фондови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fondovi/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Oct 2023 07:24:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фондови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fondovi/ 32 32 ЕУ фондовите се повеќе се злоупотребуваат, предупредуваат ревизорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-fondovite-se-poveke-se-zloupotrebuvaat-predupreduvaat-revizorite/ Fri, 06 Oct 2023 07:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=688409

Трката за трошење на средствата на Европската унија пред истекот на рокот покажува дека има зголемување на бројот на земји кои неправилно трошеле пари, објави финансискиот надзорен одбор на ЕУ.

Истрагите за 196 милијарди евра исплатени средства од буџетот на ЕУ во 2022 година откриле дека имало неправилности поврзани со 4,2 отсто, што е повеќе од три отсто една година порано, се вели во извештајот на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА).

Земјите можат да бараат исплати според претходниот буџетски циклус до крајот на оваа година, додека парите од фондот за закрепнување по пандемијата мора да се потрошат до 2026 година.

The post ЕУ фондовите се повеќе се злоупотребуваат, предупредуваат ревизорите appeared first on Република.

]]>

Трката за трошење на средствата на Европската унија пред истекот на рокот покажува дека има зголемување на бројот на земји кои неправилно трошеле пари, објави финансискиот надзорен одбор на ЕУ. Истрагите за 196 милијарди евра исплатени средства од буџетот на ЕУ во 2022 година откриле дека имало неправилности поврзани со 4,2 отсто, што е повеќе од три отсто една година порано, се вели во извештајот на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА). Земјите можат да бараат исплати според претходниот буџетски циклус до крајот на оваа година, додека парите од фондот за закрепнување по пандемијата мора да се потрошат до 2026 година.

The post ЕУ фондовите се повеќе се злоупотребуваат, предупредуваат ревизорите appeared first on Република.

]]>
ЕК: Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ek-nikogash-nema-da-suspendirame-eu-fondovi-poradi-razlichno-mislenje/ Tue, 12 Jul 2022 11:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=527490

Европската комисија остро реагира по наводите што се појавија во одредени медиуми дека на организациите кои се критични кон францускиот предлог за старт преговорите на земјава со ЕУ ќе им бидат укинати средства од европските фондови.

На прашање на МИА дали овие наводи се точни или оправдани на каков било начин, портпаролите на Европската комисија порачаа дека извршното тело на ЕУ „никогаш не се заканува поради различно мислење“.

Овие наводи се неосновани. Граѓанското општество е клучна компонента на кое било демократско општество и клучен партнер во процесот на пристапување на  Македонија кон ЕУ, пишува во писмената реакција испратена од портпаролите за надворешна политика Набила Масрали и Петер Стано и за проширување Ана Писонеро.

Од Европската комисија понатаму истакнуваат дека институцијата „секогаш покажувала силна заложба за поддршка на граѓанското општество“.

Не само што Комисијата никогаш не би размислила да суспендира фондови за искажано мислење од страна на членови на граѓанското општество, туку такво делување не би било во согласност со регулативата за ИПА 3 и со тоа би било невозможно, додаваат портпаролите на Европската комисија за МИА.

ИПА 3 се фондовите од претпристапниот процес кон ЕУ.

Пред неколку дена одредени медиуми лиферуваа информација дека „високи дипломатски извори во Брисел“ биле незадоволни што неколку организации и тинк-тенкови објавија критичен став кон францускиот предлог за преговарачката рамка за Македонија и дека на овие организации „им се заканувало укинување на фондовите од ЕУ“.

Европската комисија ова целосно го демантира и потсетува дека правилата за добивање фондови од ЕУ се јасни и предмет на строг надзор.

The post ЕК: Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење appeared first on Република.

]]>

Европската комисија остро реагира по наводите што се појавија во одредени медиуми дека на организациите кои се критични кон францускиот предлог за старт преговорите на земјава со ЕУ ќе им бидат укинати средства од европските фондови. На прашање на МИА дали овие наводи се точни или оправдани на каков било начин, портпаролите на Европската комисија порачаа дека извршното тело на ЕУ „никогаш не се заканува поради различно мислење“. Овие наводи се неосновани. Граѓанското општество е клучна компонента на кое било демократско општество и клучен партнер во процесот на пристапување на  Македонија кон ЕУ, пишува во писмената реакција испратена од портпаролите за надворешна политика Набила Масрали и Петер Стано и за проширување Ана Писонеро. Од Европската комисија понатаму истакнуваат дека институцијата „секогаш покажувала силна заложба за поддршка на граѓанското општество“. Не само што Комисијата никогаш не би размислила да суспендира фондови за искажано мислење од страна на членови на граѓанското општество, туку такво делување не би било во согласност со регулативата за ИПА 3 и со тоа би било невозможно, додаваат портпаролите на Европската комисија за МИА. ИПА 3 се фондовите од претпристапниот процес кон ЕУ. Пред неколку дена одредени медиуми лиферуваа информација дека „високи дипломатски извори во Брисел“ биле незадоволни што неколку организации и тинк-тенкови објавија критичен став кон францускиот предлог за преговарачката рамка за Македонија и дека на овие организации „им се заканувало укинување на фондовите од ЕУ“. Европската комисија ова целосно го демантира и потсетува дека правилата за добивање фондови од ЕУ се јасни и предмет на строг надзор.

The post ЕК: Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење appeared first on Република.

]]>