„Флипбук филм фестивал“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flipbuk-film-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 10:32:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Флипбук филм фестивал“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flipbuk-film-festival/ 32 32 Доделени наградите на „Флипбук филм фестивал 2024“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dodeleni-nagradite-na-flipbuk-film-festival-2024/ Tue, 13 Aug 2024 10:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=806100

На петтото издание на „Флипбук Филм Фестивал“ кој се одржa од 8 до 11 август годинава во Кинотеката на Македонија беа прикажани близу 100 филмови во главната, студентската, селекцијата на анимиран докуметарец, на анимирани музички видеа и европската панорама.

Жирито на главната и селекцијата на анимиран документарен филм во состав Никица Гилиќ од Хрватска, Андријана Ружиќ од Србија и Влатко Галевски од Македонија, ги наградија следните филмови: наградата за најдобар филм во главната селекција е за филмот „Три птици“ на словенечката режисерка Зарја Менарт, а специјално признание доби филмот „Фустан за финале“ на хрватската режисерка Мартина Мештровиќ.

Во селекцијата на анимирани документарци главната награда ја доби „Дали е сега време да те оставам“ на тајванката Ји Чин Цаи, а специјалното признание го доби португалскиот филм „Перцебес“ на Александра Рамирез и Лаура Гончалвес. Жирито на студентските филмови и анимираните музички спотови во состав Гала Фрекон од Франција, Ана Опачиќ од Хрватска и Никола Радуловиќ од Македонија, наградата за најдобар студентски филм му ја додели на грузискиот „Румените образи на Маро“ на Маријам Жорданија, а двете специјални признанија отидоа кај „Адама“ на Дан Макс Ницан Мејер и „Закачена на илузии“ на Лаура Изабел Шнајдер.

Наградата за најдобар анимиран музички спот ја доби „Добидник’ на Капусин Гугле и Капусин Мулер, а специјалните признанија ги добија „Чао бела“ на македонскиот автор Александар Ристески и „Кучето Даги“ на Џереми Булар и Пол Буржоа. Наградата за најдобар филм со еколошка порака која секоја година ја доделува организацијата Еко свест, ја доби филмот „Чекање“ на Вокер Шлехт.

The post Доделени наградите на „Флипбук филм фестивал 2024“ appeared first on Република.

]]>

На петтото издание на „Флипбук Филм Фестивал“ кој се одржa од 8 до 11 август годинава во Кинотеката на Македонија беа прикажани близу 100 филмови во главната, студентската, селекцијата на анимиран докуметарец, на анимирани музички видеа и европската панорама. Жирито на главната и селекцијата на анимиран документарен филм во состав Никица Гилиќ од Хрватска, Андријана Ружиќ од Србија и Влатко Галевски од Македонија, ги наградија следните филмови: наградата за најдобар филм во главната селекција е за филмот „Три птици“ на словенечката режисерка Зарја Менарт, а специјално признание доби филмот „Фустан за финале“ на хрватската режисерка Мартина Мештровиќ. Во селекцијата на анимирани документарци главната награда ја доби „Дали е сега време да те оставам“ на тајванката Ји Чин Цаи, а специјалното признание го доби португалскиот филм „Перцебес“ на Александра Рамирез и Лаура Гончалвес. Жирито на студентските филмови и анимираните музички спотови во состав Гала Фрекон од Франција, Ана Опачиќ од Хрватска и Никола Радуловиќ од Македонија, наградата за најдобар студентски филм му ја додели на грузискиот „Румените образи на Маро“ на Маријам Жорданија, а двете специјални признанија отидоа кај „Адама“ на Дан Макс Ницан Мејер и „Закачена на илузии“ на Лаура Изабел Шнајдер. Наградата за најдобар анимиран музички спот ја доби „Добидник’ на Капусин Гугле и Капусин Мулер, а специјалните признанија ги добија „Чао бела“ на македонскиот автор Александар Ристески и „Кучето Даги“ на Џереми Булар и Пол Буржоа. Наградата за најдобар филм со еколошка порака која секоја година ја доделува организацијата Еко свест, ја доби филмот „Чекање“ на Вокер Шлехт.

The post Доделени наградите на „Флипбук филм фестивал 2024“ appeared first on Република.

]]>
Четири анимирани филмови на Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Иван Ивановски и Владимир Лукаш инспирирани од поезијата на Ацо Шопов го отворија Флипбук фестивалот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/chetiri-animirani-filmovi-na-zharko-ivanov-krste-gospodinovski-ivan-ivanovski-i-vladimir-lukash-inspirirani-od-poezijata-na-atso-shopov-go-otvorija-flipbuk-festivalot/ Fri, 11 Aug 2023 18:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=671226

Во знак на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, вчера во Кинотека стартуваше Флипбук филм фестивал, културен настан којшто веќе четири години по ред го воздигнува анимираниот филм на едно повисоко ниво.

Токму овој македонски поет од чие перо се испишани некои од најдобрите стихови на ова тло, беше инспирација за создавањето на четири анимирани омнибус филмови во режија на Жарко Иванов („Долго доаѓање на огнот"), Крсте Господиновски („Грозомор"),Иван Ивановски („Небиднина") и Владимир Лукаш („Во сонот на црната жена").

Анимацијата и поезијата совршено се испреплетија креирајќи оригинална филмска уметност.

Првата вечер беа прикажани вкупно 14 кратки филмови, а во следните три дена посетителите ќе имаат можност да уживаат во уште 100-на анимирани записи во четири натпреварувачки програми.

Во главната селекција за најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 14 наслови.

The post Четири анимирани филмови на Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Иван Ивановски и Владимир Лукаш инспирирани од поезијата на Ацо Шопов го отворија Флипбук фестивалот appeared first on Република.

]]>

Во знак на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, вчера во Кинотека стартуваше Флипбук филм фестивал, културен настан којшто веќе четири години по ред го воздигнува анимираниот филм на едно повисоко ниво. Токму овој македонски поет од чие перо се испишани некои од најдобрите стихови на ова тло, беше инспирација за создавањето на четири анимирани омнибус филмови во режија на Жарко Иванов („Долго доаѓање на огнот"), Крсте Господиновски („Грозомор"),Иван Ивановски („Небиднина") и Владимир Лукаш („Во сонот на црната жена"). Анимацијата и поезијата совршено се испреплетија креирајќи оригинална филмска уметност. Првата вечер беа прикажани вкупно 14 кратки филмови, а во следните три дена посетителите ќе имаат можност да уживаат во уште 100-на анимирани записи во четири натпреварувачки програми. Во главната селекција за најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 14 наслови.

The post Четири анимирани филмови на Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Иван Ивановски и Владимир Лукаш инспирирани од поезијата на Ацо Шопов го отворија Флипбук фестивалот appeared first on Република.

]]>
„Флипбук филм фестивал 2023“ во знак на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/flipbuk-film-festival-2023-od-10-13-avgust-vo-znak-na-100-godishninata-od-raganeto-na-makedonskiot-poet-atso-shopov/ Thu, 10 Aug 2023 10:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=670229

Фестивалот за европски авторски анимирани филмови „Флипбук филм фестивал 2023“ ќе се одржи од 10 до 13 август 2023 година, во летното кино на Кинотеката на Македонија. Оваа година, фестивалот е во знакот на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов и е под покровителство на претседателот на Македонија. Фестивалот ќе биде отворен со премиерата на четири анимирани омнибус филмови инспирирани од творештвото на Шопов, во режија на Иван Ивановски, Крсте Господиновски, Владимир Лукаш и Жарко Иванов. Во другите три вечери ќе бидат прикажани близу 100 филма во четири натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм.
Во главната селекција за најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 14 наслови, најдобрите европски остварувања од минатата година: „Уанлув“ на руската авторка Варја Јаковлева, годинашниот победник на „Анимафест“, номинираниот за „оскар“ „Трговци со мраз“ на Португалецот Жоао Гонзалез и македонскиот анимиран филм „Безбојно огледало“ на Бесар Илјази. Во категоријата за најдобар студентски анимиран филм ќе се натпреваруваат вкупно 19 филма од хрватската, британската, унгарската и белгиската школа и два македонски филма, „Нонсенс“ на Ангела Грозданов, дипломски филм направен на Катедрата за анимација на „Еуропа прима“ во Скопје, и „Чил Стејси, Чил“, филм на Тамара Таскова направен на нејзините филмски студии во Словенија. Голем интерес на досегашните изданија на фестивалот предизвика натпреварувачката селекција на анимиран документарен филм, а меѓу десетте наслови, ќе бидат прикажани наградуваните „Сексуалниот живот на баба ми“ на Уршка Ѓукиќ, „Артефакти за тебе, артефакти за мене“ на Белгиецот Брехт де Кок, францускиот „Бокс Катерс“ на Наоми ван Ниекерк. Во селекција на анимирани музички спотови ќе бидат прикажани вкупно 19 анимирани видеа меѓу кои и два македонски, на Андреј Марјановиќ и Никола Радуловиќ.

За наградите од главната селекција и селекцијата на музички видеа ќе одлучуваат Надја Андрашев од Унгарија, продуцентка и режисерка на повеќе наградувани анимирани филмови, Марко Дјешка од Хрватска, наградуван режисер и стрип-автор и основач на познатото студио за анимација „Адријатик“, и Гоце Цветновски, македонски автор на анимирани и играни филмови. За наградите од селекцијата на анимирани документарци и студентската селекција ќе одлучуваат Михал Бобровски од Полска, професор и теоретичар на филм, автор и приредувач на неколку значајни книги од областа филмот, Арба Хаташи од Косово, директор на фестивалот за анимиран филм „Анибар“, и Наташа Андонова, македонска аниматорка, сликарка, илустраторка и филмска и театарска костимографка.
За време на фестивалот ќе бидат претставени изложби на цртежи и колажи од анимирани филмови и флип-бук тетратки изработени од учениците во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.

The post „Флипбук филм фестивал 2023“ во знак на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>

Фестивалот за европски авторски анимирани филмови „Флипбук филм фестивал 2023“ ќе се одржи од 10 до 13 август 2023 година, во летното кино на Кинотеката на Македонија. Оваа година, фестивалот е во знакот на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов и е под покровителство на претседателот на Македонија. Фестивалот ќе биде отворен со премиерата на четири анимирани омнибус филмови инспирирани од творештвото на Шопов, во режија на Иван Ивановски, Крсте Господиновски, Владимир Лукаш и Жарко Иванов. Во другите три вечери ќе бидат прикажани близу 100 филма во четири натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм. Во главната селекција за најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 14 наслови, најдобрите европски остварувања од минатата година: „Уанлув“ на руската авторка Варја Јаковлева, годинашниот победник на „Анимафест“, номинираниот за „оскар“ „Трговци со мраз“ на Португалецот Жоао Гонзалез и македонскиот анимиран филм „Безбојно огледало“ на Бесар Илјази. Во категоријата за најдобар студентски анимиран филм ќе се натпреваруваат вкупно 19 филма од хрватската, британската, унгарската и белгиската школа и два македонски филма, „Нонсенс“ на Ангела Грозданов, дипломски филм направен на Катедрата за анимација на „Еуропа прима“ во Скопје, и „Чил Стејси, Чил“, филм на Тамара Таскова направен на нејзините филмски студии во Словенија. Голем интерес на досегашните изданија на фестивалот предизвика натпреварувачката селекција на анимиран документарен филм, а меѓу десетте наслови, ќе бидат прикажани наградуваните „Сексуалниот живот на баба ми“ на Уршка Ѓукиќ, „Артефакти за тебе, артефакти за мене“ на Белгиецот Брехт де Кок, францускиот „Бокс Катерс“ на Наоми ван Ниекерк. Во селекција на анимирани музички спотови ќе бидат прикажани вкупно 19 анимирани видеа меѓу кои и два македонски, на Андреј Марјановиќ и Никола Радуловиќ. За наградите од главната селекција и селекцијата на музички видеа ќе одлучуваат Надја Андрашев од Унгарија, продуцентка и режисерка на повеќе наградувани анимирани филмови, Марко Дјешка од Хрватска, наградуван режисер и стрип-автор и основач на познатото студио за анимација „Адријатик“, и Гоце Цветновски, македонски автор на анимирани и играни филмови. За наградите од селекцијата на анимирани документарци и студентската селекција ќе одлучуваат Михал Бобровски од Полска, професор и теоретичар на филм, автор и приредувач на неколку значајни книги од областа филмот, Арба Хаташи од Косово, директор на фестивалот за анимиран филм „Анибар“, и Наташа Андонова, македонска аниматорка, сликарка, илустраторка и филмска и театарска костимографка. За време на фестивалот ќе бидат претставени изложби на цртежи и колажи од анимирани филмови и флип-бук тетратки изработени од учениците во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.

The post „Флипбук филм фестивал 2023“ во знак на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов appeared first on Република.

]]>