ФИТР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fitr/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 14:32:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФИТР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fitr/ 32 32 Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmi-povrzani-so-familiite-zaev-i-ahmeti-megu-kompaniite-koi-bi-mozhele-da-se-soochat-so-krivichen-progon/ Wed, 30 Oct 2024 14:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=832493

И во текот на денешниот ден течат постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител, откако вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот.

Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови.

Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/60-kompanii-so-fantomski-proekti-istsitsale-3-2-milioni-evra-od-fondot-za-inovatsii/

Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери.

Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности.

Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар.

Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите.

Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово.

Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи.

Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија.

Целата сторија тука

The post Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон appeared first on Република.

]]>

И во текот на денешниот ден течат постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител, откако вчера директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) јавно обелодени дека околу 60 компании од различни дејности со фантомски проекти и на други незаконити начини испумпале 3,2 милиони евра од буџетот на Фондот. Директорот Никола Додов соопшти детали од ревизијата која уште трае и нагласи дека веќе се наплатени околу 600.000 евра. Дел од побарувањата се во фаза на поднесување кривични пријави до Обвинителството и граѓански парници по кои понатаму ќе постапуваат надлежните судови. Тече рокот од три дена за жалби кај нотарите и кај извршителите, по што ќе уследат кривични пријави. https://republika.mk/vesti/ekonomija/60-kompanii-so-fantomski-proekti-istsitsale-3-2-milioni-evra-od-fondot-za-inovatsii/ Новиот директор не соопшти имиња на компании кај кои се утврдени неправилности, но иако нагласи дека внатрешната ревизија утврдила несоодветни договори и сомнителни практики, вклучувајќи и во фирми поврзани со политички функционери. Плусинфо ексклузивно дојде до имињата на фирмите во кои ревизијата на ФИТР утврдила неправилности. Една од тие фирми е „Пауерад ИНТ“, со седиште во Глобал во Струмица. Таа е поврзана со „Еленица“ на Заеви. Во оваа фирма ревизијата утврдила злоупотреба на државни средства и измама. Не биле спроведени проектни активности. Фирмата 3 години немала поднесено завршна сметка во Централен регистар. Со Зоран Заев е поврзана и фирмата „Медија лаб“ со седиште во струмички Глобал. Еден од основачите на фирмата е Зоран Заев, но тој истапил од неа. На оваа фирма не им се одобрени извештаите поради незавршување на активностите. Тука е и фирмата „Еверест ЏД ДООЕЛ“ на добро познатиот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. Еден од поголемите „гревови“ на Дрин Ахмети е тоа што префрлал средства на иста фирма во Косово. Со внукот на Али Ахмети е поврзана и фирмата „Тхор Индустрис“, кај која е утврдено неизвршување на проект и затајување на извештаи. Од позвучните имиња е „Дуна ДОО“. Своевремено имаше сомневања за поврзаност на фирмата со скандалот во ДИК во 2020 година за време на изборите и со хакерските напади на денот на изборите, но тие сомневања не се потврдија. Целата сторија тука

The post Фирми поврзани со фамилиите Заев и Ахмети меѓу компаниите кои би можеле да се соочат со кривичен прогон appeared first on Република.

]]>
Од ФИТР земале пари за лепенки на такси возила, па си ги затворале фирмите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-fitr-zemale-pari-za-lepenki-na-taksi-vozila-pa-si-gi-zatvorale-firmite/ Mon, 16 Sep 2024 10:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=816740

Во соработка со раководството на Фондот за иновации и технички развој откривме недоследности во бројни предмети, за дел од нив веќе е побарано враќање на средства, додека за останатиот дел, почнуваме правна и финансиска ревизија за да се открие вистината како се потрошени парите на граѓаните, истакна денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во емисијата „Daily click” на ТВ21.

Според Андоновски, поголемиот дел од недоследностите се фирми кои се блиски на оската СДСМ-ДУИ кои изминативе години го ограбиле државниот буџет.

Кај дел од фирмите кои добиле средства имате извештај, кај дел немате. Постојат и фирми кои добиле финансии од фондот за лепење на плакати на такси возила. Имате и примери каде што постои фирма отворена само за оглас од ФИТР, но по завршување на огласот и добивање на проектот, фирмата не ја испорачува својата обврска, и понатаму ја снемува или згаснува, потенцираше Андоновски.

Тој дополни и дека постојат основани сомненија за злоупотреба на Фондот во периодот на Ковид кризата каде што посочи дека требало да биде фонд за иновации и технолошки развој, но фондот финансирал определени приватни здравствени установи додека државните се соочуваа со здравствената криза.

The post Од ФИТР земале пари за лепенки на такси возила, па си ги затворале фирмите appeared first on Република.

]]>

Во соработка со раководството на Фондот за иновации и технички развој откривме недоследности во бројни предмети, за дел од нив веќе е побарано враќање на средства, додека за останатиот дел, почнуваме правна и финансиска ревизија за да се открие вистината како се потрошени парите на граѓаните, истакна денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во емисијата „Daily click” на ТВ21. Според Андоновски, поголемиот дел од недоследностите се фирми кои се блиски на оската СДСМ-ДУИ кои изминативе години го ограбиле државниот буџет.
Кај дел од фирмите кои добиле средства имате извештај, кај дел немате. Постојат и фирми кои добиле финансии од фондот за лепење на плакати на такси возила. Имате и примери каде што постои фирма отворена само за оглас од ФИТР, но по завршување на огласот и добивање на проектот, фирмата не ја испорачува својата обврска, и понатаму ја снемува или згаснува, потенцираше Андоновски.
Тој дополни и дека постојат основани сомненија за злоупотреба на Фондот во периодот на Ковид кризата каде што посочи дека требало да биде фонд за иновации и технолошки развој, но фондот финансирал определени приватни здравствени установи додека државните се соочуваа со здравствената криза.

The post Од ФИТР земале пари за лепенки на такси возила, па си ги затворале фирмите appeared first on Република.

]]>
Во ФИТР се делеле пари за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-fitr-se-delele-pari-za-retsepti-za-pitsa-za-nepostoechki-aplikatsii-za-viber-grupi/ Fri, 16 Aug 2024 17:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=807336

Минатата Влада на ДУИ и СДСМ го девалвираше зборот „иновации“. Средства од Фондот за иновации се делеа за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи. Едноставно, се финансираа партиски послушници и криминални здруженија, вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Со новото раководство на ФИТР направивме план за откривање на методите на кои се распределувале средствата, откривање на злоупотребите, враќање на средствата во буџетот и отпочнување на кривичен прогон онаму каде што ќе се појават основи на сомнение, велат од кабинетот на министерот за дигитална трансформација.

Андоновски говореше и за планот за дигитализација на услугите, при што најави целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk, нови дигитални услуги за граѓаните и олеснета пристапност.

The post Во ФИТР се делеле пари за рецепти за пица, за непостоечки апликации, за вибер групи… appeared first on Република.

Митева: ФИТР го промени огласот – апликантите треба да бидат признати и без примедби од властите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-fitr-go-promeni-oglasot-aplikantite-treba-da-bidat-priznati-i-bez-primedbi-od-vlastite/ Mon, 25 Dec 2023 10:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=726435

ФИТР ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира и формулацијата „апликантите да бидат во добра состојба со властите“ ја замени со „апликантите е потребно да бидат признати и без примедби од соодветните органи на Македонија, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред само еден ден Фондот за иновации ја убедуваше јавноста дека не станува збор за никаков проблем, туку дека е погрешно протолкувано од наша страна. Па оттука, сосема логично се поставува прашањето зошто условот за тоа кој коже да аплицира во меѓувреме е променет доколку станувало збор за правилен критериум кој немал за цел да ги протне апликантите кои се само за нив подобни?

Колку огласи на ФИТР до сега се поминати со вакви услови и далеку од очите на јавноста?

Почитувани, очекуваме сега ФИТР да одговори кои се фирмите или физичките лица за кои власта нема примедби? Дали се истите фирми за кои претходно се велеше дека треба да се во добра состојба со властите или пак станува збор за построг критериум кој ќе го стесни кругот на можни апликанти?

Ваквиот начин на функционирање преку кој се остава дамка врз огласот но и кредибилитетот на институцијата дома, но и пред меѓународните организации претставува основен показател зошто во Македонија никогаш не било полошо на секое поле. Затоа важно е да ги поразиме!, рече Митева.

The post Митева: ФИТР го промени огласот – апликантите треба да бидат признати и без примедби од властите appeared first on Република.

]]>

ФИТР ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира и формулацијата „апликантите да бидат во добра состојба со властите“ ја замени со „апликантите е потребно да бидат признати и без примедби од соодветните органи на Македонија, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Пред само еден ден Фондот за иновации ја убедуваше јавноста дека не станува збор за никаков проблем, туку дека е погрешно протолкувано од наша страна. Па оттука, сосема логично се поставува прашањето зошто условот за тоа кој коже да аплицира во меѓувреме е променет доколку станувало збор за правилен критериум кој немал за цел да ги протне апликантите кои се само за нив подобни? Колку огласи на ФИТР до сега се поминати со вакви услови и далеку од очите на јавноста? Почитувани, очекуваме сега ФИТР да одговори кои се фирмите или физичките лица за кои власта нема примедби? Дали се истите фирми за кои претходно се велеше дека треба да се во добра состојба со властите или пак станува збор за построг критериум кој ќе го стесни кругот на можни апликанти? Ваквиот начин на функционирање преку кој се остава дамка врз огласот но и кредибилитетот на институцијата дома, но и пред меѓународните организации претставува основен показател зошто во Македонија никогаш не било полошо на секое поле. Затоа важно е да ги поразиме!, рече Митева.

The post Митева: ФИТР го промени огласот – апликантите треба да бидат признати и без примедби од властите appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Власта самата призна дека го мести огласот на ФИТР и порача дека само нивните ќе ги добијат парите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vlasta-samata-prizna-deka-go-mesti-oglasot-na-fitr-i-poracha-deka-samo-nivnite-ke-gi-dobijat-parite/ Mon, 25 Dec 2023 07:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=726317

Власта на СДС и ДУИ самата си потврди дека повторно мести оглас на Фондот за иновации и технолошки развој за своите блиски компании и лица. Бесрамно наместо да го повлечат огласот тие го изменија и сега парите ќе се делат не на фирмите кои се во добри односи со власта, туку на фирмите за кои немаат забелешки. Тоа значи само едно, смеат да аплицираат само нивни фирми и однапред им кажуваат на останатите да не аплицираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со години сме сведоци како парите од ФИТР одат на лица и фирми кои од блиски на функционерите од ДУИ и СДС или пак се нивни одработувачи, а сега само јавно кажуваат дека само таквите смеат да аплицираат. Имено, иако во нормална држава ваков срамен оглас ќе беше повлечен ФИТР само ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира и формулацијата „апликантите да бидат во добра состојба со властите“ ја заменија со „апликантите е потребно да бидат признати и без примедби од соодветните органи на Македонија“. Што значи дека првичниот критериум не бил погрешно протолкуван, туку навистина бил за нивните блиски што се потврди со самата измена на огласот, се наведува во соопштението.

„Знаејќи како функционира оваа криминална и корумпирана власт за која се обзнанија бројни афери како ги испумпуваат народните пари во нивните фамилијарни бизниси, логично е да се очекува дека нема да имаат примедби само за своите. Или како што и самите ДУИ и СДС викаат ќе функционираат „како до сега“.

Сепак за биде пострашно дел од овие 60.000 долари се обезбедени од меѓународните организации на нашите стратешки партнери, но на криминалците од власта не им е гајле дека ќе не засрамат пред светот, затоа што сите ги научија дека се корумпирани и отворено меѓународни претставници тоа го кажуваат.

Нив, тоа не ги загрижува, туку им се ближи крајот и се обидуваат како да украдат повеќе додека имаат можност затоа што изборите се ближат, а падот за нив ќе биде голем. Не ги интересира ниту почитување на законот, ниту како живее народот, ги интересира само како да се збогатат на сметка на граѓаните. Во Македонија никогаш не било полошо, државата се распаѓа на секое поле, затоа е важно да ги поразиме“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта самата призна дека го мести огласот на ФИТР и порача дека само нивните ќе ги добијат парите appeared first on Република.

]]>

Власта на СДС и ДУИ самата си потврди дека повторно мести оглас на Фондот за иновации и технолошки развој за своите блиски компании и лица. Бесрамно наместо да го повлечат огласот тие го изменија и сега парите ќе се делат не на фирмите кои се во добри односи со власта, туку на фирмите за кои немаат забелешки. Тоа значи само едно, смеат да аплицираат само нивни фирми и однапред им кажуваат на останатите да не аплицираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со години сме сведоци како парите од ФИТР одат на лица и фирми кои од блиски на функционерите од ДУИ и СДС или пак се нивни одработувачи, а сега само јавно кажуваат дека само таквите смеат да аплицираат. Имено, иако во нормална држава ваков срамен оглас ќе беше повлечен ФИТР само ги промени условите на огласот за тоа кој може да аплицира и формулацијата „апликантите да бидат во добра состојба со властите“ ја заменија со „апликантите е потребно да бидат признати и без примедби од соодветните органи на Македонија“. Што значи дека првичниот критериум не бил погрешно протолкуван, туку навистина бил за нивните блиски што се потврди со самата измена на огласот, се наведува во соопштението. „Знаејќи како функционира оваа криминална и корумпирана власт за која се обзнанија бројни афери како ги испумпуваат народните пари во нивните фамилијарни бизниси, логично е да се очекува дека нема да имаат примедби само за своите. Или како што и самите ДУИ и СДС викаат ќе функционираат „како до сега“. Сепак за биде пострашно дел од овие 60.000 долари се обезбедени од меѓународните организации на нашите стратешки партнери, но на криминалците од власта не им е гајле дека ќе не засрамат пред светот, затоа што сите ги научија дека се корумпирани и отворено меѓународни претставници тоа го кажуваат. Нив, тоа не ги загрижува, туку им се ближи крајот и се обидуваат како да украдат повеќе додека имаат можност затоа што изборите се ближат, а падот за нив ќе биде голем. Не ги интересира ниту почитување на законот, ниту како живее народот, ги интересира само како да се збогатат на сметка на граѓаните. Во Македонија никогаш не било полошо, државата се распаѓа на секое поле, затоа е важно да ги поразиме“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта самата призна дека го мести огласот на ФИТР и порача дека само нивните ќе ги добијат парите appeared first on Република.

]]>
Митева: Злоупотребата на парите од страна на власта на СДС и ДУИ нема граници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-zloupotrebata-na-parite-od-strana-na-vlasta-na-sds-i-dui-nema-granitsi/ Sat, 23 Dec 2023 12:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=725918

Злоупотребата на парите од страна на власта на СДС и ДУИ нема граници. Новиот оглас на ФИТР, чиј буџет изнесува 60.000 долари, предвидува дека имаат право да аплицираат само оние правни или физички лица кои се во добра состојба со властите во Македонија. ФИТР наместо да објаснува дали некој погрешно ги толку скандалозните услови, треба да знаат дека услови за аплицирање не се предмет на толкување на еден или друг начин, туку станува збор за јасни и недвосмислени критериуми наведени во оглас. А, критериумот „добра состојба со властите“ значи само едно – подобни се само нивните, истакнува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако јавноста знае дека оваа институција изминативе 7 години власт на СДС и ДУИ е бројна со скандали и иако беше јавна тајна дека овој критериум е задолжителен за добивање на гратови или тендери, официјалното маркирање на истото во јавен оглас е недозволиво кршење на законите и Уставот кој како принцип го застапуваат еднаков третман на сите при постапки за проекти финансирани од државата. Подобни се само оние кои се во блиски односи со властите е крајно дискриминаторска дефиниција, истата претставува сериозна загриженост од причина што дел од средствата на проектот се обезбедени преку меѓународните организации на нашите стратешки партнери. Власта на Ковачевски и Ахмети која сама себе се нарекува проевропска влада на дело покажува дека тоа им е само маска зад која се спремни да ги злоупотребуваат не само нашите, туку и туѓите средства - вели таа.

Митева посочува дека за овој проект, од вкупниот буџет кој изнесува 60 илјади американски долари, 40 илјади долари ги обезбедува Фондот, додека 20 илјади долари се обезбедени преку странска организација.

Ова е уште една потврда дека власта на СДС и ДУИ е спремна да ги злоупотребува и туѓите финансиски средства доделени за развој и унапредување, без притоа да имаат грижа и за реномето на државата пред истите тие меѓународни организации. Затоа, и денес ги поставуваме истите прашања: Кој е документот со кој апликантите ќе треба да покажат дека се во добра состојба со властите? Кој ќе ја прави евалуацијата и врз основа на кои критериуми ќе се утврдува дали е исполнет овој услов? Молкот на директорот Фестим Халили нема да придонесе да престанеме да бараме одговори, но и за истото да постои одговорност - посочува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Митева: Злоупотребата на парите од страна на власта на СДС и ДУИ нема граници appeared first on Република.

Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек… https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/se-budish-i-gledash-kako-luge-plukaat-krv-i-molat-za-lek/ Sat, 23 Dec 2023 08:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=725856

Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек. Лек кој државата е должна да го има обезбедено и тие луѓе да нема ден да стравуваат барем за тоа од се она за што имаат да се секираат,... но нема лек, бидејќи државата не дека нема пари, туку нема ништо аир од тие луѓе да ги одржува во живот. Државата ви е монструм!

Се будиш и гледаш други дечиња, различни од тие вчера, молат за 100 денари по мобилен за операции низ Светот, молат за живот. Нема доктори, нема клиники, со Фонд резервиран за буржоазија и сопствен џеб, ги заболе за тоа каде и како и дали ќе успееме да собереме пари на време за да преживее детето, за што цел живот плаќаш и го полниш буџетот!? Додека ти споделуваш и се молиш на сите можни богови што повеќе луѓе да го видат постот на социјалните мрежи, тие гнетат бифтеци. Државата ви е монструм! Таа е најстрашниот кошмар, кошмар од кој не можеш да се разбудиш и нема никогаш да се разбудиш.

Се будиш и гледаш на група за родители со дечиња со посебни потреби со денови се прашуваат меѓу себе кога ќе има исплата на мочан кеш, мочан но на нив дури и тој очајно потребен, бидејќи 22ри од месецот сме, пари државата немала, касата е празна. Празна е за овие луѓе, кои скраја да е да помислиле на вашата ебена елка како изгледа и како изгледала некогаш и како би можела да изгледа во иднина!?

Тоа што се зезаме околу елката е едно, кој не го конта хуморот да се насмееме троа и смета дека "проблемот елката" навистина е ебано битен и вреден за муабет за сега и тука каде што живеете, тогаш вие сте ист монструм како вашата ви држава. Да ви ја ебам тоа елката, кога не знаете дека постојат луѓе што нема да одат на предновогодишна забава, нема да одат на новогодишна забава, нема дома да имаат софра не пак забава и ќе се пресреќни ако имаат среќа да имаат струја на 1 јануари. Државата ви е монструм! Ждере, се тови, убива. Вие сакате елка. Вие сте соучесник, помагате на монструмот.

Се будиш и гледаш медиуми го споделуваат тоа алкохоличарот Шиље, кој наместо од затвор, тој се начукал и ја критикува сегашнава карикатура од градоначалничка од викендица во Маврово. Разменуваат мислења за елката, ги заболе нив за тоа што ви го подготвува свињата Бислимовски во новогодишното пакетче од ЕВН. Државата ви е монструм! Ние сме монструми. Медиуми го есапат и го пренесуваат мислењето на алкоси криминалци.

Се будиш и гледаш најава за нова епизода на Срце на дланка, срце ти се кине што не им снемува материјал. Мислам дека живеам само еден ден се разбудам и емисијата е откажана, нема повеќе материјал за снимање, нема повеќе тажни најтажни приказни,.. тоа ќе значи дека сме направиле држава.
Изгледале ли тие монструми една сторија, се запрашале ли во која држава ги снимаат емисиите со дечиња што јадат секој втор ден, што дете на 14 години не пробало кифла, смока, што е жртва на булинг од најтежок можен вид, поради причина - сирмаштија. Државата ви е монструм! Сака во ЕУ за да има уште Фондови од кои ќе се товат.

Само Дантон и Робеспјер за вас свињи ненаситни.
Република да се направи.
...
И каде се парите??
Може не знам кај се милијардите, но знам каде се милионите.
Вие се фалите со нив, не јас.
Јован Деспотовски, Коста Петров, Фестим Халили, сите тројца ќе сте првите апсени. Додека сум јас жив вие ќе сте тие први на список за пеење. Вие имате ставено потпис и печат на тие 280 милиони евра, не јас, не зајко, вие.

После ова денес безобразно и бесрамно понашање на Фондот, одиме сега до крај, до затварање на тоа пералната Фонд за иновации. Преку таквото веќе!!
Немој случајно утре непознати броеви да ви текне да ѕвоните, немојТЕ!, еве јас ви се заканувам пред вие да пробате, кои и да ќе сте!?
За кратко ќе пишам за денешната манипулација на Фондот со цифрите, новинарите кутрички, ко да не можат да кликнат на прва страна на Фондот и имаат прашање,.. а потоа продолжуваме со фирми, со имиња и презимиња и со многу посериозни цифри од оние што лапнале по само 40-50.000 евра.
Доста беше.

The post Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек… appeared first on Република.

]]>

Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек. Лек кој државата е должна да го има обезбедено и тие луѓе да нема ден да стравуваат барем за тоа од се она за што имаат да се секираат,... но нема лек, бидејќи државата не дека нема пари, туку нема ништо аир од тие луѓе да ги одржува во живот. Државата ви е монструм! Се будиш и гледаш други дечиња, различни од тие вчера, молат за 100 денари по мобилен за операции низ Светот, молат за живот. Нема доктори, нема клиники, со Фонд резервиран за буржоазија и сопствен џеб, ги заболе за тоа каде и како и дали ќе успееме да собереме пари на време за да преживее детето, за што цел живот плаќаш и го полниш буџетот!? Додека ти споделуваш и се молиш на сите можни богови што повеќе луѓе да го видат постот на социјалните мрежи, тие гнетат бифтеци. Државата ви е монструм! Таа е најстрашниот кошмар, кошмар од кој не можеш да се разбудиш и нема никогаш да се разбудиш. Се будиш и гледаш на група за родители со дечиња со посебни потреби со денови се прашуваат меѓу себе кога ќе има исплата на мочан кеш, мочан но на нив дури и тој очајно потребен, бидејќи 22ри од месецот сме, пари државата немала, касата е празна. Празна е за овие луѓе, кои скраја да е да помислиле на вашата ебена елка како изгледа и како изгледала некогаш и како би можела да изгледа во иднина!? Тоа што се зезаме околу елката е едно, кој не го конта хуморот да се насмееме троа и смета дека "проблемот елката" навистина е ебано битен и вреден за муабет за сега и тука каде што живеете, тогаш вие сте ист монструм како вашата ви држава. Да ви ја ебам тоа елката, кога не знаете дека постојат луѓе што нема да одат на предновогодишна забава, нема да одат на новогодишна забава, нема дома да имаат софра не пак забава и ќе се пресреќни ако имаат среќа да имаат струја на 1 јануари. Државата ви е монструм! Ждере, се тови, убива. Вие сакате елка. Вие сте соучесник, помагате на монструмот. Се будиш и гледаш медиуми го споделуваат тоа алкохоличарот Шиље, кој наместо од затвор, тој се начукал и ја критикува сегашнава карикатура од градоначалничка од викендица во Маврово. Разменуваат мислења за елката, ги заболе нив за тоа што ви го подготвува свињата Бислимовски во новогодишното пакетче од ЕВН. Државата ви е монструм! Ние сме монструми. Медиуми го есапат и го пренесуваат мислењето на алкоси криминалци. Се будиш и гледаш најава за нова епизода на Срце на дланка, срце ти се кине што не им снемува материјал. Мислам дека живеам само еден ден се разбудам и емисијата е откажана, нема повеќе материјал за снимање, нема повеќе тажни најтажни приказни,.. тоа ќе значи дека сме направиле држава. Изгледале ли тие монструми една сторија, се запрашале ли во која држава ги снимаат емисиите со дечиња што јадат секој втор ден, што дете на 14 години не пробало кифла, смока, што е жртва на булинг од најтежок можен вид, поради причина - сирмаштија. Државата ви е монструм! Сака во ЕУ за да има уште Фондови од кои ќе се товат. Само Дантон и Робеспјер за вас свињи ненаситни. Република да се направи. ... И каде се парите?? Може не знам кај се милијардите, но знам каде се милионите. Вие се фалите со нив, не јас. Јован Деспотовски, Коста Петров, Фестим Халили, сите тројца ќе сте првите апсени. Додека сум јас жив вие ќе сте тие први на список за пеење. Вие имате ставено потпис и печат на тие 280 милиони евра, не јас, не зајко, вие. После ова денес безобразно и бесрамно понашање на Фондот, одиме сега до крај, до затварање на тоа пералната Фонд за иновации. Преку таквото веќе!! Немој случајно утре непознати броеви да ви текне да ѕвоните, немојТЕ!, еве јас ви се заканувам пред вие да пробате, кои и да ќе сте!? За кратко ќе пишам за денешната манипулација на Фондот со цифрите, новинарите кутрички, ко да не можат да кликнат на прва страна на Фондот и имаат прашање,.. а потоа продолжуваме со фирми, со имиња и презимиња и со многу посериозни цифри од оние што лапнале по само 40-50.000 евра. Доста беше.

The post Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек… appeared first on Република.

]]>
Како со помош на Владата од шиење гаќи „Електра“ ќе врши надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-so-pomosh-na-vladata-od-shiene-gaki-elektra-ke-vrshi-nadzor-na-izgradbata-na-koridorite-8-i-10d/ Sat, 18 Mar 2023 08:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=620912

Корупцискиот скандал на власта со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д е како сапуница, мислиш ќе престане, а веќе следниот момент излегуваат нови детали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и Груби колку повеќе лажат, толку повеќе излегуваат на виделина сите аспекти на матните зделки со овој тендер. Компанијата „Електра Солушн“, која Ковачевски и Груби лажеа дека е само локален минорен партнер во конзорциумот кој ќе го води надзор, се испостави дека е клучен партнер преку кој ќе поминат најмногу средства од 22 милионскиот тендер. Патем, фирмата „Електра Солушн“, фирма која до неодамна се занимавала со шиење гаќи, се префрлила во градежниот сектор со сесрдна помош на власта на Ковачевски и Груби. За тоа говори и информацијата дека еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“. Многу иновативно префрлање од шиење гаќи во градежен надзор.

Да потсетиме, оваа лиценца за надзор компанијата „Електра Солушн“ ја доби на крајно контроверзен начин, односно барањето го поднела 12 дена по распишувањето на повикот за доставување на понуди на тендерот, а во рок од 5 дена и ја добиле истата. Тоа значи дека компанијата за шиење гаќи немаат никакво позначајно искуство за надзор, освен ако не се смета тоа што се цимери во ист двор со компаниите кои претходно го добија истиот тендер, кој патем беше поништен заради нивна поврзаност со руски капитал.

Што уште треба да излезе на виделина за Јавното обвинителство да отвори случај за овој скандал кој смрди на криминал. Власта на Ковачевски и Груби е фатена на дело. Одговорност за овој скандалозен тендер мора да има, не само за функционерите кои ова го дозволиле, туку и правосудните органи кои свесно молчеле и го заштитувале тоа, велат од партијата.

The post Како со помош на Владата од шиење гаќи „Електра“ ќе врши надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д? appeared first on Република.

]]>

Корупцискиот скандал на власта со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д е како сапуница, мислиш ќе престане, а веќе следниот момент излегуваат нови детали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски и Груби колку повеќе лажат, толку повеќе излегуваат на виделина сите аспекти на матните зделки со овој тендер. Компанијата „Електра Солушн“, која Ковачевски и Груби лажеа дека е само локален минорен партнер во конзорциумот кој ќе го води надзор, се испостави дека е клучен партнер преку кој ќе поминат најмногу средства од 22 милионскиот тендер. Патем, фирмата „Електра Солушн“, фирма која до неодамна се занимавала со шиење гаќи, се префрлила во градежниот сектор со сесрдна помош на власта на Ковачевски и Груби. За тоа говори и информацијата дека еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“. Многу иновативно префрлање од шиење гаќи во градежен надзор. Да потсетиме, оваа лиценца за надзор компанијата „Електра Солушн“ ја доби на крајно контроверзен начин, односно барањето го поднела 12 дена по распишувањето на повикот за доставување на понуди на тендерот, а во рок од 5 дена и ја добиле истата. Тоа значи дека компанијата за шиење гаќи немаат никакво позначајно искуство за надзор, освен ако не се смета тоа што се цимери во ист двор со компаниите кои претходно го добија истиот тендер, кој патем беше поништен заради нивна поврзаност со руски капитал. Што уште треба да излезе на виделина за Јавното обвинителство да отвори случај за овој скандал кој смрди на криминал. Власта на Ковачевски и Груби е фатена на дело. Одговорност за овој скандалозен тендер мора да има, не само за функционерите кои ова го дозволиле, туку и правосудните органи кои свесно молчеле и го заштитувале тоа, велат од партијата.

The post Како со помош на Владата од шиење гаќи „Електра“ ќе врши надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д? appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-luge-umiraat-dur-nie-ja-hranime-armijata-analni-alpinisti-na-sdsm/ Thu, 09 Mar 2023 13:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=617745

Милион евра фрлени за хонорари во фонд за иновации, пола милион кај Груби, којзнае колку од владата (пуштија список, ги знаете). Ете ги парите за лек на болни дева, за Трифакта. Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на сдсм, коментира писателот и активист Божидар Божиновски.

Реакцијата доаѓа по денешниот извештај на Државниот завод за ревизија за активностите и потрошените пари во ФИТР.
https://republika.mk/zivot/zdravje/utre-pochnuva-lekuvaneto-so-trikafta-za-osum-patsienti-bolni-od-tsistichna-fibroza-ima-pari-da-se-obezbedi-lekot-za-ushte-chetvoritsa/?fbclid=IwAR3HzjqFbJYz7ea-w0OHwOOtf_cN4x4horYjQGdaM4fdxgmjOIfrezEp3Rw

The post Божиновски: Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Милион евра фрлени за хонорари во фонд за иновации, пола милион кај Груби, којзнае колку од владата (пуштија список, ги знаете). Ете ги парите за лек на болни дева, за Трифакта. Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на сдсм, коментира писателот и активист Божидар Божиновски. Реакцијата доаѓа по денешниот извештај на Државниот завод за ревизија за активностите и потрошените пари во ФИТР. https://republika.mk/zivot/zdravje/utre-pochnuva-lekuvaneto-so-trikafta-za-osum-patsienti-bolni-od-tsistichna-fibroza-ima-pari-da-se-obezbedi-lekot-za-ushte-chetvoritsa/?fbclid=IwAR3HzjqFbJYz7ea-w0OHwOOtf_cN4x4horYjQGdaM4fdxgmjOIfrezEp3Rw

The post Божиновски: Луѓе умираат дур ние ја храниме армијата анални алпинисти на СДСМ appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-fondot-za-inovatsii-potroshil-eden-milion-evra-za-honorartsi-i-eksperti-koi-ne-pominale-intervju/ Thu, 09 Mar 2023 13:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=617726

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај за работата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2022 година за периодот од 2019 до 2021 година. Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од иновациска дејност, информираат од ДЗР.

ФИТР потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници во периодот од 2019 до 2021 година, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не поминале процес на тестирање и интервју.

Со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари. Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.

Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори. Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик ,,Услуги за управување со проекти (мониторинг)“. Во периодот 2019-2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг) во вкупен износ од околу 101 милион денари, заклучуваат од ДЗР.

Според податоците што ги објави ДЗР, ФИТР не извршил ажурирање на Статутот со измените на законите со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и друга состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност.

Ревизијата уште покажува дека ФИТР извршувал активности кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со планот на владата за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари а нецелосно се реализирани и мерките и активностите утврдени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015, 2016-2018 и 2019-2020 година.

Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани, отсуството на Стратегија за паметна специјализација, а со тоа и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира, во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности. Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка, констатира ДЗР.

Заводот уште констатирал дека Годишните програми за работа за период 2019- 2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.

Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места , со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места , пополнети се само 8. Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари,  забележуваат од ДЗР.

Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период.

ЛИНК до целиот извештај

The post ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска го објави Ревизорскиот извештај за работата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2022 година за периодот од 2019 до 2021 година. Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од иновациска дејност, информираат од ДЗР. ФИТР потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници во периодот од 2019 до 2021 година, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не поминале процес на тестирање и интервју. Со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари. Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.
Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори. Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик ,,Услуги за управување со проекти (мониторинг)“. Во периодот 2019-2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг) во вкупен износ од околу 101 милион денари, заклучуваат од ДЗР.
Според податоците што ги објави ДЗР, ФИТР не извршил ажурирање на Статутот со измените на законите со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и друга состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност. Ревизијата уште покажува дека ФИТР извршувал активности кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со планот на владата за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари а нецелосно се реализирани и мерките и активностите утврдени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015, 2016-2018 и 2019-2020 година.
Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани, отсуството на Стратегија за паметна специјализација, а со тоа и не обезбеден континуитет на активностите во иновациската дејност по 2020 година, стратешки документ кој има влијание на креирање и реализација на политиките во областа иновации, односно обезбедување на модерен пристап за економски развој, преку меѓусебно поврзување на академската заедница, бизнис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси да инвестира, во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен извештај за претходно спроведени активности. Утврдена е потреба од допрецизирање на програмите за работа на ФИТР со вредносните показатели по инструмент во рамките на одобрените буџетски средства и воспоставување на централизирана база со податоци за доделената финансиска поддршка, констатира ДЗР.
Заводот уште констатирал дека Годишните програми за работа за период 2019- 2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.
Со извршената анализа на актите за систематизација и организација на работните места , со ревизијата се утврди дека истите не соодветствуваат со надлежностите, тежината и обемноста на задачите на ФИТР, односно од систематизирани 16 работни места , пополнети се само 8. Поради зголемениот обем на работа како резултат на законските измени, зголемен буџет, проширените стратешки и програмски определби на ФИТР, доделените надлежности за спроведување на ПЕР, столб 3, во услови на недоволен административен капацитет, ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари,  забележуваат од ДЗР.
Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период. ЛИНК до целиот извештај

The post ДЗР: Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју appeared first on Република.

]]>