фискални реформи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fiskalni-reformi/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jul 2023 11:41:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фискални реформи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fiskalni-reformi/ 32 32 Изборите во Шпанија и Холандија може да ги загрозат фискалните реформи во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izborite-vo-shpanija-i-holandija-mozhe-da-gi-zagrozat-fiskalnite-reformi-vo-eu/ Sun, 16 Jul 2023 11:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=661922

Предвремените парламентaрни избори во Шпанија и Холандија, чии досегашни влади беа поддржувачи на предлозите за промeни во Пактот за стабилност и раст на ЕУ, би можеле да го загрозат процесот на фискални реформи во ЕУ, чиј предлог беше усогласен по долготрајни и тешки преговори.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, евентуалната промена на власта во Мадрид и Хаг ги поттикнува стравувањата во седиштето на ЕУ дека ќе бидат потребни нови преговори за реформите, кои малку веројатно би завршиле до изборите за Европскиот парламент во јуни следната година.

Предвремените избори во Шпанија, која е актуелен претседавач со ЕУ, се закажани за 23 јули и според последните анкети на јавното мислење, се очекува победа на опозициската конзервативна Народна партија (ПП). Изборите требаше да се одржат во декември годинава, на крајот од шпанското претседавање со Унијата, но премиерот Педро Санчез се реши предвреме да ги повика Шпанците на гласачките места по лошите резултати на неговата Социјалистичка работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) на регионалните и локалните избори во мај годинава.

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека планира да се сретне со каталонскиот лидер Квим Тора во Барселона првата недела од февруари

Во Холандија пак, предвремените избори се закажани за 22 ноември 2023 година, откако минатата недела се распадна владината коалиција меѓу либералите и демохристијаните околу прашањето за миграцијата. Сегашните анкети предвидуваат неизвесна изборна битка меѓу либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на премиерот Марк Руте, блокот на Партијата на трудот (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) и десничарското популистичко Движење на земјоделците и граѓаните (БББ), иако се можни промени до ноември. Редовен термин за изборите во Холандија беше пролетта 2025 година.

Директор за Европа во Агенцијата за анализа на политичките ризици „Евроазија Груп“, Муџтаба Рахман смета дека „заминувањето на Руте и веројатното заминување на Санчез“ ќе претставува удар за блокот во ЕУ што ги поддржува планираните фискални реформи.

Двајцата беа поборници на пофлексибилни фискални правила, изјави Рахман за „Политико“.

Европскиот совет денеска донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија.

Со фискалните реформи се предвидува враќање на ограничувањата на нивоата на задолжувања и буџетски дефицит во земјите на ЕУ од 2024 година, кои беа укинати по избувнувањето на ковид пандемијата во 2020-та со цел да им се овозможи владите да ги зголемат буџетските трошоци за справување со последиците од корона кризата. Главни несогласувања во преговорите околу враќањето на рестриктивните правила беше колкаво треба да биде нивото на тие ограничувања.

Традиционално, Холандија и Шпанија беа на спротивните страни при фискалната дебата во ЕУ. Додека Холанѓаните по правло секогаш се за строги мерки за штедење и ограничувања, Шпанците повеќе беа наклонети кон пофлексибилен пристап кон трошоците и задолжувањата. Овој пат, Хаг и Мадрид се најдоа на истата страна и беа предводинци во изработката на новиот план на реформи, кои, како што беше соопштено од ЕУ, предвидуваат „реални, постепени, но амбициозни намалувања на долговите, компатибилни со економскиот раст и отворањето работни места“.

Се предвидува предложениот план треба да биде прифатен на состанокот на министрите за финансии на ЕУ во октомври, по што треба да го одобри и Европскиот парламент и целата постапка за усвојување на фискалните реформи да заврши до европските избори. Но, колку ваквиот план ќе биде остврлив ќе се види уште следната недела на шпанските изборите, по кои сепак не е исклучено и покрај очекуваниот изборен пораз, Санчез да остане на власт со поддршка на левичерските и регионалните партии.

The post Изборите во Шпанија и Холандија може да ги загрозат фискалните реформи во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Предвремените парламентaрни избори во Шпанија и Холандија, чии досегашни влади беа поддржувачи на предлозите за промeни во Пактот за стабилност и раст на ЕУ, би можеле да го загрозат процесот на фискални реформи во ЕУ, чиј предлог беше усогласен по долготрајни и тешки преговори. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, евентуалната промена на власта во Мадрид и Хаг ги поттикнува стравувањата во седиштето на ЕУ дека ќе бидат потребни нови преговори за реформите, кои малку веројатно би завршиле до изборите за Европскиот парламент во јуни следната година. Предвремените избори во Шпанија, која е актуелен претседавач со ЕУ, се закажани за 23 јули и според последните анкети на јавното мислење, се очекува победа на опозициската конзервативна Народна партија (ПП). Изборите требаше да се одржат во декември годинава, на крајот од шпанското претседавање со Унијата, но премиерот Педро Санчез се реши предвреме да ги повика Шпанците на гласачките места по лошите резултати на неговата Социјалистичка работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) на регионалните и локалните избори во мај годинава. Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека планира да се сретне со каталонскиот лидер Квим Тора во Барселона првата недела од февруари Во Холандија пак, предвремените избори се закажани за 22 ноември 2023 година, откако минатата недела се распадна владината коалиција меѓу либералите и демохристијаните околу прашањето за миграцијата. Сегашните анкети предвидуваат неизвесна изборна битка меѓу либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на премиерот Марк Руте, блокот на Партијата на трудот (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) и десничарското популистичко Движење на земјоделците и граѓаните (БББ), иако се можни промени до ноември. Редовен термин за изборите во Холандија беше пролетта 2025 година. Директор за Европа во Агенцијата за анализа на политичките ризици „Евроазија Груп“, Муџтаба Рахман смета дека „заминувањето на Руте и веројатното заминување на Санчез“ ќе претставува удар за блокот во ЕУ што ги поддржува планираните фискални реформи.
Двајцата беа поборници на пофлексибилни фискални правила, изјави Рахман за „Политико“.
Европскиот совет денеска донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија. Со фискалните реформи се предвидува враќање на ограничувањата на нивоата на задолжувања и буџетски дефицит во земјите на ЕУ од 2024 година, кои беа укинати по избувнувањето на ковид пандемијата во 2020-та со цел да им се овозможи владите да ги зголемат буџетските трошоци за справување со последиците од корона кризата. Главни несогласувања во преговорите околу враќањето на рестриктивните правила беше колкаво треба да биде нивото на тие ограничувања. Традиционално, Холандија и Шпанија беа на спротивните страни при фискалната дебата во ЕУ. Додека Холанѓаните по правло секогаш се за строги мерки за штедење и ограничувања, Шпанците повеќе беа наклонети кон пофлексибилен пристап кон трошоците и задолжувањата. Овој пат, Хаг и Мадрид се најдоа на истата страна и беа предводинци во изработката на новиот план на реформи, кои, како што беше соопштено од ЕУ, предвидуваат „реални, постепени, но амбициозни намалувања на долговите, компатибилни со економскиот раст и отворањето работни места“. Се предвидува предложениот план треба да биде прифатен на состанокот на министрите за финансии на ЕУ во октомври, по што треба да го одобри и Европскиот парламент и целата постапка за усвојување на фискалните реформи да заврши до европските избори. Но, колку ваквиот план ќе биде остврлив ќе се види уште следната недела на шпанските изборите, по кои сепак не е исклучено и покрај очекуваниот изборен пораз, Санчез да остане на власт со поддршка на левичерските и регионалните партии.

The post Изборите во Шпанија и Холандија може да ги загрозат фискалните реформи во ЕУ appeared first on Република.

]]>