физичко присуство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fizichko-prisustvo/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Nov 2022 10:51:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png физичко присуство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fizichko-prisustvo/ 32 32 МОН: Одлуката за пониска цена на електричната енергија за училиштата значи обезбедување континуитет на наставата со физичко присуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-odlukata-za-poniska-cena-na-elektrichnata-energija-za-uchilishtata-znachi-obezbeduvanje-kontinuitet-na-nastavata-so-fizichko-prisustvo/ Fri, 04 Nov 2022 10:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=569507

Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците – со физичко присуство во училниците.

Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради непречена работа и реализација на мисијата заради која и постојат – едукација на младите.

Во услови на прогласена кризна состојба, со склучување на договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба, тие ќе создаваат значително помали расходи во општинските и државниот буџет, со што, се зголемува сигурноста дека воспитно – образовниот процес во училиштата ќе продолжи да се реализира непречено до крајот на годината.

Во меѓувреме, МОН уште еднаш апелира владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да ги почитуваат сите образовни институции и установи. Затоа што, штедењето на електричната енергија е еден од факторите кои влијаат на одржливоста на наставата во училниците, но од друга страна се подигнува стабилноста на енергетскиот систем и се обезбедува доволно електрична енергија за потребите на домаќинствата.

The post МОН: Одлуката за пониска цена на електричната енергија за училиштата значи обезбедување континуитет на наставата со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците – со физичко присуство во училниците. Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради непречена работа и реализација на мисијата заради која и постојат – едукација на младите. Во услови на прогласена кризна состојба, со склучување на договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба, тие ќе создаваат значително помали расходи во општинските и државниот буџет, со што, се зголемува сигурноста дека воспитно – образовниот процес во училиштата ќе продолжи да се реализира непречено до крајот на годината. Во меѓувреме, МОН уште еднаш апелира владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да ги почитуваат сите образовни институции и установи. Затоа што, штедењето на електричната енергија е еден од факторите кои влијаат на одржливоста на наставата во училниците, но од друга страна се подигнува стабилноста на енергетскиот систем и се обезбедува доволно електрична енергија за потребите на домаќинствата.

The post МОН: Одлуката за пониска цена на електричната енергија за училиштата значи обезбедување континуитет на наставата со физичко присуство appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Ќе се учи со физичко присуство, ако треба, лесно е да преминеме онлајн https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-kje-se-uchi-so-fizichko-prisustvo-ako-treba-lesno-e-da-premineme-onlajn/ Fri, 07 Oct 2022 20:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=558586

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во обраќање на Универзитетот во Тетово ја нагласи важноста на дигитализацијата во образованието и истакна дека најдобра опција за настава е со физичко присуство на учениците во училиштата.

Непосредната комуникација наставник – ученик, посочи Шаќири, овозможува подобро совладување на наставната материја, поголема контрола врз самите ученици од страна на наставниците и подобро следење на нивната посветеност, полесно детектирање на оние ученици кои во одреден момент имаат потреба од поголема поддршка за дел од материјата и воопшто поквалитетен воспитно-образовен процес.

„Пандемијата делуваше како поттикнувач на дигитализацијата на образованието, и добро е што од тој аспект го унапредивме нашиот образовен систем“, оцени министерот , додавајќи дека сега, доколку треба, лесно може да преминеме на следење на наставата онлајн.

„Ние сме веќе сигурни дека тоа можеме да го овозможиме, токму поради тоа што во изминатиот период се посветивме на дигитализирањето на сферата на образованието“, заклучи министерот.

The post Шаќири: Ќе се учи со физичко присуство, ако треба, лесно е да преминеме онлајн appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во обраќање на Универзитетот во Тетово ја нагласи важноста на дигитализацијата во образованието и истакна дека најдобра опција за настава е со физичко присуство на учениците во училиштата. Непосредната комуникација наставник – ученик, посочи Шаќири, овозможува подобро совладување на наставната материја, поголема контрола врз самите ученици од страна на наставниците и подобро следење на нивната посветеност, полесно детектирање на оние ученици кои во одреден момент имаат потреба од поголема поддршка за дел од материјата и воопшто поквалитетен воспитно-образовен процес.
„Пандемијата делуваше како поттикнувач на дигитализацијата на образованието, и добро е што од тој аспект го унапредивме нашиот образовен систем“, оцени министерот , додавајќи дека сега, доколку треба, лесно може да преминеме на следење на наставата онлајн. „Ние сме веќе сигурни дека тоа можеме да го овозможиме, токму поради тоа што во изминатиот период се посветивме на дигитализирањето на сферата на образованието“, заклучи министерот.

The post Шаќири: Ќе се учи со физичко присуство, ако треба, лесно е да преминеме онлајн appeared first on Република.

]]>
Бектеши ветува настава со физичко присуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-vetuva-nastava-so-fizichko-prisustvo/ Fri, 23 Sep 2022 19:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=553634

Се прават напори за да им се излезе во пресрет на основните и на средните училишта и наставата во зимскиот период да се одржува со физичко присуство, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тоа е надлежност на општините, но децата многу изгубија во време на ковид пандемијата и сега заради енергетската криза подобро да им помогнеме на училиштата отколку да ги оставиме децата да изгубат многу. Потрошувачката за петте месеци, од ноември до март, за сите училишта на ниво на државата е околу 10 гигават часови и тоа може да го обезбедиме преку ЕСМ и убеден сум дека ќе најдеме решение, рече Бектеши во централниот дневник на телевизија Сител.

Според неговите проценки, училиштата не би требало да имаат проблем до крајот на март.

Несериозно е, смета Бектеши, тоа што 2487 правни субјекти во државата сеуште немаат склучено договори за снабдување со електрична енергија. Од нив, 60 проценти се под надлежност на локалната власт.

Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач со електрична енергија затоа што кога немаш снабдувач со електрична енергија, а на берза цената е 400 евра, автоматски треба да платат 600 евра за да не останат неснабдувани објектите со електрична енергија. Сите правни субјекти ги знаеле роковите кога им истекуваат договорите, истакна Бектеши, додавајќи дека во надлежност на општините е набавката на електрична енергија за училиштата.

 

The post Бектеши ветува настава со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Се прават напори за да им се излезе во пресрет на основните и на средните училишта и наставата во зимскиот период да се одржува со физичко присуство, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.
Тоа е надлежност на општините, но децата многу изгубија во време на ковид пандемијата и сега заради енергетската криза подобро да им помогнеме на училиштата отколку да ги оставиме децата да изгубат многу. Потрошувачката за петте месеци, од ноември до март, за сите училишта на ниво на државата е околу 10 гигават часови и тоа може да го обезбедиме преку ЕСМ и убеден сум дека ќе најдеме решение, рече Бектеши во централниот дневник на телевизија Сител.
Според неговите проценки, училиштата не би требало да имаат проблем до крајот на март. Несериозно е, смета Бектеши, тоа што 2487 правни субјекти во државата сеуште немаат склучено договори за снабдување со електрична енергија. Од нив, 60 проценти се под надлежност на локалната власт.
Не е во ред училиштата да се остават без снабдувач со електрична енергија затоа што кога немаш снабдувач со електрична енергија, а на берза цената е 400 евра, автоматски треба да платат 600 евра за да не останат неснабдувани објектите со електрична енергија. Сите правни субјекти ги знаеле роковите кога им истекуваат договорите, истакна Бектеши, додавајќи дека во надлежност на општините е набавката на електрична енергија за училиштата.
 

The post Бектеши ветува настава со физичко присуство appeared first on Република.

]]>
„Меѓаши”: Да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/megjashi-da-se-preispita-odlukata-za-pochnuvanje-na-vtoroto-polugodie-so-fizichko-prisustvo/ Fri, 28 Jan 2022 18:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=450864

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши" соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести со цел, како што наведуваат, да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

Од „Меѓаши" посочуваат дека организирале јавна дебата на тема „Најдобар интерес за децата – за и против носењето маски и тестирањето во училиштата", емитувана на социјалните мрежи на 27 јануари на која освен медиумите била поканета и целата јавност. На дебатата дискутирале д-р Мими Кимовска Христов од Универзитетската клиника за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје, д-р Бесник Зеќири од Институтот за белодробни заболувања кај децата, проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет при УКИМ и Ана Попризова, училишен психолог.

Во дел од заклучоците од вчерашната дебата се наведува дека бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови. Со оглед на тековната состојба на заболени од коронавирусот сите панелисти се согласија дека е неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн. Ставовите на мнозинството од панелистите околу носењето маски е дека треба да се носат во затворени простории, а сите се потив задолжително носење маски на отворено и дека е пожелно да се прават тестирања еднаш неделно во училиштата.

Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава,најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, стои во барањето од „Меѓаши".

The post „Меѓаши”: Да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство appeared first on Република.

]]>

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши" соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести со цел, како што наведуваат, да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

Од „Меѓаши" посочуваат дека организирале јавна дебата на тема „Најдобар интерес за децата – за и против носењето маски и тестирањето во училиштата", емитувана на социјалните мрежи на 27 јануари на која освен медиумите била поканета и целата јавност. На дебатата дискутирале д-р Мими Кимовска Христов од Универзитетската клиника за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје, д-р Бесник Зеќири од Институтот за белодробни заболувања кај децата, проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет при УКИМ и Ана Попризова, училишен психолог.
Во дел од заклучоците од вчерашната дебата се наведува дека бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови. Со оглед на тековната состојба на заболени од коронавирусот сите панелисти се согласија дека е неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн. Ставовите на мнозинството од панелистите околу носењето маски е дека треба да се носат во затворени простории, а сите се потив задолжително носење маски на отворено и дека е пожелно да се прават тестирања еднаш неделно во училиштата. Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава,најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, стои во барањето од „Меѓаши".

The post „Меѓаши”: Да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство appeared first on Република.

]]>
„Меѓаши“ бара второто полугодие да почне онлајн наместо со физичко присуство на учениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/megjashi-bara-vtoroto-polugodie-da-pochne-onlajn-namesto-so-fizichko-prisustvo-na-uchenicite/ Fri, 28 Jan 2022 16:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=450815

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците.

Од „Меѓаши“ посочуваат дека организирале јавна дебата на тема „Најдобар интерес за децата – за и против носењето маски и тестирањето во училиштата“, емитувана на социјалните мрежи на 27 јануари на која освен медиумите била поканета и целата јавност. На дебатата дискутирале д-р Мими Кимовска Христов од Универзитетската клиника за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје, д-р Бесник Зеќири од Институтот за белодробни заболувања кај децата, проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет при УКИМ и Ана Попризова, училишен психолог.

Во дел од заклучоците од дебата се наведува дека бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови. Со оглед на тековната состојба на заболени од коронавирусот сите панелисти се согласија дека е неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн. Ставовите на мнозинството од панелистите околу носењето маски е дека треба да се носат во затворени простории, а сите се потив задолжително носење маски на отворено и дека е пожелно да се прават тестирања еднаш неделно во училиштата.

 

Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на почнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата - стои во барањето од „Меѓаши“.

The post „Меѓаши“ бара второто полугодие да почне онлајн наместо со физичко присуство на учениците appeared first on Република.

]]>

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците. Од „Меѓаши“ посочуваат дека организирале јавна дебата на тема „Најдобар интерес за децата – за и против носењето маски и тестирањето во училиштата“, емитувана на социјалните мрежи на 27 јануари на која освен медиумите била поканета и целата јавност. На дебатата дискутирале д-р Мими Кимовска Христов од Универзитетската клиника за детски болести, д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје, д-р Бесник Зеќири од Институтот за белодробни заболувања кај децата, проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет при УКИМ и Ана Попризова, училишен психолог.
Во дел од заклучоците од дебата се наведува дека бројот на заболени деца што се јавиле во Институтот за белодробни заболувања во периодот крајот на декември 2021 – почетокот на втората половина на јануари е двојно зголемен од вообичаениот број за време на најголемите пикови во претходните бранови. Со оглед на тековната состојба на заболени од коронавирусот сите панелисти се согласија дека е неопходно да се размисли дали започнувањето на наставата со физичко присуство е најсоодветниот начин на продолжување на наставата или е подобро да се започне барем две седмици подоцна или онлајн. Ставовите на мнозинството од панелистите околу носењето маски е дека треба да се носат во затворени простории, а сите се потив задолжително носење маски на отворено и дека е пожелно да се прават тестирања еднаш неделно во училиштата.   Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на почнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Меѓу другото, сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата - стои во барањето од „Меѓаши“.

The post „Меѓаши“ бара второто полугодие да почне онлајн наместо со физичко присуство на учениците appeared first on Република.

]]>
Второто полугодие да почне со физичко присуство, препорача Комисијата за заразни болести, во ГОБ „8 Септември“ да се отвори дополнителен ковид-оддел https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vtoroto-polugodie-da-pochne-so-fizichko-prisustvo-preporacha-komisijata-za-zarazni-bolesti-vo-gob-8-septemvri-da-se-otvori-dopolnitelen-kovid-oddel/ Wed, 26 Jan 2022 14:15:03 +0000 https://republika.mk/?p=449832

Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи, соопшти Министерството за здравство.

Поради зголемен број ковид-позитивни, беше одложен почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта. Наместо на 20 јануари, стартот беше пролонгиран за први февруари. Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија по оваа одлука остро негодуваше, велејќи дека затворањето на училиштата треба да биде последно решение.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска кажа дека до крај на неделата ќе има одлука како ќе продолжи второто полугодие.

На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, д-р Беким Сали беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид–19 во земјава.

Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата препорача од клиниките кои претходно работеа како ковид-центри во рамки на првата фаза, Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје во наредните денови да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”. За ова сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности, велат од МЗ.

Согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата.

Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на пациентите болни од Ковид-19.

Во однос на медицинскиот персонал, јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар за вклучување во работата на КИБФС (медицински сестри и болничари).

Вчера вкупно 26 лица починаа од компликации од ковид-19, од кои осум биле целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети. Министерството за здравство соопшти за рекорден број заразени со ковид - 2.341 од 6.193 тестови. Од вкупниот број нови позитивни, 308 се реинфекции, од кои една втора реинфекција.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.

The post Второто полугодие да почне со физичко присуство, препорача Комисијата за заразни болести, во ГОБ „8 Септември“ да се отвори дополнителен ковид-оддел appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи, соопшти Министерството за здравство. Поради зголемен број ковид-позитивни, беше одложен почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта. Наместо на 20 јануари, стартот беше пролонгиран за први февруари. Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија по оваа одлука остро негодуваше, велејќи дека затворањето на училиштата треба да биде последно решение. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска кажа дека до крај на неделата ќе има одлука како ќе продолжи второто полугодие. На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, д-р Беким Сали беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид–19 во земјава.
Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата препорача од клиниките кои претходно работеа како ковид-центри во рамки на првата фаза, Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје во наредните денови да продолжат со работа како ковид центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”. За ова сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности, велат од МЗ.
Согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид центрите, во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата. Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на пациентите болни од Ковид-19. Во однос на медицинскиот персонал, јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар за вклучување во работата на КИБФС (медицински сестри и болничари). Вчера вкупно 26 лица починаа од компликации од ковид-19, од кои осум биле целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети. Министерството за здравство соопшти за рекорден број заразени со ковид - 2.341 од 6.193 тестови. Од вкупниот број нови позитивни, 308 се реинфекции, од кои една втора реинфекција. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.

The post Второто полугодие да почне со физичко присуство, препорача Комисијата за заразни болести, во ГОБ „8 Септември“ да се отвори дополнителен ковид-оддел appeared first on Република.

]]>