Флипбик филм фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flipbik-film-festival/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 08:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Флипбик филм фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flipbik-film-festival/ 32 32 „Флипбук филм фестивал“ заврши со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Предавања за филмскиот модернизам“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/flipbuk-film-festival-zavrshi-so-promotsija-na-monografijata-na-nikitsa-gilik-predavana-za-filmskiot-modernizam/ Mon, 12 Aug 2024 08:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=805704

Синоќа со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Predavanja o filmskom modernizmu“ (2024) во издание на Leykam International, Zagreb, Croatia заврши фестивалот на анимиран филм „Флипбук филм фестивал“

Новата авторска книга на професорот по филмологија и книжевен компаративист Никица Гилиќ, „Predavanja o filmskom modernizmu“, донесува фундаментални размислувања за филмскиот модернизам, типологијата на модернистичките филмови и анализи на одредени репрезентативни дела и опуси на играни, експериментални, анимирани и документарни филмови – од зрелите достигнувања на Томислав Готовац, преку загрепската школа за анимиран филм и авторски филмски класици – до Карл Тодор Драјер, Роберт Бресон, „Безбедно место“ на Јурје Леротиќ и филмовите на Стенли Кјубрик, браќата Коен, Дамир Чучиќ, Маја Дерен и други современи хрватски аниматори.

Целта на оваа монографија е да ги доближи модернизмот и постмодернизмот до филмските љубители, поради што авторот користи примери од делата на избраните автори, велат организаторите.

Книгата ја промовираа професор Александар Прокопиев и Жарко Иванов.

The post „Флипбук филм фестивал“ заврши со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Предавања за филмскиот модернизам“ appeared first on Република.

]]>

„Флипбук Филм Фестивал“ почнува денеска во Кинотека: Проекции на повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории https://arhiva3.republika.mk/scena/film/flipbuk-film-festival-pochnuva-deneska-vo-kinoteka-proektsii-na-poveke-od-100-animirani-filmovi-vo-nekolku-kategorii/ Thu, 08 Aug 2024 10:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=804546

На овогодинешното издание на Фестивалот кое започнува денес, 08.08 (четврток) во Кинотека на Македонија и ќе трае до 11 август, ќе бидат прикажани повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории. Освен проекциите на филмови и работилниците за производство на краток анимиран филм и флип бук, за време на четирите фестивалски денови ќе бидат промовирани и четири книги, две од нив проследени со изложби.

Филмовите се поделени во четири натпреварувачки селекции: главна, студентска, селекција на анимиран докуметарец и на анимирани музички видеа. Филмовите кои не влегоа во натпреварувачките селекции, а се подеднакво квалитетни и одговараат на критериумите на фестивалот, ќе бидат прикажани во европската панорама. Во главната селекција ќе бидат прикажани наградените филмови од светските филмски фестивали од изминатата година.

Флипбук Филм Фестивал е создаден од четири автори на анимиран филм: Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Владимир Лукаш и Иван Ивановски, со идеја на домашната публика да ѝ го претстават најдоброто од европскиот авторски анимиран филм, нешто што не може да биде видено на интернет, телевизија или на редовен кино репертоар.

Целата програма тука

The post „Флипбук Филм Фестивал“ почнува денеска во Кинотека: Проекции на повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории appeared first on Република.

]]>

На овогодинешното издание на Фестивалот кое започнува денес, 08.08 (четврток) во Кинотека на Македонија и ќе трае до 11 август, ќе бидат прикажани повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории. Освен проекциите на филмови и работилниците за производство на краток анимиран филм и флип бук, за време на четирите фестивалски денови ќе бидат промовирани и четири книги, две од нив проследени со изложби. Филмовите се поделени во четири натпреварувачки селекции: главна, студентска, селекција на анимиран докуметарец и на анимирани музички видеа. Филмовите кои не влегоа во натпреварувачките селекции, а се подеднакво квалитетни и одговараат на критериумите на фестивалот, ќе бидат прикажани во европската панорама. Во главната селекција ќе бидат прикажани наградените филмови од светските филмски фестивали од изминатата година. Флипбук Филм Фестивал е создаден од четири автори на анимиран филм: Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Владимир Лукаш и Иван Ивановски, со идеја на домашната публика да ѝ го претстават најдоброто од европскиот авторски анимиран филм, нешто што не може да биде видено на интернет, телевизија или на редовен кино репертоар. Целата програма тука

The post „Флипбук Филм Фестивал“ почнува денеска во Кинотека: Проекции на повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории appeared first on Република.

]]>