фолксваген Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/folksvagen/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 15:30:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фолксваген Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/folksvagen/ 32 32 Фолксваген ќе затвори три погони во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/folksvagen-ke-zatvori-tri-pogoni-vo-germanija/ Mon, 28 Oct 2024 15:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=831771

Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ планира да затвори најмалку три фабрики во Германија и да отпушти десетици илјади вработени, објави синдикалниот огранок на „Фолксваген“ во Волфсбург.

Претседателката на работничкиот совет на „Фолксваген“ во Волфсбург, Даниела Кавало истакна дека раководството тврди дека затворањето на фабрики и отказите за десетици илјади работници е поради опстанокот на концернот.

Таа не наведе кои погони на „Фолксваген“ би можеле да бидат затворени.

Раководството на „Фолксваген“ одби да ги коментира изјавите на Кавало, истакнувајќи оти компанијата е „на пресврт“ и оти ситуацијата е „сериозна“.

„Фолксваген“ извесен период има финансиски падови, пред сè поради слабата продажба на електрични автомобили, кои според експертите се прескапи и застарени во споредба со кинеската конкуренција.

Менаџментот уште во септември најави мерки за Фолксваген да стане повторно конкурентен.

Концернот „Фолксваген“ има околу 670.000 вработени ширум светот, од кои 295.000 се во Германија.

The post Фолксваген ќе затвори три погони во Германија appeared first on Република.

]]>

Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ планира да затвори најмалку три фабрики во Германија и да отпушти десетици илјади вработени, објави синдикалниот огранок на „Фолксваген“ во Волфсбург. Претседателката на работничкиот совет на „Фолксваген“ во Волфсбург, Даниела Кавало истакна дека раководството тврди дека затворањето на фабрики и отказите за десетици илјади работници е поради опстанокот на концернот. Таа не наведе кои погони на „Фолксваген“ би можеле да бидат затворени. Раководството на „Фолксваген“ одби да ги коментира изјавите на Кавало, истакнувајќи оти компанијата е „на пресврт“ и оти ситуацијата е „сериозна“. „Фолксваген“ извесен период има финансиски падови, пред сè поради слабата продажба на електрични автомобили, кои според експертите се прескапи и застарени во споредба со кинеската конкуренција. Менаџментот уште во септември најави мерки за Фолксваген да стане повторно конкурентен. Концернот „Фолксваген“ има околу 670.000 вработени ширум светот, од кои 295.000 се во Германија.

The post Фолксваген ќе затвори три погони во Германија appeared first on Република.

]]>
Фолксваген планира да затвори фабрики во Германија за прв пат во историјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/folksvagen-planira-da-zatvori-fabriki-vo-germanija-za-prv-pat-vo-istorijata/ Sat, 07 Sep 2024 07:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=813956

Најголемиот германски производител на автомобили, Фолксваген, планира да затвори една фабрика за автомобили и барем уште еден помал индустриски капацитет кој произведува резервни делови, објавува „Блумберг“. Тоа ќе биде прв случај во историјата, Фолксваген да затвора фабрики што се наоѓаат на германско тло.

Европската автомобилска индустрија е во многу тешка и сериозна ситуација. Економското опкружување стана уште потешко и нови играчи доаѓаат во Европа. Германија како место за водење бизнис се повеќе заостанува во однос на конкурентноста“, објаснува извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме.

Главните причини кои се наведуваат во текстот се порастот на трошоците за енергија, логистика и работна сила. Ниската побарувачка за електричните возила на групацијата во Кина, исто така, одигра улога. Медиумите пишуваат дека поради затворањето на фабриките се заканува конфликт меѓу Фолксваген и германските синдикати.

The post Фолксваген планира да затвори фабрики во Германија за прв пат во историјата appeared first on Република.

]]>

Најголемиот германски производител на автомобили, Фолксваген, планира да затвори една фабрика за автомобили и барем уште еден помал индустриски капацитет кој произведува резервни делови, објавува „Блумберг“. Тоа ќе биде прв случај во историјата, Фолксваген да затвора фабрики што се наоѓаат на германско тло.
Европската автомобилска индустрија е во многу тешка и сериозна ситуација. Економското опкружување стана уште потешко и нови играчи доаѓаат во Европа. Германија како место за водење бизнис се повеќе заостанува во однос на конкурентноста“, објаснува извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме.
Главните причини кои се наведуваат во текстот се порастот на трошоците за енергија, логистика и работна сила. Ниската побарувачка за електричните возила на групацијата во Кина, исто така, одигра улога. Медиумите пишуваат дека поради затворањето на фабриките се заканува конфликт меѓу Фолксваген и германските синдикати.

The post Фолксваген планира да затвори фабрики во Германија за прв пат во историјата appeared first on Република.

]]>
Фолксваген го продаде целиот свој имот во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/folksvagen-go-prodade-tseliot-svoj-imot-vo-rusija/ Sun, 21 May 2023 18:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=643351

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ ја заврши продажбата на својот имот во Русија.

Завршена е продажбата на уделот во руската групација Фолксваген, вклучувајќи ги и подружниците, се наведува во соопштението на компанијата.

Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга.

Руски медиуми претходно соопштија дека „Фолксваген“ добил одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија „Авилон“.

Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори фабрика во Калуга во 2007 година.

The post Фолксваген го продаде целиот свој имот во Русија appeared first on Република.

]]>

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ ја заврши продажбата на својот имот во Русија.
Завршена е продажбата на уделот во руската групација Фолксваген, вклучувајќи ги и подружниците, се наведува во соопштението на компанијата.
Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга. Руски медиуми претходно соопштија дека „Фолксваген“ добил одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија „Авилон“. Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори фабрика во Калуга во 2007 година.

The post Фолксваген го продаде целиот свој имот во Русија appeared first on Република.

]]>
Голфот поскапува за 1.600 евра: Фолксваген ги крева цените и за бензинците и за дизелците https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/golfot-poskapuva-za-1-600-evra-folksvagen-gi-kreva-tsenite-i-za-benzintsite-i-za-dizeltsite/ Sun, 26 Feb 2023 20:05:21 +0000 https://republika.mk/?p=613471

Фолксваген ги зголеми цените на своите автомобили со мотори со внатрешно согорување во Германија како резултат на рекордната инфлација.

Од Фолксваген салоните добија информации за поскапувањето, а во образложението како причина се наведува „значително зголемување на трошоците за набавка на суровини, енергија и опрема“.

Просечната цена на моделите на Фолксваген со мотори со внатрешно согорување ќе се зголеми за 4,4 отсто, а тука спаѓаат моделите Голф, Тигуан, Пасат вагон, Поло, и Т-Рок.

Дури ни Фолксваген не може да ја избегне високата инфлација. Иако даваме се од себе, ефектот на трошоците не може целосно да се компензира“, велат од компанијата.

Новите цени ќе бидат официјално воведени на 23 февруари.

Цената на основниот модел Поло ќе се зголеми за 905 евра, што значи зголемување од 4,5 отсто. Голфот ќе чини 1.585 евра повеќе или 5,36 отсто. За Т-Рок ќе треба да се издвојат дополнителни 1.455 евра или 5,98 отсто повеќе, додека „Артеон шутинг брејк“ сега ќе чини најмалку 42.270 евра или 1.985 евра/4,38 отсто повеќе.

Многу претставништва изразуваат загриженост за зголемените цени и сметаат дека Фолксваген  сушност треба да ги „намали“ цените. Еден дистрибутер смета дека поскапувањето е „шокантно“, особено што продажбата веќе опаѓа.

Зголемувањето на цената доаѓа по низа други промени на цените во изминатите 18 месеци. Фолксваген ги зголеми цените за речиси 11 отсто во средината на 2021 и 2022 година.

The post Голфот поскапува за 1.600 евра: Фолксваген ги крева цените и за бензинците и за дизелците appeared first on Република.

]]>

Фолксваген ги зголеми цените на своите автомобили со мотори со внатрешно согорување во Германија како резултат на рекордната инфлација. Од Фолксваген салоните добија информации за поскапувањето, а во образложението како причина се наведува „значително зголемување на трошоците за набавка на суровини, енергија и опрема“. Просечната цена на моделите на Фолксваген со мотори со внатрешно согорување ќе се зголеми за 4,4 отсто, а тука спаѓаат моделите Голф, Тигуан, Пасат вагон, Поло, и Т-Рок.
Дури ни Фолксваген не може да ја избегне високата инфлација. Иако даваме се од себе, ефектот на трошоците не може целосно да се компензира“, велат од компанијата.
Новите цени ќе бидат официјално воведени на 23 февруари. Цената на основниот модел Поло ќе се зголеми за 905 евра, што значи зголемување од 4,5 отсто. Голфот ќе чини 1.585 евра повеќе или 5,36 отсто. За Т-Рок ќе треба да се издвојат дополнителни 1.455 евра или 5,98 отсто повеќе, додека „Артеон шутинг брејк“ сега ќе чини најмалку 42.270 евра или 1.985 евра/4,38 отсто повеќе. Многу претставништва изразуваат загриженост за зголемените цени и сметаат дека Фолксваген  сушност треба да ги „намали“ цените. Еден дистрибутер смета дека поскапувањето е „шокантно“, особено што продажбата веќе опаѓа. Зголемувањето на цената доаѓа по низа други промени на цените во изминатите 18 месеци. Фолксваген ги зголеми цените за речиси 11 отсто во средината на 2021 и 2022 година.

The post Голфот поскапува за 1.600 евра: Фолксваген ги крева цените и за бензинците и за дизелците appeared first on Република.

]]>
Повеќе нема да се произведува седан верзија на „Пасат“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/povekje-nema-da-se-proizveduva-sedan-verzijata-na-pasat/ Mon, 10 Jan 2022 14:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=442658

„Фолксваген“ официјално му стави крај на производството на седанот „Пасат“. Германската компанија одлучи повеќе да не го произведува ова возило со четири врати во Европа, а меѓу причините за таа одлука е подобрата продажба на караван-верзијата и производството на слично позиционираниот „Артеон“.

Информациите за „пензионирањето“ на „Пасат“ во Европа кружат од 2020 година и неговиот крај се очекуваше во 2023 година, но „Фолксваген“ одлучи да го направи тоа порано. И во САД, исто така, постојната „ограничена серија“ на „Пасат“ го означува крајот на производството на овој седан и за американскиот пазар.

Сѐ ова е резултат и на најавата на моделот „Фолксваген аеро Б“ – целосно електричен седан во развој. Иако концептот беше претставен како караван, според познавачите, електромобилот се очекува и во облик на лимузина.

Името „Aeрo Б“ , веројатно, ќе биде променето, бидејќи „Фолксваген“ би можел да го продолжи трендот со електромобили. Новото возило ќе биде претставено кон крајот на оваа или почетокот на следната година

The post Повеќе нема да се произведува седан верзија на „Пасат“ appeared first on Република.

]]>

„Фолксваген“ официјално му стави крај на производството на седанот „Пасат“. Германската компанија одлучи повеќе да не го произведува ова возило со четири врати во Европа, а меѓу причините за таа одлука е подобрата продажба на караван-верзијата и производството на слично позиционираниот „Артеон“. Информациите за „пензионирањето“ на „Пасат“ во Европа кружат од 2020 година и неговиот крај се очекуваше во 2023 година, но „Фолксваген“ одлучи да го направи тоа порано. И во САД, исто така, постојната „ограничена серија“ на „Пасат“ го означува крајот на производството на овој седан и за американскиот пазар. Сѐ ова е резултат и на најавата на моделот „Фолксваген аеро Б“ – целосно електричен седан во развој. Иако концептот беше претставен како караван, според познавачите, електромобилот се очекува и во облик на лимузина. Името „Aeрo Б“ , веројатно, ќе биде променето, бидејќи „Фолксваген“ би можел да го продолжи трендот со електромобили. Новото возило ќе биде претставено кон крајот на оваа или почетокот на следната година

The post Повеќе нема да се произведува седан верзија на „Пасат“ appeared first on Република.

]]>