фолклор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/folklor/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 20:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фолклор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/folklor/ 32 32 Стојкоски: Паркот на Ѓорче Петров блесна во фолклорни бои https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-parkot-na-gorche-petrov-blesna-vo-folklorni-boi/ Sun, 15 Sep 2024 20:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=816616

Денес, во паркот на Ѓорче Петров, повторно блесна духот на македонскиот фолклор со одржувањето на прекрасната манифестација “Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево”. Во срцето на Ѓорче, со учество на седум културно-уметнички друштва, младите ни ја претставија македонската традиција преку богати фолклорни танци и игри, објави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

-Иако времето не ни беше најдобар сојузник, дождот не можеше да ја расипе магијата! На крајот, сите присутни се фатија за раце и заиграа оро, создавајќи атмосфера полна со радост и заедништво!, стои во објавана на фејсбук профилот на Александар Стојкоски.

-Огромна благодарност до сите учесници, организаторите од Едукативното фолклорно здружение “Седум осмини”, и до сите граѓани кои ни се придружија на оваа убава традиција, потенцираше Стојкоски.

The post Стојкоски: Паркот на Ѓорче Петров блесна во фолклорни бои appeared first on Република.

]]>

25 културно-уметнички друштва од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово викендов на Фестивал во Ораовица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/25-kulturno-umetnichki-drushtva-od-makedonija-srbija-crna-gora-bugarija-i-kosovo-vikendov-na-festival-vo-oraovica/ Mon, 09 May 2022 09:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=499891

Околу шестотини учесници, 25 културно-уметнички друштва од пет земји ( Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово) учествуваа на 16-по ред традиционален меѓународен фолклорен фестивал „Велигденски средби“ кој се одржа викендов во манастирскиот комплекс „Св. Ѓоргија“ во с.Ораовица, Радовишко.

Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, а општината беше и генарален покровител на истиот.

Гран при на овој културен настап освои КУД „ Абрашевиќ“ од Параќин, Прво место КУД„ Етнос“ од Скопје, Второ место КУД „Китка“ од Истибања и Трето место „Китка “ од Драчево. КУД „Китка“ од Ораовица како организатор и домаќин настапи ревијално, а неделава ќе патуваат во Швајцарија каде ќе настапат пред нашите иселеници. Водителка на настанот беше Александра Велинова.

The post 25 културно-уметнички друштва од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово викендов на Фестивал во Ораовица appeared first on Република.

]]>

Околу шестотини учесници, 25 културно-уметнички друштва од пет земји ( Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово) учествуваа на 16-по ред традиционален меѓународен фолклорен фестивал „Велигденски средби“ кој се одржа викендов во манастирскиот комплекс „Св. Ѓоргија“ во с.Ораовица, Радовишко. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, а општината беше и генарален покровител на истиот. Гран при на овој културен настап освои КУД „ Абрашевиќ“ од Параќин, Прво место КУД„ Етнос“ од Скопје, Второ место КУД „Китка“ од Истибања и Трето место „Китка “ од Драчево. КУД „Китка“ од Ораовица како организатор и домаќин настапи ревијално, а неделава ќе патуваат во Швајцарија каде ќе настапат пред нашите иселеници. Водителка на настанот беше Александра Велинова.

The post 25 културно-уметнички друштва од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово викендов на Фестивал во Ораовица appeared first on Република.

]]>
Се одбележуваат 116 години од раѓањето на Васил Хаџиманов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-odbelezuvaat-116-godini-od-ragjanjeto-na-vasil-hadzimanov/ Fri, 14 Jan 2022 09:11:21 +0000 https://republika.mk/?p=443899

Кавадарци денеска одбележува 116 години од раѓањето на Васил Хаџиманов, етномузиколог, фолклорист и мелограф.

За него, историчарот Петре Камчевски од Кавадарци, вели дека е еден од најголемите собирачи на македонски народни песни и за време на својот живот собрал повеќе од шест илјади изворни народни песни, 500 тажалки и 700 албански народни песни.

Хаџиманов бил роден во Кавадарци, на денешен ден во 1906 година. Васил бил еден од идејните водачи на културото живеење на Кавадарци, во периодот помеѓу двете светски војни. Магистрирал фармација и работел како аптекарски помошник во аптеката на Бошко Марковиќ. Учествувал во НОВ, како борец во партизанскиот одред „Јане Сандански“. Со својата Тиквешка фолклорна група, на Сојузниот натпревар во Белград, го освоил првото место во 1938 година. По војната работел како музички уредник во Радио Скопје - вели Камчевски.

Хаџиманов умрел во Скопје, на 16 декември 1969 година.

The post Се одбележуваат 116 години од раѓањето на Васил Хаџиманов appeared first on Република.

]]>

Кавадарци денеска одбележува 116 години од раѓањето на Васил Хаџиманов, етномузиколог, фолклорист и мелограф. За него, историчарот Петре Камчевски од Кавадарци, вели дека е еден од најголемите собирачи на македонски народни песни и за време на својот живот собрал повеќе од шест илјади изворни народни песни, 500 тажалки и 700 албански народни песни.