физичка неактивност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fizichka-neaktivnost/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Oct 2022 11:16:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png физичка неактивност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fizichka-neaktivnost/ 32 32 Ни се заканува пандемиија на физичка неактивност https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ni-se-zakanuva-pandemiija-na-fizichka-neaktivnost/ Fri, 07 Oct 2022 09:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=558313

По ковид-падемијата, ни се заканува нова – пандемија на физичка неактивност, која е резултат на развојот на технологијата. Општ е впечатокот дека ковид пандемијата ја испровоцира потребата и ја промени перцепцијата кон физичката активност. Меѓутоа, статистичките податоци, оние малку достапни, велат дека сме далеку од физички активна нација, вели во интервју за „Република“ проф. д-р Лиза Пантековска, која предава на Факултетот за спортски менаџмент при АУЕ ФОН.

Според проф. д-р Пантековска, физичката активност има многу позитивни страни, а тоа посебно е поврзано со училишниот успех.

Или поедноставено кажано физичката активност го подобрува училишниот успех. Секако, зад ваквата релација стои силната биолошко здравствена функција на физичката активност која крајно резултира со повисока дисциплина и самодисциплина, поголема концентрација за време на наставата и изразена креативност, смета проф. д-р Пантековска.

Според едно од истражувањата спроведено кај адолесцентите во Македонија 1 од 5 од адолесцентите имаат физичка активност според препораките на Светската здравствена организација за таа возраст, а тоа е секојдневна 60 – минутна активност со умерен или висок интензитет. Она што во случајов е сигнификантно е дека поголемиот дел од нив се информирани за благопријатното влијание на физичката активност.

[caption id="attachment_558321" align="alignnone" width="1530"] Проф. д-р Лиза Пантековска[/caption]

Зошто и колку е важна физичката активност на човекот? Што обезбедува и како влијае на квалитетот на животот?

ПЕНТЕКОВСКА: Физичката активност не е само предмет на широк истражувачки интерес во научните кругови, но е посебен фокус на одговорните национални влади. Оправданоста на инвестициите кои ја поттикнуваат физичката активност ја темелат на сознанијата за пораст на работоспособноста, редукција на општествените девијациии и дезинтеграцијата, и најапострофираната оправданост која всушност ги вклучува и претходните, а тоа е здравствената превенција која се обезбедува преку неа. Притоа, овие инвестиции ги опфаќаат сите возрасни категории. И, кога говорам за инвестиција не мислам само на материјалната база потребна за различните форми на активности, туку инвестиција во она што ќе доведе до комплетна искористеност на таа материјалната база. Тоа е квалитетот на услугите, информацијата, контролата и едукацијата.

Дали сме на прагот на нова пандемија? Која е најголемата причина за физичка неактивност? Каква е состојбата кај нас?

ПАНТЕКОВСКА: Она што загрижува на глобално ниво е всушност пандемија на физичка неактивност која е резултат на бројните технолошки иновации. Статистиките се загрижувачки со речиси три-четвртини неактивно население. Но, географската дистрибуција е исклучително нерамномерна. Па, така има држави каде мнзоинството од жителите се активни како што се скандинавските земји и такви каде најголемиот дел од жителите се неактивни. Тука влегуваат нашите соседи, на пример. А, каде сме ние е прашање до чиј одговор потешко се доаѓа. Општ е впечатокот дека ковид пандемијата ја испровоцира потребата и ја промени перцепцијата кон физичката активност. Меѓутоа, статистичките податоци, оние малку достапни, велат дека сме далеку од физички активна нација.

Навиките се создаваат од најмала возраст, но како тие да продолжат да се негуваат кај адолесцентите кога знаеме дека малкумина од нив ги следат препораките на Светската здравствена организација која вели дека секој ден е потребна активност во траење од 60 минути?

ПАНТЕКОВСКА: Семејната средина е место каде се градат најголемиот дел од животните навики. Исто е и со навиката за редовна физичка активност. Првите моторички задачи секое дете ги решава во присуство на родителот и до тригодишна возраст тоа е и единствената средина која ја препознава за нивно решавање. Тоа резултат на потребата за сигурност. Потоа почнува интеракцијата со врсниците, но се уште моторичките задачи се игра базирана на имитација на непосредното опкружување, вклучително на родителите. Структурирани правила на игра не се потребни, напротив треба да и се остави простор на љубопитноста и истражувачкиот порив кај детето. По петтата година, училишната средина прераснува во моќен фактор за негување на навиките кон физичката активност. Но, она што треба да се знае е дека образецот формиран во семјството останува релативно стабилен низ понатамошниот развоен период.

Кога говориме за училишната возраст, стереотипот на однесување на учениците во Македонија не се разликува во многу од стеротипот на нивните врсници во поширокото опкружувањето, кога физичката активност е во прашање. Едно од истражувањата во оваа насока кај адолесцентите покажува дека помалку од 1 од 5 адолесцентите имаат физичка активност според препораките на Светската здравствена организација за таа возраст, а тоа е секојдневна 60 – минутна активност со умерен или висок интензитет. Она што во случајов е сигнификантно е дека поголемиот дел од нив се информирани за благопријатното влијание на физичката активност. За надминување на јазот помеѓу знам и не сакам или не можам, а во насока на задржување на улогата на училиштетото во овој процес, дидактичкиот триаголник родител – наставник – ученик, треба силно да функционира.

Дали тоа значи дека физичката активност носи петки? Односно како физичката активност влијае на учењето, дисциплината и концентрацијата?

ПЕНТЕКОВСКА: Сè почесто се отвора дискусија за беспрекорен училиштен успех или дискусија за можноста на учениците да се соочат со интелектуалниот ангажман кој им се наметнува. И во таа трка да се биде „совршен“, често „страда“ физичката активност. А, всушност токму таа е и најпотребна. Многукрактно е потврдена нејзината позитивна поврзаност со училишниот успех или поедноставено кажано го подобрува училишниот успех. Секако, зад ваквата релација стои силната биолошко здравствена функција на физичката активност која крајно резултура со повисока дисциплина и самодисциплина, поголема концентрација за време на наставата и изразена кративност.

Што Вие би препорачале? Тренирање некој спорт, прошетки, возење велосипед?

ПАНТЕКОВСКА: Јасна е мојата лична препорака за секојдневна физичка активност. Тоа може да бидат природни форми на движење како пешачење, трчање, планинарење. Вклучете го велосипедот како средство за транспорт. Потсетете ги децата или потсетете се со децата на традиционалните игри како плочка, криенка, ластик, народна топка. Заиграјте маалски фудбал или кошарка. И за крај, доколку не можете самостојно да се органиизрате, постојат бројни спортско – рекреативни центри каде ќе пронајдете различни спортски услуги со афинитет и стандард на Вашиот.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Ни се заканува пандемиија на физичка неактивност appeared first on Република.

]]>

По ковид-падемијата, ни се заканува нова – пандемија на физичка неактивност, која е резултат на развојот на технологијата. Општ е впечатокот дека ковид пандемијата ја испровоцира потребата и ја промени перцепцијата кон физичката активност. Меѓутоа, статистичките податоци, оние малку достапни, велат дека сме далеку од физички активна нација, вели во интервју за „Република“ проф. д-р Лиза Пантековска, која предава на Факултетот за спортски менаџмент при АУЕ ФОН. Според проф. д-р Пантековска, физичката активност има многу позитивни страни, а тоа посебно е поврзано со училишниот успех.
Или поедноставено кажано физичката активност го подобрува училишниот успех. Секако, зад ваквата релација стои силната биолошко здравствена функција на физичката активност која крајно резултира со повисока дисциплина и самодисциплина, поголема концентрација за време на наставата и изразена креативност, смета проф. д-р Пантековска.
Според едно од истражувањата спроведено кај адолесцентите во Македонија 1 од 5 од адолесцентите имаат физичка активност според препораките на Светската здравствена организација за таа возраст, а тоа е секојдневна 60 – минутна активност со умерен или висок интензитет. Она што во случајов е сигнификантно е дека поголемиот дел од нив се информирани за благопријатното влијание на физичката активност. [caption id="attachment_558321" align="alignnone" width="1530"] Проф. д-р Лиза Пантековска[/caption] Зошто и колку е важна физичката активност на човекот? Што обезбедува и како влијае на квалитетот на животот? ПЕНТЕКОВСКА: Физичката активност не е само предмет на широк истражувачки интерес во научните кругови, но е посебен фокус на одговорните национални влади. Оправданоста на инвестициите кои ја поттикнуваат физичката активност ја темелат на сознанијата за пораст на работоспособноста, редукција на општествените девијациии и дезинтеграцијата, и најапострофираната оправданост која всушност ги вклучува и претходните, а тоа е здравствената превенција која се обезбедува преку неа. Притоа, овие инвестиции ги опфаќаат сите возрасни категории. И, кога говорам за инвестиција не мислам само на материјалната база потребна за различните форми на активности, туку инвестиција во она што ќе доведе до комплетна искористеност на таа материјалната база. Тоа е квалитетот на услугите, информацијата, контролата и едукацијата. Дали сме на прагот на нова пандемија? Која е најголемата причина за физичка неактивност? Каква е состојбата кај нас? ПАНТЕКОВСКА: Она што загрижува на глобално ниво е всушност пандемија на физичка неактивност која е резултат на бројните технолошки иновации. Статистиките се загрижувачки со речиси три-четвртини неактивно население. Но, географската дистрибуција е исклучително нерамномерна. Па, така има држави каде мнзоинството од жителите се активни како што се скандинавските земји и такви каде најголемиот дел од жителите се неактивни. Тука влегуваат нашите соседи, на пример. А, каде сме ние е прашање до чиј одговор потешко се доаѓа. Општ е впечатокот дека ковид пандемијата ја испровоцира потребата и ја промени перцепцијата кон физичката активност. Меѓутоа, статистичките податоци, оние малку достапни, велат дека сме далеку од физички активна нација. Навиките се создаваат од најмала возраст, но како тие да продолжат да се негуваат кај адолесцентите кога знаеме дека малкумина од нив ги следат препораките на Светската здравствена организација која вели дека секој ден е потребна активност во траење од 60 минути? ПАНТЕКОВСКА: Семејната средина е место каде се градат најголемиот дел од животните навики. Исто е и со навиката за редовна физичка активност. Првите моторички задачи секое дете ги решава во присуство на родителот и до тригодишна возраст тоа е и единствената средина која ја препознава за нивно решавање. Тоа резултат на потребата за сигурност. Потоа почнува интеракцијата со врсниците, но се уште моторичките задачи се игра базирана на имитација на непосредното опкружување, вклучително на родителите. Структурирани правила на игра не се потребни, напротив треба да и се остави простор на љубопитноста и истражувачкиот порив кај детето. По петтата година, училишната средина прераснува во моќен фактор за негување на навиките кон физичката активност. Но, она што треба да се знае е дека образецот формиран во семјството останува релативно стабилен низ понатамошниот развоен период. Кога говориме за училишната возраст, стереотипот на однесување на учениците во Македонија не се разликува во многу од стеротипот на нивните врсници во поширокото опкружувањето, кога физичката активност е во прашање. Едно од истражувањата во оваа насока кај адолесцентите покажува дека помалку од 1 од 5 адолесцентите имаат физичка активност според препораките на Светската здравствена организација за таа возраст, а тоа е секојдневна 60 – минутна активност со умерен или висок интензитет. Она што во случајов е сигнификантно е дека поголемиот дел од нив се информирани за благопријатното влијание на физичката активност. За надминување на јазот помеѓу знам и не сакам или не можам, а во насока на задржување на улогата на училиштетото во овој процес, дидактичкиот триаголник родител – наставник – ученик, треба силно да функционира. Дали тоа значи дека физичката активност носи петки? Односно како физичката активност влијае на учењето, дисциплината и концентрацијата? ПЕНТЕКОВСКА: Сè почесто се отвора дискусија за беспрекорен училиштен успех или дискусија за можноста на учениците да се соочат со интелектуалниот ангажман кој им се наметнува. И во таа трка да се биде „совршен“, често „страда“ физичката активност. А, всушност токму таа е и најпотребна. Многукрактно е потврдена нејзината позитивна поврзаност со училишниот успех или поедноставено кажано го подобрува училишниот успех. Секако, зад ваквата релација стои силната биолошко здравствена функција на физичката активност која крајно резултура со повисока дисциплина и самодисциплина, поголема концентрација за време на наставата и изразена кративност. Што Вие би препорачале? Тренирање некој спорт, прошетки, возење велосипед? ПАНТЕКОВСКА: Јасна е мојата лична препорака за секојдневна физичка активност. Тоа може да бидат природни форми на движење како пешачење, трчање, планинарење. Вклучете го велосипедот како средство за транспорт. Потсетете ги децата или потсетете се со децата на традиционалните игри како плочка, криенка, ластик, народна топка. Заиграјте маалски фудбал или кошарка. И за крај, доколку не можете самостојно да се органиизрате, постојат бројни спортско – рекреативни центри каде ќе пронајдете различни спортски услуги со афинитет и стандард на Вашиот. Разговараше: Александра М. Бундалевска

The post Ни се заканува пандемиија на физичка неактивност appeared first on Република.

]]>