форд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ford/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Jun 2023 16:28:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png форд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ford/ 32 32 „Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ford-ke-otpushti-iljada-vraboteni-poradi-visokite-troshotsi-za-razvoj-na-elektrichni-vozila/ Tue, 27 Jun 2023 16:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=655766

Автомобилската компанија „Форд Мотор“ планира да отпушти најмалку 1.000 редовно вработени и вработени по договор во Северна Америка, а како последица на огромните трошоци што производителот на автомобили ги има во инвестициите за развој на електрични коли, јави денеска Волстрит журнал.

За време на состанок синоќа „Форд“ ги известил вработените со редовни примања дека наскоро ќе има кратење на работни места, изјави денеска портпаролот на компанијата.

Се дознава дека отпуштања се планираат меѓу инжињерските позиции каде „Форд“ има за цел да скрати трошоци на неговите бизнис единици. Намалувањата на персоналот ќе ги засегнат одделите за електрични возила и софтвер. Отпуштања ќе има и во одделите за возила на горива, како патнички така и комерцијални.

Во Северна Америка „Форд“ има околу 28.000 работници.

Компанија во изминатата година неколкупати вршеше кратење на персоналот, вклучувајќи 3.000 отпуштања во САД минатото лето и малку повеќе во Европа оваа година. кб/ сд/

 

The post „Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила appeared first on Република.

]]>

Автомобилската компанија „Форд Мотор“ планира да отпушти најмалку 1.000 редовно вработени и вработени по договор во Северна Америка, а како последица на огромните трошоци што производителот на автомобили ги има во инвестициите за развој на електрични коли, јави денеска Волстрит журнал. За време на состанок синоќа „Форд“ ги известил вработените со редовни примања дека наскоро ќе има кратење на работни места, изјави денеска портпаролот на компанијата. Се дознава дека отпуштања се планираат меѓу инжињерските позиции каде „Форд“ има за цел да скрати трошоци на неговите бизнис единици. Намалувањата на персоналот ќе ги засегнат одделите за електрични возила и софтвер. Отпуштања ќе има и во одделите за возила на горива, како патнички така и комерцијални. Во Северна Америка „Форд“ има околу 28.000 работници. Компанија во изминатата година неколкупати вршеше кратење на персоналот, вклучувајќи 3.000 отпуштања во САД минатото лето и малку повеќе во Европа оваа година. кб/ сд/  

The post „Форд“ ќе отпушти илјада вработени поради високите трошоци за развој на електрични возила appeared first on Република.

]]>
„Форд“ отпушта илјадници вработени во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ford-otpushta-iljadnitsi-vraboteni-vo-evropa/ Tue, 24 Jan 2023 21:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=600633

Американскиот автомобилски гигант „Форд моторс“ планира во Европа да укине до 3.200 работни места и да пресели дел од дејностите со развој на производите во САД.

Како што објави германскиот синдикат „ИГ Метал“, компанијата сака да отпушти околу 2.500 работници во одделот за развој на производите и околу 700 во управата, а најмногу работници ќе бидат отпуштени од локациите во Германија.

Работниците во фабриката на „Форд“ во Келн, која вработува околу 14.000 луѓе, вклучително и 3.800 во центарот за развој на производите во Меркених, се известени за тие планови на состанокот на работничкиот совет во понеделникот.

Портпаролот на „Форд“ во Германија не сакал за „Ројтерс“ да го коментира соопштението на синдикатот, повикувајќи се на изјавата од петокот во која се наведува дека преминот на производството на електрични возила бара структурни промени.

Портпаролот на седиштето на „Форд“ во американската сојузна држава Мичиген, изјави дека разговорите со работничките совети во Германија продолжуваат и дека компанијата мора да биде „поконкурентна“ во преминот на производството на електрични возила. Конкретните деловни планови не сакал да ги коментира.

Минатата година „Форд“ најави две милијарди долари вложувања во проширувањето на производството во фабриката во Келн којашто би требало да произведува целосно електричен модел за купувачите со послаба куповна моќ. Фабриката во моментов го произведува моделот „Форд фиеста“, како и мотори и менувачи.

Американската компанија во Европа вработува околу 45.000 работници, а планира седум нови електрични модели, погон за склопување батерии во Германија и заедничко вложување за производство на батериски ќелии од никел во Турција.

Во „Форд“ заедно со германски „Фолксфаген“ планира во следните шест години да произведе 1,2 милиони возила на неговата електричната платформа МЕБ. Тоа партнерство има иднина, истакнаа претставниците на двете компании, иако портпаролот на „Форд“ за САД додал дека сѐ уште е потребно да се утврди улогата на „Фолксфаген“ во новата генерација електрични возила на американската компанија наменети за европскиот пазар.

Меѓутоа, ланскиот јуни од „Форд“ предупредија дека во скорешен период би можеле значително да го намалат бројот на работните места во Шпанија и во Германија, имајќи предвид дека за склопувањето на електричните возила изискува помалку работни часови.

Во првите девет месеци минатата 2022 година маржите на добивките на „Форд“, пред даноците, во Европа биле значително пониски отколку во Cеверна Америка. Во октомври компанијата предупреди на слабеењето на економското опкружување во Европа.

The post „Форд“ отпушта илјадници вработени во Европа appeared first on Република.

]]>

Американскиот автомобилски гигант „Форд моторс“ планира во Европа да укине до 3.200 работни места и да пресели дел од дејностите со развој на производите во САД. Како што објави германскиот синдикат „ИГ Метал“, компанијата сака да отпушти околу 2.500 работници во одделот за развој на производите и околу 700 во управата, а најмногу работници ќе бидат отпуштени од локациите во Германија. Работниците во фабриката на „Форд“ во Келн, која вработува околу 14.000 луѓе, вклучително и 3.800 во центарот за развој на производите во Меркених, се известени за тие планови на состанокот на работничкиот совет во понеделникот. Портпаролот на „Форд“ во Германија не сакал за „Ројтерс“ да го коментира соопштението на синдикатот, повикувајќи се на изјавата од петокот во која се наведува дека преминот на производството на електрични возила бара структурни промени. Портпаролот на седиштето на „Форд“ во американската сојузна држава Мичиген, изјави дека разговорите со работничките совети во Германија продолжуваат и дека компанијата мора да биде „поконкурентна“ во преминот на производството на електрични возила. Конкретните деловни планови не сакал да ги коментира. Минатата година „Форд“ најави две милијарди долари вложувања во проширувањето на производството во фабриката во Келн којашто би требало да произведува целосно електричен модел за купувачите со послаба куповна моќ. Фабриката во моментов го произведува моделот „Форд фиеста“, како и мотори и менувачи. Американската компанија во Европа вработува околу 45.000 работници, а планира седум нови електрични модели, погон за склопување батерии во Германија и заедничко вложување за производство на батериски ќелии од никел во Турција. Во „Форд“ заедно со германски „Фолксфаген“ планира во следните шест години да произведе 1,2 милиони возила на неговата електричната платформа МЕБ. Тоа партнерство има иднина, истакнаа претставниците на двете компании, иако портпаролот на „Форд“ за САД додал дека сѐ уште е потребно да се утврди улогата на „Фолксфаген“ во новата генерација електрични возила на американската компанија наменети за европскиот пазар. Меѓутоа, ланскиот јуни од „Форд“ предупредија дека во скорешен период би можеле значително да го намалат бројот на работните места во Шпанија и во Германија, имајќи предвид дека за склопувањето на електричните возила изискува помалку работни часови. Во првите девет месеци минатата 2022 година маржите на добивките на „Форд“, пред даноците, во Европа биле значително пониски отколку во Cеверна Америка. Во октомври компанијата предупреди на слабеењето на економското опкружување во Европа.

The post „Форд“ отпушта илјадници вработени во Европа appeared first on Република.

]]>
Ова е најпродаваниот автомобил во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/ova-e-najprodavaniot-avtomobil-vo-svetot/ Mon, 02 May 2022 17:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=496335

Моделот „Форд Мустанг“ бил најпродаваниот спортски автомобил во светот минатата година, покажува анализата заснована на податоците за регистрација објавени од „С и П Глобал Мобилити“ (S&P Global Mobility).

Според „Мотор1“, Форд успеал да продаде нешто помалку од 70.000 примероци „Мустанг“ ширум светот во 2021 година, иако таа бројка не го вклучува целосно електричниот кросовер „Меч-Е“ (Mach-E).

Генерално, компанијата вели дека САД учествувале со 76 отсто од вкупната продажба на „Мустанг“ во 2021 година.

Пазарите со најголем пораст на побарувачката за „Мустанг“ биле Нов Зеланд (плус 54,3 проценти), Бразил (+ 37,3 проценти) и Јужна Кореја (+ 16,6 проценти).

„Мустангот“ е најпродаваниот спортски автомобил во светот седум години по ред, иако 2022 година може да биде поголем предизвик за овој автомобил.

Во првите три месеци од оваа година, продажбата на „Мустанг“ во САД паднале за 19 отсто, но моделот на Форд сепак ја зазел круната на најпродаван автомобил во земјата со 13.986 примероци.

„Доџ Челенџер“ бил втор со 11.124 возила, следен од „Шевролет Камаро“ со 6.710 продадени возила.

Во меѓувреме, работата на следната генерација на „Мустанг“ продолжува и ќе биде подготвен за моделската 2024 година.

The post Ова е најпродаваниот автомобил во светот appeared first on Република.

]]>

Моделот „Форд Мустанг“ бил најпродаваниот спортски автомобил во светот минатата година, покажува анализата заснована на податоците за регистрација објавени од „С и П Глобал Мобилити“ (S&P Global Mobility). Според „Мотор1“, Форд успеал да продаде нешто помалку од 70.000 примероци „Мустанг“ ширум светот во 2021 година, иако таа бројка не го вклучува целосно електричниот кросовер „Меч-Е“ (Mach-E). Генерално, компанијата вели дека САД учествувале со 76 отсто од вкупната продажба на „Мустанг“ во 2021 година. Пазарите со најголем пораст на побарувачката за „Мустанг“ биле Нов Зеланд (плус 54,3 проценти), Бразил (+ 37,3 проценти) и Јужна Кореја (+ 16,6 проценти). „Мустангот“ е најпродаваниот спортски автомобил во светот седум години по ред, иако 2022 година може да биде поголем предизвик за овој автомобил. Во првите три месеци од оваа година, продажбата на „Мустанг“ во САД паднале за 19 отсто, но моделот на Форд сепак ја зазел круната на најпродаван автомобил во земјата со 13.986 примероци. „Доџ Челенџер“ бил втор со 11.124 возила, следен од „Шевролет Камаро“ со 6.710 продадени возила. Во меѓувреме, работата на следната генерација на „Мустанг“ продолжува и ќе биде подготвен за моделската 2024 година.

The post Ова е најпродаваниот автомобил во светот appeared first on Република.

]]>
Новиот „Форд мустанг“ на хибриден погон треба да се појави до 2023 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/noviot-ford-mustang-na-hibriden-pogon-treba-da-se-pojavi-do-2023-godina/ Mon, 03 Jan 2022 14:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=440097

Се очекува „Форд“ во наредниве две години на купувачите да им понуди хибриден погон со следната генерација на својот популарен модел „Мустанг“... А, се споменува и пренос на силите на две оски.

Иако сѐ уште нема официјална потврда од компанијата, според упатени извори, овој американски автомобилски гигант наголемо ја подготвува седмата генерација на „Мустанг“. Тој во производство би требало да се појави во првата половина на 2023 година.

Покрај познатите бензински мотори со четири и осум цилиндри, новиот автомобил ќе биде придвижуван од досега непознат хибриден погон, којшто ќе ги задоволува новите стандарди за издувни гасови.

Претходно најавената целосна електрификација на познатиот „коњ во галоп“ на „Форд“ се очекува до крајот на 2028 година.

The post Новиот „Форд мустанг“ на хибриден погон треба да се појави до 2023 година appeared first on Република.

]]>

Се очекува „Форд“ во наредниве две години на купувачите да им понуди хибриден погон со следната генерација на својот популарен модел „Мустанг“... А, се споменува и пренос на силите на две оски. Иако сѐ уште нема официјална потврда од компанијата, според упатени извори, овој американски автомобилски гигант наголемо ја подготвува седмата генерација на „Мустанг“. Тој во производство би требало да се појави во првата половина на 2023 година. Покрај познатите бензински мотори со четири и осум цилиндри, новиот автомобил ќе биде придвижуван од досега непознат хибриден погон, којшто ќе ги задоволува новите стандарди за издувни гасови. Претходно најавената целосна електрификација на познатиот „коњ во галоп“ на „Форд“ се очекува до крајот на 2028 година.

The post Новиот „Форд мустанг“ на хибриден погон треба да се појави до 2023 година appeared first on Република.

]]>