Форум на жени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/forum-na-zeni/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 09:51:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Форум на жени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/forum-na-zeni/ 32 32 Форум на жени на ЛДП: И таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус треба да бидат дел од позитивната листа на лекови, жените имаат право на избор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/forum-na-zheni-na-ldp-i-tabletite-so-koi-se-vrshi-medikamentozniot-abortus-treba-da-bidat-del-od-pozitivnata-lista-na-lekovi-zhenite-imaat-pravo-na-izbor/ Fri, 23 Aug 2024 09:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=809377

Добро е што после 10 години позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување се прошири. Токму затоа нагласуваме дека е неопходна  регистрирација и на таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус и нивно внесување на позитивната листа на лекови, порачуваат од Форумот на жени на Либерално демократската партија.

-Со овие дејствија државата ќе покаже поголема грижа за репродуктивното здравје на жената, а воедно во континуитет ќе се гарантира  достапноста на таблетите. Исто така медикментозниот абортус како алтернативен метод ќе се овозможи на територија на целата држава и на сите нивоа на здравствената заштита, додаваат тие.

Од Форумот на жени на ЛДП потсетуваат дека досега се регистрирани позитивни резултати од спроведувањето на овој вид абортус во Гинеколошко акушерската клиника во Скопје како и во многу држави низ Европа, од која причина ужива голема поддршка од страна на Светската здравствена организација.

-Жените имаат право да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за планирање на семејството по свој избор! Форумот на жени на ЛДП силно верува дека за да ја ужива својата репродуктивна слобода, на жената мора да и се овозможи слободно да одлучува за своето тело, здравје и живот, затоа уште еднаш апелираме до Министерството за здравство да ги регистрира таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус, во спротивно не би можеле да кажеме дека државата се грижи за доброто на жените и дека би сакала да го подобри квалитетот на живеење за сите граѓани, додаваат тие.

The post Форум на жени на ЛДП: И таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус треба да бидат дел од позитивната листа на лекови, жените имаат право на избор appeared first on Република.

]]>

Добро е што после 10 години позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување се прошири. Токму затоа нагласуваме дека е неопходна  регистрирација и на таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус и нивно внесување на позитивната листа на лекови, порачуваат од Форумот на жени на Либерално демократската партија. -Со овие дејствија државата ќе покаже поголема грижа за репродуктивното здравје на жената, а воедно во континуитет ќе се гарантира  достапноста на таблетите. Исто така медикментозниот абортус како алтернативен метод ќе се овозможи на територија на целата држава и на сите нивоа на здравствената заштита, додаваат тие. Од Форумот на жени на ЛДП потсетуваат дека досега се регистрирани позитивни резултати од спроведувањето на овој вид абортус во Гинеколошко акушерската клиника во Скопје како и во многу држави низ Европа, од која причина ужива голема поддршка од страна на Светската здравствена организација. -Жените имаат право да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за планирање на семејството по свој избор! Форумот на жени на ЛДП силно верува дека за да ја ужива својата репродуктивна слобода, на жената мора да и се овозможи слободно да одлучува за своето тело, здравје и живот, затоа уште еднаш апелираме до Министерството за здравство да ги регистрира таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус, во спротивно не би можеле да кажеме дека државата се грижи за доброто на жените и дека би сакала да го подобри квалитетот на живеење за сите граѓани, додаваат тие.

The post Форум на жени на ЛДП: И таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус треба да бидат дел од позитивната листа на лекови, жените имаат право на избор appeared first on Република.

]]>
Осмомартовскиот марш во Прилеп во организација на Форумот на жени на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmomartovskiot-marsh-vo-prilep-vo-organizatsija-na-forumot-na-zheni-na-sdsm/ Sun, 05 Mar 2023 13:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=616075

Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп.

Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во Паркот на револуцијата.

Со пораки за родова еднаквост на жените и мажите од бината пред Меморијалниот музеј е во тек обраќањето на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски кој меѓу другото ја нагласува големата улога на жените работнички, земјоделки, успесни жени, а родовата еднаквост е општествено прашање.

Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството, храбри девојчиња, девојки, жени - ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка, порача денеска на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Таа порача дека ниту стравот, ниту молкот не е опција. - Не е опција ниту зборувањето напразно. Затоа, ги повикувам сите жени, без разлика на сите наши разлики, заедно да му се спротивставиме на овој погубен говор на омраза.  Да дадеме пример како не мора исто да мислиме, но можеме достоинствено да разговараме. Верувајте, ќе ни се приклучат сите мажи, сите оние кои знаат дека без жените, животот би бил грешка, порача Лукаревска.

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ порача дека СДСМ го слуша и цени гласот на жената и постојано работи на унапредување на роводата еднаквост.
Жената е херој и има посебна симболика кога ова го говорам во Прилеп - Градот херој, затоа што жените-хероини од Народно ослободителната борба, беа рамноправни партизани и родољуби, храбри и пожртвувани, еднакви и силни, кои со пушки в рака беа на браникот на татковината. Оваа саможртва е драгоцено наследство и нè задолжува сите нас многу повеќе да бидеме гласноговорници за родовата еднаквост.  Треба повеќе да зборуваме и да делуваме за нашите секојдневни жени-хероини, знајни, но многу повеќе незнајни. Нив ги среќаваме дома, на работа, на улица, во продавница... тие се тие кои водат секојдневни човечки битки за себе, за семејството, за своите блиски. За жал, за нив малку се говори. Затоа, ние цврсто стоиме зад нив. Нашите политики стојад зад нив. Ние, социјалдемократите, сме нивниот глас, нивната поддршка, како што тие се наша инспирација и поддршка, секој ден, истакна тој.

The post Осмомартовскиот марш во Прилеп во организација на Форумот на жени на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп. Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во Паркот на револуцијата. Со пораки за родова еднаквост на жените и мажите од бината пред Меморијалниот музеј е во тек обраќањето на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски кој меѓу другото ја нагласува големата улога на жените работнички, земјоделки, успесни жени, а родовата еднаквост е општествено прашање.