Фолтин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/foltin/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 08:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фолтин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/foltin/ 32 32 „Фолтин“ со концерт насловен „Симултан бакнеж“ вечерва во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/foltin-so-kontsert-nasloven-simultan-baknezh-vecherva-vo-bitola/ Fri, 16 Aug 2024 08:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=806699

Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во родната Битола, на Ракометното игралиште на 16-ти август 2024 година со почеток од 20:00 часот. Концертот е наречен „Симултан бакнеж“.

Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: TSAR VON TIME, SIOTO JAZZ и CORROSION, а специјални гости се скопските другари “СУПЕРХИКС”.

The post „Фолтин“ со концерт насловен „Симултан бакнеж“ вечерва во Битола appeared first on Република.

]]>

Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во родната Битола, на Ракометното игралиште на 16-ти август 2024 година со почеток од 20:00 часот. Концертот е наречен „Симултан бакнеж“. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: TSAR VON TIME, SIOTO JAZZ и CORROSION, а специјални гости се скопските другари “СУПЕРХИКС”.

The post „Фолтин“ со концерт насловен „Симултан бакнеж“ вечерва во Битола appeared first on Република.

]]>
„Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/scena/foltin-najavuva-kontsertna-turneja-vo-avgust-vo-struga-bitola-i-kavadartsi/ Mon, 05 Aug 2024 10:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=803491

Групата „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци.

Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм.
(Дом на култура, Летна сцена. Влезници во Kingston bar).

Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште. Поддржано од Општина Битола и Стопанска банка а.д. Скопје. Влезници во Aries Travel, Tobacco Brothers).

Во Кавадарци на 25 август ќе се одржи концерт. (Вински музеј – Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе. Поддржано од Министерството за култура).

The post „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Групата „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци. Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм. (Дом на култура, Летна сцена. Влезници во Kingston bar). Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови: “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште. Поддржано од Општина Битола и Стопанска банка а.д. Скопје. Влезници во Aries Travel, Tobacco Brothers). Во Кавадарци на 25 август ќе се одржи концерт. (Вински музеј – Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов – Климе. Поддржано од Министерството за култура).

The post „Фолтин“ најавува концертна турнеја во август, во Струга, Битола и Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Фолтин“ во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-foltin-vo-tirana/ Sat, 20 May 2023 14:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=643014

Музичкиот состав „Фолтин“ на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија во Тирана, настапи на „Cloud“ фестивалот во албанската престолнина.

Како што соопштија од КИЦ, „Cloud“ фестивалот, вообичаено се одржува секој мај во центарот на градот. Трае еден месец и на него настапуваат повеке од 600 артисти од повеќе земји.

Прекрасен концерт на Фолтин, кој беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на „Берлинскиот процес“, наведува во соопштението директорот на КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.

Лани, на фестивалот во Тирана настапи нашиот бенд, „Љубојна“.

The post Концерт на „Фолтин“ во Тирана appeared first on Република.

]]>

Музичкиот состав „Фолтин“ на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија во Тирана, настапи на „Cloud“ фестивалот во албанската престолнина. Како што соопштија од КИЦ, „Cloud“ фестивалот, вообичаено се одржува секој мај во центарот на градот. Трае еден месец и на него настапуваат повеке од 600 артисти од повеќе земји.
Прекрасен концерт на Фолтин, кој беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на „Берлинскиот процес“, наведува во соопштението директорот на КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.
Лани, на фестивалот во Тирана настапи нашиот бенд, „Љубојна“.

The post Концерт на „Фолтин“ во Тирана appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Фолтин“ на фестивал во Тирана https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-foltin-na-festival-vo-tirana/ Fri, 19 May 2023 19:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=642801

Музичкиот состав „Фолтин“ на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија во Тирана, настапи на „Клауд“ (Cloud) фестивалот во албанската престолнина.

Како што соопштија од КИЦ, „Клауд“ фестивалот, вообичаено се одржува секој мај во центарот на градот. Трае еден месец и на него настапуваат повеке од 600 артисти од повеќе земји.

Нивниот настап почна хипнотично и мирно, спокојно. Како да се составија во едно, лилјаковото небо над Тирана, музиката на Фолтин и публиката. Песните се редеа една за друга од сите нивни албуми. Фолтин звучеа префинето и светски. На крајот, публиката стана и започна да игра. Токму кога се очекуваше крај на концертот, тој како да започна уште еднаш. Следеа половина час каде што публиката играше и покажуваше големи емоции кон нашите музичари и нивната музика. Прекрасен концерт на Фолтин, кој беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на „Берлинскиот процес“, наведува во соопштението директорот на КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.

Лани, на фестивалот во Тирана настапи нашиот бенд, „Љубојна“.

The post Концерт на „Фолтин“ на фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>

Музичкиот состав „Фолтин“ на покана од Културно - информативниот центар на Република Македонија во Тирана, настапи на „Клауд“ (Cloud) фестивалот во албанската престолнина. Како што соопштија од КИЦ, „Клауд“ фестивалот, вообичаено се одржува секој мај во центарот на градот. Трае еден месец и на него настапуваат повеке од 600 артисти од повеќе земји.
Нивниот настап почна хипнотично и мирно, спокојно. Како да се составија во едно, лилјаковото небо над Тирана, музиката на Фолтин и публиката. Песните се редеа една за друга од сите нивни албуми. Фолтин звучеа префинето и светски. На крајот, публиката стана и започна да игра. Токму кога се очекуваше крај на концертот, тој како да започна уште еднаш. Следеа половина час каде што публиката играше и покажуваше големи емоции кон нашите музичари и нивната музика. Прекрасен концерт на Фолтин, кој беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на „Берлинскиот процес“, наведува во соопштението директорот на КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.
Лани, на фестивалот во Тирана настапи нашиот бенд, „Љубојна“.

The post Концерт на „Фолтин“ на фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>
12. Филозофски филмски фестивал почна со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/12-filozofski-filmski-festival-pochna-so-muzichki-performans-na-branko-foltin-i-proekcija-na-dodeka-trae-vojnata/ Thu, 02 Jun 2022 10:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=510099

Главната програма на 12. Филозофски филмски фестивал започна вчеравечер во Летното кино „Мирно лето“ со музичкиот перформанс на Бранко Фолтин кој покрај познатите „Пијан Славеј“, „Слободната љубов“ и „Парфем“ изведе две нови песни кои публиката имаше прилика за првпат да ги чуе вечерта, во соло, интимно, акустично издание на Бранко, а при крајот на перформансот на сцената се придружија и поетесите Ана Голејшка Џикова и Биљана Стојановска со кои заедно ја изведоа „За нас почнува живот“ на Даниела Панчетовиќ - Драган Ѓаконовски - Шпато како совршена увертира за почетокот на Фестивалот.


Во официјалниот дел пригодно се обрати директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска Митова, а свое обраќање имаше и Амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија.

 

Вечерта ја отвори младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски со песната „Ги заборави ли промените во очите“ посветена токму на песната „Парфем“ од Бранко Фолтин.

По официјалното отворање, публиката можеше да ја проследи кусата увертира на професорката од Шпанија, експерт за Унамуно, Алисија Вилар Ескудеро, а потоа и да го погледне филмот „Додека трае војната“ на Алехандро Аменабар за шпанскиот филозоф и писател Мигуел де Унамуно. Вечерта беше заокружена со неформални дискусии за време на коктелот во дворот на Кинотека, a целиот настан беше организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

Вториот ден од фестивалската агенда во рамките на Главната програма на Филозофскиот филмски фестивал започнува во 12 часот со естетичко-филмолошката презентација на м-р Васил Михајлов на тема „Филмска објектологија (Моќта на невидливото)“, а ќе се одржи на Универзитетот „Еуропа Прима“.
Програмата продолжува попладнето, во 18.30, со проекција на филмот „Заклетвата на Хасан“ (Commitment Hasan, 2021, 147’) како прва проекција од Официјалната селекција на долгометражни филмови.


Кога Хасан ќе ја прими веста дека на неговиот имот наследен од татко му треба да се постави електричен столб, станува загрижен за својата животна иднина… „Заклетвата на Хасан“ е морална приказна која го осуетува лицемерието на семејствата на селските земјоделци и која покажува како гордоста може да надвладее над лицето на понижувањето. Претстоечкиот аџилак на Хасан, всушност е пригода за согледување на грешките од минатото и можност за патување до покајанието, пред сè, преку барањето прошка од сите оние на коишто им згрешил, а особено земањето благослов од човекот пред кого тој чувствува најголема вина – неговиот брат.
Филмот на Капланоглу беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал 2021, потоа на фестивалите во Чикаго и Карлови Вари, а добива и Награда за најдобар странски филм во Сао Паоло од филмските критичари.
Вечерта продолжува со Ревијалната програма: Филм-философија и со проекција на корејскиот филм на Хонг Ви-џонг, „Безгласен“, кој ќе биде проследен со излагање на писателката и филмолог м-р Снежана Младеновска Анѓелков која ќе даде свој осврт кон филмот и ќе поттикне дискусија со публиката.

Целата програма и повеќе информации се достапни на philosophicalfilmfestival.mk и на фестивалските социјални мрежи.

The post 12. Филозофски филмски фестивал почна со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ appeared first on Република.

]]>

Главната програма на 12. Филозофски филмски фестивал започна вчеравечер во Летното кино „Мирно лето“ со музичкиот перформанс на Бранко Фолтин кој покрај познатите „Пијан Славеј“, „Слободната љубов“ и „Парфем“ изведе две нови песни кои публиката имаше прилика за првпат да ги чуе вечерта, во соло, интимно, акустично издание на Бранко, а при крајот на перформансот на сцената се придружија и поетесите Ана Голејшка Џикова и Биљана Стојановска со кои заедно ја изведоа „За нас почнува живот“ на Даниела Панчетовиќ - Драган Ѓаконовски - Шпато како совршена увертира за почетокот на Фестивалот. Во официјалниот дел пригодно се обрати директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска Митова, а свое обраќање имаше и Амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија.   Вечерта ја отвори младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски со песната „Ги заборави ли промените во очите“ посветена токму на песната „Парфем“ од Бранко Фолтин. По официјалното отворање, публиката можеше да ја проследи кусата увертира на професорката од Шпанија, експерт за Унамуно, Алисија Вилар Ескудеро, а потоа и да го погледне филмот „Додека трае војната“ на Алехандро Аменабар за шпанскиот филозоф и писател Мигуел де Унамуно. Вечерта беше заокружена со неформални дискусии за време на коктелот во дворот на Кинотека, a целиот настан беше организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Вториот ден од фестивалската агенда во рамките на Главната програма на Филозофскиот филмски фестивал започнува во 12 часот со естетичко-филмолошката презентација на м-р Васил Михајлов на тема „Филмска објектологија (Моќта на невидливото)“, а ќе се одржи на Универзитетот „Еуропа Прима“. Програмата продолжува попладнето, во 18.30, со проекција на филмот „Заклетвата на Хасан“ (Commitment Hasan, 2021, 147’) како прва проекција од Официјалната селекција на долгометражни филмови. Кога Хасан ќе ја прими веста дека на неговиот имот наследен од татко му треба да се постави електричен столб, станува загрижен за својата животна иднина… „Заклетвата на Хасан“ е морална приказна која го осуетува лицемерието на семејствата на селските земјоделци и која покажува како гордоста може да надвладее над лицето на понижувањето. Претстоечкиот аџилак на Хасан, всушност е пригода за согледување на грешките од минатото и можност за патување до покајанието, пред сè, преку барањето прошка од сите оние на коишто им згрешил, а особено земањето благослов од човекот пред кого тој чувствува најголема вина – неговиот брат. Филмот на Капланоглу беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал 2021, потоа на фестивалите во Чикаго и Карлови Вари, а добива и Награда за најдобар странски филм во Сао Паоло од филмските критичари. Вечерта продолжува со Ревијалната програма: Филм-философија и со проекција на корејскиот филм на Хонг Ви-џонг, „Безгласен“, кој ќе биде проследен со излагање на писателката и филмолог м-р Снежана Младеновска Анѓелков која ќе даде свој осврт кон филмот и ќе поттикне дискусија со публиката. Целата програма и повеќе информации се достапни на philosophicalfilmfestival.mk и на фестивалските социјални мрежи.

The post 12. Филозофски филмски фестивал почна со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ appeared first on Република.

]]>
Перформанс на Бранко Фолтин и Свечено отворање на 12. Филозофски филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/performans-na-branko-foltin-i-svecheno-otvoranje-na-12-filozofski-filmski-festival/ Wed, 01 Jun 2022 08:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=509616

Со музички соло-перформанс на фронтменот на Фолтин, Бранислав Николов и со проекција на филмот „Додека трае војната“ (While at War, 2019) на Алехандро Аменабар за шпанскиот писател и философ Мигуел де Унамуно, започнува Главната програма на 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал.

Со почеток во 20.30 часот во Летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Македонија, публиката ќе може да ужива во музиката на еден од најактуелните музичари и перформери кај нас – Бранислав Николов. Во продолжение ќе следи проекцијата на шпанскиот филм „Додека трае војната“ посветен на писателот и философ Мигуел де Унамуно, како и на настаните во Шпанија во 1936 година. Како увертира на филмот, свое излагање ќе има професорката Алисиа Вилар Ескудеро (Alicia Villar Escudero) од Папскиот универзитет Комилас во Мадрид, Шпанија, а свое обраќање со анализа на филмот ќе има и Серхио Фернандез (Sergio Fernandez), шпански професор по философија. Како и Ретроспективата на Буњуел, што се одржа од 19 до 27-ми мај, така и овој настан е организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Во свечениот дел од отворањето поздравни обраќања ќе имаат Ана Дишлиеска Митова, директорка на Фестивалот и Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје.

Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата Фолтин. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Со Љубов“, "Cash & Marry" и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во над дваесет земји во светот.. За својата работа досега е повеќепати наградуван. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).

„Додека трае војната“ (While at War, 2019, 107’) е историска драма во режија на Алехандро Аменабар базирана на вистински настани што се случуваат во првите месеци од Шпанската граѓанска војна, во летото 1936 година, кога националистите излегуваат на улиците на Саламанка за да се спротистават на новата левичарска влада. Мигуел де Унамуно, философ, писател и ректор на Универзитетот на Саламанка јавно ја поддржува воената интервенција на генералот Франко верувајќи дека тоа ќе му стави крај на хаосот во Шпанија. Откако еден по еден неговите колеги се обвинети и затворани, Унамуно верува дека може да го употреби своето влијание за ослободување на колегите. Иако е мудар и искусен, доцна сфаќа дека неговата земја влегува во фашистичкото мочуриште од кое нема да може да излезе следните неколку децении...

Филмот беше прикажан на Меѓународните филмски фестивали во Торонто, Сан Себастијан, Стокхолм, Токио, Солун и Москва и доби неколку награди Гоја.

Во рамките на Главната програма која ќе трае од 1 до 9-ти јуни, публиката ќе може да погледне 6 (шест) филмови во Ревијалната програма проследени со излагач за секој филм кој ќе развие и дискусија со публиката; потоа 5 (пет) филмови од долгометражната и 16 (шестнаесет) филмови од краткометражната компетитивна програма. Публиката ќе може да гласа за својот омилен филм кој ќе биде во трка за наградата „Златен Був“. Во Придружната програма ќе се одржат и презентација на естетичко-филмолошко истражување од страна на м-р Васил Михаил (2 јуни, 12.00, Универзитет „Еуропа Прима“), промоција на зборникот „Филозофија и филм“ (8 јуни, КИЦ) и уште еден музички настан (8 јуни, кафе-бар Мартини), каде што ќе настапи Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија.

Целосната програма со сите детали за филмовите и настаните е достапна на официјалната веб-страна на фестивалот: philosophicalfilmfestival.mk

The post Перформанс на Бранко Фолтин и Свечено отворање на 12. Филозофски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Со музички соло-перформанс на фронтменот на Фолтин, Бранислав Николов и со проекција на филмот „Додека трае војната“ (While at War, 2019) на Алехандро Аменабар за шпанскиот писател и философ Мигуел де Унамуно, започнува Главната програма на 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Со почеток во 20.30 часот во Летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Македонија, публиката ќе може да ужива во музиката на еден од најактуелните музичари и перформери кај нас – Бранислав Николов. Во продолжение ќе следи проекцијата на шпанскиот филм „Додека трае војната“ посветен на писателот и философ Мигуел де Унамуно, како и на настаните во Шпанија во 1936 година. Како увертира на филмот, свое излагање ќе има професорката Алисиа Вилар Ескудеро (Alicia Villar Escudero) од Папскиот универзитет Комилас во Мадрид, Шпанија, а свое обраќање со анализа на филмот ќе има и Серхио Фернандез (Sergio Fernandez), шпански професор по философија. Како и Ретроспективата на Буњуел, што се одржа од 19 до 27-ми мај, така и овој настан е организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Во свечениот дел од отворањето поздравни обраќања ќе имаат Ана Дишлиеска Митова, директорка на Фестивалот и Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје. Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата Фолтин. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Со Љубов“, "Cash & Marry" и други. Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во над дваесет земји во светот.. За својата работа досега е повеќепати наградуван. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020). „Додека трае војната“ (While at War, 2019, 107’) е историска драма во режија на Алехандро Аменабар базирана на вистински настани што се случуваат во првите месеци од Шпанската граѓанска војна, во летото 1936 година, кога националистите излегуваат на улиците на Саламанка за да се спротистават на новата левичарска влада. Мигуел де Унамуно, философ, писател и ректор на Универзитетот на Саламанка јавно ја поддржува воената интервенција на генералот Франко верувајќи дека тоа ќе му стави крај на хаосот во Шпанија. Откако еден по еден неговите колеги се обвинети и затворани, Унамуно верува дека може да го употреби своето влијание за ослободување на колегите. Иако е мудар и искусен, доцна сфаќа дека неговата земја влегува во фашистичкото мочуриште од кое нема да може да излезе следните неколку децении... Филмот беше прикажан на Меѓународните филмски фестивали во Торонто, Сан Себастијан, Стокхолм, Токио, Солун и Москва и доби неколку награди Гоја. Во рамките на Главната програма која ќе трае од 1 до 9-ти јуни, публиката ќе може да погледне 6 (шест) филмови во Ревијалната програма проследени со излагач за секој филм кој ќе развие и дискусија со публиката; потоа 5 (пет) филмови од долгометражната и 16 (шестнаесет) филмови од краткометражната компетитивна програма. Публиката ќе може да гласа за својот омилен филм кој ќе биде во трка за наградата „Златен Був“. Во Придружната програма ќе се одржат и презентација на естетичко-филмолошко истражување од страна на м-р Васил Михаил (2 јуни, 12.00, Универзитет „Еуропа Прима“), промоција на зборникот „Филозофија и филм“ (8 јуни, КИЦ) и уште еден музички настан (8 јуни, кафе-бар Мартини), каде што ќе настапи Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија. Целосната програма со сите детали за филмовите и настаните е достапна на официјалната веб-страна на фестивалот: philosophicalfilmfestival.mk

The post Перформанс на Бранко Фолтин и Свечено отворање на 12. Филозофски филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Филозофски филмски фестивал почнува со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filozofski-filmski-festival-pochnuva-so-muzichki-performans-na-branko-foltin-i-proekcija-na-dodeka-trae-vojnata/ Mon, 30 May 2022 17:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=508927

Отворањето на главната програма на годинешното издание на Филозофскиот филмски фестивал е предвидено за в среда, со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ (2019) од познатиот шпански режисер Алехандро Аменабар.

Од 2 јуни, па сè до затворањето на фестивалот, публиката ќе може да ужива во мноштво филмови што се дел од официјалните селекции на долгометражни и краткометражни филмови, од кои најголемиот дел ќе бидат премиерно прикажани во Македонија, како и во филмовите што се дел од ревијалната програма: Филм-филозофија, а кои ќе бидат придружени со излагања на видни професори, филозофи, филмски критичари, писатели – информираат организаторите на „Филозофски филмски фестивал“.

The post Филозофски филмски фестивал почнува со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ appeared first on Република.

]]>

Отворањето на главната програма на годинешното издание на Филозофскиот филмски фестивал е предвидено за в среда, со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ (2019) од познатиот шпански режисер Алехандро Аменабар. Од 2 јуни, па сè до затворањето на фестивалот, публиката ќе може да ужива во мноштво филмови што се дел од официјалните селекции на долгометражни и краткометражни филмови, од кои најголемиот дел ќе бидат премиерно прикажани во Македонија, како и во филмовите што се дел од ревијалната програма: Филм-филозофија, а кои ќе бидат придружени со излагања на видни професори, филозофи, филмски критичари, писатели – информираат организаторите на „Филозофски филмски фестивал“.

The post Филозофски филмски фестивал почнува со музички перформанс на Бранко Фолтин и проекција на „Додека трае војната“ appeared first on Република.

]]>