заинтересирани за воспоставување на деловна соработка и размена на искуства се присутни на денешниот македонско-фински бизнис форум што се одржува во Скопје во организација на Стопанската комора.

-Нема подобар чин од одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Финска освен преку Бизнис форум. Високото ниво на меѓусебна политичка доверба и разбирање, без отворени прашања или билатерални проблеми, е одлична основа за унапредување и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји преку поврзување на македонски и фински компании, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на почетокот на бизнис форумот.

Тој посочи дека финските компании на денешниот форум ќе се запознаат со економските политики на Владата за поттикнување и поддршка на странските инвестиции во земјава, кои минатата година постигнаа историски резултат од 753 милиони евра.

Реализацијата на инвестиции во нашата земја може да ги интензивира економските врски и да создаде заемно корисни партнерства помеѓу бизнис заедниците. Нашиот фокус е преку нови странски инвестиции да отвориме работни места, кои ќе обезбедат повисоки плати за нашите граѓани. Воедно, ја поддржуваме иновативноста и конкурентноста на економијата, притоа водејќи грижа да ја зголемиме соработката помеѓу домашните и странските компании, рече Битиќи.

Денешниот бизнис форум, додаде, дава можност преку дијалог да се споделат вредности кои се од особено значење за одржливиот раст и развој на економиите во 21 век, а кои имаат обединувачки потенцијал за македонската и финската економија.

Финскиот амбасадор во заминување, Кимо Лахдевирта посочи дека се надева оти форумот ќе биде првиот чекор за поголема и поинтензивна соработка меѓу македонските и финските компании.

Денешниов форум докажува дека се повеќе има интерес во Финска за инвестиции во Македонија и токму затоа на него има фински компании од различни сектори како што се рударството, енергетиката, здравството, ИКТ секторот, изјави Лахдевирта.

The post Македонско – фински бизнис форум во организација на Стопанската комора appeared first on Република.

]]>

Компании од ИКТ секторот, рударството, заштита на животната средина, производство и продажба на медицинска опрема и градежништвото, заинтересирани за воспоставување на деловна соработка и размена на искуства се присутни на денешниот македонско-фински бизнис форум што се одржува во Скопје во организација на Стопанската комора. -Нема подобар чин од одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Македонија и Финска освен преку Бизнис форум. Високото ниво на меѓусебна политичка доверба и разбирање, без отворени прашања или билатерални проблеми, е одлична основа за унапредување и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји преку поврзување на македонски и фински компании, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на почетокот на бизнис форумот. Тој посочи дека финските компании на денешниот форум ќе се запознаат со економските политики на Владата за поттикнување и поддршка на странските инвестиции во земјава, кои минатата година постигнаа историски резултат од 753 милиони евра. Реализацијата на инвестиции во нашата земја може да ги интензивира економските врски и да создаде заемно корисни партнерства помеѓу бизнис заедниците. Нашиот фокус е преку нови странски инвестиции да отвориме работни места, кои ќе обезбедат повисоки плати за нашите граѓани. Воедно, ја поддржуваме иновативноста и конкурентноста на економијата, притоа водејќи грижа да ја зголемиме соработката помеѓу домашните и странските компании, рече Битиќи. Денешниот бизнис форум, додаде, дава можност преку дијалог да се споделат вредности кои се од особено значење за одржливиот раст и развој на економиите во 21 век, а кои имаат обединувачки потенцијал за македонската и финската економија. Финскиот амбасадор во заминување, Кимо Лахдевирта посочи дека се надева оти форумот ќе биде првиот чекор за поголема и поинтензивна соработка меѓу македонските и финските компании. Денешниов форум докажува дека се повеќе има интерес во Финска за инвестиции во Македонија и токму затоа на него има фински компании од различни сектори како што се рударството, енергетиката, здравството, ИКТ секторот, изјави Лахдевирта.

The post Македонско – фински бизнис форум во организација на Стопанската комора appeared first on Република.

]]>
Секоја жена има моќ да напише историја – порака од Меѓународниот форум за женско лидерство! https://arhiva3.republika.mk/zivot/sekoja-zhena-ima-mok-da-napishe-istorija-poraka-od-megunarodniot-forum-za-zhensko-liderstvo/ Mon, 06 Mar 2023 20:33:04 +0000 https://republika.mk/?p=616581

Амбасадорки, банкарки, бизнисменки, уреднички, професорки и уметници денеска на
Универзитетот за туризам и менаџмент испратија силни пораки дека дамите го менуваат
светот.
На петте панели на Меѓународниот форум за женско лидерство, под мотото „Жените
пишуваат историја“, учествуваа и Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството
Шведска, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, Н.Е. Патриција ди
Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ,
амбасадорка на Република Србија, г-а Илина Мангова, заменик-директор на ИРИ во
Македонија, г-а Јулијана Кениг, заменик јавна обвинителка од Република Хрватска, г-а
Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка, г-а Сања Лукаревска,
директорка на Управата за јавни приходи, г-а Миглена Темлкова, ректорка на
Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија и многу други успешни
жени од Македонија и од странство.

Присутните ги поздрави ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски и
генералниот секретар проф. д-р Јана Илиева.
Форумот го отвори проф. д-р Јана Илиева, генерален секретар на УТМС, која во својот
поздравен говор истакна:
„Низ историјата, жените секогаш биле во првите редови на промените, поместувајќи ги
границите и уривајќи ги ригидните општествени ограничувања. Јас силно верувам дека
секоја жена има моќ да напише историја, да создаде подобро утре и да остави белег во
светот!“, истакна Илиева за улогата на жената во општествените промени низ историјата
и денеска.
Проф. д-р Аце Миленковски, ректорот на УТМС, во поздравниот говор до гостите,
заблагодарувајќи им се на жените што го разубавуваат светот и истакнувајќи ја нивната
специфична позиција во македонската култура и цивилизација, ја посочи официјалната
статистика за жените во високото образование денеска: „Од година во година, на
високообразовните институции се запишуваат повеќе жени во сите три циклуса студии, а
и меѓу тие што го завршиле своето образование повторно доминираат жените“.
Во панелот посветен на успешните жени во дипломатијата, Н.Е. Ами Ларсон Џеин,
амбасадорка на Кралството Шведска, истакна дека родовата еднаквост значи
рамноправна распределба на правата, застапеноста и на ресурсите во општеството, 50%
- 50% меѓу мажите и жените. Таа нагласи дека многу е сторено на овој план, но дека има
уште многу да се работи на тој план.
„Во корпоративниот свет жената треба да работи повеќе за да добие иста позиција како и
мажот иако веќе докажала дека може да ја заврши работата. За разлика, мажите, пак, се
перципираат како потенцијал“, истакна. Н.Е. Патриција ди Џовани, претставник на
УНИЦЕФ во Република Македонија.

Во панелот посветен на жените што го движат бизнисот, г-а Анита Ангеловска-Бежовска,
гувернерка на Народната банка нагласи дека поголемата вклученост на жените во
работната сила може да значи повисоки стапки на економски раст.
Со овој одлично организиран и успешно одржан форум, Универзитетот за туризам и
менаџмент од Скопје, како општествено одговорна високообразовна институција, даде
свој скромен придонес во отворање на прашањата поврзани со родовата еднаквост и
женското лидерство денеска.

The post Секоја жена има моќ да напише историја – порака од Меѓународниот форум за женско лидерство! appeared first on Република.

]]>

Амбасадорки, банкарки, бизнисменки, уреднички, професорки и уметници денеска на Универзитетот за туризам и менаџмент испратија силни пораки дека дамите го менуваат светот. На петте панели на Меѓународниот форум за женско лидерство, под мотото „Жените пишуваат историја“, учествуваа и Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, Н.Е. Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија, г-а Илина Мангова, заменик-директор на ИРИ во Македонија, г-а Јулијана Кениг, заменик јавна обвинителка од Република Хрватска, г-а Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка, г-а Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, г-а Миглена Темлкова, ректорка на Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија и многу други успешни жени од Македонија и од странство. Присутните ги поздрави ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски и генералниот секретар проф. д-р Јана Илиева. Форумот го отвори проф. д-р Јана Илиева, генерален секретар на УТМС, која во својот поздравен говор истакна: „Низ историјата, жените секогаш биле во првите редови на промените, поместувајќи ги границите и уривајќи ги ригидните општествени ограничувања. Јас силно верувам дека секоја жена има моќ да напише историја, да создаде подобро утре и да остави белег во светот!“, истакна Илиева за улогата на жената во општествените промени низ историјата и денеска. Проф. д-р Аце Миленковски, ректорот на УТМС, во поздравниот говор до гостите, заблагодарувајќи им се на жените што го разубавуваат светот и истакнувајќи ја нивната специфична позиција во македонската култура и цивилизација, ја посочи официјалната статистика за жените во високото образование денеска: „Од година во година, на високообразовните институции се запишуваат повеќе жени во сите три циклуса студии, а и меѓу тие што го завршиле своето образование повторно доминираат жените“. Во панелот посветен на успешните жени во дипломатијата, Н.Е. Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска, истакна дека родовата еднаквост значи рамноправна распределба на правата, застапеноста и на ресурсите во општеството, 50% - 50% меѓу мажите и жените. Таа нагласи дека многу е сторено на овој план, но дека има уште многу да се работи на тој план. „Во корпоративниот свет жената треба да работи повеќе за да добие иста позиција како и мажот иако веќе докажала дека може да ја заврши работата. За разлика, мажите, пак, се перципираат како потенцијал“, истакна. Н.Е. Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија. Во панелот посветен на жените што го движат бизнисот, г-а Анита Ангеловска-Бежовска, гувернерка на Народната банка нагласи дека поголемата вклученост на жените во работната сила може да значи повисоки стапки на економски раст. Со овој одлично организиран и успешно одржан форум, Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, како општествено одговорна високообразовна институција, даде свој скромен придонес во отворање на прашањата поврзани со родовата еднаквост и женското лидерство денеска.

The post Секоја жена има моќ да напише историја – порака од Меѓународниот форум за женско лидерство! appeared first on Република.

]]>
Четврти Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chetvrti-forum-na-kreativnite-gradovi-za-film-od-mrezata-na-unesko-vo-bitola/ Mon, 21 Nov 2022 12:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=576490

Четврти Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО денеска, утре и задутре (21-23 ноември) се одржува во Културно-информативен центар Битола. Темата на форумот е „Зајакнување на улогата на жената во аудиовизуелните медиуми“.

За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Тераса, Лоѓ, Потсдам, Ваљадолид, Гдиња, Софија, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во аудиовизуелните медиуми како Агенцијата за филм, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонската радио телевизија, телевизија „Телма“ и други. Форумот е од исклучителна важност за градот Битола, како рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015, и е еден од 21 град кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, единствен од земјава и еден од ретките од регионот заедно со Софија и Сараево. Мрежата е клучен партнер на УНЕСКО.

Тридневната програма предвидува повеќе презентации и дискусии, а во неформалниот и неколку интересни и обмислени проекции на филмови филмови од градовите-членки на мрежата за филм на УНЕСКО, неформални средби и посета на историски споменици. Презентациите и дискусиите ќе се одржуваат во Офицерски дом Битола (втор кат), а филмските проекции во киното „Манаки“. Форумот почнува вечерва со проекција на два кратки германски филмови - „Бушави приказни“ и „Натерај ја да игра“, обезбедени од Потсдам и документарниот филм „Пенси и Ајви“ од Јужна Кореја продуциран во 2020 година, а обезбеден од страна на Бусан, двата дел од филмските градови во мрежата на УНЕСКО. Филмот е наградуван на многу фестивали вклучително и Филмскиот фестивал во Јамагата, Јапонија, уште еден град од филмскиот кластер на УНЕСКО.

Програмата продолжува утре сабајле од 10 часот со воведни зборови и претставување на високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Жорди Хернандез Прат од Тераса (Шпанија), Соња Бахус од Лоѓ (Полска), Лиса Навроцки од Потсдам (Германија), Гијом Русо (Ваљадолид), Кинга Плихт и Лукаш Цичовски од Гдиња (Полска), Билјана Генова, Дијана Андреева и Ралица Асенова од Софија (Бугарија). Презентации ќе одржат и повеќе домашни претставници од аудиовизуелната дејност и тоа Марина Трајкова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Даниела Станковска Плачковска од Агенција за филм на РСМ, Снежана Лупевска Созен, уредник на телевизија „Телма“, Марија Џиџева, режисерка, Смилка Јаневска-Саркањац од Програмскиот совет при Македонската радио телевизија, Мими Ѓоргоска-Илиевска од Управата за заштита на културното наследство, Елена Бојаџиева-Цветковска од Асоцијацијата на креативни индустрии при Стопанската комора на РСМ, Саша Станишиќ, режисер и дистрибутер. Од 13:30 часот ќе се одржи панел дискусија на тема „Состојбите и предизвиците на жените во аудиовизуелните медиуми“. Програмата продолжува со проекции на филмови од градовите-членки на мрежата на УНЕСКО.

На последниот ден на форумот ќе се одржи дискусија за соработка и проекти меѓу градовите на УНЕСКО, како и состаноци за можни точки на контакт и координација помеѓу Креативните градови на УНЕСКО и проекција на филмови. Учесниците ќе имаат можност да посетат локалитети и да се запознаат со историјата како и со локални претставници кои работат во областа на културата и филмот.

Форумот го организира Здружението за филмска уметност ЦЕНТАР ЗА ФИЛМ Битола во насока на подобрување на намалување на родовиот јаз во аудиовизуелните медиуми и поттинување на соработката помеѓу филмските градови од мрежата на УНЕСКО, размена на искуства и добри практики и заедничко делување за прашања од суштинско значење во филмската индустрија. Настанот еподдржан од УНЕСКО преку Министерството за култура на Република Македонија во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година.

ПРОГРАМА
Ноември 21 – Ден 1
20:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО

БУШАВИ ПРИКАЗНИ (FLUFFY TALES) / Алисон Кун/ 2021 / Германија / 15’ / краток
Манекенка е ангажирана за рекламна кампања за нов бренд на храна за кучиња. Нејзиното бушаво другарче не се однесува како што треба на фотографирањето, па фотографот одлучува таа да ја преземе нејзината улога. Без да сфати, таа е спуштена на сите четири и позира пред фотоапаратот.

НАТЕРАЈ ЈА ДА ТАНЦУВА (Make Her Dance) / Каролина Круз / 2021 / Германија / 3'14” / краток
Станува збор за проект кој ги руши табуата со приказни за женското задоволство. Неговата цел е да ја поттикне тинејџерската публика да се чувствува удобно со своето тело и да го демистифицира самозадоволството.

ПЕНСИ И АЈВИ (PANSY AND IVY) / Кај Ун-кјонг / 2000 / Јужна Кореја / 60' / документарен филм
Приказна која се занимава со животите и соништата на сестрите со посебни потреби Су-Џеонг и Јун-Џеонг. Млади жени кои сакаат да сакаат и да се омажат. Филмот ни овозможува да ги слушнеме гласовите на Су-Џеонг и Јун-Џеонг, следејќи го нивниот секојдневен живот.

Ноември 22 - Ден 2
9:30 Регистрација на учесници
10:00 Воведни говори
10:30 Презентација и претставување на претставниците од филмските градови на УНЕСКО
11:30 Жените во аудиовизуелниот сектор во Бугарија и Софија – динамика на процеси во периодот 2008-2020
12:00 Кратка пауза
12:20 Презентација и претставување на домашни претставници од аудиовизуелната индустрија
13:30 Панел дискусија „Состојби и предизвици на жените во аудиовизуелните медиуми“
15:30 Средби за вмрежување
18:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО

ВРАЌАЊЕ / Кастриот Абдили/ 2018 / Македонија / 81' / долгометражен игран филм
2000 година во едно албанско село. Mладиот Илир, после седум години, се враќа заедно со неговата девојка, Французинка, со која има намера да се ожени. Враќањето на Илир не внесува немир само кај неговите родители туку и кај девојката од селото, Барда, на која ѝ ветил дека ќе се ожени со неа пред да амине во странство.

20:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО

ВТОРА ШАНСА / Марија Џиџева / 2019 / Македонија / 76' / долгометражен игран филм
Втора шанса испреплетува три приказни на три жени кои живеат во истиот станбен комплекс, создавајќи калеидоскопско набљудување на уникатното искуство како да се биде мајка и самопожртвуваност вклучена во носењето живот во овој свет.

Ноември 23 – Ден 3
10:00 Воведни зборови
10:15 Презентација на проекти помеѓу членките од мрежата филмски градови на УНЕСКО
11:00 Панел дискусија за можни соработки и вмрежувања
11:45 Завршни зборови
12:00 Кратка пауза
12:20 Состаноци и посета на Саемот на креативни индустрии
14:00 Посета на историски објект
18:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО

ПОРТРЕТ НА ЖЕНА (PORTRAIT OF A WOMAN) / Наталија Дуршевич / 2020 / Полска/ 5' / краток
Приказна за жена која постои како нецелосна форма на себе. Таа несвесно поминува низ различни емотивни состојби и фази од животот. Одеднаш, нејзината вистинска природа се буди и ја принудува да се бори за ослободување. Сепак, не се знае дали таа ќе победи.

МАЧЕ (PUSSY) / Рената Гасиоровска / 2016 / Полска / 8' / краток
Една млада девојка ја поминува вечерта сама дома. Таа решава да има слатка сесија за соло задоволство, но не оди сè според планот.

КАСТИНГ (CASTING)/ Катаржина Искра / 2017 / Полска / 20' /краток
Една млада жена од Полска е принудена да избира помеѓу семејството и кариерата како актерка.

МАЈКАТА / Лукаш Осталски / 2013 / Полска / 30' / краток
Политичарката Малгоржата заминува во нејзиниот дом кај езерото. На нејзиниот син, зависник од дрога, му треба нејзината помош. Малгоржата ја бара ќерка ѝ за поддршка. Дома го наоѓаат полусвесниот син на Малгоржата и масакрирано тело на млада девојка. Соочени со трагедијата, нивната врска се комплицира, откривајќи ја нивната скриена лутина. Мајката треба да ја донесе најтешката одлука во животот.

КАВАЛ / Саша Станишиќ / 2020 / Македонија /10' / краток
Во едно планинско селце, едно внуче секое лето доаѓа кај баба и дедо, кадешто неговото детство се исполнува со мирисот на летото и недопрената природа. Во дворот на едното столче седи дедото и свири кавал. Му го подава на внукот кој внимателно го зема и со детска љубопитност го допира, разгледува, испитува – долг шуплив стап со неколку отвори од кои произлегува целата музика на дедо. Што ли крие тој волшебен отвор на долгата цевка? Можеби музиката е внатре? Една ноќ, по многу години, по заморната работа и чувство на осаменост, внукот решава да оди на село. Таму го нема веќе дедото – куќата е празна, а бавчата подзапуштена. На масата го наоѓа кавалот кој дедо му му го оставил. Одеднаш во него оживува заборавеното – широчината на детската слобода и радоста на животот. Седнува и на кавалот од срце ја свири езгијата на дедо му, која го оживува целиот амбиент од тој изгубен рај од детството.

20:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО

МОЛЧЕЊЕТО Е ПРЕПИШАНО (SILENCE IS PRESCRIBED) / Микел Мисе, Аитор Агире / 2021 / Шпанија / 18' / краток
„Додека растеа, на Кристина и на Лола им беше препишана тишина. Тие послушаа и молчеа долго време, до денес. Протагонистите на овој краток документарен филм го креваат гласот за да нè доближат до нивните приказни за интерсексуалниот живот и да ги споделат своите размислувања за тела, идентитети и желба. Ослободителна можност не само за нив, туку и за сите луѓе“.

БЕЗИМЕН (NAMELESS ) / Артуро Артал Лозано, Хуан Караскал Иниго / 2019 / Шпанија / 9' / краток
Тивкиот град ужива во фестивалот. Сè е совршено, но за М. М е поставување на цел. Тој бара плен. Тој плен е З.

БАРАЈЌИ СИ ЈА СРЕЌАТА / Марија Џиџева / 2013 / Македонија / 65' / документарен филм
Осум неженети мажи започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа. Некои од нив успеваат да го реализираат својот сон, додека другите се враќаат со „празни“ раце.

 

*презентациите и дискусиите ќе се одржуваат во Офицерски дом Битола (втор кат)

**филмовите ќе се прикажуваат во киното „Манаки“

The post Четврти Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО во Битола appeared first on Република.

]]>

Четврти Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО денеска, утре и задутре (21-23 ноември) се одржува во Културно-информативен центар Битола. Темата на форумот е „Зајакнување на улогата на жената во аудиовизуелните медиуми“. За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Тераса, Лоѓ, Потсдам, Ваљадолид, Гдиња, Софија, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во аудиовизуелните медиуми како Агенцијата за филм, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонската радио телевизија, телевизија „Телма“ и други. Форумот е од исклучителна важност за градот Битола, како рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015, и е еден од 21 град кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, единствен од земјава и еден од ретките од регионот заедно со Софија и Сараево. Мрежата е клучен партнер на УНЕСКО. Тридневната програма предвидува повеќе презентации и дискусии, а во неформалниот и неколку интересни и обмислени проекции на филмови филмови од градовите-членки на мрежата за филм на УНЕСКО, неформални средби и посета на историски споменици. Презентациите и дискусиите ќе се одржуваат во Офицерски дом Битола (втор кат), а филмските проекции во киното „Манаки“. Форумот почнува вечерва со проекција на два кратки германски филмови - „Бушави приказни“ и „Натерај ја да игра“, обезбедени од Потсдам и документарниот филм „Пенси и Ајви“ од Јужна Кореја продуциран во 2020 година, а обезбеден од страна на Бусан, двата дел од филмските градови во мрежата на УНЕСКО. Филмот е наградуван на многу фестивали вклучително и Филмскиот фестивал во Јамагата, Јапонија, уште еден град од филмскиот кластер на УНЕСКО. Програмата продолжува утре сабајле од 10 часот со воведни зборови и претставување на високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Жорди Хернандез Прат од Тераса (Шпанија), Соња Бахус од Лоѓ (Полска), Лиса Навроцки од Потсдам (Германија), Гијом Русо (Ваљадолид), Кинга Плихт и Лукаш Цичовски од Гдиња (Полска), Билјана Генова, Дијана Андреева и Ралица Асенова од Софија (Бугарија). Презентации ќе одржат и повеќе домашни претставници од аудиовизуелната дејност и тоа Марина Трајкова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Даниела Станковска Плачковска од Агенција за филм на РСМ, Снежана Лупевска Созен, уредник на телевизија „Телма“, Марија Џиџева, режисерка, Смилка Јаневска-Саркањац од Програмскиот совет при Македонската радио телевизија, Мими Ѓоргоска-Илиевска од Управата за заштита на културното наследство, Елена Бојаџиева-Цветковска од Асоцијацијата на креативни индустрии при Стопанската комора на РСМ, Саша Станишиќ, режисер и дистрибутер. Од 13:30 часот ќе се одржи панел дискусија на тема „Состојбите и предизвиците на жените во аудиовизуелните медиуми“. Програмата продолжува со проекции на филмови од градовите-членки на мрежата на УНЕСКО. На последниот ден на форумот ќе се одржи дискусија за соработка и проекти меѓу градовите на УНЕСКО, како и состаноци за можни точки на контакт и координација помеѓу Креативните градови на УНЕСКО и проекција на филмови. Учесниците ќе имаат можност да посетат локалитети и да се запознаат со историјата како и со локални претставници кои работат во областа на културата и филмот. Форумот го организира Здружението за филмска уметност ЦЕНТАР ЗА ФИЛМ Битола во насока на подобрување на намалување на родовиот јаз во аудиовизуелните медиуми и поттинување на соработката помеѓу филмските градови од мрежата на УНЕСКО, размена на искуства и добри практики и заедничко делување за прашања од суштинско значење во филмската индустрија. Настанот еподдржан од УНЕСКО преку Министерството за култура на Република Македонија во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2020-2021 година. ПРОГРАМА Ноември 21 – Ден 1 20:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО БУШАВИ ПРИКАЗНИ (FLUFFY TALES) / Алисон Кун/ 2021 / Германија / 15’ / краток Манекенка е ангажирана за рекламна кампања за нов бренд на храна за кучиња. Нејзиното бушаво другарче не се однесува како што треба на фотографирањето, па фотографот одлучува таа да ја преземе нејзината улога. Без да сфати, таа е спуштена на сите четири и позира пред фотоапаратот. НАТЕРАЈ ЈА ДА ТАНЦУВА (Make Her Dance) / Каролина Круз / 2021 / Германија / 3'14” / краток Станува збор за проект кој ги руши табуата со приказни за женското задоволство. Неговата цел е да ја поттикне тинејџерската публика да се чувствува удобно со своето тело и да го демистифицира самозадоволството. ПЕНСИ И АЈВИ (PANSY AND IVY) / Кај Ун-кјонг / 2000 / Јужна Кореја / 60' / документарен филм Приказна која се занимава со животите и соништата на сестрите со посебни потреби Су-Џеонг и Јун-Џеонг. Млади жени кои сакаат да сакаат и да се омажат. Филмот ни овозможува да ги слушнеме гласовите на Су-Џеонг и Јун-Џеонг, следејќи го нивниот секојдневен живот. Ноември 22 - Ден 2 9:30 Регистрација на учесници 10:00 Воведни говори 10:30 Презентација и претставување на претставниците од филмските градови на УНЕСКО 11:30 Жените во аудиовизуелниот сектор во Бугарија и Софија – динамика на процеси во периодот 2008-2020 12:00 Кратка пауза 12:20 Презентација и претставување на домашни претставници од аудиовизуелната индустрија 13:30 Панел дискусија „Состојби и предизвици на жените во аудиовизуелните медиуми“ 15:30 Средби за вмрежување 18:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО ВРАЌАЊЕ / Кастриот Абдили/ 2018 / Македонија / 81' / долгометражен игран филм 2000 година во едно албанско село. Mладиот Илир, после седум години, се враќа заедно со неговата девојка, Французинка, со која има намера да се ожени. Враќањето на Илир не внесува немир само кај неговите родители туку и кај девојката од селото, Барда, на која ѝ ветил дека ќе се ожени со неа пред да амине во странство. 20:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО ВТОРА ШАНСА / Марија Џиџева / 2019 / Македонија / 76' / долгометражен игран филм Втора шанса испреплетува три приказни на три жени кои живеат во истиот станбен комплекс, создавајќи калеидоскопско набљудување на уникатното искуство како да се биде мајка и самопожртвуваност вклучена во носењето живот во овој свет. Ноември 23 – Ден 3 10:00 Воведни зборови 10:15 Презентација на проекти помеѓу членките од мрежата филмски градови на УНЕСКО 11:00 Панел дискусија за можни соработки и вмрежувања 11:45 Завршни зборови 12:00 Кратка пауза 12:20 Состаноци и посета на Саемот на креативни индустрии 14:00 Посета на историски објект 18:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО ПОРТРЕТ НА ЖЕНА (PORTRAIT OF A WOMAN) / Наталија Дуршевич / 2020 / Полска/ 5' / краток Приказна за жена која постои како нецелосна форма на себе. Таа несвесно поминува низ различни емотивни состојби и фази од животот. Одеднаш, нејзината вистинска природа се буди и ја принудува да се бори за ослободување. Сепак, не се знае дали таа ќе победи. МАЧЕ (PUSSY) / Рената Гасиоровска / 2016 / Полска / 8' / краток Една млада девојка ја поминува вечерта сама дома. Таа решава да има слатка сесија за соло задоволство, но не оди сè според планот. КАСТИНГ (CASTING)/ Катаржина Искра / 2017 / Полска / 20' /краток Една млада жена од Полска е принудена да избира помеѓу семејството и кариерата како актерка. МАЈКАТА / Лукаш Осталски / 2013 / Полска / 30' / краток Политичарката Малгоржата заминува во нејзиниот дом кај езерото. На нејзиниот син, зависник од дрога, му треба нејзината помош. Малгоржата ја бара ќерка ѝ за поддршка. Дома го наоѓаат полусвесниот син на Малгоржата и масакрирано тело на млада девојка. Соочени со трагедијата, нивната врска се комплицира, откривајќи ја нивната скриена лутина. Мајката треба да ја донесе најтешката одлука во животот. КАВАЛ / Саша Станишиќ / 2020 / Македонија /10' / краток Во едно планинско селце, едно внуче секое лето доаѓа кај баба и дедо, кадешто неговото детство се исполнува со мирисот на летото и недопрената природа. Во дворот на едното столче седи дедото и свири кавал. Му го подава на внукот кој внимателно го зема и со детска љубопитност го допира, разгледува, испитува – долг шуплив стап со неколку отвори од кои произлегува целата музика на дедо. Што ли крие тој волшебен отвор на долгата цевка? Можеби музиката е внатре? Една ноќ, по многу години, по заморната работа и чувство на осаменост, внукот решава да оди на село. Таму го нема веќе дедото – куќата е празна, а бавчата подзапуштена. На масата го наоѓа кавалот кој дедо му му го оставил. Одеднаш во него оживува заборавеното – широчината на детската слобода и радоста на животот. Седнува и на кавалот од срце ја свири езгијата на дедо му, која го оживува целиот амбиент од тој изгубен рај од детството. 20:00 Проекција на филмови од мрежата на филмски градови на УНЕСКО МОЛЧЕЊЕТО Е ПРЕПИШАНО (SILENCE IS PRESCRIBED) / Микел Мисе, Аитор Агире / 2021 / Шпанија / 18' / краток „Додека растеа, на Кристина и на Лола им беше препишана тишина. Тие послушаа и молчеа долго време, до денес. Протагонистите на овој краток документарен филм го креваат гласот за да нè доближат до нивните приказни за интерсексуалниот живот и да ги споделат своите размислувања за тела, идентитети и желба. Ослободителна можност не само за нив, туку и за сите луѓе“. БЕЗИМЕН (NAMELESS ) / Артуро Артал Лозано, Хуан Караскал Иниго / 2019 / Шпанија / 9' / краток Тивкиот град ужива во фестивалот. Сè е совршено, но за М. М е поставување на цел. Тој бара плен. Тој плен е З. БАРАЈЌИ СИ ЈА СРЕЌАТА / Марија Џиџева / 2013 / Македонија / 65' / документарен филм Осум неженети мажи започнуваат долго патување до Москва во потрага по среќа. Некои од нив успеваат да го реализираат својот сон, додека другите се враќаат со „празни“ раце.   *презентациите и дискусиите ќе се одржуваат во Офицерски дом Битола (втор кат) **филмовите ќе се прикажуваат во киното „Манаки“

The post Четврти Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО во Битола appeared first on Република.

]]>
Форум за разумни политики и Фестивалот на европски филм „Синедејс“ денеска во киното „Фросина“ го организираат првиот „Синедејс кино форум“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/forum-za-razumni-politiki-i-festivalot-na-evropski-film-sinedejs-deneska-vo-kinoto-frosina-go-organiziraat-prviot-sinedejs-kino-forum/ Mon, 11 Jul 2022 07:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=526825

Форум за разумни политики и Фестивалот на европски филм „Синедејс“ денеска во 10 часот во киното „Фросина“ во Скопје го организираат првиот „ Синема форум“.

Cinedays cinema forum е настан на кој киноприкажувачите од балканскиот регион ќе имаат можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата. Имајќи го предвид разлчниот општествен контекст на земјите од регионот, секој киноприкажувач зад своите почетоци, развој и напредок има посебна приказна.

Токму затоа е многу важно претставниците од киносекторот да ги пренесат своите знаења и начини на работење, како и да ги споделат проблемите со кои се соочуваат, недостигот на комептенции и вештини во оваа област.

Cinedays cinema forum е еднодневен настан на кој преку модерирани дискусии ќе се стави фокусот на тоа како да се менаџира кино, кои се новите начини за да се привлече младата публика и како да се биде иновативен во секторот. Првото издание на Cinedays cinema forum е организирано во соработка со „Форум за разумни политики“.

The post Форум за разумни политики и Фестивалот на европски филм „Синедејс“ денеска во киното „Фросина“ го организираат првиот „Синедејс кино форум“ appeared first on Република.

]]>

Форум за разумни политики и Фестивалот на европски филм „Синедејс“ денеска во 10 часот во киното „Фросина“ во Скопје го организираат првиот „ Синема форум“.
Cinedays cinema forum е настан на кој киноприкажувачите од балканскиот регион ќе имаат можност да ги споделат своите методи и искуства на работа, како и да се запознаат со новите трендови во индустријата. Имајќи го предвид разлчниот општествен контекст на земјите од регионот, секој киноприкажувач зад своите почетоци, развој и напредок има посебна приказна. Токму затоа е многу важно претставниците од киносекторот да ги пренесат своите знаења и начини на работење, како и да ги споделат проблемите со кои се соочуваат, недостигот на комептенции и вештини во оваа област. Cinedays cinema forum е еднодневен настан на кој преку модерирани дискусии ќе се стави фокусот на тоа како да се менаџира кино, кои се новите начини за да се привлече младата публика и како да се биде иновативен во секторот. Првото издание на Cinedays cinema forum е организирано во соработка со „Форум за разумни политики“.

The post Форум за разумни политики и Фестивалот на европски филм „Синедејс“ денеска во киното „Фросина“ го организираат првиот „Синедејс кино форум“ appeared first on Република.

]]>
Граѓаните заслужуваат да живеат во модерни општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gragjanite-zasluzuvaat-da-ziveat-vo-moderni-opshtini/ Thu, 02 Jun 2022 07:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=510010

Како до модерна општина? Кои се светските искуства применливи дома? На овие теми се дебатираше на Меѓународниот Форум на градоначалници што се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, порача дека е неопходна децентрализација на општините, со зголемување на нивните овластувања и степен на одговорност.

Можеби ние нема да можеме нешто веднаш да смениме, но за мене е значајно дека од некаде ќе почнеме. Да почнеме со гласно зборување,со барање решение и со покажување на реалните состојби во кои се наоѓаат нашите општини и нашите градоначалници“, порача ректорот Миленковски.

Форумот на едно место ги собра домашните градоначалници, експертската јавност и првите луѓе на европските и светски метрополи.Најмладиот градоначалник на израелскиот град Бат Јам, Цвика Брот, кој бил и советник на поранешниот претседател Доналд Трамп, појасни дека општините во Израел одлично функционираат, без разлика од која партија доаѓа градоначалникот.

Јас направив широка коалиција на локално ниво. Во таа коалиција се речиси сите партии, без разлика на политичката ориентација. Соработката со Владата оди одлично иако доаѓам од опозицијата, зашто како новинар лично ги познавав сите министри, па на тој начин доаѓам до решенија“, вели Брот.

Претставникот од Франција, д-р Жан-Ив Ками, рече дека во Париз, за големите и значајни објекти што се сметаат за историски, ингеренциите ги има Владата. Тој порача дека Скопје и другите градови во Македонија треба да бидат дел од Унијата на европски градови. Унијата има големи фондови, кои можат да помогнат во предизвиците со екологијата.

Повеќето пари од фондовите на ЕУ одат во државите, а тие пари не стигнуваат до општините. Затоа треба да се лобира, како претендент за членка на Европската Унија, македонските градови да бидат дел од таа мрежа“, рече Ками.

Универзитетот за туризам и менаџмент беше домаќин на овој престижен настан, на кој присуствуваа ескперти, амбасадори и градоначалници, како од земјата, така и од многу европски метрополи.

The post Граѓаните заслужуваат да живеат во модерни општини appeared first on Република.

]]>

Како до модерна општина? Кои се светските искуства применливи дома? На овие теми се дебатираше на Меѓународниот Форум на градоначалници што се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, порача дека е неопходна децентрализација на општините, со зголемување на нивните овластувања и степен на одговорност.

Можеби ние нема да можеме нешто веднаш да смениме, но за мене е значајно дека од некаде ќе почнеме. Да почнеме со гласно зборување,со барање решение и со покажување на реалните состојби во кои се наоѓаат нашите општини и нашите градоначалници“, порача ректорот Миленковски.

Форумот на едно место ги собра домашните градоначалници, експертската јавност и првите луѓе на европските и светски метрополи.Најмладиот градоначалник на израелскиот град Бат Јам, Цвика Брот, кој бил и советник на поранешниот претседател Доналд Трамп, појасни дека општините во Израел одлично функционираат, без разлика од која партија доаѓа градоначалникот.

Јас направив широка коалиција на локално ниво. Во таа коалиција се речиси сите партии, без разлика на политичката ориентација. Соработката со Владата оди одлично иако доаѓам од опозицијата, зашто како новинар лично ги познавав сите министри, па на тој начин доаѓам до решенија“, вели Брот.

Претставникот од Франција, д-р Жан-Ив Ками, рече дека во Париз, за големите и значајни објекти што се сметаат за историски, ингеренциите ги има Владата. Тој порача дека Скопје и другите градови во Македонија треба да бидат дел од Унијата на европски градови. Унијата има големи фондови, кои можат да помогнат во предизвиците со екологијата.

Повеќето пари од фондовите на ЕУ одат во државите, а тие пари не стигнуваат до општините. Затоа треба да се лобира, како претендент за членка на Европската Унија, македонските градови да бидат дел од таа мрежа“, рече Ками.

Универзитетот за туризам и менаџмент беше домаќин на овој престижен настан, на кој присуствуваа ескперти, амбасадори и градоначалници, како од земјата, така и од многу европски метрополи.

The post Граѓаните заслужуваат да живеат во модерни општини appeared first on Република.

]]>
Реформи во полицијата, правосудството, администрацијата за подобри услуги за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reformi-vo-policijata-pravosudstvoto-administracijata-za-podobri-uslugi-za-gragjanite/ Fri, 29 Apr 2022 13:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=495370

Во рамки на Форумот 100 дена од мандатот на новата Влада, со фокус на суштинските реформи во сферата на владеењето на правото, борбата со корупцијата и обезбедување сигурност за граѓаните, на прашања од интерес на јавноста, одговараа министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда, Никола Тупанчески, како и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

„Во однос на трговијата со дрога сакам да напоменам дека во овој период од 100 дена имаме разбиено осум криминални групи од 33 лица, пред се за меѓународни транспорти на марихуана и на прекурсори, работевме и на спречувањето на уличните дилерства на наркотици и во овој период од 100 дена се запленети седум килограми хероин од вкупна вредност од околу 300.000 евра, 1,2 тона на психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност проценета околу 200 милиони евра, над 2,2 тона марихуана со вредност од над пет милиони евра. Исто така и во делот на уличното дилерство во овие 100 дена имаме извршено претрес на некаде околу 40 локации, притоа е запленета поголема количина на хероин, амфетамин, марихуана и други прекурсори и пронајдена една импровизирана лабораторија за производство на марихуана на подрачјето на ОВР Гевгелија. Ова е еден дел од стратешката поставеност на Министерството во изминатиот период “, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека благодарение на одличните резултати државата се позиционираше како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици.

Одговарајќи на поставеното прашање за подобрување на ефикасноста на полицијата, Спасовски посочи дека за етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста во интерес на сите наши граѓани, континуирано се вложуваше во нова генерација на комплетно опремени и задоволни полициски службеници и во овие 100 дена беа промовирани четири реконструирани објекти, со што вкупната бројка е 73, со имплементирани мерки на енергетска ефикасност.

Минатата година, подвлече Спасовски, беше година кога ја завршивме согласно принципите на Владата и веќе во МВР никаде не се користат цврстите горива или мазутот заради заштита на животна средина преминавме на еколошки системи за греење на работните простории, целосна набавка на работната униформа.

„Најзначајно во овие 100 дена ги изменивме двата Закони, Законот за полиција согласно препораките од ГРЕКО, воспоставивме принципи пред сè на јакнење на интегритетот на полициските службеници“, оцени министерот за внатрешни работи Спасовски.

Во однос на функционирањето на ефикасноста на системот за бесплатна правна помош за граѓаните кои немаат доволно финансиски средства и обезбедувањето законски решенија за подобрување на условите и независноста, самостојноста и интегритетот на правосудството, министерот за правда Никола Тупанчески ја истакна посветеноста и грижата на владиниот состав за ранливите категории граѓани и успешното функционирање на системот.

„Афирмирајќи ја современата европска вредност дека сите треба да имаат еднаков пристап до правдата, артикулирана преку донесувањето на Законот за бесплатна правна помош, статистичките податоци покажуваат дека 3.266 граѓани добиле примарна правна помош во 2021 година, а 203 лица секундарна правна помош.

„За 53,7% е зголемен бројот на барања за секундарна правна помош во  2021 година во споредба со 2020 година, а примарната правна помош е зголемена за 20% “, рече Тупанчески, оценувајќи  ги придобивките за граѓаните како големи и успешни, бидејќи голем број од тие на кои им било потребно успеале да добијат пристап до правдата.

Оваа сесија прашања до членовите на владиниот состав, по однос на остварувањата за 100 дена мандат на новата Влада ја заврши заменик-министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Александар Бајдевски одговарајќи на покажаниот интерес од медиумите за остварувањата на Владата во однос на професионализацијата на администрацијата и дигитализацијата поставени како високи приоритети уште на почетокот на мандатот.

„Предложениот модел за реформа на администрацијата се заснова на начелата на рационалност, демократичност и транспарентност. Овие принципи се основа за градење професионална и политички неутрална администрација, каде политичките цели се исполнуваат преку активности на вработените во јавниот сектор под раководство на високите раководители, со што се овозможува ефикасност и рационална употреба на ресурсите во остварувањето на поставените стратешки цели и приоритети на Владата и другите релевантни институции од јавниот сектор“, истакна заменик-министерот Бајдевски, кој додаде дека во изминатиот период активно се работи на законите којшто ја регулираат сферата на работењето на јавната администрација, како Законот на административни службеници, Законот за вработени во јавен сектор и Законот за високо раководна служба.

Заедно со сите засегнати чинители се  работи на воспоставување на целосно нов систем, кој ќе се имплементира постепено, со можност во иднина новиот модел да биде имплементиран во целиот јавен сектор, за подобрување на ефикасноста, ефективноста и продуктивноста на вработените.

Во однос на Предлог-законот за високо раководна служба, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Бајдевски истакна дека е особено значаен во однос на професионализација и департизација на високите раководители во јавната администрација.

„Дигитализација на услугите, останува една од повисоките приоритети на МИОА и на целата Влада,  чија цел е целосно отстранување на шалтерското работење. Се воспоставија неколку системи, меѓу кои системот за електронски услуги и системот за Централен регистар на населението, преку кои се развива и се овозможува користење на услугите на граѓаните.  Сметаме дека треба да се следат современите трендови кога е во прашање дигитализацијата на услугите преку усогласување со стандарди кои директно влијаат врз квалитетот и безбедноста на даваните услуги“, посочи Бајдевски, кој информираше дека досега преку Националниот портал „Е-услуги’“ се реализирани вкупно 20.859 услуги, со над 70.000 регистрирани корисници.

The post Реформи во полицијата, правосудството, администрацијата за подобри услуги за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Форумот 100 дена од мандатот на новата Влада, со фокус на суштинските реформи во сферата на владеењето на правото, борбата со корупцијата и обезбедување сигурност за граѓаните, на прашања од интерес на јавноста, одговараа министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда, Никола Тупанчески, како и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски. „Во однос на трговијата со дрога сакам да напоменам дека во овој период од 100 дена имаме разбиено осум криминални групи од 33 лица, пред се за меѓународни транспорти на марихуана и на прекурсори, работевме и на спречувањето на уличните дилерства на наркотици и во овој период од 100 дена се запленети седум килограми хероин од вкупна вредност од околу 300.000 евра, 1,2 тона на психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност проценета околу 200 милиони евра, над 2,2 тона марихуана со вредност од над пет милиони евра. Исто така и во делот на уличното дилерство во овие 100 дена имаме извршено претрес на некаде околу 40 локации, притоа е запленета поголема количина на хероин, амфетамин, марихуана и други прекурсори и пронајдена една импровизирана лабораторија за производство на марихуана на подрачјето на ОВР Гевгелија. Ова е еден дел од стратешката поставеност на Министерството во изминатиот период “, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека благодарение на одличните резултати државата се позиционираше како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Одговарајќи на поставеното прашање за подобрување на ефикасноста на полицијата, Спасовски посочи дека за етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста во интерес на сите наши граѓани, континуирано се вложуваше во нова генерација на комплетно опремени и задоволни полициски службеници и во овие 100 дена беа промовирани четири реконструирани објекти, со што вкупната бројка е 73, со имплементирани мерки на енергетска ефикасност. Минатата година, подвлече Спасовски, беше година кога ја завршивме согласно принципите на Владата и веќе во МВР никаде не се користат цврстите горива или мазутот заради заштита на животна средина преминавме на еколошки системи за греење на работните простории, целосна набавка на работната униформа. „Најзначајно во овие 100 дена ги изменивме двата Закони, Законот за полиција согласно препораките од ГРЕКО, воспоставивме принципи пред сè на јакнење на интегритетот на полициските службеници“, оцени министерот за внатрешни работи Спасовски. Во однос на функционирањето на ефикасноста на системот за бесплатна правна помош за граѓаните кои немаат доволно финансиски средства и обезбедувањето законски решенија за подобрување на условите и независноста, самостојноста и интегритетот на правосудството, министерот за правда Никола Тупанчески ја истакна посветеноста и грижата на владиниот состав за ранливите категории граѓани и успешното функционирање на системот. „Афирмирајќи ја современата европска вредност дека сите треба да имаат еднаков пристап до правдата, артикулирана преку донесувањето на Законот за бесплатна правна помош, статистичките податоци покажуваат дека 3.266 граѓани добиле примарна правна помош во 2021 година, а 203 лица секундарна правна помош. „За 53,7% е зголемен бројот на барања за секундарна правна помош во  2021 година во споредба со 2020 година, а примарната правна помош е зголемена за 20% “, рече Тупанчески, оценувајќи  ги придобивките за граѓаните како големи и успешни, бидејќи голем број од тие на кои им било потребно успеале да добијат пристап до правдата. Оваа сесија прашања до членовите на владиниот состав, по однос на остварувањата за 100 дена мандат на новата Влада ја заврши заменик-министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Александар Бајдевски одговарајќи на покажаниот интерес од медиумите за остварувањата на Владата во однос на професионализацијата на администрацијата и дигитализацијата поставени како високи приоритети уште на почетокот на мандатот. „Предложениот модел за реформа на администрацијата се заснова на начелата на рационалност, демократичност и транспарентност. Овие принципи се основа за градење професионална и политички неутрална администрација, каде политичките цели се исполнуваат преку активности на вработените во јавниот сектор под раководство на високите раководители, со што се овозможува ефикасност и рационална употреба на ресурсите во остварувањето на поставените стратешки цели и приоритети на Владата и другите релевантни институции од јавниот сектор“, истакна заменик-министерот Бајдевски, кој додаде дека во изминатиот период активно се работи на законите којшто ја регулираат сферата на работењето на јавната администрација, како Законот на административни службеници, Законот за вработени во јавен сектор и Законот за високо раководна служба. Заедно со сите засегнати чинители се  работи на воспоставување на целосно нов систем, кој ќе се имплементира постепено, со можност во иднина новиот модел да биде имплементиран во целиот јавен сектор, за подобрување на ефикасноста, ефективноста и продуктивноста на вработените. Во однос на Предлог-законот за високо раководна служба, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Бајдевски истакна дека е особено значаен во однос на професионализација и департизација на високите раководители во јавната администрација. „Дигитализација на услугите, останува една од повисоките приоритети на МИОА и на целата Влада,  чија цел е целосно отстранување на шалтерското работење. Се воспоставија неколку системи, меѓу кои системот за електронски услуги и системот за Централен регистар на населението, преку кои се развива и се овозможува користење на услугите на граѓаните.  Сметаме дека треба да се следат современите трендови кога е во прашање дигитализацијата на услугите преку усогласување со стандарди кои директно влијаат врз квалитетот и безбедноста на даваните услуги“, посочи Бајдевски, кој информираше дека досега преку Националниот портал „Е-услуги’“ се реализирани вкупно 20.859 услуги, со над 70.000 регистрирани корисници.

The post Реформи во полицијата, правосудството, администрацијата за подобри услуги за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска на Форумот „100 дена Влада“: Културата ќе го врати својот сјај по две години пандемија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-na-forumot-100-dena-vlada-kulturata-kje-go-vrati-svojot-sjaj-po-dve-godini-pandemija/ Fri, 29 Apr 2022 13:12:16 +0000 https://republika.mk/?p=495364

Како министерка за култура и како човек, секогаш се водам од тоа дека сè што е добро треба да продолжи да биде добро. Така и јас, го запазив континуитетот во сите добри постигнувања на моите претходници зашто во тие добри работи е вложено и многу труд и многу време и многу пари – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот Форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Македонија“,  кој се одржа во Националната опера и балет.

Реферирајќи за постигнувањата на Министерството за култура во овие 100 дена, во третата панел-сесија со министрите, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека и во овие 100 дена продолжија добрите политики за заштита на културното наследство, како и за одржување на високото ниво на уметничките содржини на институционално и вонинституционално ниво.

И во ова време, повеќе невреме, ги усогласивме платите во културата кои сега се на едно пристојно, достоинствено ниво – нагласи Костадиновска-Стојчевска. Потсетувајќи дека е во тек реализацијата на поддржаните проекти со Годишната програма, Костадиновска-Стојчевска рече дека се реализирани конкурси за поддршка на самостојни уметници и за дефицитарни кадри, а го најави и отворањето на Конкурсот за афирмација на современиот македонски јазик.

Костадиновска-Стојчевска се осврна на активностите реализирани во дејностите од областа на културата во изминатите 100 дена, на реализацијата на капиталните проекти, меѓународните претставувања на државава... Таа најави дека Министерството за култура продолжува да работи на отворањето на нови културно-информативни центри во регионот, а кажа дека се започнати подготовките за реализација на програмата на Деновите на македонската култура во Прага, за време на претседавањето на Чешката Република  со Европската Унија.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека културата ќе блесне во полн сјај, по две години пандемија.

На Форумот воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, по што се одржа панел-сесија со премиерот, а потоа и со вицепремиерите и министрите. На Форумот присуствуваа претставници на: дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми.

The post Костадиновска-Стојчевска на Форумот „100 дена Влада“: Културата ќе го врати својот сјај по две години пандемија appeared first on Република.

]]>

Како министерка за култура и како човек, секогаш се водам од тоа дека сè што е добро треба да продолжи да биде добро. Така и јас, го запазив континуитетот во сите добри постигнувања на моите претходници зашто во тие добри работи е вложено и многу труд и многу време и многу пари – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот Форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Македонија“,  кој се одржа во Националната опера и балет.

Реферирајќи за постигнувањата на Министерството за култура во овие 100 дена, во третата панел-сесија со министрите, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека и во овие 100 дена продолжија добрите политики за заштита на културното наследство, како и за одржување на високото ниво на уметничките содржини на институционално и вонинституционално ниво.

И во ова време, повеќе невреме, ги усогласивме платите во културата кои сега се на едно пристојно, достоинствено ниво – нагласи Костадиновска-Стојчевска. Потсетувајќи дека е во тек реализацијата на поддржаните проекти со Годишната програма, Костадиновска-Стојчевска рече дека се реализирани конкурси за поддршка на самостојни уметници и за дефицитарни кадри, а го најави и отворањето на Конкурсот за афирмација на современиот македонски јазик.

Костадиновска-Стојчевска се осврна на активностите реализирани во дејностите од областа на културата во изминатите 100 дена, на реализацијата на капиталните проекти, меѓународните претставувања на државава... Таа најави дека Министерството за култура продолжува да работи на отворањето на нови културно-информативни центри во регионот, а кажа дека се започнати подготовките за реализација на програмата на Деновите на македонската култура во Прага, за време на претседавањето на Чешката Република  со Европската Унија.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека културата ќе блесне во полн сјај, по две години пандемија.

На Форумот воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, по што се одржа панел-сесија со премиерот, а потоа и со вицепремиерите и министрите. На Форумот присуствуваа претставници на: дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми.

The post Костадиновска-Стојчевска на Форумот „100 дена Влада“: Културата ќе го врати својот сјај по две години пандемија appeared first on Република.

]]>
Приоритетите се транзиција кон зелена енергија и стабилно и трајно снабдување со енергенси https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prioritetite-se-tranzicija-kon-zelena-energija-i-stabilno-i-trajno-snabduvanje-so-energensi/ Fri, 29 Apr 2022 12:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=495336

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на Форумот 100 дена Влада, во сесијата прашања и одговори се осврна на еден од приоритетите во изминатиот период односно на инвестициите во нови капацитети за производство на електрична енергија од чиста зелена енергија.

„Ова е прашање кое ја преокупира не само нашата Влада туку е клучна тема и на ниво на ЕУ и на земјите кои претендираат да станат членки на ЕУ. Оваа криза која започна како енергетска криза минатата година која што продолжи како уште повеќе засилена енергетска криза заради воената инвазија на Русија врз Украина, покрај тоа што ги зголеми цените на електричната енергија и ги исправи државите да мора да спроведат мерки кои нема дозволат ценовен шок за граѓаните, предизвика уште една многу важна тема, а тоа е енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси“, истакна Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека на овој план државата ја спроведува Стратегијата за транзиција на енергетскиот сектор, којашто во основа значи транзиција кон обновливи извори на енергија.

„За таа цел веќе ја пуштивме во пробна работа фотонапонската централа од 10 мегавати на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј. Таму веќе имаме потпишано договори на основа на јавно приватно партнерство со партнер од Турција, ФОРТИС компанијата за дополнителни 50 мегавати, проектирањето е практично во финална фаза и уште 50 мегавати со уште една компанија „Солопро“ на иста основа за дополнителни 50 мегавати. Дополнително ЕСМ, државната компанија, ќе гради уште 10 мегавати на истиот простор со што ќе имаме 120 мегавати производство на чиста енергија на стари наоѓалишта на јаглен наместо 120 мегавати кои што во моментов ги имаме од РЕК Осломеј, загадувачка црна енергија од јаглен“, посочи премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена од работењето на Владата.

Ковачевски го издвои и Чебрен како монументален историски проект којшто го воделе веројатно сите Влади, кој за прв пат се наоѓа во втора фаза.

Премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена Влада ги издвои и проектот за 200 мегавати во РЕК Битола кој исто така ќе биде финансиран со нашите мултилатерални стратешки инвеститори, како проектите за фотонапонски и ветерни електро централи.

„Дополнително веќе ја отпочнавме изградбата на далноводот Битола - Елбасан што значи поврзување со единствената држава со која немавме поврзување со 400 киловолтен далновод тоа е Албанија и со тоа сме држава која непречено може да ја транспортира енергија преку својата територија и од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија и да се градат дополнителни капацитети кои ќе можат да бидат продавани“, рече Ковачевски.

The post Приоритетите се транзиција кон зелена енергија и стабилно и трајно снабдување со енергенси appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на Форумот 100 дена Влада, во сесијата прашања и одговори се осврна на еден од приоритетите во изминатиот период односно на инвестициите во нови капацитети за производство на електрична енергија од чиста зелена енергија. „Ова е прашање кое ја преокупира не само нашата Влада туку е клучна тема и на ниво на ЕУ и на земјите кои претендираат да станат членки на ЕУ. Оваа криза која започна како енергетска криза минатата година која што продолжи како уште повеќе засилена енергетска криза заради воената инвазија на Русија врз Украина, покрај тоа што ги зголеми цените на електричната енергија и ги исправи државите да мора да спроведат мерки кои нема дозволат ценовен шок за граѓаните, предизвика уште една многу важна тема, а тоа е енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси“, истакна Ковачевски. Ковачевски нагласи дека на овој план државата ја спроведува Стратегијата за транзиција на енергетскиот сектор, којашто во основа значи транзиција кон обновливи извори на енергија. „За таа цел веќе ја пуштивме во пробна работа фотонапонската централа од 10 мегавати на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј. Таму веќе имаме потпишано договори на основа на јавно приватно партнерство со партнер од Турција, ФОРТИС компанијата за дополнителни 50 мегавати, проектирањето е практично во финална фаза и уште 50 мегавати со уште една компанија „Солопро“ на иста основа за дополнителни 50 мегавати. Дополнително ЕСМ, државната компанија, ќе гради уште 10 мегавати на истиот простор со што ќе имаме 120 мегавати производство на чиста енергија на стари наоѓалишта на јаглен наместо 120 мегавати кои што во моментов ги имаме од РЕК Осломеј, загадувачка црна енергија од јаглен“, посочи премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена од работењето на Владата. Ковачевски го издвои и Чебрен како монументален историски проект којшто го воделе веројатно сите Влади, кој за прв пат се наоѓа во втора фаза. Премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена Влада ги издвои и проектот за 200 мегавати во РЕК Битола кој исто така ќе биде финансиран со нашите мултилатерални стратешки инвеститори, како проектите за фотонапонски и ветерни електро централи. „Дополнително веќе ја отпочнавме изградбата на далноводот Битола - Елбасан што значи поврзување со единствената држава со која немавме поврзување со 400 киловолтен далновод тоа е Албанија и со тоа сме држава која непречено може да ја транспортира енергија преку својата територија и од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија и да се градат дополнителни капацитети кои ќе можат да бидат продавани“, рече Ковачевски.

The post Приоритетите се транзиција кон зелена енергија и стабилно и трајно снабдување со енергенси appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Следува силна година на инфраструктурни проекти во изградба на патишта и во желеницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-sleduva-silna-godina-na-infrastrukturni-proekti-vo-izgradba-na-patishta-i-vo-zelenicata/ Fri, 29 Apr 2022 12:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=495329

Оваа година ја бележиме како година во која имаме предвидено историски најголем буџет за изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата. Го завршивме експресниот пат Штип-Радовиш, инвестиција од преку 60 милиони вера. Работиме активно на изградба на автопатот Кичево -Охрид,  а во меѓувреме цел еден тим работи на процесот за доизградба на Коридор 8 на ниво на модерен автопат.  Фокусирани сме на  изградбата и на автопатската делница од Скопје до граничниот премин Блаце кон Косово, истакна министерот Благој Бочварски на Форумот по повод 100 дена Влада.

 

Во однос на експресните патишта, тој потенцира дека на терен има силна градежна активност на трите експресни патишта за што се инвестира вкупно 135 милиони евра.

 

Министерот Бочварски додаде дека се продолжува со реализација на капиталните инвестиции и во делот на Железницата каде се очекува оваа година да се започне со изградба на пругата кон Бугарија, од Куманово до Крива Паланка.

 

“Градежната механизација е секаде на терен, следува силна градежна сезона оваа година која ќе продолжи и во следниот период.  Само да илустрирам во бројки што во моментов градиме, а тоа е 59 км автопатски делници, а се подготвуваме за нови 140 километри автопатски делници. Се градат 118 километри експресни патишта од кои веќе привршуваат 54 км. Се градат, реконструираат и рехабилитираат околу 200 км магистрални и регионални патишта а се подготвуваме за допонителни 70 километри кои се веќе во фаза на евалуација. Исто така се работи и на 80 километри локални патишта во 40 општини за да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните. Во делот желеницата, во поновата исторја на државата ова е најголемата инвестиција со околу 200 милиони евра за изградба на двете фази кон Бугарија,  истакна министерот Бочварски.

 

Изминатиот период имавме многу предизвици со последиците од ковид кризата, енергетската криза,  еконмската криза па и конфликтот во Украина. Но, со добра меѓуресорска координација, со конкртени мерки ги амортизиравме сите овие ситуации и не дозволивме да има прекин на проектите во инфраструктурата, додаде Бочварски.

 

Тој најави дека во следниот период ќе се работи и на реконструкција на магистралните и регионалните патни правци како и санација на локалните патишта во општините како директна помош за општините.

 

“Во овој период сме силно фокусирани е вбризгување на што повеќе финансиски средства за капитални проекти како одговор на глобалната криза. Преку овие инвестиции овозможуваме континуитет на градежништвото а со тоа и економската активност на компаниите и генерално на цела економија”, истакна министерот Бочварски на  Форумот по повод 100 дена Влада.

The post Бочварски: Следува силна година на инфраструктурни проекти во изградба на патишта и во желеницата appeared first on Република.

]]>

Оваа година ја бележиме како година во која имаме предвидено историски најголем буџет за изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата. Го завршивме експресниот пат Штип-Радовиш, инвестиција од преку 60 милиони вера. Работиме активно на изградба на автопатот Кичево -Охрид,  а во меѓувреме цел еден тим работи на процесот за доизградба на Коридор 8 на ниво на модерен автопат.  Фокусирани сме на  изградбата и на автопатската делница од Скопје до граничниот премин Блаце кон Косово, истакна министерот Благој Бочварски на Форумот по повод 100 дена Влада.   Во однос на експресните патишта, тој потенцира дека на терен има силна градежна активност на трите експресни патишта за што се инвестира вкупно 135 милиони евра.   Министерот Бочварски додаде дека се продолжува со реализација на капиталните инвестиции и во делот на Железницата каде се очекува оваа година да се започне со изградба на пругата кон Бугарија, од Куманово до Крива Паланка.   “Градежната механизација е секаде на терен, следува силна градежна сезона оваа година која ќе продолжи и во следниот период.  Само да илустрирам во бројки што во моментов градиме, а тоа е 59 км автопатски делници, а се подготвуваме за нови 140 километри автопатски делници. Се градат 118 километри експресни патишта од кои веќе привршуваат 54 км. Се градат, реконструираат и рехабилитираат околу 200 км магистрални и регионални патишта а се подготвуваме за допонителни 70 километри кои се веќе во фаза на евалуација. Исто така се работи и на 80 километри локални патишта во 40 општини за да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните. Во делот желеницата, во поновата исторја на државата ова е најголемата инвестиција со околу 200 милиони евра за изградба на двете фази кон Бугарија,  истакна министерот Бочварски.   Изминатиот период имавме многу предизвици со последиците од ковид кризата, енергетската криза,  еконмската криза па и конфликтот во Украина. Но, со добра меѓуресорска координација, со конкртени мерки ги амортизиравме сите овие ситуации и не дозволивме да има прекин на проектите во инфраструктурата, додаде Бочварски.   Тој најави дека во следниот период ќе се работи и на реконструкција на магистралните и регионалните патни правци како и санација на локалните патишта во општините како директна помош за општините.   “Во овој период сме силно фокусирани е вбризгување на што повеќе финансиски средства за капитални проекти како одговор на глобалната криза. Преку овие инвестиции овозможуваме континуитет на градежништвото а со тоа и економската активност на компаниите и генерално на цела економија”, истакна министерот Бочварски на  Форумот по повод 100 дена Влада.

The post Бочварски: Следува силна година на инфраструктурни проекти во изградба на патишта и во желеницата appeared first on Република.

]]>
Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-povolni-uslovi-i-drzavna-pomosh-obezbeduvame-zgolemeno-proizvodstvo-na-strateshki-zemjodelski-kulturi/ Fri, 29 Apr 2022 12:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=495324

Премиерот Димитар Ковачевски на Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада“, кој денеска во Скопје се одржа пред претставници на дипломатскиот кор, стопански комори, граѓански организации, институции и медиуми, одговарајќи на прашања од интерес на медиумите на темата за долгорочната стратегија на Владата за надминување на економско-социјалната и здравствена криза предизвикана од пандемијата и војната во Украина, оцени дека преземените мерки овозможуваат навремено снабдување со потребните основни суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјали и „зелена нафта“.

„За да го зајакнеме домашното земјоделство со пакет мерки изготвивме Интервентен план за производство на храна, којшто е насочен кон стратешките култури, а тоа се пченка, пченица, сончоглед, јачмен. Дополнително, тој е насочен кон извозните култури, доминантно од овоштарството и поледелството ѝ е насочен кон зголемувањето на субвенциите во сточарството, особено во производството на млеко, со оглед на тоа дека ако ги погледнеме производствените капацитети на државата не може нашето производство на суровина да задоволи ниту 50% од капацитетите што можат да произведат“, рече Ковачевски задржувајќи се на воведените нови зголемени субвенции, со новата програма во делот на стратешките култури, во делот на овоштарството, сточарството и поледелството.

Тој посочи дека целта е со оваа поддршка да се справиме со светската економска криза, која претставува една од најголемите по Втората светска војна, предизвикана од агресијата на Русија врз Украина, но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна.

Според Премиерот, со „Националниот план за производство на храна”, којшто веќе се имплементира, се поттикнуваат земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури и да се искористат ресурсите, да се зголеми производството и залихите за домашните преработувачки капацитети.

Премиерот Ковачевски додаде дека Владините мерки се преземаат со цел да се надмине кризата, која предизвика најголемо покачување на реагенсите, на цената на храната, на суровините за производство на храна особено на вештачките ѓубрива, како и на суровините на другите индустрии особено преработувачката индустрија.

„Ние како држава според мене имавме сосема погрешен концепт на субвенционирање, којшто беше воведен доминантно заради финансирање покрај на земјоделството и финансирање на други политички цели. Ако ги погледнеме бројките на инвестирани 8-9 милијарди денари на годишно ниво и повеќе, ние имаме секоја година помало производство на храна, поголем увоз на храна и драматично помало производство на стратешки прехранбени производи“, истакна Ковачевски кој додаде дека постои нарушување на страната на понудата и затоа се наоѓаме во економска криза, којашто  предизвикува инфлација, која според бројките е идентична во сите земји.

Во рамки на сесијата, на која Премиерот одговараше на прашања испратени од медиумите посочи дека дополнително, заради зголемување на производството на стратешките земјоделски култури, особено на пченицата и пченката, дополнителни 6.000 хектари државно земјиште е подготвено да биде поделено на земјоделците, коишто ќе добијат и заради зголеменото производство и зголемени субвенции.

„Сето ова го правиме како прв чекор во зголемувањето на производството на храна бидејќи Република Македонија располага и со земјиште има поволна клима и вреден народ за производство на голем дел од својата храна, наместо да увезува“, заклучи Ковачевски на Форумот на кој беа претставени постигнувањата на првите 100 дена од новиот мандат на Владата.

The post Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски на Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада“, кој денеска во Скопје се одржа пред претставници на дипломатскиот кор, стопански комори, граѓански организации, институции и медиуми, одговарајќи на прашања од интерес на медиумите на темата за долгорочната стратегија на Владата за надминување на економско-социјалната и здравствена криза предизвикана од пандемијата и војната во Украина, оцени дека преземените мерки овозможуваат навремено снабдување со потребните основни суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјали и „зелена нафта“. „За да го зајакнеме домашното земјоделство со пакет мерки изготвивме Интервентен план за производство на храна, којшто е насочен кон стратешките култури, а тоа се пченка, пченица, сончоглед, јачмен. Дополнително, тој е насочен кон извозните култури, доминантно од овоштарството и поледелството ѝ е насочен кон зголемувањето на субвенциите во сточарството, особено во производството на млеко, со оглед на тоа дека ако ги погледнеме производствените капацитети на државата не може нашето производство на суровина да задоволи ниту 50% од капацитетите што можат да произведат“, рече Ковачевски задржувајќи се на воведените нови зголемени субвенции, со новата програма во делот на стратешките култури, во делот на овоштарството, сточарството и поледелството. Тој посочи дека целта е со оваа поддршка да се справиме со светската економска криза, која претставува една од најголемите по Втората светска војна, предизвикана од агресијата на Русија врз Украина, но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна. Според Премиерот, со „Националниот план за производство на храна”, којшто веќе се имплементира, се поттикнуваат земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури и да се искористат ресурсите, да се зголеми производството и залихите за домашните преработувачки капацитети. Премиерот Ковачевски додаде дека Владините мерки се преземаат со цел да се надмине кризата, која предизвика најголемо покачување на реагенсите, на цената на храната, на суровините за производство на храна особено на вештачките ѓубрива, како и на суровините на другите индустрии особено преработувачката индустрија. „Ние како држава според мене имавме сосема погрешен концепт на субвенционирање, којшто беше воведен доминантно заради финансирање покрај на земјоделството и финансирање на други политички цели. Ако ги погледнеме бројките на инвестирани 8-9 милијарди денари на годишно ниво и повеќе, ние имаме секоја година помало производство на храна, поголем увоз на храна и драматично помало производство на стратешки прехранбени производи“, истакна Ковачевски кој додаде дека постои нарушување на страната на понудата и затоа се наоѓаме во економска криза, којашто  предизвикува инфлација, која според бројките е идентична во сите земји. Во рамки на сесијата, на која Премиерот одговараше на прашања испратени од медиумите посочи дека дополнително, заради зголемување на производството на стратешките земјоделски култури, особено на пченицата и пченката, дополнителни 6.000 хектари државно земјиште е подготвено да биде поделено на земјоделците, коишто ќе добијат и заради зголеменото производство и зголемени субвенции. „Сето ова го правиме како прв чекор во зголемувањето на производството на храна бидејќи Република Македонија располага и со земјиште има поволна клима и вреден народ за производство на голем дел од својата храна, наместо да увезува“, заклучи Ковачевски на Форумот на кој беа претставени постигнувањата на првите 100 дена од новиот мандат на Владата.

The post Со поволни услови и државна помош обезбедуваме зголемено производство на стратешки земјоделски култури appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Цврсто се залагаме за европска иднина и просперитет за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-cvrsto-se-zalagame-za-evropska-idnina-i-prosperitet-za-gragjanite/ Fri, 29 Apr 2022 12:41:13 +0000 https://republika.mk/?p=495320

На Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Македонија” кој се одржа во „Националната опера и балет“, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и министрите на Владата ги сублимираа и презентираа обемните постигнувања на Владата во текот на 100 дена од нејзиното работење и одговараа на прашања од интерес на медиумите и јавноста.

На Форумот воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, по што следеше панел сесија со премиерот, а потоа и со вицепремиерите и министрите.

Премиерот и министрите ги презентираа постигнувањата на Владата во надворешната политика, владеењето на правото и реформите, економијата, како и стандардите на живеење и животната средина.

На Форумот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми.

Во оваа пригода премиерот Ковачевски истакна дека Владата ја докажа својата цврста заложба да обезбеди сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа, како што посочи, е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење.

На прашањето за перспективите на ЕУ интеграциите на Македонија и Албанија и јасните пораки од страна на САД и Франција дека стабилноста на Западен Балкан зависи од овој процес, премиерот Ковачевски посочи дека од огромно значење е тоа што постои огромна поддршка на европските интеграции внатре во нашата државата поради тоа што нашиот народ знае дека ЕУ е унија во која се негуваат основните демократски вредности: слобода на изразување, право на критичко мислење и изразување и социјална правда.

„Ние 30 години и како институции и како граѓани имаме вложувано многу за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Потврда за тоа се и четирите позитивни извештаи од Европската Комисија. Имаме и значајна поддршка од држави како Франција, Германија, САД но на патот кон членството во ЕУ, за жал, имаме предизвик со ветото кое го стави минатата влада на Република Бугарија“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека во правец на континуирано негување добрососедски односи отворивме дијалог со бугарската влада во кој беа вклучени сите министерства како дел од работни групи преку кои се фокусиравме на теми свртени кон иднината.

„Успехот во овој процес може да се очекува врз основа на дијалог кој ќе се темели врз европски вредности но и врз принципите на почит и принципот на достоинство кои двете страни мора да ги чуваат, негуваат. Мора да се сочува достоинството на граѓаните на двете држави. Така дијалогот ќе вроди со резултат за градење идни одлични односи меѓу соседи и земји членки на ЕУ. Честопати оваа дискусија е преземена од националисти и популисти и тоа не е добро. Ние, како европски влади имаме  обврска да наметнеме  позитивен наратив-насочен кон иднината кој ќе ни овозможи отпочнување на преговори за членство во ЕУ“, истакна Ковачевски.

The post Ковачевски: Цврсто се залагаме за европска иднина и просперитет за граѓаните appeared first on Република.

]]>

На Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Македонија” кој се одржа во „Националната опера и балет“, претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и министрите на Владата ги сублимираа и презентираа обемните постигнувања на Владата во текот на 100 дена од нејзиното работење и одговараа на прашања од интерес на медиумите и јавноста. На Форумот воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, по што следеше панел сесија со премиерот, а потоа и со вицепремиерите и министрите. Премиерот и министрите ги презентираа постигнувањата на Владата во надворешната политика, владеењето на правото и реформите, економијата, како и стандардите на живеење и животната средина. На Форумот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми. Во оваа пригода премиерот Ковачевски истакна дека Владата ја докажа својата цврста заложба да обезбеди сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа, како што посочи, е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. На прашањето за перспективите на ЕУ интеграциите на Македонија и Албанија и јасните пораки од страна на САД и Франција дека стабилноста на Западен Балкан зависи од овој процес, премиерот Ковачевски посочи дека од огромно значење е тоа што постои огромна поддршка на европските интеграции внатре во нашата државата поради тоа што нашиот народ знае дека ЕУ е унија во која се негуваат основните демократски вредности: слобода на изразување, право на критичко мислење и изразување и социјална правда. „Ние 30 години и како институции и како граѓани имаме вложувано многу за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Потврда за тоа се и четирите позитивни извештаи од Европската Комисија. Имаме и значајна поддршка од држави како Франција, Германија, САД но на патот кон членството во ЕУ, за жал, имаме предизвик со ветото кое го стави минатата влада на Република Бугарија“, истакна премиерот Ковачевски. Тој посочи дека во правец на континуирано негување добрососедски односи отворивме дијалог со бугарската влада во кој беа вклучени сите министерства како дел од работни групи преку кои се фокусиравме на теми свртени кон иднината. „Успехот во овој процес може да се очекува врз основа на дијалог кој ќе се темели врз европски вредности но и врз принципите на почит и принципот на достоинство кои двете страни мора да ги чуваат, негуваат. Мора да се сочува достоинството на граѓаните на двете држави. Така дијалогот ќе вроди со резултат за градење идни одлични односи меѓу соседи и земји членки на ЕУ. Честопати оваа дискусија е преземена од националисти и популисти и тоа не е добро. Ние, како европски влади имаме  обврска да наметнеме  позитивен наратив-насочен кон иднината кој ќе ни овозможи отпочнување на преговори за членство во ЕУ“, истакна Ковачевски.

The post Ковачевски: Цврсто се залагаме за европска иднина и просперитет за граѓаните appeared first on Република.

]]>