флејта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flejta/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jun 2024 07:39:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png флејта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flejta/ 32 32 Промоција на полската култура преку звуците на пијано и флејта https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-polskata-kultura-preku-zvutsite-na-pijano-i-flejta/ Sat, 15 Jun 2024 07:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=787743

„По патеката на полскиот соноризам“ е насловен концертот на пијанистката Емилиа Каролина Ситарз и флејтистката Ева Либшен преку кој вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе презентираат полски ремек дела од 20 и 21 век.

Покрај музичкиот настап, Центарот за култура соопшти дека двете уметници ќе одржат работилница и предавање во соработка со Средното музичко училиште од Струга.

Емилиа Каролина Ситарз е пијанист, уметнички директор на фестивалот Квадрофоник и серијата СРЦА - Концерти за истражување, едукатор. Иницијатор е на едукативната програма за деца со попреченост и од спектарот на аутизам, добитник на најважните полски културни награди, како што се Koryfeusz, Paszport Polityki, Fryderyk, Złota Płyta, Folkowy Fonogram Roku.

Со флејтистката Ева Либшен, таа формирала дуо што изведува современа музика. Во 2024 година, тие заеднички добија грант од Министерството за култура и национално наследство во категоријата „Промоција на полската култура во странство“.

Ева Либшен е една од водечките експоненти на современата флејта во Полска, која има изведено широк опсег на репертоар, вклучително и музика на врвната модерна техника на флејта. Фокусирана на камерна музика, таа се појави со многу групи и ансамбли специјализирани за нова музика. Изведува и промовира музика од бројни полски композитори, а многу од тие дела се нарачани и напишани за неа. сс/хс/

 

The post Промоција на полската култура преку звуците на пијано и флејта appeared first on Република.

]]>

„По патеката на полскиот соноризам“ е насловен концертот на пијанистката Емилиа Каролина Ситарз и флејтистката Ева Либшен преку кој вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ ќе презентираат полски ремек дела од 20 и 21 век. Покрај музичкиот настап, Центарот за култура соопшти дека двете уметници ќе одржат работилница и предавање во соработка со Средното музичко училиште од Струга. Емилиа Каролина Ситарз е пијанист, уметнички директор на фестивалот Квадрофоник и серијата СРЦА - Концерти за истражување, едукатор. Иницијатор е на едукативната програма за деца со попреченост и од спектарот на аутизам, добитник на најважните полски културни награди, како што се Koryfeusz, Paszport Polityki, Fryderyk, Złota Płyta, Folkowy Fonogram Roku. Со флејтистката Ева Либшен, таа формирала дуо што изведува современа музика. Во 2024 година, тие заеднички добија грант од Министерството за култура и национално наследство во категоријата „Промоција на полската култура во странство“. Ева Либшен е една од водечките експоненти на современата флејта во Полска, која има изведено широк опсег на репертоар, вклучително и музика на врвната модерна техника на флејта. Фокусирана на камерна музика, таа се појави со многу групи и ансамбли специјализирани за нова музика. Изведува и промовира музика од бројни полски композитори, а многу од тие дела се нарачани и напишани за неа. сс/хс/  

The post Промоција на полската култура преку звуците на пијано и флејта appeared first on Република.

]]>