физика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fizika/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 14:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png физика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fizika/ 32 32 Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на Европската олимпијада по физика https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/jan-stojanovski-go-osvoi-prviot-zlaten-medal-za-makedonija-na-evropskata-olimpijada-po-fizika/ Mon, 22 Jul 2024 14:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=799251

Младиот Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика, која од 15 до 19 јули година се одржуваше во Кутаиси, Грузија.

Не се сомневавме дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година“, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ).

Оттаму објавија дека Олимпијадата, која заврши вчера, покрај Јан Стојановски кој е ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, награди за успешно учество (пофалници) добија и Матеј Гелев, исто така ученик во ПСУ „Јахја Кемал“, потоа Емилија Николовска ученичка во Математичко информатичката гимназија од Скопје и Димитриј Анѓеловски – ученик во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.

Достојно ја престави својата држава и го покажа своето знаење на оваа олимпијада и Дамјан Стојанов ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје“, соопштуваат од ДФРМ.

Тимот го предводеа проф. д-р Ирина Петреска, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ и м-р Христијан Кочанковски, асистент на ПМФ во Скопје и претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ.

Инаку, на Европска олимпијада учествуваа 54 држави и тоа 36 држави од Европа и 18 држави надвор од Европа. Секоја од државите на олимпијадата имаше право да учествува со тим од 5 ученици.

The post Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на Европската олимпијада по физика appeared first on Република.

]]>

Младиот Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика, која од 15 до 19 јули година се одржуваше во Кутаиси, Грузија.
Не се сомневавме дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година“, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ).
Оттаму објавија дека Олимпијадата, која заврши вчера, покрај Јан Стојановски кој е ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, награди за успешно учество (пофалници) добија и Матеј Гелев, исто така ученик во ПСУ „Јахја Кемал“, потоа Емилија Николовска ученичка во Математичко информатичката гимназија од Скопје и Димитриј Анѓеловски – ученик во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.
Достојно ја престави својата држава и го покажа своето знаење на оваа олимпијада и Дамјан Стојанов ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје“, соопштуваат од ДФРМ.
Тимот го предводеа проф. д-р Ирина Петреска, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ и м-р Христијан Кочанковски, асистент на ПМФ во Скопје и претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ. Инаку, на Европска олимпијада учествуваа 54 држави и тоа 36 држави од Европа и 18 држави надвор од Европа. Секоја од државите на олимпијадата имаше право да учествува со тим од 5 ученици.

The post Јан Стојановски го освои првиот златен медал за Македонија на Европската олимпијада по физика appeared first on Република.

]]>
Прво злато за Македонија на Европската олимпијада по физика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvo-zlato-za-makedonija-na-evropskata-olimpijada-po-fizika/ Fri, 19 Jul 2024 17:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=798564

ПРВО ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ФИЗИКА! 🏅
Нашиот ГЕНИЈАЛЕЦ Јан Стојановски, денес го освои првиот ЗЛАТЕН МЕДАЛ за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика која од 15 до 19 јули 2024 година се одржува во Кутаиси, Грузија.
Честитки за Јан за кој ДФРМ не се сомневаше дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги во предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година.
Од се срце ти го посакуваме и златниот медал на Меѓународната олимпијада по физика која од 21 до 29 јули 2024 година ќе се одржи во Исфахан, Иран!
На Олимпијадата која завршува денес покрај Јан Стојановски кој е ученик во ПСУ „Јахја Кемал„ Скопје, награди за успешно учество (пофалници) добија и
📜 Матеј Гелев ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје,
📜 Емилија Николовска ученичка во Математичко Информатичката Гимназија во Скопје и
📜 Димитриј Анѓеловски ученик во СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Достојно ја престави својата држава и го покажа своето знаење на оваа олимпијада и Дамјан Стојанов ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје.
Тимот го предводеа проф. д-р Ирина Петреска, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ и м-р Христијан Кочанковски, асистент на ПМФ во Скопје и претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ.
На 8. Европска олимпијада која се одржа од 15 до 19 јули учествуваа 54 држави и тоа 36 држави од Европа и 18 држави надвор од Европа. Секоја од државите на олимпијадата имаше право да учествува со тим од 5 ученици.
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) се заблагодарува на водачите на тимот кои презедоа најголем товар при подготовките на учениците, како и на дипл. инж. Гоце Геговски и проф. д-р Трифче Сандев од Институтот за физика при ПМФ во Скопје, кои исто така посветија голем дел од времето за успешна подготовка на тимот.
ДФРМ се заблагодарува на Институтот за физика и на Природно-математичкиот факултет за помошта при подготовката на тимот и отстапувањето на простор и опрема за време на подготовките на тимот.
ДФРМ се заблагодарува на родителите на учениците, кои го презедоа најголемиот дел од финанскиот товар за учество на тимот на оваа олимпијада. Останатите средства за ова патување беа обезбедени од страна на ДФРМ. Огромна благодарност и до сите наши поддржувачи и пријатели - донатори кои финансиски ја помогнаа оваа активност.
ДФРМ се заблагодарува и на порталот umno.mk за поддршката на учениците кои учествуваат на олимпијадите по физика.
ДФРМ им честита на сите ученици за достојното претставување на Македонија на оваа олимпијада. Јан, Емилија и Дамјан се дел од тимот кој ќе ја претставува Македонија на 54. Меѓународна олимпијада по физика во Исфахан, Иран и им посакуваме уште поголем успеси!
Радувај се Македонијо!
ДФРМ

The post Прво злато за Македонија на Европската олимпијада по физика appeared first on Република.

]]>

ПРВО ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКАТА ОЛИМПИЈАДА ПО ФИЗИКА! 🏅 Нашиот ГЕНИЈАЛЕЦ Јан Стојановски, денес го освои првиот ЗЛАТЕН МЕДАЛ за Македонија на 8. Европската олимпијада по физика која од 15 до 19 јули 2024 година се одржува во Кутаиси, Грузија. Честитки за Јан за кој ДФРМ не се сомневаше дека ќе го донесе првото историско злато од оваа олимпијада, имајќи ги во предвид неговото знаење од физика како и досегашните освоени награди на олимпијадите по физика: сребрен медал на 7. Европска олимпијада по физика минатата година во Хановер, Германија, бронзениот медал на 53. Меѓународна олимпијада по физика одржана во Токио, Јапонија во 2023 година и златниот медал на 5. Балканска олимпијада по физика одржана во Никозија, Кипар во 2022 година. Од се срце ти го посакуваме и златниот медал на Меѓународната олимпијада по физика која од 21 до 29 јули 2024 година ќе се одржи во Исфахан, Иран! На Олимпијадата која завршува денес покрај Јан Стојановски кој е ученик во ПСУ „Јахја Кемал„ Скопје, награди за успешно учество (пофалници) добија и 📜 Матеј Гелев ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, 📜 Емилија Николовска ученичка во Математичко Информатичката Гимназија во Скопје и 📜 Димитриј Анѓеловски ученик во СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Достојно ја престави својата држава и го покажа своето знаење на оваа олимпијада и Дамјан Стојанов ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Тимот го предводеа проф. д-р Ирина Петреска, редовен професор на ПМФ во Скопје и член на ДФРМ и м-р Христијан Кочанковски, асистент на ПМФ во Скопје и претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ. На 8. Европска олимпијада која се одржа од 15 до 19 јули учествуваа 54 држави и тоа 36 држави од Европа и 18 држави надвор од Европа. Секоја од државите на олимпијадата имаше право да учествува со тим од 5 ученици. Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) се заблагодарува на водачите на тимот кои презедоа најголем товар при подготовките на учениците, како и на дипл. инж. Гоце Геговски и проф. д-р Трифче Сандев од Институтот за физика при ПМФ во Скопје, кои исто така посветија голем дел од времето за успешна подготовка на тимот. ДФРМ се заблагодарува на Институтот за физика и на Природно-математичкиот факултет за помошта при подготовката на тимот и отстапувањето на простор и опрема за време на подготовките на тимот. ДФРМ се заблагодарува на родителите на учениците, кои го презедоа најголемиот дел од финанскиот товар за учество на тимот на оваа олимпијада. Останатите средства за ова патување беа обезбедени од страна на ДФРМ. Огромна благодарност и до сите наши поддржувачи и пријатели - донатори кои финансиски ја помогнаа оваа активност. ДФРМ се заблагодарува и на порталот umno.mk за поддршката на учениците кои учествуваат на олимпијадите по физика. ДФРМ им честита на сите ученици за достојното претставување на Македонија на оваа олимпијада. Јан, Емилија и Дамјан се дел од тимот кој ќе ја претставува Македонија на 54. Меѓународна олимпијада по физика во Исфахан, Иран и им посакуваме уште поголем успеси! Радувај се Македонијо! ДФРМ

The post Прво злато за Македонија на Европската олимпијада по физика appeared first on Република.

]]>
Тројца научници ја делат Нобеловата награда за физика https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/trojca-nauchnici-ja-delat-nobelovata-nagrada-za-fizika/ Tue, 04 Oct 2022 11:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=557200

Добитници на годинашната Нобелова награда за физика се Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингер за нивната пионерска работа во квантната механика.

Од Нобеловиот комитет соопштија дека нивните резултати го отвориле патот за нова технологија заснована на квантни информации.

Ефектите на квантната механика почнуваат да наоѓаат примени, а сега постои големо поле на истражување кое вклучува квантни компјутери, квантни мрежи и безбедно шифрирана квантна комуникација - се наведува во соопштението.

Минатата година наградата ја добија тројцата научници Сјукуро Манабе, Клаус Каселман и Џорџо Паризи, чија работа помогна да се објаснат и предвидат комплексните сили на природата, а со тоа да се прошири нашето разбирање за климатските промени.

The post Тројца научници ја делат Нобеловата награда за физика appeared first on Република.

]]>

Добитници на годинашната Нобелова награда за физика се Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингер за нивната пионерска работа во квантната механика. Од Нобеловиот комитет соопштија дека нивните резултати го отвориле патот за нова технологија заснована на квантни информации.
Ефектите на квантната механика почнуваат да наоѓаат примени, а сега постои големо поле на истражување кое вклучува квантни компјутери, квантни мрежи и безбедно шифрирана квантна комуникација - се наведува во соопштението.
Минатата година наградата ја добија тројцата научници Сјукуро Манабе, Клаус Каселман и Џорџо Паризи, чија работа помогна да се објаснат и предвидат комплексните сили на природата, а со тоа да се прошири нашето разбирање за климатските промени.

The post Тројца научници ја делат Нобеловата награда за физика appeared first on Република.

]]>
Емилија Николовска сонува да ја открива вселената: Донесе бронза за Македонија на Светска олимпијада по физика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/emilija-nikolovska-sonuva-da-ja-otkriva-vselenata-donese-bronza-za-makedonija-na-svetska-olimpijada-po-fizika/ Fri, 12 Aug 2022 13:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=539662

Емилија Николовска со своите 17 години сака да го открие непознатото. Вредно да го истражува и да му донесе нешто ново на човештвото. Емилија е од Охрид, а учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Иако е на летен распуст, таа не мирува. Неодамна освои бронзен медал на Светската олимпијада по физика.

Имаше селекционен натпревар и од Македонија бевме одбрани пет ученици. Натпреварот беше тежок. Беше потребна претходна подготовка, имавме часови со професори и асистенти од ПМФ, но се припремавме и сами. Имаше вкупно околу 400 деца од осумдесет земји од светот. Искрено, немав очекувања, пријатно се изненадив зашто задачите беа потешки од лани. Дадов сѐ од себе и се спремав колку што можев и ете, тоа се исплати и сега имам заслужен одмор. Ова е најголем успех на Македонија на оваа олимпијада по физика – раскажува Емилија.

Светската олимпијата е во организација на Швајцарија и требало да се одржи во Белорусија. Меѓутоа поради состојбата во Украина се одржала онлајн.

Ова не е прва награда на Емилија. Таа досега има добивано општински, регионални, државни и меѓународни награди на натпревари и олимпијади по хемија, информатика, програмирање, математика, а додека учела основно училиште и награди по англиски, германски…

Мал проблем е дека не можам да учествувам на сите олимпијади зашто се поклопуваат датумите и морам од нешто да се откажам – вели Емилија.

Вели дека од сите предмети, најинтересена ѝ е физиката.

Физиката ми е природна. Кога гледам низ прозор, сѐ што ми гледаат очиве е физика. Меѓутоа, физиката оди заедно со математиката. По нив, ги одбирам хемијата и програмирањето. Во секоја област човек може да си го најде најинересното – вели Емилија.

Науката ја сака уште од најмала возраст. Бројките ѝ се пријатели уште од градинка.

Кога бев во градинка бројките ми одеа многу лесно и потоа на училиште првите неколку одделенија не ми беше интересно на часовите. За натпреварите дознав првпат во четврто одделение, и почнав да одам и така ја задоволував потребата да научам повеќе. Кога почнав моите родители ми помагаа, но по некое време почнаа наставниците во основно да ми помагаат, па професори од факултет. Можеш и самостојно да се надградуваш, но е многу полесно кога друг ќе ти објасни и ќе те насочи да не луташ по материјалот. Со желба и ако се вложи доволно труд може сѐ да се постигне – раскажува средношколката.

Повеќе на „Нова Македонија“.

The post Емилија Николовска сонува да ја открива вселената: Донесе бронза за Македонија на Светска олимпијада по физика appeared first on Република.

]]>

Емилија Николовска со своите 17 години сака да го открие непознатото. Вредно да го истражува и да му донесе нешто ново на човештвото. Емилија е од Охрид, а учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Иако е на летен распуст, таа не мирува. Неодамна освои бронзен медал на Светската олимпијада по физика.
Имаше селекционен натпревар и од Македонија бевме одбрани пет ученици. Натпреварот беше тежок. Беше потребна претходна подготовка, имавме часови со професори и асистенти од ПМФ, но се припремавме и сами. Имаше вкупно околу 400 деца од осумдесет земји од светот. Искрено, немав очекувања, пријатно се изненадив зашто задачите беа потешки од лани. Дадов сѐ од себе и се спремав колку што можев и ете, тоа се исплати и сега имам заслужен одмор. Ова е најголем успех на Македонија на оваа олимпијада по физика – раскажува Емилија.
Светската олимпијата е во организација на Швајцарија и требало да се одржи во Белорусија. Меѓутоа поради состојбата во Украина се одржала онлајн. Ова не е прва награда на Емилија. Таа досега има добивано општински, регионални, државни и меѓународни награди на натпревари и олимпијади по хемија, информатика, програмирање, математика, а додека учела основно училиште и награди по англиски, германски…