фондација Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fondacija-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 07:13:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фондација Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fondacija-makedonija/ 32 32 Нова бугарска провокација во Македонија: Даваат по 300 евра ако си го промениш презимето на „ов“ или „ев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nova-bugarska-provokatsija-vo-makedonija-davaat-po-300-evra-ako-si-go-smennish-prezimeto-na-ov-ili-ev/ Tue, 31 Oct 2023 07:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=696500

Бугарската фондација „Македонија“ зад која стои контроверзниот Виктор Стојанов на македонските граѓани им нуди 300 евра за промена на презимето. Конкретно, за да ги добијат парите тие треба да го променат презимето и тоа да завршува на „ов“ или „ев“ кое е карактеристично за Бугарите.

Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените а за начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата.

Овие објави Стојанов ги пишува надвор од Македонија бидејќи му е забранет влез во земјата и е прогласен за персона нон грата.

The post Нова бугарска провокација во Македонија: Даваат по 300 евра ако си го промениш презимето на „ов“ или „ев“ appeared first on Република.

]]>

Бугарската фондација „Македонија“ зад која стои контроверзниот Виктор Стојанов на македонските граѓани им нуди 300 евра за промена на презимето. Конкретно, за да ги добијат парите тие треба да го променат презимето и тоа да завршува на „ов“ или „ев“ кое е карактеристично за Бугарите. Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените а за начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата. Овие објави Стојанов ги пишува надвор од Македонија бидејќи му е забранет влез во земјата и е прогласен за персона нон грата.

The post Нова бугарска провокација во Македонија: Даваат по 300 евра ако си го промениш презимето на „ов“ или „ев“ appeared first on Република.

]]>
Бугарски здруженија бесплатно делат уреди за гледање бугарски телевизии во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-zduzhenija-besplatno-delat-uredi-za-gledane-bugarski-televizii-vo-makedonija/ Wed, 30 Aug 2023 06:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=677004

Бугарската фондација  „Македонија“ нуди бесплатно емитување на бугарски телевизиски канали во македонскиот етер.Тие ги повикуваат сите заинтересирани да им доделат уреди за нивните смарт телевизори и таблети за да можат да ги следат бугарските канали.

Ова е продолжување на кампањата на Бугарија за медиумско присуство во Македонија. Во Македонија веќе се следи бугарската национална телевизија БТВ 4 како и неколку музички канали како и канал за здрав живот.

Македонската телевизија во  Бугарија и натаму е забранета.

 

The post Бугарски здруженија бесплатно делат уреди за гледање бугарски телевизии во Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарската фондација  „Македонија“ нуди бесплатно емитување на бугарски телевизиски канали во македонскиот етер.Тие ги повикуваат сите заинтересирани да им доделат уреди за нивните смарт телевизори и таблети за да можат да ги следат бугарските канали. Ова е продолжување на кампањата на Бугарија за медиумско присуство во Македонија. Во Македонија веќе се следи бугарската национална телевизија БТВ 4 како и неколку музички канали како и канал за здрав живот. Македонската телевизија во  Бугарија и натаму е забранета.  

The post Бугарски здруженија бесплатно делат уреди за гледање бугарски телевизии во Македонија appeared first on Република.

]]>
Непристоен предлог од бугарската фондација „Македонија“ за Комитите, тие им порачаа: Вардар не е на продажба! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nepristoen-predlog-od-bugarskata-fondatsija-makedonija-za-komitite-tie-im-porachaa-vardar-ne-e-na-prodazhba/ Mon, 31 Jul 2023 18:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=667392

Ситуацијата е крајно алармантна, алармираат од навивачката група „Комити“, споделувајќи ја пораката со финансиска понуда од страна на бугарската фондација „Македонија”, која се понудила да го купи клубот Вардар.

Фондацијата сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!, велат Комити.

Додаваат дека на ваквите напади ќе продолжат да одолеваат само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта.

Секој! Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на ВАРДАР – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор! Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме!

Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!

Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!, велат Комити.

The post Непристоен предлог од бугарската фондација „Македонија“ за Комитите, тие им порачаа: Вардар не е на продажба! appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата е крајно алармантна, алармираат од навивачката група „Комити“, споделувајќи ја пораката со финансиска понуда од страна на бугарската фондација „Македонија”, која се понудила да го купи клубот Вардар.
Фондацијата сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот. Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: ВАРДАР НЕ Е НА ПРОДАЖБА!, велат Комити.
Додаваат дека на ваквите напади ќе продолжат да одолеваат само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта.
Секој! Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на ВАРДАР – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор! Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме! Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност! Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!, велат Комити.

The post Непристоен предлог од бугарската фондација „Македонија“ за Комитите, тие им порачаа: Вардар не е на продажба! appeared first on Република.

]]>
Бугарското здружение смета дека Ковачевски е виновен за кршењето на таблата на „Цар Борис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-zdruzenie-smeta-deka-kovachevski-e-vinoven-za-krshenjeto-na-tablata-na-car-boris/ Wed, 12 Oct 2022 12:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=560186

Бугарската фондација „Македонија„ го смета премиерот Ковачевски за највиновен за денешното кршење на таблата на здружението „Цар Борис“.

Покрај Ковачевски за Бугарите в нашата земја вина имале и медиумите кои ја потхранувале, како што велат омразата кон Бугарите во Македонија.

 

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-potvrdi-oshtetena-tablata-na-car-boris-vo-ohrid/

The post Бугарското здружение смета дека Ковачевски е виновен за кршењето на таблата на „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>

Бугарската фондација „Македонија„ го смета премиерот Ковачевски за највиновен за денешното кршење на таблата на здружението „Цар Борис“. Покрај Ковачевски за Бугарите в нашата земја вина имале и медиумите кои ја потхранувале, како што велат омразата кон Бугарите во Македонија.   https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-potvrdi-oshtetena-tablata-na-car-boris-vo-ohrid/

The post Бугарското здружение смета дека Ковачевски е виновен за кршењето на таблата на „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>
Бугарска фондација „Македонија“: Македонија нема да стане членка се додека го слави 11-ти Октомври како официјален празник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarska-fondacija-makedonija-makedonija-nema-da-stane-chlenka-se-dodeka-go-slavi-11-ti-oktomvri-kako-oficijalen-praznik/ Tue, 11 Oct 2022 20:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=559837

Додека денеска Македонија го славеше Денот на народното востание, пристигна уште едно шокантно барање од бугарската фондација „Македонија“ која е активна низ цела Македонија, а за која „Фокус“ пишува во новиот број на неделникот кој ќе излезе во четврток.

Имено, од фондацијата порачаа дека Македонија нема да стане членка се додека го слави 11-ти Октомври како официјален празник.

И мешовитата историска комисија ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“… Срам на кој наскоро ќе биде ставен крај!“, најавуваат од фондацијата чиј претседател Виктор Стојанов во Бугарија го сметаат за борец за правата на Бугарите.

Стојанов е родум од градот Карлово во Србија, а сега живее во Софија.

Тој лани ја основа фондацијата „Македонија“ која е регистрирана во Бугарија, но најголем дел од активностите и се насочени во Македонија.

„Фондацијата Македонија е бугарска културна и образовна организација, основана во април 2021 година од Бугари од Бугарија, Македонија, Албанија и светот со една цел – населението на Република Бугарија и Република Македонија да биде едно општество во две земји“, стои на сајтот на фондацијата.

Денеска од фондацијата се надополнија на претходното барање за забрана на 11 Октомври и порачаа дека народно востание всушност немало, туку тоа било кривично дело.

На денешниот официјален „празник“ во Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат. Станува збор за кривично дело на 20 герилци од Тито кои што се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часови. Овој „празник“ раѓа омраза кон Бугарите во Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум!

The post Бугарска фондација „Македонија“: Македонија нема да стане членка се додека го слави 11-ти Октомври како официјален празник appeared first on Република.

]]>

Додека денеска Македонија го славеше Денот на народното востание, пристигна уште едно шокантно барање од бугарската фондација „Македонија“ која е активна низ цела Македонија, а за која „Фокус“ пишува во новиот број на неделникот кој ќе излезе во четврток. Имено, од фондацијата порачаа дека Македонија нема да стане членка се додека го слави 11-ти Октомври како официјален празник.
И мешовитата историска комисија ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“… Срам на кој наскоро ќе биде ставен крај!“, најавуваат од фондацијата чиј претседател Виктор Стојанов во Бугарија го сметаат за борец за правата на Бугарите.
Стојанов е родум од градот Карлово во Србија, а сега живее во Софија. Тој лани ја основа фондацијата „Македонија“ која е регистрирана во Бугарија, но најголем дел од активностите и се насочени во Македонија.
„Фондацијата Македонија е бугарска културна и образовна организација, основана во април 2021 година од Бугари од Бугарија, Македонија, Албанија и светот со една цел – населението на Република Бугарија и Република Македонија да биде едно општество во две земји“, стои на сајтот на фондацијата.
Денеска од фондацијата се надополнија на претходното барање за забрана на 11 Октомври и порачаа дека народно востание всушност немало, туку тоа било кривично дело. На денешниот официјален „празник“ во Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат. Станува збор за кривично дело на 20 герилци од Тито кои што се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часови. Овој „празник“ раѓа омраза кон Бугарите во Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум!

The post Бугарска фондација „Македонија“: Македонија нема да стане членка се додека го слави 11-ти Октомври како официјален празник appeared first on Република.

]]>
Бугарија не губи време: По отворање на здруженија, ќе плаќа по 30 евра месечно за учење бугарски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-ne-gubi-vreme-po-otvoranje-na-zdruzenija-kje-plakja-po-30-evra-mesechno-za-uchenje-bugarski-jazik/ Wed, 24 Aug 2022 12:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=543647

Додека владата на Ковачевски прави сѐ да и удоволи на Бугарија за да добие датум за преговори, источниот сосед и нивните испостави во Македонија не губат време.Откако се отворија две здруженија кои го носат името на фашистички соработници, а трето е во најава, сега преминаа на следна фаза, а тоа е изучување на, како што го нарекуваат книжевен бугарски јазик.

Бугарската фондација „Македонија“ на својот Фејсбук профил се пофали дека секое дете кое ќе учи бугарски јазик ќе добива стипенија од 30 евра месечно. И уште најавуваат дека ќе се отвораат бугарски неделни училишта.Покрај Македонија, ваква иницијатива се најавува и во Србија.

Ова е само најава што би се случувало доколку власта успее во намерата да ги внесе Бугарите во македонскиот Устав.Тогаш 3500 Бугари од пописот според механизмот „Балансер“ ќе имаат право на вреботување и учење на бугарски јазик и на отворање училишта.

The post Бугарија не губи време: По отворање на здруженија, ќе плаќа по 30 евра месечно за учење бугарски јазик appeared first on Република.

]]>

Додека владата на Ковачевски прави сѐ да и удоволи на Бугарија за да добие датум за преговори, источниот сосед и нивните испостави во Македонија не губат време.Откако се отворија две здруженија кои го носат името на фашистички соработници, а трето е во најава, сега преминаа на следна фаза, а тоа е изучување на, како што го нарекуваат книжевен бугарски јазик. Бугарската фондација „Македонија“ на својот Фејсбук профил се пофали дека секое дете кое ќе учи бугарски јазик ќе добива стипенија од 30 евра месечно. И уште најавуваат дека ќе се отвораат бугарски неделни училишта.Покрај Македонија, ваква иницијатива се најавува и во Србија. Ова е само најава што би се случувало доколку власта успее во намерата да ги внесе Бугарите во македонскиот Устав.Тогаш 3500 Бугари од пописот според механизмот „Балансер“ ќе имаат право на вреботување и учење на бугарски јазик и на отворање училишта.

The post Бугарија не губи време: По отворање на здруженија, ќе плаќа по 30 евра месечно за учење бугарски јазик appeared first on Република.

]]>
Она што ве викавме предавници е комплимент за вас https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/ona-shto-ve-vikavme-predavnici-e-kompliment-za-vas/ Mon, 15 Aug 2022 12:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=540533

Роварат бугарски агенти низ државичето, фрлаат пари за фашистички здруженија, дур копитата од владата молчат… Денес почнува и промена на учебници, пред некој ден исвиркан македонскиот на рамковниот Егзит, ќе лупниме 130 милиони евра за фабрика на дуи во време на најголема криза кога не може чоек месец да помини.
Она шо ве викавме предавници е комплимент за вас. Нема збор шо соодветно би ве опишал кое дно сте.

The post Она што ве викавме предавници е комплимент за вас appeared first on Република.

]]>

Роварат бугарски агенти низ државичето, фрлаат пари за фашистички здруженија, дур копитата од владата молчат… Денес почнува и промена на учебници, пред некој ден исвиркан македонскиот на рамковниот Егзит, ќе лупниме 130 милиони евра за фабрика на дуи во време на најголема криза кога не може чоек месец да помини. Она шо ве викавме предавници е комплимент за вас. Нема збор шо соодветно би ве опишал кое дно сте.

The post Она што ве викавме предавници е комплимент за вас appeared first on Република.

]]>
Бугарско знаме на споменикот во Градски, бугарска фондација „го исчистила Георги Делчев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarsko-zname-na-spomenikot-vo-gradski-bugarska-fondacija-go-ischistila-georgi-delchev/ Mon, 15 Aug 2022 07:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=540388

„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на бугарската фондација. Активисти на таканаречената фондација „Македонија“ поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Покрај овој споменик, тие најавија дека од денеска до 21 август ќе имаат нови активности во Македонија, меѓу другото и да „исчистат неколку споменици“.

Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11 август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“.

Стојанов на својот фејсбук-профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Тој сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза.

„Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија.

Оваа фондација пред неколку месеци се пофали дека низ Скопје залепи 10.000 налепниците на кои пишувало дека сме биле еден народ со Бугарите.

 

The post Бугарско знаме на споменикот во Градски, бугарска фондација „го исчистила Георги Делчев“ appeared first on Република.

]]>

„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на бугарската фондација. Активисти на таканаречената фондација „Македонија“ поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Покрај овој споменик, тие најавија дека од денеска до 21 август ќе имаат нови активности во Македонија, меѓу другото и да „исчистат неколку споменици“. Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11 август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“. Стојанов на својот фејсбук-профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Тој сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза. „Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија. Оваа фондација пред неколку месеци се пофали дека низ Скопје залепи 10.000 налепниците на кои пишувало дека сме биле еден народ со Бугарите.  

The post Бугарско знаме на споменикот во Градски, бугарска фондација „го исчистила Георги Делчев“ appeared first on Република.

]]>