Фон дер Лајен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fon-der-lajen/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 12:03:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фон дер Лајен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fon-der-lajen/ 32 32 Мицкоски: Посветени сме на европскиот пат, но очекуваме да не се соочуваме со барања спротивни на вредностите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-posveteni-sme-na-evropskiot-pat-no-ochekuvame-da-ne-se-soochuvame-so-barana-sprotivni-na-vrednostite-na-eu/ Thu, 24 Oct 2024 11:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=830549

Остануваме посветени на патот кон полноправно членство во ЕУ, но очекуваме ЕУ да ги уважи легитимните барања на граѓаните дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во спротивност на вредностите на ЕУ, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето денешно излагање на заедничката прес конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен.

„Остануваме цврсто посветени како влада на својот пат кон полноправно членство во ЕУ. Нашата визија е јасна – сакаме да бидеме дел од европското семејство споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на право и почитување на човековите права. Владата ја цени заложбата на Претседателката за проширувањето на ЕУ во најскоро време. Очекуваме, ЕУ, заедно со нас, да помогне во изнаоѓање начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите и вредностите на коишто почива самата ЕУ“, рече Мицкоски.

Во продолжение целото обраќање на Премиерот Мицкоски.

Дозволете ми најпрво да ја изразам мојата искрена благодарност до претседателката за нејзината посета и конструктивниот дијалог кој го водевме денес.

Нашата средба беше од исклучителна важност за иднината на нашата држава и за натамошно динамизирање на европските интеграции кои се врвен стратешки интерес, приоритет и цел.

Остануваме цврсто посветена како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија.

Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права.

Свесни сме дека пред нас стојат значајни предизвици. Реформите кои ги спроведуваме во областите на правосудството, борбата против корупцијата, економскиот развој и зајакнувањето на институциите се клучни за нашата иднина. Овие промени не се само услов за членство во ЕУ, туку се неопходни за подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Владата високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време.

Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ.

Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката. Веруваме во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани.

Нашата цел е јасна, но патот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани.

На крајот, сакам уште еднаш да изразам благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка.

Со нетрпение очекуваме да продолжиме соработката и да го забрзаме нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија.

The post Мицкоски: Посветени сме на европскиот пат, но очекуваме да не се соочуваме со барања спротивни на вредностите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Остануваме посветени на патот кон полноправно членство во ЕУ, но очекуваме ЕУ да ги уважи легитимните барања на граѓаните дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во спротивност на вредностите на ЕУ, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето денешно излагање на заедничката прес конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен.
„Остануваме цврсто посветени како влада на својот пат кон полноправно членство во ЕУ. Нашата визија е јасна – сакаме да бидеме дел од европското семејство споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на право и почитување на човековите права. Владата ја цени заложбата на Претседателката за проширувањето на ЕУ во најскоро време. Очекуваме, ЕУ, заедно со нас, да помогне во изнаоѓање начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите и вредностите на коишто почива самата ЕУ“, рече Мицкоски.
Во продолжение целото обраќање на Премиерот Мицкоски.
Дозволете ми најпрво да ја изразам мојата искрена благодарност до претседателката за нејзината посета и конструктивниот дијалог кој го водевме денес. Нашата средба беше од исклучителна важност за иднината на нашата држава и за натамошно динамизирање на европските интеграции кои се врвен стратешки интерес, приоритет и цел. Остануваме цврсто посветена како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права. Свесни сме дека пред нас стојат значајни предизвици. Реформите кои ги спроведуваме во областите на правосудството, борбата против корупцијата, економскиот развој и зајакнувањето на институциите се клучни за нашата иднина. Овие промени не се само услов за членство во ЕУ, туку се неопходни за подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Владата високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ. Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката. Веруваме во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани. Нашата цел е јасна, но патот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани. На крајот, сакам уште еднаш да изразам благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка. Со нетрпение очекуваме да продолжиме соработката и да го забрзаме нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија.  

The post Мицкоски: Посветени сме на европскиот пат, но очекуваме да не се соочуваме со барања спротивни на вредностите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-poseta-na-zapaden-balkan-utre-doaga-vo-skopje/ Wed, 23 Oct 2024 06:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=830019

Започнувајќи ја својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска е во Албанија, во четвроток доаѓа во Македонија, потоа Босна и Херцеговина, а завршува Со Црна Гора, Србија и Косово.

Ова е запишано во календарот објавен на веб-страницата на Европската комисија.

Денеска Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа се очекува да одржи говор на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, а утре ќе дојде во Скопје и ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Потоа, ќе отпатува Босна и Херцеговина, каде најпрвин се очекува да ги посети подрачјата погодени од неодамнешните смртоносни поплави од каде ќе замине во Србија на состанок со претседателот Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ.

На последниот ден од турнејата претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го посети Косово, а на крај во Црна Гора каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

The post Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Започнувајќи ја својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска е во Албанија, во четвроток доаѓа во Македонија, потоа Босна и Херцеговина, а завршува Со Црна Гора, Србија и Косово. Ова е запишано во календарот објавен на веб-страницата на Европската комисија. Денеска Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа се очекува да одржи говор на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, а утре ќе дојде во Скопје и ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Потоа, ќе отпатува Босна и Херцеговина, каде најпрвин се очекува да ги посети подрачјата погодени од неодамнешните смртоносни поплави од каде ќе замине во Србија на состанок со претседателот Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ. На последниот ден од турнејата претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го посети Косово, а на крај во Црна Гора каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

The post Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>
На средбата меѓу Мицотакис , Ал Сиси и фон дер Лајен тема беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-sredbata-megu-mitsotakis-al-sisi-i-fon-der-lajen-tema-beshe-ambitsiozniot-proekt-za-energetsko-povrzuvane-na-egipet-i-grtsija/ Thu, 21 Mar 2024 13:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=757095

Проектот за електрично поврзување помеѓу Египет и Грција, со што ќе се снабдува со енергија останатиот дел од Европа, е сериозен зафат кој би ја променил енергетската карта.

Во текот на средбата меѓу Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, темата беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција, со што, Грција би станала енергетски центар во Источниот Медитеран.
Станува збор за проектот GREGY интерконектор на Copelouzos Group, со кој е предвидено, со помош на еден подморски кабел со должина од 950 км, и моќност од 3.000 MW, да се пренесува електричната енергија до Атика, директно од обновливите извори на Египет. Крајната цел на проектот е зелената енергија да се пренесува до други делови на Европа, а дел од оваа енергија ќе користат индрустијата и домаќинствата во Грција.

Говорејќи за стратешката важност на договорот, претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен потенцираше дека енергетските инвестиции се централен елемент во соработката помеѓу ЕУ и Египет, а заедничката изјава се однесува на проектот за поврзување на електричната енергија GREGY.

„Заедно да го развиваме проектот за енергетско поврзување GREGY. Да се поврзе Египет со Грција. Да се доближат двата брега на Медитеранот. Египет, со своите ресурси, особено со обновливите извори на водород, би можел да стане центар за обновлива енергија“ - истакна Урсула фон дер Лајен, потенцирајќи дека Египет е подготвен да привлече странски инвестиции и го има потпишано меморандумот за соработка.

Според извори на Владата, на средбата помеѓу Мицотакис и Сиси, претходно била донесена одлука од двајцата лидери за унапредување и продлабочување на стратешките односи на двете земји со донесување на заедничка декларација за формирање на највисок совет за соработка (НСС) Грција - Египет, чија прва средба ќе се реализира во периодот што следува, во Атина. Изворите додаваат и дека особено се нагласува енергетската соработка и проектот за енергетско поврзување помеѓу Грција и Египет (GREGY), којшто ќе пренесува чиста електрична енергија од Египет во Грција, придонесувајќи во енергетската сигурност на цела Европа.

The post На средбата меѓу Мицотакис , Ал Сиси и фон дер Лајен тема беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција appeared first on Република.

]]>

Проектот за електрично поврзување помеѓу Египет и Грција, со што ќе се снабдува со енергија останатиот дел од Европа, е сериозен зафат кој би ја променил енергетската карта. Во текот на средбата меѓу Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, темата беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција, со што, Грција би станала енергетски центар во Источниот Медитеран. Станува збор за проектот GREGY интерконектор на Copelouzos Group, со кој е предвидено, со помош на еден подморски кабел со должина од 950 км, и моќност од 3.000 MW, да се пренесува електричната енергија до Атика, директно од обновливите извори на Египет. Крајната цел на проектот е зелената енергија да се пренесува до други делови на Европа, а дел од оваа енергија ќе користат индрустијата и домаќинствата во Грција. Говорејќи за стратешката важност на договорот, претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лајен потенцираше дека енергетските инвестиции се централен елемент во соработката помеѓу ЕУ и Египет, а заедничката изјава се однесува на проектот за поврзување на електричната енергија GREGY.   „Заедно да го развиваме проектот за енергетско поврзување GREGY. Да се поврзе Египет со Грција. Да се доближат двата брега на Медитеранот. Египет, со своите ресурси, особено со обновливите извори на водород, би можел да стане центар за обновлива енергија“ - истакна Урсула фон дер Лајен, потенцирајќи дека Египет е подготвен да привлече странски инвестиции и го има потпишано меморандумот за соработка.   Според извори на Владата, на средбата помеѓу Мицотакис и Сиси, претходно била донесена одлука од двајцата лидери за унапредување и продлабочување на стратешките односи на двете земји со донесување на заедничка декларација за формирање на највисок совет за соработка (НСС) Грција - Египет, чија прва средба ќе се реализира во периодот што следува, во Атина. Изворите додаваат и дека особено се нагласува енергетската соработка и проектот за енергетско поврзување помеѓу Грција и Египет (GREGY), којшто ќе пренесува чиста електрична енергија од Египет во Грција, придонесувајќи во енергетската сигурност на цела Европа.  

The post На средбата меѓу Мицотакис , Ал Сиси и фон дер Лајен тема беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен избрана за водечки кандидат на ЕПП за изборите за ЕП https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-izbrana-za-vodechki-kandidat-na-epp-za-izborite-za-ep/ Thu, 07 Mar 2024 15:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=752329

Со 400 од вкупно 489 валидни гласови, Урсула фон дер Лајен денеска е избрана за водечки кандидат на листата на Европската народна партија (ЕПП) за изборите за Европскиот парламент во јуни.

Гласањето се случи на вториот ден од партискиот конгрес во Букурешт. По објвувањето на резултатите во салата за состаноци беше пуштена химната на Европа „Ода на радоста“.

Партијата што ќе постигне најдобри резултати на изборите за Европскиот парламент по правило го назначува идниот претседател на Европската комисија. Испитувањата на јавното мислење ја ставаат Европската народна партија како прва политичка сила во перспективата на европските избори во јуни.

-До изборниот ден остануваат 90 дена. ЕУ е највредното нешто кое треба да го зачуваме за идните генерации, рече фон дер Лајен на завршната прес-конференција.

Таа повторно се осврна на некои надворешно политички теми, меѓу кои и таа за војната во Украина.

-Владимир Путин не треба да ја добие војната во Украина. Ќе застанеме покрај Украина на нејзините чекори кон Европа. Тоа е единствениот начин по кој можеме да ја сочуваме безбедна Европа, рече фон дер Лајен.

Таа ја нагласи неопходноста од повеќе инвестиции во европската безбедност.

The post Фон дер Лајен избрана за водечки кандидат на ЕПП за изборите за ЕП appeared first on Република.

]]>

Со 400 од вкупно 489 валидни гласови, Урсула фон дер Лајен денеска е избрана за водечки кандидат на листата на Европската народна партија (ЕПП) за изборите за Европскиот парламент во јуни. Гласањето се случи на вториот ден од партискиот конгрес во Букурешт. По објвувањето на резултатите во салата за состаноци беше пуштена химната на Европа „Ода на радоста“. Партијата што ќе постигне најдобри резултати на изборите за Европскиот парламент по правило го назначува идниот претседател на Европската комисија. Испитувањата на јавното мислење ја ставаат Европската народна партија како прва политичка сила во перспективата на европските избори во јуни. -До изборниот ден остануваат 90 дена. ЕУ е највредното нешто кое треба да го зачуваме за идните генерации, рече фон дер Лајен на завршната прес-конференција. Таа повторно се осврна на некои надворешно политички теми, меѓу кои и таа за војната во Украина. -Владимир Путин не треба да ја добие војната во Украина. Ќе застанеме покрај Украина на нејзините чекори кон Европа. Тоа е единствениот начин по кој можеме да ја сочуваме безбедна Европа, рече фон дер Лајен. Таа ја нагласи неопходноста од повеќе инвестиции во европската безбедност.

The post Фон дер Лајен избрана за водечки кандидат на ЕПП за изборите за ЕП appeared first on Република.

]]>
По Скопје, Фон дер Лајен во Приштина на средби со претседателката Османи и премиерот Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-skopje-fon-der-lajen-vo-prishtina-na-sredbi-so-pretsedatelkata-osmani-i-premierot-kurti/ Mon, 30 Oct 2023 09:06:35 +0000 https://republika.mk/?p=696189

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера во Скопје ја започна својата четиридневна посета на земјите од Западен Балкан, денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Османи, нејзината средба со претседателката на ЕК ќе започне во 13 часот и 15 минути.

Високата европска претставничка подоцна ќе се сретне со премиерот на Курти, а оваа средба е предвидено да започне во 14 часот и 40 минути.

Таа вчера попладне во Скопје беше пречекана од македонскиот вицепремиер Бојан Маричиќ, по што беше примена од претседателот на Македонија Стево Пендаровски, а се сретна и со собранискиот спикер, Талат Џафери.

Посетата на Македонија Фон дер Лајен ја продолжува претпладнево со средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а македонската делегација, која ќе се сретне со неа ја сочинуваат и Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедницитa, Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Благој Бочварски, министер за транспот и врски, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Азир Алиу, министер за информатичко општество.

По Приштина, Фон дер Лајен ќе ја продолжи балкансаката турнеја во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Како што е најавено од Брисел, за време на посетата на главните градови на Западен Балкан, претседателката на Европската комисија ќе ја претстави Инвестициската рамка за Западен Балкан, која е заедничка иницијатива на Европската Унија, финансиските институции и донаторите, насочена кон социо-економскиот развој и европската перспектива на земјите на Западен Балкан.

Инвестицискиот пакет планиран од Унијата за развој на регионот изнесува шест милијарди евра, од кои 2,1 милијарди евра грантови и четири милијарди евра кредити, со тоа што оваа помош за регионот ќе биде условена од степенот на спроведените реформи во секоја од земји одделно.

The post По Скопје, Фон дер Лајен во Приштина на средби со претседателката Османи и премиерот Курти appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера во Скопје ја започна својата четиридневна посета на земјите од Западен Балкан, денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Османи, нејзината средба со претседателката на ЕК ќе започне во 13 часот и 15 минути. Високата европска претставничка подоцна ќе се сретне со премиерот на Курти, а оваа средба е предвидено да започне во 14 часот и 40 минути. Таа вчера попладне во Скопје беше пречекана од македонскиот вицепремиер Бојан Маричиќ, по што беше примена од претседателот на Македонија Стево Пендаровски, а се сретна и со собранискиот спикер, Талат Џафери. Посетата на Македонија Фон дер Лајен ја продолжува претпладнево со средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а македонската делегација, која ќе се сретне со неа ја сочинуваат и Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедницитa, Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Благој Бочварски, министер за транспот и врски, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и Азир Алиу, министер за информатичко општество. По Приштина, Фон дер Лајен ќе ја продолжи балкансаката турнеја во Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. Како што е најавено од Брисел, за време на посетата на главните градови на Западен Балкан, претседателката на Европската комисија ќе ја претстави Инвестициската рамка за Западен Балкан, која е заедничка иницијатива на Европската Унија, финансиските институции и донаторите, насочена кон социо-економскиот развој и европската перспектива на земјите на Западен Балкан. Инвестицискиот пакет планиран од Унијата за развој на регионот изнесува шест милијарди евра, од кои 2,1 милијарди евра грантови и четири милијарди евра кредити, со тоа што оваа помош за регионот ќе биде условена од степенот на спроведените реформи во секоја од земји одделно.

The post По Скопје, Фон дер Лајен во Приштина на средби со претседателката Османи и премиерот Курти appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Со нетрпение ве очекуваме во ЕУ со вашиот посебен идентитет и македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-so-netrpenie-ve-ochekuvame-vo-eu-so-vashiot-poseben-identitet-i-makedonski-jazik/ Sun, 29 Oct 2023 20:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=696069

Како што Македонија напредува во реформите, така го трасира својот пат кон ЕУ, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на платформата Икс по вечерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски во Скопје.

Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик, наведе Фон дер Лајен, изразувајќи задоволство што нејзината турнеја низ земјите од Западниот Балкан во следните три дена ја започнува токму од Скопје.

Како што претходно соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата станало збор за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот.

The post Фон дер Лајен: Со нетрпение ве очекуваме во ЕУ со вашиот посебен идентитет и македонски јазик appeared first on Република.

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен, разговарале за реформите и фазите во преговорите по завршување на скринингот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-sretna-so-fon-der-lajen-razgovarale-za-reformite-i-fazite-vo-pregovorite-po-zavrshuvane-na-skriningot/ Sun, 29 Oct 2023 19:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=696057

Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Македонија. Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот.

Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите, стои во соопштението.

На средбата беше разговарано за претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од ЕУ на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан.

На средбата беа разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава, се наведува во соопштението на претседателскиот Кабинет.

The post Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен, разговарале за реформите и фазите во преговорите по завршување на скринингот appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Македонија. Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот. Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите, стои во соопштението. На средбата беше разговарано за претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од ЕУ на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан. На средбата беа разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава, се наведува во соопштението на претседателскиот Кабинет.

The post Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен, разговарале за реформите и фазите во преговорите по завршување на скринингот appeared first on Република.

]]>
Вечерва средба со Пендаровски утре со Ковачевски, Фон Дер Лајен ќе посети и фабрика во скопско https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vecherva-sredba-so-pendarovski-utre-so-kovachevski-fon-der-lajen-ke-poseti-i-fabrika-vo-skopsko/ Sun, 29 Oct 2023 18:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=696055

Претседателката на Европската комсија Урсула фон дер Лајен посетата на Македонија вечерва ќе ја почне со работна вечера во вила Водно со претседателот на државата, Стево Пендаровски, а со премиерот Димитар Ковачевски ќе се видат во текот на утрешниот ден.

Во план е и посета на фабрика за преработика на овошје и зеленчук во близина на Скопје, фабрика која е финансирана со европски пари од програмата ИПАРД. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера од Брисел за МИА изјави дека освен за дополнителните средства од Унијата за Македонија на средбите ќе се разговара и за уставните измени. Дали шефицата на ЕК ќе обзнани детали од плановите на ЕУ за Западен Балкан?

По Македонија Фон Дер Лајен треба да замине за Косово, по што ќе ги посети Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

The post Вечерва средба со Пендаровски утре со Ковачевски, Фон Дер Лајен ќе посети и фабрика во скопско appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комсија Урсула фон дер Лајен посетата на Македонија вечерва ќе ја почне со работна вечера во вила Водно со претседателот на државата, Стево Пендаровски, а со премиерот Димитар Ковачевски ќе се видат во текот на утрешниот ден. Во план е и посета на фабрика за преработика на овошје и зеленчук во близина на Скопје, фабрика која е финансирана со европски пари од програмата ИПАРД. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера од Брисел за МИА изјави дека освен за дополнителните средства од Унијата за Македонија на средбите ќе се разговара и за уставните измени. Дали шефицата на ЕК ќе обзнани детали од плановите на ЕУ за Западен Балкан? По Македонија Фон Дер Лајен треба да замине за Косово, по што ќе ги посети Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

The post Вечерва средба со Пендаровски утре со Ковачевски, Фон Дер Лајен ќе посети и фабрика во скопско appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-nema-opravduvane-da-se-pogodi-bolnitsa-polna-so-tsivili-vo-gaza/ Wed, 18 Oct 2023 07:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=692365

„Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили“ во Газа, нагласи денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ.
Таа додаде дека „треба да се утврдат фактите“ за трагедијата.

The post Фон дер Лајен: Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа appeared first on Република.

]]>

„Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили“ во Газа, нагласи денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ. Таа додаде дека „треба да се утврдат фактите“ за трагедијата.

The post Фон дер Лајен: Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Од Гранада упатуваме силна порака до Путин дека не толерираме агресија врз суверена земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-od-granada-upatuvame-silna-poraka-do-putin-deka-ne-tolerirame-agresija-vrz-suverena-zemja/ Thu, 05 Oct 2023 11:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=688177

Поддршката од Европската политичка заедница за Украина претставува силна порака за рускиот претседател Владимир Путин, од Даблин до Кишињев, дека нема да толерираме агресија врз суверена земја, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.

Ние во ЕУ работиме на пакет од 50 милијарди помош за Украина за периодот 2024-2027, што е многу важно затоа што на Украина и е потребна предвидливост и доверливост и буџетска поддршка, истакна Фон дер Лајен.

Таа изрази надеж дека одлуката на САД за запирање на поддршката за Украина е времена и дека наскоро таа ќе продолжи.

Претседателката на Европската комисија додаде дека една од темите на состанокот на ЕПЗ ќе биде и енергијата, во услови кога Европа е уценувана од Русија.

Ние се справивме со оваа криза, цените се намалија драстично и најважно е што создадовме заедничка платформа за набавка на гас. Тоа е голем успех, поради фактот што кон оваа платформа не се приклучија само 27-те земји на ЕУ, туку и членки на Европската политичка заедница, како Норвешка, Украина, Молдавија и Србија, истакна Фон дер Лајен.

Со ова, според неа, се намали европската зависност од руските енергенси и лани прв пат ЕУ произведе повеќе електрична енергија од обновливи извори, отколку од гас.

Фон дер Лајен истакна дека на состанокот ќе се разговара и „за Ерменија и за нејзините хуманитарни потреби“, за што ЕУ веќе одвои 5,2 милиони евра помош, но дека ќе работи и на нејзино удвојување, како и на обезбедување на средства за директна буџетска поддршка.

Таа при тоа потсети дека ЕУ ја осуди азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах и повика на обнова на дијалогот меѓу Азербејџан и Ерменија и постигнување мировно решение.

The post Фон дер Лајен: Од Гранада упатуваме силна порака до Путин дека не толерираме агресија врз суверена земја appeared first on Република.

]]>

Поддршката од Европската политичка заедница за Украина претставува силна порака за рускиот претседател Владимир Путин, од Даблин до Кишињев, дека нема да толерираме агресија врз суверена земја, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.
Ние во ЕУ работиме на пакет од 50 милијарди помош за Украина за периодот 2024-2027, што е многу важно затоа што на Украина и е потребна предвидливост и доверливост и буџетска поддршка, истакна Фон дер Лајен.
Таа изрази надеж дека одлуката на САД за запирање на поддршката за Украина е времена и дека наскоро таа ќе продолжи. Претседателката на Европската комисија додаде дека една од темите на состанокот на ЕПЗ ќе биде и енергијата, во услови кога Европа е уценувана од Русија.
Ние се справивме со оваа криза, цените се намалија драстично и најважно е што создадовме заедничка платформа за набавка на гас. Тоа е голем успех, поради фактот што кон оваа платформа не се приклучија само 27-те земји на ЕУ, туку и членки на Европската политичка заедница, како Норвешка, Украина, Молдавија и Србија, истакна Фон дер Лајен.
Со ова, според неа, се намали европската зависност од руските енергенси и лани прв пат ЕУ произведе повеќе електрична енергија од обновливи извори, отколку од гас. Фон дер Лајен истакна дека на состанокот ќе се разговара и „за Ерменија и за нејзините хуманитарни потреби“, за што ЕУ веќе одвои 5,2 милиони евра помош, но дека ќе работи и на нејзино удвојување, како и на обезбедување на средства за директна буџетска поддршка. Таа при тоа потсети дека ЕУ ја осуди азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах и повика на обнова на дијалогот меѓу Азербејџан и Ерменија и постигнување мировно решение.

The post Фон дер Лајен: Од Гранада упатуваме силна порака до Путин дека не толерираме агресија врз суверена земја appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен ќе ја посети Лампедуза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-ke-ja-poseti-lampeduza/ Sat, 16 Sep 2023 14:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=682423

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, заедно со италијанската премиерка Џорџа Мелони, викендов ќе го посетат јужниот италијански остров Лампедуза, кој неделава беше преплавен од илјадници мигранти, соопшти денеска претставник на ЕУ.

Мелони го повика Брисел на помош по пристигнувањето на чамци со околу 8.500 мигранти за само три дена на малиот италијански медитерански остров, европското копно најблиску до брегот на Тунис.

Мелони ја покани Урсула фон дер Лајен да дојде и да види како се одвиваат работите во Лампедуза, а претседателот на Европската унија Шарл Мишел да го стави мигрантското прашање на агендата на самитот на ЕУ во октомври.

Премирката најави и дека Владата на Италија има намера да преземе „вонредни мерки“.

Од понеделникот до средата навечер на Лампедуза пристигнале 8.500 луѓе со 199 мали чамци од Африка, што е повеќе од бројот на жителите на тој остров, покажуваат податоците на агенцијата за миграција на ОН.

Вчера илјадници од тие мигранти беа префрлени на блиската Сицилија.

Вицепремиерот Матео Салвини го нарече доаѓањето на толку многу мигранти „акт на војна“.

The post Фон дер Лајен ќе ја посети Лампедуза appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, заедно со италијанската премиерка Џорџа Мелони, викендов ќе го посетат јужниот италијански остров Лампедуза, кој неделава беше преплавен од илјадници мигранти, соопшти денеска претставник на ЕУ. Мелони го повика Брисел на помош по пристигнувањето на чамци со околу 8.500 мигранти за само три дена на малиот италијански медитерански остров, европското копно најблиску до брегот на Тунис. Мелони ја покани Урсула фон дер Лајен да дојде и да види како се одвиваат работите во Лампедуза, а претседателот на Европската унија Шарл Мишел да го стави мигрантското прашање на агендата на самитот на ЕУ во октомври. Премирката најави и дека Владата на Италија има намера да преземе „вонредни мерки“. Од понеделникот до средата навечер на Лампедуза пристигнале 8.500 луѓе со 199 мали чамци од Африка, што е повеќе од бројот на жителите на тој остров, покажуваат податоците на агенцијата за миграција на ОН. Вчера илјадници од тие мигранти беа префрлени на блиската Сицилија. Вицепремиерот Матео Салвини го нарече доаѓањето на толку многу мигранти „акт на војна“.

The post Фон дер Лајен ќе ја посети Лампедуза appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Аспирантите за членство во ЕУ многу побрзо да ги доближиме до Унијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-aspirantite-za-chlenstvo-vo-eu-mnogu-pobrzo-da-gi-doblizhime-do-unijata/ Mon, 21 Aug 2023 20:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=674354

Нашите пријатели, аспиранти за членки во ЕУ, треба да ги доближиме до нас многу поблиску и многу побрзо, објави на платформата „Икс“ (поранешно Твитер) претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во пресрет на неформалната вечера што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите од земјите од Западен Балкан и членки на Унијата од регионот на која ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.

Мило ми е што сум во Атина за да разговараме за европската перспектива на нашите соседи и партнери од Истокот и од Западен Балкан. Ќе продолжиме да ги уриваме бариерите меѓу нашите региони, наведува Фон дер лајен во објавата.

На неформалната вечера што ќе одржува по повод 20-годишнината од Самитот ЕУ-Западен Балкан и „Декларацијата од Солун“, ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, како и премиерите на БиХ – Борјана Кришто, на Косово – Албин Курти, на Бугарија – Николај Денков, на Романија – Марчел Чолаку и на Хрватска – Андреј Пленковиќ.

The post Фон дер Лајен: Аспирантите за членство во ЕУ многу побрзо да ги доближиме до Унијата appeared first on Република.

Ковачевски утре во Атина ќе се сретне со Фон дер Лајен, ќе ја информира за текот на уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-utre-vo-atina-ke-se-sretne-so-fon-der-lajen-ke-ja-informira-za-tekot-na-ustavnite-izmeni/ Sun, 20 Aug 2023 18:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=673968

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва најави дека утре во Атина на неформалната средба што ја организира грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за лидерите од Западен Балкан, ќе има формален состанок со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

- Претседателката на ЕК од прва рака ќе може да се информира од мене за текот на уставните измени, иако таа веќе ги има сите информации, и пред одржувањето на седницата во однос на поднесувањето, дека процесот започна, дека започна со 73 гласа за изгласување на дневниот ред во однос на уставните амандмани, и оти стана многу јасно дека СДСМ и Коалицијата, европската коалицја, се за продолжување на европската интеграција на Македонија, меѓутоа дека опозицијата повторно, како што било и во минатото, е за блокада на патот на Македонија во европските интеграци, исто како ш-то беше и против залченувањето на Македонија и во НАТО, рече Ковачевски во гостувањето во Тема на денот на ТВ Сител.

Тој оцени дека Собранието има капацитет да донесе уште една голема стратешка одлука за граѓаните на државата, пред се за иднината на граѓаните, со која, како што рече, ќе го започнеме отворањето на кластерите, по успешното завршување на скрининг процесот и до 2030 година државата да стане членка на ЕУ.

На прашањето како планираат да ја пробијат блокадата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени во следните неколку седмици, премиетот повтори дека ова прашање како никогаш досега е од стратешки интерес како за Македонија, така и за ЕУ, во светло на геополитичките случувања во Европа со војната во Украина.

-Тоа е едно од прашањата кои се високо на агендата и за САД. И не случајно тука беше еден од нивните најпроминентни сенатори, Марфи. Потоа имав средба со државниот секретар Блинкен, и не случајно и претседателката на ЕК и на ЕС и голем број претседатели и премиери имаа говор во нашето Собрание. Што значи дека се работи за заеднички стратешки интерес, како ретко кога досега. И првпат досега се случува ветото за нашата држава да не доаѓа од надвор, туку да доаѓа од внатре, и тоа од истите луѓе од кои секогаш имало блокади, рече Ковачевски.

Додаде дека ова е почеток на процесот, каде што можеа да се видат ставовите на политичките партии.

-Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ реши да не определи свој пратеник од политичката партија да ги изнесе нивните ставови, туку ставовите на нивната пратеничка група и коалицијата ги изнесе независен пратеник, што исто така, остава простор да се разговара нормално на сите нивоа со ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се убедат дека сега е моментот да се донесе оваа важна одлука, бидејќи сега е годината кога прво - можеме да ја одржиме втората меѓувладина конференција и второ - е пред изборите во ЕУ идната година, рече Ковачевски.

The post Ковачевски утре во Атина ќе се сретне со Фон дер Лајен, ќе ја информира за текот на уставните измени appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва најави дека утре во Атина на неформалната средба што ја организира грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за лидерите од Западен Балкан, ќе има формален состанок со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.
- Претседателката на ЕК од прва рака ќе може да се информира од мене за текот на уставните измени, иако таа веќе ги има сите информации, и пред одржувањето на седницата во однос на поднесувањето, дека процесот започна, дека започна со 73 гласа за изгласување на дневниот ред во однос на уставните амандмани, и оти стана многу јасно дека СДСМ и Коалицијата, европската коалицја, се за продолжување на европската интеграција на Македонија, меѓутоа дека опозицијата повторно, како што било и во минатото, е за блокада на патот на Македонија во европските интеграци, исто како ш-то беше и против залченувањето на Македонија и во НАТО, рече Ковачевски во гостувањето во Тема на денот на ТВ Сител.
Тој оцени дека Собранието има капацитет да донесе уште една голема стратешка одлука за граѓаните на државата, пред се за иднината на граѓаните, со која, како што рече, ќе го започнеме отворањето на кластерите, по успешното завршување на скрининг процесот и до 2030 година државата да стане членка на ЕУ. На прашањето како планираат да ја пробијат блокадата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени во следните неколку седмици, премиетот повтори дека ова прашање како никогаш досега е од стратешки интерес како за Македонија, така и за ЕУ, во светло на геополитичките случувања во Европа со војната во Украина.
-Тоа е едно од прашањата кои се високо на агендата и за САД. И не случајно тука беше еден од нивните најпроминентни сенатори, Марфи. Потоа имав средба со државниот секретар Блинкен, и не случајно и претседателката на ЕК и на ЕС и голем број претседатели и премиери имаа говор во нашето Собрание. Што значи дека се работи за заеднички стратешки интерес, како ретко кога досега. И првпат досега се случува ветото за нашата држава да не доаѓа од надвор, туку да доаѓа од внатре, и тоа од истите луѓе од кои секогаш имало блокади, рече Ковачевски.
Додаде дека ова е почеток на процесот, каде што можеа да се видат ставовите на политичките партии.
-Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ реши да не определи свој пратеник од политичката партија да ги изнесе нивните ставови, туку ставовите на нивната пратеничка група и коалицијата ги изнесе независен пратеник, што исто така, остава простор да се разговара нормално на сите нивоа со ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се убедат дека сега е моментот да се донесе оваа важна одлука, бидејќи сега е годината кога прво - можеме да ја одржиме втората меѓувладина конференција и второ - е пред изборите во ЕУ идната година, рече Ковачевски.

The post Ковачевски утре во Атина ќе се сретне со Фон дер Лајен, ќе ја информира за текот на уставните измени appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Грција секогаш може да смета на европската солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-grtsija-sekogash-mozhe-da-smeta-na-evropskata-solidarnost/ Sun, 23 Jul 2023 20:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=664552

Му се јавив на Кирјакос Мицотакис за да ја изразам нашата целосна поддршка за Грција, која е соочена со разорни шумски пожари и силен топлотен бран поради климатските промени, напиша на Твитер претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен за телефонскиот разговор со грчкиот премиер, истакнувајќи дека Грција секогаш може да смета на европската солидарност, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција се справува со оваа тешка ситуација со професионализам, ставајќи акцент на безбедното евакуирање на илјадници туристи и секогаш може да смета на европската солидарност. Пожарникарите од ЕУ се веќе на терен, напиша фон дер Лајен на Твитер.

The post Фон дер Лајен: Грција секогаш може да смета на европската солидарност appeared first on Република.

Фон дер Лајен: Постои јасен план за деескалација на ситуацијата на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-postoi-jasen-plan-za-deeskalatsija-na-situatsijata-na-kosovo/ Wed, 12 Jul 2023 08:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=660313

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, за Танјуг изјави дека постои многу јасен и посветен план за деескалација на ситуацијата на Косово – патоказ на кој двете страни работеа претходно оваа година, пренесе „Политика“.

Ги повикувам двете страни на деескалација и да се придржуваат до патоказот. Тоа е апсолутно клучно за да се оди напред на мирен начин, рече претседателот на ЕК коментирајќи ја ситуацијата на северот на Косово и одговарајќи на прашањето дали ЕУ ќе се ангажира посилно и ќе влијае на косовскиот премиер Албин Курти, да го прифати планот на ЕУ за деескалација на ситуацијата и повлекување на специјалните единици.

Во пресрет на вториот ден од самитот на НАТО во Вилнус, фон дер Лајен посочи дека е јасно оти и Белград и Приштина мора да го почитуваат она што е договорено во Охрид.

The post Фон дер Лајен: Постои јасен план за деескалација на ситуацијата на Косово appeared first on Република.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен претстави нова иницијатива за Западен Балкан на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-ek-fon-der-lajen-pretstavi-nova-initsijativa-za-zapaden-balkan-na-forumot-na-globsek-2023-vo-bratislava/ Wed, 31 May 2023 16:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=646544

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во своето обраќање на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава, претстави нова иницијатива за Западен Балкан, порачувајќи дека „не е доволно да се каже дека вратата е отворена“ и дека „ЕУ, исто така, мора да преземе одговорност за приближување на земјите-кандидатки многу поблиску“.

- Сакаме да го надградиме напредокот постигнат во последните месеци. Но, ние исто така сакаме да донесеме некои од придобивките од членството во ЕУ за луѓето од Западен Балкан веќе денес, порача Фон дер Лајен во своето обраќање на Форумот на Глобсек 2023.

Ова, според Фон дер Лајен, до одреден степен е нов пристап за Европската Унија.

- Ние не бараме само од нашите партнери да преземат нови чекори кон нас. И ние правиме голем чекор кон нив. Нашата заедничка цел е да го забрзаме нивното патување кон ЕУ. И за ова, ја приближуваме нашата Унија до Западен Балкан, порача фон дер Лајен.

Планот за раст што го предлагаме денес, посочи Фон дер Лајен, е изграден на четири столба: прво, да се доближи Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ; второ, да се продлабочи регионалната економска интеграција; трето, да се забрзаат фундаменталните реформи и четврто, да се зголемат претпристапните средства.

- Сакаме однапред да му понудиме на Западен Балкан некои од предностите на членството. Но, тоа значи дека одредени барања за членство исто така треба однапред да се исполнат. Некои од реформите кои се дел од процесот на пристапување се клучни за довербата на инвеститорите. Размислете за градење независно и ефикасно судство, обезбедување здрави јавни набавки и засилување на борбата против корупцијата. Или размислете за енергетскиот пазар. Регионот на Западен Балкан има огромен потенцијал да се диверзифицира од руските фосилни горива. Но, треба да ја зголеми енергетската ефикасност, да ја засили диверзификацијата и да го забрза распоредувањето на повеќе обновливи извори, порача Фон дер Лајен.

Западен Балкан, нагласи претседателката на ЕК, може да ги постигне и двете: енергетска независност од Русија и поблиско усогласување со Европската унија за да го забрза пристапот.

- Мојата последна поента е јасна. Ние сме подготвени да го поддржиме Западен Балкан со зголемено претпристапно финансирање. Постои огромна потреба од инвестиции во Западен Балкан. Овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето. И тие исто така ќе го измазнуваат патот кон нашата Унија. Поради оваа причина, треба да ги зголемиме ресурсите посветени на Западен Балкан. Во овие турбулентни времиња, овој план од четири точки е вистинската понуда за Западен Балкан, изјави Фон дер Лајен.

На Форумот на Глобсек 2023 во Братислава учествува и премиерот Димитар Ковачевски, кој имаше билатерлана средба со Фон дер Лајен, а преходно се обрати на панел на тема:„Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“.

The post Претседателката на ЕК Фон дер Лајен претстави нова иницијатива за Западен Балкан на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во своето обраќање на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава, претстави нова иницијатива за Западен Балкан, порачувајќи дека „не е доволно да се каже дека вратата е отворена“ и дека „ЕУ, исто така, мора да преземе одговорност за приближување на земјите-кандидатки многу поблиску“. - Сакаме да го надградиме напредокот постигнат во последните месеци. Но, ние исто така сакаме да донесеме некои од придобивките од членството во ЕУ за луѓето од Западен Балкан веќе денес, порача Фон дер Лајен во своето обраќање на Форумот на Глобсек 2023. Ова, според Фон дер Лајен, до одреден степен е нов пристап за Европската Унија. - Ние не бараме само од нашите партнери да преземат нови чекори кон нас. И ние правиме голем чекор кон нив. Нашата заедничка цел е да го забрзаме нивното патување кон ЕУ. И за ова, ја приближуваме нашата Унија до Западен Балкан, порача фон дер Лајен. Планот за раст што го предлагаме денес, посочи Фон дер Лајен, е изграден на четири столба: прво, да се доближи Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ; второ, да се продлабочи регионалната економска интеграција; трето, да се забрзаат фундаменталните реформи и четврто, да се зголемат претпристапните средства. - Сакаме однапред да му понудиме на Западен Балкан некои од предностите на членството. Но, тоа значи дека одредени барања за членство исто така треба однапред да се исполнат. Некои од реформите кои се дел од процесот на пристапување се клучни за довербата на инвеститорите. Размислете за градење независно и ефикасно судство, обезбедување здрави јавни набавки и засилување на борбата против корупцијата. Или размислете за енергетскиот пазар. Регионот на Западен Балкан има огромен потенцијал да се диверзифицира од руските фосилни горива. Но, треба да ја зголеми енергетската ефикасност, да ја засили диверзификацијата и да го забрза распоредувањето на повеќе обновливи извори, порача Фон дер Лајен. Западен Балкан, нагласи претседателката на ЕК, може да ги постигне и двете: енергетска независност од Русија и поблиско усогласување со Европската унија за да го забрза пристапот. - Мојата последна поента е јасна. Ние сме подготвени да го поддржиме Западен Балкан со зголемено претпристапно финансирање. Постои огромна потреба од инвестиции во Западен Балкан. Овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето. И тие исто така ќе го измазнуваат патот кон нашата Унија. Поради оваа причина, треба да ги зголемиме ресурсите посветени на Западен Балкан. Во овие турбулентни времиња, овој план од четири точки е вистинската понуда за Западен Балкан, изјави Фон дер Лајен. На Форумот на Глобсек 2023 во Братислава учествува и премиерот Димитар Ковачевски, кој имаше билатерлана средба со Фон дер Лајен, а преходно се обрати на панел на тема:„Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“.

The post Претседателката на ЕК Фон дер Лајен претстави нова иницијатива за Западен Балкан на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Фон дер Лаjен: Силна натамошна поддршка од Европската Комисија за членството на Македонија во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-fon-der-lajen-silna-natamoshna-poddrshka-od-evropskata-komisija-za-chlenstvoto-na-severna-makedonija-vo-eu/ Wed, 31 May 2023 15:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=646522

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде учествуваат на Глобалниот безбедносен Форум на ГЛОБСЕК 2023.

На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Премиерот Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата за исполнување на реформите во клучните поглавја од пристапниот процес во ЕУ. Притоа, Ковачевски се заблагодари за поддршката од Европската Комисија и партнерскиот однос во секоја фаза од процесот.

Ковачевски доби уверување од Фон дер Лајен, дека ЕУ останува да биде пријател и партнер на Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени, во корист на земјата и регионот.

Во таа насока, беше изразено очекување дека сиѕе политички чинители во земјата ќе ја препознаат важноста на моментот за иднината на земјата и ќе делуваат во корист на европската интеграција на Македонија.

Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста и ангажманот на Европската Унија за интеграција на земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека со тоа позитивно се влијае врз политички процеси и реформската агенда, стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на нашите општества.

The post Ковачевски-Фон дер Лаjен: Силна натамошна поддршка од Европската Комисија за членството на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде учествуваат на Глобалниот безбедносен Форум на ГЛОБСЕК 2023. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Премиерот Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата за исполнување на реформите во клучните поглавја од пристапниот процес во ЕУ. Притоа, Ковачевски се заблагодари за поддршката од Европската Комисија и партнерскиот однос во секоја фаза од процесот. Ковачевски доби уверување од Фон дер Лајен, дека ЕУ останува да биде пријател и партнер на Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени, во корист на земјата и регионот.   Во таа насока, беше изразено очекување дека сиѕе политички чинители во земјата ќе ја препознаат важноста на моментот за иднината на земјата и ќе делуваат во корист на европската интеграција на Македонија. Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста и ангажманот на Европската Унија за интеграција на земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека со тоа позитивно се влијае врз политички процеси и реформската агенда, стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на нашите општества.  

The post Ковачевски-Фон дер Лаjен: Силна натамошна поддршка од Европската Комисија за членството на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен: Влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната е симбол на нови почетоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-vlezot-na-hrvatska-vo-shengen-i-evrozonata-e-simbol-na-novi-pochetotsi/ Sun, 01 Jan 2023 12:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=592511

Нема место што посилно симболизира нови почетоци од хрватско-словенечката граница на Нова година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на денот кога Хрватска стана дел од еврозоната и Шенген зоната.

– Ова е ден за славење, ова е сезона на нови почетоци, рече фон дер Лајен на граничниот премин меѓу Хрватска и Словенија кој сега веќе е укинат, Брегана, каде пристигна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и новата словенечка претседателка Наташа Пирц Мусар.

– Нема место во Европа каде тоа е вистина повеќе отколку тука, на хрватско-словенечката граница, нагласи таа, нарекувајќи го влезот на Хрватска во областа на слободното движење и еврозоната огромно достигнување за најмладата членка на Европска унија.

Целите ги постигнавме заслужено и со уверување дека тоа ќе биде корисно за хрватските граѓани и економијата“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој им се заблагодари на Урсула фон дер Лајен и на словенечката претседателка, велејќи дека само нивното доаѓање покажува колку овој настан е значаен.

Пленковиќ им се заблагодари на министрите и поранешните министри, но и на ветераните, велејќи дека ништо од ова немаше да се случи без нивниот придонес.

Тој се заблагодари и на хрватската полиција, а на крајот се заблагодари и на Комисијата на ЕУ и на словенечките функционери.

Се обрати и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

– Ова е прва посета како претседателка на Словенија, ова е подарок за Европа, поклон кон нашиот сосед. Би сакала да им честитам на сите граѓани на Република Хрватска што влегоа во Шенген и почнаа да го користат еврото, рече таа.

– Вашите граѓани можат да се гордеат со патот по кој тргна вашата земја, му рече таа на Пленковиќ.

По помалку од десет години членство во Европската унија, Хрватска од денеска стана членка на Шенген зоната, со што се приклучи на клубот на 26 други земји и 420 милиони луѓе во најголемата светска област на слободно движење меѓу земјите.

Со новата година Хрватска стана и членка на еврозоната, како единствена земја која стана дел од две интеграции во ист ден.

The post Фон дер Лајен: Влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната е симбол на нови почетоци appeared first on Република.

]]>

Нема место што посилно симболизира нови почетоци од хрватско-словенечката граница на Нова година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на денот кога Хрватска стана дел од еврозоната и Шенген зоната. – Ова е ден за славење, ова е сезона на нови почетоци, рече фон дер Лајен на граничниот премин меѓу Хрватска и Словенија кој сега веќе е укинат, Брегана, каде пристигна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и новата словенечка претседателка Наташа Пирц Мусар. – Нема место во Европа каде тоа е вистина повеќе отколку тука, на хрватско-словенечката граница, нагласи таа, нарекувајќи го влезот на Хрватска во областа на слободното движење и еврозоната огромно достигнување за најмладата членка на Европска унија. Целите ги постигнавме заслужено и со уверување дека тоа ќе биде корисно за хрватските граѓани и економијата“, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој им се заблагодари на Урсула фон дер Лајен и на словенечката претседателка, велејќи дека само нивното доаѓање покажува колку овој настан е значаен. Пленковиќ им се заблагодари на министрите и поранешните министри, но и на ветераните, велејќи дека ништо од ова немаше да се случи без нивниот придонес. Тој се заблагодари и на хрватската полиција, а на крајот се заблагодари и на Комисијата на ЕУ и на словенечките функционери. Се обрати и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. – Ова е прва посета како претседателка на Словенија, ова е подарок за Европа, поклон кон нашиот сосед. Би сакала да им честитам на сите граѓани на Република Хрватска што влегоа во Шенген и почнаа да го користат еврото, рече таа. – Вашите граѓани можат да се гордеат со патот по кој тргна вашата земја, му рече таа на Пленковиќ. По помалку од десет години членство во Европската унија, Хрватска од денеска стана членка на Шенген зоната, со што се приклучи на клубот на 26 други земји и 420 милиони луѓе во најголемата светска област на слободно движење меѓу земјите. Со новата година Хрватска стана и членка на еврозоната, како единствена земја која стана дел од две интеграции во ист ден.  

The post Фон дер Лајен: Влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната е симбол на нови почетоци appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен тврди 100.000, советникот на Зеленски само 10.000 загинати украински војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-tvrdi-100-000-sovetnikot-na-zelenski-samo-10-000-zaginati-ukrainski-vojnici/ Fri, 02 Dec 2022 08:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=580716

Вооружените сили на Украина досега изгубија меѓу 10.000 и 13.000 војници во војната против Русија, изјави денеска за украинската телевизија Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Бројките се прва проценка на бројот на загинати од крајот на август, кога главниот командант на вооружените сили на Украина соопшти дека загинале речиси 9.000 украински војници.

– Имаме официјални податоци од генералштабот, официјални бројки од високата команда и според нив имаме меѓу 10.000 и 12.500 до 13.000 убиени, изјави Подољак за Канал 24.

Отворено зборуваме за бројот на жртви, додаде тој, истакнувајќи дека ранетите војници се повеќе од загинатите. Во вчерашното видео интервју, советникот на Зеленски, Олексиј Арестович, рече дека загинатите од руска страна се околу седумпати повеќе од оние на украинската страна.

https://republika.mk/vesti/svet/eu-go-iseche-govorot-na-fon-der-lajen-kade-shto-taa-govori-za-100-000-zaginati-ukrainski-vojnici/

Минатиот месец, највисокиот американски генерал рече дека руските вооружени сили предизвикале повеќе од 100.000 жртви (вкупно убиени и ранети) во Украина и сугерираше дека сличен е и бројот на загубите нанесени од вооружените сили на Киев.

The post Фон дер Лајен тврди 100.000, советникот на Зеленски само 10.000 загинати украински војници appeared first on Република.

]]>

Вооружените сили на Украина досега изгубија меѓу 10.000 и 13.000 војници во војната против Русија, изјави денеска за украинската телевизија Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Бројките се прва проценка на бројот на загинати од крајот на август, кога главниот командант на вооружените сили на Украина соопшти дека загинале речиси 9.000 украински војници. – Имаме официјални податоци од генералштабот, официјални бројки од високата команда и според нив имаме меѓу 10.000 и 12.500 до 13.000 убиени, изјави Подољак за Канал 24.
Отворено зборуваме за бројот на жртви, додаде тој, истакнувајќи дека ранетите војници се повеќе од загинатите. Во вчерашното видео интервју, советникот на Зеленски, Олексиј Арестович, рече дека загинатите од руска страна се околу седумпати повеќе од оние на украинската страна. https://republika.mk/vesti/svet/eu-go-iseche-govorot-na-fon-der-lajen-kade-shto-taa-govori-za-100-000-zaginati-ukrainski-vojnici/ Минатиот месец, највисокиот американски генерал рече дека руските вооружени сили предизвикале повеќе од 100.000 жртви (вкупно убиени и ранети) во Украина и сугерираше дека сличен е и бројот на загубите нанесени од вооружените сили на Киев.

The post Фон дер Лајен тврди 100.000, советникот на Зеленски само 10.000 загинати украински војници appeared first on Република.

]]>
Османи во одбрана на претседателката на ЕК: Да не ѝ замеруваме на Урсула Фон дер Лајен, „Северномакедонци“ е лапсус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-odbrana-na-pretsedatelkata-na-ek-da-ne-zameruvame-na-ursula-fon-der-lajen-severnomakedonci-e-lapsus/ Fri, 28 Oct 2022 13:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=566873

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека не треба да ѝ замеруваме на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула Фон дер Лајен за употребата на кованицата „Северномакедонци“.

Треба да бидеме коректни. Во целата нејзина прес-конференција, беше коректна во однос на јазикот, по однос на другите идентитетски атрибути и во еден момент кажа нешто што не е во рамки на тие идентитески атрибути. Да имате фокус на претседател на Влада на најголемата економија во светот и да ни доаѓа секој месец во една мала држава како нашата, што го посакуваат големите европски држави да ја имаат Фон дер Лајен во нивно присуство, да има такви прес-конференции во однос на тоа што нас ни е важно и од еден лапсус да правите аномозитет кон тој интерес, што го покажува, не знам дали ќе го имаме постојано. Еве гледајте хронолошки колку пати ни дошол претседател на ЕК во државата. Тоа се важни прашања, рече Османи како одговор на новинарско прашање.

Фон дер Лајен вчера при посетата во Скопје пред два дена, во неколку наврати ја употребуваше кованицата „Северномакедонци“ во своето обраќање во Владата.

The post Османи во одбрана на претседателката на ЕК: Да не ѝ замеруваме на Урсула Фон дер Лајен, „Северномакедонци“ е лапсус appeared first on Република.