фондации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fondacii/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Aug 2022 12:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фондации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fondacii/ 32 32 Ќе се стави ли крај на бугарските провокации: Министерот за правда најавува нов закон за здруженија и фондации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-stavi-li-kraj-na-bugarskite-provokacii-ministerot-za-pravda-najavuva-nov-zakon-za-zdruzenija-i-fondacii/ Tue, 23 Aug 2022 12:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=543271

Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски.

Ова Тупанчевски, го најави денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се спречат формираните бугарски здруженија во земјава.

– Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, изјави Тупанчевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување.

Министерството за правда на 15-ти овој месец, најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.

-Целта на овие измени на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање. Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување, појаснуваат од Министерството за правда

The post Ќе се стави ли крај на бугарските провокации: Министерот за правда најавува нов закон за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>

Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски. Ова Тупанчевски, го најави денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се спречат формираните бугарски здруженија во земјава. – Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, изјави Тупанчевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување. Министерството за правда на 15-ти овој месец, најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.