фонтана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fontana/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 07:22:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фонтана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fontana/ 32 32 Најнова инвестиција: Данела отвори базен среде плоштад https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/najnova-investitsija-danela-otvori-bazen-srede-ploshtad/ Thu, 20 Jun 2024 07:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=789196

Фонтаната среде плоштадот е претворена во базен.На социјалните мрежи се појави видео како Ромчиња пливаат во фонтаната за да се разладат.

Дали ова може е најновата инвестиција на градоначалничката Данела Арсовска?

The post Најнова инвестиција: Данела отвори базен среде плоштад appeared first on Република.

]]>

Фонтаната среде плоштадот е претворена во базен.На социјалните мрежи се појави видео како Ромчиња пливаат во фонтаната за да се разладат. Дали ова може е најновата инвестиција на градоначалничката Данела Арсовска?

The post Најнова инвестиција: Данела отвори базен среде плоштад appeared first on Република.

]]>
Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerila-aktsija-kaj-fontana-vo-park-postavena-maketa-konstruktsija-na-javen-toalet/ Sat, 18 May 2024 09:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=779435

Кај фонтаната „Лотус” во Градски парк утрово е поставена макета - конструкција на јавен тоалет. Се работи за герила акција на уметникот Озбек Ајваз која треба да укаже на проблемот со јавните тоалети во градот.

Делото на Ајваз е направено во соработка со архитектката Натали Велеска. Со ова последна акција, Ајваз и Велеска скааат да прикажат предлог решение за тоалет кој би бил изведен од метална конструкција, обложен со дрвени панели. Неговите димензии би биле минимални, 150 X 250 X 250 сантиметри, за што поекономично производство и натамошно одржување.

Според макетата, би имало можност на кровот од тоалетот да се постават соларни панели, но и да има извор на природна вентилација и светло. Екстериерот би имал зелени ѕидови (вертикално поставени растенија), кои би служеле како разубавување на градот, а би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

Од страната на макетата е прикажана мапа на Скопје, со означени локации каде би биле неопходни највеќе тоалети за главниот град и општините.

The post Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет appeared first on Република.

]]>

Кај фонтаната „Лотус” во Градски парк утрово е поставена макета - конструкција на јавен тоалет. Се работи за герила акција на уметникот Озбек Ајваз која треба да укаже на проблемот со јавните тоалети во градот. Делото на Ајваз е направено во соработка со архитектката Натали Велеска. Со ова последна акција, Ајваз и Велеска скааат да прикажат предлог решение за тоалет кој би бил изведен од метална конструкција, обложен со дрвени панели. Неговите димензии би биле минимални, 150 X 250 X 250 сантиметри, за што поекономично производство и натамошно одржување. Според макетата, би имало можност на кровот од тоалетот да се постават соларни панели, но и да има извор на природна вентилација и светло. Екстериерот би имал зелени ѕидови (вертикално поставени растенија), кои би служеле како разубавување на градот, а би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот. Од страната на макетата е прикажана мапа на Скопје, со означени локации каде би биле неопходни највеќе тоалети за главниот град и општините.

The post Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет appeared first on Република.

]]>
Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски – првата жртва при распадот на Југославија https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-zavrshna-faza-e-fontanata-vo-spomen-na-sashko-geshovski-prvata-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Tue, 30 Apr 2024 17:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=772733

Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва на војните при распадот на Југославија, информираат од локалната самоуправа на Кавадарци.

Фонтаната се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име.

Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани, што се изработени од темен материјал, што ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2.700.000,00 денари, соопштија од Општината.

Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија. Тој загина при протести во Сплит во 1991 година на 20 годишна возраст, како војник на ЈНА.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-sashko-geshovski-pripadnik-na-jna-i-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/

Активностите за изградба на фонтаната се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности. Весела Честоева, претседател на Одборот за спроведување на постапка за подигање на спомен обележјето, во изјава за МИА, потсети дека претходно, е избран идеен проект на фонтани, на кружниот тек кај новата автобуска станица во Кавадарци. Станува збор за најстариот кружен тек во градот.

Честоева, инаку директор на Винскиот музеј, појасни дека се бараше идејниот проект да биде со симболика за животот на Сашко Гешовски, неговата младост. Идејното решение естетски да го збогати кружниот тек, а да не влијае врз сообраќајното решение.

Таа информираше дека креативноста, иновативноста и оригиналноста, усогласеноста со општиот амбиент, функционалноста и економичноста за реализација, беа критериуми при изборот на најдобро решение.

Обележјето се поставува на зелена површина, во околината се предвидени да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискожбунести дрва што рефлектираат чистота.

На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата ,,Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација". На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски.

Честоева нагласи дека со ова, Кавадарци потврдува дека не ги заборава и ги почитува луѓето што потекнуваат од овој град, а се значајни не само за кавадаречката, туку и за македонската и пошироката јавност.

The post Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски – првата жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>

Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва на војните при распадот на Југославија, информираат од локалната самоуправа на Кавадарци. Фонтаната се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име.
Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани, што се изработени од темен материјал, што ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2.700.000,00 денари, соопштија од Општината.
Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија. Тој загина при протести во Сплит во 1991 година на 20 годишна возраст, како војник на ЈНА. https://republika.mk/vesti/makedonija/trieset-i-dve-godini-od-zaginuvaneto-na-sashko-geshovski-pripadnik-na-jna-i-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Активностите за изградба на фонтаната се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности. Весела Честоева, претседател на Одборот за спроведување на постапка за подигање на спомен обележјето, во изјава за МИА, потсети дека претходно, е избран идеен проект на фонтани, на кружниот тек кај новата автобуска станица во Кавадарци. Станува збор за најстариот кружен тек во градот. Честоева, инаку директор на Винскиот музеј, појасни дека се бараше идејниот проект да биде со симболика за животот на Сашко Гешовски, неговата младост. Идејното решение естетски да го збогати кружниот тек, а да не влијае врз сообраќајното решение. Таа информираше дека креативноста, иновативноста и оригиналноста, усогласеноста со општиот амбиент, функционалноста и економичноста за реализација, беа критериуми при изборот на најдобро решение. Обележјето се поставува на зелена површина, во околината се предвидени да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискожбунести дрва што рефлектираат чистота. На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата ,,Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација". На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски. Честоева нагласи дека со ова, Кавадарци потврдува дека не ги заборава и ги почитува луѓето што потекнуваат од овој град, а се значајни не само за кавадаречката, туку и за македонската и пошироката јавност.

The post Во завршна фаза е фонтаната во спомен на Сашко Гешовски – првата жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>
Во Кавадарци се гради фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-kavadartsi-se-gradi-fontana-vo-spomen-na-sashko-geshovski-prva-zhrtva-pri-raspadot-na-jugoslavija/ Wed, 06 Mar 2024 17:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=752012

Започна изградбата на фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа. Се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име.

Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2 700 000,00 денари, соопштија од Општината.

Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија, загинувајќи во Сплит 1991 година на 20-годишна возраст, како војник.

Активностите се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности. Весела Честоева, претседател на Одборот за спроведување на постапка за подигање на спомен-обележјето, во изјава за МИА, потсети дека претходно беше избран идеен проект на фонтани, на кружниот тек кај новата автобуска станица во Кавадарци. Станува збор за најстариот кружен тек во градот.

Честоева, која е директор на Винскиот музеј, појасни дека се бараше идејниот проект да биде со симболика за животот на Сашко Гешовски, неговата младост. Идејното решение естетски да го збогати кружниот тек, а да не влијае врз сообраќајното решение.

Обележјето ќе биде поставено на зелена површина, во околината се предвидени да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискожбунести дрвја што рефлектираат чистота.

На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата „Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација“. На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски.

 

The post Во Кавадарци се гради фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>

Започна изградбата на фонтаната во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа. Се гради на кружниот тек, кој го доби неговото име.
Идејното решение се состои од централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни. Изведувач на проектот е ОЈА ДООЕЛ, а финансиската конструкција е во висина од 2 700 000,00 денари, соопштија од Општината.
Гешовски е првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија, загинувајќи во Сплит 1991 година на 20-годишна возраст, како војник. Активностите се дел од програмата на Општината за одбележување на значајни настани и истакнати личности. Весела Честоева, претседател на Одборот за спроведување на постапка за подигање на спомен-обележјето, во изјава за МИА, потсети дека претходно беше избран идеен проект на фонтани, на кружниот тек кај новата автобуска станица во Кавадарци. Станува збор за најстариот кружен тек во градот. Честоева, која е директор на Винскиот музеј, појасни дека се бараше идејниот проект да биде со симболика за животот на Сашко Гешовски, неговата младост. Идејното решение естетски да го збогати кружниот тек, а да не влијае врз сообраќајното решение. Обележјето ќе биде поставено на зелена површина, во околината се предвидени да се посадат цвеќиња во шарени бои, симбол на радоста и среќата, како и нискожбунести дрвја што рефлектираат чистота. На пониската страна од полукружната фонтана ќе биде испишана мислата „Хероите живеат вечно. Храброста и лојалноста остануваат засекогаш врежани во меморијата на една нација“. На повисоката страна, со бронзени букви ќе бидат испишани датумите на раѓањето и загинувањето на Гешовски.  

The post Во Кавадарци се гради фонтана во спомен на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија appeared first on Република.

]]>
Фонтана, Џамбо и пријателите го продолжуваат своето „Патување“ со концерт во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/fontana-dzambo-i-prijatelite-go-prodolzuvaat-svoeto-patuvanje-so-koncert-vo-strumica/ Thu, 22 Dec 2022 22:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=588593

Групата „Фонтана“, Џамбо Агушев, заедно со Камерниот Оркестар IWCONNECT и специјалните гости, ќе одржат голем концерт на 26 декември од 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Како специјални гости на овој концерт ќе бидат една од најпознатите балкански вокални интерпретаторки Даница Крстиќ од Србија, како и еден од најдобрите светски гитаристи Ангел Демирев од Бугарија.

Концертот со наслов „Патување“ ќе биде едно уникатно музичко доживување за публиката. Балканската музичка традиција спакувана во посебни и урбани аранжмани ќе биде главниот двигател на ова „патување“, но покрај тоа ќе допреме и до богатата европска романтичност и сето тоа ќе биде изведено од триесетина музичари на сцената. Ветуваме уште еден несекојдневен музички настан кој ќе ја одбележи оваа година на културен и уметнички план, велат Џамбо Агушев и Благојче Трајковски.

Оваа иста музичка екипа пред одржа спектакуларен концерт во рамките на „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Тоа беше настан кој предизвика многу воодушевување и силни емоции. Сето тоа беше одличен поттик и инспирација овој концертен спектакл наречен „Патување“ да започне свое патување низ градовите во Македонија и регионов. Па оттука, со сигурност можеме да кажеме дека во понеделник на 26 декември Струмица ќе биде центарот на културата и уметноста во нашата држава.

The post Фонтана, Џамбо и пријателите го продолжуваат своето „Патување“ со концерт во Струмица appeared first on Република.

]]>

Групата „Фонтана“, Џамбо Агушев, заедно со Камерниот Оркестар IWCONNECT и специјалните гости, ќе одржат голем концерт на 26 декември од 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Како специјални гости на овој концерт ќе бидат една од најпознатите балкански вокални интерпретаторки Даница Крстиќ од Србија, како и еден од најдобрите светски гитаристи Ангел Демирев од Бугарија.
Концертот со наслов „Патување“ ќе биде едно уникатно музичко доживување за публиката. Балканската музичка традиција спакувана во посебни и урбани аранжмани ќе биде главниот двигател на ова „патување“, но покрај тоа ќе допреме и до богатата европска романтичност и сето тоа ќе биде изведено од триесетина музичари на сцената. Ветуваме уште еден несекојдневен музички настан кој ќе ја одбележи оваа година на културен и уметнички план, велат Џамбо Агушев и Благојче Трајковски.
Оваа иста музичка екипа пред одржа спектакуларен концерт во рамките на „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Тоа беше настан кој предизвика многу воодушевување и силни емоции. Сето тоа беше одличен поттик и инспирација овој концертен спектакл наречен „Патување“ да започне свое патување низ градовите во Македонија и регионов. Па оттука, со сигурност можеме да кажеме дека во понеделник на 26 декември Струмица ќе биде центарот на културата и уметноста во нашата држава.

The post Фонтана, Џамбо и пријателите го продолжуваат своето „Патување“ со концерт во Струмица appeared first on Република.

]]>
Се преместуваат автобусите: Приватните превозници ќе блокираат од Фонтана на „Илинденска“ до крстосницата до ГОБ „8 Септември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-premestuvaat-avtobusite-privatnite-prevoznici-kje-blokiraat-od-fontana-na-ilindenska-do-krstosnicata-do-gob-8-septemvri/ Fri, 09 Dec 2022 10:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=583626

Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 Септември“.

Муриќ исто така изјави дека приватните превозници денеска после 13 часот ќе бараат прием во Владата со премиерот Димитар Ковачевски.

Превозниците завчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка“ и Црвен крст и да се упатат на бул. „Илинден“, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина“. Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот.

Во саботата Муриќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, рече дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи, како што посочи, ги нема аргументите. И тогаш најави дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски.

 

The post Се преместуваат автобусите: Приватните превозници ќе блокираат од Фонтана на „Илинденска“ до крстосницата до ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 Септември“. Муриќ исто така изјави дека приватните превозници денеска после 13 часот ќе бараат прием во Владата со премиерот Димитар Ковачевски. Превозниците завчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка“ и Црвен крст и да се упатат на бул. „Илинден“, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина“. Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот. Во саботата Муриќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, рече дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи, како што посочи, ги нема аргументите. И тогаш најави дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски.  

The post Се преместуваат автобусите: Приватните превозници ќе блокираат од Фонтана на „Илинденска“ до крстосницата до ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
Приведен возачот на камионот што пропадна во фонтаната на Плоштад https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-vozachot-na-kamionot-shto-propadna-vo-fontanata-na-ploshtad/ Wed, 23 Nov 2022 11:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=577320

Град Скопје соопшти дека возилото на приватната компанија, чиј камион изутринава пропадна со тркалата на плоштадот „Македонија”, немал дозвола за движење на плоштадот, иако било поднесено такво барање. Возачот, кој е државјанин на Турција, е приведен и изведен пред суд.

Градските власти информираат дека за овој настан МВР ќе поднесе соодветен поднесок.

Град Скопје по извршениот инспекциски увид, како што се наведува, издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, а во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава.

https://republika.mk/vesti/skopje/i-1469-tiot-kamion-se-zaglavi-vo-fontanata-na-ploshtad/

The post Приведен возачот на камионот што пропадна во фонтаната на Плоштад appeared first on Република.

]]>

Град Скопје соопшти дека возилото на приватната компанија, чиј камион изутринава пропадна со тркалата на плоштадот „Македонија”, немал дозвола за движење на плоштадот, иако било поднесено такво барање. Возачот, кој е државјанин на Турција, е приведен и изведен пред суд. Градските власти информираат дека за овој настан МВР ќе поднесе соодветен поднесок. Град Скопје по извршениот инспекциски увид, како што се наведува, издаде санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, а во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава. https://republika.mk/vesti/skopje/i-1469-tiot-kamion-se-zaglavi-vo-fontanata-na-ploshtad/

The post Приведен возачот на камионот што пропадна во фонтаната на Плоштад appeared first on Република.

]]>
Нова обработка на „Касапско оро“ – празничен подарок од Џамбо Агушев и „Фонтана“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nova-obrabotka-na-kasapsko-oro-praznichen-podarok-od-dzambo-agushev-i-fontana/ Mon, 24 Oct 2022 15:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=565030

Групата „Фонтана“ заедно со трубачот Џамбо Агушев направи урбана обработка на „Касапско оро“,  една од најпознатите инструментални теми во целокупната балканска музичка традиција.

За потребите на документарниот филм посветен токму на „Касапско оро“, кој треба да се промовира наскоро е направена токму оваа обработка со еден современ урбан призвук, а солистичкиот дел изведен од Благојче Трајковски и Џамбо Агушев го содржи целокупниот колорит кој го има балканската музичка традиција.

Поканата да го реализираме ова парче музика за мене, а и за останатите колеги беше чест и големо задоволство. Мене како солист ова ми е трета обработка на оваа безвременска тема и секаде каде што ми се овозможува прилика со задоволство ја изведувам. Посебно се радувам што токму со Џамбо го реализиравме овој документ. Легендарните снимки од ова оро „Касапско“ кои ги оставија Тале Огненовски и Благоја Дескоски, се еден столб во македонската традиционална музика и заслужуваат бескрајна почит. Тие изведби за мене лично претставуваат огромна инспирација. Па оттука и ми се роди желбата да дадам и јас свој придонес во оживувањето и развојот на оваа исклучителна музичка тема, вели Трајковски.

Оваа безвременска тема своевремено ја обработија и ја документираа како аудио записи легендарните инструменталисти: кларинетистот Тале Огненовски и виолинистот Благоја Дескоски, така што со нивната изведба оваа тема остана цврсто втемелена во аналите на македонската музичка историја.

Аудио продукцијата се реализираше во студио „ПОДРУМОТ“ од Ангел Ќосев, а за видео продукцијата  беа задолжени ВЕСТА ПРОДУКЦИЈА.

https://youtu.be/TwH95JkHIsg

The post Нова обработка на „Касапско оро“ – празничен подарок од Џамбо Агушев и „Фонтана“ appeared first on Република.

]]>

Групата „Фонтана“ заедно со трубачот Џамбо Агушев направи урбана обработка на „Касапско оро“,  една од најпознатите инструментални теми во целокупната балканска музичка традиција. За потребите на документарниот филм посветен токму на „Касапско оро“, кој треба да се промовира наскоро е направена токму оваа обработка со еден современ урбан призвук, а солистичкиот дел изведен од Благојче Трајковски и Џамбо Агушев го содржи целокупниот колорит кој го има балканската музичка традиција. Поканата да го реализираме ова парче музика за мене, а и за останатите колеги беше чест и големо задоволство. Мене како солист ова ми е трета обработка на оваа безвременска тема и секаде каде што ми се овозможува прилика со задоволство ја изведувам. Посебно се радувам што токму со Џамбо го реализиравме овој документ. Легендарните снимки од ова оро „Касапско“ кои ги оставија Тале Огненовски и Благоја Дескоски, се еден столб во македонската традиционална музика и заслужуваат бескрајна почит. Тие изведби за мене лично претставуваат огромна инспирација. Па оттука и ми се роди желбата да дадам и јас свој придонес во оживувањето и развојот на оваа исклучителна музичка тема, вели Трајковски.
Оваа безвременска тема своевремено ја обработија и ја документираа како аудио записи легендарните инструменталисти: кларинетистот Тале Огненовски и виолинистот Благоја Дескоски, така што со нивната изведба оваа тема остана цврсто втемелена во аналите на македонската музичка историја. Аудио продукцијата се реализираше во студио „ПОДРУМОТ“ од Ангел Ќосев, а за видео продукцијата  беа задолжени ВЕСТА ПРОДУКЦИЈА. https://youtu.be/TwH95JkHIsg

The post Нова обработка на „Касапско оро“ – празничен подарок од Џамбо Агушев и „Фонтана“ appeared first on Република.

]]>