фитнес тренер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fitnes-trener/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:21:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фитнес тренер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fitnes-trener/ 32 32 Фитнес-експерт открива како да ослабете до Нова година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fitnes-ekspert-otkriva-kako-da-oslabete-do-nova-godina/ Wed, 23 Oct 2024 14:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=829861

Томас Вајтхед е персонален тренер познат по тоа што споделува совети за фитнес, здрав животен стил и исхрана на социјалните мрежи.

Тој неодамна објавил видео во кое наведува пет намирници што имаат речиси нула калории и ги израдувал оние што сакаат да симнат килограми пред Нова година.

На почетокот од видеото зборува за кофеинот.

„Кофеинот е број еден состојка во 90 отсто од согорувачите на масти, бидејќи е средство за намалување на апетитот“, рекол Томас.

Како следен производ ја наведува белата риба.

„Слободно можете да јадете бела риба. Таа е еден од најдобрите протеини, бидејќи содржи само 85 калории во 100 грама, а добивате 20,2 грама протеин.“

Третиот производ кој е совршен за оние што сакаат да ослабат е секој зелен листест зеленчук.

„Одличен начин да го излажете организмот и да си го олесните согорувањето на маснотиите. Јадете што повеќе зелен зеленчук со ручекот“, открил тренерот и им порачал на сите оние што не сакаат зеленчук дека време е да пораснат.

Потоа, истакнал дека белките се чист протеин.

„Ако го надополните јајцето со дополнителна белка, тоа ја менува целата слика за исхраната“, порачува Томас и објаснува дека 100 грама белки содржат само 48 калории и речиси 11 грама протеин.

Неговиот последен предлог се свежите бобинки, кои ја намалуваат желбата за шеќер. Како што тврди, тие содржат природни шеќери и нискокалорични се, па можат да ја намалат желбата за слатко.

The post Фитнес-експерт открива како да ослабете до Нова година appeared first on Република.

]]>

Томас Вајтхед е персонален тренер познат по тоа што споделува совети за фитнес, здрав животен стил и исхрана на социјалните мрежи. Тој неодамна објавил видео во кое наведува пет намирници што имаат речиси нула калории и ги израдувал оние што сакаат да симнат килограми пред Нова година. На почетокот од видеото зборува за кофеинот.