Форбс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/forbs/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 09:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Форбс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/forbs/ 32 32 Македонската балерина Стефанија Гаштарска меѓу најдобрите осум во Русија, според „Форбс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-megu-najdobrite-osum-vo-rusija-spored-forbs/ Tue, 29 Oct 2024 09:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=831948

Младата македонска балерина Стефанија Гаштарска (22) според руското издание на престижниот магазин „Форбс“ е избрана меѓу осумте млади балерини кои се надежта на рускиот балет.

Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил, вели „Форбс“.

Ова не е прв пат ова престижно списание да ја вклучи Гаштарска на оваа листа. За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“, а критичарите ја споредија со Ана Павлова.

Гаштарска се занимава со балет од девет години како ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска - Кочевска. На 15 години замина да учи во Државното училиште во Перм (Русија), една од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на „Бољшој“.

На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“.

The post Македонската балерина Стефанија Гаштарска меѓу најдобрите осум во Русија, според „Форбс“ appeared first on Република.

]]>

Од 14 ноември Форбс ќе започне со работа во дигитално издание во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-14-noemvri-forbs-ke-zapochne-so-rabota-vo-digitalno-izdanie-vo-srbija/ Sun, 12 Nov 2023 13:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=700744

Најпознатиот светски бизнис медиум Форбс од 14 ноември ќе започне со работа во дигитално издание во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Новото дигитално издание на Форбс Србија ќе биде вреден извор на информации за инвеститорите, претприемачите и сите оние кои се заинтересирани за динамични настани на деловната сцена. Преку написи, анализи, интервјуа и ексклузивни приказни, читателите ќе можат да ги следат трендовите, да ги разгледаат можностите за раст и да донесуваат информирани одлуки.

Српското издание е само едно од петте лиценцирани изданија отворени во регионот од United Media преку стратешко партнерство со Форбс, а уредник на Форбс Србија е Иван Радак.

-Во денешниот свет на брзи и кратки информации, Форбс ќе биде место на дијалог и додадена вредност за сите деловни луѓе во нашиот регион, особено за оние кои сакаат да станат такви. Сигурен сум дека во нашата содржина ќе најдат многу корисни совети и идеи, посочи Радак.

Форбс Србија, како и изданијата во Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора, ќе има целосен пристап до сите содржини на Форбс, но ќе носи и локални стории. Искусни тимови од новинари и уредници од регионот ќе се обидат да создадат уникатна содржина прилагодена на интересите и потребите на публиката

The post Од 14 ноември Форбс ќе започне со работа во дигитално издание во Србија appeared first on Република.

Таа официјално стана најбогатата актерка во светот: Тежи 440 милиони долари, а наскоро ќе го зголеми своето богатство https://arhiva3.republika.mk/scena/film/taa-ofitsijalno-stana-najbogatata-akterka-vo-svetot-tezhi-440-milioni-dolari-a-naskoro-ke-go-zgolemi-svoeto-bogatstvo/ Fri, 09 Jun 2023 13:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=649648

На листата на најбогати жени во Америка што ја објави магазинот Форбс, актерката Рис Витерспун се најде на 59. место.

Четириесет и седумгодишната Витерспун во последните години се покажа како многу способна бизнисменка. На прецизната листа на Форбстаа е рангирана помеѓу Доли Партон и Барбра Стрејсенд, а нејзината нето вредност изнесува неверојатни 440 милиони долари.

Во 2016 година, Витерспун ја основа медиумската компанија „Hello Sunshine“, која има продуцирано наградувани филмови и ТВ емисии, вклучувајќи „Gone Girl“, „Big Little Lies“, „Daisy & The Six“ и „Little Fires Everywhere“.

Витерспун  е оснивачка и на продуцентската куќа „Пацифик Стандард“, сакајќи да обезбеди сериозни филмски улоги. Taa, исто така, го основаше литературниот клуб „Reese’s Book Club“, кој се занимава со зајакнување на кариерата на писателките.

Рис Витерспун е високо платена филмска и ТВ актерка. За ТВ серијата „The Morning Show“ таа заработи 1,2 милиони долари, а за секој филм снимен во периодот од 2001 до 2012 година заработи минимум по 15 милиони долари.

Во моментов се подготвува продолжение на филмскиот хит „Blonde from Harvard“ кој би можел да ја направи актерката уште побогата.

The post Таа официјално стана најбогатата актерка во светот: Тежи 440 милиони долари, а наскоро ќе го зголеми своето богатство appeared first on Република.

]]>

На листата на најбогати жени во Америка што ја објави магазинот Форбс, актерката Рис Витерспун се најде на 59. место. Четириесет и седумгодишната Витерспун во последните години се покажа како многу способна бизнисменка. На прецизната листа на Форбстаа е рангирана помеѓу Доли Партон и Барбра Стрејсенд, а нејзината нето вредност изнесува неверојатни 440 милиони долари. Во 2016 година, Витерспун ја основа медиумската компанија „Hello Sunshine“, која има продуцирано наградувани филмови и ТВ емисии, вклучувајќи „Gone Girl“, „Big Little Lies“, „Daisy & The Six“ и „Little Fires Everywhere“. Витерспун  е оснивачка и на продуцентската куќа „Пацифик Стандард“, сакајќи да обезбеди сериозни филмски улоги. Taa, исто така, го основаше литературниот клуб „Reese’s Book Club“, кој се занимава со зајакнување на кариерата на писателките. Рис Витерспун е високо платена филмска и ТВ актерка. За ТВ серијата „The Morning Show“ таа заработи 1,2 милиони долари, а за секој филм снимен во периодот од 2001 до 2012 година заработи минимум по 15 милиони долари. Во моментов се подготвува продолжение на филмскиот хит „Blonde from Harvard“ кој би можел да ја направи актерката уште побогата.

The post Таа официјално стана најбогатата актерка во светот: Тежи 440 милиони долари, а наскоро ќе го зголеми своето богатство appeared first on Република.

]]>
„Форбс“ објави кој е најбогат човек на светот, по него на второто место е Илон Маск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/forbs-objavi-koj-e-najbogat-chovek-na-svetot-po-nego-na-vtoroto-mesto-e-ilon-mask/ Sat, 08 Apr 2023 19:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=628809

Според новата објавена листа на магазинот „Форбс“ на најбогати луѓе во светот, најбогат човек на светот и понатаму е Французинот, Бернар Арно.

На второ место е сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Твитер“ Илон Маск, а по него се сопственикот на компанијата „Амазон“ Џеф Безос, сопственикот на софтверската компанија „Оракл“, Лари Елисон и сопственикот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Богатството на Арно се проценува на околу 228 милијарди долари, на Маск на 192 милијарди, а на Безос на 125 милијарди долари.

https://republika.mk/vesti/svet/koj-e-bernar-arno-najbogatiot-chovek-vo-svetot/

Според објаснувањето на методологијата на страницата, Листата на милијардери на „Форбс“ ги следи секојдневните подеми и падови на богатството на најбогатите луѓе во светот во реално време и обезбедува постојани ажурирања за нето вредноста и рангирањето во рамките на листата на секој милијардер овластен од „Форбс“.

Во соопштението се додава дека вредноста на поединечните акции се ажурира на секои пет минути кога се отворени одредени берзи.

Ворен Бафет, Мајкл Блумберг, Карлос Слим Хену, Франсоа Бетенкур и Стив Балмер се меѓу првите десет најбогати луѓе во светот.

The post „Форбс“ објави кој е најбогат човек на светот, по него на второто место е Илон Маск appeared first on Република.

]]>

Според новата објавена листа на магазинот „Форбс“ на најбогати луѓе во светот, најбогат човек на светот и понатаму е Французинот, Бернар Арно. На второ место е сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Твитер“ Илон Маск, а по него се сопственикот на компанијата „Амазон“ Џеф Безос, сопственикот на софтверската компанија „Оракл“, Лари Елисон и сопственикот на Мајкрософт Бил Гејтс. Богатството на Арно се проценува на околу 228 милијарди долари, на Маск на 192 милијарди, а на Безос на 125 милијарди долари. https://republika.mk/vesti/svet/koj-e-bernar-arno-najbogatiot-chovek-vo-svetot/ Според објаснувањето на методологијата на страницата, Листата на милијардери на „Форбс“ ги следи секојдневните подеми и падови на богатството на најбогатите луѓе во светот во реално време и обезбедува постојани ажурирања за нето вредноста и рангирањето во рамките на листата на секој милијардер овластен од „Форбс“. Во соопштението се додава дека вредноста на поединечните акции се ажурира на секои пет минути кога се отворени одредени берзи. Ворен Бафет, Мајкл Блумберг, Карлос Слим Хену, Франсоа Бетенкур и Стив Балмер се меѓу првите десет најбогати луѓе во светот.

The post „Форбс“ објави кој е најбогат човек на светот, по него на второто место е Илон Маск appeared first on Република.

]]>
10 најплатени славни личности во 2022 според „Форбс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/10-najplateni-slavni-lichnosti-vo-2022-spored-forbs/ Thu, 16 Feb 2023 10:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=609682

Се исплати да бидеш познат во светот. Еминентното списание „Форбс“ штотуку ја објави листата со десетте најплатени славни личности во светот во 2022 година.

Музичката икона Тејлор Свифт е единствената жена меѓу најплатените, во друштво на нејзините колеги Бед БаниСтинг, „Ролинг стоунс“ и „Џенезис“.

Листата вклучува и имиња од филмаџии и телевизиски креатори, како динамичните двојки кои стојат позади ТВ-проектите „The Simpsons“ и „South Park“.

Најплатените забавувачи заедно „тежат“ околу 1,35 милијарди долари, само половина од тоа што го заработија најплатените 10 од минатата година, меѓу кои се најдоа Канје ВестЏеј-Зи и Брус Спрингстин.

Еве ја листата на 10 најплатени за 2022 според Форбс:

1. „Џенезис“ (230 милиони долари)

Фронтменот на бендот Фил Колинс заедно со колегите од бендот, ги продадоа правата за дел од нивните песни на Конкорд Мјузик Груп, во септември 2022 за 300 милиони долари.

2.Стинг (210 милиони долари)

Стинг заедно со неговиот бенд Полис, продадоа дел од нивниот музички каталог на „Јуниверзал мјузик груп“ во 2022.

3. Тајлер Пери (175 милиони долари)

Актерот, режисер и продуцент е најбогатата личност на листата со лична заработка од 1 милијарда долари.

4. Треј Паркер и Мат Стоун (160 милиони долари)

Креаторите на „South Park“ оваа година заработија 160 милиони долари од договорот кој го потпишаа со Парамонт во 2021.

5. Џејмс Л. Брукс и Мет Грининг (105 милиони долари)

Креаторите на анимираната хит комедија “The Simpsons” заработија повеќе од 100 милиони минатата година.

6. Бред Пит (100 милиони долари)

Во 2022 година, добитникот на Оскар играше во „Bullet Train“, „Babylon“ и „The Lost City“.

7. „Ролинг стоунс“ (98 милиони долари)

Мик Џегер и Кит Ричардс од „Ролинг стоунс“ правеа повеќе од 8,5 милиони долари за една вечер на нивната Европска турнеа минатата година.

8. Џејмс Камерон (95 милиони долари)

Режисерот успеа да заработи најмалку 95 милиони од неговиот филм “Avatar: The Way of Water”

9. Тејлор Свифт (92 милиони долари)

Покрај огромниот успех на нејзиниот албум „Midnights“, поп-ѕвездата поголемиот дел од својата заработка ја должи на продажбата на дел од нејзиниот музички каталог изминатите години.

10. Бед Бани (88 милиони долари)

Порториканскиот рапер продаде повеќе од 400 милиони долари вредни влезници од неговите две турнеи „El Último Tour del Mundo“ и „The World’s Hottest Tour“.

https://www.youtube.com/watch?v=xt1gMhQZopU

The post 10 најплатени славни личности во 2022 според „Форбс“ appeared first on Република.

]]>

Се исплати да бидеш познат во светот. Еминентното списание „Форбс“ штотуку ја објави листата со десетте најплатени славни личности во светот во 2022 година. Музичката икона Тејлор Свифт е единствената жена меѓу најплатените, во друштво на нејзините колеги Бед БаниСтинг, „Ролинг стоунс“ и „Џенезис“. Листата вклучува и имиња од филмаџии и телевизиски креатори, како динамичните двојки кои стојат позади ТВ-проектите „The Simpsons“ и „South Park“. Најплатените забавувачи заедно „тежат“ околу 1,35 милијарди долари, само половина од тоа што го заработија најплатените 10 од минатата година, меѓу кои се најдоа Канје ВестЏеј-Зи и Брус Спрингстин. Еве ја листата на 10 најплатени за 2022 според Форбс:

1. „Џенезис“ (230 милиони долари)

Фронтменот на бендот Фил Колинс заедно со колегите од бендот, ги продадоа правата за дел од нивните песни на Конкорд Мјузик Груп, во септември 2022 за 300 милиони долари.

2.Стинг (210 милиони долари)

Стинг заедно со неговиот бенд Полис, продадоа дел од нивниот музички каталог на „Јуниверзал мјузик груп“ во 2022.

3. Тајлер Пери (175 милиони долари)

Актерот, режисер и продуцент е најбогатата личност на листата со лична заработка од 1 милијарда долари.

4. Треј Паркер и Мат Стоун (160 милиони долари)

Креаторите на „South Park“ оваа година заработија 160 милиони долари од договорот кој го потпишаа со Парамонт во 2021.

5. Џејмс Л. Брукс и Мет Грининг (105 милиони долари)

Креаторите на анимираната хит комедија “The Simpsons” заработија повеќе од 100 милиони минатата година.

6. Бред Пит (100 милиони долари)

Во 2022 година, добитникот на Оскар играше во „Bullet Train“, „Babylon“ и „The Lost City“.

7. „Ролинг стоунс“ (98 милиони долари)

Мик Џегер и Кит Ричардс од „Ролинг стоунс“ правеа повеќе од 8,5 милиони долари за една вечер на нивната Европска турнеа минатата година.

8. Џејмс Камерон (95 милиони долари)

Режисерот успеа да заработи најмалку 95 милиони од неговиот филм “Avatar: The Way of Water”

9. Тејлор Свифт (92 милиони долари)

Покрај огромниот успех на нејзиниот албум „Midnights“, поп-ѕвездата поголемиот дел од својата заработка ја должи на продажбата на дел од нејзиниот музички каталог изминатите години.

10. Бед Бани (88 милиони долари)

Порториканскиот рапер продаде повеќе од 400 милиони долари вредни влезници од неговите две турнеи „El Último Tour del Mundo“ и „The World’s Hottest Tour“.   https://www.youtube.com/watch?v=xt1gMhQZopU

The post 10 најплатени славни личности во 2022 според „Форбс“ appeared first on Република.

]]>
Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „Форбс“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-spored-ruski-forbs-e-megu-osumte-idni-zvezdi-vo-rusija/ Mon, 06 Feb 2023 09:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=605270

Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина Стефанија Гаштарска на листата на осумте идни ѕвезди во Русија.

Дваесетгодишната Стефанија почна да се занимава со балет на девет години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), едно од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на Бољшој. На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“ на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, на која настапија 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија.

За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“ а критичарите ја споредија со Ана Павлова.

Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил“, вели „Форбс“.

The post Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „Форбс“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија appeared first on Република.

]]>

Руското издание на списанието „Форбс“ ја вклучи македонската балерина Стефанија Гаштарска на листата на осумте идни ѕвезди во Русија. Дваесетгодишната Стефанија почна да се занимава со балет на девет години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), едно од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на Бољшој. На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“ на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, на која настапија 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија. За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“ а критичарите ја споредија со Ана Павлова.
Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил“, вели „Форбс“.

The post Македонската балерина Стефанија Гаштарска според руски „Форбс“ е меѓу осумте идни ѕвезди во Русија appeared first on Република.

]]>
Кој е Бернар Арно, најбогатиот човек во светот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-e-bernar-arno-najbogatiot-chovek-vo-svetot/ Wed, 07 Dec 2022 17:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=583097

Сопственикот на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск, повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс“.

Маск падна од првото место по купувањето на „Твитер“ за 44 милијарди долари и продажбата на акции во неговата компанија за електрични автомобили.

Првото место го зазеде Бернар Арно, сопственикот на луксузниот бренд „Луј Витон“ и бројни компании чие богатство според „Форбс“ се проценува на 185,4 милијарди долари.

Маск, кој беше на првото место до септември 2021 година, има проценета нето вредност од 185,3 милијарди долари.

The post Кој е Бернар Арно, најбогатиот човек во светот? appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск, повеќе не е најбогатиот човек на светот, покажуваат податоците на престижниот њујоршки магазин „Форбс“. Маск падна од првото место по купувањето на „Твитер“ за 44 милијарди долари и продажбата на акции во неговата компанија за електрични автомобили. Првото место го зазеде Бернар Арно, сопственикот на луксузниот бренд „Луј Витон“ и бројни компании чие богатство според „Форбс“ се проценува на 185,4 милијарди долари. Маск, кој беше на првото место до септември 2021 година, има проценета нето вредност од 185,3 милијарди долари.

The post Кој е Бернар Арно, најбогатиот човек во светот? appeared first on Република.

]]>
Санкциите го намалија бројот на Руси на листата на милијардери: Во просек изгубиле 27% од богатсвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sankciite-go-namalija-brojoit-na-rusi-na-listata-na-milijarderi-vo-prosek-izgubile-27-od-bogatsvoto/ Mon, 11 Apr 2022 08:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=486519

Повеќе од 30 руски милијардери повеќе не се на листата на светски милијардери на „Форбс“, додека останатите изгубија во просек четвртина од своето богатство, покажува рангирањето на изданието за 2022 година.

Бројот на Русите на листата на милијардери на оваа публикација во 2022 година падна на 83, во споредба со 117 во 2021 година. Богатството на оние кои се вклучени во листата се намалило во просек за 27% во споредба со претходната година. Меѓу нив, 83 милијардери вредат 320 милијарди долари.

36-тото издание на списокот дава одредени индикации за влијанието што санкциите насочени кон руските олигарси и деловната елита, како и пошироката економија на земјата, го имаа врз нејзините супербогати.

Санкциите насочени кон олигарсите во некои случаи доведоа до заплена и замрзнување на имотот, додека пошироките економски мерки предизвикаа колапс на рубљата, забрзувајќи ја инфлацијата и намалувајќи ги цените на акциите. Некои економисти велат дека санкциите може да избришат 15-годишен економски раст во Русија.

https://www.youtube.com/watch?v=2R4GuZe25cM&feature=emb_title

Форбс наведува дека Алексеј Мордашов, претседателот на рударската компанија „Северстал“, забележал најголем пад на нето вредноста, паѓајќи за 15,9 милијарди долари или околу 55%, на 13,2 милијарди долари на листата за 2022 година. Уште пет руски милијардери изгубиле повеќе од 10 милијарди секој, според Форбс.

Форбс го прогласи Владимир Лисин, претседател и главен акционер на „Новолипецк Стил“, за најбогат човек во Русија, чија вредност се проценува на 18,4 милијарди долари, што е намалување за 30% во споредба со пред една година. Веднаш по него е извршниот директор на „Норилск“, Владимир Потанин, чие богатство се проценува на 17,3 милијарди долари, што е помалку од 9,7 милијарди долари или 36 отсто во споредба со претходната година.

Само двајца Руси се нови на листата на милијардери на Форбс. Се приклучува Егор Кулков, раниот партнер на „Фармстандард“ со вредност проценета на 2 милијарди долари, како и Денис Свердлов, основач и извршен директор на британскиот производител на електрични возила „Арајвл“, чија вредност според Форбс е околу 1,4 милијарди долари.

Меѓу Русите на овогодинешната листа на милијардери, само две се жени: Татјана Бакалчук, која го основаше онлајн трговецот „Вајлдбериз“ и Елена Батурина, која ја основа фирмата за развој на недвижнини „Интеко.

Форбс го објави својот прв индекс на светски милијардери во 1987 година. Листата се состоеше од 2.668 пријавени оваа година - 87 помалку од пред една година - во вкупна вредност од 12,7 трилиони долари, што е помалку од 400 милијарди долари во однос на претходната година. Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск е на врвот на листата, а зад него е основачот на „Амазон“, Џеф Безос.

Споредбите за списокот се направени помеѓу 5 март 2021 година и 11 март 2022 година.

The post Санкциите го намалија бројот на Руси на листата на милијардери: Во просек изгубиле 27% од богатсвото appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 30 руски милијардери повеќе не се на листата на светски милијардери на „Форбс“, додека останатите изгубија во просек четвртина од своето богатство, покажува рангирањето на изданието за 2022 година. Бројот на Русите на листата на милијардери на оваа публикација во 2022 година падна на 83, во споредба со 117 во 2021 година. Богатството на оние кои се вклучени во листата се намалило во просек за 27% во споредба со претходната година. Меѓу нив, 83 милијардери вредат 320 милијарди долари. 36-тото издание на списокот дава одредени индикации за влијанието што санкциите насочени кон руските олигарси и деловната елита, како и пошироката економија на земјата, го имаа врз нејзините супербогати. Санкциите насочени кон олигарсите во некои случаи доведоа до заплена и замрзнување на имотот, додека пошироките економски мерки предизвикаа колапс на рубљата, забрзувајќи ја инфлацијата и намалувајќи ги цените на акциите. Некои економисти велат дека санкциите може да избришат 15-годишен економски раст во Русија. https://www.youtube.com/watch?v=2R4GuZe25cM&feature=emb_title Форбс наведува дека Алексеј Мордашов, претседателот на рударската компанија „Северстал“, забележал најголем пад на нето вредноста, паѓајќи за 15,9 милијарди долари или околу 55%, на 13,2 милијарди долари на листата за 2022 година. Уште пет руски милијардери изгубиле повеќе од 10 милијарди секој, според Форбс. Форбс го прогласи Владимир Лисин, претседател и главен акционер на „Новолипецк Стил“, за најбогат човек во Русија, чија вредност се проценува на 18,4 милијарди долари, што е намалување за 30% во споредба со пред една година. Веднаш по него е извршниот директор на „Норилск“, Владимир Потанин, чие богатство се проценува на 17,3 милијарди долари, што е помалку од 9,7 милијарди долари или 36 отсто во споредба со претходната година. Само двајца Руси се нови на листата на милијардери на Форбс. Се приклучува Егор Кулков, раниот партнер на „Фармстандард“ со вредност проценета на 2 милијарди долари, како и Денис Свердлов, основач и извршен директор на британскиот производител на електрични возила „Арајвл“, чија вредност според Форбс е околу 1,4 милијарди долари. Меѓу Русите на овогодинешната листа на милијардери, само две се жени: Татјана Бакалчук, која го основаше онлајн трговецот „Вајлдбериз“ и Елена Батурина, која ја основа фирмата за развој на недвижнини „Интеко. Форбс го објави својот прв индекс на светски милијардери во 1987 година. Листата се состоеше од 2.668 пријавени оваа година - 87 помалку од пред една година - во вкупна вредност од 12,7 трилиони долари, што е помалку од 400 милијарди долари во однос на претходната година. Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск е на врвот на листата, а зад него е основачот на „Амазон“, Џеф Безос. Споредбите за списокот се направени помеѓу 5 март 2021 година и 11 март 2022 година.

The post Санкциите го намалија бројот на Руси на листата на милијардери: Во просек изгубиле 27% од богатсвото appeared first on Република.

]]>
Илон Маск првпат на листата на најбогати според „Форбс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ilon-mask-prvpat-na-listata-na-najbogati-spored-forbs/ Tue, 05 Apr 2022 16:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=483711

Илон Маск првпат се најде на врвот на светската ранг листа на Форбс, пред Џеф Безос, кој четири години е најбогат човек на светот.

Според изданието, до денеска, богатството на Маск се проценува на 219 милијарди долари.

Исто така, меѓу првите тројца на листата се и основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос и Бернар Арно, претседател на ЛВМХ (Луј Витон).

Нивното богатство се проценува на 171 и 158 милијарди долари.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс (129 милијарди долари) и извршниот директор на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет (118 милијарди долари) се најдоа меѓу првите пет.

Според 34-то годишно рангирање на најбогатите луѓе во светот, составено од Форбс, вкупното богатство на милијардерите за годината се намалило за 400 милијарди долари на 12,7 трилиони долари, а нивниот број се намалил за 87 на 2.668 луѓе.

The post Илон Маск првпат на листата на најбогати според „Форбс“ appeared first on Република.

]]>

Илон Маск првпат се најде на врвот на светската ранг листа на Форбс, пред Џеф Безос, кој четири години е најбогат човек на светот. Според изданието, до денеска, богатството на Маск се проценува на 219 милијарди долари. Исто така, меѓу првите тројца на листата се и основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос и Бернар Арно, претседател на ЛВМХ (Луј Витон). Нивното богатство се проценува на 171 и 158 милијарди долари. Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс (129 милијарди долари) и извршниот директор на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет (118 милијарди долари) се најдоа меѓу првите пет. Според 34-то годишно рангирање на најбогатите луѓе во светот, составено од Форбс, вкупното богатство на милијардерите за годината се намалило за 400 милијарди долари на 12,7 трилиони долари, а нивниот број се намалил за 87 на 2.668 луѓе.  

The post Илон Маск првпат на листата на најбогати според „Форбс“ appeared first on Република.

]]>