формула Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/formula/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 11:12:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png формула Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/formula/ 32 32 Тото Волф, првиот човек на Мерцедес: Прво, да видиме што сака Макс Верстапен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/toto-volf-prviot-chovek-na-mertsedes-prvo-da-vidime-shto-saka-maks-verstapen/ Wed, 27 Mar 2024 11:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=759294

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, проговори за потенцијална замена за Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари.

Австрискиот милионер истакнува дека многу ќе зависи од односот на актуелниот светски шампион Макс Верстапен со Ред Бул.

Прво, да видиме што сака Макс и дали ќе остане во Ред Бул. Тој секако е прв на листата на желби, изјави Волф.

The post Тото Волф, првиот човек на Мерцедес: Прво, да видиме што сака Макс Верстапен appeared first on Република.

]]>

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, проговори за потенцијална замена за Луис Хамилтон, кој од следната сезона ќе вози за Ферари. Австрискиот милионер истакнува дека многу ќе зависи од односот на актуелниот светски шампион Макс Верстапен со Ред Бул.
Прво, да видиме што сака Макс и дали ќе остане во Ред Бул. Тој секако е прв на листата на желби, изјави Волф.

The post Тото Волф, првиот човек на Мерцедес: Прво, да видиме што сака Макс Верстапен appeared first on Република.

]]>
Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nov-skandal-vo-formula-1-pretsedatelot-na-fia-pod-istraga-za-manipulatsija-so-rezultati/ Mon, 04 Mar 2024 20:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=751254

Нов скандал го тресе светот на Формула 1. Овој пат во центарот на скандалот е претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, против кого се води истрага за манипулации со резултати во сезоната 2023, информираат светските медиуми.

Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз одлуката на стјуардите да ја поништат казната од 10 секунди на Фернандо Алонсо на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија.

Двократниот светски шампион потоа заврши трет на трката во Џеда, но беше казнет со спорните 10 секунди веднаш по церемонијата на доделување награди. Причината за оваа казна е неправилно издржување казна од 5 секунди што му беше досудена на почетокот на трката.

Екипата на Астон Мартин потоа ја обжали одлуката на стјуардите повторно да го казнат Алонсо и тврдењата на тимот беа уважени, што резултираше со поништување на казната на Шпанецот. Сепак, се чини дека тоа се случило по интервенцијата на Бин Сулејем.

Според изворот на „Би-Би-Си Спорт“, човекот од Дубаи го повикал шефот на ФИА за Блискиот Исток и Северна Африка, шеикот Абдула бин Хамас бис Иса Ал Калифа, кој беше официјален претставник за време на викендот за Големата награда на Саудиска Арабија. За време на тој разговор, Бин Сулејем побарал од стјуардите да ја повлечат одлуката за повторно казнување на Алонсо, враќајќи му го подиумот на Шпанецот.

The post Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати appeared first on Република.

]]>

Нов скандал го тресе светот на Формула 1. Овој пат во центарот на скандалот е претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, против кого се води истрага за манипулации со резултати во сезоната 2023, информираат светските медиуми. Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз одлуката на стјуардите да ја поништат казната од 10 секунди на Фернандо Алонсо на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија. Двократниот светски шампион потоа заврши трет на трката во Џеда, но беше казнет со спорните 10 секунди веднаш по церемонијата на доделување награди. Причината за оваа казна е неправилно издржување казна од 5 секунди што му беше досудена на почетокот на трката. Екипата на Астон Мартин потоа ја обжали одлуката на стјуардите повторно да го казнат Алонсо и тврдењата на тимот беа уважени, што резултираше со поништување на казната на Шпанецот. Сепак, се чини дека тоа се случило по интервенцијата на Бин Сулејем. Според изворот на „Би-Би-Си Спорт“, човекот од Дубаи го повикал шефот на ФИА за Блискиот Исток и Северна Африка, шеикот Абдула бин Хамас бис Иса Ал Калифа, кој беше официјален претставник за време на викендот за Големата награда на Саудиска Арабија. За време на тој разговор, Бин Сулејем побарал од стјуардите да ја повлечат одлуката за повторно казнување на Алонсо, враќајќи му го подиумот на Шпанецот.

The post Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати appeared first on Република.

]]>
Охриѓани против трка со формули на вода на Охридско Езеро https://arhiva3.republika.mk/zivot/ohrigani-protiv-trka-so-formuli-na-voda-na-ohridsko-ezero/ Sat, 24 Feb 2024 13:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=747811

Трката со формули на вода на Охридско Езеро закажана за јуни годинава во водите на Охридско Езеро кај Поградец во соседна Албанија предизвика жестоки реакции во јавноста. Сепак и експертите и поголем дел од жителите се согласни дека ваква трка не треба да се одржи.

Експертската јавност предупредува за штетните последици. Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, за кои основано се проценува дека имаат негативно влијание врз животната средина, живиот свет и еко-системот, настани што вообичаено се одржуваат на отворени водени површини како мориња и океани, а не на затворени водни површини како што е Охридско Езеро.

Трката со формули на вода на Охридско Езеро е закана за екосистемот алармираат еколошките здруженија и институциите.

Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Република Албанија покренаа иницијатива за спречување на одржување на настанот. Посочија дека одржувањето на трка со брзи моторни чамци од серијата „Формула 1“ на Охридското Езеро, планирана за јули оваа година во албанскиот дел на езерото претставува значителен ризик за неговиот деликатен екосистем и културното значење.

Ги повикаа институциите за спроведување на законот во двете земји да дадат приоритет на зачувувањето на природата. Препорачаа да се преиспита локацијата на настанот и да се истражат алтернативите, со цел да се спречи понатамошно оштетување на екосистемот на Охридското Езеро и да се зачува неговата природна убавина за идните генерации.

Потенцира дека во трките би учествувале глисери со голем капацитет чии мотори предизвикуваат физички, хемиски и биолошки промени во животната средина, следствено врз тоа и на живот свет во Охридско Езеро.

Проценките направени од информациите достапни на интернет-страницата на организаторот на настанот, а наведени во иницијативата, покажуваат дека за време на одржување на истиот ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми CO2 емисии во воздухот и езерото.

Според покренувачите на иницијативата за спречување организација на таквниот настан, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот така и во водата во текот на цела календарска година.

Исто така ќе бидат потребни 4.300 метри квадратни паркинг-простор за да се сместат 43-те тимови или 129-172 камиони ангажирани за логистика на настанот. Самата стартна платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона, просторот каде се мрестат и живеат рибите од езерото, предупредуваат иницијаторите на акцијата за спречување организација такви еколошко-неприфатливи настани на езерото.

The post Охриѓани против трка со формули на вода на Охридско Езеро appeared first on Република.

]]>

Трката со формули на вода на Охридско Езеро закажана за јуни годинава во водите на Охридско Езеро кај Поградец во соседна Албанија предизвика жестоки реакции во јавноста. Сепак и експертите и поголем дел од жителите се согласни дека ваква трка не треба да се одржи. Експертската јавност предупредува за штетните последици. Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, за кои основано се проценува дека имаат негативно влијание врз животната средина, живиот свет и еко-системот, настани што вообичаено се одржуваат на отворени водени површини како мориња и океани, а не на затворени водни површини како што е Охридско Езеро. Трката со формули на вода на Охридско Езеро е закана за екосистемот алармираат еколошките здруженија и институциите. Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Република Албанија покренаа иницијатива за спречување на одржување на настанот. Посочија дека одржувањето на трка со брзи моторни чамци од серијата „Формула 1“ на Охридското Езеро, планирана за јули оваа година во албанскиот дел на езерото претставува значителен ризик за неговиот деликатен екосистем и културното значење. Ги повикаа институциите за спроведување на законот во двете земји да дадат приоритет на зачувувањето на природата. Препорачаа да се преиспита локацијата на настанот и да се истражат алтернативите, со цел да се спречи понатамошно оштетување на екосистемот на Охридското Езеро и да се зачува неговата природна убавина за идните генерации. Потенцира дека во трките би учествувале глисери со голем капацитет чии мотори предизвикуваат физички, хемиски и биолошки промени во животната средина, следствено врз тоа и на живот свет во Охридско Езеро. Проценките направени од информациите достапни на интернет-страницата на организаторот на настанот, а наведени во иницијативата, покажуваат дека за време на одржување на истиот ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми CO2 емисии во воздухот и езерото. Според покренувачите на иницијативата за спречување организација на таквниот настан, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот така и во водата во текот на цела календарска година. Исто така ќе бидат потребни 4.300 метри квадратни паркинг-простор за да се сместат 43-те тимови или 129-172 камиони ангажирани за логистика на настанот. Самата стартна платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона, просторот каде се мрестат и живеат рибите од езерото, предупредуваат иницијаторите на акцијата за спречување организација такви еколошко-неприфатливи настани на езерото.

The post Охриѓани против трка со формули на вода на Охридско Езеро appeared first on Република.

]]>
Испробајте ја „Формула 2-2-2“ за посреќен брак https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/isprobajte-ja-formula-2-2-2-za-posreken-brak/ Wed, 01 Mar 2023 14:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=614729

Лошата љубовна врска или брак може да биде прилично голем стрес. Психологот Кимберли Хершенсон, во таа смисла ја препорачува „Формулата 2-2-2“.

Тоа значи следново - треба да излезете со девојката, момчето или сопружникот еднаш во две недели, да отпатувате некаде за викенд на секои два месеци и да одите некаде на една недела на секои две години.

Мислам дека ова е одлично. Покрај почитта, тогаш ќе имате навистина одличен брак, а тоа најчесто значи - да минувате повеќе време заедно. Тоа, за жал, многу луѓе го забораваат. Имав можност да работам со парови кои биле пред развод кога решија да ја пробаат „Формулата 2-2-2“. Состојбата обично оди кон подобро и луѓето се откажуваат од разводот, појасни психологот и советник за брак, во интервју за „Фокс њуз“.

Таа нагласува дека двојките комуницирале многу подобро и поподробно научиле што се случува во животот и главата на другиот крај себе.

Универзитетот во Џорџија во САД пред неколку години спроведе истражување што покажа дека зборот „благодарам“ е еден од клучните предуслови за среќен брак. Во истражувањето, 468 лица кои биле во брак, одговарале на прашања во врска со финансиите, комуникацијата и благодарноста кон неговиот партнер.

The post Испробајте ја „Формула 2-2-2“ за посреќен брак appeared first on Република.

]]>

Лошата љубовна врска или брак може да биде прилично голем стрес. Психологот Кимберли Хершенсон, во таа смисла ја препорачува „Формулата 2-2-2“. Тоа значи следново - треба да излезете со девојката, момчето или сопружникот еднаш во две недели, да отпатувате некаде за викенд на секои два месеци и да одите некаде на една недела на секои две години.
Мислам дека ова е одлично. Покрај почитта, тогаш ќе имате навистина одличен брак, а тоа најчесто значи - да минувате повеќе време заедно. Тоа, за жал, многу луѓе го забораваат. Имав можност да работам со парови кои биле пред развод кога решија да ја пробаат „Формулата 2-2-2“. Состојбата обично оди кон подобро и луѓето се откажуваат од разводот, појасни психологот и советник за брак, во интервју за „Фокс њуз“.
Таа нагласува дека двојките комуницирале многу подобро и поподробно научиле што се случува во животот и главата на другиот крај себе. Универзитетот во Џорџија во САД пред неколку години спроведе истражување што покажа дека зборот „благодарам“ е еден од клучните предуслови за среќен брак. Во истражувањето, 468 лица кои биле во брак, одговарале на прашања во врска со финансиите, комуникацијата и благодарноста кон неговиот партнер.

The post Испробајте ја „Формула 2-2-2“ за посреќен брак appeared first on Република.

]]>
Со едноставна формула пресметајте колку ќе биде високо вашето дете https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/so-ednostavna-formula-presmetajte-kolku-kje-bide-visoko-vasheto-dete/ Wed, 23 Nov 2022 19:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=577478

Родителите често замислуваат како нивните деца ќе изгледаат кога ќе пораснат, а еден аспект на физичкиот изглед можат да го предвидат со помош на едноставна формула.

На нашата конечна висина во зрелата возраст влијаат различни фактори, но во најголема мера висината ја одредува генетиката. Тоа го потврди и едно истражување, спроведено на 8.798 близнаци во Финска.

Резултатите од истражувањата објавени во весникот „Бихејвиор генетикс“ покажуваат дека наследноста има најголемо влијание на висината кај дури 78 отсто од испитани мажи и 75 отсто од испитаните жени.

Во ’70-те години од минатиот век е развиена е едноставна формула за предвидување на висина во зрелата возраст, која се пресметува врз основа на висината на двајцата родители.

Иако на сите им е јасно дека конечниот резултат не може да биде целосно точен, затоа што пресметувањето не може да ги вклучи најважните фактори како генетиката и исхрана, многумина сепак ја користат од љубопитност.

Како да ја пресметате предвидената висина за девојчиња:

(Висината на таткото + Висината на мајката) : 2 – 6,5 см

Пример:

Таткото 182 см + Мајката 160 см = 342 см

342:2 = 171

171 – 6,5 = 164,5 см

Предвидената висина за девојчиња е 164,5 см (плус или минус пет см)

Како да ја пресметате предвидената висина за момчиња:

(Висината на таткото + Висината на мајката ) : 2 + 6,5 см

Пример:

Таткото 182 см + Мајката 160 см = 342 см

342:2 = 171

171 + 6,5 = 177,5 (плус или минус пет см).

The post Со едноставна формула пресметајте колку ќе биде високо вашето дете appeared first on Република.

]]>

Родителите често замислуваат како нивните деца ќе изгледаат кога ќе пораснат, а еден аспект на физичкиот изглед можат да го предвидат со помош на едноставна формула. На нашата конечна висина во зрелата возраст влијаат различни фактори, но во најголема мера висината ја одредува генетиката. Тоа го потврди и едно истражување, спроведено на 8.798 близнаци во Финска. Резултатите од истражувањата објавени во весникот „Бихејвиор генетикс“ покажуваат дека наследноста има најголемо влијание на висината кај дури 78 отсто од испитани мажи и 75 отсто од испитаните жени. Во ’70-те години од минатиот век е развиена е едноставна формула за предвидување на висина во зрелата возраст, која се пресметува врз основа на висината на двајцата родители. Иако на сите им е јасно дека конечниот резултат не може да биде целосно точен, затоа што пресметувањето не може да ги вклучи најважните фактори како генетиката и исхрана, многумина сепак ја користат од љубопитност.

Како да ја пресметате предвидената висина за девојчиња:

(Висината на таткото + Висината на мајката) : 2 – 6,5 см Пример: Таткото 182 см + Мајката 160 см = 342 см 342:2 = 171 171 – 6,5 = 164,5 см Предвидената висина за девојчиња е 164,5 см (плус или минус пет см)

Како да ја пресметате предвидената висина за момчиња:

(Висината на таткото + Висината на мајката ) : 2 + 6,5 см Пример: Таткото 182 см + Мајката 160 см = 342 см 342:2 = 171 171 + 6,5 = 177,5 (плус или минус пет см).

The post Со едноставна формула пресметајте колку ќе биде високо вашето дете appeared first on Република.

]]>
Полицијата бара возач кој со „формула“ возел на автопат во Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/policijata-bara-vozach-koj-so-formula-vozel-na-avtopat-vo-cheshka/ Sun, 14 Aug 2022 19:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=540321

Возачите на автопат во Чешка биле изненадени кога забележале „формула“ зад, до, но и пред нив.

Чешката полиција соопшти дека трага по возачот на „формула“, кој со голема брзина се движел по чешкиот автопат.

https://twitter.com/EngineMode11/status/1558767521972584449?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1558767521972584449%7Ctwgr%5E70aa5364b1f15f29adb71a2572cb8303d84f1a6f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bfd0bed0bbd0b8d186d0b8d198d0b0d182d0b0-d0b3d0be-d0b1d0b0d180d0b0-d0b2d0bed0b7d0b0d187d0bed182-d0bad0bed198-d181%2F

Социјалните мрежи беа преплавени со видео снимки од возачи на автопат кои ги престигнува Формула 1 болид.

Снимката доаѓа од автопатот кај Прибрам во Чешка, а припадниците на полициската служба бараат помош од граѓаните доколку имаат повеќе информации.

Анализирајќи го болидот, јасно е дека не се работи за болид од Формула 1, туку за постар модел на автомобил GP2, кој е забрането да се вози по јавни патишта.

The post Полицијата бара возач кој со „формула“ возел на автопат во Чешка appeared first on Република.

]]>

Возачите на автопат во Чешка биле изненадени кога забележале „формула“ зад, до, но и пред нив. Чешката полиција соопшти дека трага по возачот на „формула“, кој со голема брзина се движел по чешкиот автопат. https://twitter.com/EngineMode11/status/1558767521972584449?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1558767521972584449%7Ctwgr%5E70aa5364b1f15f29adb71a2572cb8303d84f1a6f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bfd0bed0bbd0b8d186d0b8d198d0b0d182d0b0-d0b3d0be-d0b1d0b0d180d0b0-d0b2d0bed0b7d0b0d187d0bed182-d0bad0bed198-d181%2F Социјалните мрежи беа преплавени со видео снимки од возачи на автопат кои ги престигнува Формула 1 болид. Снимката доаѓа од автопатот кај Прибрам во Чешка, а припадниците на полициската служба бараат помош од граѓаните доколку имаат повеќе информации. Анализирајќи го болидот, јасно е дека не се работи за болид од Формула 1, туку за постар модел на автомобил GP2, кој е забрането да се вози по јавни патишта.

The post Полицијата бара возач кој со „формула“ возел на автопат во Чешка appeared first on Република.

]]>