Фонд за здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fond-za-zdravstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 06:34:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фонд за здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fond-za-zdravstvo/ 32 32 Вработените во Фондот за здравство денеска на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrabotenite-vo-fondot-za-zdravstvo-deneska-na-protest/ Tue, 30 Apr 2024 06:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=772416

Вработените од Фондот за здравство денеска изглегуваат на протест.Целта на протестот е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот.

Бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

The post Вработените во Фондот за здравство денеска на протест appeared first on Република.

]]>

Вработените од Фондот за здравство денеска изглегуваат на протест.Целта на протестот е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

The post Вработените во Фондот за здравство денеска на протест appeared first on Република.

]]>
Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/platite-na-vrabotenite-vo-fzo-ostanuvaat-isti-do-maj/ Tue, 06 Feb 2024 22:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=741225

В.Д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Асаф Абдурамани, на својот фејсбук профил соопшти дека е донесена одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година.

Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем, наведува Абдурамани.

Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година,со утврденото зголемување од 15 отсто. Тие стапија во штрајк, изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите. Според синдикатот, одлуката за платите ја чекаа 831 вработен во Фондот. Ако имаше намалување, 25 проценти ќе добиваа плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти.

The post Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај appeared first on Република.

]]>

В.Д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Асаф Абдурамани, на својот фејсбук профил соопшти дека е донесена одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година.
Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, со премиерот Талат Џафери донесовме заедничка одлука за иста вредност на платите до 31 мај 2024 година. Оваа одлука ќе трае до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените. Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем, наведува Абдурамани.
Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата од 2023 година,со утврденото зголемување од 15 отсто. Тие стапија во штрајк, изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите. Според синдикатот, одлуката за платите ја чекаа 831 вработен во Фондот. Ако имаше намалување, 25 проценти ќе добиваа плата под минималната, а 25 отсто колку минималната плата. Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари и од него за плати се издвојуваат 1,19 проценти.

The post Платите на вработените во ФЗО остануваат исти до мај appeared first on Република.

]]>
Од понеделник штрајк во Фондот за здравствено осигурување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-ponedelnik-shtrajk-vo-fondot-za-zdravstveno-osiguruvane/ Fri, 02 Feb 2024 13:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=739747

Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од понеделник ќе стапат во штрајк.

Од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) информираат дека ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.

За прием на документи, како што информираат од Синдикатот, ќе има само по еден вработен во подрачните единици.

Истовремено сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите, се наведува во соопштението од Синдикатот при ФЗО.

Вработени од ФЗО во понеделникот се собраа пред просториите на Фондот изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите.

Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент, изјави тогаш претседателот на Синдикалната организација на ФЗО Бранко Аџигогов.

Според синдикатот, со одлуката ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.

Од Министерството за финансии следниот ден појаснија дека не се работи за намалување на платите на вработените во ФЗО, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на Фондот.

Платите во ФЗО во текот на 2023 година, како што наведоа од МФ, се зголемени повеќепати и тоа 2.100 денари или околу седум отсто во март 2023 година со усогласувањето со минималната плата, зголемување од 2,5 проценти во јануари 2023 година и 3,5 отсто во август 2023 година.

Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните, наведе Министерството за финансии во соопштението.

 

The post Од понеделник штрајк во Фондот за здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>

Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од понеделник ќе стапат во штрајк. Од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) информираат дека ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. За прием на документи, како што информираат од Синдикатот, ќе има само по еден вработен во подрачните единици.
Истовремено сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите, се наведува во соопштението од Синдикатот при ФЗО.
Вработени од ФЗО во понеделникот се собраа пред просториите на Фондот изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите.
Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент, изјави тогаш претседателот на Синдикалната организација на ФЗО Бранко Аџигогов.
Според синдикатот, со одлуката ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата. Од Министерството за финансии следниот ден појаснија дека не се работи за намалување на платите на вработените во ФЗО, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на Фондот. Платите во ФЗО во текот на 2023 година, како што наведоа од МФ, се зголемени повеќепати и тоа 2.100 денари или околу седум отсто во март 2023 година со усогласувањето со минималната плата, зголемување од 2,5 проценти во јануари 2023 година и 3,5 отсто во август 2023 година.
Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните, наведе Министерството за финансии во соопштението.
 

The post Од понеделник штрајк во Фондот за здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>
СДС и ДУИ по втор пат го крахираат Фондот за здравство, граѓаните се оставени на цедило, нема да можат да земат ни лек на рецепт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sds-i-dui-po-vtor-pat-go-krahiraat-fondot-za-zdravstvo-graganite-se-ostaveni-na-tsedilo-nema-da-mozhat-da-zemat-ni-lek-na-retsept/ Tue, 30 Jan 2024 07:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=738371

СДС и ДУИ ќе останат запаметени по неспособност кога станува збор за функционирање на системот. СДС и ДУИ покажуваат способност само кога треба да крадат. Или СДС и ДУИ се шампиони во неспособност! По минатогодишниот колапс на Фондот за здравство, деновиве на праг е втор колапс на Фондот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во пракса тоа значи дека граѓаните нема да можат да земат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО кон граѓаните кои на пример користеле боледувања, нема да се исплаќаат рефундации за лекови, нема да се прават исплати ниту кон здравствените институции и слично. Со овој втор колапс на ФЗО загрозен е воопшто здравствениот систем во државава. Едноставно се ќе биде блокирано. Во овој случај трпат граѓаните, здравствениот систем ќе биде нефункционален, а трпат и вработените во ФЗО чии плати планираат да им ги намалат за 21 процент, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/shto-ke-beshe-rabotava-za-nashive-platichina-tolku-da-se-zakachat-da-ni-se-namalat-prashuva-pretsedatelot-na-sindikatot-na-fzom-branko-adhigogov/

ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта предводена од СДС и ДУИ во здравството за седум години редеше само скандали.

-Здравството секојдневно се уништува, заминува медицински кадар или нема кој да ги лечи граѓаните, оние кои остануваат да работат тука ниту имаат услови за работа, уште помалку некој се грижи за нивна доедукација преку обуки и слично, позитивната листа на лекови иако ветуваа ја споменуваат само во контекст на тоа да им излезат во пресрет на нивните фармацевтски компании, а не граѓаните да добијат нови лекови на рецепт, лековите поточно цитостатиците и биолошката терапија се злоупотребувале на Онкологија, но некако и тоа се премолчува. И ова е само еден мал дел од скандалите во здравството. Талат Џафери само ги продолжува политиките на Димитар Ковачевски. Граѓаните се оставени на цедило. Во здравството никогаш не било полошо! Важно е да и поразиме, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДС и ДУИ по втор пат го крахираат Фондот за здравство, граѓаните се оставени на цедило, нема да можат да земат ни лек на рецепт appeared first on Република.

]]>

СДС и ДУИ ќе останат запаметени по неспособност кога станува збор за функционирање на системот. СДС и ДУИ покажуваат способност само кога треба да крадат. Или СДС и ДУИ се шампиони во неспособност! По минатогодишниот колапс на Фондот за здравство, деновиве на праг е втор колапс на Фондот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во пракса тоа значи дека граѓаните нема да можат да земат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО кон граѓаните кои на пример користеле боледувања, нема да се исплаќаат рефундации за лекови, нема да се прават исплати ниту кон здравствените институции и слично. Со овој втор колапс на ФЗО загрозен е воопшто здравствениот систем во државава. Едноставно се ќе биде блокирано. Во овој случај трпат граѓаните, здравствениот систем ќе биде нефункционален, а трпат и вработените во ФЗО чии плати планираат да им ги намалат за 21 процент, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/shto-ke-beshe-rabotava-za-nashive-platichina-tolku-da-se-zakachat-da-ni-se-namalat-prashuva-pretsedatelot-na-sindikatot-na-fzom-branko-adhigogov/ ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта предводена од СДС и ДУИ во здравството за седум години редеше само скандали. -Здравството секојдневно се уништува, заминува медицински кадар или нема кој да ги лечи граѓаните, оние кои остануваат да работат тука ниту имаат услови за работа, уште помалку некој се грижи за нивна доедукација преку обуки и слично, позитивната листа на лекови иако ветуваа ја споменуваат само во контекст на тоа да им излезат во пресрет на нивните фармацевтски компании, а не граѓаните да добијат нови лекови на рецепт, лековите поточно цитостатиците и биолошката терапија се злоупотребувале на Онкологија, но некако и тоа се премолчува. И ова е само еден мал дел од скандалите во здравството. Талат Џафери само ги продолжува политиките на Димитар Ковачевски. Граѓаните се оставени на цедило. Во здравството никогаш не било полошо! Важно е да и поразиме, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post СДС и ДУИ по втор пат го крахираат Фондот за здравство, граѓаните се оставени на цедило, нема да можат да земат ни лек на рецепт appeared first on Република.

]]>
Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fondot-za-zdravstvo-povtorno-blokiran-matichnite-lekari-ne-mozhe-da-prijavat-novi-patsienti/ Wed, 17 May 2023 10:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=641675

Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти, објави „Макфакс“.

Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот, па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади пациенти поради пензионирање колеги. Како да ги пријавиме тие пациенти? , вели Лилија Чолакова-Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.

Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека има проблеми со делови од платформата, но не поради напад, како пред три месеци, туку поради модернизација серверите.

На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници. Проблемите беа надминати по две недели.

The post Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти appeared first on Република.

]]>

Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти, објави „Макфакс“.
Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот, па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади пациенти поради пензионирање колеги. Како да ги пријавиме тие пациенти? , вели Лилија Чолакова-Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.
Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека има проблеми со делови од платформата, но не поради напад, како пред три месеци, туку поради модернизација серверите. На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници. Проблемите беа надминати по две недели.

The post Фондот за здравство повторно блокиран, матичните лекари не може да пријават нови пациенти appeared first on Република.

]]>
Ковачевски не планира оставки, туку државна награда за главниот ИТ експерт од ФЗОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-planira-ostavki-tuku-drzhavna-nagrada-za-glavniot-it-ekspert-od-fzom/ Thu, 23 Feb 2023 18:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=612496

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го предложи главниот ИТ експерт на Фондот за здравствено осигурување за една од државните награди кои се доделуваат да ја прими во име на сите ИТ експерти кои се справуваат со сајбер нападите, затоа што одлично се справил со нападот врз ФЗОМ.

-Фондот за здравствено осигурување за 14 дена успеа да се врати во целосна функција и да исплаќа плати и породилни отсуства на сите корисници на услугите на Фондот, што доколку истражите ќе се уверите дека е брзо, бидејќи на други институции во светот кои биле предмет на сајбер напад им биле потребни во просек 22 до 23 дена и тоа е индикатор дека Фондот одлично се има справено со овој напад, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНМЕ дали некој ќе понесе морална одговорност и дали се планирани оставки од Фондот за здравство, конкретно од директорката.

Премиерот уверува дека при тој напад не се случува излевање на податоците на граѓаните и здравствените податоци на граѓаните се безбедни без разлика што, како што кажа, одредени индивидуи придонесуваа во создавање паника дека личните податоци на грѓаните се загрозени.

Одговорност, според него, се бара кога за тоа постои реална причина, а во овој случај, како што рече, тоа не е така поради три причини.

–Прво ги видов договорите со кој Фондот ги има реализрано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката од заштита од сајбер напади која ја спремале била на највисоко ниво и е согласно ревизорсите извештаи од претходните години кои кажале дека треба да се купат такви системи за кои веќе се потпишани договори.

Сајбер нападот се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Второ, во монментот кгоа се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо.

Трето кога е веќе јасно дека со конретнава работа и навремено се спремале и соодветно одгоовирле, го видов извештајот на ДЗР и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапување, тоа значи дека директорката си ја работи работата со Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите, истакна Ковачевски.

The post Ковачевски не планира оставки, туку државна награда за главниот ИТ експерт од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го предложи главниот ИТ експерт на Фондот за здравствено осигурување за една од државните награди кои се доделуваат да ја прими во име на сите ИТ експерти кои се справуваат со сајбер нападите, затоа што одлично се справил со нападот врз ФЗОМ. -Фондот за здравствено осигурување за 14 дена успеа да се врати во целосна функција и да исплаќа плати и породилни отсуства на сите корисници на услугите на Фондот, што доколку истражите ќе се уверите дека е брзо, бидејќи на други институции во светот кои биле предмет на сајбер напад им биле потребни во просек 22 до 23 дена и тоа е индикатор дека Фондот одлично се има справено со овој напад, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНМЕ дали некој ќе понесе морална одговорност и дали се планирани оставки од Фондот за здравство, конкретно од директорката. Премиерот уверува дека при тој напад не се случува излевање на податоците на граѓаните и здравствените податоци на граѓаните се безбедни без разлика што, како што кажа, одредени индивидуи придонесуваа во создавање паника дека личните податоци на грѓаните се загрозени. Одговорност, според него, се бара кога за тоа постои реална причина, а во овој случај, како што рече, тоа не е така поради три причини. –Прво ги видов договорите со кој Фондот ги има реализрано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката од заштита од сајбер напади која ја спремале била на највисоко ниво и е согласно ревизорсите извештаи од претходните години кои кажале дека треба да се купат такви системи за кои веќе се потпишани договори. Сајбер нападот се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Второ, во монментот кгоа се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо. Трето кога е веќе јасно дека со конретнава работа и навремено се спремале и соодветно одгоовирле, го видов извештајот на ДЗР и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапување, тоа значи дека директорката си ја работи работата со Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите, истакна Ковачевски.

The post Ковачевски не планира оставки, туку државна награда за главниот ИТ експерт од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Здравството го крахираа, здравствените работници ги оставија без плати затоа неспособниот Ковачевски и неговата екипа мора да заминат веднаш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-zdravstvoto-go-krahiraa-zdravstvenite-rabotnitsi-gi-ostavija-bez-plati-zatoa-nesposobniot-kovachevski-i-negovata-ekipa-mora-da-zaminat-vednash/ Mon, 20 Feb 2023 11:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=611025

Иако помина скоро недела дена од законскиот рок за исплата на плати здравствените работници се се уште без плати, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме Фондот за здравство извести дека почнал да функционира системот, но делумно.

Неспособноста на надлежните од директори на јавните здравствени установи, преку директорите на Фондот за здравство па се до премиерот Ковачевски се гледа на дело.

Луѓето на СДС и ДУИ уште еднаш покажаа дека работат само за лични и партиски интереси.

Ниту еден функционер не мрда со прст за да се исплатат платите на здравствените работници.

Од нефункционирање на луѓето од СДС и ДУИ граѓаните се секојдневно оштетени и тоа сега им се ускратени и правата од областа на здравственото осигурување за кое плаќаат цел живот.

Неспособниот криминалец Ковачевски и неговата криминална екипа мора веднаш да заминат!, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Здравството го крахираа, здравствените работници ги оставија без плати затоа неспособниот Ковачевски и неговата екипа мора да заминат веднаш appeared first on Република.

]]>

Иако помина скоро недела дена од законскиот рок за исплата на плати здравствените работници се се уште без плати, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме Фондот за здравство извести дека почнал да функционира системот, но делумно.
Неспособноста на надлежните од директори на јавните здравствени установи, преку директорите на Фондот за здравство па се до премиерот Ковачевски се гледа на дело. Луѓето на СДС и ДУИ уште еднаш покажаа дека работат само за лични и партиски интереси. Ниту еден функционер не мрда со прст за да се исплатат платите на здравствените работници. Од нефункционирање на луѓето од СДС и ДУИ граѓаните се секојдневно оштетени и тоа сега им се ускратени и правата од областа на здравственото осигурување за кое плаќаат цел живот. Неспособниот криминалец Ковачевски и неговата криминална екипа мора веднаш да заминат!, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Здравството го крахираа, здравствените работници ги оставија без плати затоа неспособниот Ковачевски и неговата екипа мора да заминат веднаш appeared first on Република.

]]>
Фонд за здравство не може да издава боледувања https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fond-za-zdravstvo-ne-mozhe-da-izdava-boleduvana/ Wed, 08 Feb 2023 21:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=606693

Фондот за здравство од понеделникот е под сајбер напад и хакерскиот упад во системот значи дека не можат да се издадат боледувања и други важни решенија за граѓаните. Од ФЗОРСМ дури по три дена потврдија дека ова е причината поради која има технички проблем и не функционира дел од серверите.

Во моментов пациентите што немаат матичен лекар не може да изберат нов, а оние што имаат потреба од боледување повеќе од 15 дена не може да добијат документ за да го оправдаат отсуството од работа. Избраните матични лекари во согласност со договорите со ФЗОМ до 10 од месецот да ги достават фактурите, а тоа не може да го направат.

Експертски тим работи 24/7 на справување со нефункционалноста на ИТ системите.

-Приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, а ФЗОРСМ веќе има издадени упатства кон подрачните служби за решенија со кои граѓаните тековно ќе ги остваруваат своите права. Во интерес на прецизно информирање на граѓаните, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, јавноста ќе биде навремено известена, наведуваат од ФЗОРСМ.

Од оваа институција не кажуваат дали листата со лични податоци на стотици илјади осигуреници завршила во рацете на хакерите, како и тоа дали се загрозени.

Од Фондот уверуваат дека пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој.

 

The post Фонд за здравство не може да издава боледувања appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравство од понеделникот е под сајбер напад и хакерскиот упад во системот значи дека не можат да се издадат боледувања и други важни решенија за граѓаните. Од ФЗОРСМ дури по три дена потврдија дека ова е причината поради која има технички проблем и не функционира дел од серверите. Во моментов пациентите што немаат матичен лекар не може да изберат нов, а оние што имаат потреба од боледување повеќе од 15 дена не може да добијат документ за да го оправдаат отсуството од работа. Избраните матични лекари во согласност со договорите со ФЗОМ до 10 од месецот да ги достават фактурите, а тоа не може да го направат. Експертски тим работи 24/7 на справување со нефункционалноста на ИТ системите.
-Приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите, а ФЗОРСМ веќе има издадени упатства кон подрачните служби за решенија со кои граѓаните тековно ќе ги остваруваат своите права. Во интерес на прецизно информирање на граѓаните, во најбрз можен рок, и штом се утврдат повеќе информации, јавноста ќе биде навремено известена, наведуваат од ФЗОРСМ.
Од оваа институција не кажуваат дали листата со лични податоци на стотици илјади осигуреници завршила во рацете на хакерите, како и тоа дали се загрозени. Од Фондот уверуваат дека пациентите ќе можат и понатаму непречено да се лекуваат на сите клиники како и преку матичните лекари кои можат да вршат прегледи, да издаваат упати и рецепти кои се подигнуваат во аптеките без застој.  

The post Фонд за здравство не може да издава боледувања appeared first on Република.

]]>
Конечно работа и за филолозите: Договорите со здравствени установи во ФЗО ќе ги контролира книжевник, кадрово ќе води филолог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konechno-rabota-i-za-filolozite-dogovorite-so-zdravstveni-ustanovi-vo-fzo-kje-gi-kontrolira-knizevnik-kadrovo-kje-vodi-filolog/ Tue, 01 Nov 2022 14:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=568369

Додека само Здравствениот дом Скопје има поднесено барање за 300 вработувања од кои 200 доктори и 100 медицински сестри, Фондот за здрватсвено осигурување објави оглас за вработување на 53 административци.

И можеби се би било во ред доколку недостигаат лица за да се изврши работата соодветно и навремено, но за одредени работни места се бара несоодветно образование.

Колку за илустрација, за работното место соработник за пресметување на надомест за боледување се бара личност со завршен Филозофски факултет, за местото соработник за надомест на лекови треба да има завршено Факултет за стоматологија, за работното место соработник за договори со здравствени установи се бара лице со Факултет за книжевност – филологија, се бара и стручен соработник за управување со човечки ресурси кој исто така треба да биде филолог, односно јазичар, се бара и книговодител со средно или вишо и слично.

Ова е се, само не е соодветна регрутација на кадри. Во период кога нема медицински персонал поради заминување од земјава за што прилина се ниските плати, лоши услови за работа, се вработуваат администратици и тоа со сосема несоодветно образование, коментираат правници кои работат на систематизации во државните установи.

Неспорно е дека има квалитетни луѓе во администрацијата, велат тие, но се додека се објавуваат несоодветни огласи и се бараат несоодветни лица ништо не се прави.

Вака ниту граѓаните добиваат соодветна услуга, ниту институциите, едноставно системот не функционира, констатираат упатените.

The post Конечно работа и за филолозите: Договорите со здравствени установи во ФЗО ќе ги контролира книжевник, кадрово ќе води филолог appeared first on Република.

]]>

Додека само Здравствениот дом Скопје има поднесено барање за 300 вработувања од кои 200 доктори и 100 медицински сестри, Фондот за здрватсвено осигурување објави оглас за вработување на 53 административци. И можеби се би било во ред доколку недостигаат лица за да се изврши работата соодветно и навремено, но за одредени работни места се бара несоодветно образование. Колку за илустрација, за работното место соработник за пресметување на надомест за боледување се бара личност со завршен Филозофски факултет, за местото соработник за надомест на лекови треба да има завршено Факултет за стоматологија, за работното место соработник за договори со здравствени установи се бара лице со Факултет за книжевност – филологија, се бара и стручен соработник за управување со човечки ресурси кој исто така треба да биде филолог, односно јазичар, се бара и книговодител со средно или вишо и слично.
Ова е се, само не е соодветна регрутација на кадри. Во период кога нема медицински персонал поради заминување од земјава за што прилина се ниските плати, лоши услови за работа, се вработуваат администратици и тоа со сосема несоодветно образование, коментираат правници кои работат на систематизации во државните установи.
Неспорно е дека има квалитетни луѓе во администрацијата, велат тие, но се додека се објавуваат несоодветни огласи и се бараат несоодветни лица ништо не се прави.
Вака ниту граѓаните добиваат соодветна услуга, ниту институциите, едноставно системот не функционира, констатираат упатените.

The post Конечно работа и за филолозите: Договорите со здравствени установи во ФЗО ќе ги контролира книжевник, кадрово ќе води филолог appeared first on Република.

]]>
Управниот одбор на Фондот за здравство не ја ферма владината одлука да си ги намалат хонорарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/upravniot-odbor-na-fondot-za-zdravstvo-ne-ja-ferma-vladinata-odluka-da-si-gi-namalat-honorarite/ Wed, 10 Aug 2022 10:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=538683

И покрај владината одлука за висината на надоместоците на членовите на Управни одмори, одредени институции не ја почитуваат, Конкретно, станува збор за Фондот за здравство.

Иако Владата на 20.04.2021 година донела заклучок да се зголемат надоместоците на претседателите на УО од 12.000 од 18.000 денари а на членовите од 10.000 на 15.000 , во јули истата година се поништува таа одлука.

Но, Управниот одбор на Фондот за здравство не постапува по одлуката на Владата и нивните членови и претседатели земаат се уште повисоки надоместоци.

Она што е важно да се нагласи е дека претседателот на Управниот одбор Дејан Николовски доаѓа од Министерството за финансии и е државен советник за јавен долг. Нормално би било тој да се однесува домаќински кон парите од граѓаните но во случајот не е така.

 

The post Управниот одбор на Фондот за здравство не ја ферма владината одлука да си ги намалат хонорарите appeared first on Република.

]]>

И покрај владината одлука за висината на надоместоците на членовите на Управни одмори, одредени институции не ја почитуваат, Конкретно, станува збор за Фондот за здравство. Иако Владата на 20.04.2021 година донела заклучок да се зголемат надоместоците на претседателите на УО од 12.000 од 18.000 денари а на членовите од 10.000 на 15.000 , во јули истата година се поништува таа одлука. Но, Управниот одбор на Фондот за здравство не постапува по одлуката на Владата и нивните членови и претседатели земаат се уште повисоки надоместоци. Она што е важно да се нагласи е дека претседателот на Управниот одбор Дејан Николовски доаѓа од Министерството за финансии и е државен советник за јавен долг. Нормално би било тој да се однесува домаќински кон парите од граѓаните но во случајот не е така.  

The post Управниот одбор на Фондот за здравство не ја ферма владината одлука да си ги намалат хонорарите appeared first on Република.

]]>
Скандал: Фондот за здравство праќал пациенти во Германија да им се пресади коскена срцевина, без целосно да ѝ плати на болницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandal-fondot-za-zdravstvo-prakjal-pacienti-vo-germanija-da-im-se-presadi-koskena-srcevina-bez-celosno-da-i-plati-na-bolnicata/ Fri, 13 May 2022 10:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=501857

Фондот за здравство на Република Македонија во 2018 година праќал пациенти кои добиле конзилијарно мислење дека треба да им се пресади коскена срцевина во Германија на лекување, но не ги подмирил фактурите за извршените здравствени услуги во германската болница, иако срцевината била пресадена, а пациентите го завршиле болничкиот третман и биле уредно испишани, пишува „Слободен печат“.

За само еден случај, односно за еден пациент за којшто „Слободен печат“ поседува документација за извршените болнички услуги во Германија, болницата побарува над 30 илјади евра и го тужи Фондот за здравство зашто четврта година тој не платил целосно за лекувањето.

Тој не е единствениот пациент за кој ФЗОМ има тужби, а за кои се таложат камати од илјадници евра, кои повторно ќе паднат на плеќите на државниот буџет, кој со ваквото неажурно постапување е оштетен. За побарување за друг пациент пак од 21 илјада евра болнички трошоци, каматата е пет илјади евра, невклучувајќи ги судските трошоци.

Целиот текст тука.

The post Скандал: Фондот за здравство праќал пациенти во Германија да им се пресади коскена срцевина, без целосно да ѝ плати на болницата appeared first on Република.

]]>

Фондот за здравство на Република Македонија во 2018 година праќал пациенти кои добиле конзилијарно мислење дека треба да им се пресади коскена срцевина во Германија на лекување, но не ги подмирил фактурите за извршените здравствени услуги во германската болница, иако срцевината била пресадена, а пациентите го завршиле болничкиот третман и биле уредно испишани, пишува „Слободен печат“. За само еден случај, односно за еден пациент за којшто „Слободен печат“ поседува документација за извршените болнички услуги во Германија, болницата побарува над 30 илјади евра и го тужи Фондот за здравство зашто четврта година тој не платил целосно за лекувањето. Тој не е единствениот пациент за кој ФЗОМ има тужби, а за кои се таложат камати од илјадници евра, кои повторно ќе паднат на плеќите на државниот буџет, кој со ваквото неажурно постапување е оштетен. За побарување за друг пациент пак од 21 илјада евра болнички трошоци, каматата е пет илјади евра, невклучувајќи ги судските трошоци. Целиот текст тука.

The post Скандал: Фондот за здравство праќал пациенти во Германија да им се пресади коскена срцевина, без целосно да ѝ плати на болницата appeared first on Република.

]]>
Новинарката Менче Точи ќе раководи со одделот за комуникации во Фонд за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novinarkata-menche-tochi-kje-rakovodi-so-oddelot-za-komunikacii-vo-fond-za-zdravstvo/ Thu, 27 Jan 2022 17:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=450416

Со одлука на директорите на СДСМ и ДУИ во Фондот за здравство долгогодишната новинарка која го покриваше ресорот здравство Менче Точи станала раководител на оддел за комуникации.

Одлуката врз основа на оглас објавен пред нова година е донесена на 21 јануари годинава.

Со одлуката Точи станала Раководител на одделение за комуникации и поддршка во Фондот за здравствено осигурување.

Точи работеше во згаснатата А1 ТВ и важеше за една од најдобрите новинарки за здравствени теми а неодамна беше меѓу новинарките кои беа критикувани за забавата пред Нова Година на која повеќе претставнички на медиумите без маски се сликаа со министерот за здравство Филипче.

 

The post Новинарката Менче Точи ќе раководи со одделот за комуникации во Фонд за здравство appeared first on Република.

]]>

Со одлука на директорите на СДСМ и ДУИ во Фондот за здравство долгогодишната новинарка која го покриваше ресорот здравство Менче Точи станала раководител на оддел за комуникации. Одлуката врз основа на оглас објавен пред нова година е донесена на 21 јануари годинава. Со одлуката Точи станала Раководител на одделение за комуникации и поддршка во Фондот за здравствено осигурување. Точи работеше во згаснатата А1 ТВ и важеше за една од најдобрите новинарки за здравствени теми а неодамна беше меѓу новинарките кои беа критикувани за забавата пред Нова Година на која повеќе претставнички на медиумите без маски се сликаа со министерот за здравство Филипче.  

The post Новинарката Менче Точи ќе раководи со одделот за комуникации во Фонд за здравство appeared first on Република.

]]>