флешери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flesheri/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 13:32:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png флешери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flesheri/ 32 32 Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-ministerka-so-makedonsko-poteklo-podnese-ostavka-zashto-nedozvoleo-koristela-flesheri-na-sluzhbenoto-vozilo-za-da-pomine-pobrzo/ Fri, 27 Sep 2024 13:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=820315

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба.

Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката.

Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева.

Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата.

Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење.

Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство.

Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

The post Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо appeared first on Република.

]]>

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба. Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката. Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева. Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата. Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење. Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство. Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

The post Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо appeared first on Република.

]]>
За користење флешери и непрописно вградени фолии казнети 136 возачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-koristene-flesheri-i-nepropisno-vgradeni-folii-kazneti-136-vozachi/ Fri, 06 Oct 2023 08:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=688442

Санкционирани се 136 учесници во сообраќајот во периодот од 01.09.2023 до 30.09.2023 во спроведената од сртана на Министерството за внатрешни работи акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 136 учесници во сообраќајот, од кои 133 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и три санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираа денеска од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post За користење флешери и непрописно вградени фолии казнети 136 возачи appeared first on Република.

]]>

Санкционирани се 136 учесници во сообраќајот во периодот од 01.09.2023 до 30.09.2023 во спроведената од сртана на Министерството за внатрешни работи акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 136 учесници во сообраќајот, од кои 133 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и три санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираа денеска од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post За користење флешери и непрописно вградени фолии казнети 136 возачи appeared first on Република.

]]>
Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kocevski-dali-makedonski-telekom-vo-2021-godina-mu-prodava-crn-mercedes-so-tablichki-sk-0202-ap-na-nazim-bushi/ Sat, 10 Dec 2022 14:27:33 +0000 https://republika.mk/?p=584009

Како што претпоставивме МВР на Спасовски продолжува со молкот за дивеењето во Скопје со приватно возило со флешери, кое според нашите сознанија било управувано од Ќерим Буши, син на заменик министерот во МВР, Назим Буши, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски.

Како што веќе рековме ќе продолжиме да објавуваме детали. Уште еднаш прашуваме дали регистарските ознаки СК 0202 АП кои биле официјални таблички на мерцедесот со флешери сега постојат? И ако не, зошто не? Воедно го прашуваме Македонски телеком дали им се познати регистарските таблички СК 0202 АП, и дали тие биле таблиците на црниот мерцедес 350 компакт кој тие го купиле во 2017-та година, како службено за Назим Буши? Македонски телеком треба да одговори дотолку повеќе што во бордот на директори седат луѓе назначени од владата како Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Дардишта. Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? Ова се лесно проверливи работи и очекуваме одговор. Мерцедесот на синот на Буши е купен од телеком, а потоа даден на Буши. Одиме понатаму. Дали Назим Буши истото возило го дава на битолската фирма во сопственост на негови роднини, во чија сопственост било возилото на денот на инцидентот? Кого штити овде Спасовски? Одговорот на овие прашања им е познат на МВР. Зошто досега не е постапено? И дали целиот случај треба да заврши со казна за заменикот началник на СВР Скопје кој интервенирал за возилото да биде пуштено? Дали Оливер Спасовски молчи и не смее да одговори на овие прашања, затоа што се плаши да не ја наруши коалицијата СДС – ДУИ? Се држи ли МВР заложник за функционирањето на криминалната влада? Прашува Коцевски.

Наместо заташкување на случајот со казна на полициски службеници, веднаш оставки од Назим Буши и Оливер Спасовски, додава тој.

The post Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? appeared first on Република.

]]>

Како што претпоставивме МВР на Спасовски продолжува со молкот за дивеењето во Скопје со приватно возило со флешери, кое според нашите сознанија било управувано од Ќерим Буши, син на заменик министерот во МВР, Назим Буши, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски. Како што веќе рековме ќе продолжиме да објавуваме детали. Уште еднаш прашуваме дали регистарските ознаки СК 0202 АП кои биле официјални таблички на мерцедесот со флешери сега постојат? И ако не, зошто не? Воедно го прашуваме Македонски телеком дали им се познати регистарските таблички СК 0202 АП, и дали тие биле таблиците на црниот мерцедес 350 компакт кој тие го купиле во 2017-та година, како службено за Назим Буши? Македонски телеком треба да одговори дотолку повеќе што во бордот на директори седат луѓе назначени од владата како Зоран Китанов, Нина Ангеловска и Дардишта. Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? Ова се лесно проверливи работи и очекуваме одговор. Мерцедесот на синот на Буши е купен од телеком, а потоа даден на Буши. Одиме понатаму. Дали Назим Буши истото возило го дава на битолската фирма во сопственост на негови роднини, во чија сопственост било возилото на денот на инцидентот? Кого штити овде Спасовски? Одговорот на овие прашања им е познат на МВР. Зошто досега не е постапено? И дали целиот случај треба да заврши со казна за заменикот началник на СВР Скопје кој интервенирал за возилото да биде пуштено? Дали Оливер Спасовски молчи и не смее да одговори на овие прашања, затоа што се плаши да не ја наруши коалицијата СДС – ДУИ? Се држи ли МВР заложник за функционирањето на криминалната влада? Прашува Коцевски. Наместо заташкување на случајот со казна на полициски службеници, веднаш оставки од Назим Буши и Оливер Спасовски, додава тој.

The post Коцевски: Дали Македонски телеком во 2021 година му продава црн мерцедес со таблички СК 0202 АП на Назим Буши? appeared first on Република.

]]>
МВР го расчисти случај со возилто со флешери: Синот на Буши никаде не се споменува https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-go-raschisti-sluchaj-so-vozilto-so-flesheri-sinot-na-bushi-nikade-ne-se-spomenuva/ Tue, 06 Dec 2022 16:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=582654

 Од Министерството за внатрешни работии соопштија дека, по извршени детални проверки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, комплетно е расчистен случајот со нелегалното користење на т.н. флешери, за кој во јавноста беа пласирани низа шпекулации.-Од обезбедените видео снимки и други службени материјали, утврден е идентитетот на возачот  Г.К. (29), кој управувал возило кое е во сопственост на правно лице. На Г.К. во полициска станица му е изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност во сообраќајот и поведена е прекршочна постапка против правното лице и одговорното лице. Исто така, по извршена контрола врз возилото во полициска станица, утврдено е дека се отстранети нелегално поставените флешери, информираа од МВР.

Од Министерството наведоа дека по детални проверки на службените материјали, како и преглед на видео материјал и фотографии, констатирано е дека на 26 ноември 2022 во 17.25 часот во СВР Скопје е добиена анонимна пријава дека патничко возило „мерцедес“  со скопски регистерски таблички со голема брзина и вклучени флешери се движи од Качанички пат кон Скопје, по што се известени службите на терен за да го запрат возилото.

– Но, по неколку минути, В.А., раководно лице во СВР Скопје, дал насоки да се повлече објавата односно да не се запира возилото затоа што, како што кажал, било службено, и со тоа довел во заблуда двајца полициски службеници од Центарот за известување и команда, кои без проверка ја повлекле објавата и ја запреле потрагата по возилото. Против тројцата се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, додадоа од МВР. 

The post МВР го расчисти случај со возилто со флешери: Синот на Буши никаде не се споменува appeared first on Република.

]]>

 Од Министерството за внатрешни работии соопштија дека, по извршени детални проверки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, комплетно е расчистен случајот со нелегалното користење на т.н. флешери, за кој во јавноста беа пласирани низа шпекулации.-Од обезбедените видео снимки и други службени материјали, утврден е идентитетот на возачот  Г.К. (29), кој управувал возило кое е во сопственост на правно лице. На Г.К. во полициска станица му е изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност во сообраќајот и поведена е прекршочна постапка против правното лице и одговорното лице. Исто така, по извршена контрола врз возилото во полициска станица, утврдено е дека се отстранети нелегално поставените флешери, информираа од МВР. Од Министерството наведоа дека по детални проверки на службените материјали, како и преглед на видео материјал и фотографии, констатирано е дека на 26 ноември 2022 во 17.25 часот во СВР Скопје е добиена анонимна пријава дека патничко возило „мерцедес“  со скопски регистерски таблички со голема брзина и вклучени флешери се движи од Качанички пат кон Скопје, по што се известени службите на терен за да го запрат возилото.
– Но, по неколку минути, В.А., раководно лице во СВР Скопје, дал насоки да се повлече објавата односно да не се запира возилото затоа што, како што кажал, било службено, и со тоа довел во заблуда двајца полициски службеници од Центарот за известување и команда, кои без проверка ја повлекле објавата и ја запреле потрагата по возилото. Против тројцата се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, додадоа од МВР. 

The post МВР го расчисти случај со возилто со флешери: Синот на Буши никаде не се споменува appeared first on Република.

]]>
Kaзнeти „фраери“ со фолии на автомобилите и флешери https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-fraeri-so-folii-na-avtomobilite-i-flesheri/ Mon, 30 May 2022 12:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=508775

Во периодот од 23.05.2022 до 29.05.2022 е  спроведена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата, соопштија денеска од МВР, санкционирани се 25 учесници во сообраќајот, од кои 24 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови

The post Kaзнeти „фраери“ со фолии на автомобилите и флешери appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 23.05.2022 до 29.05.2022 е  спроведена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата, соопштија денеска од МВР, санкционирани се 25 учесници во сообраќајот, од кои 24 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови

The post Kaзнeти „фраери“ со фолии на автомобилите и флешери appeared first on Република.

]]>