Фонд за здравствено осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fond-za-zdravstveno-osiguruvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 06:51:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фонд за здравствено осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fond-za-zdravstveno-osiguruvanje/ 32 32 Не сакаат кратење на платите: Продолжува штрајкот на вработените во Фондот за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakaat-kratene-na-platite-prodolzhuva-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-fondot-za-zdravstvo/ Tue, 06 Feb 2024 06:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=740789

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) втор ден штрајкуваат поради најавите за кратење на нивните плати. Сите подрачни единици и денеска нема да извршуваат работни задачи, освен најитните. Според најавеното, ќе бидат скратени услугите кои се однесуваат на барање за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомести за породилно отсуство и за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазични обрасци итн. Непречено ќе работат лекарските комисии што ги продолжуваат боледувањата на вработените за тие што имаат потреба.

- Револтот кај вработените е огромен. Штрајкуваат и оние кои се во други синдикати. Да останат оние плати што ги добивме со декемвриската. Не бараме ништо повеќе, туку само да ни останат платите во висина како што беа со декемвриската. Штрајкот нема да престане, дури и по цена да не земат плата, како што е сега случајот. Во моментов, вработените во ФЗО немаат плата, рече вчера претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски.

Тој упати апел до Владата, на денешната седница, на која веќе пратиле допис до техничкиот премиер Талат Џафери, да отвори точка на дневен ред, да се разгледа нивното барање.

- Како што донесоа заклучок со препорака УО да ги намали платите, да донесат нов заклучок со препорака да остане истата вредност на бодот, тоа 77,16 денари, таа вредност да биде до крајот на оваа година. Во моментов горе во оваа зграда се сите раководители на ФЗО од подрачните единици, вклучително со директорите од централната, на состанок. Направивме иницијатива потпишана од сите директори на подрачни единици, каде гарантираат дека ќе се извршуваат сите работни задачи и дека ќе останат и дека ќе има пари во Фондот за исплата на платите, како што се сега и граѓаните да бидат спокојни, дека ќе има лекови и помагала за сите, додаде Деаноски.

Тој рече и дека ФЗО е институција со највисок буџет во државата и таа, како што нагласи, секогаш има пари.

- Ќе има пари и да останат овие плати на вработените, како што тоа го договоривме со менаџментот на ФЗО, појасни Деаноски, додавајќи дека доколку се намалат платите, „само може да биде полошо“.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗО, додаде дека досега нема пријавено никакви инциденти, ниту проблеми.

-Граѓаните се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, нагласи тој и додаде дека лекарските комисии што ги продолжуваат боледувањата на вработените за тие што имаат потреба, продолжуваат непречено да работат.

Аџигогов наведе и оти засега нема информации дали Управниот одбор ќе заседава.

-УО ја прифати дури и таа иницијатива да ја разгледа. Значи, ние бевме и кажано беше, нема проблем, нека поминат изборите, понатаму да продолжиме со разговори, да видиме што е проблемот. Значи, во моментот ниту еден вработен во ФЗО не бара вина, ниту бара кривица ниту од вработените во ФЗО што се на раководни структури, ниту од Министерството за финансии. Едноставно сакаме да ни се реши проблемот и да ни останат истите плати, појасни Аџигогов.

Целосна поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО - УПОЗ стигна од Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) во државата. Претседателот на овој синдикат, Предраг Серафимовски, вчера изјави дека се надева дека УПОЗ ќе се избори во остварувањето на правата на своите членови, коишто им следуваат согласно законите, колективните договори и меѓународното трудово законодавство.

Доколку се исполни намалувањето на платите во ФЗО, согласно препораката како што ја дава Владата, според синдикатот, околу 500 вработени ќе примаат плата под минималецот.

По најавата за штрајк на вработените во ФЗО, од Министерството за финансии во соопштение порачаа дека не се работи за намалување на нивните плати туку се прави обид за нивно повторно зголемување кое,  како што наведоа, реално ќе има фискални импликации во буџетот на Фондот.

Од МФ посочија дека платите во ФЗО во текот на 2023 година се зголемени повеќепати и тоа 2.100 денари или околу седум отсто во март 2023 година со усогласување со минималната плата, исто така имало зголемување на плати само во ФЗОМ за 2,5 проценти во јануари 2023 година и за 3,5 отсто во август 2023 година.

- Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните,  информираа од Министерството

The post Не сакаат кратење на платите: Продолжува штрајкот на вработените во Фондот за здравство appeared first on Република.

]]>

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) втор ден штрајкуваат поради најавите за кратење на нивните плати. Сите подрачни единици и денеска нема да извршуваат работни задачи, освен најитните. Според најавеното, ќе бидат скратени услугите кои се однесуваат на барање за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомести за породилно отсуство и за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазични обрасци итн. Непречено ќе работат лекарските комисии што ги продолжуваат боледувањата на вработените за тие што имаат потреба.
- Револтот кај вработените е огромен. Штрајкуваат и оние кои се во други синдикати. Да останат оние плати што ги добивме со декемвриската. Не бараме ништо повеќе, туку само да ни останат платите во висина како што беа со декемвриската. Штрајкот нема да престане, дури и по цена да не земат плата, како што е сега случајот. Во моментов, вработените во ФЗО немаат плата, рече вчера претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски.
Тој упати апел до Владата, на денешната седница, на која веќе пратиле допис до техничкиот премиер Талат Џафери, да отвори точка на дневен ред, да се разгледа нивното барање.
- Како што донесоа заклучок со препорака УО да ги намали платите, да донесат нов заклучок со препорака да остане истата вредност на бодот, тоа 77,16 денари, таа вредност да биде до крајот на оваа година. Во моментов горе во оваа зграда се сите раководители на ФЗО од подрачните единици, вклучително со директорите од централната, на состанок. Направивме иницијатива потпишана од сите директори на подрачни единици, каде гарантираат дека ќе се извршуваат сите работни задачи и дека ќе останат и дека ќе има пари во Фондот за исплата на платите, како што се сега и граѓаните да бидат спокојни, дека ќе има лекови и помагала за сите, додаде Деаноски.
Тој рече и дека ФЗО е институција со највисок буџет во државата и таа, како што нагласи, секогаш има пари. - Ќе има пари и да останат овие плати на вработените, како што тоа го договоривме со менаџментот на ФЗО, појасни Деаноски, додавајќи дека доколку се намалат платите, „само може да биде полошо“. Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗО, додаде дека досега нема пријавено никакви инциденти, ниту проблеми. -Граѓаните се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, нагласи тој и додаде дека лекарските комисии што ги продолжуваат боледувањата на вработените за тие што имаат потреба, продолжуваат непречено да работат. Аџигогов наведе и оти засега нема информации дали Управниот одбор ќе заседава. -УО ја прифати дури и таа иницијатива да ја разгледа. Значи, ние бевме и кажано беше, нема проблем, нека поминат изборите, понатаму да продолжиме со разговори, да видиме што е проблемот. Значи, во моментот ниту еден вработен во ФЗО не бара вина, ниту бара кривица ниту од вработените во ФЗО што се на раководни структури, ниту од Министерството за финансии. Едноставно сакаме да ни се реши проблемот и да ни останат истите плати, појасни Аџигогов. Целосна поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО - УПОЗ стигна од Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) во државата. Претседателот на овој синдикат, Предраг Серафимовски, вчера изјави дека се надева дека УПОЗ ќе се избори во остварувањето на правата на своите членови, коишто им следуваат согласно законите, колективните договори и меѓународното трудово законодавство. Доколку се исполни намалувањето на платите во ФЗО, согласно препораката како што ја дава Владата, според синдикатот, околу 500 вработени ќе примаат плата под минималецот. По најавата за штрајк на вработените во ФЗО, од Министерството за финансии во соопштение порачаа дека не се работи за намалување на нивните плати туку се прави обид за нивно повторно зголемување кое,  како што наведоа, реално ќе има фискални импликации во буџетот на Фондот. Од МФ посочија дека платите во ФЗО во текот на 2023 година се зголемени повеќепати и тоа 2.100 денари или околу седум отсто во март 2023 година со усогласување со минималната плата, исто така имало зголемување на плати само во ФЗОМ за 2,5 проценти во јануари 2023 година и за 3,5 отсто во август 2023 година.
- Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните,  информираа од Министерството

The post Не сакаат кратење на платите: Продолжува штрајкот на вработените во Фондот за здравство appeared first on Република.

]]>
Фондот за здравство во штрајк, ќе работат само итни случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fondot-za-zdravstvo-vo-shtrajk-ke-rabotat-samo-itni-sluchai/ Mon, 05 Feb 2024 06:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=740351

Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од денеска ќе стапат во штрајк. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.

Како што информираат од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), за прием на документи ќе има само по еден вработен во подрачните единици.

- Истовремено сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите, велат од Синдикатот при ФЗО.

Вработени од ФЗО минатата недела се собраа пред просториите на Фондот, изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите.

- Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент, изјави тогаш претседателот на Синдикалната организација на ФЗО Бранко Аџигогов.

Според синдикатот, со одлуката ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.

Од Министерството за финансии потоа појаснија дека не се работи за намалување на платите на вработените во ФЗО, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на Фондот.

Платите во ФЗО во текот на 2023 година, како што наведоа од МФ, се зголемени повеќепати и тоа 2.100 денари или околу седум отсто во март 2023 година со усогласувањето со минималната плата, зголемување од 2,5 проценти во јануари 2023 година и 3,5 отсто во август 2023 година.

- Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

The post Фондот за здравство во штрајк, ќе работат само итни случаи appeared first on Република.

]]>

Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од денеска ќе стапат во штрајк. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Како што информираат од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), за прием на документи ќе има само по еден вработен во подрачните единици.
- Истовремено сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите, велат од Синдикатот при ФЗО.
Вработени од ФЗО минатата недела се собраа пред просториите на Фондот, изразувајќи незадоволство од можното намалување на платите. - Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент, изјави тогаш претседателот на Синдикалната организација на ФЗО Бранко Аџигогов. Според синдикатот, со одлуката ќе бидат засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата. Од Министерството за финансии потоа појаснија дека не се работи за намалување на платите на вработените во ФЗО, туку дека се прави обид за нивно повторно зголемување кое ќе има фискални импликации врз буџетот на Фондот. Платите во ФЗО во текот на 2023 година, како што наведоа од МФ, се зголемени повеќепати и тоа 2.100 денари или околу седум отсто во март 2023 година со усогласувањето со минималната плата, зголемување од 2,5 проценти во јануари 2023 година и 3,5 отсто во август 2023 година.
- Согласно Општиот колективен договор, има предвидено зголемување од 10 отсто, како и за сите вработени во јавниот сектор. Односно, кумулативното зголемување на платите во текот на 2023 година во ФЗО е околу 25 проценти. Дополнително на ова, вработените во ФЗОМ во текот на 2023 година остварија право на регрес во нето висина од 10.000 денари. Поради фискалните импликации врз Буџетот на Фондот, Владата на РСМ му препорача на УО на ФЗОМ, донесената Одлука за зголемување на вредноста на бодот, да има одложено дејство во 2025 година, од причина што за зголемување на платите во ФЗОМ, не се предвидени средства во Буџетот за 2024 година. Обезбедувањето на средствата би било возможно само со пренамена од други расходни ставки, а тоа би значело дека за зголемување на платите на вработените, ќе треба да се скратат средства за лекови и здравствени услуги за граѓаните, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

The post Фондот за здравство во штрајк, ќе работат само итни случаи appeared first on Република.

]]>
Moлк во Министерството за здравство и ФЗОМ за нерегуларностисе констатирани во извештаите од вонредните контроли https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/molk-vo-ministerstvoto-za-zdravstvo-i-fzom-za-neregularnostise-konstatirani-vo-izveshtaite-od-vonrednite-kontroli/ Sun, 13 Nov 2022 11:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=573235

Министерството за здравство и ФЗОМ се уште молчаt кои нерегуларностисе констатирани во извештаите од вонредните контроли, а театарот заврши со разрешување само на медицинскиот и економскиот директор на Детска клиника, како и медицинскиот директор на Клиниката за онкологија, напоменуваат од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму нагласуваат дека недозволиво е наместо одговори да има молк и нетранспарентен однос, а долгот на јавните здравствени е над 100 милиони евра.

Од ВММРО-ДПМНЕ имаат неколку прашања.

Кои се тие нерегуларности на УК за онкологија кои можело да се однесуваат само на медицинскиот директор, а не и на економскиот директор?
️Кој конкретно ја направил таа дистинкција што сметаме дека е селективна?
️.Дали се точни наводите дека од една страна има медицински сестри со награди од по 120 000 ден и административен работник земал плата 90 000 ден?
Дали е точно дека иако законот предвидува двојно да им биде платен трудот дежурството во ден недела, досега вработените не добиле ваков надоместок?
Дали воопшто се вршат редовни надзори од страна на ФЗОМ во јавните здравствени установи?
Аки се вршат дали и какви други нерегуларности се откриени?
Кои се здравствените уставноси со најголеми долгови, а кои со најмали долгови и кои се причините за тоа?
Точно ли е тоа дека токму Клиниката за онкологија е меѓу најголемите должници и ако е така зошто е разрешен само едниот директор?
Дали и во кои установи заради констатирани нерегуларсти се иницирани судски постапки за тие нерегуларности?

The post Moлк во Министерството за здравство и ФЗОМ за нерегуларностисе констатирани во извештаите од вонредните контроли appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство и ФЗОМ се уште молчаt кои нерегуларностисе констатирани во извештаите од вонредните контроли, а театарот заврши со разрешување само на медицинскиот и економскиот директор на Детска клиника, како и медицинскиот директор на Клиниката за онкологија, напоменуваат од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму нагласуваат дека недозволиво е наместо одговори да има молк и нетранспарентен однос, а долгот на јавните здравствени е над 100 милиони евра. Од ВММРО-ДПМНЕ имаат неколку прашања. Кои се тие нерегуларности на УК за онкологија кои можело да се однесуваат само на медицинскиот директор, а не и на економскиот директор? ️Кој конкретно ја направил таа дистинкција што сметаме дека е селективна? ️.Дали се точни наводите дека од една страна има медицински сестри со награди од по 120 000 ден и административен работник земал плата 90 000 ден? Дали е точно дека иако законот предвидува двојно да им биде платен трудот дежурството во ден недела, досега вработените не добиле ваков надоместок? Дали воопшто се вршат редовни надзори од страна на ФЗОМ во јавните здравствени установи? Аки се вршат дали и какви други нерегуларности се откриени? Кои се здравствените уставноси со најголеми долгови, а кои со најмали долгови и кои се причините за тоа? Точно ли е тоа дека токму Клиниката за онкологија е меѓу најголемите должници и ако е така зошто е разрешен само едниот директор? Дали и во кои установи заради констатирани нерегуларсти се иницирани судски постапки за тие нерегуларности?  

The post Moлк во Министерството за здравство и ФЗОМ за нерегуларностисе констатирани во извештаите од вонредните контроли appeared first on Република.

]]>
Лекарската комора бара Фондот за здравство да ги повлече казните за матичните лекари https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-bara-fondot-za-zdravstvo-da-gi-povleche-kaznite-za-matichnite-lekari/ Wed, 26 Jan 2022 11:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=449673

Лекарската комора на Македонија остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), кое се случува во време во кое целиот здравствен систем, а особено докторите од примарното здравство се исцрпени од борбата со пандемијата предизвикана од ковид-19. Реакцијата се однесува на казните кои се изречени за административни пропусти во работењето и не се поврзани со пропусти во лекувањето.

Матичните лекари се првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и тие треба да се мотивирани и да имаат механизми здравствените проблеми на болните да ги решаваат брзо и ефикасно на примарно ниво, а не да ги проследуваат пациентите непотребно до другите нивоа на здравствениот систем, што се наметнува поради некои важечки прописи, како што е режимот за препишување на лекови. Имено, матичните доктори во местата каде што нема специјалисти по одредени специјалности, лековите за хронична терапија кои требале да бидат препишани врз основа на претходна препорака, односно медицински извештај од одреден специјалист, ги препишувале врз основ на медицински извештаи од специјалисти кои согласно режимот на препишување на лекови немале право да ги препишуваат. Ова се правело со цел да излезат во пресрет на потребите на пациентите, се наведува во реакцијата на Комората.

Оттаму нагласуваат дека лекарите се исцрпени од зголемениот интензитет на работа, но опстојувањето на нивните ординации од финансиски аспект е засегнато и со други негативни ефекти од кризата, како што е набавката на медицинска заштитна опрема која во целиот период на пандемијата е на нивен трошок, како и значително повисоките сметки за електрична енергија кои ги добиваат поради енергетската криза.

Лекарската комора неколку пати досега реагирала до Фондот за здравствено осигурување со барање за повлекување на казните и нивно ревидирање, како и промени на казнената регулатива на ФЗО.

Потенцираме дека сега матичните лекари повеќе отколку било кога не се во состојба да ги поднесат овие трошоци. Порачуваме дека во интерес на пациентите, здравствените работници и здравствениот систем е Фондот сериозно да постапи по овие реакции и во најкусо време да обезбеди решение кое е прифатливо за сите страни, бидејќи едностраното носење одлуки, без комуникација на договорните страни само ќе ги продлабочи проблемите кои постојат, се додава во реакцијата на Лекарската комора.

The post Лекарската комора бара Фондот за здравство да ги повлече казните за матичните лекари appeared first on Република.

]]>

Лекарската комора на Македонија остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), кое се случува во време во кое целиот здравствен систем, а особено докторите од примарното здравство се исцрпени од борбата со пандемијата предизвикана од ковид-19. Реакцијата се однесува на казните кои се изречени за административни пропусти во работењето и не се поврзани со пропусти во лекувањето.
Матичните лекари се првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и тие треба да се мотивирани и да имаат механизми здравствените проблеми на болните да ги решаваат брзо и ефикасно на примарно ниво, а не да ги проследуваат пациентите непотребно до другите нивоа на здравствениот систем, што се наметнува поради некои важечки прописи, како што е режимот за препишување на лекови. Имено, матичните доктори во местата каде што нема специјалисти по одредени специјалности, лековите за хронична терапија кои требале да бидат препишани врз основа на претходна препорака, односно медицински извештај од одреден специјалист, ги препишувале врз основ на медицински извештаи од специјалисти кои согласно режимот на препишување на лекови немале право да ги препишуваат. Ова се правело со цел да излезат во пресрет на потребите на пациентите, се наведува во реакцијата на Комората.
Оттаму нагласуваат дека лекарите се исцрпени од зголемениот интензитет на работа, но опстојувањето на нивните ординации од финансиски аспект е засегнато и со други негативни ефекти од кризата, како што е набавката на медицинска заштитна опрема која во целиот период на пандемијата е на нивен трошок, како и значително повисоките сметки за електрична енергија кои ги добиваат поради енергетската криза. Лекарската комора неколку пати досега реагирала до Фондот за здравствено осигурување со барање за повлекување на казните и нивно ревидирање, како и промени на казнената регулатива на ФЗО.