Фламенко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flamenko/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 14:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фламенко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/flamenko/ 32 32 „Љубов, страст – фламенко“ со оркестарот на Македонската филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lubov-strast-flamenko-so-orkestarot-na-makedonskata-filharmonija/ Mon, 12 Feb 2024 09:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=743062

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко пејачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера.

 Оваа година, традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените го посветивме на исклучителната шпанска форма на танц, песна, инструментална изведба – неповторливото и секогаш возбудливо ФЛАМЕНКО! Во срцето на шпанското фламенко е т.н. „канте“, односно традиционалната форма на песна инспирирана од животот на Циганите во јужна Шпанија. Оваа форма на песна/пеење е динамичка, застрашувачка, екстатична, но во исто време и спонтана и медитативна. Во музиката има драматични промени на расположенија, динамика и темпо што бараат внимание и емпатија. Станува збор за т.н. „длабока песна“, како што ја нарекол познатиот шпански поет и композитор Федерико Гарсија Лорка“ – велат од Филхармонија.

Родена во Гранада, Марина Ередија пее уште од нејзиното детство. На тринаесет години пее на фламенко-албумот за деца „Malgré la nuit“. Соработувала со познати шпански фламенко-уметници како Аркангел и Ева Јербабуена, и на уметнички проекти како во операта „De amore“ од Маурицио Сотело, која премиерно беше изведена во престижниот аудиториум „Карл Орф“ во Минхен и во театарот Зарзуела во Мадрид. Оттогаш нејзината кариера ја води на најзначајните светски сцени како: Театарот де ла Маестранца во Севиља, Гранд театарот во Кордоба, Карнеги хол во Њујорк, Палатата на музиката во Стразбур, Кристалната палата во Порто. Марина Ередија важи за една од најдобрите изведувачки на маестралното дело „Љубов волшебничка“ од Мануел де Фаља. Меѓу другите, настапувала со Симфониските оркестри на Сан Франциско и Чикаго, под диригентската палка на Пабло Херас-Касадо, кој исто така беше заедно со неа на подиумот со Оркестарот на Сент Лука во Карнеги хол во Њујорк, каде што добија стоечки овации. Марина Ередија беше дел и од новата поставка на „Љубов волшебничка“ на познатата шпанска театарска група „Ла фура дел баус“, која премиерно беше изведена на затворањето на фестивалот во Гранада, под диригентската палка на Мануел Хернандез- Силва. Настапувала на најпрестижните фламенко-фестивали во Шпанија, на сцените во Кина, Уругвај, Франција, Португалија, Германија, Велика Британија, Мароко, САД. Во 2004 година ја добива наградата „Андалузиската младина за уметноста“, за нејзината улога во промовирањето на андалузиското фламенко во светот. За нејзиниот фламенко-албум со нови класични песни, ја доби наградата за најдобар фламенко-албум.

Кристијан Васкез е еден од најпрофилираните музички таленти од Венецуела, кој гради успешна интернационална кариера. Познат по својата харизма на сцената и по моќните изведби и музичкиот интегритет, Васкез продолжува да го привлекува вниманието на светската јавност како еден од највпечатливите диригенти на денешнината. Во сезоната 2013-2014 година Васкез станува шеф-диригент на Филхармонискиот оркестар во Ставангер (Норвешка), со кој потпишува четиригодишен договор, кој му е продолжен уште две години – до 2019 година. Со него оркестарот беше на неколку исклучителни турнеи во Скандинавија, Русија, Германија и Холандија.

Васкез е музички директор и на младинскиот оркестар „Тереса Карено“ од Венецуела, со кој реализирал гостувања и настапи во Лондон, Берлин, Лисабон, Хамбург, Милано, Виена, Амстердам, Салцбург. Неговото прво појавување во Европа беше настапот со Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска, каде што беше назначен за гостин шеф-диригент од 2010 до 2013 година. Како диригент настапувал со Виенскиот радио-симфониски оркестар, Филхармонијата на Ротердам, Камерата Салцбург, Рускиот државен симфониски оркестар, Токиската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Сингапур и други. Во 2010 година дебитира со Израелската филхармонија, на покана од Зубин Мехта. Во изминативе години активно настапува со водечките симфониски оркестри во светот, а му беше асистент диригент и на Густаво Дудамел во поставувањето на новата продукција на Моцартовата опера „Свадбата на Фигаро“ во Париската опера, како и во поставувањето на Вагнеровата „Тристан и Изолда“, на истата оперска сцена. Васкез соработувал со врвни музичари како диригентот Сајмон Ратл, виолинистот Франк Петер Цимерман, трубачот Пачо Флорес, меѓу останатите – и со нашиот најдобар пијанист Симон Трпчески.

The post „Љубов, страст – фламенко“ со оркестарот на Македонската филхармонија appeared first on Република.

]]>

„Љубов, страст – фламенко!”за Денот на вљубените во Филхамронија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lubov-strast-flamenko-za-denot-na-vlubenite-vo-filhamronija/ Mon, 05 Feb 2024 13:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=740574

Филхармонија на 15 февраури, четврток го најавува „Љубов, страст - фламенко!” традиционален концерт по повод Денот на вљубените со една од најзначајните шпански фламенко вокалистки - Марина Хередија.

Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а на програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера. Фламенко е повеќе од композиција, изведба, звук, ритам. Фламенко е поезија, чиста енергија, молитва, бунт, живот и историја.

Програма:
Ф. Г. Лорка: „Четири стари шпански песни“, орк. Х. Тригерос
М. де Фаља: „Љубов волшебничка“ („El Amor Brujo“) – верзија од 1925 г. за соло вокал и оркестар
– пауза –
М. де Фаља: „Трирогата шапка“ („El Sombrero de Tres Picos“) – свита бр.2
А. Гинастера: „Естанција“: четири танци, оп. 8а

The post „Љубов, страст – фламенко!”за Денот на вљубените во Филхамронија appeared first on Република.

]]>

Филхармонија на 15 февраури, четврток го најавува „Љубов, страст - фламенко!” традиционален концерт по повод Денот на вљубените со една од најзначајните шпански фламенко вокалистки - Марина Хередија. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а на програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера. Фламенко е повеќе од композиција, изведба, звук, ритам. Фламенко е поезија, чиста енергија, молитва, бунт, живот и историја. Програма: Ф. Г. Лорка: „Четири стари шпански песни“, орк. Х. Тригерос М. де Фаља: „Љубов волшебничка“ („El Amor Brujo“) – верзија од 1925 г. за соло вокал и оркестар – пауза – М. де Фаља: „Трирогата шапка“ („El Sombrero de Tres Picos“) – свита бр.2 А. Гинастера: „Естанција“: четири танци, оп. 8а