фонд за иновации и технолошки развој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fond-za-inovacii-i-tehnoloshki-razvoj/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 14:32:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фонд за иновации и технолошки развој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fond-za-inovacii-i-tehnoloshki-razvoj/ 32 32 Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmi-povrzani-so-familiite-zaev-i-ahmeti-megu-kompaniite-koi-bi-mozhele-da-se-soochat-so-krivichen-progon/ Wed, 30 Oct 2024 14:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=832493

И во текот на денешниот ден течат постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител, откако вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот.

Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови.

Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/60-kompanii-so-fantomski-proekti-istsitsale-3-2-milioni-evra-od-fondot-za-inovatsii/

Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери.

Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности.

Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар.

Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.

Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово.

Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи.

Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.

Целата сторија тука

The post Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон appeared first on Република.

]]>

И во текот на денешниот ден течат постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител, откако вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот. Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови. Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави. https://republika.mk/vesti/ekonomija/60-kompanii-so-fantomski-proekti-istsitsale-3-2-milioni-evra-od-fondot-za-inovatsii/ Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери. Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности. Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар. Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите. Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово. Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи. Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија. Целата сторија тука

The post Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон appeared first on Република.

]]>
Во ФИТР се делеле пари за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-fitr-se-delele-pari-za-retsepti-za-pitsa-za-nepostoechki-aplikatsii-za-viber-grupi/ Fri, 16 Aug 2024 17:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=807336

Минатата Влада на ДУИ и СДСМ го девалвираше зборот „иновации“. Средства од Фондот за иновации се делеа за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи. Едноставно, се финансираа партиски послушници и криминални здруженија, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Со новото раководство на ФИТР направивме план за откривање на методите на кои се распределувале средствата, откривање на злоупотребите, враќање на средствата во буџетот и отпочнување на кривичен прогон онаму каде што ќе се појават основи на сомнение, велат од кабинетот на министерот за дигитална трансформација.

Андоновски говореше и за планот за дигитализација на услугите, при што најави целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk, нови дигитални услуги за граѓаните и олеснета пристапност.

The post Во ФИТР се делеле пари за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи… appeared first on Република.

]]>

Минатата Влада на ДУИ и СДСМ го девалвираше зборот „иновации“. Средства од Фондот за иновации се делеа за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи. Едноставно, се финансираа партиски послушници и криминални здруженија, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
Со новото раководство на ФИТР направивме план за откривање на методите на кои се распределувале средствата, откривање на злоупотребите, враќање на средствата во буџетот и отпочнување на кривичен прогон онаму каде што ќе се појават основи на сомнение, велат од кабинетот на министерот за дигитална трансформација.
Андоновски говореше и за планот за дигитализација на услугите, при што најави целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk, нови дигитални услуги за граѓаните и олеснета пристапност.

The post Во ФИТР се делеле пари за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи… appeared first on Република.

]]>
Фирмите на Дрин Ахмети и од Фондот за иновации добија 80 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmite-na-drin-ahmeti-i-od-fondot-za-inovatsii-dobija-80-iljadi-evra/ Sat, 01 Jul 2023 08:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=657065

Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој е актуелен во јавноста откако стана сопственик на дел од деловниот центар Соравиа, пари добивал директно и од државата, односно од Фондот за иновации и технолошки развој, објави порталот МКД.

На јавниот „конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации.

р

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.

На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System).

е

Од фотографии по социјалните мрежи може да се види дека Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој е во блиски односи со семејството Ахмети.

[caption id="attachment_657066" align="alignnone" width="592"] На фотографијата се и Бесијан и Фикрет Ахмети и директорот на ФИТР Фестим Халили[/caption]

                        

Дрин Ахмети стана познат на македонската јавност по објавување на договорот за купопродажба на бизнис центарот Соравиа во Скопје. Тој на споменатата конференција за медиуми рече дека сопственоста на 39 отсто од акциите на бизнис центарот Соравиа (15.000 квадрати деловен простор во центарот на Скопје) благодарејќи на неговите претприемачки вештини и целосната идеја за спроведување на овој купопродажен договор.

 

На 31 мај 2019 година фирмата Еверест ЏД на Дрин Ахмети добива концесија за изградба на мала хидроелектрана на Бачишка Река. Концесијата е на 23 години за изградба на хидроцентрала со моќност од 387 kw, а предвидената инвестиција е 1,2 милиони евра.

Бесиjан Ахмети, вториот внук на Али Ахмети, кој денес е прв секретар на амбасадата во Брисел, беше сопственик на Еверест ЏД, заедно со брат му Дрин. Еверест ЏД има концесија за експлоатација на варовник доделена од Владата на СДС и ДУИ во 2006 година. Бесиан Ахмети излегува од сопственичката структура на Еверест ЏД, која има концесија над рудник за варовник, и се вработува на работно место помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали во Министерството за економија. Ова значи дека Бесиан Ахмети како службеник задолжен за мониторинг над концесиите за минерали, бил надлежен за спроведување на коцесијата за варовник од неговиот брат Дрин Ахмети, истата концесија која претходно и тој ја поседувал.

Потоа станува и прв секретар во македонската амбасада во Брисел.


Извор: МКД.мк

The post Фирмите на Дрин Ахмети и од Фондот за иновации добија 80 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој е актуелен во јавноста откако стана сопственик на дел од деловниот центар Соравиа, пари добивал директно и од државата, односно од Фондот за иновации и технолошки развој, објави порталот МКД. На јавниот „конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации. р Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“. На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System). е Од фотографии по социјалните мрежи може да се види дека Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој е во блиски односи со семејството Ахмети. [caption id="attachment_657066" align="alignnone" width="592"] На фотографијата се и Бесијан и Фикрет Ахмети и директорот на ФИТР Фестим Халили[/caption]                          Дрин Ахмети стана познат на македонската јавност по објавување на договорот за купопродажба на бизнис центарот Соравиа во Скопје. Тој на споменатата конференција за медиуми рече дека сопственоста на 39 отсто од акциите на бизнис центарот Соравиа (15.000 квадрати деловен простор во центарот на Скопје) благодарејќи на неговите претприемачки вештини и целосната идеја за спроведување на овој купопродажен договор.   На 31 мај 2019 година фирмата Еверест ЏД на Дрин Ахмети добива концесија за изградба на мала хидроелектрана на Бачишка Река. Концесијата е на 23 години за изградба на хидроцентрала со моќност од 387 kw, а предвидената инвестиција е 1,2 милиони евра. Бесиjан Ахмети, вториот внук на Али Ахмети, кој денес е прв секретар на амбасадата во Брисел, беше сопственик на Еверест ЏД, заедно со брат му Дрин. Еверест ЏД има концесија за експлоатација на варовник доделена од Владата на СДС и ДУИ во 2006 година. Бесиан Ахмети излегува од сопственичката структура на Еверест ЏД, која има концесија над рудник за варовник, и се вработува на работно место помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали во Министерството за економија. Ова значи дека Бесиан Ахмети како службеник задолжен за мониторинг над концесиите за минерали, бил надлежен за спроведување на коцесијата за варовник од неговиот брат Дрин Ахмети, истата концесија која претходно и тој ја поседувал. Потоа станува и прв секретар во македонската амбасада во Брисел.
Извор: МКД.мк

The post Фирмите на Дрин Ахмети и од Фондот за иновации добија 80 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Фондот за иновации стана извор на партиски средства, вели Витанов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fondot-za-inovatsii-stana-izvor-na-partiski-sredstva-veli-vitanov/ Sat, 14 Jan 2023 16:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=596847

Денешната политика во Македонија е збирштина на неморал и не би ни сакал да ја наречам политика. Македонското општество многу назадна со ваквата политика. Ова без конкуренција е најлошата влада досега, посебно на економски план. Убеден сум дека оваа влада одработува за туѓуи антимакедонски интереси. Оваа влада е предавничка, вели Зоран Витанов во интервјуто за „Република“.

Денес оној што ја поддржува оваа влада мора да е или криминалец, или предавник или неинтелегентен - смета Витанов.

Витанов нема дилеми што е главниот проблем во економијата во Македонија.

Главниот проблем е што ние немаме стратегија и не ги оставаме претприемачите да водат и што оваа влада се поставува непријателски кон претприемачите и воопшто нема никаква поддршка. Ако ние го гушиме претприемништвото, а Фондот за иновации стана извор на партиски средства, дури и за потсмев. Исто е и за странските инвестиции. Сега оваа влада се фали што останале или реинвестирале фирмите кои што дојдоа со привлекувањето на странските директни иневестиции од претходната влада кои сегашната влада ги критикуваше тие политики.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vitanov-ova-bez-konkurentsija-e-najloshata-vlada-dosega-ekonomijata-ja-vodi-dui-koga-tie-imale-ekonomska-programa/

The post Фондот за иновации стана извор на партиски средства, вели Витанов appeared first on Република.

]]>

Денешната политика во Македонија е збирштина на неморал и не би ни сакал да ја наречам политика. Македонското општество многу назадна со ваквата политика. Ова без конкуренција е најлошата влада досега, посебно на економски план. Убеден сум дека оваа влада одработува за туѓуи антимакедонски интереси. Оваа влада е предавничка, вели Зоран Витанов во интервјуто за „Република“.
Денес оној што ја поддржува оваа влада мора да е или криминалец, или предавник или неинтелегентен - смета Витанов.
Витанов нема дилеми што е главниот проблем во економијата во Македонија.
Главниот проблем е што ние немаме стратегија и не ги оставаме претприемачите да водат и што оваа влада се поставува непријателски кон претприемачите и воопшто нема никаква поддршка. Ако ние го гушиме претприемништвото, а Фондот за иновации стана извор на партиски средства, дури и за потсмев. Исто е и за странските инвестиции. Сега оваа влада се фали што останале или реинвестирале фирмите кои што дојдоа со привлекувањето на странските директни иневестиции од претходната влада кои сегашната влада ги критикуваше тие политики.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/vitanov-ova-bez-konkurentsija-e-najloshata-vlada-dosega-ekonomijata-ja-vodi-dui-koga-tie-imale-ekonomska-programa/

The post Фондот за иновации стана извор на партиски средства, вели Витанов appeared first on Република.

]]>
Попов: Небезбедниот проект на Универзална го штитат лица познати по тоа што едниот е член на ИО на СДСМ, а другиот добивал грантови од Фондот за иновации https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/popov-nebezbedniot-proekt-na-univerzalna-go-shtitat-lica-poznati-po-toa-shto-edniot-e-chlen-na-io-na-sdsm-a-drugiot-dobival-grantovi-od-fondot-za-inovacii/ Sat, 26 Feb 2022 13:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=464307

СДСМ се обидуваат очајно да се оправдаат за скандалозниот проект за реконструкција на Универзалната сала, вели Сергеј Попов, советник во Град Скопје и претседател на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.

Констатирани се бројни грешки, а и претходното градско раководство и Шилегов знаеле и констатирале недостатоци кои воедно ги констатира надзорот и Извештајот на ЗИМ, според кои елементи од градбата се проценети како несигурни и опасни особено затоа што е утврдена неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот. Ова го потврдува и изјавата на советничката од СДСМ Љубица Јанчева која на седница на совет ќе изјави цитирам:

„Знаевме за техничките проблеми и пропусти во проектот и истите беа констатирани“,

Советничката на СДСМ Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Скопје за време кога градоначалник на главниот град беше Петре Шилегов, самата вели дека проектот бил стопиран од претходниот градоначалник за да биде безбеден проектот, изјави Попов.

Според Попов, сега кога биле фатени во небрано СДСМ на помош ги бараат своите блиски експерти да го бранат она кое што не може да се одбрани.

Па така клучни во бранењето на СДСМ се Мишко Ралев, член на Извршниот одбор на СДСМ и Искра Јовановска Михајловска која јавноста ја памети од скандалозната поделба на грантови од Фондот на иновации кога нејзината компанија доби 223 илјади евра од државата.

Отворено прашуваме дали грантовите од стотици илјади евра и позицијата член на извршниот одбор во СДСМ беа пресудни овие двајца да бидат клучните кои ќе го бранат неодбранливото?

Патем да биде уште потрагично освен што зборуваат ниту тие, ниту другите се спремни со свој потпис да гарантираат дека овој проект е безбеден.

Очигледно дека на СДСМ им било битно пред избори да почнат некакви градежни активност и не се направени соодветни анализи, не се видело дека ќе требаат дополнителни столбови за да има навистина квалитетна сеизмичка одржаност на овој објект, и не бил направен соодветен увид.

За среќа на скопјани Универзална сала ќе има и ќе биде безбедна и за работниците кои ја реконструираат и за идните посетители, рече Попов.

The post Попов: Небезбедниот проект на Универзална го штитат лица познати по тоа што едниот е член на ИО на СДСМ, а другиот добивал грантови од Фондот за иновации appeared first on Република.

]]>

СДСМ се обидуваат очајно да се оправдаат за скандалозниот проект за реконструкција на Универзалната сала, вели Сергеј Попов, советник во Град Скопје и претседател на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.
Констатирани се бројни грешки, а и претходното градско раководство и Шилегов знаеле и констатирале недостатоци кои воедно ги констатира надзорот и Извештајот на ЗИМ, според кои елементи од градбата се проценети како несигурни и опасни особено затоа што е утврдена неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот. Ова го потврдува и изјавата на советничката од СДСМ Љубица Јанчева која на седница на совет ќе изјави цитирам: „Знаевме за техничките проблеми и пропусти во проектот и истите беа констатирани“, Советничката на СДСМ Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Скопје за време кога градоначалник на главниот град беше Петре Шилегов, самата вели дека проектот бил стопиран од претходниот градоначалник за да биде безбеден проектот, изјави Попов.
Според Попов, сега кога биле фатени во небрано СДСМ на помош ги бараат своите блиски експерти да го бранат она кое што не може да се одбрани.
Па така клучни во бранењето на СДСМ се Мишко Ралев, член на Извршниот одбор на СДСМ и Искра Јовановска Михајловска која јавноста ја памети од скандалозната поделба на грантови од Фондот на иновации кога нејзината компанија доби 223 илјади евра од државата. Отворено прашуваме дали грантовите од стотици илјади евра и позицијата член на извршниот одбор во СДСМ беа пресудни овие двајца да бидат клучните кои ќе го бранат неодбранливото? Патем да биде уште потрагично освен што зборуваат ниту тие, ниту другите се спремни со свој потпис да гарантираат дека овој проект е безбеден. Очигледно дека на СДСМ им било битно пред избори да почнат некакви градежни активност и не се направени соодветни анализи, не се видело дека ќе требаат дополнителни столбови за да има навистина квалитетна сеизмичка одржаност на овој објект, и не бил направен соодветен увид. За среќа на скопјани Универзална сала ќе има и ќе биде безбедна и за работниците кои ја реконструираат и за идните посетители, рече Попов.

The post Попов: Небезбедниот проект на Универзална го штитат лица познати по тоа што едниот е член на ИО на СДСМ, а другиот добивал грантови од Фондот за иновации appeared first on Република.

]]>