формирање влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/formiranje-vlada/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 20:31:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png формирање влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/formiranje-vlada/ 32 32 ВРЕДИ: ДУИ да се реформира, а не да бојкотира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-dui-da-se-reformira-a-ne-da-bojkotira/ Wed, 29 May 2024 14:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=782853

За новата влада на Република Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот во албанскиот блок, велат од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ.

„ВЛЕН, како коалиција на обединетата албанска опозиција, на изборите од 8 Мај се потврди како носител на етничкиот легитимитет на гласачите Албанци.

Од самото формирање, ВЛЕН говори со факти, а не со политички флоскули. Затоа, денес клучната дилема која се поставува е: кој е вистинскиот Али Ахмети? Дали оној кој говореше НЕ за Русија – ДА за Европа, или овој кој плаче што не е во коалиција со оние кои ги обвини дека се антизападни? Дали ВЛЕН се вазалите или Ахмети, Груби и Османи се вазалите кога одлучија да не го поддржат Арбен Таравари за заеднички претседателски кандидат на Албанскиот народ? Во чие име Ахмети одлучи спротивно на интересите на ЕУ и САД да го бојкотира вториот круг на претседателските избори? Дали за Ахмети интересите на Албанците се важни само кога ДУИ е власт? Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собрание со значително мнозинство од 76 пратеници? Додека Ахмети не одговори на овие прашања ќе остане впечатокот дека единственото за што се грижи е како да ги спаси своите своите корумпирани досегашни функционери од одговорност.

Ахмети треба да ја прифати реалноста. Одамна веќе нема право да се обидува да го монополизира ЕУ процесот како и процесот на унапредување на етничките права на Албанците во Република Македонија. Уставните измени се еден од најважните приоритети на ВЛЕН, тргнувајќи од внесување на Бугарите во Уставот како услов за продолжување на ЕУ перспективите, бришење на срамната формулација 20% и промена на изборниот модел за шеф на државата. Имајќи во предвид дека ова се иницијативи за кои треба висок степен на консензус, ВЛЕН во процесите влегува со цел истите да се остварат, а не како до сега, да служат само како восочни фигури со многу шминка а малку содржина. Изборот на Африм Гаши за Претседател на Собранието е добра основа промените да се случат со добра воља и искрен пристап да се прифати реалноста. Апелираме до ДУИ да се однесува како одговорна опозиција и заради лични и теснопартиски интереси да не ги жртвува ЕУ перспективите на Македонија.

Вчера започна ново поглавје во политичкото дејствување на Албанците во Македонија. Старата корумпирана политичка коњуктура народот со глас ја замени со нова генерација на образувани, одговорни, отчетни, транспарентни и професионални политички претставници. Времето на политички шарлатанизам и таканаречени „големи„ идеи и изминато. Не е ништо страшно да се биде опозиција.

Нека се реформира ДУИ и наместо со гласовите на други етнички заедници и изборни манипулации, нека се обиде да се легитимира помеѓу Албанскиот народ со нови кадри!“ – се вели во соопштението на ВЛЕН/ВРЕДИ.

The post ВРЕДИ: ДУИ да се реформира, а не да бојкотира appeared first on Република.

]]>

За новата влада на Република Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот во албанскиот блок, велат од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ. „ВЛЕН, како коалиција на обединетата албанска опозиција, на изборите од 8 Мај се потврди како носител на етничкиот легитимитет на гласачите Албанци. Од самото формирање, ВЛЕН говори со факти, а не со политички флоскули. Затоа, денес клучната дилема која се поставува е: кој е вистинскиот Али Ахмети? Дали оној кој говореше НЕ за Русија – ДА за Европа, или овој кој плаче што не е во коалиција со оние кои ги обвини дека се антизападни? Дали ВЛЕН се вазалите или Ахмети, Груби и Османи се вазалите кога одлучија да не го поддржат Арбен Таравари за заеднички претседателски кандидат на Албанскиот народ? Во чие име Ахмети одлучи спротивно на интересите на ЕУ и САД да го бојкотира вториот круг на претседателските избори? Дали за Ахмети интересите на Албанците се важни само кога ДУИ е власт? Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собрание со значително мнозинство од 76 пратеници? Додека Ахмети не одговори на овие прашања ќе остане впечатокот дека единственото за што се грижи е како да ги спаси своите своите корумпирани досегашни функционери од одговорност. Ахмети треба да ја прифати реалноста. Одамна веќе нема право да се обидува да го монополизира ЕУ процесот како и процесот на унапредување на етничките права на Албанците во Република Македонија. Уставните измени се еден од најважните приоритети на ВЛЕН, тргнувајќи од внесување на Бугарите во Уставот како услов за продолжување на ЕУ перспективите, бришење на срамната формулација 20% и промена на изборниот модел за шеф на државата. Имајќи во предвид дека ова се иницијативи за кои треба висок степен на консензус, ВЛЕН во процесите влегува со цел истите да се остварат, а не како до сега, да служат само како восочни фигури со многу шминка а малку содржина. Изборот на Африм Гаши за Претседател на Собранието е добра основа промените да се случат со добра воља и искрен пристап да се прифати реалноста. Апелираме до ДУИ да се однесува како одговорна опозиција и заради лични и теснопартиски интереси да не ги жртвува ЕУ перспективите на Македонија. Вчера започна ново поглавје во политичкото дејствување на Албанците во Македонија. Старата корумпирана политичка коњуктура народот со глас ја замени со нова генерација на образувани, одговорни, отчетни, транспарентни и професионални политички претставници. Времето на политички шарлатанизам и таканаречени „големи„ идеи и изминато. Не е ништо страшно да се биде опозиција. Нека се реформира ДУИ и наместо со гласовите на други етнички заедници и изборни манипулации, нека се обиде да се легитимира помеѓу Албанскиот народ со нови кадри!“ – се вели во соопштението на ВЛЕН/ВРЕДИ.

The post ВРЕДИ: ДУИ да се реформира, а не да бојкотира appeared first on Република.

]]>