фокус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fokus/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 08:43:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фокус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fokus/ 32 32 Македонскиот филм во фокусот на летната сцена на Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonskiot-film-vo-fokusot-na-letnata-stsena-na-kinoteka/ Thu, 27 Jun 2024 08:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=791184

Легендарните ЛЕБ И СОЛ имаат композиција која никако не се заборава. Станува збор за вечната хит нумера од нивната дискографија СКОПЈЕ. Скопје има микро клима – изгор лето, кочан зима. Стихот изгор и тоа како го чуствуваме. Токму затоа КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА нуди релаксација, а истовремено и интелектуален стимул. На летната кино сцена, во добропознатиот манир на МИРНО ЛЕТО, месецов ќе бидат прикажани остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација.

Ќе се прикаже и филмот ЖЕД, на исто така легендарниот и наш филмски и театарски режисер, Димитрие Османли. Тоа е втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и на дистрибутерската куќа „Македонија филм“. Еден од најугледните филмски критичари во светот, Роналд Холовеј, во специјалното издание на Кинотеката на Македонија на англиски јазик „Kino – Macedonian film“, за ЖЕД оценува дека се работи за „пофален одговор“ на македонската кинематографија на интернационалниот успех на југословенскиот „црн бран“… Не смее да се изостави ниту проекцијата на ВОЛЧЈА НОЌ, во режија на Франце Штиглиц и според сценарио на македонскиот писател Славко Јаневски. Токму ова остварување е вториот гран филм во историјата на седмата уметност кај нас.

Во рамките на месечнава понуда, на летната кино сцена МИРНО ЛЕТО, ќе се прикажат и квалитетните современи остварувања како фестивалскиот миленик ИСЦЕЛИТЕЛ, ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ, РУГАЊЕ СО ХРИСТА, хитот на кино благајните БАЛ-КАН-КАН, култниот постмодерен омнибус СКОПЈЕ РЕМИКС.

Средината на овој месец е резервирана за содржините селектирани од филмскиот фестивал СИНЕДЕЈС.

Репертоарската понуда се заокружува со прикажувањето на филмските материјали кои се однесуваат на земјотресот што го зафати нашиот главен град во 1963-та, како и со промоцијата на „Македониум: Драматургија на недовршеното“. Тоа е колаборативен филм на режисерката Теона Стругар Митевска и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, работен врз основа на истоимената книгата на Иваноска и Чаловски, која се фокусира на приказната за „Македониум“, најистакнатиот меморијален комплекс изграден во социјалистичка Македонија.

Токму оваа месечна понуда на КИНОТЕКА покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи.

 

The post Македонскиот филм во фокусот на летната сцена на Кинотека appeared first on Република.

]]>

Легендарните ЛЕБ И СОЛ имаат композиција која никако не се заборава. Станува збор за вечната хит нумера од нивната дискографија СКОПЈЕ. Скопје има микро клима – изгор лето, кочан зима. Стихот изгор и тоа како го чуствуваме. Токму затоа КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА нуди релаксација, а истовремено и интелектуален стимул. На летната кино сцена, во добропознатиот манир на МИРНО ЛЕТО, месецов ќе бидат прикажани остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација. Ќе се прикаже и филмот ЖЕД, на исто така легендарниот и наш филмски и театарски режисер, Димитрие Османли. Тоа е втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и на дистрибутерската куќа „Македонија филм“. Еден од најугледните филмски критичари во светот, Роналд Холовеј, во специјалното издание на Кинотеката на Македонија на англиски јазик „Kino – Macedonian film“, за ЖЕД оценува дека се работи за „пофален одговор“ на македонската кинематографија на интернационалниот успех на југословенскиот „црн бран“… Не смее да се изостави ниту проекцијата на ВОЛЧЈА НОЌ, во режија на Франце Штиглиц и според сценарио на македонскиот писател Славко Јаневски. Токму ова остварување е вториот гран филм во историјата на седмата уметност кај нас. Во рамките на месечнава понуда, на летната кино сцена МИРНО ЛЕТО, ќе се прикажат и квалитетните современи остварувања како фестивалскиот миленик ИСЦЕЛИТЕЛ, ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ, РУГАЊЕ СО ХРИСТА, хитот на кино благајните БАЛ-КАН-КАН, култниот постмодерен омнибус СКОПЈЕ РЕМИКС. Средината на овој месец е резервирана за содржините селектирани од филмскиот фестивал СИНЕДЕЈС. Репертоарската понуда се заокружува со прикажувањето на филмските материјали кои се однесуваат на земјотресот што го зафати нашиот главен град во 1963-та, како и со промоцијата на „Македониум: Драматургија на недовршеното“. Тоа е колаборативен филм на режисерката Теона Стругар Митевска и уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, работен врз основа на истоимената книгата на Иваноска и Чаловски, која се фокусира на приказната за „Македониум“, најистакнатиот меморијален комплекс изграден во социјалистичка Македонија. Токму оваа месечна понуда на КИНОТЕКА покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи.  

The post Македонскиот филм во фокусот на летната сцена на Кинотека appeared first on Република.

]]>
Забранетата колумна од Фокус за еден владин ,,сељачина” излезе во јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zabranetata-kolumna-od-fokus-za-eden-vladin-selachina-izleze-vo-javnosta/ Sat, 14 Oct 2023 08:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=691107

Адвокатот Јанаки Митровски кој деновиве ја прекинал соработката со неделникот Фокус затоа што му била цензурирана колумна денеска го објавува целиот текст кој не им се допаднал на газдарицата Билјана Младенова и уредничката Мулачка или некој моќен човек во владата.

Митровски смета дека јавноста треба да знае што пишува во текстот кој е проблематичен за менаџментот на Фокус или некој помоќен што наредил тој да не биде објавен по што самиот ја објавува целосно:

СЕЉАЧИНА
На минатата собраниска седница, додека на собраниската говорница говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, по нејзино кажување вицепремиерот за некакви интеграции Бојан Маричиќ и намигнал и и испратил бацка. На ова пратеникот Дафина жестоко реагираше, со право, дека такви постапки може да си ги зачува за дома. Ова, во препознатглив стил за пратеничката, беше зачинето со пар епитети од кои предничеше ЛИГАВ ЕДЕН.
Подоцна на истата седница, кога бараше оставка од Маричиќ до неа застана целата пратеничка група на ДПМНЕ во знак на поддршка, а пратеничката побара ако самиот Маричиќ не си даде оставка тогаш премиерот Димитар Ковачевски тоа да го стори и да му ја прекрати и онака несликовитата политичка кариера на вицепремиерот.
На социјалните мрежи Маричиќ остро дематнираше и тврдеше дека се работи за долни измислици а Дафина со цел негово оцрнување и нарушување на неговиот углед. За каков углед станува збор никој не знае. И така овие препукување на релација Дафина и Боијан траеа неколку дена, а богами и сеуште траат.
На помош на вицепремиерот за бифтеци, како што тоа редовно бидува, дојдоа борците за демек правда, извесни цивилни лица, кои заземаат страна и тврдат дека Дафина дезинформира односно дека измислува и лаже. Како тоа го утврдија еден бог знае, но свикнати сме да овие квази невладини организации се однесуваат како последен партиски испрдок на СДСМ. Едноставен преглед на нивната веб страница и е јасно дека единствената задача им е да ја сатанизираат опозицијата без ниедна суштинска критика за владеачката параетија која седум години е власт.
Силен беше и молкот на невладините кои се борат за правата на жената, кои пред само година две водеа кампања СО НЕА СМЕ. Една полуидиотска кампања која и најобичен флерт го стигматизираше како сексуално вознемирување, сега не сака да реагира од единствена причина дека се работи за пратеничка која доаѓа од партија што не им е омилена и со тоа си го покажуваат сопственото лицемерие, а не е прв пат.
Дафина ја запознав кога ја поднесовме иницијативата за носење на Закон за амнестија за настаните од 27 Април. Секогаш сум бил отворен дека не гаам симпатии кон таа партија, немам амнезија за нивното владеење, и единствено оваа госпоѓа ми остави впечаток на искрен борец, која несебично се даде за таа кауза, а и имаше одлично образложение на предлог законот.
Да бидам искрен и да не бидам лицемерен и кон пратеник Дафина, реално од неутрална позиција немаме во овој момент како да процениме кој ја говори вистината, Бојан или Дафина. Но таа дилема се решава многу лесно. Просто се вадат камери и се гледа дали Бојан праќал бацки и намигал или не праќал бацки и не намигал. И тоа и го побара и самата пратеничка.
И токму фактот дека собраниските служби не сакаат да ги покажат камерите мене ме убедуваат дека Дафина ја говори вистината. И оттука сметам дека господинот Маричиќ, кој седма година паразитира на наша сметка, е една обична сељачина на која местото не и е во Влада. Така пријателе да се однесуваш со мајка, сестра или
внука, во Собрание НЕ!

The post Забранетата колумна од Фокус за еден владин ,,сељачина” излезе во јавноста appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Јанаки Митровски кој деновиве ја прекинал соработката со неделникот Фокус затоа што му била цензурирана колумна денеска го објавува целиот текст кој не им се допаднал на газдарицата Билјана Младенова и уредничката Мулачка или некој моќен човек во владата. Митровски смета дека јавноста треба да знае што пишува во текстот кој е проблематичен за менаџментот на Фокус или некој помоќен што наредил тој да не биде објавен по што самиот ја објавува целосно: СЕЉАЧИНА На минатата собраниска седница, додека на собраниската говорница говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, по нејзино кажување вицепремиерот за некакви интеграции Бојан Маричиќ и намигнал и и испратил бацка. На ова пратеникот Дафина жестоко реагираше, со право, дека такви постапки може да си ги зачува за дома. Ова, во препознатглив стил за пратеничката, беше зачинето со пар епитети од кои предничеше ЛИГАВ ЕДЕН. Подоцна на истата седница, кога бараше оставка од Маричиќ до неа застана целата пратеничка група на ДПМНЕ во знак на поддршка, а пратеничката побара ако самиот Маричиќ не си даде оставка тогаш премиерот Димитар Ковачевски тоа да го стори и да му ја прекрати и онака несликовитата политичка кариера на вицепремиерот. На социјалните мрежи Маричиќ остро дематнираше и тврдеше дека се работи за долни измислици а Дафина со цел негово оцрнување и нарушување на неговиот углед. За каков углед станува збор никој не знае. И така овие препукување на релација Дафина и Боијан траеа неколку дена, а богами и сеуште траат. На помош на вицепремиерот за бифтеци, како што тоа редовно бидува, дојдоа борците за демек правда, извесни цивилни лица, кои заземаат страна и тврдат дека Дафина дезинформира односно дека измислува и лаже. Како тоа го утврдија еден бог знае, но свикнати сме да овие квази невладини организации се однесуваат како последен партиски испрдок на СДСМ. Едноставен преглед на нивната веб страница и е јасно дека единствената задача им е да ја сатанизираат опозицијата без ниедна суштинска критика за владеачката параетија која седум години е власт. Силен беше и молкот на невладините кои се борат за правата на жената, кои пред само година две водеа кампања СО НЕА СМЕ. Една полуидиотска кампања која и најобичен флерт го стигматизираше како сексуално вознемирување, сега не сака да реагира од единствена причина дека се работи за пратеничка која доаѓа од партија што не им е омилена и со тоа си го покажуваат сопственото лицемерие, а не е прв пат. Дафина ја запознав кога ја поднесовме иницијативата за носење на Закон за амнестија за настаните од 27 Април. Секогаш сум бил отворен дека не гаам симпатии кон таа партија, немам амнезија за нивното владеење, и единствено оваа госпоѓа ми остави впечаток на искрен борец, која несебично се даде за таа кауза, а и имаше одлично образложение на предлог законот. Да бидам искрен и да не бидам лицемерен и кон пратеник Дафина, реално од неутрална позиција немаме во овој момент како да процениме кој ја говори вистината, Бојан или Дафина. Но таа дилема се решава многу лесно. Просто се вадат камери и се гледа дали Бојан праќал бацки и намигал или не праќал бацки и не намигал. И тоа и го побара и самата пратеничка. И токму фактот дека собраниските служби не сакаат да ги покажат камерите мене ме убедуваат дека Дафина ја говори вистината. И оттука сметам дека господинот Маричиќ, кој седма година паразитира на наша сметка, е една обична сељачина на која местото не и е во Влада. Така пријателе да се однесуваш со мајка, сестра или внука, во Собрание НЕ!

The post Забранетата колумна од Фокус за еден владин ,,сељачина” излезе во јавноста appeared first on Република.

]]>
Дисциплинска за полицајците кои ја „опоменаа“ новинарката која објавила за прегазеното дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/disciplinska-za-policajcite-koi-ja-opomenaa-novinarkata-koja-objavila-za-pregazenoto-dete/ Fri, 12 Aug 2022 11:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=539603

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапувајќи по пријава од Здружението на новинари на Македонија за непрофесионално полициско постапување на 11.08.2022 кон новинарката на Фокус В.К. од Неготино, а во врска со поплака од страна на жена од Неготино која на 08.08.2022 удрила малолетник со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино, за што новинарката објавила текст, утврди несоодветно извршување на работните задачи од полициски службеници и поради тоа ќе бидат изречени дисциплински мерки односно ќе биде поведена дисциплинска постапка против тројца полициски службеници, согласно колективниот договор.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на одличната соработка со новинарите и Здружението на новинари на Македонија и без никаква толеранција за вакви и слични случаи, кои ќе бидат соодветно санкционирани, велат од полицијата.

Претходно беше соопштено дека полицајците од полициска станица Неготино дошле на домашна адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради службен разговор.

The post Дисциплинска за полицајците кои ја „опоменаа“ новинарката која објавила за прегазеното дете appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапувајќи по пријава од Здружението на новинари на Македонија за непрофесионално полициско постапување на 11.08.2022 кон новинарката на Фокус В.К. од Неготино, а во врска со поплака од страна на жена од Неготино која на 08.08.2022 удрила малолетник со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино, за што новинарката објавила текст, утврди несоодветно извршување на работните задачи од полициски службеници и поради тоа ќе бидат изречени дисциплински мерки односно ќе биде поведена дисциплинска постапка против тројца полициски службеници, согласно колективниот договор.
Министерството за внатрешни работи останува посветено на одличната соработка со новинарите и Здружението на новинари на Македонија и без никаква толеранција за вакви и слични случаи, кои ќе бидат соодветно санкционирани, велат од полицијата.
Претходно беше соопштено дека полицајците од полициска станица Неготино дошле на домашна адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради службен разговор.

The post Дисциплинска за полицајците кои ја „опоменаа“ новинарката која објавила за прегазеното дете appeared first on Република.

]]>
Жената која прегазила 11-годишно дете во Неготино ѝ испратила полиција за „опомена“ на новинарката која ја објавила веста https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zenata-koja-pregazila-11-godishno-dete-vo-negotino-ispratila-policija-za-opomena-na-novinarkata-koja-ja-objavila-vesta/ Thu, 11 Aug 2022 17:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=539234

Полициски службеници од Полициската станица Неготино ѝ дошле на домашната адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус“ за да извршат службен разговор со новинарката поради „предупредување поради поплака од страна на жената која пред три дена во центарот на Неготино со автомобил удри 11-годишно дете“, пишува „Фокус”.

Од МВР, за „Фокус“ само накратко одговориле дека одделот за внатрешна контрола ќе го испита случајот и дека ќе бидат преземени соодветни мерки, а новинарката случајот како што им било кажано, треба да го пријави во Внатрешна контрола. „Фокус“ пишува дека според Предупредувањето кое полициските службеници го доставиле на новинарката за потпис, а кое таа не го потпишала, жената возач, која инаку не е именувана во текстот, барала новинарката да биде предупредена дека објавила невистинита содржина за случената сообраќајка.

Мајката на повреденото дете, Билјана Малиминова за ,,Фокус” вели дека е потресена од настанот, и јавно прашува до кога ќе се газат деца во Неготино и дали некогаш ќе бидат преземени конкретни мерки за да се обезбеди безбедност на пешаците во градот.

Станува збор за текст објавен во Фокус на 8 август, во кој новинарката пенесува изјава од мајката на повреденото момче. Мајката појаснува дека во тие моменти на страв и вознемиреност по настанот, жената која го удрила нејзиното дете со автомобил, дури и започнала вербална расправија со неа.

-Син ми заедно со другарче ја преминувал улицата кога жената го удрила со возилото. Го ставила во кола, и наместо во болница, со сите тешки и очигледни повреди, тргнала да го носи кај нас дома. Ми се јави телефонски, и кажав дека тргам кон итната помош во градот, и нема што да бара дома кај нас. Но, сепак, таа запрела попат, и му рекла на син ми да излезе од возилото за да види дали може да оди!

Кога најверојатно увидела дека станува збор за сериозни повреди, го донесе во итната помош, каде започна вербална расправија со мене. Барав да се повика полиција, но ми рече дека нејзиниот сопруг е полицаец и таа го удрила син ми со брзина од 20 километри на час. Што треба да значи тоа?
Јавно прашувам, дали е важно чиј сопруг е полицаец во ваков случај? Нели сме сите исти пред законот? Јас сум самохрана мајка, треба ли да бидам оставена незаштитена поради тоа? Дали е важно кој е и што е било кој возач кој ќе прегази дете? – прашува мајката.

Додава дека потоа била повикана полиција, а детето било препратено во кавадаречката болница. Од таму, поради сериозноста на повредите, тоа веднаш било пренесено на скопските клиники.

Реакција со осуда за настанот пристигна од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од каде побараа одговорност од службениците и поведување на дисциплинска постапка.

„ЗНМ смета дека постапката на МВР да се предупредуваат новинари поради објавен текст е непримерна, несоодветна и непотребна, бидејќи на тој начин се врши притисок врз слободата на изразување на новинарите. Бараме одговорност од полициските службеници кои ги злоупотребиле своите овластувања да одговараат за истите, односно против нив да биде поведена дисциплинска постапка“, пишува во соопштението на ЗНМ.

Од ЗНМ воедно велат дека ќе поднесат претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, со што ќе се бара одговорност за прекршување на полициските овластувања и додаваат дека очекуваат санкции за одговорните лица што е можно поскоро.

The post Жената која прегазила 11-годишно дете во Неготино ѝ испратила полиција за „опомена“ на новинарката која ја објавила веста appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица Неготино ѝ дошле на домашната адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус“ за да извршат службен разговор со новинарката поради „предупредување поради поплака од страна на жената која пред три дена во центарот на Неготино со автомобил удри 11-годишно дете“, пишува „Фокус”. Од МВР, за „Фокус“ само накратко одговориле дека одделот за внатрешна контрола ќе го испита случајот и дека ќе бидат преземени соодветни мерки, а новинарката случајот како што им било кажано, треба да го пријави во Внатрешна контрола. „Фокус“ пишува дека според Предупредувањето кое полициските службеници го доставиле на новинарката за потпис, а кое таа не го потпишала, жената возач, која инаку не е именувана во текстот, барала новинарката да биде предупредена дека објавила невистинита содржина за случената сообраќајка. Мајката на повреденото дете, Билјана Малиминова за ,,Фокус” вели дека е потресена од настанот, и јавно прашува до кога ќе се газат деца во Неготино и дали некогаш ќе бидат преземени конкретни мерки за да се обезбеди безбедност на пешаците во градот.
Станува збор за текст објавен во Фокус на 8 август, во кој новинарката пенесува изјава од мајката на повреденото момче. Мајката појаснува дека во тие моменти на страв и вознемиреност по настанот, жената која го удрила нејзиното дете со автомобил, дури и започнала вербална расправија со неа.
-Син ми заедно со другарче ја преминувал улицата кога жената го удрила со возилото. Го ставила во кола, и наместо во болница, со сите тешки и очигледни повреди, тргнала да го носи кај нас дома. Ми се јави телефонски, и кажав дека тргам кон итната помош во градот, и нема што да бара дома кај нас. Но, сепак, таа запрела попат, и му рекла на син ми да излезе од возилото за да види дали може да оди! Кога најверојатно увидела дека станува збор за сериозни повреди, го донесе во итната помош, каде започна вербална расправија со мене. Барав да се повика полиција, но ми рече дека нејзиниот сопруг е полицаец и таа го удрила син ми со брзина од 20 километри на час. Што треба да значи тоа? Јавно прашувам, дали е важно чиј сопруг е полицаец во ваков случај? Нели сме сите исти пред законот? Јас сум самохрана мајка, треба ли да бидам оставена незаштитена поради тоа? Дали е важно кој е и што е било кој возач кој ќе прегази дете? – прашува мајката.
Додава дека потоа била повикана полиција, а детето било препратено во кавадаречката болница. Од таму, поради сериозноста на повредите, тоа веднаш било пренесено на скопските клиники.
Реакција со осуда за настанот пристигна од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) од каде побараа одговорност од службениците и поведување на дисциплинска постапка.
„ЗНМ смета дека постапката на МВР да се предупредуваат новинари поради објавен текст е непримерна, несоодветна и непотребна, бидејќи на тој начин се врши притисок врз слободата на изразување на новинарите. Бараме одговорност од полициските службеници кои ги злоупотребиле своите овластувања да одговараат за истите, односно против нив да биде поведена дисциплинска постапка“, пишува во соопштението на ЗНМ.
Од ЗНМ воедно велат дека ќе поднесат претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, со што ќе се бара одговорност за прекршување на полициските овластувања и додаваат дека очекуваат санкции за одговорните лица што е можно поскоро.

The post Жената која прегазила 11-годишно дете во Неготино ѝ испратила полиција за „опомена“ на новинарката која ја објавила веста appeared first on Република.

]]>