формалдехид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/formaldehid/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 09:49:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png формалдехид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/formaldehid/ 32 32 Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-ima-informatsii-za-mala-kontsentratsija-formaldehid-vo-salite-no-ofitsijalno-s-ushte-nemame-nishto-dobieno/ Mon, 29 Jul 2024 09:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=801283

Има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа официјално сѐ уште немам ништо добиено, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

– Веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Ссе надевам што поскоро да го решиме овој проблем и да не зборуваме веќе за вакви теми, коишто се непријатни и неубави за сите граѓани, бидејќи создаваат ситуација на несигурност кај пациентите, рече Таравари.

Прашан како граѓаните да бидат мирни кога досега не се споделува во јавноста дека имало формалдехид и дека воздухот во операционите сали отстапува од европските стандарди според мерењата од 1 јули, Таравари рече официјален допис се уште нема пристигнато во Министерството.

– Што и да ви кажам ќе биде неформално, неточно, несигурно. Причекајте, ние сме транспарентни, сето тоа што го добиваме, го споделуваме со јавноста и со новинарите, рече Таравари.

Засега, како што рече, функционираат повеќе од половина хируршки сали во Клиничкиот центар и летниот период ќе се менаџира ситуацијата со „8 Септември“ и Градска болница „Св. Наум Охридски“.

Операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба, по што беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.

На 26 јули, министерот Таравари најави нов тендер за набавка на компресорски систем за Клинички центар. Прашан дали е оптимист дека во блиска иднина ќе се најде заинтересиран економски оператор, бидејќи претходниот тендер бил неуспешен, а станува збор за сума од околу половина милион евра, Таравари рече оти не може да предвиди дали ќе се јави некој, но и оти овој проблем не треба да се одолговлекува, н исклучувајќи и директно договарање.

– Затоа презедовме како Министерство нешто што не е наша обврска сѐ со цел да ја завршиме што побргу. Меѓутоа, не можам да кажам со сигурност дека ќе се пријави или нема да се пријави. Ако не се пријави, тогаш ќе одиме на опција да побараме некој кој може да го работи и да се договориме директно – Министерството со изведувачот, изјави Таравари.

The post Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено appeared first on Република.

]]>

Има одредени информации дека е пронајдена мала концентрација на формалдехид во операционите сали во Клиничкиот центар во Скопје, меѓутоа официјално сѐ уште немам ништо добиено, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
– Веќе работиме на нова набавка за комплетно нова компресорска станица и комплетно нова инсталација. Ссе надевам што поскоро да го решиме овој проблем и да не зборуваме веќе за вакви теми, коишто се непријатни и неубави за сите граѓани, бидејќи создаваат ситуација на несигурност кај пациентите, рече Таравари.
Прашан како граѓаните да бидат мирни кога досега не се споделува во јавноста дека имало формалдехид и дека воздухот во операционите сали отстапува од европските стандарди според мерењата од 1 јули, Таравари рече официјален допис се уште нема пристигнато во Министерството.
– Што и да ви кажам ќе биде неформално, неточно, несигурно. Причекајте, ние сме транспарентни, сето тоа што го добиваме, го споделуваме со јавноста и со новинарите, рече Таравари.
Засега, како што рече, функционираат повеќе од половина хируршки сали во Клиничкиот центар и летниот период ќе се менаџира ситуацијата со „8 Септември“ и Градска болница „Св. Наум Охридски“. Операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба, по што беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда. На 26 јули, министерот Таравари најави нов тендер за набавка на компресорски систем за Клинички центар. Прашан дали е оптимист дека во блиска иднина ќе се најде заинтересиран економски оператор, бидејќи претходниот тендер бил неуспешен, а станува збор за сума од околу половина милион евра, Таравари рече оти не може да предвиди дали ќе се јави некој, но и оти овој проблем не треба да се одолговлекува, н исклучувајќи и директно договарање.