флоат дубаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/float-dubai/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Jul 2022 12:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png флоат дубаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/float-dubai/ 32 32 Резервација чини 1.000, шише шампањ 86.000 евра: Во Дубаи отворен најголемиот пловечки ноќен клуб на светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rezervacija-chini-1-000-shishe-shampanj-86-000-evra-vo-dubai-otvoren-najgolemiot-plovechki-nokjen-klub-na-svetot/ Wed, 27 Jul 2022 12:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=528551

Легендарниот океански брод „Кралица Елизабета 2“ (Queen Elizabeth 2) добива сосема нова улога - стана пловечки хотел и ноќен клуб.

Кога беше пуштен во употреба во 1969 година, патничкиот брод „Кралица Елизабета 2“ стана новата луксузна опција за преминување преку Атлантскиот Океан. Бродот пловеше меѓу Саутемптон во Англија и Њујорк во САД до 2008 година, со мноштво познати лица коишто се возеа на бродот, од Нелсон Мандела и членови на британското кралско семејство до Елизабет Тејлор и Елтон Џон.

Меѓутоа, откако беше купен од кралското семејство во Дубаи во 2008 година, почна ново поглавје за овој легендарен брод. „Кралица Елизабета 2“ беше закотвена во Дубаи и претворена во престижен хотел, кој беше отворен во 2018.

Пред неколку дена, пак, на бродот беше додаден уште една новитет - на него е отворен пловечки ноќен клуб, „Флоат Дуабаи“, којшто е најголемиот во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FLOAT DUBAI (@floatdubai)

Отворањето беше одбележано како што му доликува на Дубаи - полно со сјај и гламур. Меѓу другите, настапи и раперот Да Бејби, кој ги забавуваше посетителите со длабоки џебови.

Резервација за маса чинеше околу илјада евра, а според британски „Тајмс“, шише од шест литри шампањ „Дом Перињон Розе Голд“ чинел сто илјади долари или околу 86 илјади евра.

The post Резервација чини 1.000, шише шампањ 86.000 евра: Во Дубаи отворен најголемиот пловечки ноќен клуб на светот appeared first on Република.

]]>

Легендарниот океански брод „Кралица Елизабета 2“ (Queen Elizabeth 2) добива сосема нова улога - стана пловечки хотел и ноќен клуб. Кога беше пуштен во употреба во 1969 година, патничкиот брод „Кралица Елизабета 2“ стана новата луксузна опција за преминување преку Атлантскиот Океан. Бродот пловеше меѓу Саутемптон во Англија и Њујорк во САД до 2008 година, со мноштво познати лица коишто се возеа на бродот, од Нелсон Мандела и членови на британското кралско семејство до Елизабет Тејлор и Елтон Џон. Меѓутоа, откако беше купен од кралското семејство во Дубаи во 2008 година, почна ново поглавје за овој легендарен брод. „Кралица Елизабета 2“ беше закотвена во Дубаи и претворена во престижен хотел, кој беше отворен во 2018. Пред неколку дена, пак, на бродот беше додаден уште една новитет - на него е отворен пловечки ноќен клуб, „Флоат Дуабаи“, којшто е најголемиот во светот.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by FLOAT DUBAI (@floatdubai)

Отворањето беше одбележано како што му доликува на Дубаи - полно со сјај и гламур. Меѓу другите, настапи и раперот Да Бејби, кој ги забавуваше посетителите со длабоки џебови. Резервација за маса чинеше околу илјада евра, а според британски „Тајмс“, шише од шест литри шампањ „Дом Перињон Розе Голд“ чинел сто илјади долари или околу 86 илјади евра.

The post Резервација чини 1.000, шише шампањ 86.000 евра: Во Дубаи отворен најголемиот пловечки ноќен клуб на светот appeared first on Република.

]]>