Флоријан Ќехаја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/florijan-kjehaja/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 11:50:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Флоријан Ќехаја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/florijan-kjehaja/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-go-primi-kosovskiot-ambasador-florijan-kehaja/ Tue, 25 Jun 2024 11:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=790667

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка и беше поздравен отворениот и конструктивен дијалог за прашањата од заеднички и поширок интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за продолжување на одличниот политички дијалог на највисоко ниво и изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.

Во контекст на европските перспективи и споделувањето на заедничките вредности, претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на косовските евроатлантски аспирации и учеството во различни формати на регионална соработка и ја истакна подготвеноста за споделување на искуства во сите области каде што располагаме со соодветна експертиза.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во регионот, за соработката во рамки на регионалните иницијативи, како и за можностите за продлабочување на прекуграничната соработка преку искористување на фондовите на Европската Унија, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

 

The post Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, соопшти нејзиниот кабинет. На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка и беше поздравен отворениот и конструктивен дијалог за прашањата од заеднички и поширок интерес.
Претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за продолжување на одличниот политички дијалог на највисоко ниво и изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.
Во контекст на европските перспективи и споделувањето на заедничките вредности, претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на косовските евроатлантски аспирации и учеството во различни формати на регионална соработка и ја истакна подготвеноста за споделување на искуства во сите области каде што располагаме со соодветна експертиза.
На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во регионот, за соработката во рамки на регионалните иницијативи, како и за можностите за продлабочување на прекуграничната соработка преку искористување на фондовите на Европската Унија, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.
 

The post Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го прими новоименуваниот косовски амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-primi-novoimenuvaniot-kosovski-ambasador/ Tue, 30 Aug 2022 07:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=545483

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава.

На состанокот е констатирано дека Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања.

Заеднички е оценето дека определеноста и на Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион.

Во таа насока, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион.

На средбата се поздравени напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата.

На состанокот е разговарано за унапредување на соработката меѓу двете држави во процедурите за гранични олеснувања и за други актуелни прашања, како што се состојбите во енергетиката.

Исто така разгледани се можностите околу терминот на одржување на втората меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово во текот на 2022 година.

Премиерот Ковачевски му посака на амбасадорот Ќехаја успешен мандат.

The post Ковачевски го прими новоименуваниот косовски амбасадор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава. На состанокот е констатирано дека Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања. Заеднички е оценето дека определеноста и на Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион. Во таа насока, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион. На средбата се поздравени напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата. На состанокот е разговарано за унапредување на соработката меѓу двете држави во процедурите за гранични олеснувања и за други актуелни прашања, како што се состојбите во енергетиката. Исто така разгледани се можностите околу терминот на одржување на втората меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово во текот на 2022 година. Премиерот Ковачевски му посака на амбасадорот Ќехаја успешен мандат.

The post Ковачевски го прими новоименуваниот косовски амбасадор appeared first on Република.

]]>
Срдечна средба на Ковачевски со косовскиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srdechna-sredba-na-kovachevski-so-kosovskiot-ambasador/ Mon, 29 Aug 2022 14:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=545329

Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава. На состанокот е констатирано дека Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања, соопшти владината прес-служба.

Во соопштението се наведува дека заеднички е оценето дека определеноста и на Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион.

Во таа насока, како што стои, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион.

На средбата се поздравени напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата.

The post Срдечна средба на Ковачевски со косовскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Флоријан Ќехаја, новиот амбасадор на Република Косово во земјава. На состанокот е констатирано дека Македонија и Косово имаат пријателски и конструктивни билатерални односи, базирани на дијалог и без отворени прашања, соопшти владината прес-служба. Во соопштението се наведува дека заеднички е оценето дека определеноста и на Македонија и на Косово, кон развој на добрососедските односи е значајно за напредокот на целиот регион. Во таа насока, како што стои, премиерот Ковачевски го поздрави постигнатиот договор околу документите помеѓу Косово и Србија и соопшти дека нашата држава поддржува натамошен дијалог помеѓу Белград и Приштина со цел нормализирање на односите и со тоа гарантирање на мирот, стабилноста, безбедноста на целиот регион. На средбата се поздравени напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите и почетокот на преговорите, по членството на НАТО, како и политиките на премиерот Ковачевски и на Владата кон перспективи на граѓаните и на државата.

The post Срдечна средба на Ковачевски со косовскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>
Груби се сретна со новиот косовски амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-se-sretna-so-noviot-kosovski-ambasador/ Mon, 06 Jun 2022 13:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=511814

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со новиот амбасадор на Косово во земјава, Флоријан Ќехаја.

Груби му честиташр на амбасадорот Ќехаја за новиот мандат и ја истакна поддршката за успешното исполнување на неговата мисија во земјава.

– Билатералните односи меѓу двете земји се на потребното ниво и исто треба да се продолжи со напорна работа за зајакнување и консолидирање на меѓународниот субјективитет на Косово на патот кон евроатлантските интеграции, додека Македонија е подготвена да го понуди нејзиното искуство како членка на НАТО, заклучиле заеднички Груби и Ќехаја, се наведува во соопштението од Кабинетот на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

На средбата се разговараше и за инфраструктурни проекти, меѓу кои и автопатот Скопје – Блаце, Коридорот 8, патот Тетово – Призрен, како витални и многу важни проекти за поврзување не само на нашите две земји, туку и на целиот Западен Балкан.

Како што стои во соопштението, се разговараше и за проектот One stop shop што треба да започне што поскоро да се реализира, а преку кој ќе се отстранат границите и ќе има олеснувања во размената на стоките и движењето на граѓаните.

Утре, се најавува во соопштението, се очекува да се сретнат комисиите на двете земји од различни ресори, меѓу кои и на министерствата за внатрешни работи, Царината и другите институции кои се вклучени во овој проект, со цел да се поттикне конечната реализација што е можно поскоро.

Груби истакна дека Република Македонија и Република Косово треба да соработуваат со цел да се отстранат сите бирократски пречки што постојат во сите случувања од политичкиот, културниот, економскиот, трговскиот и сите други сфери на животот за подобра благосостојба на сите граѓани.

The post Груби се сретна со новиот косовски амбасадор appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со новиот амбасадор на Косово во земјава, Флоријан Ќехаја. Груби му честиташр на амбасадорот Ќехаја за новиот мандат и ја истакна поддршката за успешното исполнување на неговата мисија во земјава. – Билатералните односи меѓу двете земји се на потребното ниво и исто треба да се продолжи со напорна работа за зајакнување и консолидирање на меѓународниот субјективитет на Косово на патот кон евроатлантските интеграции, додека Македонија е подготвена да го понуди нејзиното искуство како членка на НАТО, заклучиле заеднички Груби и Ќехаја, се наведува во соопштението од Кабинетот на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците. На средбата се разговараше и за инфраструктурни проекти, меѓу кои и автопатот Скопје – Блаце, Коридорот 8, патот Тетово – Призрен, како витални и многу важни проекти за поврзување не само на нашите две земји, туку и на целиот Западен Балкан. Како што стои во соопштението, се разговараше и за проектот One stop shop што треба да започне што поскоро да се реализира, а преку кој ќе се отстранат границите и ќе има олеснувања во размената на стоките и движењето на граѓаните. Утре, се најавува во соопштението, се очекува да се сретнат комисиите на двете земји од различни ресори, меѓу кои и на министерствата за внатрешни работи, Царината и другите институции кои се вклучени во овој проект, со цел да се поттикне конечната реализација што е можно поскоро. Груби истакна дека Република Македонија и Република Косово треба да соработуваат со цел да се отстранат сите бирократски пречки што постојат во сите случувања од политичкиот, културниот, економскиот, трговскиот и сите други сфери на животот за подобра благосостојба на сите граѓани.

The post Груби се сретна со новиот косовски амбасадор appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvaniot-kosovski-ambasador-florijan-kjehaja/ Fri, 03 Jun 2022 13:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=510691

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Флоријан Ќехаја.

На свечената церемонија, претседателот Пендаровски му посака добредојде на амбасадорот Ќехаја и изрази очекување дека неговиот професионален ангажман ќе придонесе за збогатување на билатералните односи и соработката меѓу нашите две земји.

„Би сакал да Ве уверам дека особено ја цениме заложбата и интересот за соработка во делот на евро-интегративните процеси и остварување на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија, како стратешки приоритети на нашите две земји. Ве уверувам дека Македонија секогаш ќе биде достапна и подготвена да пружи помош во Вашите ангажмани во процесот на интеграција на Вашата земја, како и за други придвижувања на надворешно-политички план, особено во делот на унапредувањето на регионалната соработка“, порача претседателот Пендаровски во поздравното обраќање и воедно изрази подготвеност за интензивирање на економската соработка со Косово.

Амбасадорот Ќехаја истакна дека ќе биде целосно посветен на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена.

„И двете наши земји се соочуваат со предизвици во постигнувањето на целта да станат членки на ЕУ, од различни причини, без оглед на повремениот замор како резултат на долготрајните процеси, сепак нема да бидеме обесхрабрени“, порача новоименуваниот косовски амбасадор.

Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка од нашата земја, Ќехаја посочи дека Косово и во иднина ќе очекува засилена поддршка за исполнување на стратешките цели во однос на членството во меѓународните организации.

„Особено ќе ни биде потребна гласна и силна јавна поддршка од Република Македонија за нашите напори да станеме членка на Советот на Европа, како и во нашата амбиција да станеме дел од Партнерството за мир и подоцна од НАТО“, рече амбасадорот во обраќањето.

Ќехаја потенцираше дека активно ќе се ангажира за зголемувањето на билатералната безбедносна соработка и јакнењето на довербата со цел минимизирање на заедничките безбедносни ризици и закани.

The post Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Флоријан Ќехаја. На свечената церемонија, претседателот Пендаровски му посака добредојде на амбасадорот Ќехаја и изрази очекување дека неговиот професионален ангажман ќе придонесе за збогатување на билатералните односи и соработката меѓу нашите две земји. „Би сакал да Ве уверам дека особено ја цениме заложбата и интересот за соработка во делот на евро-интегративните процеси и остварување на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија, како стратешки приоритети на нашите две земји. Ве уверувам дека Македонија секогаш ќе биде достапна и подготвена да пружи помош во Вашите ангажмани во процесот на интеграција на Вашата земја, како и за други придвижувања на надворешно-политички план, особено во делот на унапредувањето на регионалната соработка“, порача претседателот Пендаровски во поздравното обраќање и воедно изрази подготвеност за интензивирање на економската соработка со Косово. Амбасадорот Ќехаја истакна дека ќе биде целосно посветен на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена. „И двете наши земји се соочуваат со предизвици во постигнувањето на целта да станат членки на ЕУ, од различни причини, без оглед на повремениот замор како резултат на долготрајните процеси, сепак нема да бидеме обесхрабрени“, порача новоименуваниот косовски амбасадор. Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка од нашата земја, Ќехаја посочи дека Косово и во иднина ќе очекува засилена поддршка за исполнување на стратешките цели во однос на членството во меѓународните организации. „Особено ќе ни биде потребна гласна и силна јавна поддршка од Република Македонија за нашите напори да станеме членка на Советот на Европа, како и во нашата амбиција да станеме дел од Партнерството за мир и подоцна од НАТО“, рече амбасадорот во обраќањето. Ќехаја потенцираше дека активно ќе се ангажира за зголемувањето на билатералната безбедносна соработка и јакнењето на довербата со цел минимизирање на заедничките безбедносни ризици и закани.

The post Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја appeared first on Република.

]]>