ФК Шкупи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fk-shkupi/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Sep 2024 18:41:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФК Шкупи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fk-shkupi/ 32 32 Мирков повеќе не е тренер на Шкупи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mirkov-poveke-ne-e-trener-na-shkupi/ Sun, 29 Sep 2024 20:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=820814

Матија Мирков, по денешниот пораз од Работнички, поднесе оставка од позицијата главен тренер на Шкупи, имајќи ги предвид резултатите и сметајќи дека за клубот во овој момент е најдобро да се повлече, објави прволигашот од Чаир.

Управниот одбор на клубот известува дека ја прифатил оставката на тренерот Матија Мирков, благодарејќи му за досегашниот придонес како помошен тренер, но и како главен тренер, и му посакува многу успех во неговата кариера.

Матија Мирков секогаш ќе остане дел од нашето семејство. Ти Благодариме, стои во соопштението на Шкупи.

Тренерот Мирков, во образложението на оставката вели дека дал максимално се залагал за време на тренерската работа во Шкупи и му посака на тимот повеќе успех во понатамошниот дел од сезоната.

The post Мирков повеќе не е тренер на Шкупи appeared first on Република.

]]>

Матија Мирков, по денешниот пораз од Работнички, поднесе оставка од позицијата главен тренер на Шкупи, имајќи ги предвид резултатите и сметајќи дека за клубот во овој момент е најдобро да се повлече, објави прволигашот од Чаир. Управниот одбор на клубот известува дека ја прифатил оставката на тренерот Матија Мирков, благодарејќи му за досегашниот придонес како помошен тренер, но и како главен тренер, и му посакува многу успех во неговата кариера. Матија Мирков секогаш ќе остане дел од нашето семејство. Ти Благодариме, стои во соопштението на Шкупи. Тренерот Мирков, во образложението на оставката вели дека дал максимално се залагал за време на тренерската работа во Шкупи и му посака на тимот повеќе успех во понатамошниот дел од сезоната.

The post Мирков повеќе не е тренер на Шкупи appeared first on Република.

]]>
Шкупи апелира: Ниту еден наш навивач да не патува во Софија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shkupi-apelira-nitu-eden-nash-navivach-da-ne-patuva-vo-sofija/ Mon, 31 Jul 2023 19:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=667398

Македонскиот претставник во Конференциската лига Шкупи објави дека нема да организира навивачкиот карван на реваншот во Софија против Левски и воедно ги повика своите приврзаници во никој случај да не патуваат самоиницијативно в четврток на дуелот во Бугарија.

Одлуката, како што е соопштено доаѓа по денешниот состанок во Скопје меѓу претставници на македонското Министерство за внатрешни работи, УЕФА и клубот Шкупи.

На состанокот беше потврдено дека нема да биде дозволено присуство на наши навивачи. Ниту еден навивач од нашата држава нема да може да влезе на стадионот, дури и да има билет за натпреварот, се наведува во клупското соопштение.

Македонскиот клуб посочи дека за оваа одлука се известени и водачите на навивачката група „Шверцери“.

Нема да биде определен простор за гостински навивачи и секој што ќе сака да влезе на натпреварот, ќе мора да приложи документ за идентификација. Оваа информација ја споделивме и со навивачката група „Шверцери“, кои се свесни дека патувањето во Софија е невозможно. Шкупи апелира никој да не патува во Бугарија на натпреварот против Левски од Софија, соопшти Шкупи.

Одлуката да се игра без гостински навивачи на реваншот меѓу Левски и Шкупи во рамки на второто коло во Конференциската лига доаѓа по инцидентите што се случија на првиот натпревар во Скопје на кој допатуваа околу 900 навивачи на бугарскиот клуб.

Македонската полиција приведе 21 лице, од кои 19 бугарски навивачи, за нарушување на јавниот ред и мир, а еден навивач на Левски беше прободен со нож во инцидент во Чаир.

Повредениот бугарски државјанин сè уште е хоспитализиран во Скопје и е надвор од животна опасност.

The post Шкупи апелира: Ниту еден наш навивач да не патува во Софија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот претставник во Конференциската лига Шкупи објави дека нема да организира навивачкиот карван на реваншот во Софија против Левски и воедно ги повика своите приврзаници во никој случај да не патуваат самоиницијативно в четврток на дуелот во Бугарија. Одлуката, како што е соопштено доаѓа по денешниот состанок во Скопје меѓу претставници на македонското Министерство за внатрешни работи, УЕФА и клубот Шкупи.
На состанокот беше потврдено дека нема да биде дозволено присуство на наши навивачи. Ниту еден навивач од нашата држава нема да може да влезе на стадионот, дури и да има билет за натпреварот, се наведува во клупското соопштение.
Македонскиот клуб посочи дека за оваа одлука се известени и водачите на навивачката група „Шверцери“.
Нема да биде определен простор за гостински навивачи и секој што ќе сака да влезе на натпреварот, ќе мора да приложи документ за идентификација. Оваа информација ја споделивме и со навивачката група „Шверцери“, кои се свесни дека патувањето во Софија е невозможно. Шкупи апелира никој да не патува во Бугарија на натпреварот против Левски од Софија, соопшти Шкупи.
Одлуката да се игра без гостински навивачи на реваншот меѓу Левски и Шкупи во рамки на второто коло во Конференциската лига доаѓа по инцидентите што се случија на првиот натпревар во Скопје на кој допатуваа околу 900 навивачи на бугарскиот клуб. Македонската полиција приведе 21 лице, од кои 19 бугарски навивачи, за нарушување на јавниот ред и мир, а еден навивач на Левски беше прободен со нож во инцидент во Чаир. Повредениот бугарски државјанин сè уште е хоспитализиран во Скопје и е надвор од животна опасност.

The post Шкупи апелира: Ниту еден наш навивач да не патува во Софија appeared first on Република.

]]>
Шкупи го „торпедираше“ Работнички, Струга со седма победа во низа https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shkupi-go-torpedirashe-rabotnichki-struga-so-sedma-pobeda-vo-niza/ Sun, 11 Sep 2022 17:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=549815

Во првиот меч по враќањето на Гоце Седлоски на клупата, шампионот Шкупи стигна до доминантна 5:0 победа над Работнички во скопското дерби, додека лидерот Струга на Срѓан Захариевски ја продолжи победничката низа со 3:0 победа над Скопје и сега имаат седум победи во првите седум кола.

Гаги Маргвелашвили го отвори резултатот уште во петтата минута, а текот на мечот беше одлучен само четири минути подоцна Фати Исмаили доби црвен картон, оставајќи ги гостите со играч помалку. Шкупи го искористи ова и Реналдо Кефас во 28. минута зголеми на 2:0, Пепи Георгиев десет минути подоцна осигура 3:0 водство, за Кевен во 40. минута да обезеди 4:0 водство на полувреме. Фреди Алварез во 78. минута ја комплетираше „петардата“.

Во Струга пак, Малески (33.), Ибраими (52.) и Шабани (71.) донесоа нови три поени за домаќините против Скопје, за сега да имаат 21 поен на врвот на табелата, седум пред Силекс, 10 пред Шкендија и 11 пред Шкупи по седум меча. Шкендија и Шкупи имаат еден меч помалку.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО
Победа – Брегалница 1:0
Шкупи – Работнички 5:0
Струга – Скопје 3:0
Тиквеш – Академија Пандев 2:1

The post Шкупи го „торпедираше“ Работнички, Струга со седма победа во низа appeared first on Република.

]]>

Во првиот меч по враќањето на Гоце Седлоски на клупата, шампионот Шкупи стигна до доминантна 5:0 победа над Работнички во скопското дерби, додека лидерот Струга на Срѓан Захариевски ја продолжи победничката низа со 3:0 победа над Скопје и сега имаат седум победи во првите седум кола. Гаги Маргвелашвили го отвори резултатот уште во петтата минута, а текот на мечот беше одлучен само четири минути подоцна Фати Исмаили доби црвен картон, оставајќи ги гостите со играч помалку. Шкупи го искористи ова и Реналдо Кефас во 28. минута зголеми на 2:0, Пепи Георгиев десет минути подоцна осигура 3:0 водство, за Кевен во 40. минута да обезеди 4:0 водство на полувреме. Фреди Алварез во 78. минута ја комплетираше „петардата“. Во Струга пак, Малески (33.), Ибраими (52.) и Шабани (71.) донесоа нови три поени за домаќините против Скопје, за сега да имаат 21 поен на врвот на табелата, седум пред Силекс, 10 пред Шкендија и 11 пред Шкупи по седум меча. Шкендија и Шкупи имаат еден меч помалку. ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО Победа – Брегалница 1:0 Шкупи – Работнички 5:0 Струга – Скопје 3:0 Тиквеш – Академија Пандев 2:1

The post Шкупи го „торпедираше“ Работнички, Струга со седма победа во низа appeared first on Република.

]]>
Лига Европа: Шкупи поразен од ирски Шамрок https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/liga-evropa-shkupi-porazen-od-irski-shamrok/ Fri, 05 Aug 2022 06:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=536913

Македонскиот фудбалски првак Шкупи загуби со 3-1 (2-0) на гостувањето вечерва во Даблин од Шамрок Роверс во рамки на 3. квалификациско коло во Лига Европа.

Домаќините под силна поддршка од навивачите на целосно исполнетиот стадион „Тала“ во јужен Даблин поведоа преку Барк од пенал во 13 минута, а Вотс ја удвои предноста на ирскиот тим во 29 минута.

Македонскиот состав заигра многу подобро во вториот дел и преку бразилскиот интернационалец Куевен ја преполови негативата во 77 минута, а домашниот тим до крајот на натпреварот ја искористи предноста од играч повеќе по исклучувањето на Хамиди во 84 минута и со гол во седмата минута од судиското продолжение преку О‘ Нил обезбеди предност од два гола за реваншот во Скопје идниот четврток.

The post Лига Европа: Шкупи поразен од ирски Шамрок appeared first on Република.

]]>

Македонскиот фудбалски првак Шкупи загуби со 3-1 (2-0) на гостувањето вечерва во Даблин од Шамрок Роверс во рамки на 3. квалификациско коло во Лига Европа. Домаќините под силна поддршка од навивачите на целосно исполнетиот стадион „Тала“ во јужен Даблин поведоа преку Барк од пенал во 13 минута, а Вотс ја удвои предноста на ирскиот тим во 29 минута. Македонскиот состав заигра многу подобро во вториот дел и преку бразилскиот интернационалец Куевен ја преполови негативата во 77 минута, а домашниот тим до крајот на натпреварот ја искористи предноста од играч повеќе по исклучувањето на Хамиди во 84 минута и со гол во седмата минута од судиското продолжение преку О‘ Нил обезбеди предност од два гола за реваншот во Скопје идниот четврток.

The post Лига Европа: Шкупи поразен од ирски Шамрок appeared first on Република.

]]>
Само албански знамиња истакнати на мечот Шкупи-Пандев, инспекцијата e повикана да реагира https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/samo-albanski-znaminja-istaknati-na-mechot-shkupi-pandev-inspekcijata-e-povikana-da-reagira/ Sat, 28 May 2022 09:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=507922

Левица поднесе Иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до Агенцијата за млади и спорт, а против ФК Шкупи и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Како што информира Левица, од страна на навивачката група на ФК Шкупи, на фудбалскиот натпревар против ФК Академија Пандев, кој се одржа на ден 17.05.2022 година, беа истакнати знамиња на соседна Република Албанија, а не беше истакнато знамето на Република Македонија, кое е задолжително да се истакне.

Со ваквите постапки, додаваат, се прекршуваат член 7, член 15, 16 и 17 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.

Член 7 предвидува: „При официјални државни посети и меѓународни манифестации од политички, научен, културно-уметнички, спортски и друг карактер, заедно со грбот, знамето и химната на Република Македонија истовремено се истакнуваат, односно изведуваат и грбот, знамето и химната на друга држава и меѓународна организација, во согласност со одредбите на овој Закон“. Согласно член 30 од истиот закон, со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице ако не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија согласно одредбите од чл. 7 на овој закон. Согласно актите на ФФМ, присуството на државниот симбол е задолжителен на сите средби под ингеренции на ФФМ. Со конкретните дејствија, ФФМ го прекршиле член 7 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Од тие причини, преку оваа Иницијатива до Агенцијата за млади и спорт, Левица бара веднаш да се спроведе вонреден инспекциски надзор и да бидат преземени сите законски дејствија, а по утврдената фактичка состојба, да се донесат соодветни управни акти со што би се санкционирале и спречиле понатамошни непочитувања и постапувања спротивни на Уставот, законите и подзаконските акти, пишува во партиското соопштение.

The post Само албански знамиња истакнати на мечот Шкупи-Пандев, инспекцијата e повикана да реагира appeared first on Република.

]]>

Левица поднесе Иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до Агенцијата за млади и спорт, а против ФК Шкупи и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Како што информира Левица, од страна на навивачката група на ФК Шкупи, на фудбалскиот натпревар против ФК Академија Пандев, кој се одржа на ден 17.05.2022 година, беа истакнати знамиња на соседна Република Албанија, а не беше истакнато знамето на Република Македонија, кое е задолжително да се истакне. Со ваквите постапки, додаваат, се прекршуваат член 7, член 15, 16 и 17 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.
Член 7 предвидува: „При официјални државни посети и меѓународни манифестации од политички, научен, културно-уметнички, спортски и друг карактер, заедно со грбот, знамето и химната на Република Македонија истовремено се истакнуваат, односно изведуваат и грбот, знамето и химната на друга држава и меѓународна организација, во согласност со одредбите на овој Закон“. Согласно член 30 од истиот закон, со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице ако не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија согласно одредбите од чл. 7 на овој закон. Согласно актите на ФФМ, присуството на државниот симбол е задолжителен на сите средби под ингеренции на ФФМ. Со конкретните дејствија, ФФМ го прекршиле член 7 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Од тие причини, преку оваа Иницијатива до Агенцијата за млади и спорт, Левица бара веднаш да се спроведе вонреден инспекциски надзор и да бидат преземени сите законски дејствија, а по утврдената фактичка состојба, да се донесат соодветни управни акти со што би се санкционирале и спречиле понатамошни непочитувања и постапувања спротивни на Уставот, законите и подзаконските акти, пишува во партиското соопштение.

The post Само албански знамиња истакнати на мечот Шкупи-Пандев, инспекцијата e повикана да реагира appeared first on Република.

]]>
Премиерот меѓу „шверцерите“: Ковачевски, Ахмети, Џафери и Груби ја следеа прославата на ФК Шкупи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/premierot-megju-shvercerite-kovachevski-ahmeti-dzaferi-i-grubi-ja-sledea-proslavata-na-fk-shkupi/ Sun, 15 May 2022 19:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=502650

Екипата на Шкупи официјално е прогласена за шампион на Македонија. На полниот „Чаир“ тимот на Седлоски ја доби титулата, а вечерва се слави на големо. Низ улиците на главниот град, фудбалерите и стручниот штаб ја прославија титулата. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, во друштво на „шверцерите“ Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери беше на трибините и ја бодреше екипата од Чаир.

Инаку, екипата на ФК Шкупи е новиот фудбалски првак на Македонија, а во денешниот дуел клубот со убедливи 3-0 го победи тимот на Академија Пандев.

The post Премиерот меѓу „шверцерите“: Ковачевски, Ахмети, Џафери и Груби ја следеа прославата на ФК Шкупи appeared first on Република.

]]>

Екипата на Шкупи официјално е прогласена за шампион на Македонија. На полниот „Чаир“ тимот на Седлоски ја доби титулата, а вечерва се слави на големо. Низ улиците на главниот град, фудбалерите и стручниот штаб ја прославија титулата. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, во друштво на „шверцерите“ Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери беше на трибините и ја бодреше екипата од Чаир. Инаку, екипата на ФК Шкупи е новиот фудбалски првак на Македонија, а во денешниот дуел клубот со убедливи 3-0 го победи тимот на Академија Пандев.

The post Премиерот меѓу „шверцерите“: Ковачевски, Ахмети, Џафери и Груби ја следеа прославата на ФК Шкупи appeared first on Република.

]]>
Шверцери го запалија стадионот на Шкупи, прославуваат шампионска титула https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/po-incidentite-vo-tetovo-fakeli-vo-chair-shverceri-go-zapalija-stadionot-na-shkupi-proslavuvaat-shampionska-titula/ Sun, 08 May 2022 20:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=499666

Екипата на Шкупи го преживеа гостувањето кај Шкендија. Мечот заврши и покрај тоа што имаше многу инциденти пред и за време на натпреварот во Тетово. Навивачите на Шкупи најавија присуство во Тетово, но не им беше дозволено.

Шкупи одигра 0:0 на гостувањето кај Шкендија, а со оглед на тоа дека на „Шверцери“не им беше дозволено да присуствуваат на овој меч, тие одлучија да направат фешта на својот стадион во Чаир. Со пиротехнички средства и шампионска песна ги пречекаа фудбалерите од Тетово и ја славеа титулата обезбедена уште во минатото коло.

Фудбалерите на Шкупи ја обезбедија шампионската титула уште во минатото коло, а денес после натпреварот против на Чаир се слави шампионската титула.

The post Шверцери го запалија стадионот на Шкупи, прославуваат шампионска титула appeared first on Република.

]]>

Екипата на Шкупи го преживеа гостувањето кај Шкендија. Мечот заврши и покрај тоа што имаше многу инциденти пред и за време на натпреварот во Тетово. Навивачите на Шкупи најавија присуство во Тетово, но не им беше дозволено. Шкупи одигра 0:0 на гостувањето кај Шкендија, а со оглед на тоа дека на „Шверцери“не им беше дозволено да присуствуваат на овој меч, тие одлучија да направат фешта на својот стадион во Чаир. Со пиротехнички средства и шампионска песна ги пречекаа фудбалерите од Тетово и ја славеа титулата обезбедена уште во минатото коло. Фудбалерите на Шкупи ја обезбедија шампионската титула уште во минатото коло, а денес после натпреварот против на Чаир се слави шампионската титула.

The post Шверцери го запалија стадионот на Шкупи, прославуваат шампионска титула appeared first on Република.

]]>
Срамното дерби во Тетово заврши без победник https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sramnoto-derbi-vo-tetovo-zavrshi-bez-pobednik/ Sun, 08 May 2022 18:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=499610

Тетовска Шкендија ќе игра во Европа после освоениот бод во скоро двоипол часовното жесшко дерби со Шкупи кое заврши без голови.

Срамното дерби со безброј прекини, кое имаше предигра со нападот врз фудбалерите на Шкупи пред стадионот, продолжи со дивеење на гледачите пред стартот на вториот дел кога Артид Иљази беше погоден со камен во глава, па домашните навивачи со пиротехника направија нов прекин само што почна вториот дел, за да продолжи хаосот со прекин зашто помошникот беше удрен со тврд предмет, а да заврши со меѓусебна тепачка на фудбалерите на двата тима.

И фудбалот падна во сенка, а Шкендија пред крајот кога сите повеќе чекаа само за да заврши мечот, Љупчо Дориев промаши пенал, па тетовци и со бод дојдоа до недостижните плус три на коло до крајот во однос на Македонија ЃП и поради меѓусебниот подобар дуел во однос на „лавовите“ ја обезбедија Европа без оглед дали во завршните 90 минути, ѓорчепетровци би се израмните бодовно со нив.

Шкендија како и Академија Пандев ќе играат летоска во квалификациите во Конференциската лига, а тетовци според својот рејтинг би требало да бидат носители.

The post Срамното дерби во Тетово заврши без победник appeared first on Република.

]]>

Тетовска Шкендија ќе игра во Европа после освоениот бод во скоро двоипол часовното жесшко дерби со Шкупи кое заврши без голови. Срамното дерби со безброј прекини, кое имаше предигра со нападот врз фудбалерите на Шкупи пред стадионот, продолжи со дивеење на гледачите пред стартот на вториот дел кога Артид Иљази беше погоден со камен во глава, па домашните навивачи со пиротехника направија нов прекин само што почна вториот дел, за да продолжи хаосот со прекин зашто помошникот беше удрен со тврд предмет, а да заврши со меѓусебна тепачка на фудбалерите на двата тима. И фудбалот падна во сенка, а Шкендија пред крајот кога сите повеќе чекаа само за да заврши мечот, Љупчо Дориев промаши пенал, па тетовци и со бод дојдоа до недостижните плус три на коло до крајот во однос на Македонија ЃП и поради меѓусебниот подобар дуел во однос на „лавовите“ ја обезбедија Европа без оглед дали во завршните 90 минути, ѓорчепетровци би се израмните бодовно со нив. Шкендија како и Академија Пандев ќе играат летоска во квалификациите во Конференциската лига, а тетовци според својот рејтинг би требало да бидат носители.

The post Срамното дерби во Тетово заврши без победник appeared first on Република.

]]>
Тетовчани со расистички навреди кон најдобриот играч во ПМФЛ! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/tetovchani-so-rasistichki-navredi-kon-najdobriot-igrach-vo-pmfl/ Sun, 08 May 2022 17:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=499603

Инцидентите започнаа уште пред почетокот на наптреварот, но намесо страстите да се смират, како течеше дуелот Шкендија-Шкупи тие се разгоруваа.

Видовме напад на судија, повредени фудбалери, лоши сцени кои не доликуваат на спортот.

Тетово дека е лош домаќин се потврди и со моментот кога го навредуваа најдобриот играч во ПМФЛ на расна основа. Со мајмунски крици од трибините беше „поздравен“ Сандеј Адетунџи, најдобриот играч на Шкупи оваа сезона.

Извор: СпортМ

The post Тетовчани со расистички навреди кон најдобриот играч во ПМФЛ! appeared first on Република.

]]>

Инцидентите започнаа уште пред почетокот на наптреварот, но намесо страстите да се смират, како течеше дуелот Шкендија-Шкупи тие се разгоруваа. Видовме напад на судија, повредени фудбалери, лоши сцени кои не доликуваат на спортот. Тетово дека е лош домаќин се потврди и со моментот кога го навредуваа најдобриот играч во ПМФЛ на расна основа. Со мајмунски крици од трибините беше „поздравен“ Сандеј Адетунџи, најдобриот играч на Шкупи оваа сезона.
Извор: СпортМ

The post Тетовчани со расистички навреди кон најдобриот играч во ПМФЛ! appeared first on Република.

]]>
Тотално лудило на дербито во Тетово, летаа камења, има повредени https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/totalno-ludilo-na-derbito-vo-tetovo-letaa-kamenja-ima-povredeni/ Sun, 08 May 2022 17:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=499589

Шкендија и Шкупи го играат големото дерби во Тетово, а на овој натпревар се виде се и сешто. Прво беа нападнати гостите, беше повреден еден од играчите на чаирчани, публиката предизвика прекин, па пред полувремето следеше нов настан за осуда.

Од трибините во Тетово летаа камења кон гостинските играчи на Шкупи кога влегуваа во тунелот. Со удар во главата се здоби 21-годишниот Ардит Иљази кој има повредена глава.

И покрај сите притисоци и немили настани, Шкупи излезе на терен и го игра второто полувреме. Шкендија за овие лоши потези сигурно ќе добие санкција за лоша организација.

Овој натпревар е од поголемо значење за Шкендија која оди на заверка на Европа, отколку за Шкупи кој е нов шампион на Македонија.

The post Тотално лудило на дербито во Тетово, летаа камења, има повредени appeared first on Република.

]]>

Шкендија и Шкупи го играат големото дерби во Тетово, а на овој натпревар се виде се и сешто. Прво беа нападнати гостите, беше повреден еден од играчите на чаирчани, публиката предизвика прекин, па пред полувремето следеше нов настан за осуда. Од трибините во Тетово летаа камења кон гостинските играчи на Шкупи кога влегуваа во тунелот. Со удар во главата се здоби 21-годишниот Ардит Иљази кој има повредена глава. И покрај сите притисоци и немили настани, Шкупи излезе на терен и го игра второто полувреме. Шкендија за овие лоши потези сигурно ќе добие санкција за лоша организација. Овој натпревар е од поголемо значење за Шкендија која оди на заверка на Европа, отколку за Шкупи кој е нов шампион на Македонија.

The post Тотално лудило на дербито во Тетово, летаа камења, има повредени appeared first on Република.

]]>